You are on page 1of 2

Поракара на Данте да се стави крај на анархијата и да се стави

крај во општествотот и неморалот на човековата личност низ


содржините на пеколот

Дантеовото дело не е засновано на неговите лични сфаќања за Бога, туку голем


број елементи се преземени од „Светото Писмо“ и евидентно е дека многу од круговите се
наменети за гревови кои се во спротивност на „Божјите Заповеди“; многубошците се
проколнати да останат во првиот круг, прељубниците во вториот, судбината била уште
посурова за кривоверците кои не го познавале Господ и ја одбивале неговата егзистенција,
крадењето како еден од постулатите што ја означуваат црната страна на човековата
личност е осудено од религиските ставови на поетот и во книгата извршителите на тие
изопачени акти се третирани со напади од кентаурите кои стражарат околу седмиот круг.
Данте оди до тој степен што дури на тапет ги става оние што поттикнале тежок раздор
создавајќи противтежа на христијанството и нивните тела во Пеколот се расчеречени.

Патот до Рајот секогаш започнува со Пеколот. Поетските авантури на Данте


Алигиери видени во неговите стихови се заглавени во мистичноста и буквалноста на овие
моменти во делото кои можат да бидат интерпретирани преку алегоријата. Во
алегоричните фрески кои ни ги црта Данте со неговите зборови, може да се пронајде
повеќе од мудрост, повеќе од книжевна креативност и емоционалност и иако тој се
концентрира на критиката кон општествените скалила, во тие детали може да се пронајде
едноставната смисла на добродетелот. Деветте кругови на Пеколот се само инкарнација на
последиците од злобните подвизи на човека. Човекот треба да се научи да го следи Господ
и да дојде поблиску до Него.1

Еден камен колку и долго да стои во вода, водата нема да може да навлезе во него.
Се чини дека истото се случува со луѓето, тие со векови се опкружени со морално –
етички усовршувања, но христијанските вредности се недопрени. Христијанството е
ништо друго освен здрав и морален начин на живот кој ни го налага Бога, живот под
круната на доброто. Овој литературен ренесансен столб ни упатува порака дека е
неопходно е да си погледнеме во нашето срце и да се запрашаме кон кој пат треба да го

1
Георги Сталев, Данте Алигиери „Пеколот“,; Македонска книга, Култура, Мисла, Наша книга; Скопје, 1982
насочиме нашиот дух.2 Во нашето срце се одвива битка помеѓу волкот на добрината и
волкот на злото и победува оној кој повеќе го храниме и никогаш не треба да бидеме
неодлучни во тој поглед бидејќи најтемните места во Пеколот се резервирани за оние кои
се неутрални во времиња на морална криза.

2
HENRY WADSWORTH LONGFELLOW, ENGLISH TRANSLATION AND NOTESDIVINE COMEDY – INFERNO DANTE
ALIGHIERI, Some rights reserved c 2008 Josef Nygrin, https://wyomingcatholic.edu/wp-content/uploads/dante-01-
inferno.pdf

You might also like