You are on page 1of 48

ЕТИКА

Етика - наука која најчесто се занимава со прашањето за изучувањето на


моралот.
Егоизам ( грч. и лат. Его - јас, Егоизмус - Егоизам) значи самољубие, себичност,
инсистирање, единствено на сопствената партикуларност т.е. поставување
(претпоставување) на сопствените интереси пред сите други, поединечни, посебни и
општи интереси, кое го нарекуваме егоцентризам. Егоизам е исклучиво љубов кон
самиот себеси, а подразбира безобзирност спрема другите и водење сметка само за
сопствените интереси и за сопствената цел. Опфаќа одредби за сите стремежи,
посакувања, работни насочувања и тежнеење на поединците кои се без било какви
обзири спрема друг човек или цела човечка заедница дури и на нивна штета, насочени
само на одржување, осигурување или просперитет на сопствениот индивидуален
опстанок. Ниту да се сврсти под добро, туку по лошо.
Постојат мислења дека во егоизмот се работи за вроден човечки егоизам, за
неговата семожност и неуништливост, па оттука следува природната оправданост, а од
тоа и неможноста кај некои луѓе да се воспостави социјализација или приспособување
за праисконските животни чувства симпатија. Егоизмот (по Хобес) е етичка теорија
или теоретски правец по кој, тоа се мотиви за морално дејствување во интерес на
поединецот. Тоа е теоретски правец во етиката кој застапува дејствување засновано и
носено од самољубие, па оттука и неговото теоретско, филозовско и етичко
оправдување, во кое постоечкото "Јас" е доминантно, т.е. игра врховна улога во
детерминирање на најголемиот благодет, односно претставува врховен принцип на
однесување (дејствување). Егоизмот значи негација на моралот како општ и
задолжителен, односно тој претставува аморализам, како способност која не признава
судови за вредностите, туку само за нештата каде не е присутна моралноста. Во таа
смисла, егоистичното однесување може да се окарактеризира како неморалност
(аморалност), со оглед на тоа што не може да се примени во категорија на моралност,
пријателство, другарство, дружељубивост и др.).
Алтруизам (лат. Alter; итал. Altrui; фран. Autrui - друг) е чувствување љубов за
други, било да е тоа инстинктивно или настанато од односите на битијата што е мерило
на неговата вредност, односно тоа е етички правец кој го смета човечкото дејствување,
кое корисно и добро за поединецот и за општеството, т.е. каде потеклото на моралот се
наоѓа во користа.
Проблемот на моралниот однос кон друг, што подразбира сакање и дејствување
насочено на унапредување и помагање за доброто на другиот. Моралната суштина на
алтруизмот е во нагласеноста на основниот принцип, кој најголемата добрина ја гледа
во среќата, добро во интерес на други, дури и на штета на сопствената среќа, интерес и
живот. Алтруизмот е способност и спремност на жртвување за други припадници на
човечкиот или нечовечкиот род. Алтруизмот се засновува на природната
социјализација т.е. враќање на современиот човек во праисконските животни чувства
за други во форма на симпатија (разбирање како основа на пријателството, на љубовта,
другарството или воопшто на дружељубивоста. Тоа природно чувство, кое го
поседуваат и животните, но и човекот, се нарекува "взаемна помош". Во смисла,
алтруизмот е духовена, теоретска и практична корелација на утилитаризмот, каде
доброто се поистоветува со корисното, било да е за поединец, за заедницата
(општеството) или за целокупното човештво.
- Утилитаризам (лат. Utilis - корисен) е гледиште (по Бентом, Мил) по кое
корисноста на неказнување се поставува во поширок контекст околу оправданоста за
казнување воопшто, во смисла кога и зошто некој - и кој е тој "некој" - да поседува

1
морално право да казнува некој друг. Морално казнување е онака како што го
детерминирале моралистите, нанесување одредено зло на друг, а правењето зло на друг
е важно морално прашање, единствен предмет на етиката од нејзиното постоење. На
тој начин е направена разлика помеѓу судската или општествено-правно втемелување и
изведена казна како зло за претходно направено зло, зло од користољубие, од омраза,
освета, љубомора или од злобен карактер, во однос на моралната казна и причините за
нанесување зло на друг. Постојат две спротивставени теории:
Утилитаристички теории ( на англиски и француски моралисти) ја оправдува
казната поради нејзините добри последици, бидејќи им се овозможува на
престапниците повторување на престапот или можноста поради казната да се одврати
од истиот, односно со заплашување и преовладувањето на стравот кај потенцијалните
престапници се создава шанса (прилика) за иднина т.е. за она што може да следува
после казната, каде е пронајдено етичко оправдување како морално добро.
Ретрибутивни теории (по германските моралисти, посебно на Кант и Хегел) се
свртени кон минатото, т.е. насочувањето е само на она што е направено, па моралното
оправдување на казната произлегува од самиот престап, кој во суштина е одредено зло.
Во оваа теорија спрема Кант, казната е сопствено право на злосторникот, бидејќи со
тоа, престапникот си придава важност на умно суштество, т.е. личност која после
издржувањето на Објективизам (лат. objecto - Ставање пред) е во теоријата за
сознавањето, доктрина по која запазувањето ни дава сознание за реалност само по себе.
Објективно е се она што се однесува на предмет, што се јавува како предмет, што
сочинува предмет, она што вреди за сите луѓе, што не зависи од личноста, т.е. од
нивната воља, желба или предвидување.
Филозофски правец кој тврди дека нашите претстави имаат објективна
вредност, дека се назависни од нашата личност, т.е. дека и други имаат или можат да
имаат иста таква претстава;
Етички правец, кој етичките појави ги смета како посебни појави независни од
мислењето и вољата на поединецот.
Морален правец, кој за морално добро ја смета општествената состојба која
треба да се постигне, а не вољата и држењето на поединецот.
Адаптација (лат. adopto - подредување за нешто) е прилагодување,
модификација на некоја функција или на орган со помош на она што доаѓа во
согласност со својата околина или со еден дел од неа; збир на промени кај живото
суштество, кои се потребни тоа да се наоѓа во склоп со условите за живот.
Аморализам е негација на моралот воопштено; доктрина која не признава
судови за вредности туку само за факти; отсутност на морал кај некоја личност.
Иморализам е етичка доктрина (Ниче) по која, моралот треба да се замени со
друга палета на вредности, често сосема спротивни, односно тоа е секоја доктрина која
сака моралната свест да ја спореди со некоја социјална реалност и надворешниот
живот на човекот т.е. кога судовите за вредностите се сметаат за привремени
епифеномени кои со време позитивната наука ќе ги отфрли.
Анархија е безвластие, неорганизирана состојба во општеството или истото е
дезорганизирано и во него нема власт, закони, морал и етика.
Морално лудило (морал insanity) е постојано или повремено одсуство или
пореметеност на моралните чувства кај нормални интелектуални способности.
Карактер (грч. charakter) е особина, карактеристика, значење, особеност по која
некој или нешто се одвојува, разликува од другите луѓе, односни работи или појави;
постојана волја која се држи до извесни принципи, во чија работа постои некоја
правилност ( карактер во психолошка смисла); волја кај која одлучувачките мотиви се
етичките и моралните начела (карактер во етичка смисла); човек со таква волја.

2
Личност е особина на моралното лице, чии душевни способности се на висок
степен, личност кај која постои хармонија на мислење, чувствување и волја; човек кој
од било кои причини е познат и признат во општеството.
Доблест е постојана спремност да се прави добро и да се извршува должноста.
Ентузијазам е воодушевување за некоја идеја или идеал; духовна сила со која
човекот е исполнет да ги постигне целите.
Индивидуалитет (лат. Individuum - нераздвојно) е збир на се она што ја
карактеризира една единка и што ја разликува од другите од иста врста, т.е. збир на
сите особини на еден човек, по што се разликува од другите луѓе, неговата
оригиналност.
Вредност е карактеристика на работите, кои со таа особеност предизвикуваат
задоволство, подмируваат некоја потреба или решаваат некој проблем, исполнува
некое очекување.
Во историјата на човештвото и доброто и злото имале и понатака имаат иста
потенцијална функција. Правите односи помеѓу моралното добро и моралното лошо.
можат да се разберат само ако се издигнеме над апстрактната моралност, кога злото ќе
се разбере како нешто повеќе и повредно, од само досегашното "спротивно на
доброто". Кога станува збор за добро, тогаш се мисли на она негово знаење, свест или
умност, духовност, барање формирано кон објективните човечки стремежи, а со тоа се
негира природната непосредност на доброто. Духот за кој се зборува е само важен
посредник кон доброто (злото): добро со љубов и зло со доза на насилство.
Хегел во таа смисла поаѓа од општото разбирање дека човекот всушност, по
природа е лош, злобен и тоа само со фактот што тој е нешто природно. Моралноста
овде се појавува во облик на посветување на традиционалното и конзервативното,
реакционалното и тоа за воља на мирот и непоматеноста на моралната субјективност
на индивидуата и сето тоа останува чисто апстрактно и обопштено спрема
употребените критериуми. Хегел и многу други, воочувале за злото, негативните
особини или страните на човекот, како што се егоизмот, властољубието, лакомоста,
самољубието, бескрупулозноста, лицемерството, преправањето, лажењето,
предавството итн. кое што ние на Балканот, во соседството и во Македонија го
почувствувавме посебно во периодот на некомунизмот и етноцентризмот на 90-те
години од ХХ век, од најшироки облици на агресија па до лудо насилство. Хегел уште
утврдил дека лошите особини на човекот, можат често да се претворат во носители на
историскиот развој на некој народ и на цела држава.
Злите луѓе (човекот) носени се од поединечни интереси, кои незапирливо
тежнеат кон сопственото задоволување, баш поради тоа секое друго суштество е
пореалистично од човекот.
Стихиското насилство секогаш пламнува против оние кои бараат од човекот да
се поклонува на идоли. Помирувањето со насилството значи изневерување на етиката,
крах на рационализмот и настапување на цинизмот. Воопшто, современото граѓанско
општество, со пазарна економија, го карактеризира агресијата, која е поврзана со
конкуренција, натпревар на духовните спротивности, ривалството и индивидуализмот,
а е пратено со насилство и егоизам како основни двигатели.
Затоа единствената заштита на човекот од злото на агресивноста е правната
држава со механизмот "устав и закони" кои понекогаш излегуваат од контрола и се
појавува широка деструкција кај оние што ја поседуваат политичката власт и
економската моќ.
Секогаш кога ги користиме термините "предност"; "должност"; "исправно";
"добро"; "лошо", создаваме етички судови и ако ја анализираме нивната вистинитост,

3
со тоа претресуваме некое етичко прашање. Меѓу најважните принципи на етиката
спаѓаат хедонизмот, однесувањето и идеалот.
Хедонизам (грч. hedone - радост, уживање) е етичка доктрина по која
уживањето е најголемо добро, па претставува цел на моралното дејствување и мерило
на вредност. Хедонизмот е најопшто прифатен од сите останати етички принципи -
принцип кој гласи дека ништо не е добро, само задоволството, а се заснова на моралот,
на кој му е целта избегнување на правата.
Етички идеализам - смета дека целта мора да го усовршува човекот,
остварување на идеалот, а не корист на поединец или општество.
Свест е непосредно знаење за нашите доживувања како што се запазувања,
мислења, чувствувања и т.н. единство (заедништво) на сопственото его со неговите
доживувања.
Самосвест е свест за нашето его како субјект кој има доживувања и е различна
од нив, како за нешто непроменливо во свеста; свест на нашата личност.
Совест е етичка свест, неодредено чувство или знаење за тоа дали некое дело
што сме направиле или имаме намера да го направиме е добро или лошо, праведно или
неправедно.
Платоновата етика се одликува со застапување далеку појасни и подоследни
етички системи, душевни состојби, кои ги сочинува љубовта спрема она што е добро, а
омраза спрема она што е лошо.
Хедонизмот како етичко учење зборува дека само задоволството е добро како
цел во животот - "доброто" не се спомнува со оглед на тоа што се заснова на
натуралистичка грешка. Спротивно, учењето дека и задоволството е меѓу останатите
работи, доброто како цел не е хедонизам.
Во обичниот говор ние често го употребуваме изразот "јас сакам ова", "јас
сакам она", така што секогаш се употребува како (етички принцип) еквивалент за "јас
мислам дека ова е добро". Природно е да претпоставиме дека не постои посебна класа
на етички судови, туку само класи "работи во кои се ужива" - а не го одобруваме како
морално правило она во што уживаме. Очигледно е дека претпоставката "јас мислам
дека ова е добро" се доведува на исто ниво со "јас сум задоволен со ова" - што неможе
логички да се потврди т.е. дека само задоволството е добро.
Етички идеализам - тој смета дека целта на моралот го усовршува човекот и
остварување на идеалот, а не корист за поединецот или општеството.
Идеално е она што е возвишено, што одговара на некој идеал, но кое е духовно
и единствено се наоѓа во мислите или во визиите.
Под идеал се подразбира најдобрата разбирлива состојба на работите; најголемо
добро или апсолутно вистинско:
Што е етика?
Пред неколку години, социологот Рејмонд Баумхарт ги запраша бизнисмените:
„Што за вас значи етиката?“ Меѓу нивните одговори беа следниве:
• „Етиката е поврзана со моите чувства кои ми кажуваат што е правилно, а што е
грешно.“
• „Етиката е поврзана со моите религиозни уверувања.“
• „Да се биде етичен значи да се прави она што го налага правото.“
• „Етиката се состои од стандарди на однесување прифатени од нашето
општество.“
• „Не знам кое е значењето на зборот.“
Овие одговори може да бидат типични за секого. Значењето на „етика“ е тешко
да се дефинира и погледите на етиката кај повеќето луѓе се несигурни.

4
Во однос на првиот одговор, повеќето луѓе имаат тенденција да ја изедначат
етиката со нивните чувства. Но, да се биде етичен јасно е дека не е прашање на
следење на нечии чувства. Личноста која ги следи своите чувства може да добие
повратен удар од она што смета дека е правилно. Всушност, чувствата често
отстапуваат од она што е етички во моментот.
Не треба етиката да се идентификува ниту со религијата. Повеќето религии,
секако, застапуваат високи етички стандарди. Сепак, доколку етиката има поврзаност
со религијата, тогаш етиката ќе се применува само од страна на религиозните луѓе. Но,
етиката се применува на истиот начин и во однесувањето на атеистите, како и кај
светците. Религијата може да воспостави високи етички стандарди и да обезбеди
интензивна мотивација за етичко однесување. Етиката, како и да е, не може да се
поврзува само со религијата, ниту пак да се поистоветува со религијата.
Да се биде етичен не е исто како и да се следи правото. Правото често
инкорпорира етички стандарди кон кои граѓаните се придржуваат. Но законите, како и
чувствата, може да отстапуваат од она што е етично. Законите за ропство кои беа
применливи за време на граѓанската војна во САД и законите за апартхејдот во Јужна
Африка се апсурдни и очигледни примери на закони кои отстапуваат од она што е
етично.
Конечно, да се биде етичен не е исто како и „да се прави сè она што го прифаќа
општеството.“ Во секое општество, повеќето луѓе прифаќаат стандарди кои, во
суштина, се етички. Но стандардите на однесување во општеството може да
отстапуваат од она што е етично. Целокупното општество може да стане етички
корумпирано. Нацистичка Германија е добар пример на морално корумпирано
општество. Уште повеќе, ако за да се биде етичен значи „да се прави сè она што го
прифаќа општеството,“ тогаш за да се најде она што е етичко, претходно треба да се
најде што е она што општеството го прифаќа. На пример, за да се донесе одлука што
треба да мислиме за аборусот во едно општество, претходно треба да се направи
истражување, па дури потоа да се поттчинат уверувањата кон она што го прифаќа
општеството. Но, никој не се обидува да одлучува етичко прашање со правење на
истражување. Понатаму, недостатокот од општествен консензус по многу прашања го
прави невозможно изедначувањето на етиката со она што го прифаќа општеството.
Некои луѓе го прифаќаат абортусот, но многумина не го прифаќаат. Ако се биде етичен
значи да се прави сè она што го прифаќа општеството, тогаш некој треба да најде
согласност по прашања кои, во суштина, не постојат.
Тогаш што е етиката? Етиката е две работи. Прво, етиката се однесува на добро
засновани стандарди на правилно и погрешно кои одредуваат што луѓето треба да
прават, вообичаено во однос на права, обврски, придобивки кон општеството,
правичност и специфични особини. Етиката, на пример, се однесува на оние стандарди
кои наметнуваат разумни, прифатливи обврски за воздржување од силување, крадење,
убиство, насилство и измама. Етичките стандарди, исто така, ги вклучуваат и оние кои
уживаат карактеристики на чесност, сочувство и лојалност. На крај, етичките
стандарди вклучуваат стандарди поврзани со правата, како што е правото на живот,
правото на слобода и правото на приватност. Ваквите стандарди се адекватни
стандарди на етиката бидејќи тие се поддржани од доследни и добро воспоставени
причини. Второ, етиката се однесува на студијата и развојот на нечии етички
стандарди. Како што напомнавме погоре, чувствата, законите и општествените норми
може да отстапуваат од она што е етичко. Значи, потребно е константно да се
истражуваат и испитуваат нечии стандарди за да се осигура дека тие се добро
засновани. Понатаму, етиката, исто така, е продолжување на напорот за изучување на
нашите морални уверувања и нашето морално однесување и настојување да се

5
осигураме дека ние и институциите помагаме во обликувањето и живеењето според
стандардите кои се доследни и солидно засновани.
Сите ние имаме слика за себе си, какви сме кога дејствуваме етички или кога
сме „во најдобро светло.“ Веројатно имаме слика за тоа каква треба да биде етичката
заедница, етичкиот бизнис, етичкото владеење или етичкото општество. Етиката е
навистина поврзана со сите овие нивоа на етичко дејствување како индивидуи,
создавајќи етички организации и влади, правејќи го нашето општество целосно етичко,
на начин на кој сите етички се третираат.
Едноставно кажано, етиката се однесува на стандардите на однесување кои ни
кажуваат како човековите суштества треба да дејствуваат во повеќе ситуации во кои
тие себе си се наоѓаат – како пријатели, родители, деца, граѓани, бизнисмени,
наставници, професионалци, итн. Од голема помош е идентификување на она што
етиката не е:
• Етиката не е исто што и чувствата. Чувствата обезбедуваат важни информации
за нашите етички избори. Некои луѓе имаат високо развиени навики кои ги
прават да се чувствуваат лошо кога ќе направат нешто неправилно и најчесто
нашите чувства ќе ни кажат дека е непријатно да се направи нешто правилно
доколку е самото тоа тешко да се направи.
• Етиката не е религија. Многу луѓе не се религиозни, но етиката се применува на
сите. Повеќето религиозни луѓе застапуваат високи етички стандарди, но
понекогаш не ги адресираат сите видови на проблеми со кои се соочуваме.
• Етиката не е следење на правото. Добар правен систем инкорпорира многу
етички стандарди, но правото може да одстапува од она што е етичко. Правото
може да биде етички корумпирано, како што е случај со некои тоталитарни
режими. Правото може да биде функција на владеење само по себе и
дизјанирано да служи на интересите на потесна група. Правото може да има
потешкотии во дизајнирање или спроведување на стандарди во одредени важни
области и може да биде бавно во адресирање на новите проблеми.
• Етиката не е следење на културно прифатените норми. Некои култури се
прилично етички, но други може да станбат корумпирани или слепи кон
одредени етички прашања (ропството за време на граѓанската војна во САД).
„Кога си во Рим, прави како што прават Римјаните“ не е задоволувачки етички
стандард.
• Етиката не е наука.Општествените и природни науки може да обезбедат важни
податоци кои ќе ни помогнат да направиме добри етички избори. Но, науката
сама по себе не ни кажува што треба да правиме. Науката може да обезбеди
објаснување за тоа какви се луѓето. Но, етиката обезбедува причини за тоа како
луѓето треда да дејствуваат. Само поради тоа што нешто е научно и технолошки
можно, може тоа да не е етички да се направи.

