You are on page 1of 4

се поголем број компании доаѓаат до заклучок дека развојната функција е неопходна

ако сакаат да постигнат подобри ефекти и решенија.

24. Агрегатно планирање-цели на агрегатното планирање?

Агрегатното планирање го означува капацитетот на средно ниво на планирање


кој се однесува на временски пеиод од 2 до 12 месеци. Корисно е за компаниите кои
имаат сезонски или други флуктуации во побарувачката или капацитетот. Агрегатното
планирање е пристап во планирањето, преку кој се прикажува големиот, односно,
генералниот план. Задолжените за планирање се стремат да го избегнат
фокусирањето на поединечни производи или услуги, освен во случаите кога
компанијата произведува само еден голем проивоид или овозможува само една
услуга, при тоа фокусот е на слични групи произоди или услуги, или понекогаш на
целиот производ или линијата производи.

Целта на агрегатното планирање е да се изедначи понудата на со побарувачката


на компанијата. За да се постигне оваа цел, компанијата мора да го усклади својот
капацитет со побарувачката што одговара на достапната количина на понудата.

Причини поради кои компаниите мора да го користат агрегатното


програмирање се:

 Првата причина е поврзана со планирањето што е потребно за времетраењето


на изработката на производот;

 Втората причина има стратегиско значење: целокупното планирање е значајно


бидејќи не е можно да се предвиди тајмингот и степенот на побарувачка за
определен производ.

25. Наброј ги критериумите со кои се дефинира квалитетот на производот и


објасни го производниот критериум (Manufacturing-Based Criterion)?

Со цел да се олесни дефинирањето на квалитетот на производите,


формулирани се повеќе критериуми и дефиниции за истите:

1. Субјективен критериум ( Judgmental criterion);

2. Критериум заснован на производ/услуга ( Product – Based


criterion );

3. Критериум заснован на барањата на потрошувачот (User-Based


Criterion;

4. Критериум на база вредност (Value-Based Criterion);

5. Производен критериум (Manufacturing-Based Criterion):

Овој критериум под квалитет подразбира постигување на дефинираните


исходи од производствениот процес, или со други зборови, постигнување на
15
определени, специфични параметри. За дадена големина, под спецификација
подразбираме: целна вредност – придружна толеранција, одредена од страна на
проектантот на призводот. Целна вредност е онаа кон која се стреми, додедека
толерантна вредност е одговор на стварноста бидејќи и проектантите се свесни дека
е невозможно да се постигне и одржи целната вредност цело време во
производството. Пример за специфицирана должина е “0.222cm + - 0.002cm”, каде што
целната вредност е 0.222 см, а толеранцијата т.е. дозволеното отстапување од
идеалната големина е 0.002 см.

- “Квалитет значи прилагодување на побарувањата” (Philip B. Crosby)

- “Квалитетот е степен до кој специфичниот производ се приспособува на планот


(дизајнот) или спецификацијата” (Harold L. Gilmore)

26. Менаџмент на тотален квалитет (TOTAL QUALITY MANAGEMENT - TQM)?

Квалитетот на производот и услугата постана најконкурентното оружје на


организациите на денешниот глобален пазар. Со клинтите кои бараат квалитет и
конкуренцијата која реагира на таквите барања, бизнисите се свртеа кон менаџментот
на тотален квалитет (Total Quality Management - TQM) како клуч за подобрување на
севкупните перформанси.

Менаџментот на тотален квалитет (TQM) е филозофија, збир на алатки и


процеси кои како резултат донесуваат задоволство на потрошувачите и континуирано
подобрување. TQM концептот се залага за победничко однесување "win-win attitude"
обезбедувајќи им додатна вредност на производите и услугите. Менаџментот на
тотален квалитет го обединува концептот на квалитет на производот, контрола на
процесот, обезбедување на квалитет и подобрување на квалитетот.

TQM е концепт кој се фокусира на задоволување на барањата, како на


екстерните така и на интерните корисници. За да може TQM да се спроведе, топ
менаџментот не треба да е само заинтересиран туку треба целосно да е посветен во
неговата имплементација. Резултатите од менаџментот на тотален квалитет вклучуваат
процеси кои произведуваат производи без грешка, со конкурентни цени и висока
вредност.

Пред сè, TQM обезбедува задоволување на потребите на сите


корисници, подобрување на внатрешните процеси кои ја зголемуваат добивката на
организацијата и создавање на услови за производство на нови производи и услуги, а
со тоа и поголем пазарен удел. TQM ги опфаќа сите функции во организацијата,
почнувајќи од маркетинг и продажба, преку проектирање, производство и услуги. За

16
успехот на TQM неопходни се три фактори: ефективна обука, ефикасно
спроведување и целосна посветеност на врвниот менаџмент.

27. Основни компоненти на TQM – посветеност и лидерство?

TQM е пристап кон подобрување на конкурентноста , ефикасноста и


флексибилноста на една организација во корист на сите засегнати страни. Тоа е начин
на планирање, организирање и разбирање на секоја активност, и за отстранување на
сите потрошени напори и енергија, кои како рутина се потрошени во организациите.
TQM обезбедува водачите да усвојат стратешки преглед на квалитетот и да се
фокусираат повеќе на превенцијата а не на откривање на проблемите .

За да TQM биде успешен, мора да се вклучат сите вработени во


организацијата, но мора да се почне со врвот, со лидерите на организацијата.

Сите менаџери од високо ниво мора да ја покажат нивната сериозност и


посветеност на квалитетот, исто така и менаџерите од средно ниво, како и
демонстрирањето на нивната посветеност , при што мора да се осигураат дека тие ги
комуницираат принципите, стратегиите и бенефициите на луѓето за кои тие имаат
одговорност. Само тогаш правилните ставови ќе се шират низ организацијата.

Лидерите мора да преземат одговорност за подготовка, разгледување и


следење на бизнис политиките, плус да учествуваат во редовните подобрувања на тоа
и мораат да обезбедат тоа да е сфатено на сите нивоа на организацијата.

Ефективно лидерство започнува со развој на мисија, проследено со


стратегија, која е преведена на акциони планови надолу низ организацијата.
Стратегијата во комбинација со пристапот на TQM, треба да резултира со квалитетна
организација, со задоволни клиенти и добри деловни резултати.

Барања за ефективно лидерство се:

 Подготовка и објавување на корпоративните верувања, вредности и цели,


често како изјава за мисијата;

 Личен ангажман и дејствување како добри примери за култура на тотален


квалитет;

 Развивање јасни и ефикасни стратегии и поддршка на планови за


постигнување на мисијата и целите;

 Разгледување и подобрување на менаџмент системот;

 Комуникација, мотивирање и поддршка на вработените и нивно


поттикнување за ефективно учество;

17
Задачата за спроведување на TQM може да биде застрашувачка . Ова е листа
на точки која лидерите треба да ја разгледаат. Тие се дестилација на разни верувања
од гуруата на квалитетот:

 На организацијата и треба долгорочна посветеност кон континуираното


подобрување.

 Усвојување на филозофијата на нула грешки / дефекти за промена на културата


во организацијата во "правилно од прв пат".

 Обука на луѓето да ги разберат односите клиент / снабдувач.

 Согледување дека подобрувањето на системите мора да се управува.

 Усвојување на современи методи на надзор и обука – да се елиминира стравот.

 Елиминирање на бариерите помеѓу одделите преку управување на процесот -


подобрување на комуникациите и тимската работа.

 Константно едуцирање и преквалификација – развивање на експерти во


организацијата.

 Развивање систематски пристап за управување со имплементација на TQM.

18

You might also like