You are on page 1of 2

ТРАГИЧНАТА СУДБИНА И НЕМОЖНОСТА ДА СЕ СМЕНИ НЕШТО

Судбината е натприродна сила која го одредува и го контролира животот на секој


поединец, предодредена мистерија од која никако не може да се побегне. Но, многу
често судбината знае неочекувано да се испреплете, да стане трагедија на една
личност, да нанесе штета, болка, измачувања и големи страдања.
Митот за царот Едип е мит кој изнудува воздишки и солзи, сурова приказна за
злосторството и приказна за разрешување на долгогодишното убиство. А токму тој
Едип, син на кралот на Теба Лај, во исто време е и херој и најтрагична личност и тоа не
само во грчката митологија, туку и во светската литература воопшто.
Кралот Лај предупреден дека ќе биде убиен од сопствениот син, решава да ја преземе
судбината во сопствени раце и да се заштити и себе си и својата сопруга. Го зема
ранливиот Едип од прегратките на мајка си, наредува да му се прободат стапалата, го
дава на пастирот со строга наредба да го одведе во планинските диви пасишта и да го
фрли на грабливите животни за јадење. Сепак од судбината не може да се избега и
Едип е спасен од еден овчар кој го носи кај својот господар, кралот на Коринт кај кого
се разбудува татковска љубов и со својата жена решаваат да го задржат и да го
одгледаат како свој син.
Годините поминуваат во љубов и разбирање, но само до оној момент кога Едип
решава сам да си ја побара несреќата, барајќи да му се претскаже црната судбина која
го чека. Ја дознава страшната вистина дека ќе го убие татко си и ќе се ожени со својата
мајка. Сакајќи да го избегне тоа и да ја промени предодредената судбина, решава
засекогаш да го напушти Коринт, да ја напушти куќата каде имал среќно детство
исполнето со многу љубов и да ги напушти родителите кои премногу го сакаат.
Но, во оние моменти кога мисли дека успева да ја избегне судбината, сепак животот
на Едип е прогонет и колку и да се обидува да се оддалечи од злото што му е
предвидено, на крај се случува токму тоа, токму она што е кажано од боговите.
Не знаејќи дека му е вистински татко тој на крстосницата за Делфи, во таа темна ноќ,
го убива Лај, оди во Теба и откако успева да ја реши загатката на жената со лавовско
тело:
“Злокрила сфинго, музо на Мрија, нерадо макар,
слушни ја мојата реч - тоа ќе биде твојот крај:
Загатнуваш човек, којшто, кога се движи по земјата,
право - во телото слаб, тој четириножник е;
стар пак, се потпира с бастун ко с трета нога да оди,
грпка носејќи на рат, стуткан во старечки грч”,

народот кој како награда му ја дава вдовицата Јокаста со која има четири деца и за која
не знае дека му е мајка.
Едип е многу мудар и праведен, луѓето го сакаат затоа што ги спаси од злото и
секогаш е тука да им помогне. И повторно е подготвен да помогне кога треба да се
пронајде убиецот на неговиот вистински татко. Иронија е тоа што Едип е единствениот
кој не знае дека изречената казна што треба да ја добие убиецот на Лај, всушност е
негова сопствена казна, негово сопствено проколнување кое се остварува
Кога конечно се открива вистината вдовицата Јокаста решава да си го одземе
животот со бесење, а Едип во занес и немоќ да ја гледа својата мајка мртва, смело се
одлучува да се казни со слепило и така осакатен да замине во прогонство. Неговата
казна е сурова, а Едип е можеби единствениот митски крал кој ги признава
сопствените грешки и човек со високи морални вредности на кого му се случуваат
најнеморалните вредности.
Трагичната судбина на царот Едип е приказна што не се заборава, приказна за тоа
како се залудни сите обиди на обичните смртници да го променат светот, но сепак тоа
што е однапред и одозгора одредено никогаш нема да се промени.

You might also like