Зошто е тешко идентификувањето на етички стандарди


Постојат два фундаментални проблеми во идентификување на етичките
стандарди:
1. На што ги засноваме нашите етички стандарди?
2. Како тие стандарди се применуваат во специфичните ситуации со кои се
соочуваме?
Ако нашата етика не е заснована на чувства, религија, право, прифатлива
општествена пракса или наука, тогаш на што се засновува? Повеќето филозофи и
етичари помогнаа во одговарање на ова критичко прашање. Тие сугестираа барем пет
различни извори на етички стандарди кои треба да ги користиме.

6
Пет извори на етички стандарди
Уталитарен пристап
Некои етичари нагласуваат дека етичкото дејствување е она кое го обезбедува
поголемото добро или прави помала штета, или, да се каже на друг начин, продуцира
најдобра рамнотежа меѓу доброто и неправдата. Општото, заедничко етичко
дејствување е она кое продуцира најдобро добро и прави помала штета на сите оние
кои се погодени – потрошувачи, работодавачи, акционери, заедницата и средината.
Етичкото војување го балансира доброто постигнување со ставање крај на тероризмот
со злото кое е направено на сите страни преку смрт, повреди и деструкција.
Утилитарниот пристап се соочува со последиците; се обидува да го зголеми правењето
на добра и да го намали правењето на зла.
Пристап на права
Други филозофи и етичари сугестираат дека етичкото дејствување е она кое
најдобро ги штити и почитува моралните права на оние на кои се однесуваат. Овој
пристап тргнува од уверувањето дека човечките суштества имаат достоинство
засновано на нивната човечка природа per se или на нивната способност слободно да
избираат што да прават со своите животи. На основа на таквото достоинство, тие имаат
право да бидат третирани како крајност, а не само како средства за нечија друга
крајност. Листата на морални права – вклучителни и правото да се прави нечиј избор
каков живот да води, да се каже вистината, да не се нанесува повреда, да се има степен
на приватност, итн., е широко дебатирано; некои денес аргументираат дека и не-
човечките суштества, исто така, имаат права. Понатаму, често правата имплицираат
обврски – особено обврската да се почитуваат другите права.
Непристрасен или правичен пристап
Аристотел или другите грчки филозофи придонесоа кон идејата дека сите
еднакви треба да бидат еднакво третирани. Денес ја користиме оваа идеја за да кажеме
дека етичкото дејствување ги третира човечките суштества еднакво – или ако е
нееднакво, тогаш фер засновано на некои стандарди кои може да бидат оправдани.
Луѓето ги плаќаме засновано на нивната заложба кон обврските или поголем износ
доколку имаат поголем придонес кон организација, што во основа е фер. Но, постои
дебата околу платите во оние претпријатија кои се десет пати поголеми од платите на
другите; многумина се прашуваат дали ваквиот голем диспаритет се заснова на
одбранбени стандарди или е резултат на нерамнотежа во моќта, што во суштина е
нефер.

Пристап на општо добро


Грчките филозофи, исто така, имаат дадено придонес кон фактот дека живот во
заедница сам по себе е добар и нашите дејствувања, исто така, треба да дадат придонес
кон таквиот живот. Ваквиот пристап сугестира дека испреплетените односи во
општеството се основа за етичко размислување и дека почитувањето и сочувството за
сите други - особено за чувствителните – се потребни за таквото размислување.
Пристапот, исто така, повикува на внимание кон заедничките услови кои се важни за
благосостојбата на сите. Ова може да биде систем на закони, ефективни полициски и
противпожарни одделенија, здравствена грижа, јавен образовен систем или јавни
рекреативни области.
Пристап на особини
Многу стар пристап кон етиката е дека етичкото размислување треба да биде
конзистентно со одредени идеални особини кои обезбедуваат целосен развој на нашето
човештво. Овие особини се карактеристики и навики кои ни овозможуваат да

7
дејствуваме согласно највисокиот потенцијал на нашиот карактер и во корист на
вредностите како вистина и убавина. Чесноста, храброста, сочувството, дарежливоста,
толеранцијата, љубовта, верноста, интегритетот, правичноста, самоконтролата и
разумноста се сите примери на особини. Етичките особини прашуваат за секое
дејствување: „Каква личност ќе бидам ако го направам ова?“ или “Дали ова
дејствување е конзистентно со моето најдобро дејствување.“
Соединување на пристапите
Секој од пристапите ни помага да одредиме какви стандарди на однесување
може да се сметаат за етички. Сепак, и понатаму постојат проблеми кои треба да бидат
решени. Првиот проблем е дека ние може да не се сложиме со содржината на некои од
овие пристапи. Ние може да не се сложиме со истиот сет на лични и граѓански права.
Ние може да не се сложиме и со она што е добро, а што е лошо. Вториот проблем е
дека различните пристапи нема да можат на ист начин да одговорат на прашањето
„Што е етичко?“ Како и да е, секој пристап ни дава важни информации со кој можеме
да одредиме што е етичко во одредени околности и најчесто различните пристапи
водат кон слични одговори.

Донесување на одлуки
Донесувањето на добри етички одлуки има потреба од подготвена
чувствителност кон етички прашања и практичен метод за истражување на етичките
аспекти на одлучување и одмерување на сфаќањата кои треба да имаат удар при
нашиот избор на насоката на дејствување. Многу е суштински да се има метод на
етичко одлучување. Кога правилно се практикува, методот автоматски станува сличен
со работата која што ја извршуваме, без потреба од претходно консултирање на
специфични чекори. Со колку повеќе необични и тешки етички избори се соочуваме,
толку е поголема потребата да се потпреме на дискусија и дијалог со другите околу
ваквата дилема. Само со внимателно истражување на проблемот, потпомогнато со
интуициите и различните перспективи на другите, можеме да направиме добри етички
избори во одредени ситуации. Следнава рамка за етичко одлучување е корисен метод
за истражување на етичките дилеми и идентификување на етичката насока на
дејствување.
Рамка за донесување на етички одлуки
Препознавање на етичко прашање
1. Дали оваа одлука или ситуација може некому или на некоја група да и наштети?
Дали ваквата вклучува избор меѓу добра и лоша алтернатива, или можеби меѓу
две „добра“ или меѓу две „зла“?
2. Дали ова прашање е повеќе околу тоа што е легално или што е поефикасно? Ако
е така, како да се направи?
Најди ги фактите
3. Кои се релевантните факти на случајот? Кои се непознати факти? Може ли да
научам повеќе за ситуацијата? Дали знам доволно за да донесам одлука?
4. Кои индивидуи и групи имаат значаен влог во во крајниот резултат? Дали нечии
грижи се повеќе значајни? Зошто?
5. Кои се опциите за дејствување? Дали сите релевантни личност и групи беа
консултирани? Дали јас идентификував некои креативни опции?
Проценка на алтернативните постапки
6. Проценете ги опциите со поставување на следниве прашања:
• Која опција ќе произведе нејголемо добро и ќе направи помала штета?
(Утилитарен пристап)

8
• Која опција најдобро ги почитува правата на сите кои имаат некаков влог
(Пристап на права)
• Која опција ги третира луѓето еднакво или пропорционално (правичен
пристап)
• Која опција најдобро и служи на заедницата како целина, не само на
некои членови? (Пристап на општо добро)
• Која опција ме наведува да дејствувам како личност каква што сакам да
бидам (Пристап на особини)
Донесете одлука и тестирајте ја
7. Разгледајте ги сите овие пристапи, која опција најдобро се однесува на одредена
ситуација?
8. Ако кажам некому, или на пошироката јавност, дека го почитувам својот избор,
што ќе кажат другите?
Дејствувајте и имајте влијание на резултатот
9. Како може мојата одлука да биде имплементирана со најголема грижа и
внимание околу грижат на сите засегнати?
10. Како се покажа мојата одлука и што научив од оваа специфична ситуација?
Како да се идентификува етичко прашање
Етичките мислења се однесуваат на дејствувањата или ситуациите кои се
правилни или погрешни, добри или лоши. Еден заклучок дека дејствувањето или
ситуацијата има потреба од етичко, наместо едноставно, да речеме, бизнис мислење, е
дека дејствувањето или ситуацијата вклучува актуелна или потенцијална штета за
некого или за нешто. Друг заклучок би бил постоењето на можноста за прекршување
на она што ние општо го сметаме за добро или правилно.

Како да се користи тестот за чувствување


Друг добар начин за идентификување при адресирање со некое етичко прашање
е користењето на „тестот за чувствување“: Како би изгледало нашето дејствување или
ситуацијата на која размислуваме доколку за неа прочитаме на предната страна на
дневниот печат или на некој популарен блог? Дали ние би биле задоволни читајќи
некоја статија во некој весник дека нашата компанија прави нешто недозволено или ќе
оставиме ситуацијата да продолжи и понатаму? Дали би бил мирен доколку тоа го
објаснам на својата сопруга или својот брат или својата сестра?
Предностите на тестот за чувстување се:
• Не фокусира на она што другите етички луѓе во опшетеството би мислеле. Не
спречува од преземање на посебна корист за самите себе;
• Потврдува дека моралноста се однесува на она што другите мислат, исто како и
за тоа што мислам јас;
• Го воведува чувството на срам, моќен поттикнувач за да бидеме сигурни дека
она што го правиме е правилно.
Недостатоци на тест за чувствување се:
• Тестот за чувствување е добар колку што е добро општеството во кое живееме.
Општеството може да биде слепо во однос на етичката димензија на некое
дејствување или ситуација, може да прифати неетички дејствувања како етички,
или да биде поделено околу тоа дали дејствувањето е правилно или погрешно;
• Како што сликата за чувството за мирис не потсетува, живеењето со лоша
миризба или неетичко однесување за подолг период може да ја затупи
способноста на луѓето за нивно забележување;

9
• Ни кажува дека дејствувањето е етичко прашање, но не дали е правилно или
погрешно. Знаејќи зошто дејствувањето е правилно или погрешно може да
помогне во објаснувањето на истото прашање кон другите. Знаејќи зошто е
погрешно може да помогне во модификување на дејствувањето за да биде
правилно. За да се одреди зошто, ние ќе треба да одиме подалеку од тестот за
чувствување.
Тестот за чувствување е познат терен во повеќето бизнис заедници и е добро
место за почеток. Станува збор за „брз и валкан тест“ за одлучување доколку
нешто е етичко прашање и корисно бидејќи името на брендот и репутацијата на
луѓето се многу важни во бизнисот.

Пресметување на последиците
Уталитарен пристап кон етиката
Кога Оливер Норт беше запрашан за време на 80-тите години на 20 век да
објасни зошто лажел пред конгресјиот комитет околу неговата улога во аферата за
продажба на оружје на Иран, тој одговори: „Лажењето за мене не е едноставна работа.
Но, сите ние мораме да измериме рамнотежата на разликата меѓу лаги и животи (lies
and lives)“. Понатаму во своето сведочење, Норт беше запрашан околу лажната
хронологија на настаните кои тој ги измисли во подготвувањето на извештајот за
вмешаноста на Владата на САД во продажба на оружје на Иран:
Испрашувач:...Вие наведовте дека...според ваше мислење...е добра идеја да се
стави напред оваа лажна верзија...Но постоеја причини и од другата страна,
дали е тоа точно?
Норт:...Причини од другата страна?
Испрашувач:...Прво и пред се, вие дадовте некаква вредност во вистината, дали
е тоа така?
Норт: Додадов огромна вредност во вистината. Дојдов тука да ја кажам.
Испрашувач: Значитоа би било причината за да не се стави напред оваа
[лажна] верзија на фактите?
Норт: Вистината би била причина да не се стави напред оваа [лажна] верзија на
фактите, но како што потенцирав пред малку, додадов голема вредност на
животите на американските заложници...и додадов голема вредност на втората
врска [посредник користен од САД за соочување со Иранците], кој беше во
ризик.
Испрашувач: Со ставањето на оваа лажна верзија на фактите, вие посегнавте,
дали е тоа така, по целата администрација преку кажување на лажна приказна?
Норт: Добро, сега не се обидувам да подметнам лажни приказни. Добро?
Направив многу работи и сакам да станам и да кажам дека сум горд на тоа.
Најдобро балансирање на користа наспроти неправдата
Методот на Норт за оправдување на неговите акти на измама е форма на
морално размислување кое се нарекува „утилитаријанизам.“ Расклопен во својата
битност, во својата суштина, утилитаризмот е морален принцип кој тврди дека
морално правилниот начин на дејствување во секоја ситуација е онаа која ја продуцира
најдобрата рамнотежа меѓу користа наспроти неправдата за сите оние кои се со тоа
дејствување погодени. Се додека насоката надејствување произведува максимална
корист за сите, утилитаризмот не се грижи за тоа дали користа е остварена со измама,
манипулација или принуда.
Повеќето од нас го користат овој вид на морално размислување најчесто во
нашето дневно одлучување. Кога сме запрашани да објасниме зошто чувствуваме дека
имаме морална обврска да извршиме некакво дејство, ние најчесто упатуваме на

10
доброто кое ќе произлезе од таквото дејствување или на лошото кое би било спречено
со таквото наше дејствување. Бизнис аналитичарите, законодавците и научниците
дневно ги одмеруваат резултатите од користа и неправдата на политиките кога
одлучуваат, на пример, дали да се инвестираат ресурси во дреден јавен проект, дали да
се одобри нов медикамент, или да се забрани одреден пестицид.
Утилитаризмот нуди релативно едноставен метод за одлучување на морално
вистинската насока на дејствување за секоја посебна ситуација во која се наоѓаме
самите. За да се открие што треба да правиме во секој ситуација, прво ги
идентификуваме разните насоки на дејствување кои може да ги преземеме. Второ, ги
одредуваме сите предвидливи користи и неправди кои може да резултираат од секоја
насока на дејствување за сите оние кои се погодени со таквото дејствување. Трето, ја
одбираме насоката на дејствување која обезбедува најголема корист откако цената е
земена во предвид.
Принципот на утилитаријанизам може да се следи преку пишувањето на
Џереми Бентам, кој живееше во Англија за време на 18 и 19 век. Бентам, правен
реформатор, утврди објективна основа која ќе обезбеди јавно прифатлива норма за
одредување на кои видови закони треба Англија да ги донесе. Тој веруваше дека
најветувачки начин за постигнување на таква спогодба е да се избере политика која ќе
донесе најголема нето добивка за општеството, откако во предвид ќе бидат земени и
неправдите од изборот на политиките. Неговото мото, денеска доста познато и
прифатено, беше „најголемо добро за најголемата бројка.“
Низ годините, принципот на утилитаризам се прошируваше и редефинираше,
така што денеспостојат многу варијации на истиот принцип. На пример, Бентам ги
дефинираше користа и неправдата во поими на задоволство и болка. Џон Стјуарт Мил,
добро позната утилитарна личност во 19-от век, говереше за користа и неправдата не
во термини само на задоволство и болка, туку и во смисла на квалитет и интензитет на
задоволството и болката. Денешните утилитаристи нејчесто ги опишуваат користа и
неправдата во смисла на задоволство на лични повластувања или во чисто економска
смисла на монетарна корист над монетарните трошоци.
Утилитаристите, исто така, се разликуваат во своите погледи и околу видот на
прашењето кое си го поставуваме самите себе си кога треба да донесеме етички
одлуки. Некои утилитаристи пооддржуваат дека при донесувањето етички одлуки, ние
мора да се запрашаме самите: „Каков ефект ќе има моето дејствување во оваа
ситуација за општа рамнотежа меѓу доброто и лошото?" Ако лажењето ќе прозведе
најдобри последици во одредена ситуација, ние треба да лажеме. Други тврдат дека
ние мора да ги одбереме оние дејствијата кои се согласуваат со општото правило кое
ги има најдобрите последици. Со други зборови, мора да се запрашаме самите: „Каков
ефект ќе има ваквиот вид на дејствување од страна на сите на општата рамнотежа меѓу
доброто и лошото?“ Значи, на пример, правилото „секогаш да се кажува вистината“ во
суштина го промовира доброто на сите и поради тоа треба секогаш да се следи, дури и
ако во одредена ситуација лажењето ќе произведе подобри последици. И покрај
ваквите разлики меѓу утилитаристите, како и да е, повеќето го прифаќаат општиот
принцип дека моралноста мора да зависи од балансирање на последиците од користа и
неправдата од нашето однесување.
Проблеми со утилитаријанизмот
Додека утилитаријанизмот е во момонетов многу популарна етичка теорија,
постојат некои потешкотии во неговото засновање како единствен метод за морално
одлучување. Прво, утилитарните калкулации бараат да одредиме вредности на користа
и неправдата кои произлегуваат од нашите дејствувања и да ги споредиме со користа и
неправдата кои може да произлезат од другите наши дејствувања. Но, најчесто е

11
тешко, ако не невозможно, да се одредат и споредат одредени користи и трошоци.
Како да тргнеме и одредиме вредност кон живот или уметност? Како да тргнеме во
споредување на вредноста на парите, на пример, со вредноста на животот, вредноста на
времето или вредноста на човековото достоинство? Понатаму, може ли некогаш да
бидеме навистина сигурни околу сите последици од нашите дејствувања? Нашата
способност за одредување и предвидување на користа и неправдата која резултира од
насоката на дејствување или морално правило е двосмислено, во најмала рака.
Можеби најголемата тешкотија со утилитаријанизмот е дека не успева да ги
земе во предвид сфаќањата за правдата. Може да замислиме примери како одредена
насока на дејствување ќе произведе најдобра корист за општеството, но тие ќе бидат
јасно неправедни. За време на режимот на апартхејдот во Јужна Африка во минатиот
век, белците во Јужна Африка, на пример, понекогаш тврдеа дека сите
Јужноафриканци – вклучително и црнците – се во подобра позиција доколку се под
владеење на белците. Белците тврдеа дека во оние африкански држави кои ги заменија
владите на белците со влади на црнци или мешавина, социјалните услови брзо се
влошиле. Белците предвидоа дека граѓанските војни, економскиот пад, гладот и
безредието, ќе бидат резултат на дозволувањето мнозинството црнци во Јужна Африка
да раководат со власта. Ако таквото предвидување беше точно – а крајот на
апартхејдот покажа дека предвидувањето е погрешно – тогаш владата на белците во
Јужна Африка ќе беше морално оправдана според утилитаријанизмот, без оглед на
нејзината неправедност.
Ако нашето морално одлучување треба да ги земе во предвид сфаќањата за
правдата, тогаш очигледно утлитаризмот не може да биде единствен принцип кој ќе го
насочува нашето одлучување. Сепак, може да игра улога во овие одлучувања.
Принципот на утилитаризам не повикува да ги разгледаме непосредните и помалку
непосредните последици на нашето дејствување. Имајќи го во предвид неговото
инсистирање на сумирање на користа и неправдата на сите луѓе, утилитаризмот не
повикува да погледнеме зад нашите интереси за независно да ги земеме во предвид
интересите на сите луѓе кои се погодени од нашето дејствување. Како што Џон Стјуарт
Мил еднаш напиша:
Среќата која ги формира утилитарните стандарди за она што е правилно во
однесувањето, не е (нечија) сопствена среќа, туку на сите оние кои се засегнати.
Меѓу сопствената среќа и среќата на другите, утилитаризмот бара од тебе да
бидеш како стриктно непристрасен, така и да бидеш незаинтересиран и
благонаклонет набљудувач.
Во денешната ера кои некои ја карактееризираат како „доба на сопствен
интерес“ утилитаризмот е моќен потсетник дека моралност не повикува да погледнеме
зад самите себе заради доброто на сите.
Како да се користи тестот за вредност
А. Запознавање со тестот
Прашање: „Дали ние го максимизираме доброто и го минимизараме
лошото за сите оние кои се под влијание?“
За тестот за вредност (или „Утилитарниот принцип“, „Практичниот принцип“),
поселдиците или резултатите одредуваат што е правилно, а што е погрешно. За овој
принцип целта ги опшравдува средствата: дејствувањето е правилно ако создава
најдобар вкупен резултат. Добриот резултат може да се измери со:
• Среќа и несреќа (задоволство или болка);
• Предности на индивидуите;
• Пари, како индикатор за предност.

