You are on page 1of 2

Студирање надвор од татковината – Да или Не?

Лошата социјална положба,проблемите во секој сегмент од


опшеството а со тоа и во образованието. Факт е дека
Универзитетите во Македонија се на многу ниско место на
Шангајската листа и дека на многу малку места ги признаваат
нашите дипломи. Секој млад човек го наведува на
размислување, наместо во својата татковина да се обиде да
студира во странство.
Секоја година по петнаесет одсто од македонските студенти
заминуваат во странство. Одлуката да заминат од Македонија и
да студираат, пред се ја носат поради можноста да се стекнат со
квалитетно образование и дипломи, со кои потоа полесно ќе
можат да направат кариера во некоја од европските земји.
Постојат многу причини за студирање во странство. Студирањето
во странство е голем предизвик но и прилика за културен, личен
и професионален развој. Една причина е можноста за
стекнување на меѓународно искуство и диплома која е
признаена во цел свет. Со таква меѓународно признаена
диплома се отвараат многу опции за вработување по своја желба
.Друга предност се високо квалитетните програми кој се нудат во
странски реновирани универзитети што го подобруваат
квалитетот на личните способности.
Голем предизвик при студирање во странство може да биде
новата култура, новиот јазик, новиот начин на размислување но
и времето. Потребно е многу време да се навикнеш и да се
прилагодиш на проблемите.Секако и ако сакаш да студираш во
странство, ќе бидат потребни многу поголеми финансиски
средства . Друг голем проблем е што треба да се остави домот,
семејството, другарите и комплетно да се смени начинот на
живот. Не секој може да се прилагоди на тие околности и може
да се чувствува пренатрупан со промени и обрски. Додека
останувањето во Македонија секако би било многу по
едноставно сигурно и тука е самото учење предизвик но сепак го
разбирам јазикот, запознает сум со менталитетот и начинот на
живот и секако е полесно да се снајдеш во сопствената држава.
Студирањето во земјава е многу поефтино од колку во странство,
подостапни се универзитетите и поблиску си до својот дом.
Светот моментално стана глобално село со употреба на интернет
и високо технолошки комуникации и лесно може да се дојде до
било каква информација.
Нема конкретен одговор на прашањето дали да се студира
во странство затоа што се зависи од дадениот момент и од многу
фактори кој не секогаш зависат од поединецот . Различни
фактори како условите на факултетот, цената, моменталните
услови во државата каде што живееме, сето тоа во голема мерка
дава да се размисли дали да се студира во странство или да се
остане во домашната земја.

You might also like