You are on page 1of 2

ХЕГЕЛ (1770-1831)

Германската класична филозофија својот врв го достигнала со учењето на Хегел.


Тој направил поврзување на целокупното учење од антиката до неговото време.
Бил роден во Штудгард, завршил филозофија и теологија, работејќи како
домашен учител, а потоа како универзитетски професор. Во Берлин отворил
филозофска школа која била позната во Европа. Ги напишал делата
„Логика„ „Историја на филозофија„, „Естетика„, Феноменологија на духот„ и др.
Пишувал на висок стил и затоа неговите дела се тешки за разбирање.

1. Поделба на системот

Во однос на прашањето од што настанал светот, Хегел го застапува објективниот


идеализам. Според него светот настанал од апсолутна идеја која постои пред и
независо од човекот и неговото постоење ( апсолутната идеја е исто што и Бог во
христијанската религија).Апсолутната идеја во себе содржи спротивности врз
основа на кои се движи и развива. При тоа движење поминува низ три степени –
мислење, природа и дух.

а) Идеја по себе – апсолутната идеја не е свесна за своето постоење, таа е чиста


мисла, а времето на нејзиното постоење е пред светското создавање. Ова е
обработено во делото „Логика„

б) Идеја надвор од себе – идејата станува свесна за своето постоење и се


инкарнира во природата т.е. материјата. Ова е нејзиното второ бивствување
обработено во делото „ Филозофија на природата„

в) Идеја по себе и за себе – идејата станува апсолутен дух негирајќи ја природата,


а кај човекот се јавува како свест за сопственото постоење. Ова е обработено во
„ Феноменологија на духот„

2. Логика

Во логиката Хегел ги систематизаирал основните критериуми на дијалектиката


која и ден денес не е надмината и тој се смета за најголем претставник. Светот го
сфатил како процес во кој нема ништо вечно, константно, непроменливо. Вечна е
само промената, настанувањето, раѓањето и умирањето, преминот од една
состојба во друга. Се што постои е во постојано движење, менување, развиток.
Движењето е резултат на спротивностите кои се наоѓаат во сите нешта. Затоа
движењето го сфатил како самодвижење, а развитокот како саморазвиток. За да
движењето биде развиток потребно е секој степен да се негира и она што е
задржано да се издигне на повисок степен. Според Хегел дијалектиката поминува
низ три фази:

а) Теза – афирмација на даденото или момент на постоење

б) Антитеза – се негира непотребното, некорисното за понатамошниот развиток, а


во исто време се задржува корисното, позитивното

в) Синтеза ( негација на негацијата) – она што е задржано како корисно понатаму


се развива и со текот на времето и тоа застарува, па она што негирало сега само
е негирано

Хегел ги формулирал трите дијалектички закони кои важат за целокупната


објективна стварност, за природата, општеството и мислењето.Тие се :

а) Борба и единство на спротивностите – во сите нешта се наоѓаат


спротивности кои се во постојана борба која е вечна и непрекината, а единството
е краткотрајно и привремено. Причина за движењето се спротивностите кои при
таа борба не се исклучуваат едни од други туку проникнуваат едни во други

б) Премин од квантитет во квалитет и обратно – во критичните моменти на


движењето и најмалата промена може да доведе до скоковит премин од квантитет
во квалитет и обратно

в) Негација на негацијата ( дијалектика) – негирање на даденото, задржување на


корисното, издигнување на повисок степен и повторна негација

You might also like