12
Б. Зошто вредноста е валиден начин за одлучување на правилно и погрешно?
Тестот на вредноста е валиден начин за одлучување кои дејствувања се
правилни или погрешни поради тоа што:
• Секој се смета за еднаков;
• Секој сака да биде среќен или да избегне да биде несреќен.
Поради тоа добро е она што прави најголема среќа или помалку несреќа без
разлика кој е погоден.
Накратко, ние не може да гледаме на последиците само за себе или за нашата
група за да одлучиме што е етичко, бидејќи секој кој е погоден од дејствувањето има
еднакво значење како личност.
В. Примена на тестот
Чекор 1: Идентификувајте ги алтернативните дејствувања кои се можни, како и
личностите и групите кои ќе бидат погодени од таквите дејствувања.
Чекор 2: За секој најветувачките алтернативи, одредете ја користа и трошоците
за секоја личност или погодена група. Овие калкулации:
• Имаат потреба од предвидување на можните резултати засновани на факти и
искуство;
• Треба да вклучуваат краткорочни и долгорочни последици; и
• Треба да ја имаат во предвид релативната корист или „маргиналната вредност“
на резултатот на различни индивидуии и групи.
Чекор 3: Изберете ја акцијата во конретната ситуација која произведува
најголема корист над трошоците за сите кои се погодени. Ако трошоците ја надминат
користа, изберете ја акцијата со најмалку трошоци поврзано со користа. Овој чекор ја
покажува алтернативата која има најголемо нето добро за ваква ситуација.
Чекор 4: Прашајте што ќе се случи ако дејствувањето е политика за сите
слични ситуации. Откако она што е направено во една ситуација, често станува и
пример, па дури и политика, за идните дејствувања, овој чекор покажува која
алтернатива го максимизира доброто за оваа и сите наредни ситуации.
Г. Извлекување на заклучок
Доколку истото дејствување е избрано во чекорите 3 и 4, тохаш ова е етичко
дејствување. Доколку се изберат различни дејствувања, тогаш одлучете дали
индивидуалното дејствување или политика ќе го произведе најголемото добро и
најмалата повреда, за сите кои се погодени, на подолг рок.
Д. Предности на тестот на вредност
• Резултатот е суштински – Не можам да бидам задоволен само со едноставно
следење на моите лични етички стандарди ако се појават лоши последици;
• Вистинските податоци и проценување на можноста на потенцијалниот резултат
се важни за одлучување што е правилно, а што е погрешно;
• Благосостојбата на животните и другите ентитети треба да бидат вклучени во
етичкото одлучување откако и тие се погодени од резултатите;
• Нагласокот на рационалното пресметување и вклучувањете на сите не потсетува
дека не може секогаш да им се верува на нашите институции околу правилното
и погрешното;
• Има потреба од најдобар резултат, а не едноставно само добар резултат.
Ѓ. Недостатоци на тестот на вредност:
• Има потреба од прецизни проценки за веројатни резултати кои може да бидат
потешки или невозможни да се направат во комплексни ситуации;
• Во организации каде резултатите се пресметуваат со правење на тримесечни
бројки, може да биде тешко фокусирањето на долгорочните добра и неправди –

13
на долги патеки секој се надева да ги надмине своите грешки со промоција,
трансфер или пензионирање;
• Предмет е на неколку заеднички грешки кога се применува на:
o Грешка на ограничени вложувачи – го сметаат резултатот само за себе си
или својата група;
o Краткорочни грешки – ги земаат во предвид само директните или итните
последици наместо вклучување на индиректните и долгорочните
последици;
o Грешка на единствена алтернатива – одлучувањето за дејствување е
добро бидејќи крајниот резултат е потежок од своите трошоци без да ги
земе во предвид алтернативите кои може да имаат подобра корист.

Права
Во 1978 година Американски цијанамид, компанија за производство на хемиски
продукти, лоцирана во Западна Вирџинија, објави дека со цел „да се заштитат
неродените бебиња на вработените од секакви можни повреди“ жените способни за
породување повеќе нема да можат да работат во компании кои може да ги изложат на
олово и други хемикалии потенцијално штетни за феталниот живот. Една година
подоцна, четири жени во интервју за еден весник, тврдеа дека треба да бидат
стерилизирани за да ги задржат своите добро платени работни места во Американски
цијанамид. Додека компанијата тврдеше дека се обидува да ги заштити правата на
неродените бебиња, жените изјавија дека компанијата ги принудувала на жртвување на
нивните репродуктивни права. Според поддржувачите на компанијата, работодавачот
има право да воспостави работни услови за своите вработени, додека поддржувачите
на четирите жени тврдеа дека работниците имаат право да бидат заштитени од
опасносните на работното место, без притоа да треба да прават избор дали да бидат
стерилизирани или да ги изгубат своите работни места.
Што е право?
Многу морални контроверзи денес се изразени во јазикот на правата.
Навистина, како да сме сведоци на експлозија за барање на права – права на
хомосексуалците, права на затворениците, права на животните, права на пушачите,
фетални права и права на работодавачите. Барањето за права има долга традиција.
Декларацијата за независност на Америка потврдува дека „сите луѓе...се надарени од
нивниот Создавач со одредени неотуѓиви права...меѓу кои е живот, слобода и потрага
по среќа.“ Во 1948 година, Обединетите нации ја објавија Универзалната декларација
за човекови права, потенцирајќи дека сите човечки суштества имаат „право на своја
сопственост,...право на работа,...право на праведна и задоволителна награда,...право на
одмор и слободно време.“
Што е право? Правото е оправдано тврдење и прифатено барање на другите. На
пример, ако имаме право на слобода, тогаш имаме оправдано тврдење да бидеме
оставени на само од другите. Спротивно, можеме да кажеме дека другите имаат
должност или обврска да не остават сами. Ако имаме право на образование, тогаш
имаме оправдано тврдење дека образованието треба да ни биде обезбедено од
општеството.
„Оправданоста“ на некое тврдење е зависно од некои стандарди признаени и
прифатени не само од страна на побарувачот, туку и од општеството во целина.
Стандардот може да биде конкретен како што е Уставот, кој ги гарантира правото на
говор и осигурува дека секој граѓанин осомничен за кривично дело ќе го ужива
правото на судење во разумен рок од страна на независен суд или локални закони кои
кои ги изразуваат правата на сопствениците и закупувачите. Моралните права се

14
оправдани од морални стандарди кои најмногу луѓе ги признаваат, но кои не се
неопходно кодификувани во правото; овие стандарди, исто така, се различно
интерпретирани од различна групација на луѓе.
Негативни и позитивни права
Едно од најважните и највлијателните инетрпретации на моралните права е
засновано на работата на Имануел Кант, филозоф во 18-от век. Кант тврдеше дека
секој од нас има вредност на достоинство кое мора да се почитува. Ваквото
достоинство не им дозволува на другите да го злоупотребуваат или да го користат
спроти нашата волја. Кант ја изрази ваквата идеја во моралниот принцип: хуманоста
мора секогаш да биде третирана како крај, не секогаш како средство. Да се третира
личноста чисто како средство е да се користи истата личност во остварување на туѓите
интереси. Но, да се третира личност како крај е да се почитува неговото достоинство
овозможувајќи му ја слободата на право на сопствен избор.
Принципот на Кант е најчесто користен за оправдување на фундаменталното
морално право, правото на сопствен избор, како и правата поврзани со ова
фундаментално право. Овие поврзани права може да бидат групирани во широки
категории – негативни и позитивни права. Негативните права, како што се правото на
приватност, правото да не се биде убиен или правото сопствено да се управува со
својата сопственост се права кои заштитуваат некаква форма на човекови слободи.
Овие права се нарекуваат негативни права, бидејки таквите права се потврда од една
личност дека наметнува „негативна“ обврска за сите други – обврска да не се меша во
активностите на некоја личност во одредена област. Правото на приватност, на пример,
ни ја наметнува обврската да не се навлегува во приватните активности на некоја
личност.
Принципот на Кант, исто така, често е користен за да се оправдаат позитивните
права или, како што најчесто се нарекуваат, права на благосостојба. Додека
негативните права се „негативни“ во смисла дека за секоја личност ја потврдуваат
зоната на немешање од страна на другите, позитивните права се „позитивни“ во смисла
дека тие за секоја личност ја потврдуваат позитивната помош на другите во
исполнување и остварување на основните составни делови на човековата благосостојба
како што се здравството и образованието. Во моралната и политичката филозофија,
овие основни човекови потреби најчесто се означуваат како „грижи на благосостојба“
(иако ваквата употреба на терминот „благосостојба“ е сличен, но и идентичен со
вообичаеното американско користење на терминот „благосостојба“ кој се однесува на
владините плаќања за сиромашните. Многумина аргументираат дека фундаменталното
право на слобода е безвредно доколку луѓето не се во состојба да ја уживаат таа
слобода. Според тоа, правото на слобода имплицира дека секое човечко суштество,
исто така, има фундаментално право на она што е неопходно за обезбедување на
минимално ниво на благосостојба. Поради тоа, позитивните права се права кои
обезбеуваат нешто што на луѓето им е потребно за да ја осигураат својата
благосостојба, како што е правото на образование, правото на исхрана, правото на
медицинска помош, правото на работа. Позитивните права ни наметнуваат позитивни
обврски – обврска активно да им се помогне на луѓето нешто да имаат или нешто да
направат. Правото на образование, на пример, ни наметнува обврска да им обезбедиме
на младите луѓе пристап до образование. Значи, позитивните права ни наметнуваат
обврска да помогнеме во одржување на благосостојбата на оние на кои им е потребна
помош.
Конфликт на права
Кога и да сме соочени со морална дилема, треба да разгледаме дали
дејствувањето ќе ги почитува основните права на секоја индивидуа. Како нашето

15
дејствување ќе влијае врз основната благосостојба на индивидуите? Како
дејствувањето ќе влијае на негативната или позитивната слобода на индивидуите?
Дали ќе вклучи манипулација или измама – било кое од ова ќе го поткопа правото на
вистина кое е суштинско лично право? Дејствијата се погрешни кога тие ги
нарушуваат правата на индивидуите.
Понекогаш правата на индивидуите може да се најдат во конфликт и треба да се
одлучи кое право има приоритет. Може да се согласиме, на пример, дека секој има
право на слобода на здружување, како и право на недискриминација. Но, претпоставете
приватен клуб кој има политика на исклучување на жените за приклучување. Како да
го балансираме правото на здружување – кое ќе дозволи клубот сам да одлучува кого
да прими за свои членови – наспроти правото на недискриминација – кое предвидува
еднаков третман на жените? Во случаи како овој, ние треба да ги испитаме слободите
или интересите кои се во прашање и да одлучиме кое од двете е повеќе суштинско за
обезбедување на човековото достоинство. На пример, дали слободното здружување
или еднаквоста е повеќе суштинска за одржување на нашето достоинство како
личности?
Правата, во тој случај, играат централна улога во етиката. Посветувањето на
внимание кон правата осигурува дека слободата и благосостојбата на секоја индивидуа
ќе биде заштитено кога други се закануваат на таквата слобода или благосостојба. Ако
индивидуата има морално право, тогаш е морално погрешно да се мешаме со тоа право
дури и ако повеќето луѓе имаат корист од таквото мешање. Но правата не треба да
бидат единственото размислување во етичкото одлучување. Во некои примери,
социјалните трошоци или неправдата која ќе произлезе од почитување на правото се
многу големи, и согласно тоа, правото треба да биде ограничено. Понатаму, нагласокот
на правата има тенденција да го ограничи нашето гледиште за тоа што наложува
„моралниот живот“. Моралноста, најчесто се аргументира, не е само работа на
немешање со правата на другите. Потпирајќи се исклучиво само на етичкиот пристап
на права има тенденција да го нагласи индивидуалното на сметка на колективното. И
додека моралноста не повикува да ја почитуваме особеноста, дигнитетот и
самостојноста на секоја индивидуа, исто така не повикува да ја признаеме и нашата
поврзаност – она чувство на заедништво, споделени вредности и општото добро кое е
засновано на етиката на грижа, сочувство и грижа за другите.
Правда и правичност
Кога Беатриче Нортон наполни 14 години, таа ги следеше стапките на мајка си и
започна да работи во текстилна фабрика. Во 1968 година таа мораше да престане со
работа поради своето здравје. Годините на изложеност на прашина резултираа со
случај на „кафеави дробови“, хронична и понекогаш фатална болест со симптоми
слични на астма и белодробни емфизем. Во 1977 година, таа сведочеше пред конгресно
сослушување, потенцирајќи дека владата бара од компаниите да обезбедат
компензација за неспособност за жртвите од болест слична на компензацијата која
компаниите ја обезбедуваат за сличните болести.
Работев во прашината година за година ... Станував се поболна. Во 1968 година
останав без работа, без пари и бев премногу болна за повторно да работам. Државните
законодавци во две последователни сесии покажаа дека тие нема ништо да сторат за да
им помогнат на жртвите со кафеави дробови, па сега дојдовме во Вашингтон да
побараме помош. Чекавме долго време и повеќе од нас умреа чекајќи. Не сакам да
умрам од неправда.
Друга жена, г-ѓа Вини Елисон, горчливо говореше околу начинот како
нејзиниот сопруг беше третиран кога го снајде болеста по 21 година работа во
текстилна фабрика:

16
Во раните 60-ти тој започна да има проблеми со задржување на својата работа
поради неговото дишење. Во 1963 година, неговиот шеф му кажа дека тој бил добар
работник, но дека веќе не е корисен, давајќи му отказ. Тој немаше пензија и ништо
друго за живот. Мојот маж долго и напорно работеше и го загуби своето здравје
поради прашината. Не е фер дека фабриката го отфрли како човечко ѓубре откако тој
не може да ја задржи работата бидејќи е болен од прашината.
За г-ѓа Нортон и г-ѓа Елисон, добивањето на компензација за ослабените ефекти
на кафеавиот дроб слично на другите болести е едноставно прашање на правда. Во
правењето на нивниот случај, нивните аргументи рефлектираа многу долга традиција
во западната цивилизација. Всушност, ниту една идеја во западната цивилизација не
била повеќе конзистентно поврзана со етиката и моралот отколку идејата за правда. Од
Република, напишано од стариот грчки филозоф Платон, до Теоријата на правда,
напишано од харвардскиот филозоф Џон Ралс, секоја голема работа на етиката тврди
дека правдата е дел од централната кора на моралноста.
Правдата значи на секоја личност да му се даде она што тој/таа го заслужува, во
потрадиционални поими, давајќи му го на секој неговото право. Правдата и
правичноста се блиску поврзани поими кои денес најчесто се користат меѓусебно. Како
и да е, исто така, постојат и повеќе различни сфаќања за двата поими. Додека правдата
вообичаено се користи со упатување на стандардот на праведност, правичноста
најчесто се користи во однос на способноста за пресудување без упатување кон нечии
чувства или интереси; правичноста, исто така, се користи во однос на способноста да
направат одлуки кои не се премногу општи, но кои се конкретни и специфични во
одреден случај. Во секој случај, ставот на заслуга е суштински за правдата и
правичноста. Фамилиите на Нортон и Елисон, на пример, се запрашуваат што мислат
дека заслужуваат кога тие бараат да бидат третирани со правда и правичност. Кога
луѓето се разликуваат околу тоа што веруваат дека треба да им биде дадено, или кога
одлуките треба да се донесат околу тоа колку корист и товар треба да биде
дистрибуирано меѓу одредена група на луѓе, прашањата за правда и правичност
неизбежно растат. Всушност, повеќето денешни етичари се на ставот дека нема да има
можност за разговор околу правда и правичност ако не беа конфликтите на интереси
кои се создадени кога добрата и услугите се ретки и луѓето се разликуваат околу тоа
кој што треба да добие. Кога таквите конфликти се појавуваат во општеството,
потребни ни се принципи на правда кои ние сите можеме да ги прифатиме како
одговорни и фер стандарди за одредување на она што луѓето го заслужуваат. Но,
кажувањето дека правдата е давање на секоја личност она што тој/таа заслужува не не
носи многу далеку. Како да одредиме што луѓето заслужуваат? Кои криериуми и кои
принципи треба да ги користиме за да одредиме што е должноста на некоја личност.
Како да се користи тестот за права
А. Запознавање на тестот
Прашајте: „Дали ги почитуваме човековите права.“
Б. Зошто е ова валиден начин за да се одлучи правилно или погрешно?
Луѓето се запознаени со идејата за правата и се брзи во употреба на зборот за да
објаснат:
• Тврдење кое тие го имаат во однос на другите;
• Зошто тие или другите се овластени на нешто од општеството;
• Зошто тие треба да бидат заштитени од дејствија кои имаат корист за
општеството или другите на наша сметка.
Правата не се емпириски факт на човековиот живот и различно се разбираат во
различни општества и периоди во историјата. Правата се начин на размислување кои
ги признаваат човековите суштества како вредни за самите себе (внатрешна вредност),

17
без разлика на нивните психички или ментални атрибути или позиција во општеството
и без разлика на нивната вредност за другите (надворешна вредност). Животните, исто
така, права, иако повеќето луѓе ќе тврдат дека тоа е повеќе ограничен сет на права.
Правата индицираат дека слободите или материјалните услови имаат потреба од
ваквата вредност. Без можноста за изразување, на пример, на политичките или
религиозни уверувања, на правото на глас, (политички слободи), или без храна, облека,
здравствена грижа, образование или вработување (еконосмко-социјални права),
индивидуата не може да живее на начин кој ја изразува таквата внатрешна вредност.
Како и да е, ниту едно од овие права нема никаква важност ако не ја прифатиме
внатрешната вредност на човековите суштества. Зошто да ја признаеме таквата
вредност на другите? Затоа што ја признаваме за самите себе и признаваме дека
другите се еднакви со нас. Ако јас признавам дека имам права, другите, исто така, мора
да имаат права, освен доколку не објаснам зошто тие не се овластени на она на што јас
сум овластен.
В. Примена на тестот
Чекор 1: Идентификувајте го правото кое е поддржано или повредено
• Слободите и правата, како што се правото на сопственост, на слободен говор, на
религија и други, се заштити наспроти загрозување на општеството или другите
индивидуи;
• Правата за благосостојба, како што е правото на исхрана, облека, образование,
здравствена рижа и други, се индикации за тоа што ни е потребно со цел да
живее живот кој вреди за сите човечки суштества. Индивидуите и општеството
може да имаат обврски да ми помогнат во стекнување на овие права ако тие се
достапни и ако јас сум го завршил својот дел за нивно стекнување;
• Екстензивно попишување на суштинските човекови права кои се содржани во
Универзалната декларација за правата на човекот при Обединетите нации.
Чекот 2: Објаснете зошто е заслужен статусот на право, поради тоа што е:
• Суштински за дигнитетот на личноста и самостојна вредност и/или
• Суштинско за слободата на личноста или благосостојбата.
Ние можеме да објасниме зошто некое право е суштинско со прашување што ќе
се случи ако на индивидуата и се одзема правото и дали ние би посакале тоа право да
се почитува доколку бидеме во позиција на истата индивидуа.
Чекор 3: Прашајте дали тоа право е во конфликт со другите права или со
правата на другите.
Кога правата се во конфликт, одлучете кое има приоритет со објаснување зошто
секое право е важно и посочете на последиците за дигнитет и самостојна вредност (или
слобода и благосостојба) ако правото не е заштитено. Етичките луѓе може да не се
согласат околу тоа кое право има поголема важност, откако принципот на рангирање е
универзлано прифатен.
Г. Извлечете заклучок
Накратко објаснете како принципот на права се применува или не се применува:
Запомнете, сочувајте го своето право за навистина големи прашања.
Д. Предности на тестот за права
Човековите права станаа доста моќно средство низ светот за покажување на
почитта кон луѓето. Другите посветуваат внимание кога го унапредувате тврдењето
дека нечии права се нарушени или повредени.
Ѓ. Недостатоци на тестот за права
• Правата од некои се сметаат за апсолутни. Правата понекогаш се во конфликт
со другите права и со општото добро на сите оние кои се погодени. Решавањето
на овие конфликти значи дека правата може да треба да бидат субординирани;
18
• Многу луѓе не разбираат дека не постои универзална призната листа на права,
така што личноста мора да ги брани тврдењата дека нешто е човеково право;
• Поради својата моќ, тестот за правата понекогаш се применува на ситуации кои
не се доволно сериозни за да се квалификува како закана за правото на некоја
личност. Овој тест не дава помош во секојдневни околности.
Како да се користи тестот на исклучоци
А. Запознавање со тестот
Прашајте: „Што ако секој го направил тоа?“
„Исклучокот“ е тврдење дека е етички за нас да сториме некое дејствување, но
дека во истата ситуација тоа не е етичко за другите. Ова не е исто како и тврдењето
дека мора да биде етичко за нас бидејќи „секој друг тоа го прави.“ Станува збор за
прашање околу тоа како ќе изгледаат работите доколку сите го прават истото
дејствување.
Б. Зошто е ова валиден начин за да се одлучи правилно или погрешно?
Ние сме сите еднакви како етички актери, така што она што е етичко за мене,
мора да биде етичко за другите под исти околности. Ова е вистинито за индивидуите и
компаниите. Тогаш зошто ние треба да да бидеме во состојба да се извлечеме со нешто
доколку другите не можат?
В. Примена на тестот
Чекор 1: Прецизирајте која активност ја разгледуваме
Опишете ја активноста на начин кој ги опфаќа релавантните етички обележја.
Прилагодете ја севкупноста или посебноста на дејствувањето за да се нагласи она што
е дискутабилно:
• Дали дејствувањето е дел од генерална категорија како што е „не кажување на
вистината“ или „прекршување на ветувањето“?
• Или дали дејствувањето има специфични карактеристики кои се релевантни,
како што е „не кажување на вистината за да се спаси живот“ или „кршење на
ветувањето бидејќи нешто поважно е во ризик“ кои се повеќе специфични
дескрипции;
• Избегнување на пренагласени прикази кои веќе содржат етичко пресудување
(„ние го лажеме потрошувачот“) бидејќи ги оневозможува натамошните
дискусии.
Чекор 2: Прашајте, „Што ако секој го прави тоа?“ Ако дејствувањето е
прифатено од другите во идентични ситуации, дали ќе биде:
а) Невозможно за секого да ја направи акцијата поради тоа што секој се обиде да ја
направи? Ако секој лаже, никој нема да му верува на друг, така што ќе биде
навозможно за секого успешно да лаже (ако лажењето е „мамење на другите со
некажување на вистината“). Ако сите ги прекршуваат ветувањата, тогаш ќе биде
невозможно секој да ја направи акцијата, бидејќи ниту едно ветување нема да
биде прифатено. Ако секој пополни неточни барања за повраток на данок тогаш
владата ќе го запре доброволното пополнување на даночните пријави и
директно ќе го собира данокот така што ќе биде невозможно да се пополни
лажно барање. Откако сите се еднакви, за нас не е етичко да правиме нешто што
другите не можат. Ние ќе правиме исклучок за самите себе.
б) Неприфатлива за нас климата за создавање на бизнис бидејќи секој друг го
прави тоа? Ако јас не сакам да работам во бизнис клима во која не можам да им
верувам на луѓето за кажување на вистината или исполнување на нивните
ветувања, тогаш јас треба да ја кажувам вистината и да ги исполнувам
ветувањата. Ако тоа не го правам значи правење на исклучоци за себе кои јас не
ги заслужувам откако сите се еднакви.

