You are on page 1of 2

Филозофија

1. Хеленистичката епоха е слична на современата епоха на


раздвиженост на луѓето, на нови сознанија, техники и
технологии, на општа поврзаност меѓу народите и на широчината
на масовната култура. Нејзини духовни карактеристики се:
насекаде се шири грчкиот јазик и основите на хеленската
култура, се шири писменоста и за сите прашања почнуваат да
расправаат луѓе од различни народи од социјален статус, се
развива науката и др.
2. Основната негова задача е испитување на вистината, а тоа значи
и откривање на смислата на човечкото сознание. Скептицизмот е
израз на средбите на многу култури и на несигурноста на
големите судрувања во политиката и при различноста на
животните цели.
3. Основни мислители се:
Пирон- задача е да се воздржиме од било каков суд.
Тимон- нашите согледби и мислења не се ниту лажни ниту
вистинити.
Аркесилај- нема вистина која трајно останува таква.
Карнеад- нема мерило на вистината.
Енесидем- нема ништо што за сите луѓе би било исто и би имало
иста вредност.
Секст- целта е да се достигне духовно спокојство.
4. Тој градел филозофија во која што задача е на луѓето да им
помогне во нивните душевни страдања, да им ја разведри
душата.
5. Епикур наведува дека најпрво човекот треба да се ослободи од
стравовите, а второ да не се плаши од смртта. Треба да се
ослободиме од стравовите и да се стремиме кој задоволствата и
да внимаваме самите да не си нанесуваме страдања, кој тоа ќе го
постигне, односно ќе стане мудрец.
6. Стоицизмот настанал како спој на неколку научни, етички и
религиозни тенденции. Тој има три етапи: физика, етика и
логика.
7. Тие се во меѓусебна поврзаност, но најзначајна е Етиката.
8. Да се живее сообразно со разумот,живот врз основа на
искуственото познавање на природните случувања,
усоврашување. Мудрецот е оној кој трпи, поднесува, размислува
разумно и дејствува достоинствено.
9. Електрицизам значи земање од разни погледи она што им се
допаѓа и соединување во една целост во кој немало духовна
доследност, туку мешање на разни идеи.
10.Кикерон извршувањето на должноста го смета за основа на
етиката. ‘’Во почитувањето на должноста се состои сиот морал на
животот, нејзиното запоставување е срамно’’
11.Последниот антички филозоф е Боетиј, тој ја напишал книгата
‘’Утеха на филозофијата’’ велејќи дека филозофијата секогаш го
подучувала и го насочувала кон добро и дека таа дава утеха затоа
што укажува каде се наоѓа вистинската среќа.

Михаил Јосифовски

You might also like