You are on page 1of 20

Универзитет „Св.

Кирил и Методиј“ во Скопје


Економски факултет - Скопје

Код: FIN 230


Семестар: 3 (зимски)
Фонд на часови: 6+0
Кредити: 8

ЈАВНИ ФИНАНСИИ
Доц. д-р Сузана Макрешанска Младеновска
Приемно време:
Понеделник и вторник: од 10:00 до 12:00 часот
Телефон: 02 3 286 863
E-mail: suzana@eccf.ukim.edu.mk
Што се јавни финансии?

Јавните финансии се научна дисциплина, која ја изучува


улогата на државата во економијата.

Конкретно, јавните финансии ни овозможуваат да


разбереме како државата прибира јавни приходи и како ги
извршува јавните расходи, со цел остварување на
одредени економски и социјални цели во општеството.
Некои поинтересни прашања кои ќе ги
изучуваме по овој предмет:
1. Улогата на државата во современите економии.
2. За која намена државата треба да ги троши средствата од
граѓаните?
3. Како да се распредели даночниот товар? Дали богатите треба
да плаќаат повисоки даноци, ако да, колку повисоки?
4. Дали може да се избегне плаќањето на даноците?
5. Дали и на кој начин даночната политика влијае врз
однесувањето на луѓето?
6. Јавните финансии во РМ наспроти останатите земји.
Улогата на државата во современите
економии
Графикон: Даночни приходи, % од БДП
За која намена државата ги троши
средствата од граѓаните?
Графикон: Јавни социјални расходи, % од БДП
Држава на благосостојба
Држава на благостојба
е концепт во кој
државата (владата)
има клучна улога во
промовирањето и
заштитата на
економската и
социјалната
благосостојба на
своите граѓани.
Како да се распредели даночниот товар?
Престанете да ги галите богатите!
Правилото на Бафет
(Buffet Rule) е дел од
даночната реформа во
2011 година на
претседателот Обама, со
која се наметна
минимална даночна
стапка од 30% за
даночните обврзници
кои заработуваат над 1
милион долари годишно
(0,3% од граѓаните).
Дали даноците можат да се избегнат?
Францускиот актер Жерар Депардје се
најде во центарот на вниманието на
јавноста, откако во декември 2012 година,
се откажа од своето француско
државјанство, во знак на револт поради
воведувањето на данокот од 75% за
богатите Французи кои заработуваат над
1 милион евра годишно. Денес тој е
државјанин на Русија, каде плаќа данок на
доход по стапка од 13%.
Дан ците и фудбалските трансфери

Спортските мега - ѕвезди често ги менуваат


клубовите заради разликите во даночните
стапки. Во 2004 година, Дејвид Бекам
замина од Манчестер Јунајтед во Реал
Мадрид.
Причина: даночната стапка на данокот
на доход во Англија изнесуваше 40%, а во
Шпанија тукушто се промени за
(странските резиденти) на 24%.
Популарно, овој закон се нарекува Бекамов
закон.
Како даночната политика влијае
врз обичните граѓани?
Во април 2017 година, Калифорнија го зголеми данокот на
цигари од 0.87$ на 2.87$ за кутија. Очекувано, цената на
цигарите драстично порасна (од 6$ на 9$), а продажбата
опадна за цели 56%. Дали ова значи дека за 56% се
намалил бројот на пушачи? Веројатно не. Зошто?
Во месец март, еден месец пред поскапувањето,
продажбата на цигари се зголемила неколкукратно, како
резултат на тоа што луѓето купуваа залихи. Сепак, по
стабилизирање на пазарот и исцрпување на „резервите“, во
наредните три месеци продажбата се намалила за 23% во
однос на периодот пред поскапувањето.
Јавните финансии во Р. Македонија
Буџетот на Р. Македонија за 2019 година тежи 228 млд. денари (3.7 млд. евра).
Јавните приходи изнесуваат 210 млд. денари (3.4 млд. евра), а буџетскиот
дефицит е проектиран на 18 млд. денари (300 мил. евра).