19
Како одлучуваме што е неприфатливо? Разгледајте што е важно за нас и би
повлекло жртвување ако треба да работиме во таков вид на бизнис клима. Дали е тоа
видот на свет во кој сакаме да живееме? Ако ние не сакаме да работиме во свет во кој
дејствувањето е заеднички или ако нашата фирма и/или општеството не сакаат да
создадеме свет во кој дејствувањата се заеднички, тогаш за нас не е етички да
дејствуваме на начин кој го сметаме за неприфалтив за другите да дејсвуваат.
Чекор 3: Извлечете заклучок за чекор 2: Што ако секој го направи тоа? Дали
условот а или б ќе го направи дејствувањето неетичко: „Треба (или не треба) да ја
направиме акцијата откако ние ќе тврдиме (или нема да тврдиме) некој исклучок за
самите себе: ние сите можеме (или не можеме) тоа да го направиме и/или заедничкото
прифаќање на акцијата ќе создаде свет во кој ние и нашата компанија ќе го сметаме за
прифатливо (или неприфатливо).“
Чекор 4: „Што ако тоа нам ни го направиле?“ Ако дејствувањето е насочено
кон нас, дали ќе мислиме дека е етичко? Ние не прашуваме дали ќе ни се допаѓа, туку
дали ќе го сметаме за етичко. Овој чекор на свртување на дејствувањето е начин за
примена на златното правило: „Не имправи на другите.“
Чекор 5: Извлечете заклучок за чекор 3: „Што ако тоа нам ни го направиле:?“
Ако не биде етички за другите во извршување на акцијата кон нас, тогаш е неетичко за
нас да ја направиме акцијата бидејќи ќе тврдиме постоење на исклучок за самите себе.
Г. Сумирање на заклучоците за „Што ако секој го направи?“ и за „Што ако нам
ни го направиле?“
Ако дејствувањето е навозможно за секој да го направи, ако биде неприфатливо
за нас или за компанијата во случај секој да го направи тоа, или ако биде неетички за
некого тоа нам да ни се направи, тогаш дејствувањето нема да биде етичко за нас
откако тоа ќе значи тврдење на исклучок за самите себе – дека треба да бидеме
способни да го направиме она што е неетичко за другите да го направат. Неуспехот на
било кој од трите услови го покажува дејствувањето како неетичко.
Д. Предности на тестот на исклучоци
• Не потсетува да не ги предаваме нашите предности во однос на тоа што е
етичко – дека сите сме еднакви за тоа што е правилно или погрешно;
• Адресирање на проблемот на слободниот јавач – ние не можеме да оправдаме
дека сме единствените кои имаат дозвола да го промовираат овој начин дури и
кога не постои поголема повреда ако само некои од нас го прават
дејствувањето, освен ако не објасниме зошто заслужуваме да бидеме исклучок;
Ѓ. Недостатоци на тестот на исклучоци
• Описот на дејствувањето може да го пропушти етичкото прашање;
• Луѓето кои се расипани или фанатици може да се согласат на свет кој другите ќе
го сметаат за неприфатлив.
Како да се користи тестот на избор
А. Запознавање со тестот
Прашајте „Дали луѓето кои се погодени се способни да направат свои сопствени
избори.“
Б. Зошто е ова валиден начин за да се одлучи правилно или погрешно?
• Работите имаат вредност бидејќи луѓето ги вреднуваат;
• Сите луѓе заслужуваат еднаква почит како и оние кои даваат вредност на
работите. Она што јас го вреднувам нема потврда дека е „повеќе вреднувано“ од
она што ти го вреднуваш;
• Оставете ги другите сами да ги направат своите избори засновани на она што
тие го вреднуваат. Не избирајте за нив, освен во посебни околности. Децата, на

20
пример, може да не бидат еднакви бидејќи тие може да не знаат што всушност
вреднуваат;
• Оние кои имаат дадено ветувања, потпишано договори или направиле други
приоритетни заложби може да не бидат слободни да дејствуваат токму поради
нивните заложби.
В. Примена на тестот
Чекор 1: Дали на другите и давам слобода да изберат она што вреднуваат?
• Ние сме слободни да направиме сопствен избор ако не сме присилени или
принудени да избереме нешто што не го вреднуваме;
• Дали постојат некои приоритетни избори (договори, ветувања) кои ја
ограничуваат слободата на избор?
Чекор 2: Дали ги давам информациите потребни за да се знае што тие
вреднуваат во оваа ситуација?
Информацијата има потреба од одредено ниво (или можноста за добивање на
информацијата) неопходно за да се знае кои алтернативи најдобро исполнуваат она
што една личност го вреднува. Практичниот тест за тоа дали информацијата е
адекватна е: дали таа личност различно ќе избере ако има дополнителни информации?
Чекор 3: Извлечете заклучок
Дали дејствувањето е неетичко бидејќи на личноста која е погодена од таквото
дејствување не и дава слобода и/или информација да избира тоа што тој/таа вреднува?
Г. Предности на тестот за избор
• Тестот за избор реглектира еден од фундаменталните начини за покажување на
почит кон еднаквоста на другите – почитување на нивната способност да ја
одредат насоката на нивниот сопствен живот со правење избори засновани на
она што тие го сметаат за вредно;
• Повеќето етички повреди во бизнисот и професионалното опкружување
вклучува одбивање на информирање на луѓето или ограничување на нивната
слобода на избор;
• Тестот не потсетува дека е можно да се одреди што луѓето вреднуваат преку
директни прашања, истражувања и фокусирани групи.
Д. Недостатоци на тестот за ибор
• Може да го зајакне површното гледиште на човековото одлучување дека луѓето
се јасни околу тоа што вреднуваат и да направат рационални избори засновани
на тие вредности;
• Концептот на слобода е предмет на големо несогласување. На пример, линијата
меѓу убедување и принуда може да биде тешка за повлекување.
Принципи на правда
Најфундаменталниот принцип на правда – широко прифатен уште од неговото
прво дефинирање од страна на Аристотел пред повеќе од 200 година – е принципот
дека „еднаквите треба да се третираат еднакво, а нееднаквите нееднакво.“ Во својата
современа форма, овој принцип понекогаш се изразува во следново: „Индивидуите
треба да бидат третирани исто, доколку не се разликуваат на начин кој е релевантен за
ситуацијата во која тие се наоѓаат.“ На пример, ако Питер и Марта двајцата ја
извршуваат истата работа и не постојат релевантни разлики меѓу нив или работата која
ја извршуваат, тогаш во правото тие треба да бидат еднакво платени. Доколку Питер е
повеќе платен од Марта само поради тоа што е машко, или бидејќи е белец, тогаш
имаме неправда – форма на дискриминација – бидејќи расата и полот не се релевантни
за нормалните работни ситуации.

21
Сепак, постојат повеќе разлики кои ние ги сметаме како оправдан критериум за
различен третман на луѓето. На пример, сметаме дека е фер и праведно кога родителот
дава поголемо внимание и грижа на своите деца во рамки на неговата приватност,
отколку што тоа го прави со децата на другите родители; сметаме дека е фер кога
личноста која е прва во редот пред театарот, го има правото на прв избор на карти;
сметаме дека е праведно кога владата дава придонеси за сиромашните, а не им го
обезбедува на богатите граѓани; сметаме дека е праведно кога се даваат казни на оние
кои имаат сторено нешто погрешно, за разлика оние кои немаат сторено никаква
неправда; и сметаме дека е фер кога оние кои даваат поголеми напори или придонеси
за успешноста на некои проект добиваат поголем бенефит од проектот отколку
другите. Овие криериуми – потреба, желба, придонес и напор – ги прифаќаме како
оправдан различен третман.
Од друга страна, постојат и критериуми кои сметаме дека не се оправдана
основа за да им се даде на луѓето различен третман. Во светот на работата, на пример,
општо го прифаќаме ставот дека е неправедно да им се даде на индивидуите посебен
третман на основа на возраста, полот, расата или религиозното уверување. Ако внукот
на судијата добие условна осуда за вооружен грабеж кога друго лице за истото
кривично дело ќе оди во затвор за одреден временски период, или кога братот на
Директорот за јавни набавки добива договор од милион долари за изградба на спортски
сали и покрај постоењето на поефтини понуди од другите учесници во тендерот,
велиме дека е тоа неправедно. Исто така, веруваме дека не е фер кога лицето е казнето
за нешто над кое тој/таа немаат контрола, или не е компензирано со неправдата која
тој/таа ја има претрпено. Лицата вклучени во „сослушувањата со кафеавите дробови“
почувствуваа дека не е фер што некои заболувања беа обезбедени со компензација
поради неспособност, додека за други слични болести не постои таква можност.
Различни видови на правда
Постојат различни видови на правда. Дистрибутивната правда се однесува на
степенот до кој институциите на општеството осигуруваат дека користа и товарот се
дистрибуирани меѓу членовите на општеството на начин кој е фер и праведен. Кога
институциите на општеството ги дистрибуираат користа и товарот на неправеден
начин, постои силна претпоставка дека таквите институции треба да се сменат. На
пример, американските институции за ропство за време на граѓанската воја беа
осудени како неправедни поради тоа што беа јасен одраз на различно третирање на
луѓето на основа на раса.
Втор значаен вид на правда е казнената или корективната правда. Казнената
правда се однесува на степенот до кој казнувањата се фер и праведни. Општо, казните
треба да бидат праведни до степен до кој тие ги земаат во предвид релевантните
критериуми како што се сериозноста и намерата на кривичното дело и отфрлување на
ирелевантните критериуми како што е расата. Ќе биде варварски неправедно, на
пример, да се искасапи нечија рака поради кражба на паричка, или да се изрече смртна
казна на личност која со несреќа или невнимание ќе ја повреди другата страна.
Студиите постепено покажуваат дека кога црнците ќе убијат белци, поверојатно е тие
да добијат смртни казни отколку кога белците ќе убијат други белци или црнците ќе
убијат други црнци. Овие студии сугерираат дека неправдата сè уште постои во
правниот систем на повеќе држави.
Трет значаен вид на правда е компензирачка правда. Компензирачката правда се
однесува на степенот до кој луѓето се фер компензирани за нивните неправди од оние
кои им ги имаат нанесено; правичната компензација е пропорционална за загубите
нанесени на одредена личност. Токму ова е видот на правда кој се појавува во случајот
со сослушувањата за кафеавите дробови. Оние кои сведочеа на сослушувањата тврдеа

22
дека сопствениците на текстилните фабрики каде вработените беа повредени треба да
им пружат компензација на работниците чие здравје е нарушено од условите за работа
во фабриките.
Основите на правдата може да се бараат во поимите на социјална стабилност,
меѓузависност и еднаков дигнитет. Како што етичарот Џон Ралс потенцира,
стабилноста на општеството – или било која група, за таа цел – зависи од степенот во
кој членовите на тоа општество чувствуваат дека се праведно третирани. Кога некој од
членовите на општеството чувствуваат дека се предмет на нееднаков третман, тогаш
основите се поставени се социјален немир, вознемиреност и неслога. Членовите на
заедницата, смета Ралс зависат еден од друг и тие ќе го задржат нивното социјално
единство само до степен во кој нивните институции се праведни. Уште повеќе, како
што филозофот Имануел Кант и други имаат потенцирано, сите човечки суштества се
еднакви во овој поглед: тие сите имаат исто достоинство и поради ова достоинство тие
заслужуваат да бидат третирани како еднакви. Секогаш кога индивидуите се третираат
нееднакво на основа на карактеристиките кои се арбитрарни и нерелевантни, нивното
фундаментално човечко достоинство е нарушено.
Според тоа, правдата е централен дел на етиката и треба да се пристапи кон
благовремено размислување во нашите морални животи. Во еваулирање на секоја
морална одлука, мора да се запрашаме дали нашите дејствувања ги третираат сите луѓе
еднакво. Доколку не, тогаш мора да одредиме дали разликите во третманот се
оправдани: дали критериумите кои ги користиме се релевантни во дадената ситуација?
Но правдата не е единствениот принцип кој треба да се има во предвид при
донесувањето на етички одлуки. Понекогаш принципите за правда може да имаат
потреба да не бидат прифатени во корист на други видови на морални тврдења како
што е правото на општествена благосостојба. Како и да е, правдата и изразување на
нашето заедничко признавање на основното достоинство на секој друг и признавање
дека ако треба да живееме заедно во меѓузависна заедница, тогаш мора моѓусебно да
се однесуваме како еднакви.
Како да се користи тестот на правда и правичност
А. Запознавање со принципот
Прашајте: „Дали е ова фер дистрибуција на користа и товарот?“
Б. Зошто тестот на правда е валиден начин да се одлучи правилно и погрешно?
Ако секој е еднаков – што значи, има еднаква вредност како човечка личност –
тогаш секој има еднакво тврдење на поделба. Основната дистрибуција е на секој да му
се даде еднаков дел откако сите вредат еднакво.
Но постојат околности во кој сите немаат еднакво тврдење бидејќи некои
работат повеќе, некои помалку, придонесуваат повеќе или помалку, имаат поголема
или помала потреба, итн. Значи, фер дистрибуција во секоја ситуација зависи од
нивната еднаквост или нееднаквост: Третирајте ги еднаквите еднакво, а нееднаквите
нееднакво.
Причини за нееднаквост:
• Напор – некои можеби работат повеќе;
• Достигнување – некои можеби имаат постигнато повеќе или работат подобро;
• Придонес – некои придонесуваат повеќе за групата или општеството
• Потреба – некои можеби имаат поголема потреба да бидат први услужени или
да добијат поголем дел;
• Сениоритет – некои можеби имаат пристигнато први, се постари или помлади,
или имаат повеќе години искуство;
• Договор – приоритетна спогодба околу тоа како треба да се направи
дистрибуцијата;
23
• Односи во групата – некои може да имаат тврдење бидејќи се членови на моето
семејство или група кон која имам обврска на лојалност.
В. Примена на тестот
Чекор 1: Што е дистрибуцијата? Кој ја добива користа и товарот во
ситуацијата: Дали оние кои добиваат корист, исто така треба да имаат и дел од
товарот? Дали оние со користа делат дел од товарот? Ова се вистинските прашања.
Откако ќе ја запознаете дистрибуцијата, можете да одлучите дали е нешто фер или не.
Чекор 2: Дали дистрибуцијата е фер? Кој критериум за дистрибуцијата ќе биде
најмногу фер во една ситуација и зошто е тоа така? Треба да ја браните дистрибуцијата
и критериумот или причината за дистрибуцијата.
Чекор 3: Ако постои несогласување околу тоа кој резултат е фер или кој
критериум за нееднаквост е најдобар во ситуацијата, тогаш изберете фер процес за да
одлучите што е фер: избори, непристрасен судија, можност да се одлучи со фрлање на
паричка.
Чекор 4: Извлечете заклучок
Дали ваквото дејствување ќе продуцира фер дистрибуција и зошто?
Предности на тестот на правда
Истражувањето покажува дека правичноста е дека е еден од
најфундаменталните етички инстинкти кај луѓето. Тоа е застапено и кај животните,
вклучително и цицачите и кучињата. Изложените ќе се откажат од заслугите кои би ги
ставиле во подобра позиција отколку што се, доколку другите добиваат поголеми
заслуги кои не се оправдани.
Недостатоци на тестот за правда
Не постои единствен критериум за фер дистрибуција, така што тестот е секогаш
отворен за несогласување меѓу етичките луѓе.

