You are on page 1of 1

Интерпретација на ликот на царот Едип

Судбината е единствена работа која луѓето не можат да ја променат.


Пробувајќи да се избегне од неа, таа се повеќе и повеќе се приближува. На
овој начин Аристотел го дефинира трагичниот јунак, на кој освен неговата
судбина, неговиот живот ќе премине од среќа во несреќа. Типичен
трагичен лик е главниот лик Едип во драмата “Царот Едип” од Софокле.
Царот Едип е трагичниот и главниот лик во оваа драма. Мислејќи
дека успеал да ја победи судбината останал засрамен и несреќен. Неговиот
татко, Лај, пробувајќи да го избегне неговиот пророк, го остава Едип на
самата граница.Оттука еден овчар го пронаоѓа и го носи во Коринт како
поклон за кралот Полиб и кралицата. Едип не знаејќи дека си го убил
неговиот татко на раскрсницата на трите патишта се упатил кон Теба. Тој
покрај тоа што е трагичен лик тој исто така е и паметен и мудар човек
поради решавањето на загатката за Сфингата која предизвикала радост кај
народот во Теба. Народот како награда му ја дал власта на градот. Oд кога
дошол на власт може да се примети и неговата ангажираност кон работата
и необрнувањето на големо внимание на неговиот приватен живот што
довело до тоа да несвесно се земе со својата мајка. Едип може да се каже
дека е и морален човек со што тргнал да го бара убиецот на Лај, поточно
самиот себеси со цел да му помогне на народот. И покрај тоа што сите
докази покажувале кон него тој сепак продолжил до крај со цел да
помогне на народот, а и со самото ова ја докажува својата борбеност. На
крајот кога веќе дошол до вистината поради неговата чесност и храброст
тој самиот себе одлучува да се казни мислејќи дека самата вистина не е
доволна, така што си ги прободува очите со иглите од фустанот на неговата
сопруга. Тоа го направил бидејќи не сакал со срам повторно да си ги
погледне своите деца и неговиот народ.
Со сите овие карактеристики на Един, Софокле составил едно дело
кое и ден денес се возвишува. Трагичниот јунак никогаш не успеал да
избега од судбината.Како што велат и старите: “Што е судено,тоа ќе
биде...од судбината не може никој да побегне”.

You might also like