Professional Documents
Culture Documents
Покана за учесници-01.03.2022
Покана за учесници-01.03.2022
Почитувани,
Ве покануваме на шестиот Марш за женски права, кој ќе се одржи на 8 март (вторник), под слоганот:
„Сиромаштијата има женско лице“. Со почеток во 12.00 часот, на овој марш, заеднички ќе упатиме
порака дека и покрај тоа што жените се еднаква половина од населението во државата, сѐ уште не
уживаат еднакви права во речиси ниту еден аспект од нивните животи, на работа или дома, во
политиката и социјалниот живот.
Маршираме бидејќи држава во која жените не се вклучени како еднакви, е држава во која нема
напредок! Општество во кое жените се сиромашни и лишени од своите права е општество кое е
сиромашно!
Промени мора да има! Затоа, ве повикуваме да марширате заедно со нас, со почеток во 12.00 часот,
пред Влада на Р.С.М каде по нашето обраќање, ќе продолжиме по предвидената рута и маршот ќе
го завршиме во Паркот Жена Борец, со обраќање до јавноста и институциите.
Се гледаме на марш!