You are on page 1of 5

ДЕМОКРАТИЈА

Демократијата претставува облик на управување каде штодржавната


власт произлегува од луѓето. Зборот „демократија“ води потекло од
старогрчките зборови demos – што значи народ – и kratos – што значи
власт.

Начелата насовремената демократија постапно се развија од


калвинистичкото религиозно движење во текот на 17-тиот век, особено
во Шкотска, Англија иХоландија, каде што заедниците започнале да се
поддржуваат и да ги споделуваат не само религиозните, туку и
политичките идеи. Се појави филозофијата на слобода и еднаквост за
сите и тие беа натаму зајакнати во текот на периодот на
просветителството, за подоцна да бидат признати како
основни вредности на демократијата. Првата модерна демократска
држава беше формирана во САД, додека Франција беше првата европска
држава којашто беше изградена врз демократски принципи, по
завршувањето на Француската револуција.

По 1945 година, дојде до ширење на либералната демократија и во


Европа и во целиот свет, честопати заменувајќи ја
алтернативата: апсолутистичка власт. По победата над фашистичките
влади, се чинеше дека кризата на демократијата во 20-тиот век е
надмината. Долгиот и проблематичниот процесна деколонизација, во
којшто правото на самоопределување беше признато од страна на
западните земји, конечно донесе демократија во повеќето од
поранешните колонии. Диктатурите воШпанија, Португалија,
Грција, Аргентина иУругвај, сите станаа демократии во текот на
изминатите неколку децении.

Со падот на Берлинскиот ѕид во 1989 година и распадот на комунизмот


во Централна и Источна Европа, изгледаше дека
демократијата навистина успеа. Сепак, не сите земји коишто теоретски ја
поддржуваат демократијата како облик на владеење сe уште не ги
почитуваат во целост демократските принципи или не ја живеат
демократијата во практика. Овој прилично парадоксален развој
покажува дека водењето критичка дебата во врска со демократијата и
демократизацијата е сё уште неопходност.

Основни елементи на современата демократија

Тешко е да се измери колку е демократско некое општество. Меѓутоа,


постојат голем број клучни елементи коишто ја сочинуваат основата на
секое демократско општество.

