You are on page 1of 18

ЖИВОТОТ И ДЕЛОТО

НА ФРИДРИХ НИЧЕ

ЈАНА ПАШОВСКА, 5755


АЈК VI СЕМЕСТАР
„Кога ќе го цените она што го
имате наместо да живеете во
потрага по идеали, тогаш ќе
бидете навистина среќни.“

—ФРИДРИХ НИЧЕ
ВОВЕД
Фридрих Ниче е германски филозоф кој што
извршил огромно влијание врз модерната и
постмодерната западна култура на XX и XXI век, а
посебно врз филозофијата, науката и уметноста. Тоа
влијание се чувствува и денес и покрај тоа што
неговите дела се сметаат за контроверзни.
КРАТКА БИОГРАФИЈА
1844
Роден во градот Рекен, во протестантско
семејство со потекло од Полска (грофови Нички).

1864
Ги започнува студиите по теологија и класична
филологија на Универзитетот во Бон, но ја губи
верата и ги прекинува теолошките студии
1865-68
Започнува темелно да ги проучува делата на
Артур Шопенхауер, се враќа и ги
дозавршува студиите; станува професор
1872-1876
Ја објавил својата прва книга, Раѓањето на
трагедијата, а после тоа следуваат и четири долги
есеи
1879-1889
Влошување на неговото здравје; доживеал
ментален колапс и завршил на психијатриска
клиника,покажувајќи сериозни психички
нарушувања
1900
Ниче имал мозочен удар и умрел
околу пладне на 25 август
ЕТИЧКОТО УЧЕЊЕ НА НИЧЕ
● Стилот на Ниче е во спротивност со традиционалните
вредности во филозофското пишување
● Mотивите околу кои Ниче ја градел својата философска
мисла се:

Идеалот за Нихилизмот и Вечната борба меѓу


натчовекот смртта на Бог доброто и злото
Ниче е голем противник на класичната
филозофија и жесток критичар на стариот
морал и христијанството. Тој е против секој
морал, збир на правила кои и се налагаат на
личноста и ја врзуваат, ја уништуваат нејзината
слобода. Христијанството го смета за обичен
инструмент со кој слабите, кои ги има многу
повеќе, ги држат во ропство силните, смелите и
талентираните личности.
Една од големите заслуги на Ниче е што проблемот
на етиката го третира во целост како проблем на
културата, сфатена како институција за создавање
на највисоки духовни вредности во уметноста и
науката .

Според него, моралот претставува


најконтроверзен, најхетероген и
најнестабилен производ на културата. Доказ
за тоа е постоењето на различни морали кај
различни народи.
Спрема Ниче, во животот нема друга цел освен
постојаната борба за живот и самоодржување, во која
што опстануваат само најсилните и најспособните,
оние што се издигнале високо над другите. Слабите и
просечните се осудени на пропаст и исчезнување.
Ниче смета дека моралот е:

01 02 03

израз на завист
прикриена и побуна на
измислица
волја за слабите и на слабите и
неспособните слабаците
моќ
кон и против
моќните луѓе
„Како што во царството на ѕвездите патеката на една планета
понекогаш е определена од две сонца, како што во одредени случаи
врз една планета светнуваат сонца со различни бои, еднаш со
црвено, друг пат со зелено светло и заедно ја преплавуваат со јарки
бои, така и ние, современите луѓе, благодарение на сложениот
механизам на нашите „небески ѕвезди“, сме определувани од
различни морали; нашето дејствување наизменично свети со
различни бои, ретко со единствена – а чести се и случаевите кога
нашето однесување е разнобојно“

— ФРИДРИХ НИЧЕ
Спрема Ниче, човекот е
единствен извор на вредности.
Неговите вредности се
прилагодени кон актуелните
потреби и цели. Во тој
креативен процес значајно
место им придава на
надворешните услови на
живеење - човекот живее и се
реализира во интеракција со
природниот и социјалниот
свет.
Ниче ја негира тезата за вончовечко создавање
на вредности, без оглед дали станува збор за
авторитет, институција или надприродна сила,
но сепак признава дека природниот ред и
универзалните закони се надредени на
вредносните закони на човекот.
Спрема него,
светот и човекот
како дел од
природата се
подредени на
универзалниот
ред на нештата.
Kако најсилен лајт-мотив кај Ниче се провлекува идејата
или можеби е подобро да се каже вечниот идеал за натчовек
кој ќе биде поголем од Бог. Натчовекот:

има животна 01 е слободна


енергија, духовна
сила да твори и да 03 личност која
себеси се
создава.
потврдува преку
борбата
е способен да се соочи
со иднината, да ги тој е воин и гениј, смел и
02 храбар, творец и
отфрли сите вредности
да ги постави правилата 04 возвишен, создава и
што мнозинството ќе ги урива, не подлегнува на
следи никакви правила, освен
на тие што сам си ги
Своите филозофски гледишта Ниче подетално ги
обработува во неговите најпознати дела:

„Така збоуваше „Антихрист“ и „Генеалогија на


Заратустра“ “Ecce Homo“ моралот“
ЗАКЛУЧОК
Иако голем број на луѓе
филозофијата на Ниче ја сметаат
за контроверзна, аморална,
асоцијална и дури и опасна,
неговото влијание е сепак
неоспорно. Интерпретации на
неговото учење се среќаваат во
разни филмови, серии и книги,
што е доказ дека духот на Ниче
сѐ уште живее во нас.
Ви
благодарам за
вниманието!

You might also like