You are on page 1of 2

Џон Лок

Англискиот мислител Џон Лок се смета за најголем претставник на нововековниот


емпиризам. Според него, философијата треба да престане да расправа за бескорисните
метафизички прашања и да му даде на човечкиот живот нови, корисни, применливи сознанија
кои ќе значат разумно решавање на животните проблеми. Лок сакал да утврди како човекот
познава, кој е извор на познанието, колку човекот може да знае, кои се начините и методите на
знаењето.

Учењето го изложил во делата „Есеј за човековиот разум“, „Мисли за воспитанието“, Две


расправи за владата“, „Писма за толеранцијата.

Учење за познанието

Лок својата гносеологија ја започнува со критиката на вродените идеи. Неа ја застапувале


рационалистите кои верувале дека човекот со раѓањето со себе носи однапред дадени, вродени
идеи. Лок ја отфрла оваа теорија велејќи – „Вродени идеи – нема“. Во докажувањето на тезата се
повикува на два примера. Идејата за Бог и идејата за моралните начела.

Идејата за Бог кај различни народи е различна , а кај некои луѓе воопшто не постои. Тоа е
доказ дека идејата за Бог не е вродена, бидејќи во спротивно би постоела кај сите луѓе и би била
иста кај сите.

Моралните начела се, исто така, различни кај различни луѓе и народи, во различни
средини и епохи. Во животот неретко се прекршуваат. Тоа е доказ дека не се вродени. Штом овие
две најважни идеи не се вродени, а искуството покажува дека не се, следува дека вродени идеи
нема.

Човекот се раѓа како tabula rasa, празен неиспишан лист. Целото човеково познание
потекнува од сетилата, т.е од искуството. Според Џон Лок „Нема ништо во разумот, што
претходно не поминало низ сетилата“.

Лок разликува два вида на познание

- Надворешно, сензација или сетилно искуство, со него се восприема надворешниот свет.


- Внатрешно, рефлексија или разумско, тоа се , всушност психичките процеси.

Разликува два вида идеи – прости и сложени.

- Простите идеи човекот ги добива готови од искуството. При нивното добивање разумот е
пасивен т.е. не може да ги менува ниту да ги уништи. (бело , слатко, топло)
- Сложените идеи се добиваат со комбинација на простите идеи. Разумот е активен во
нивното создавање (човек, татковина, љубов)

Лок учи за постоење на два вида квалитети на предметите и појавите


- Примарни квалитети - тие се својствени особини на предметите. Постојат објективно, т.е
независно од
- човекот. (големина, број, движење).
- Секундарни квалитети – Овие својства не се иманентни на предметите, т.е постојат
субјективно, зависно од човековото познание. (топлина, форма, боја). Учењето за
секундарните квалитети претставува инспирација за философијата на Џорџ Беркли.

Политичко учење

Лок ја застапува теоријата на општествен договор. За него , државата настанала со


спогодба меѓу луѓето. Нејзина цел е да го заштитува животот и сопственоста на луѓето. Ако
владетелот го прекрши договорот, тогаш поединците имаат право да го раскинат договорот. Џон
Лок е приврзаник на уставна монархија. Бара поделба на власта на законодавна, извршна и
федеративна.

Лок е еден од оснивачите на теоријата на граѓанските права и слободи, правото на труд,


правото на слободно располагање со резултатите на трудот, за индивидуалната слобода како
основа на политичка и религиозна толеранција.

You might also like