• Еднаквост: Принципот на еднаквост значи дека сите човечки суштества


се родени еднакви, треба да уживаат еднакви можности и да учествуваат
во политичкиот живот на заедницата, како и да имаат право на еднаков
третман пред законот. Исто така, ова ја вклучува и општествената и
економската еднаквост меѓу жените и мажите.
• Учество: Демократијата е бесмислена без учество. Учеството во
заедничките и политичките работи е предуслов за изградба на
демократски систем. Демократијата бара учество, коешто како такво
сепак претставува поширок концепт и не само што има силни политички
импликации, туку и општествени и економски. Меѓутоа, само учеството
не може да биде гаранција за демократија.
• Мнозинско владеење и малцински права: И покрај тоа што
демократијата е по дефиниција владеење на народот, таа е, всушност,
владеење на мнозинството. Тоа исто така значи обврска на
мнозинството да ги земе предвид правата и различните потреби на
малцинските групи. Степенот до којшто е исполнета оваа обврска е
показател за натамошното јакнење на демократските вредности во едно
општество.
• Владеење на правото и правично судење: Демократијата е наменета за да
спречи едно лице или една мала група луѓе да владее со народот на
самоволен начин. Владеењето направото осигурува дека една држава
има автономен правен поредок со којшто се осигурува еднаквост
пред законот, ограничување на овластувањата на јавните власти и
овозможување праведен пристап до независно и правично судство.
• Заложба за човекови права: Прифаќајќи дека „сите човечки суштества се
родени еднакви и слободни во достоинството и правата“ е основа за една
функционална демократска заедница. Една демократска држава има
обврска да осигури почитување, заштита и исполнување на сите
човекови права, со цел да се обезбеди дека нејзините граѓани ќе можат да
живеат „ослободени од страв и ослободени од немаштија“. Што се
однесува до демократијата, треба да се посвети посебно внимание на
оние права коишто се од суштинско значење за граѓанското учество,
какви што се слободата на собирање, слободата на говор,
слободата намисла, совест и вероисповест. Сепак, граѓанските и
политичките права, сами по себе, неможат да гарантираат мир и
човекова безбедност. Поволна средина за демократијата може да се
промовира единствено доколку основните економски, општествени и
културни потреби исто така се земат предвид.
• Политички плурализам: Традиционално, политичките партии имаат
задача да ја консолидираат разновидноста на идеите и мислењата ида
гипретстават во јавната дебата. Единствено политичкиот
плурализам може да обезбеди доволно флексибилни структури за
прилагодување на потребите коишто постојано семенуваат, но
коишто сепак остануваат стабилна основа за демократско управување.
Сепак, политичката слобода исто така може да се злоупотреби за ширење
идеи коишто поттикнуваат омраза, предизвикуваат насилство и на
тој начин претставуваат закана за демократското општество и поредок.
Предизвикот се состои во демократско справување со тие тенденции, без
нарушување на слободата на изразување, но исто така и со заштита на
интересите на општеството во целина. До определен степен, и
демократиите исто така имаат потреба да се заштитуваат самите.
• Слободни и фер избори: Изборите претставуваат најосновна и
единствена карактеристика на демократијата. Ниту еден друг режим не
ја препушта одлуката за политичкото водство на оние коишто
се првенствено засегнати од владејачкиот систем – народот. На секои
избори, тие можат да ја искажат својата желба за промена, како и
нивната согласност со актуелните политики и да учествуваат во
постојаниот процес на оценување. Па сепак, историјата покажува дека не
е очигледно само по себе кој има можност да учествува, а кој не. Жените,
на пример, многу долго време беа исклучени од тој процес. Во Апенцел-
Инероден, дел од Швајцарија, земја којашто е добро позната по
своите високо развиени демократски структури, жените добија право на
глас дури во почетокот на 1990-те години. Од суштинско значење е да се
осигури дека правото на глас е универзално, слободно, еднакво, тајно и
непосредно.
• Поделба на власта: Поделбата на власта, воведена како концепт од
страна на Џон Лок („Два трактата за власта“, 1690 година – “Two Treaties
on Government”) и натаму усовршен од Шарл де Монтескје („Духот на
законите“, 1748 година – “De l’esprit des lois”), во нивната борба против
апсолутистичката држава, е основно начело на современите демократии.
Според ова начело, државната власт е поделена меѓу законодавни,
извршни и судски органи коишто функционираат независно, но коишто
имаат одговорност едни кон други и кон народот. Овој систем на
проверка и рамнотежа обезбедува соодветни контролни механизми и
како таков ја спречува злоупотребата на државната власт.

Облици на демократијата

Денес, демократиите, во голема мерка, се разликуваат според нивната


градба и структура. Традиционалната разлика, којашто се прави во однос
на либералните демократии, е онаа меѓу моделите на непосредна и
претставничка демократија. Непосредната демократија е облик на
управување, каде што правото на донесување политички одлуки го
користи директно севкупното граѓанско тело, дејствувајќи согласно
постапката за владеење на мнозинството. Овој облик на демократија е
изводлив само во мали ентитети. Токму затоа, ниту еден современ
демократски систем не е чисто непосредна демократија, и покрај тоа што
речиси сите од нив имаат елементи на непосредна демократија.
Институциите на непосредна демократија се јавни собири,
народните законодавни иницијативи, отповикувања, референдуми, итн.
Вториот основен облик е претставничката демократија. Ова е облик на
управување во коешто граѓаните го користат истото право, но не лично
туку преку претставници избрани од нив и со одговорност кон нив.
Два суштински елементи на претставничката демократија претставуваат
одвојувањето меѓу оние коишто владеат и оние со коишто се владее, и
повремените избори како средство за контрола врз владеачите од страна
на оние со коишто се владее. Претставничката демократија е поврзана
со два основни системи на управување: парламентарната и
претседателската демократија.

• Парламентарна демократија: Во овој облик на управување, парламентот


има централна улога; со извршната власт раководи премиер или водач
на кабинет, којашто зависи од довербата на парламентот; шефот на
државата обично има мала иливоопшто нема извршна власт, туку
само претставничка функција.
• Претседателска демократија: Со извршната власт управува шефот на
државата, кого непосредно го избира народот и не зависи од довербата
на парламентот.
Повеќето постоечки демократии се комбинации од овие идеални видови
и содржат елементи од сите облици. Денес, највообичаениот облик на
демократија, меѓу бројните мешани модели, е парламентарната
демократија со зајакната улога на шефот на државата.

Извадок од Прирачник за едукација од областа на човековите права

You might also like