You are on page 1of 2

Почитувани едукатори,

Како и секоја година, Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации (ФАО)
организира глобален натпревар за изработка на цртеж / постер по повод Светскиот ден на
храната 2021, на кој ги покануваме и Вашите ученици да учествуваат! Потребни ни се децата и
младите да ја поддржат целта да нема гладни во светот и да создадеме свет каде секој ќе има пристап
до доволно квалитетна храна за да води активен и здрав живот.

Објавен во 2012 година, на Конкурсот за постер секоја година учествуваат млади луѓе од повеќе од
115 земји од целиот свет.

На наше огромно задоволство, две години по ред имаме победници од Северна Македонија:
ученичката Сара Цветкова од Скопје, која во 2019 година освои прва награда во категоријата 9-12
години, со нејзиниот постер кој повикува на „заштита на пчелите за постигнување на Свет без глад
(www.fao.org/europe/news/detail-news/en/c/1262587/), и ученикот Павел Милановски од Куманово кој
лани освои прва награда во категоријата од 13-15 години со цртеж во кој го претстави земјоделецот
како суперхерој (https://www.fao.org/europe/news/detail-news/en/c/1370046/)

Ги покануваме и Вашите ученици да ни се придружат!

Секоја година на 16 октомври, го славиме #WorldFoodDay (Светскиот ден на храната). Ова е втора
година кога тој се одбележува за време на пандемијата со Ковид-19; тежок период што ги наруши
земјоделско-прехранбените системи и предизвика невидена глобална економска рецесија, која влијае
на приходите на многумина. Светскиот ден на храната 2021 година ја подига свеста за потребата да се
обезбеди доволно здрава храна за сите преку подобро производство, подобра исхрана, подобра
животна средина и подобар живот.

Вашите ученици треба да бидат дел од промената.

#FoodHeroes (Хероите на храната) насекаде низ светот - земјоделци и производители на храна,


возачи, продавачи и работници во банките за храна - овозможуваат храната да дојде од фармите до
нашите трпези, дури и во тешки времиња. Ги повикуваме сите да ги поддржат хероите за храна, но ги
повикуваме и Вашите ученици самите да станат херои на храната! Тие можат да го поттикнат своето
семејство да купува домашно произведена и сезонска храна, да се потрудат да фрлаат помалку храна,
да научат да одгледуваат храна дома или на училиште, и да се залагаат за здрава исхрана.

Сите ние можеме да придонесеме за нашите земјоделско-прехранбени системи да бидат поодржливи


и подобро да се управува со природните ресурси на планетата.

ПРИЈАВЕТЕ СЕ НА НАТПРЕВАРОТ И ДЕЛУВАЈТЕ!

Поттикнете ги Вашите ученици да бидат двигатели на позитивни промени и започнете така што ќе ја
разгледате заедно Книгата со активности за Светскиот ден на храната 2021:
 на македонски јазик
 на англиски јазик
Комплетирајте ја оваа едукативна активност со тоа што ќе ги повикате вашите ученици, да се пријават
на натпреварот, со поднесување на својот постер, најдоцна до 5 ноември 2021 година.
КОЈА Е ТЕМАТА?

Десеттото издание на натпреварот на ФАО за изработка на постер за Светскиот ден на храната е


отворено за ученици од целиот свет на возраст од 5 до 19 години, со различни нивоа на знаење и
вештини.

Сакаме да ја искористат својата фантазија и да креираат постер што го покажува патот на храната!
Постојат многу различни патишта низ кои може да помине храната, а некои од нив гарантираат
поздрава иднина за луѓето и планетата. Книгата со активности за Светскиот ден на храната 2021 ги
нуди сите информации за патот на храната од нива до трпеза, кои ќе послужат за инспирација.

Постерите може да се нацртаат, насликаат или дигитално дизајнираат и да се прикачат на веб-


страницата на Светскиот ден на храната, согласно дадените упатства, со пополнување на следната
форма.

И оваа година ќе се изберат тројца победници од следните возрасни категории: 5 до 8, 9 до 12, 13 до


15 и 16 до 19 години.

ПРАВИЛА И НАГРАДИ

Повеќе детали за пријавувањето има на веб-страницата на Светскиот ден на храната. Победниците на


натпреварот ќе бидат објавени во декември на нашата веб-страница и на другите дигитални канали за
комуникација на ФАО. Тие ќе добијат сертификати потпишани од официјален претставник на
Обединетите нации, како и подарок - торба со изненадување.

Крајниот рок за поднесување на цртежите / постерите е 5 ноември 2021 година.

Ако имате какви било прашања, ве молиме контактирајте нè на wfd-poster-contest@fao.org.

Со нетрпение очекуваме да ги добиеме предлозите од вашите ученици!

Со почит,

Тимот на Светскиот ден на храната

Организација за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО)


Е-пошта: wfd-poster-contest@fao.org

Следeте нè на социјалните медиуми! #WorldFoodDay

 Facebook: https://www.facebook.com/UNFAO

 Twitter: https://twitter.com/FAO;
https://twitter.com/FAOKnowledge
https://twitter. com/FAONews

 Linkedin: https://www.linkedin.com/company/FAO
 Instagram: https://www.instagram.com/FAO/
 TikTok: https://www.tiktok.com/@fao

You might also like