You are on page 1of 2

Прва писмена работа по македонски јазик

Тема: Карактеристики на авторите во нивните дела во хуманизмот и ренесансата

Секој човек има право да збор, право на свое мислење и став, право на глас и да го каже
она што сака, но тоа е денес. Луѓето во минатото честопати биле осудувани и прогонувани од
општеството ако нивното мислење не се вклопувало со шаблонот од мисли и норми кои ги
поставила црквата. Многу време луѓето ги потиснувале своите чувства и го гаселе пламенот во
себе, стоеле со врзани раце и молчејќи го поминувале својот живот склопен според туѓа визија.
Сакајќи да се вклопи во системот и во околината која го опкружува, човекот почнал да ги губи
своите карактеристики, да заостанува наместо да се движи напред, да не чуствува и да не
покажува емоции. Сите овие притискања човекот ги трпел без да отвори уста и да го извади од
себе она што го јаде. Сѐ додека не прснало и се родиле највпечатливите и за човештвото
најважните дела кои им го промениле животот на сите. Се родиле хуманизмот и ренесансата од
кои како ппланински извор произлегуваа нови дела, нови мисли, нови движења и нов живот.
Самиот поим ,,хуманизам‘‘ значи љубов кон човекот, благодарност и човечност, што ја
представува новата ера на тогашното општество каде што човекот е центарот на целиот свет.
Ренесансата пак представува преродба, обнова или одново цветање, без која луѓето би овенале
како цвет кој не го грее сонце.
Во овие периоди се родиле многу дела и се обновувале и се прославувале и дела од
антиката каде што човекот сѐ уште имал слобода. Восхитувачките дела полни со емоции ги
освоиле срцата на народот и почнала промената. Главна заслуга за оваа преродба имаат многу
писатели, но оние кои ги поставиле нејзините темели се тие кои го спасија светот од вечна
горчина. Некои од нив се и Данте Алигиери со ,,Божествената комедија‘‘, Франческо Петрарка
со ,,Канционер‘‘ и Џовани Бокачо со ,,Декамерон‘‘. Сите нивни дела имаат некои слични
каракетистики кои биле нови за многу од луѓето кои не знаеле што може човекот.
Данте Алигиери денес е еден од најценетите писатели во историјата, додека пак во негово време
тој бил осудуван од општеството и од црквата поради отстапување од законите на мислење. Бил
прогонуван заради неговото мислење и несогласност со сите правила и ставови. За некои да го
направат тој чекор и да се спротистават на црквата и да си го искажат своето мислење било
незамисливо, додека пак Данте со своите дела направил тотален пресврт на сѐ она што на народот
дотогаш им било познато. Почнал да пишува на народен а не на латински јазик, за да се прошири
кругот на читатели и заинтересираност во неговите мисли. Им подарил на многу луѓе кои не биле
образовани да можат да уживаат во делата полни со човечки емоции. Данте исто така направил
нешто многу неочекувано. Во неговите дела тој почна да ја возвишува жената и да и дава големо
значење што во тоа време било неприфатливо.За да го направи ова го поттикнала љубовта кон
една прекрасна девојка која во неговите дела е пишана како безгрешна, а таа е Беатриче. Заради
неговите дела и спротивставувања на тоа што било единствено прифатливо, тој бил прогонуван и
избркан од сопствената држава, од сопствениот народ...
Франческо Петрарка кои исто бил писател од ренесансата има многу сличности со содржините на
делата на Данте. Тој ги обновувал делата од антиката и ги проучувал античките ракописи.
Петрарка пишувал на натински јазик и своите мислења ги ширел само со потесен круг на писмени
луѓе, додека на народен јазик ги пишувал песните пишувани преку три децении во кои раскажува
за неговата недостижна љубов Лаура. Тие песни тој ги објавил во збирка ,,Канционер‘‘ која
содржи повеќе од 300 сонети и 29 песни. Тој ја поделил збирката на два дел, првиот додека Лаура
била жива, и вториот откако таа умрела. Франческо ја опишувал како безгрешна и како идеално
суштество. Возвишувањето на жената ги поврзува Данте и Петрарка.
Џовани Бокачо исто така многу значен за светот и за ренесансниот период. Тој се инспирирал од
делата на Данте и Петрарка и го продолжил нивниот стил на пишување. Тој се прославил со
своето дело ,,Декамерон‘‘ кое е составено од 100 новели. Според содржина се делат на 3 групи.
Првата група се кратки новели со остроумна изрека, втората група се новели во кои се третираат
големи добродетелства и третата група новели во кои има пресврти и во нив се зборува за
превртлвоста на среќата. Тој пишувал на латински јазик и неговите дела биле исполнети со широк
спектар на емоции во различни ситуации.
Сите овие карактеристики не навраќаат на една мисла. Човекот не може да е заробен, тој
мора да се развива и да се гради. Не може никој да го зароби во кафез и да очекува дека нема да се
бори за својата слобода. Секогаш ќе најде начин да се ослободи и да застане на своите нозе,
порано или подоцна. Колку пати и да му ги скршат нозете, коските ке зараснат и ќе продолжат да
се движат кон излезот од пеколот во кој е заробен.

You might also like