You are on page 1of 5

УНИВЕРЗИТЕТ "АМЕРИКАН КОЛЕЏ"

Улица Трета Македонска Бригада / Third Macedonian Brigade Street,


Phone/Fax: +389 2 246 3156, admissions@uacs.edu.mk, www.uacs.edu.mk

Предмет: ВОВЕД ВО МИКРОЕКОНОМИЈА

Семестар: Есен 2016/2017


Предавач: Проф.Д-р Евица Делова-Јолевска
е-меил: evicadj@uacs.edu.mk

Број на курсот: ECON 1000


Кредити: 6 ЕКТС/3 часа неделно
Предавања:
Приемно време:

Опис на предметот
Курсот започнува со воведување на студентите со економски начин на размислување и
дискутирање за основните економски принципи и идеи. Потоа ќе следи воведна анализа на
пазарните сили и меѓузависноста на економските агенти преку прикажување на концептите
на побарувачката и понудата, како и нивната еластичност. Следствено, моделот за
потрошувачкиот и производниот вишок ќе биде објаснет со цел да се разберат основите на
пазарната рамнотежа и ефикасност, со кратко разгледување на основните принципи во
економијата на јавниот сектор. Teоријата на однесување на фирмите како и различните
трошоци за производство ќе бидат детално изучувани со фокус на одделните пазарни
структури: совршена конкуренција, монопол, олигопол, монополистичка конкуренција.
Понатаму ќе бидат разгледани пазарите на труд и факторите на производство, како и
теоријата на изборот на потрошувачот.

Основна литература
Mankiew, G. (2004) Основи на економија, 3то издание, Thomson South-Western (превод на
македонски јазик, достапна во Библиотеката на Универзитетот)

Дополнителна литература
Фити, Т. (2004), Основи на микроекономијата, Економски факултет, Скопје
Pindyck, R. и Rubienfeld, D. (2004) Микроекономија, 6то издание, Person education
Маnkiew, G. (2011) Principles of Economics, 6th edition, Thomson South-Western
Varian, H.R. (2002) Intermediate Microeconomics: A modern approach, 6то издание
W.W.Norton and Company: College Books* (*напредна литература)

Цели на изучување на предметот


 Да развие економско размислување за светот;
 Да се разберат основните детерминанти на пазарните сили на понудата и
побарувачката, како и пазарната рамнотежа;
 Да се воведат во видовите трошоци, концептот на оптимално производство и
максимизација на профитот;
 Да се проучат различните видови пазарни структури, факторите кои влијаат на
однесувањето и на донесувањето одлуки на економските агенти (фирмите и
домаќинствата).
 Да се запознаат микроекономските концепти поврзани со макроекономските концепти
и политики (јавните добра, пазарниот неуспех, улогата на владата, трошоците на
оданочувањето итн.).

Очекувани резултати
 Да се научат основните концепти на микроекономијата и нивната поврзаност со
секојдневните случувања, донесувањето на секојдневни одлуки и пазарното однесување;
 Да го разберат однесувањето на потрошувачите и нивниот избор, факторите на
понуда и побарувачка;
 Да го разберат однесувањето на фирмите, оптималното производство и
максимималниот профит;
 Да ги анализираат различните видови пазарни структури и нивното влијание на
однесувањето на фирмите;
 Да ги разберат ектерналиите, пазарните неуспеси и видовите добра.

Предавања
Предавањата ќе ги опфатат релевантните поглавја од учебникот, како што е прикажано во
распоредот на лекциите. За секое предавање ќе биде изработено презентација во форма
PPT (power point presentation), кои ќе бидат дистрибуирани на Shareportal, SBEM, прв
семестар, Вовед во микроекономија. На часовите ќе бидат и дискутирани примери од
праксата, ќе се решаваат проблеми, индивидуално и во работа во групи. Студентите се
охрабруваат да поставуваат прашања и активно да учествуваат во дискусиите. Домашните
задачи ќе бидат давани редовно за теми покриени на предавањата.

Очекувањата на предавачот од студентите:


 Да присуствува на предавањата, да запишува забелешки и да ги решава домашните
задачи на редовна основа, со цел да обезбеди адекватна и времена подготвеност за
испитите;
 Да придонесе за интерактивен час со критично размислување на прашања презентирани
на предавањата, како и со предлагање теми за дискусија;
 Да подготви сопствен распоред за учење и решавање проблеми и да го следи истиот;
 Да се обиде да ги поврзе материјалите од сродните предмети: Социјален и економски
развој, Статистика, Макроекономија...
 Да биде дисциплиниран и да избегнува неакадемско однесување (препишување,
копирање туѓи трудови итн.)