Општо добро
Коментирајќи за повеќето економски и социјални проблеми со кои може едно
општество да се соочува, новинарите може да излезат со натпис дека се соочуваме со
избор меѓу општество каде луѓето прифаќаат едноставни жртвувања за општо добро
или повеќе пркосно општество каде една себична група ги штити своите интереси.
Весниците не се единствениот глас кои повикуваат на признавање и задолжување кон
„општо добро.“ Експертите за биоетика аргументираат дека решавањето на кризите во
здравствениот систем – растење на трошоците и намалување на пристапот до
здравството – има потреба од замена на постоечката „етика на индивидуални права“ со
„етика на општо добро.“
Привлечноста кон општото добро, исто така, се појави и во дискусиите на
општествените бизнис одговорности, дискусии околу загадувањето на средината,
дискусии околу недостатокот од инвестиции во образованието и дискусии околу
проблемите со криминалот и сиромаштијата. Се чини дека насекаде социјалните
познавачи тврдат дека нашите најфундаментални проблеми прераснаа во
широкораспространета потрага по индивидуални интереси.
Што всушност е „општото добро“ и зошто има толку критично место во
постоечката дискусија на проблемите во нашето општество? Општото добро е сфаќање
кое датира уште пред 2000 години во пишувањата на Платон, Аристотел и Цицерон.
Неодамна, современиот етичар Џон Ралс, го дефинираше општото добро како
„одредени општи услови кои ... се еднакви за користа на секого.“ Католичката
религиозна традиција, која има долга историја во напорите за дефинирање и
промовирање на општото добро, го дефинира како „збир на оние услови на социјален
живот кои овозможуваат социјалните групи и нивните индивидуални членови

24
релативно целосен и подготвен пристап во нивното сопствено исполнување“ Според
тоа, општото добро се состои првенствено од имањето социјални системи, институции
и средини од кои ние сите зависиме и кои работат на начин на кој сите луѓе ќе имаат
корист. Примери на поедини општи добра или делови на општо добро вклучуваат
пристапен и достапен систем на јавно здравство, ефективен систем на јавна безбедност
и сигурност, мир меѓу нациите во светот, праведен правен и политички систем,
незагадена природна средина и успешен економски систем. Бидејќи ваквите системи,
институции и средини имаат значаен удар на благосостојбата на членовите на
општеството, не е за изненадување што во суштина секој општествен проблем, на еден
или друг начин, е поврзан со тоа колку добро овие системи и институции
функционираат.
Како што овие примери сугерираат, општото добро не се случува едноставно.
Воспоставувањето и одржувањето на општото добро има потреба од заеднички напори
на неколку, најчесто повеќе, луѓе. Како што чувањето на паркот слободно од отпадоци
зависи од секој потрошувач да го подигне по искористувањето, така и одржувањето на
општествените услови од кои ние сите имаме корист има потреба од заеднички напори
на граѓаните. Но овие напори се исплатуваат, бидејќи општото добро е добро во кое
сите членови на општеството имаат пристап и од чие задоволство никој не може да
биде лесно отфрлен. Сите луѓе, на пример, ја уживаат користа од чистиот воздух или
незагадената средина, или било кое општо добро од нашето општество. Всушност,
нешто се смета за општо добро само до оној степен ако е добро до кое сите имаме
пристап.
Може да изгледа дека откако сите граѓани имаат корист од општото добро, ние
сите без сомневање ќе одговориме на заложбите дека соработуваме за воспоставување
и одржување на општото добро. Но повеќе набљудувачи идентификуваа бројни пречки
кои не спречуваат, како општество, од успешно воспоставување на општото добро.
Прво, според некои филозофи, идејата за општото добро е неконзистентна со
плуралистичките општества. Различни луѓе имаат различни идеи околу тоа што е
исплатливо или што одредува „добар живот за човечките суштества“, разлики кои се
зголемија во последните неколку декади како што се појавуваа гласови на сè повеќе
претходни прикриени групи, како жените и малцинствата. Имајќи ги предвид овие
разлики, некои луѓе наведуваат дека ќе ни биде невозможно да се согласиме кон какви
посебни видови на општествени системи, институции и средини ќе се стремиме да
подржуваме.
Дури и ако се согласиме околу се она што го вреднуваме, сигурно нема да се
согласиме околу релативните вредности кои некои работи ги имаат за нас. Додека
симте може да се согласат, на пример, дека достапнниот здравствен систем, здравиот
образовен систем и чистата животна средина се делови на општото добро, некои може
да кажат дека треба повеќе да се инвестира во здравството отколку образованието,
додека други ќе ги фаворизираат директните ресурси на животната средина над
здравство и образованието. Ваквите несогласувања се мотив да ја намалат нашата
способност да предизвикаме непрекинато и широкораспространето посветување кон
општото добро. Восветло на ваков плурализам, напорите да се воспостави општото
добро може само да води кон усвојување или промовирање на нечии гледишта,
исклучувајќи ги другите, кои го нарушуваат принципот на еднакво третирање на
луѓето. Понатаму, таквите напори, секого ќе принудат да поддржува некои
специфични ставови за општото добро, нарушувајќи ја слободата на оние кои не ја
делат истата цел и неизбежно ќе води кон патернализам (наметнување на
привилиегиите на една група над друга) , тиранија и обесправеност.

25
Втор проблем на кој наидоа поборниците на општото добро е она што
понекогаш се нарекува „проблем на слободниот јавач“. Како што потенциравме,
користа која ни ја обезбедува општото добро е достапна за сите, вклучително и за оние
кои одлучуваат да не учествуваат во одржувањето на општото добро. Индивидуите
може да бидат „слободни јавачи“ со искористување на користите кои ги обезбедува
општото добро, истовремено одбивајќи да дадат свој удел во поддршка на општото
добро. На пример, адекватното снабдување со вода е општо добро од кое сите луѓе
имаат корист. Но, за да се одржи адекватно снабдување со вода за време на суша,
луѓето мора да штедат вода, што наметнува жртви. Некои индивидуи може да бидат
без желба да го извршат својот дел, откако знаат дека сè додека другите луѓе штедат,
тие може да ја уживаат користа без намалување на сопствената потрошувачка. Доколку
на овој начин доволну луѓе станат слободни јавачи, општото добро кое зависи од
нивната поддршка ќе биде уништено. Повеќето набљудувачи веруваат дека токму ова
се има случено на повеќето наши општи добра, како што е животната средина и
образованието, каде колебливоста на сите луѓе за поддршка во напорите за одржување
на здравјето на овие системи доведе до нивен суштински колапс.
Третиот проблем на кој наидуваат обидите за промовирање на општото добро е
она на индивидуализмот. Нашите историски традиции даваат голема вредност на
индивидуалната слобода, на личните права и овозможување на секоја личност „да ја
врши својата работа“. Нашата култура го гледа општеството како составено од одвоени
независни индивидуи кои се слободни во потрага нивните сопствени индивидуални
цели и интереси без мешање од страна на другите. Во оваа индивидуалистичка култура
многу е тешко, можеби и невозможно, да се убедат луѓето дека тие треба да жртвуваат
дел од својата слобода, дел од нивните лични цели и дел од својот интерес во корист на
општото добро. Нашите културни традиции, всушност, ја зајакнуваат индивидуата која
смета дека не треба да придонесува за општото добро на заедницата, туку треба да
биде оставено слободно да трага по своите сопствени лични цели.
Конечно, повикувачите на општото добро се соочени со проблемот на
нееднаква поделба на товарот. Одржувањето на општото добро најчесто има потреба
од поедини индивидуи или поедини групи да ги сносат трошоците кои се многу
поголеми од оние сносени од дрги. На пример, одржувањето на незагадена животна
средина може да има потреба одредени фирми кои ја загадуваат животната средина да
инсталираат скапи направи за контрола на загадувањето, со тоа намалувајќи го својот
профит. Правејќи ги можностите за вработување подеднакви може да има потреба
одредени групи, како што се машките – белци, да ги загрозат своите сопствени
можности за вработување. Правејќи го здравствениот систем достапен и пристапен за
секого може да има потреба осигурениците да прифатат помали премии, лекарите да
прифатат помали плати или оние со посебни и скапи болести да се одрекнат од
медицискиот третман од кој нивниот живот зависи. Форсирањето на одредени групи
или индивидуи да сносат толку нееднаков товар „за корист на општото добро,“
најмалку веројатно, е неправедно. Понатаму, изгледите од потребата за носење на
ваков тежок и нееднаков товар може да води таквите групи и индивидуи да се
спротивстават на секој обид за обезбедување на општото добро.
Сите овие проблеми претставуваат значителни пречки за оние кои повикуваат
на етика на општо добро. Сепак, повиците на општото добро не треба да бидат
отфрлени, бидејќи не убедуваат да размислиме за повеќето прашања кои се однесуваат
на тоа каков вид на општеството сакаме да имаме и како тоа да го постигнеме. Тие
исто така не предизвикуваат да се погледнеме самите себе си како членовна истата
заедница и преку истовремено почитување и вреднување на слободата на индивидуите

26
во потрага по нивните цели да ги признаеме и унапредиме оние цели кои ние
заеднички ги делиме.
Како да користи тестот за општо добро
А. Запознавање со тестот
Прашајте: Дали ние го извршуваме нашиот дел за да внимаваме на општото
добро во оваа ситуација?
Б. Зошто тестот за општо добро е валиден начин за да се одлучи правилно или
погрешно?
Да се биде способен заедно да се живее во заедница бара од нас да обрнеме
внимание не само на нашите индивидуални добра, туку и на заедничките услови кои се
значајни за благосостојбата на сите. Ова општо добро ги вклучува општествените
системи, институции, природни и технолошки средини, како и начини за разбирање
дека ние сите зависиме од потрагата по сопствени индивидуални добро. За една
заедница да биде одржлива, мора да се работи на начин кој придонесува за корист на
сите луѓе. Откако сите имаме пристап до општото добро и корист од тоа, сите имаме
обврска да го воспоставиме и одржиме општото добро.
В. Примена на тестот:
Чекор 1: Прецизирајте кои делови на општото добро се вклучени.
Кои социјални системи, институции, средини и идеологии од кои зависиме за
функционално и здраво општество може да бидат напреднати или повредени од
нашите дејствувања во некои ситуации? Кои дејствија ќе го зајакнат? Кои дејствија ќе
го ослабнат?
• Каде што тестот за вредност се фокусира на целосните произведени вредности и
неправди, тестот за општо добро се фокусира на тоа дали дејствувањето или
ситуацијата придонесува за или нанесува штета на посебен аспект на општото
добро;
• Општото добро, меѓу другото, ги вклучува и семејството, општествените и
образовните системи, како и системите за здравствена грижа потребни за
човековиот раст, развој и среќа; полицијата, судовите, воените и политички
системи потребни за јавната безбедност, функционална влада, како и мир;
бизнис, финансиските и правните системи потребни за продукција на добра и
услуги и еконосмки развој; и екосистемот и технологијата кои ги прават можни
сите овие активности. Општото добро, исто така, вклучува сет на идеи кои ги
користиме за да ги разбереме различните аспекти на општото добро.
Чекор 2: Објаснете зошто имаме обврска да го промовираме или заштитиме
општото добро.
• Каква обврска имам јас или мојата компанија за одржување на овие аспекти на
општото добро бидејќи имаме корист од нив?
• Ако мојата компанија, на пример, има корист од стабилни семејства и
образовани работници, дали имаме обврска да ги промовираме овие аспекти на
општо добро или, во најмала рака, да не ги повредуваме?
Чекор 3: Дали предложената акција е во конфликт со ваквата обврска?
• Дали нашите политики на вработување и дејствија во заедницата ја ослабнуваат
семејната стабилност или образованието или ги ставаат во ризик овие аспекти
на општото добро?
• Ова прашање може да му помогне на банкарски инвеститор да признае дека
иако му припаѓа мултимилионски бонус, општото добро за враќање на
довербата во финансискиот систем може да има потреба од откажување на
таквиот бонус; дека општото добро на максимизирање на добрите ефекти за
дистрибуирање на парите за стимулирање во неколку рецесии, значи дека
27
лобирањето за одедена интересна група треба да биде повеќе ограничено; или
дека општото добро за одржување на судовите како ефикасен механизам за
решавање на проблемите има судиите, поради длабокиот џеб на компанијата
која и овозможува неограничено да ја одолговлекува тужбата со бескрајни
предлози, тие тоа да не го прават.
Г. Извлекување на заклучок
Ако дејствието е во конфликт со мојата обврска или обврската на мојата
организација да придонесе за општото добр, тогаш тоа е погрешно дејствие.
Д. Предности на тестот:
• Обезбедува значајна проверка на реалноста за индивидуите и организациите.
Без разлика колку едно лице или група има придонесено за сопствениот успех,
тестот ги потсетува дека општеството и природните и технолошки средини,
исто така, придонесува за успехот и дека постоечките институции и идеологии
им овозможува да ги спроведуваат своите активности;
• Тестот е добар за проверка на проблемот со слободниот јавач каде напорите на
другите може да ми овозможат да не давам некаков придонес.
Ѓ. Недостатоци на тестот:
• Постои големо несогласување околу тоа што го сочинува општото добро и
околу тоа каква релативна вредност имаат деловите кога ќе влезат во конфликт;
• Тестот има спротивно на долготрајната традиција на индивидуализмот и
потрагата по сопствен интерес во некои западни општества, така што може да
предизвика ненадеен отпор кој може да го одвлече вниманието од решавање на
етичките прашања.

Етика и особини
За повеќето од нас, фундаменталното прашање за етиката е: „Што треба да
правам?“ или „Како треба да дејствувам? Етиката е претпоставена да не обезбеди со
„морални принципи“ или универзални правила кои ни кажуваат што да правиме.
Повеќето луѓе, на пример, ги читаат страствените следбеници на моралниот принцип
на утилитаризмот: „Секој е обврзан да го прави она кое ќе доведе до најголемо добро
за најголем број.“ Други едноставно се само посветени на основниот принцип на
Имануел Кант: „Секој е обврзан да дејствува само на начин на кој го почитува
човековото достоинство и моралните права на сите луѓе.“
Ваквите морални принципи првенствено се фокусираат на дејствувањата на
луѓето. Ние ги применуваме со прашањето што овие принципи бараат од нас во
одредени околности, на пример кога размислуваме дали да лажеме или извршиме
самоубиство. Ние, исто така, ги применуваме кога прашуваме што бараат од нас како
професионалци, на пример, правници, доктори или бизнисмени, или што бараат од
нашите социјални политики и институции. Во последната декада, изникнаа десетици
центри за етика и програми посветени на „бизнис етика“, „правна етика“, „медицинска
етика“, и „етика на јавна политика“. Овие центри се дизајнирани да ги испитаат
последиците кои моралните принципи ги имаат врз нашиот живот.
Но дали моралните принципи се сè она од што се состои етиката? Критиките со
право тврдеа дека ваквото нагласување на моралните принципи повикува на
безобѕирно и слепо обожавање на правила, како моралниот живот да е прашање на
скруполозно проверување на секое наше дејствување според табела што можеме, а што
не можеме да правиме. За жал, оваа опсесија со принципи и правила неодамна е
предизвикана од неколку етичари кои аргументираат дека нагласувањето на
принципите ја игнорира фундаменталната компонента на етиката – особината. Овие
етичари нагласуваат дека со фокусирање на она што луѓето треба да направат или како

28
луѓето треба да дејствуваат, пристапот на морални принципи го запоставува поважното
прашање – што луѓето треба да бидат. Со други зборови, фундаменталното прашање на
етиката не е „Што треба да направам?“ туку „Каква личност ќе бидам?“
Според етиката на особини, постојат одредени идеали, како што се совршеност
или посветеност кон општото добро, кон кое треба да се стремиме и кое овозможува
целосен развој на нашето човештво. Овие идеали се откриени преку обмислена
рефлексија на потенцијалот што го имаме ние како човечки суштества.
Особините се ставови, диспозиции или карактери кои ни овозможуваат да
бидеме и дејствуваме на начин кој го развиваат ваквиот потенцијал. Тие ни
овозможуваат да ги прогонуваме идеалите кои ги имаме усвоено. Чесност, храброст,
сочувство, дарежливост, лојалност, интегритет, правичност, самоконтрола и разумност
се сè примери на особини.
Како една личност ги развива особините. Особините се развиваат преку учење и
преку пракса. Како што античкиот филозоф Аристотел сугерира, една личност може да
го подобри својот карактер преку практикување на самодисциплина, додека добар
карактер може да биде корумпиран со повторливо со самопредавање. Како што
способноста да се трча маратон се развива преку тренинг и пракса, така се развива и
нашиот капацитет да бидеме фер, смел или чувствителен.
Особините се навики. Тоа значи дека откако еднаш ќе се стекнат тие стануваат
карактеристики на личноста. На пример, личноста која има развиено особина на
дарежливост најчесто се спомнува како дарежлива личност бидејќи има намера да биде
дарежлива во сите околности. Понатаму, личност која има развиено особини природно
ќе биде изложено да дејствува на начин кој е конзистентен со моралните принципи.
Личноста со особини е етичка личноста.
Во срцето на пристапот на особини кон етиката е идејата на „заедница.“
Карактеристиките на една личност не се развиени во изолираност, туку во рамки и од
заедниците кон кои припаѓа, вклучително и семејството, црквата, училиштетот и други
приватни и јавни здруженија. Како што луѓето растат и созреваат, нивните особености
длабоко се под влијание на вредностите кои нивната заедница ги оценува, преку
персоналните карактеристики кои нивните заедници ги охрабрува и преку примерите
кои нивните заедници ги изнесуваат за имитација преку традиционални приказни,
фикции, филмови, телевизија, итн. Пристапот на особини не тера да обрнеме внимание
на контурите на нашите заедници и навиките на карактерот кој го охрабруваат.
Според тоа, моралниот живот не е само прашање на следење на морални
правила и учење како да се применуваат во специфични ситуации. Моралниот живот е,
исто така, прашање на обид да се одреди какви луѓе треба да бидеме и развој на
карактерот во рамки на нашата заедница и меѓу самите себе.
Како да се користи тестот на карактер или особина
А. Запознавање на тестот
Прашајте: „Дали ова дејствување ме претставува мене како личност или каков
сакам да бидам?“
Прашајте: „Дали ја претставува репутацијата на мојата организација или
визијата за тоа какво претпријатие сака да биде?“
Б. Зошто тестот на карактер и особина е валиден начин за да се одлучи правилно
или погрешно?
Каква личност сум јас или каква е организацијата, се значајни прашања за
водење на добар живот во зависност од специфичните дејствија кои ги правиме. Мојот
карактер и културата на организацијата се претставени и под влијание од тоа како
дејствуваме и какви аспирации имаме да бидеме. Да се фокусираме, како што тоа го
прават другите етички тестови, само на тоа како да се проценат индивидуалните

29
дејствија да бидат правилни или погрешни ќе значи да се пропушти значаен аспект на
етиката. Дел од нашите аспирации е да имаме карактеристики или навики да
дејствуваме на одредени начини кои се совпаѓаат со нашиот карактер. Ако ние знаеме
кои сме и кон што целиме, можеме да одлучиме како да дејствуваме со размислување
дали дејствувањето е нешто што ќе биде направено од видот на личност која сакаме да
бидеме или организацијата која сакаме да ја претставиме.
В. Примена на тестот
Чекор 1: Прашајте дали дејствувањето ќе ви помогне да ве направи личност
каква што сакате да бидете.
• Размислете дали дејствувањето се совпаѓа со вашата претстава за себе или
приказната која сакате да ја кажете за вашиот живот. Најизвонредните или
најчесните луѓе вообичаено се сметаат како оние кои постојано дејствуваат со
чесност, храброст, сочувство, дарежливост, лојалност, интегритет, правичност,
самоконтрола, разумност, итн.
• Еден начин да видите дали дејствувањето се совпаѓа со тоа какви сакате да
бидете, е да прашате дали дејствувањето е нешто што личноста најмногу ја
почитувате во вашата компанија ќе го направи истото;
• Бизнис луѓето најчесто го именуваат прашање како огледало тест, „Ако го
направиш ова дејсвтие, дали ќе бидете во можност да се погледнете во огледало
секое утре?“
Чекор 2: Прашајте дали дејствието ќе се совпадне со репутацијата на
компанијата или визијата за тоа каква сака да биде.
Дејствувањето на индивидуата претставува и влијае на само на неа/него, туку и
на фирмата или организацијата во која работи. Сликата за тоа каква сака да биде
компанијата може да се најде во изјавите за мисијата и визијата, суштинските
вредности и етичкиот кодекс, како и во приказните кои се кажуваат за квалитетните и
неквалитетните личности во историјата на фирмата.
Чекор 3: Прашајте дали дејствувањето ја одржува вистинската рамнотежа
меѓу извонредноста и успехот за фирмата?
• Извонредноста за однесува на тоа колку добро се извршуваат активностите во
организацијата. Секоја активност, како произведување на производ или услуга,
претставување до потрошувачите, финансирање на организациите, контрола на
сметководство и одржување и други може да бидат извршени на најдобар
можен начин. Како и да е, настојувањето кон преголема перфекција во било која
од овие области може да има влијание на способноста на фирмата да ги
извршува другите активности и да генерира профит потребен за извршување на
активностите за подолг период. Ако производот или услугата е премногу
перектна за потрошувачот да ја одбие, тогаш фирмата ќе биде неуспешна.
• Пренагласувањето на успехот, проценето преку профитабилност, може да
влијае на извонредноста и поради тоа предизвикува фирмата да биде
неуспешна;
• Според тоа, дејствијата кои ја одржуваат вистинската рамнотежа меѓу
извонредноста и успехот се вистинските.
Чекор 4: Извлечете заклучок
Дејствијата кои се совпаѓаат со вашата идеја за тоа каква личност сакате да
бидете и со идејата на формата за тоа каква сака да биде се добри дејствија.
Г. Предности на тестот на карактер и особина

30
• Не фокусира не само на индивидуалните дејствија, туку на поголеми прашања
за тоа како индивиуите и компаниите треба да бидат и на улогата на заедницата
од која потекнуваме во воспоставување на идеалите.
• Нагласува дека да се биде етичка личност или етичка компанијане е само
прашање на следење етички правила, туку вклучува навики на дејствување на
начин на кој ние, нашата компанија и општеството сметаат дека добрите луѓе и
компаниите треба да дејствуваат.
Д. Недостатоци на тестот на карактер и особина
• Психолошките истражувања сугерираат дека повеќето од нас не дејствуваат на
конзистентен начин преку различните ситуации, мотивирани од нашите
карактеристики како што се чесност и великодушност. Ние сме повеќе
мотивирани од факторите во ситуацијата, дури и оние без етично значење, како
кога дејствуваме великодушно поради добриот мирис на пекара или помалку
великодушно поради зголемено ниво на глас. Сепак ние продолжуваме да ги
опишуваме сопствените и дејствијата на другите како добра или лоша
карактеристика, наместо преку факторите во ситуацијата. Ова истражување не
индицира дека ние немаме диспозиција да дејствуваме на одреден начин, туку
дека стабилните карактеристики може да биде тешко да се развијат бидејќи
факторите во ситуацијата влијаат на нас. Како и да, имајќи иделна слика за
посебна карактеристика како храброста или настојувањето на вработените во
нашата компанија може да помогне во развој на навика на дејствување на
вистински начин.