Управа за јавни
приходи (лево);
Министерство за
финансии (десно)
Јавните финансии во Р. Македонија
во споредба со други земји

(за 2019 год.) САД Германија Грција Хрватска Македонија


Буџет,
милијарди $
4 407 1 626 96,3 24,9 3,9
Јавни расходи, по
жител, $
13 560 19 644 9 003 6 072 1 936
Јавен долг,
милијарди $
21 500 2 370 359 43 5,8
Јавен долг по
глава жител, $
62 034 28 536 33 391 10 478 2 913
БДП по жител, $ 59 792 44 659 18 624 13 397 5 468
Сиромаштија, % 1,3% 0% 1,5% 0,7% 5%
Основни информации во врска со
предметната програма
1. Содржина на предметната програма
2. Материјали за учење
3. Начин на изведување на наставните активности и
оценувањето
4. Определување на тимови и теми за изработка на
стручни проекти
Содржина на предметната програма
1. Вовед во јавните финансии
2. Пазарен неуспех и функции на државата
3. Јавни расходи
4. Јавни приходи
5. Јавен долг и буџетско салдо
6. Фискална политика
7. Фискални односи помеѓу различните нивоа на власт
8. Јавните финансии во Р. Македонија (даночен систем, јавни
расходи, јавен долг и фискални односи помеѓу централната и
локалната власт)
Материјали за учење
Основна литература:
1. Учебник по ЈАВНИ ФИНАНСИИ, Ж. Атанасовски, Економски факултет - Скопје,
2004 година;
2. Материјали во електронска форма (презентации), со кои ќе се надополнува
материјалот во учебникот, особено во вториот дел кој се однесува на јавните
финансии во Р. Македонија.

Поширока литература (превод на македонски јазик):


1. Книга по Јавни финансии, Харви С. Розен & Тед Геер, 2008 година
2. Книга по Економија на јавниот сектор, Џозеф И. Стиглиц, 2009 година
Начин на изведување на наставните
активности и оценувањето
Наставните активности вклучуваат класични предавања, предавања од гости-
спикери и презентирање на проектни задачи од страна на студентите.
Испитот се полага писмено преку два колоквиума (континуирано оценување) или
преку испит во некоја од предвидените испитни сесии.
◦ Континуираното оценување се состои од:
◦ Поени од прв и втор колоквиум (до 100 поени)
◦ Поени од редовност и активност на часовите (до 10 поени) и
◦ Поени од изработка и презентација на проектна задача (до 10 поени).
◦ За положување на испитот потребно е да се освојат најмалку 25 поени на секој од двата
колоквиума и најмалку 65 поени вкупно по сите основи.

Тестовите за колоквиумите и испитите се состојат од два вида прашања, и тоа:


(1) прашања прилагодени за прегледување на оптички читач (точно/неточно и
повеќекратен избор) и (2) отворени прашања (проблеми) на кои се даваат кратки
одговори со пишување.
Определување на тимови и
теми за изработка на стручни проекти
Проектните задачи се работат индивидуално или во тимови составени од најмногу
двајца студенти и задолжително се презентираат на некој од предвидените часови,
во договор со наставникот.
Студентите кои се заинтересирани за изработка на стручен труд, потребно е да се
пријават кај наставникот и да изберат една од однапред определените теми.
◦ Пријавувањето на проектните задачи ќе се врши до 31ви октомври 2019 година, а рокот
за предавање на проектите е 31ви декември 2019 година.

Оценката од проектната задача на секој тим, се формира на следниов начин:


◦ Оценка која ја доделува наставникот (50%) и
◦ Оценка која ја доделуваат студентите (50%).
Поважни датуми
Полагање прв колоквиум
22ри ноември 2019 (петок)
Полагање втор колоквиум
13ти јануари 2020 (понеделник)
Полагање испит во јунска испитна сесија
27ми јануари 2020 (понеделник)
Земање потписи за редовност на наставата
24ти – 30ти декември 2019
Zephyr.ugent.be

За полесна комуникација, доставување на материјали за учење, објавување на


резултати и друго, ќе ја користиме платформата Zephyr.
Регистрирајте се на следниов линк: https://zephyr.ugent.bewww.zephyr.ugent.be

Изберете предмет:
If you want to be successful,
make reading a habit.

You might also like