You are on page 1of 3

Германскиот класичен идеализам

Поимна определба

Ова философско движење внесе длабоки промени во културната самосвест на епохата


определувајќи ги карактеристиките на научниот , философскиот и уметничкиот дискурс се до
денес. Појдовната позиција е Кант. Но, тој е само претходник на Германскиот класичен
идеализам, и претставниците на оваа философска традиција не можат да се сметаат за Кантовци
поради две суштински разлики:

- Тие го укинуваат поимот „ствар по себе“


- Прават апсолутизација на умствениот принцип во универзумот.
Претставници на Германскиот класичен идеализам се Јохан Готлиб Фихте, Фридрих
Вилхелм Шелинг и Георг Вилхелм Фридрих Хегел.

Георг Вилхелм Фридрих Хегел

„Кралот на метафизиката“, „принцот на дијалектиката“, „толкувачот на вечноста“...

- Г.В.Ф.Хегел е роден 1770 во Штутгарт. Со осумнаесет години се запишува на универзитетот


во Тибинген на теологија. На дваесет години во истата соба на најгорниот кат од
студентската кула живееле Хегел, неговиот врсник Хелдерлин, идниот најголем поет на
Германија, и Шелинг, кој иако пет години помлад, пред Хегел станал најпознат
претставник на Германскиот класичен идеализам. На препорака на Шелинг кој бил
вонреден професор, Хегел бил примен за приватен доцент во Јерна, стекнува философска
слава и станува најугледен професор во Германија. Анегдота: Студент му кажал на Хегел –
Професоре, фактите ве побиваат. А Хегел му возвратил – Дотолку полошо за фактите.

Главни дела на Хегел се „Феноменологија на духот“, и „Наука на логиката“ ; како


и делата „Естетика“ и „Историја на философијата“ кои се запишани од неговите студенти.
Хегел е философ на движењето, на развојот , на дијалектиката заснована на
единство на спротивности. Се што постои подлежи на тој најопшт закон кој се одвива низ
три фази – теза , антитеза и синтеза.
Дијалектичката синтеза е сложен концепт. Во себе вклучува три моменти, го
укинува конфликтот помеѓу тезата и антитезата, ги сочувува и задржува елементите на
вистината на тезата и антитезата и ги надминува спротивностите кревајќи ги на повисоко
рамниште. Добиената синтеза во процесот на вечното движење станува теза на нова
тријада.
Дијалектички закони :
- Се е противречно (како израз на внатрешните спротивности)
- Квантитетот преминува во квалитет ( Настанот во своето случување треба да созрее за
преку негацијата да дојде до нова синтеза која е нов квалитет во однос на претходната
состојба)
- Негација на негацијата ( синтезата е негација на негацијата, а тоа е афирмација“.

Хегел е објективен идеалист. Тргнува од Апсолутот или Апсолутната идеја. Апсолутот e


единство на мноштво. Тој е неопределен, е идеја или мисла. Апсолутната идеја постои
објективно, односно, независно од човекот. Апсолутната идеја содржи противречности врз
база на кои се движи и се менува. Во тоа самодвижење апсолутната идеја минува низ три
степени:
- идеја по себе
- идеја надвор од себе
- идеја по и за себе

1. Идеја по себе –Лoгика

Во почетокот Апсолутната идеја е чиста мисла, несвесна за своето постоење. Тоа е моментот на
предсветското постоење. Во Логиката тријадата е Битие, Суштина и Поим.

А) Битие – Се почнува со најпразниот поим Битие. За битието не може да се тврди ништо,


освен дека постои. Вака сфатеното битие е и ништо, затоа битие и ништо се идентични, а
истовремено и различни. Од битието кое претставува теза и ништото кое е антитеза
произлегува настанувањето кое е синтеза. Овде Хегел се занимава со квантитет, квалитет и
мера. Учи за преминот од квантитет во квалитет и обратно.
Б) Суштина – Тука го проучува односот на појавата и суштината, целината и делот, формата
и содржината.
В) Поим – Овде ги разгледува логичките форми: поим-суд-заклучок. Со него завршува
развитокот на идејата по себе.

2. Идеја надвор од себе –Философија на природата

Со развитокот на апсолутната идеја се доаѓа до нејзиното отуѓување во материја на природата.


Природата е деградација на апсолутната идеја. Природата е сфатена како второ постоење на
апсолутната идеја. Во природата постојата големи промени само во просторот а не и во времето.
Нема создавање на ништо ново. Тријадата е: механизам, хемизам, организам.

3. Идеја по и за себе или Дух – Философија на духот

Овде апсолутната идеја се враќа самата кон себе. Станува свесна за своето постоење, односно,
доаѓа до самосвест. Под поимот идеја по и за себе Хегел го подразбира духовниот живот на
човекот. Тријадата е: субјективен, објективен и апсолутен дух.

А) субјективен дух. Првин духот доаѓа до израз кај поединечниот човек во неговата
индивидуална свест.
Б) Објективен дух. Тоа е колективната свест или свеста на заедницата. Духот се изразува
како морал, право и историја. Тука Хегел ја дава својата етика, философија на право и
философија на историјата. Хегел учи дека општеството е објективен и законит процес кој
не зависи од волјата на луѓето. Движечка сила на општеството е светскиот дух, кој се
изразува како народен дух или дух на одредени заедници. Благодарение на народниот
дух, заедниците станале историски народи. За историски развиток особено е важна свеста
за слободата.
- В) Апсолутен дух. Овде духот се ослободува од материјалната форма и се јавува во
перцепција, претстава и поим. Перцепцијата се изразува во уметноста, претставата во
религијата, а поимот во философија. Овде Хегел ја дава својата естетика, философија на
религијата и историја на философијата.

- Сѐ што е умно е стварно, сѐ што е стварно е умно.

You might also like