Како да се споредат заклучоците од различните тестови


Во повеќето бизнис и професионални ситуации, еден тест за етика може да ја
обезбеди потребната насока во времето кое е потребно за донесување на одлука. Како
и да е, од голема помош е користењето на повеќе од еден принцип за зголемување на
нивото доверба во праведноста на одлуката кога:
• Ситуацијата е компликувана;
• Одлуката ќе направи значајна разлика за една личност или организација;
• Постојат спротивни гледишта поддржани од нешто што е добра причина за тоа.
Во етиката, како и во политиката, важно е да се има доверба, но никогаш
одредена. Користењето на неколку принципи ќе ги зголеми шансите за генерирање на
нови интуиции, за тоа дали некое дејствување е правилно или погрешно. Да се има
различни перспективи за тоа дали нешто е грешно може да биде од голема помош во
дизајнирањето алтернативни дејствија кои ќе произведат добро и ќе го направат
дејствување поатрактивно на прво место, но без карактеристиките кои го направиле
дејствувањето погрешно. Користењето на неколку принципи, исто така, дава можност
за зајакнување и ослабување на принципите за нивно меѓусебно балансирање:
• Пристапите на избор и права го фокусираат вниманието на важноста на
почитување на индивидуалното, додека пристапите на исклучок и вредност се
фокусираат повеќе на резултатите;
• Пристапите на исклучок и избор се фокусираат на тоа како се прават одлуките,
додека пристапот на вредност се грижи за резултатот, наместо за тоа кои услови
или правила може да ги утврди дејствието;
• Пристапот на особини/карактер се фокусира на тоа кон каков вид на личност
или организација се стремиме да бидеме и секундарно на пресудување на
индивидуалните дејствувања;

31
• Пристапот на вредност се фокусира на тоталната нето среќа за сите индивидуи
кои се во прашање, додека пристапот на општо добро не потсетува дека ние
треба повеќе да се грижиме, отколку само за добрата на индивидуата.
Искуството сугерира дека за повеќето етички ситуации, многукратните етички
тестови ќе го дадат истото пресудување за правилното и погрешното. Единствената
разлика ќе биде нивната причина зошто дејствувањето е правилно или погрешно. Како
и да е, во некои ситуации принципите ќе дадат различни одговори. Кога принципите се
во конфликт, што треба една личност да прави?
• Ако дејствувањето се смета за етичко според некои од принципите и/или
неетичко според други, личноста може да се повика на забелешки и
пресудување за да индицира кој принцип(и) го опфаќа(ат) најзначајните
карактеристики на ситуацијата. Забелешката може да биде или како внатрешна
комуникација со самите себе, или како конверзација со други луѓе во чии
пресудувања верувате;
• Етичките луѓе може понекогаш да не се согласуваат со тоа кој принцип(и) треба
да ги води во одредена ситуација и поради тоа не се согласуваат што е етичко во
моментот да се направи. Во најмала рака, овие несогласувања се меѓу луѓе кои
ги користат етичките тестови за да одредат како тие треба да дејствуваат;
• Размената на интуиции меѓу разните разните етички тестови е дел од
практичната разумност која ние сите треба да ја развиваме. Максимизирањето
на среќата во тестот за вредност или одржување на општото добро може да има
потреба од калење или дури одрекување од принципите на исклучок, избор,
права, правда и/ или особина. Силното размислување покренато од принципите
на исклучок, избор, права, правда и/ или особина може да ги надгласа тврдењата
на општото добро. Сепак, треба да бидеме свесни дека ова го правиме како
кулминација на стрмен и лизгав терен. Кога се прават вакви видови на одлуки,
личноста треба да запомни:
o Дека силните емоционални одговорности од неговото/нејзиното
интуитивно индивидуално пресудување не гарантира дека пресудата е
правилна;
o Дека кога пресудата се одразува на самите нас, ние најчесто ќе си дадеме
себе си посебни размислувања кои не би им ги дале на другите; и
o За да се надминат ограничувањата на нашите интуиции и
самоодразувањето тој/таа треба да вклучат мудри и искусни луѓе во
дискусија околу најдобрата можна рамнотежа меѓу етичките тестови за
одредена ситуација.

Студија на случај за разработка на тестовите


Маркетинг „Помалку шеќер“

Тимот за маркетинг му презентира на менаџерот за житни брендови рекламна


кампања „Помалку шеќер“ за три од своите брендови. Големото печатење и
динамичниот вид на пакување со извикување на “75% помалку шеќер„ ќе го привлече
окото на родителите и ќе ја зголеми продажбата. Загрижени за тежината на децата,
роделите ќе ги купуваат житариците. Сепак, содржината на јаглехидрати во продуктот
на помалку шеќер е со иста како и обичниот шеќер, во најдобро светло, можеби 10%
помалку калории на една чинија, така што не нуди предност во губење на тежина.
Менаџерот на брендот веднаш реагира: „Оваа маркетинг кампања е неетичка.“
• Како менаџерот е сигурен за своето пресудување?

32
• Како сега да се убедат потрошувачите?
• Како треба да се деиствува во оваа ситуација?
1. Дали постои етичко прашање? Тестот на чувствување
Запознавање со тестот: За да се подготват потрошувачите на етичките
прашања во нивниот предлог, менаџерот на брендот може да ги праша: Дали ние би
биле задоволни доколку во весник прочитаме сторија дека нашата компанија ги
притискала мајките да купат високо калорични житарици кога тие се обидувале да ги
заштитат своите деца од зголемување на тежината?
Валидност: Овој принцип е валиден начин за започнување бидејќи се фокусира
на дискусијата за тоа што другите етички луѓе во општеството ќе мислат. Ги воведува
чувствата – моќни мотиватори за да бидеме сигурни дека ова го правиме правилно.
Заклучок: Дали јавноста би ја одобрила ваквата кампања? Веројатно не! Имаме
етичко прашање за разјаснување пред да одлучиме да ја развлечеме кампањата.
2. Тестот за вредност
Запознавање со тестот: „Дали го максимизираме доброто и/или го
минимизираме лошото за сите оние кои се погодени?“
Валидност: Секој (вклучително родителите и децата) треба да се сметаат
подеднакво; и секој сака да биде среќен; поради тоа правилното нешто да се направи ќе
биде да се продуцира најголема среќа и најмала несреќа за сите оние кои се погодени.
Примена на тестот: (1) Идентификување на алтернативни дејствија.
Алтернативите се користење на кампањата „Помалку шеќер“ или не. Оние кои се
погодени се компанијата за житарици, нејзините вработени, оние кои имаат влогови и
снабдувачите, потрошувачите, родителите и децата, како и општеството кое ќе ги
сноси трошоците за здравствена грижа за децата додека растат. (2) Одредување на
користа и трошоците за секоја алтернатива. Алтернатива I: Ако тие ја користат
кампањата, постои голема веројатност дека компанијата ќе има корист на краток рок
од висока продажба и профит, додека тимот за маркетинг ќе биде награден. Родителите
ќе бидат среќни бидејќи тие мислат дека нивните деца јадат здрав продукт и децата ќе
продолжат да уживаат во нивните омилени брандови. На подолг рок, како и да е,
децата ќе продолжат да добиваат на тежина, нивните родители или медиумите може да
ја откријат вистината околу количната на калориите што ќе ја наруши репутацијата на
фирмата и општеството ќе се изложи на поголеми трошоци за здравствена грижа од
долгорочните ефекти на детската дебелина. Алтернатива II: Ако тие не ја направат
кампањата, на краток рок компанијата ќе ги има трошоците за развивање на нов
маркетинг пристап и маркетинг агентите ќе бидат разочарани. Родителите ќе
продолжат да бараат поздрави опции за доручек, додека децата ќе останат разочарани.
На подолг рок, децата ќе бидат поздрави, трошоците на општеството ќе бидат пониски
и репутацијата на фирмата ќе биде неизвалкана. (3) Изберете ја акцијата со
најголема нето корист за сите кои се погодени. Ако не се прави кампањата ќе значи
поголема нето среќа, отколку ако се прави. (4) Што ако оваа дејствување стане
политика за слични ситуации? Дозволувајќи лажни маркетинг тврдења ќе ја загрози
одржливоста на компанијата и ќе ги повреди потрошувачите со многу мала корист.
Заклучок: Менаџерот на брендот може да тврди дека маркетинг планот е
неетички за дејствување и како политика бидејќи за алтернативата I, правењето на
кампањата, краткорочното добро за фирмата на зголемени приходи и среќата на
родителите и децата е надгласана од долгорочната штета за децата, семејствата,
општеството и сликата за фирмата. Фирмата треба да ја избере алтернативата II
бидејќи има помало зло и подолгорочно добро.
3. Пристапот на права – трите теста
А. Тестот на права

33
Запознавање со тестот: Менаџерот на брендот може да праша: „дали ги
почитуваме правата на потрошувачите?“
Валидност: Откако маркетинг агентите сакаат да ги почитуваат вашите права,
дали ние, исто така, треба да ги почитуваме нивните права?
Примена на тестот: (1) Идентификување на правото во прашањето.
Менаџерот на брендот може да тврди дека добиената тежина предизвикана од брендот
се заканува на правото на децата на здравје, фактичко тврдење кое, ако е вистинито до
сериозен степен, ќе индицира повреда на нивното право за здравје. (2) Објаснете
зошто е право. Здравјето е право бидејќи без него тешко е да се одржи достоинство и
благосостојба. (3) Идентификување на друго право: Менаџерот на брендот, исто
така, може да тврди дека кампањата „помалку шеќер“ ги лишува родителите од
нивното право на самоопределување – правото на избор за она што вреднуваат. (4)
Објаснете зошто е право: Ова право е суштинско за дигнитетот и вредноста на
индивидуите, откако тие не можт да изберат дали вредат помалку од другите. (5) Дали
постојат конфликти со други права или со правата на другите? Во овој случај не.
Заклучок: Принципот на права не помага во овој случај. Ќе биде тешко да се
припише зголемувањето на тежината само на овој продукт. Повикот на правото на
самоопределување може да биде покриено со тестот за избор објаснет подолу.
Менаџерот на брендот треба да го чува овој принцип за посериозни кршења на правата,
како што е пренесувањето на салмонела содржана во продуктите со кикирики.
Б. Тестот на исклучоци
Запознавње со тестот: „Дали ние правиме исклучок за себе? Што ако секој го
прави тоа? Што ако тоа нас ни го направат?“
Валидност: Ние сите сме еднакви како луѓе, така што тоа што е етичко за мене
треба да биде етичко и за другите во истите околности.
Примена на тестот: (1) Специфицирајте го дејствувањето. Опишувањето на
несигурното дејствување како „не кажување на вистината на потрошувачите“ не е
прецизно, бидејќи тврдењето е вистинито. Дескрипцијата „заведување на
потрошувачите“ веќе содржи евалуација дека повеќето луѓе мислат дека заведувањето
е погрешно. Обидете се со дескрипцијата „мотивирање на потрошувачите да купат
нешто што е јасно дека не сакаат.“ (2а) Ако секој го прави ова, дали би било
возможно? Ако секој маркетинг поттикнува несакани избори, потрошувачите нема да
веруваат на тврдењата и маркетингот ќе стане невозможен или ќе биде непостоечки.
Откако е невозможно секој да води маркетинг на ваков начин, за нас не е етички
таквото постапување бидејќи ние ќе правиме исклучок за самите себе. (2б) Ако секој
го прави ова, дали ќе биде неприфатливо? Уште повеќе, ние нема да сакаме да
работиме во свет во кој маркетингот цели кон измамување откако вистинската цел на
маркетингот е пополнување на потребите на потрошувачите. Ниту пак нашата фирма
и/или општество ќе посака да создадеме свет во кој маркетингот цели кон залажување.
(3) Заклучок заснован ако секој го прави тоа. Овој маркетинг пристап не е етички
бидејќи не е можно сите да можат да го направат и бидејќи ниту компанијата ниту
вработените би сакале да работат во свет во кој овој пристап е генерализиран. (4) Што
ако тоа нас ни го направат? Ако ја превртиме акцијата, ние нема да сакаме нашите
снабдувачи така да не претставуваат.
Заклучок: Ние не треба да го спроведеме овој маркетинг програм откако ние ќе
тврдиме исклучок за себе си: ние не можеме се да направиме и практиката ќе создаде
свет кој ние и нашата компанија ќе го сметаме за неприфатлив. Како дополнување,
откако нема да ни се допаѓа компаниите да не мотивираат да купиме нешто што не
сакаме, тогаш не е етички и ние да го правиме истото.
В. Тестот на избор

34
Запознавање на тестот: Ако се претставуваме на овој начин, дали нашите
потрошувачи се способни да направат сопствен избор?
Валидност: Откако сите сме еднакви како луѓе, треба да овозможиме другите да
донесат сопствени избори засновани на она што тие вреднуваат.
Примена на тестот: (1) Дали на другите им даваме слобода на избор?
Маркетинг кампањата „помалку шеќер“ не го лишува потрошувачот од слободата на
избор за тоа што го вреднува бидејќи е принуден или присилен да го купи производот.
Атрактивното пакување може да помогне во убедувањето да го купи бидејќи не му е
одземена слободата на избор. (2) Дали на другите им ја даваме информацијата за да
знаат што вреднуваат во ситуацијата? Транспарентот „помалку шеќер“ не му дава на
потрошувачот информација да одбере тоа што го вреднува. Ако потрошувачот знае
дека количината на калории е иста како и шеќерните житарици, разумно е да се
претпостави (можеме да користиме истражувања и фокус групи за да одредеиме) дека
нема да го избере продуктот со помалку шеќер, доколку не почувствува дека шеќерот е
повеќе штетен отколку надополнувањето со јагленихидрати како помала заедничка
грижа. Маркетинг агентите може да одговорат дека информацијата околу калориите е
на дното на опаковката. Истражувањата покажуваат дека купувачите се под притисок
на време, придружени со мали деца и најчесто несвесни за информацијата околу
нивото на состојки. Менаџерот на брендот може да аргументира дека тврдењето за
„помалку шеќер“ е вистинито, но наведува на погрешно мислење – потрошувачот
различно ќе избере ако знае дека калориите се исти.
Заклучок: Планот за маркетинг е неетички бидејќи не му дава на потрошувачот
информација за избор на тоа што го вреднува.
4. Тестот на правда
Запознавање со тестот: „Прашајте дали постои фер дистрибуција на корист и
товар.“
Валидност: Ако секој има еднаква вредност како личност, тогаш секој има
еднакво тврдење на делба. Ако постои причина дека тие се нееднакви, тогаш треба да
постои и нееднаква делба.
Примена на тестот: (1) Како се дистрибуира користа и товарот? Фирмата
добива профит од продажба на житарици. Маркетинг агентите добиваат бонуси за
зголемените приходи. Потрошувачите даваат пари и доверба и добиваат храна, но со
несакани калории и здравствени трошоци за време на нивниот живот. Со тоа,
компанијата и маркетинг агентите добиваат корист, додека потрошувачите го добиваат
товарот. (2) Дали дистрибуцијата е фер? На прв поглед ова не изгледа фер –
дистрибуцијата изгледа далеку нееднаква. Може ли компанијата да тврди секаква
основа според која ваквата дистрибуција е фер? Дали компанијата: работела повеќе,
постогнача повеќе, имала поголеми потреби, сениоритет, договорна спогодба или
посебен однос? Маркетинг агентите моѓе да тврдат дека секој се согласил на
општествен договор кој специфицира слободен и компетитивен пазар, така што
потрошувачите мора да ги одвојат тврдењата на маркетинг агентите и да направат
избор. Менаџерот на брендот можеда одговори дека потрошувачот ги дава своите пари
и лојалност на компанијата и треба да биде оддолжен со посакуваниот производ.
Заклучок: Маркетинг планот е неправеден бидејќи, иако тие се еднакви страни
во размената, компанијата ја добива користа, а потрошувачите го добриваат товарот.
5. Како да се користи тестот за општо добро
Запознавање со тестот: Прашајте: „Дали ние го правиме својот дел за да
внимаваме на општото добро во оваа ситуација?“
Валидност: Откако сите имаме пристап до општото добро и добиваме корист,
сите имаме обврска да го воспоставиме и одржиме.

35
Примена на тестот: (1) Кои делови од општото добро се вклучени? Еден дел
од општото добро кој е во ризик е довербата која потрошувачите ја имаат во бизнисот
како целина за обезбедување на безбедни и здрави производи и услуги, а не да ги
изложуваме на непознати ризици. Без оваа доверба, трошоците на трансакциите
постепено ќе се зголемуваат и ќе се оштети економската и психолошката
благосостојба. Во ризик е и специфичната доверба во маркетингот и рекламирањето.
Ниту еден од овие делови на општото добро нема да биде уништен од една маркетинг
кампања, но може да бидат оштетени ако јавноста стане свесна за тоа што е направено.
(2) Објаснете зошто имаме обврска да го промовираме или заштитиме општото
добро. Луѓето купуваат производи од прехранбената индустрија засновано на доверба.
Индустријата има корист од своите профити и индивидуите користат имајќи безбедна
и здрава храна на која и е потребно малку време за подготовка. Откако компанијата
има корист од ваквата доверба ние треба да го правиме она што можеме за да
допринесеме за општото добро. (3) Дали предложеното дејствие е во конфликт со
обврската? Презентирајќи ги житариците на некоректен начин ќе ја наруши јавната
доверба ако тоа излезе на виделина. Веројатно е дека дејсвтијата на производителот на
житарици ќе бидат строго набљудувани, а кампањата ќе биде откриена. На тој начин,
предложеното дејствие е во конфликт со нашата обврска да придонесеме за општото
добро.
Заклучок: Бидејќи е во конфликт со нашата обврска да придонесеме за јавната
доверба во бизнисот и маркетинг тврдењата на прехранбената индустрија, не е етички
компанијата да продолжи со кампањата.
6. Тестот на карактер или особина
Запознавање со тестот: Менаџерот на брендот може да праша, „Дали ова
дејствување претставува какви личности сме или какви сакаме да бидеме? Дали ја
претставува репутацијата или визијата на нашата компанија за тоа каква сакаме да
биде?“
Валидност: Какви личности сме и каква е компанијата, се важни за начинот на
ѓивеење и начинот на дејствување. Да се фокусираме само на проценување на
индивидуалните дејствувања како правилни или погрешни ќе значи да пропуштиме
важен аспект на етиката. Занејќи кон што целиме ни овозможува да прашаме дали
дејствувањето ќе биде направено од дореден вид на личност или организација.
Примена на тестот: (1) Дали ова дејствување ќе помогне да станете
личност каква што сакате да бидете? Маркетинг агентите може да одговорат дека
оваа кампања го претставува фактот дека тие се многу креативни и памети. Менаџерот
на брендот може да одговори дека паметните и креативни маркетинг агенти разбираат
дека причината за маркетинг е да се открие кои се потребите на потрошувачот и да
обезбеди информација и мотивација за пополнување на потребите на потрошувачот.
Тие дизајнираа кампања која е паметна, но наведува на погрешно мислење. Чесноста е
е важна за луѓето да живеат добро и за напредок на компаниите. Пматен маркетинг
агент не би ја презел оваа кампања. (2) Дали дејствувањето ќе се совпадне со
репутацијата или визијата на компанијата за тоа каква сака да биде? Во мисијата на
компанијата се вели дека производите треба одговорно да бидат претставени и
вработените да имаат етичко однесување и одржливи резултати. Кампањата „помалку
шеќер“ не се совпаѓа во овие заложби. (3) Дали дејствувањето ќе ја одржи
правилната рамнотежа меѓу извонредното и успехот за фирмата? Компанијата, исто
така, потенцира дека успехот зависи одо стекнување на довербата од потрошувачите.
Фокусирајќи се само на тоа колку е креативна кампањата и колкав приход ќе генерира
на краток рок не ја одразува вистинската рамнотежа со долгорочниот успех.

