You are on page 1of 6

Наставна тема бр.

1: Етиката и моралот

Наставна содржина: Што е етиката

Цели на часот:

-Учениците да се запознаат со филозофијата како наука;

-да научат дека етиката е филозофска дисциплина,

-да научат што е етиката

-да ги научат општите карактеристики на доброто и злото, како


основни етички поими

-да се запознаат со етичките правила – моралните норми;

-да ја усвојат основната етичка терминологија како етичко,


позитивно, негативно, избирање, разум, мера.

- да умеат да ја анализираат состојбата на природата денес


(интеграција на еколошки едукативни содржини) и да донесуваат
заклучоци

- да научат за создателот на етиката, Аристотел и неговата мудра


мисла за доброто
ПЛАН НА ЛЕКЦИЈАТА:

1. Дефиниција: ЕТИКА е наука за моралот, за избирањето и


правењето добро , а избегнување на злото.

2. Етиката е самостојна наука, но во исто време е и дел од


Филозофијата, која е наука за мудроста.

3. Односите меѓу луѓето во светот се нарушени, луѓето многу лошо се


однесуваат, но не само меѓусебно, туку и кон природата. Затоа,
етиката денес стана една од најпотребните и најзначајните науки.
Нејзината цел е да ги научи луѓето добро да се однесуваат едни
кон други, да се сакаат, почитуваат, помагаат, но и да ја сакаат и
да ја зачуваат природата од натамошно уништување, бидејќи таа е
наш единствен дом.

4. Основни етички поими и вредносни категории се Доброто и Злото.


(на стр.4 во учебникот е описот)

5. Како и секоја друга наука која има свои правила и етиката има.
Тие се нарекуваат етички или морални норми и служат за да го
насочат однесувањето на човекот и тоа секогаш во правец на
доброто и избегнување на злото.

6. МЕРАТА е идеална етичка постапка, мисла или збор. Да се има


мера во однесувањето значи да не се претерува: ни премногу, ни
премалку; точна определба колку и што се може, а да не се
направи некому зло. Или, т.н. златна средина во однесувањето,
умереност во постапките.

7. Создател на етиката како наука е античкиот филозоф Аристотел.


Аристотел (384 год. - 322 год. п.н.е.)

Мисла на Аристотел:

„Доброто е цел на сè што постои и на секоја дејност“


Зборот „етика“ (или на старогрчки *ethos*) , го вовел
старогрчкиот филозоф Аристотел (384-322 год. пр.н.е.). Овој збор
за првпат го спомнал во своето дело *Никомахова етика*.
Се смета за еден од најумните и најучените луѓе на сите
времиња.
Бил роден во античкиот град Стагира, покрај денешниот
Солун.
Татко му Никомах, бил лекар на македонскиот крал Аминта,
чиј син, кралот Филип, го поканил младиот, а веќе познат научник
Аристотел, да му биде учител на момчето Александар, подоцна
прочуен крал и војсководец.

Аристотел рекол дека се *етички оние намери и постапки што


се грижливо проценети, убаво замислени, правилни, кои се
„најдобри“. Тогаш луѓето постапуваат со мера, ниту
претеруваат, ниту се стегаат.*

За етиката се важни одличните определби и постапки - тие се


основа за добриот морал.

Мисла на Аристотел:
„Доброто е цел на сè што постои и на секоја дејност“

You might also like