You are on page 1of 2

Суштинска природа на бивањето човек

Вернон Ван Де Риет, Маргарет Пет Корб и Џон Џефри Горел – Гештал терапија
Природата на бивањето човек (been human) исто така спаѓа во областа на онтологијата, но ние ќе
го разгледуваме одвоено заради неговата важност во нашата дискусија.
Во гешталт гледиштето, луѓето се збир на процеси: тековните и менливите физиолошки,
емоционални, интелектуални, психолошки и духовни процеси го сочинуваат постоењето на секое
човечко суштество. Филозофскиот оперативен збор во последната реченица е постоење.
Становиштето кон животот познат како егзистенцијализам е становиштето на цврсто иградени
тули во гешталт пристапот.
Егзистенцијализмот често се карактеризира со преупростениот начин на фразата:”што е, е”, или
бихејвиорално со “како се однесувате е како се однесувате”, “она што правите е она што правите”.
Општо земено, егзистенцијализмот нагласува дека нештата не ги создава, одржува или менува
некоја внатрешна суштина или нивните апстрахирани квалитети или својства. Тие се создаваат, се
одржуваат и се менуваат преку простиот факт на нивното постоење.
Гешталт терапијата себеси се изедначува со егзистенцијалносто становиште по негирањето на
пристапите на категоризирање на човечкото однесување и прифаќањето на пристапот на процес.
Со обрнување внимание на процеситешто се во основата на конкретизирањето на доживувањето,
ќовек може да ги открие неговите суштински структури на живеење. Важни се конкретните
настани; тие се она што се случува кога го восприемаме нашиот свет. Светот на човекот се состои
од неговите перцепции на конкретните настани. Апстрактните формулации или идеи за настаните
се мапи на конкретизирањата, начини на организирање на настаните.
Кјер Кегор (1944) столбот на егзистенцијализмот избегнуваше апстрактни пристапи и одбиваше да
формулира општа теорија на “битието” (beening). Наместо тоа тој се интересираше за она што
единката го прави во реална ситуација. Него го одликуваше конфронтирањето на поединецот со
неговата ситуација во околината. Кјер Кегор оваа конбфронтација ја виде како примарна,
неодвоиво од она што е и кој е поединецот. Слично гешталт пристапот смета дека идентитетот на
поединецот го одредува контактот меѓу поединецот и неговата околина. Контактот ја одредува
“его границата”, лимитот на елементите што се доживуваат како “јас” и оние што се доживаат
како “не јас”. Во гешталт гледиштето индивидуата не може да постои сама; секоја индивидуа
постои во рамките на полето на околината со кое таа мора да се поврзи, во кое за да преживее
според Перлс таа мора да е “агресивна”. Таа (индивидуата) мора да се поврзе со објектите на
нејзиниот свет за физички да преживее: мора да има храна, облека и засолниште или ресурси за
да ги обезбеди; мора да се поврзи со единки од нејзината околина за психолошки да преживее.
Според тоа човекот е и автономна индивидуална единка и единка ориентирана на околината,
единка и требаат други единки, други социјални инстритуции. И индивидуата и околината мора да
се потврдат, проучат и опишат; а и интеракциите меѓу нив мора да се потврдат, проучат и опишат.
Врз основа на изјаснувањето на Емил Диркен некои социолози пример Зидервелт, Симел, Мит
социјалните појави ги дискутираат од Homo duplex перспективата; т.е. жената или мажот како
индивидуална, уникатна појава а исто така и како учесник во социјалните улогипропишани од
културата.
Перлс зборува слично: ни една индивидуа не е самодоволна: индивидуата може да постои само
во полето на околината. Индивидуата неизбежно во секој момент е дел од некое поле. Нејзиното
однесување е функција на целото поле, што ги вклучува и неа и нејзината околина. Природата
помеѓу поврзаноста помеѓу неа и нејзината околинаго оппределува однесувањето на човечкото
суштество... Околината не ја создава индивидуатаниту пак индивидуата ја создава околината.
Секоја е она што е, секоја има свој особен карактер, заради нејзината поврзаност со другата и со
целината... Околината и организмот стојат во однос на меѓусебна взаемност.
Покрај потврдувањето на индивидуата и околината, централното гешталт гледиште се фокусира
на процесот на интеракцијата. Како човековото суштество меѓуделува со неговата околина? Овде
во игра влегуваат перцептивните психолошки процеси. Егсизтенцијалната предпоставка е во
основа на овие психолошки процеси: со животните процеси се бавиме онака како што постојат,
како што се. Често луѓето особено филозофите и психолозите го доживуваат светот и себеси на
еден начин но за тоа размислуваат и го пишуваат на друг начин. Ќјеркегор во неговиот “дневници”
вели: “човечката мисла мора е зградата во која живее – бидејќи се друго е турлитава”. Во еден
очигледен пример одвојувањето на живеете и мислењето ги споредува со човек кои изградува
прекрасен замок но го остава празен и престојува во трошна куќа до него. Слично според гешталт
принципите “размилувањето за” (thinking baout) го оттргува поединецот од “овде и сега”, од
доживување на животноста и поврзувањето го трга од свесноста за она што се случува. Според
Кјеркегор мислењето е исто со одвојувањето, недостаток на контакт во светот. Кјеркегор вели
дека целосноста на егзистенцијалното среќавање, свесноста и изборот на индивидуата се
најважни и најзначајни и најкреативни. Кјеркегор според (Вајлд 1966) исто така етичкиот живот го
означува како тој што постојано ја избира целината од себе самиот и останува со тој избор. Ова е
афтентично постоење. Нефатентичното постоење е одделено и себеси се гледа како еден објект
меѓу многу други; изборо е задушен.
Враќајки ја дискусијата пак на предходно истакнатото Homo duplex позиција – индивидуата е и
единствена индивидуа и општенствено врзана – индивидуалните етички ставови се поврзани и со
индивидуалните и со општествените спорни прашања. Поединците имаат вредности за самите
нив и за нивната околина. Некои од нивните “добра” се однесуваат на поединци а некои на
општеството и општествените институции. Гешталт гледиштето вели дека она што е “добро” во
врска со овие вредности и етики е што тие се само-избрани, базирани се на свесност и избор.

You might also like