36
Заклучок: Бидејќи не го претставува карактерот на маркетинг агентите или
компанијата, кампањата не треба да биде преземена.
7. Споредба на заклучоците за извлекување на конечни заклучоци
Во случај на маркетинг кампањата „помалку шеќер“, менаџерот на брендот
може да аргументира дека: откако сите етички принципи кои се применети покажуваат
дека маркетинг кампањата е неетичка, компанијата не треба да продолжи со истата.
Разгледувајќи ги причините од разните принципи кои утврдуваат зошто кампањата е
неетичка, маркетинг агентите треба да дизајнираат нова кампања или во овој случај
нов производ.

Дали етиката може да се научи?


Во една статија на Wall Street Journal е објавено дека курсевите по етика се
бескорисни бидејќи етиката не може да се научи. Иако малку луѓе ќе одговорат на
статијата на Wall Street Journal како докажани експерти во учење на етиката,
прашањето покренато од весникот е сериозно: Дали етиката може да се научи?
Прашањето е прилично старо. Пред околу 2500 години, Сократ дебатираше на
ова прашање со своите пријатели од Атина. Позицијата на Сократ беше јасна: Етиката
се состои од знаење што треба да правиме, а такво знаење не може да се научи.
Повеќето психолози денес ќе се согласат со Сократ. Во краткиот преглед на
современото истражување во областа на моралниот развој, психологот Џејмс Рест ги
сумираше следниве големи резултати:
• Драматични промени се случуваат кај младите во нивнте 20-ти и 30-ти години
во поглед на основните стратегии за решавање на проблемите кои тие ги
користат за соочување со етички прашања;
• Овие промени се поврзани со фундаменталните промени и со тоа како личноста
го согледува општеството и неговата улога во самото општество;
• Опсегот според кој се појавуваат промените е заеднички со бројот на годините
на формално образование (универзитет или професионално училиште);
• Намерни образовни обиди (формален курикулум) за да влијаат на свеста на
моралните проблеми и да влијаат на резонирањето или процесот на
пресудување се демонстрирани како ефективни;
• Студиите индицираат дека однесувањето на една личност е под влијание од
неговата морална перцепција и морално пресудување;
Повеќето од истражувањето на кое Рест се повикува е продолжено од страна на
психологот од Харвард, Лоренс Колберг. Колберг е еден од првите луѓе кој сериозно се
занимава со прашањето дали способноста на една личност да се соочи со етички
прашања може да се развие во понатамошниот живот или образованието може да
влијае на таквиот развој.
Колберг откри дека способноста на една личност да се соочува со морални
прашања не се стекнува одеднаш. Како што постојат нивоа на раст во физичкиот
развој, така и способноста за морално размислување се развива на нивоа.
Најраното ниво на морален развој е она на детето, или како што Колберг го
нарекува предусловено ниво. Лицето во ова ниво го дефинира правилното и
погрешното во однос на тоа што авторитетните личности кажуваат дека е правилно
или погрешно или во однос на тоа какви резултати ќе поизлезат, награда или казна.
Секој родител може да го потврди ова: прашајте четири или пет годишно дете зошто
крадењето е погрешно и најверојатниот одговор кој тие ќе го понудат е: „Затоа што
тато и мама велат дека е погрешно“ или „Бидејќи ќе бидеш исплескан ако украдеш
нешто.“ Некои луѓе остануваат на ова ниво за време на целиот живот, продолжувајќи
да го дефинираат правилното и погрешното во однос на тоа што авторитетните

37
личности кажуваат или во поглед на добивање награда или избегнување на непријатни
последици.
Второто ниво на морален развој е нивото на највисоката адолесцентност. Ова
ниво Колберг го нарекува условено ниво. Адолесцентот во ова ниво ги има прифатено
нормите на оние групи со кои живее. За адолесцентот, правилното и погрешното се
заснова на групната лојалност: лојалност кон една фамилија, лојалност кон некои
пријатели или лојалност кон некоја држава. Ако прашате адолесцент на ова ниво зошто
нешто е погрешно или правилно, тој ќе има тенденција да одговори во поглед на она
што неговото семејство го има научено, што мислат неговите пријатели или веруваат
граѓаните. Многу луѓе остануваат на ова ниво, продолжувајќи да го дефинираат
правилното и погрешното во поглед на тоа што верува општеството или налага
правото.
Но ако личноста продолжи да се раазвива морално, ќе го достигне нивото кое
Колберг го нарекува постусловено ниво. Личноста во ова ниво запира со дефинирање
на погрешното и правилното во однос на групната лојалност или норми. Наместо тоа,
возрасниот на ова ниво развива морални принципи кои го дефинираат правилното и
погрешното од универзална гледна точка. Моралните принципи на постусловено ниво
се принципи кои се применат на секоја разумна личност бидејќи ги зема во предвид
интересите на секого. Ако прашате некоја личност во постусловено ниво зошто нешто
е правилно или погрешно, ќе ви одговори дека се повикува на она што ги промовира
или не ги промовира универзалните идеи на правда или човекови права или човечка
благосостојба.
Повеќе фактори може да го стимулираат растот преку трите нивоа на морален
развој. Еден од најважните фактори, според Колберг, е образованието. Колберг открива
дека кога неговите студенти земаат курсеви по етика и овие курсеви ги предизвикуваат
да гледаат на прашањата од универзална гледна точка, тие имаат тенденција да се
движат нанапред пореку различните нивоа. Овие наоѓања, како што потенцира Рест,
постојано се поддржани од повеќе истражувачи.
Дали етиката може да се научи? Ако гледате на тешките докази до кои дојдоа
психолозите, одговорот е да. Ако читате Wall Street Journal, размислувањето нема да ви
биде исто.

Совест и авторитет
Откако беа откриени свирепостите на нацистите врз Евреите за време на
Втората светска војна, луѓето се прашуваа како е можно толку многу луѓе да бидат
вклучени во такво очигледно несовесно однесување. Смртните кампови во кои Евреите
беа систематски мачени и убивани беа ефикасно организирани и управувани од добро
подготвен административен персонал. Овие административци не беа исклучително
опасни и побеснети дивјаци. Напротив, Германците кои раководеа со смртните
кампови изгледаа како обични „пријатни“ граѓани, со совесност која не се разликува од
останатите. Како е можно тие да ги затвараа очите пред јасната неправда од она што го
прават? Или, поинаку кажано, што ги мотивира неетичките дејствувања на обичните
пријатни луѓе?
Можеби еден од најфасцинантните експерименти некогаш спроведени за
истражување на ова морално прашање е познато како „Миграм експеримент“, по
Стенли Милграм, психолог кој го создаде експериментот. На субјекти во неговиот
експеримент им беше кажано дека ќе земат учество во вежби дизајнирани да ги
тестираат способностите на другите за учење. Тие беа поставени на импровизиран
„генератор за струјни удари“ со триесетина прекинувачи означени од 15 волти (лесен
струен удар) до 450 волти (опасен, сериозен струен удар). Преку мало парче стакло тие

38
можеа да го видат „ученикот“ во соседната соба врзан за столица со електроди на
неогвите зглобови. На субјектот му беше кажувано дека треба да ја тестира
способноста на другиот да меморира листа на зборови и да управува со струјниот удар
кога ученикот ќе направи грешка, зголемувајќи го интензитетот. Како што расте
интензитетот на струјните удари, а „ученикот“ се преправа дека се здобива со сè
поголема болка, евентуално паѓа и во несвест, раководителот на експериментот им
кажува на субјектите да продолжат со раководењето на струјните удари. Зачудувачки,
иако субјектите стануваа сè повеќе нервозни и потресени, повеќе од две-третини го
упатуваа највисокото ниво на струјни удари до „учениците“ кога им беше наредено тоа
да го направат од страна на раководителот на експериментот. Милграм заклучи дека
кога луѓето се под наредба да сторат нешто од страна на некој кој тие го гледаат како
авторитет, повеќето ќе се повинат на наредбите, дури и ако таквото сторување ја
нарушува нивната совесност.
Во однос на експериментите на Милграм, кривичните дела на нацистите не се
тешки за разбирање. Самиот Милграм сугерира дека еден од поголемите фактори
одговорни за холокаустот беше подготвената склоност на човечките суштества да се
повинуваат на авторитетите дури и кога таквата послушност е погрешна. Нависитна,
иако експериментот на Милграм беше повторуван повеќе пати со повеќе различни
групи на луѓе, резултатите секогаш беа исти: повеќето луѓе ќе се повинат на
надворешни авторитети спротивно на сопствената совест.
Иако наодите на Милграм се вознемирувачки, неодамнешни истражувања
сугерираат дека покурувањето кон авторитети наспроти совесноста не е неизбежна.
Истражувањата на Стивен Шерман, исто така психолог, сугерираат дека образованието
може да ја зајакне моќта на совеста во однос на авторитетот. Шерман спроведе
службени телефонски контакти со неколку луѓе, наводно да ги „анкетира“ нивните
мислења. „Анкетарот“ ги запраша што би направиле ако некогаш им биде наредено да
сторат одреден акт кој е морално или општествено непосакуван и да поминат одредено
време во меѓусебна дискусија околу прашањата. Неколку недели по направените
контакти, овие исти луѓе беа повикани да го извршат истиот акт. За изненадување, две-
третини одбија да се покорат на наредбата, јасен контраст на наодите на Милграм дека
две-третини од оние на кои им е наредено да дејствуваат спротивно на својата совест
дека норамлн ќе се покорат.
Импликациите од експериментот на Шерман е дека луѓето размислуваат за
морално прашање пред да бидат вклучени во него, поверојатно е тие да се однесуваат
во согласност со нивната совест кога се соочуваат со таквото прашање во вистинскиот
живот. Моралното размислување и дискусија од ваков вид кој постои и во најдобрите
видови на морално однесување, значително го зголемува етичкиот квалитет на идните
избори на секое лице.

Конзистентност и етика
Конзистентноста – отсуство на противречности – понекогаш се нарекува ознака
за етика. Се смета дека етиката треба да не обезбеди со водич за моралното живеење и
за тоа да го направи треба да биде рационална, а за да биде рационална мора да биде
ослободена од противречности. Ако една личност каже, „Отвори го прозорецот, но не
го отворај,“ ние ќе бидеме изгубени и нема да знаеме што да правиме; командата е
контрадикторна и со самото тоа ирационална. На истиот начин, ако нашите етички
принципи и практики имаат недостаток од конзистентност, ние, како рационални луѓе,
ќе се најдеме самите себе си изгубени за она што треба да го направиме и поделени
околу тоа како треба да живееме.

39
Етиката има потреба од конзистентност во смисла дека нашите морални
стандарди, дејствувања и вредност не треба да бидат противречни. Испитувајќи го
нашето живеење за да разоткриеме неконзистентности и потоа да ги модификуваме
нашите морални стандарди и однесувања со цел тие да бидат конзистентни е многу
значаен дел на моралниот развој.
Како би можеле ние да ја разоткриеме неконзистентноста? Прво, нашите
морални стандарди може да бидат неконзистентни меѓусебно. Ние ги откриваме
ваквите неконзистентности со разгледување на ситуации во кои нашите стандарди ќе
имаат потреба некомпатибилно однесување. На пример, да претпоставиме дека
верувате дека е погрешно да не се слуша нечиј работодавач и исто така верувате дека е
погрешно да се нанесува повреда на невини луѓе. Тогаш да претпоставиме дека еден
ден работодавачот инсистира да да работите на проект кој може да предизвика повреда
на невини луѓе. Ситуацијата ја открива неконзистентноста меѓу вашите морални
стандарди. Можете или да се потчините на наредбите на вашиот работодавач или може
да избегнете поврдеување на невини луѓе, но не може да ги направите двете. Да се
биде конзистентен, мора да го модификувате едното или двата од овие стандарди
преку испитување на причините кои ги имате за нивно прифаќање и да ги измерите
причините за да видите кој стандард е поважен и вреди да се задржи, а кој стандард е
помалку важен и потребна е негова модификација.
Многу позначаен вид на неконзистентност е оној кој може да произлезе кога
ние ги применуваме нашите морални стандарди во различни ситуации. Да се биде
конзистентен, ние мора да ги применуваме истите морални стандарди во една
ситуација, а потоа истите стандарди да ги примениме во друга ситуација, доколку не
се покаже дека двете ситуации се разликуваат на одреден начин. На пример, можеме да
веруваме дека имаме право да купиме куќа во секое соседство, бидејќи ја имаме
слободата да живееме каде што ќе избереме. Сепак, може да бидеме меѓу првите кои ќе
се спротивставиме на продажбата на куќата на нашиот сосед на група на ментално
ретардирани лица. Но која е разликата меѓу двете ситуации која ја оправдува ваквата
разлика во третманот? Која е разликата која ја оправдува можноста на нормалните луѓе
за купување на куќа во било кое соседство, но не за ментално ретардираните луѓе.
Постои и друго значење во која потребата за конзистентност навлегува во
етиката. Ние можеме да одржуваме конзистентни морални стандарди и да ги
применуваме на конзистентен начин, но може да не успееме да бидеме конзистентни
како индивидуи. Често го користиме зборот „интегритет“ да се однесува на луѓе кои
дејствуваат на начин кој е конзистентен со нивните уверувања. Тука конзистентноста
значи дека дејствувањата на одредена личност се во хармонија со неговите/нејзините
внатрешни вредности.
Конзистентноста во нашите животи, исто така, подразбира и внатрешен
интегритет. Тоа може да биде случај кога внатрешните желби на одредена личност
може да бидат доведени до меѓусебен конфликт. На пример, желбата да се биде храбар
или чесен може да биде контрадикторна со желбата да се избегне непријатноста или
болката што најчесто се бара од храброста или чесноста. Дозволувањето на таков
конфликт е во спротивност со поставените цели бидејќи е контрадикторен. За да се
постигне конзистентност, мора да ги обликуваме нашите желби за да продуцираат еден
вид на внатрешна хармонија.
Значи централна е конзистентноста кон етиката која некои моралисти тврдеа
дека е целина на етиката. Тие аргументираа дека ако луѓето конзистентно ги третираат
сите човечки суштества на ист начин, тие секогаш ќе дејствуваат етички. Понатаму
аргументираат дека етичкото однесување е едноставно прашање да се биде
конзистентен со проширување на истото почитување и размислување до сите луѓе на

40
истиот начин на кој тоа го тврдиме за самите себе. Самата Библија изгледа имплицира
дека етиката се состои од конзистентност во реченицата: „Прави го она на другите што
сакаш другите да ти го прават.“ Оваа библиски стихови понекогаш се интерпретираат
како значење дека моралноста може да се изложи како потреба да се избегнат
контрадикции меѓу она што некој мисли дека е соодветно за другите и она што некој
мисли дека е соодветно за себе си.
Но дали конзистентноста е се во етиката? Ние можеме да бидеме целосно
конзистентни со почитување на нашите морални принципи и вредности, но нашите
принципи може да бидат погрешни и/или нашите вредности изгубени. Ние дури
можеме да бидеме конзистентни во третманот кон другите како и кон себе си, но овој
вид на козистентност тешко дека ќе биде цел на моралниот живот ако се случи самите
да се третираме на лош начин.
Можеме да кажеме дека додека конзистентноста со сигурност не е доволна за
етиката, тогаш е барем потребна за етиката. Етиката има потреба од постоење на
конзистентност меѓу нашите морални стандарди и начинот на кој ги применуваме тие
стандарди. Етиката, исто така, има потреба од конзистентност меѓу нашите етички
стандарди и нашите дејствија, како и меѓу нашите внатрешни желби. Конечно, етиката
има потреба од постоење на конзистентност меѓу начинот на кој ги третираме другите
и начинот на кој се третираме самите себе.

Етички релативизам
Културите нашироко се разликуваат во нивните морални практики. Како што
илустрира антропологот Рут Бенедикт во својата книга „Модели на култура“,
различноста е евидентна дури и кај ониш прашања каде што ќе треба да се сложиме со
следново:
Можеме да претпоставиме дека кога е прашање на одземање на живот, сите луѓе
би се сложиле на осудување. Спротивно, кога станува збор за убиство, може да се држи
дека некој ги убива по нарачка своите две деца, или дека сопругот има право на живот
и смрт над својата сопруга или дека е обврска на детето да ги убие своите родители
пред тие да бидат стари. Може да биде случај дека некои се убиени кога крадат
живина, или прво ги вадат нивните горни заби, или оние кои се родени во среда. Меѓу
некои луѓе, личноста која претрпува мачење поради предизвикана ненадејна смрт, меѓу
другото, е несуштествено прашање. Самоубиството, исто така, може да биде лесно
прашање, обештетување на некој кој претприл омаловажување и одбивање, акт кој
постојано се појавува во племињата. Може да биде највисок и најблагороден акт кој
може да го изведе некој мудар човек. Вистинската приказна, од друга страна, може да
биде прашање за недоверлива радост, и самиот акт, невозможно да се разбере како
човечка можност. Или може да биде казниво според закон, или да се смета како грев
против боговите.
Други антрополози упатуваат на серија практики кои се сметаат за морално
прифатливи во некои општества, но осудени во други, вклучително и убиство на деца,
геноцид, полигамија, расизам, сексизам, тортура. Ваквите разлики може да не доведат
до прашањето дали постојат некои морални принципи или дали моралност е само
прашање на „културен вкус.“ Разликите во моралните практики преку културите
покренуваат важно прашање во етиката – концептот на етички релативизам.
Етичкиот релативизам е теорија која тврди дека моралноста е релативна на
нормите на нечија култура. Со други зборови, дали дејствувањето е правилно или
погрешно зависи од моралните норми на општеството во кое се практикува. Истото
дејствување може да биде морално правилно во едно општество, но морално погрешно
во друго. За етичкиот релативизам, не постојат универзални морални стандарди –

41
стандарди кои може универзално да се применуваат кон сите луѓе во секое време.
Единствените морални стандарди врз основа на кои практиките во општеството може
да бидат проценети се сопствените. Ако етичкиот релативизам е правилен, не може да
постои заедничка рамка за решавање на моралните расправи или за постигнување на
спогодба за етичките прашања меѓу членовите на различните општества.
Повеќето етичари ја одбиваат теоријата на етички релативизам. Некои тврдат
дека додека моралните практики на општествата може да се разликуваат, тоа не важи
за фундаменталните морални принципи кои се во основа на овие практики. На пример,
во некои општества, убиството на родителите откако ќе достигнат одредена возраст
била општа практика, тргнувајќи од верувањето дека на луѓето ќе им биде подобро во
задгробниот живот доколку навлезат во него додека се сè уште физички активни и
енергични. Додека ваквата практика би била осудена во нашето општество, ние би се
сложиле со овие општества во основниот морален принцип – обврска за грижа кон
родителите. Според тоа, општествата може да се разликуваат во применливоста на
фундаменталните морални принципи, но да се согласат за самите принципи.
Исто така, се аргументира дека може да постои случај каде моралните
уверувања се културно поврзани, додека други не се. Одредени практики, како што се
обичаите во однос на облекувањето и пристојноста, може да зависат од локалниот
обичај, додека другите практики, како што се ропството, тортурата или политичката
репресија, може да бидат водени од универзалните морални стандарди и погрешно
проценети и покрај многуте други разлики кои постојат меѓу културите. Само поради
тоа што некои практики се поврзани не значи дека сите практики се сродни.
Други филозофи го критикуваат етичкиот релативизам поради неговите
импликации врз индивидуалните морални уверувања. Овие филозофи потврдуваат
дека ако праведноста и неправедноста на некое дејствување зависи од нормите во
општеството, тогаш селдува дека некој мора да се покори на нормите на едно
општество и да несогласувањето со таквите норми е да се дејствува неморално. Ова
значи дека ако една индивидуа е член на општеството кое верува дека расните или
сексуалните практики се морално дозволени, тогаш таа индивидуа мора да ги прифати
тие практики како морално праведни. Но ваквиот поглед промовира општествена
еднаквост и не остава простор за морални реформи или подобрување во општеството.
Понатаму, членовите на исто општество може да имаат различни гледишта на
практиките. Во Македонија, на пример, постојат различни морални мислење кои се
протегаат од експерименти со животните до абортусот. Што го создава правилното
дејствување кога недостасува општествениот консензус?
Можеби најсилниот аргумент против етичкиот релативизам доаѓа од оние кои
потврдуваат дека универзалните морални стандарди може да постојат дури и ако некои
морални практики и уверувањам се разликуваат меѓу културите. Со други зборови, ние
можеме да ги прифатиме културните разлики во моралните практики и уверувања и
понатаму да тврдиме дека некои од тие практики и уверувања се морално погрешни.
Практиката за ропство за време на апартхејдот во Јужна Африка е погрешна и покрај
уверувањата на овие општества. Третманот на евреите во нацистичка Германија е
морално достоен за осуда без обѕир на моралните уверувања на нацистичкото
општество.
За овие филозофи, етиката е испитување на правилното и погрешното преку
критичко прегледување на причините на основните практики и уверувања. Како
теорија за оправдување на моралните практики и уверувања, етичкиот релативизам не
успева да признае дека некои општества имаат подобри причини за задржување на
нивните погледи отколку другите.