Евалуација на постигнувањата:
 Испити: Еден колоквиум и еден финален испит. Двата испити ќе вклучат прашања од
теми покриени на предавањата (изборни прашања, Т/НТ прашања, како и практични
проблеми)
 Проект: Студентот ќе треба да презентира негово размислување базирано на рационално
мислење и микроекономски принципи обработени за време на курсот и анализирани во
учебникот. Проектот ќе вклучи решавање на практичен проблем и примена на
микроекономски размислувања за анализа на дадената реална апликација.
 Присуство на час и активност: Редовно присуство и активност на час ќе бидат високо
ценети. Отсуство од предавања или неактивност ќе се смета за негативно и може да
влијае за промена на вкупната оцена.
 Домашни задачи. Со самостојна изработка на домашните задачи ќе се подготвите за
самостојно и успешно полагање на колоквиумите

Индивидуалниот придонес од споменатите елементи во финалната оценка ќе бидат:


 Прв колоквиум 35%
 Финален испит 35%
 Проект 10%
 Активност/присуство на час 10%
 Домашни задачи 10%

Распоред на предавањата:
Час / Лекција Учебник (N.G.Mankiw, 2004)
Час 1 Глава 1: Основи на економија
Глава 2: Размислувајќи како економист
Час 2
Однесување на пазарот: Глава 4: Пазарните сили понуда и побарувачка
Вовед во Побарувачка, понуда и
пазарен еквилибриум
Час 3
Однесување на пазарот:
Фактори кои ги определуваат Глава 5: Еластичноста и нејзината практична
кривите на понудата и примена
побарувачката и ефектите од Глава 6: Понуда, побарувачка и владините
ценовна контрола политики
Час 4
Однесување на пазарот: Глава 7: Потрошувачи, производители и
Евалуација на пазарната ефикасност на пазарите
ефикасност со употреба на
потрошувачки вишок и вишок на
производителот
Час 5
Економија на јавниот Глава 10: Екстерналии
сектор:Екстерналии, пазарна Глава 11: Јавни добра и заеднички производи
ефикасност и Владина
интервенција
Час 6
Однесувањето на Глава 13: Трошоци на производство
претпријатието:
Донесување одлуки базирани на
понудата, производната функција
и видови на криви на трошоци
Час 7 Прв колоквиум
Час 8
Индустриска организација:
Глава 14: Претпријатија на конкурентните пазари
Максимизирање на профитот и
крива на понуда на фирма од
совршена конкуренција
Час 9
Индустриска организација:
Глава 15: Монопол
Профит на Монопол и пазарна
дискриминација
Час 10 Глава 16: Олигопол
Индустриска организација:
Теорија на игри и економија на
Глава 17: Монополистичка конкуренција
соработка, рекламирање и бренд
имиња
Час 11 Гостин предавач
Час 12
Економија на пазарите на
работна сила: Фактори на понуда Глава 18: Пазарите на факторите на производство
и побарувачка на труд, земја и
капитал
Час 13
Однесување на потрошувачот:
Буџетско ограничување,
Глава 21: Теорија на избор на потрошувачите
преференции и криви на
индиферентност; оптимизација на
однесувањето на потрошувачот
Час 14 Презентација на проектите и повторување за
Повторување за финалниот финалниот испит
испит
Час 15 Финален испит

CPC Покриеност:
1. Функционални области
Маркетинг 3
Бизнис финансии 9
Сметководство 6
Раководење ( Организационо однесување – Раководење со човечки ресурси –
Менаџмент работење ) 15
2. Бизнис средини
Правни бизнис средини 3
Глобални димензии на бизнис 60
Економија 6
Бизнис етика 6
3. Технички вештини
ИТ –Пресметки 6
Статистика / Квантитативни техники 6
4. Интегративни области
Бизнис политика / Стратегија 15
Практично / севкупно искуство 15

Насоки за оценување:
Оцена: Процент: Успех:
A 96-100 Одличен
A- 90-95 Одличен
B+ 87-89 Многу добар
B 83-86 Добар
B- 80-82 Добар
C+ 77-79 Добар
C 73-76 Доволен
C- 70-72 Доволен
D+ 67-69 Недоволен
D 63-66 Недоволен
D- 60-62 Недоволен
F 0-59 Неположен
С- или подобра оцена е потребна да се употреби еден курс како претходен или како основен
GPA (Graduate point average - Просек) се пресметува со квалитативните поени постигнати за
сите предмети.
Најмала средна оценка потребна за трансфер или за дипломирање по ACS (American Credit
System) e 1.67.
За да ја слушате следната година потребно е да имате просечна оценка барем 1.67
(С-).

Спроведување на испити

Тестовите на испитите (колоквиумите) се решаваат без литература.


Мобилни телефони не се дозволени на часовите и колоквиумите.
Разговарање и препишување на испитите се казнува со оценка F.
Оценка I (incomplete) се добива ако студентот не направи еден од колоквиумите, или не
направи поправен испит пред да се запише оценката во студентски прашања.

Однесување на часовите

За редовноста на предавањата и вежбите ќе се води список на студенти.


Не е дозволено задоцнување (најмногу пет минути на првиот час).
Пред секое предавање пожелно е студентите да прашаат за сите нејасни работи од
претходното предавање или вежби.
Не разговарајте за време на часот т.е. бидете колегијални, бидејќи им пречите на оние
колеги кои сакаат да слушаат.
Студентот е одговорен за пропуштање на соопштенија и дискусии на часовите поради
невнимавање. Дополнителни известувања се даваат само за време на консултации.

Проф. Д-р Евица Делова-Јолевска

You might also like