42
Но дури и ако теоријата на етички релативизам е одбиена, мора да се признае
дека концептот покренува сериозни прашања. Етичкиот релативизам не потсетува дека
различните општества имаат различни морални уверувања и дека нашите уверувања се
длабоко под влијание на културата. Исто така, не охрабрува да ги истражуваме
причините на основните уверувања кои се разликуваат од нашите сопствени,
истовремено не предизвикуваат да ги истражуваме нашите причини за уверувањата и
вредностите до кои се придржуваме.

Секојдневна етика
„Дали ја заврши обуката која беше обврзувачка за бизнис етиката?“, го прашува
менаџерот својот вработен. Без да зеде здив вработениот ја остава работата на својот
компјутер и одговара: „Не, но ако вие кажете дека ја завршив, тогаш ќе заштедите пари
на обука, кои може да ги потрошите за декорирање на вашата канцеларија.“ Очигледно
збунет од ваквата сугестија, менаџерот вели: „За среќа, ниту јас самиот ја немам
завршено обуката. Вработениот додава: „Мислам дека е поради здравиот разум во
секој случај.“
Етиката за која зборува вработениот може да се нарече како секојдневна етика.
Како што филозофот Мајк Мартин потенцира, моралните аспекти на секојдневното
живеење се „повеќе директни, истрајни и итни“ отколку глобалните морални прашања
– имиграција, смртна казна, реформи на благосостојбата – за кои можеме спокојно да
разговараме за време на пристојна вечера.
„Зошто е тоа така?“, прашува Мартини. Овие теми, вели тој, „ја предизвикуваат
нашата вистинска грижа и понекогаш имаат потреба од наше итно дејствување. Како и
да е, бидејќи имаме недостаток од авторитет за да ги решиме овие прашања, ние
можеме да одржиме задоволително растојание меѓу нас и нив.“
Таквото растојание – и погодностите кои доаѓаат со тоа – се намалува кога ја
правиме етиката дел од нашиот секојдневен одраз, прашувајќи сè самите, Каков сум јас
во „уметноста на човечко суштество“, како што тоа го опишува Лорел Бирч? Етиката е
е блиску поврзана со оваа уметност, бидејќи во средина се наоѓаат човечките односи.

Како меѓусебно се третираме


Во Компасот на управување, Џон Вилкокс и Сузан Ебс пишуваат, „Моралното
однесување првенствено е поврзано со меѓуперсоналната димензија на нашето
однесување: како меѓусебно се третираме како индивидуи и во групи – и, се повеќе,
другите видови и средината.“ Клучот е дека моралноста не доведува во контакт со
другите и ни кажува да го рагледаме квалитетот на таквиот контакт.
Колку пати сме се запрашале самите себе си: дали е тоа начинот на кој треба
другите да ги третирам? Дали е тоа начинот на кој другите треба да ме третираат?
Бидејќи ја имаме способноста да бидеме критични на нашето меѓуперсонално
однесување и нашиот контакт со животните во материјалниот свет, ние ја имаме
способноста да развиеме коддекси и норми да го водат таквото однесување. Тие
морални норми и кодекси, заедно со сет на доблесните карактеристики, се токму она
што значи кога зборуваме за етика.
Етиката поставува прашања околу тоа како треба да дејствуваме во односите и
како треба меѓусебно да живееме. Етиката не повикува да размислиме дали нашите
дејствувања се правилни или погрешни. Исто така, ни кажува како оние
карактеристики кои им помагаат на луѓето да напредуваат (интегритет, чесност,
веродостојноста и чувствителноста) имаат полза во нашиот секојдневен живот.

43
Во изминативе неколку години, луѓето имаа можност меѓусебно да разговараат
за човештвото во најдобро и најлошо светло, вклучувајќи студенти, родители,
едукатори, правници, инженери, физичари, здравствени работници, менаџери, членови
на заедници, богати и сиромашни. Меѓусебно се прашуваа кое е најповршното морално
прашање со кое тие се соочуваат во секојдневното живеење или работење.

Практични поединости
Само некои од нивните одговори: Дали е во ред е да ја држам устата затворена
кога знам дека детето на соседот навлегува во голема невоља? Како треба да одлучам
кога е време да ги однесам родителите во приватна болница за стари луѓе? Дали да
издадам софтвер за кој сметам дека не е целосно подготвен? Кога е вистинското време
„за да го пуштам детето на мир?“ Дали е во ред хронично да се доцни на состаноци
бидејќи сум зафатен? Дали се смеам на растистички хумор? Како треба да ја сакам
мојата сопруга во првата година од бракот? Во 30-тата година?
И покрај нашите разлики, ние секојдневно ги споделуваме овие прашања; ова е
вообичаена работа од човековото живеење и интеракција. Ние, исто така, споделуваме
и желба за етички пристап кон овие прашања. Едно истражување пред неколку години
покажа дека, за прв пат во една декада, етиката се именува како еден од најважните
проблеми со кои се соочува општеството, по криминалот, здравството и
вработувањето. Етиката и дрогата се изедначени на четвртото и петото место.
Повеќето луѓе навистина би сакале да живеат етички живот и да донесуваат
етички одлуки, но постојат неколку проблеми. Еден од нив, можеме да го наречеме
секојдневни камења на сопнување во етичкото однесување. На пример: Мојот напор
нема да направи некоја разлика. Луѓето може да мислат лошо за мене. Тешко е да се
знае што правилно да се направи. Мојата гордост застанува на патот. Може да ја
повреди мојата кариера. Постои цена за правилно завршување на работата.
Сега, како би одговориле ако нашите сопствени деца се тие кои ги даваат овие
изговори за нивното однесување? Леле мамо, она што го правам нема да направи
некоја разлика. Тато, едноставно не знаев што да правам. Бабо, моите другари не ме
сакаат. Нема да бидам поканет во ниту еден дом. Знам дека нема никогаш да излезам
повторно со девојка. Гледано од овој начин, етиката изгледа полесна, но ние и
понатаму секојдневно се соочуваме со практични пречки.

Пет прашања: Системски пристап


Истото важи и за етиката. На луѓето им е потребен систематски начин за да се
пристапи кон живеење на етички живот. Подолу се пет прашања кои, доколку се
користат секојдневно, може да помогнат со тоа како да се постапува со секојдневната
моралност.
Дали денеска користев некакви свои карактеристики? Вилијам Бенет, во
своето дело „Книга на карактеристики“ потенцира дека карактеристиките се „навики
на срцето“ кои ги учиме преку примери – саканиот родител и тетка, учителот кој
инсистира, почитуваниот менаџер, чесниот трговец. Тие се најдобрите делови од нас.
Запрашајте се, Дали денеска ја преминав линијата со што се откажав од еден од
тие делови? Или, дали јас сум, барем во некое време личност која покажува
интегритет, лојалност, чесност, сочувство, или некоја од другите карактеристики за кои
бев учен како мал?
Дали денеска направив повеќе добро или повеќе зло? Или дали се обидов?
Разгледајте ги краткорочните и долгорочните последици на вашите активности.
Дали денеска ги третирав луѓето со дигнитет и почит? Сите човечки
суштества треба да се третираат со дигнитет едноставно поради тоа што се луѓе.

44
Луѓето имаат морални права, особено фундаменталното право да се биде третиран како
слободни и еднакви човечки суштества, не како средства за манипулација, контрола
или отфрлање. Како моето дејствување денеска ги почитуваше моралните права и
третманот на почитување кон кои секоја личност е овластена?
Дали бев денеска фер и праведен? Дали секоја личност на ист начин ја
третирам освен доколку постојат некои релевантни морални причини за негово или
нејзино различно третирање? Правдата бара од нас сите да бидеме фер на начин на кој
ќе дистрибуираме користи и товари. На кого му донесов корист или на кого му
наметнав товар? Како да одлучам?
Дали мојата заедница е подобра затоа што јас сум во неа? Дали сум јас
подобар со тоа што сум во мојата заедница? Разгледајте ја својата заедница, како и
да ја дефинирате – соседството, семејството, претпријатието во кое работите, црквата,
џамиите, итн. Сега запрашајте сè, Дали можам да поминам преку моите сопствени
интереси за да ја направам мојата заедница посилна? Дали сум способен да ја извлечам
силината на мојата заедница која ќе ми помогне во моето настојување да станам
похуман.

Од секојдневна етика до морално водство


Оваа секојдневна етичка рефлексија мора да се случи пред да можеме
ефективно да соочиме со поголемите морални прашања. Една личност која сака да го
преземе моралното водство за глобалните прашања мора, согласно авторот Паркер
Палмер, „да преземе посебна одговорност за тоа што се случува внатре во нас самите,
внатре во нашата свест, како не би дозволиле актот на водство да создаде повеќе
неправда отколку добрина.“ Палмер сугерира дека секој од нас може да биде водач за
добро; изборот е наш:
Ние имаме одговорност за креирање на надворешниот свет преку проектирање
на духовност на светлина или духовност на сенка што е поразлично од нас самите. Ние
проектираме и духовност на надеж или духовност на очајност ... Ние имаме избор
околу тоа што ќе проектираме и во тој избор ние помагаме во создавање на светот
каков што е денес.

Кој пресметува?
За околу осум години три неподвижно впрегнати мајмуни се поставени
беспомошно да набљудуваат од своите кафези. Нивните парализирани екстремитети
обесени за страните на кафезот се бескорисни откако истражувачите пред неколку
години ги пресекоа нивните нерви за целите на експериментите. Спроведувачите на
експериментите потоа хируршки го отстранија горниот дел од черепот на мајмуните,
вметнаа електроди за да се земат димензии на мозокот, за на крајот да ги убијат, сè
како дел од истражувачки проект за повреди на ’рбетниот мозок финансирано од
Националните институти за здравство.
Јасно е дека спроведувачите на експериментот не би направиле вакво нешто на
човечките суштества како што е направено со мајмуните. Нивните морални принципи
и нашите морални принципи диктираат дека нанесувањето на вакви масивни навреди е
шокирачка и одвратна неправда. Но, како некои од нас, спроведувачите на
експериментите ги применуваат нивните принципи на луѓето, а не на животните:
животните не се сметаат. Всушност, едно од најфундаменталните линии на поделба
околу моралноста е она кое ние го извлекуваме меѓу оние кои влегуваа во нашето
морално размислување и оние кои не влегуваат, или како што етичарите некогаш тоа
го потенцираат, меѓу оние кои имаат и оние кои немаат морално стојалиште.

45
Што е морално стојалиште? Индивидуата има морално стојалиште за нас ако
веруваме дека тоа прави разлика, морално, околу тоа како таа индивидуа се третира,
одвоено од ефектите кои ги има на другите. Тоа значи, индивидуата има морално
стојалиште за нас ако, кога се донесуваат морални одлуки, ние чувствуваме дека мора
да ја земеме во предвид благосостојбата на индивидуата заради неговата сопствената
корист, а не едноставно за наша или нечија друга корист.
Земете, на пример, доктор кој присуствува на физичката благосостојба на
своите пациенти и верува дека би било морално погрешно да ги малтретира. Да
претпоставиме дека докторот верува дека ова не го прави поради некаква корист која
ќе ја добие од грижата за пациентите или поради стравот дека може да биде изведена
пред суд, но само поради тоа што има искрена грижа за благосостојбата на своите
пациенти. Неговите пациенти имаат морални стандарди за самиот него. Од друга
страна, земете фармер кој се грижи за благосостојбата на своите крави и кој, исто така,
верува дека морално погрешно да ги малтретира. Но да претпоставиме дека е ова само
поради тоа што малтретирањето ќе го намали нивното производство на млеко, а
нивното млеко е суштинско извор на исхрана и приход за неговото семејство. Иако
фармерот ја има во предвид благосостојбата на неговите крави, тоа го прави само
поради добро на своето семејство, а не поради добро за самите крави. За фармерот,
кравите немаат морално стојалиште.
Најстариот и најрелевантниот поглед за тоа кој има морално стојалиште е
верувањето дека само човековите суштества имаат морално стојалиште; само
човечките суштества, на крајот на краиштата, се земаат во предвид кога се работи за
морални прашања. Ова антропоцентрично или „човекот во центарот“ убедување е
вообичаено поврзано со идејата дека суштествата со капацитет за објаснување (можеби
изразено преку јазикот) имаат абсолутна вредност и според тоа тие се единствените
суштества чија благосостојба мора да се земе во предвид за нивно сопствено добро.
Старогрчиот филозоф Аристотел, на пример, гледал на природата како
хиерархија, верувајќи дека помалку рационалните суштества се направени за корист на
оние кои се повеќе рационални. Тој напишал: „Растенијата постојат за доброто на
животните, а суровите животни за доброто на човекот.“ На сличен начин, Имануел
Кант напишал дека „Што се однесува до животните, ние немаме морални обврски;
животните не се самосвесни и се едноставно средства за крај. Тој крај е човекот.“ За
овие мислители, според тоа, само човековите суштества имаат морални стојалишта,
така што благосостојбата на другите суштества е во прашање само ако тие се од корист
за луѓето.
Уверувањето дека само човечките суштества, на крајот на краиштата, се земаат
во предвид за моралноста, не имплицира дека ние немаме било какви морални обврски
кон нелуѓето. Дури и антропоцентричните гледишта тврдат дека неморално да се
уништуваат растенијата или животните непотрбно, откако со таквото дејствување ние
ги уништуваме изворите кои може да ни обезбедат значителна корист на нас самите
или на идните човечки генерации. Некои антропоцентрични позиции, исто така, тврдат
дека сета суровост кон животните е неморална бидејќи, како што тоа го потенцира
филозофот и теологот Томас Аквински, „преку суровоста кон животните се станува и
суров кон човечките суштества.“ Како и да е, нелуѓето се земаат во предвид само до
онаа мера кога има ефект на благосостојбата на човековите суштества.
Иако секој антропоцентрик тврди дека, морално кажано, само луѓето може да се
земат во предвид, постои широко несогласување околу тоа точно кои луѓе се земаат во
предвид. Некои антропоцентрични погледи тврдат дека секое човечко суштество кое
има барем потенцијал да биде рационално има морални стојалишта. Според овој
поглед, фетусот има морално стојалиште. Други тврдат дека само оние луѓе кои се веќе

46
рационални може да се сметаат за морални. Од оваа перспектива, фетусот не може да
се земе во предвид. Други антропоцентрични погледи тврдат дека присутните и идните
генерации на луѓето треба да се земаат во предвид, додека други сè уште
аргументираат дека само во моментов постоечките луѓможе да се земат во предвид.
Во 18-от век погледот дека само луѓето може да се земаат во предвид беше
предизвикано од неколку филозофи, вклучително и утилитаристите Џереми Бентам и
Џон Стјуарт Мил. Според овие филозофи нашата морална должност е да се
максимизира задоволството кое тие тврдат дека е единственото фундаментално добро,
а да се минимизира болката, единственото фундаментално зло. Поради тоа, во
донесувањето на моралните одлуки, требда ги земеме во предвид сите живи суштества,
рационални или не, кои имаат капацитет да го доживеат задоволството или болката.
Како што Бентам напишал, „Прашањето не е, Дали тие може да размислуваат или Дали
може да зборуваат, но, Дали може да страдаат?“
Овој поглед, кој се прошири на моралното стојалиште на животните, ја постави
сцената за појава на движењето за „права на животните.“ Следејќи ги стапките на
Бентам и Мил, утилитаристите во 70-тите години на 20 век започнаа енергично да го
бранат погледот дека е неморално да се нанесува повреда и страдање на животните,
како и на човечките суштества. Тие аргументираат дека ако луѓето не успеаат да го
признаат моралното стојалиште на животните, се работи за дискриминација на основа
на видовите и е погрешно како и самата дискриминација на основа на раса или пол.
Како и да е, некои поддржувачи на правата на животните, аргументираат дека
благосостојбата на животните има морална суштина не само за утилитаристичкото
размислување, односно намалување на болката, туку и поради тоа што животните
имаат морални права кои не треба да се повредуваат. Тие тврдат дека правата на
животните се засновани на идејата дека животните имаат интереси, а моралните права
постојат за да се заштитат интересите на сите суштества, а не само оние на човечките
суштества. Други тврдат дека животните имаат свој живот кој заслужува почитување.
Поддржувачите за правата на животните заклучија дека како надополнување на
слободата од нанесување на болка, животните имаат право, исто така, на заштита на
нивните интереси или почитување на нивните независни животи.
За време на 20 век се појави едно пошироко гледиште за тоа кој има морално
стојалиште, едно кое тврди дека сите живи суштества имаат морално стојалиште.
Најпознатиот поборник на овој поглед е Алберт Швејцер кој трвди дека сите живи
суштества заслужуваат почитување. Повеќето филозофи ги засноваат своите ставови
на гледиште погоре спомнато дека сè што има интереси има морални права. Тие
потенцираат дека сите живи суштества, вклучително и растенијата, имаат интереси,
изложуваат одредени потреби и склоности кон развој и самоодржување. Според роа,
сите живи суштества имаат право на заштита на своите интереси и ние имаме обврска
да ги земеме во предвид нивните интереси при нашето морално размислување.
Веројатно најширокото гледиште околу тоа се смета за морално е ставот дека се
земаа во предвид сите природни системи. „Екоцентричниот“ поглед за првпат е
прикажан од натуралистот Алдо Леополд кој аргументира во корист на „земјина етика“
која и дава морално стојалиште на целата природа. Тој напишал: „Земјината етика ... ги
зголемува границите на заедницата со вклучување на почвата, водата, растенијата и
животните, или колективно, земјата.“ За Леополд и многу други, целиот еколошки
систем, како што се езерата, шумите, или цели континенти, имаат сопствен
„интегритет“, или „благосостојба“ кој не треба да се повредува или оштетува.
Кој од овие погледи за моралното стојалиште е правилен? Одговорот кој го
даваме на ова прашање ќе зависи од моралното значење кое го придаваме на
рационалноста, на капацитетот за доживување на болка и задоволство, на интересите

47
на сите живи суштества и на интегритетот и „благосостојбата“ на нашите еколошки
системи. Многу работи зависат од нашиот одговор. Ако веруваме дека само луѓето
треба да се земаат во предвид, нашиот глас нема да биде силен кога ќе се противиме на
болните експерименти на животните од кој користи човештвото. Но, ако веруваме дека
сите чувствителни суштества имаат еднакви морални стојалишта, тогаш ние ќе бараме
и благосостојба на овие животни да се земе во предвид и можеби да лобираме за
легислатива која ќе ги заштити животните од болни експерименти или индистриска
употреба. И доколку веруваме дека сите природни работи треба да се земаат во
предвид, тогаш можеме да се спротивставуваме на секакви неморални активности кое
се закануваат да им наштетат на нашите шуми и земјишта, како што се сечите и
недвижностите.
Секако, одлучувањето „кој се зема во предвид“ не ни кажува чија благосостојба
или интерес повеќе или помалку ќе биде во прашање кога се вложени компетитивни
интереси. Но, тоа не прави малку повеќе свесни за начите граници на морална грижа и
критериумите кои ги користиме за воспоставување на тие граници.

48

You might also like