You are on page 1of 22

Евалвација и оценка на

менаџментот на квалитетот

Група 8:
Јорданчо Котевски 1948 Група 10:
Минела Ибраими 1942 Даниел Насковиќ 1651
Ардијан Љатифи 1621 Бојан Робески 1659
Стоев Петар 1617
Проверка (одит) на квалитетот

За редуцирање на отстапувања и можноста за подобрувања во


една фирма се реализираат проверки или одит.
Одит на квалитетот претставува систематска и независна
проверка и евалвација со цел да се определи дали активностите
сврзани за квалитетот се ефикасно воведени и се соодветни за
постигнување на зададените цели.
Предности на одит на квалитетот

• Обезбедува сознанија за тоа дали системот за квалитет е комплетиран.


• Периодичните одити им даваат до знаење на сите дека фирмата сериозно
се однесува кон континуираното подобрување.
• Одитот често открива активности кои се иновативни кои што за понатаму
треба да се афирмираат и да се користат низ целата фирма.
• Одитот укажува на подрачјата кои се неадекватни и кои треба да се
унапредат.
• Одитот претставува постојан запис на напредокот во достигнувањето на
целите на системот за квалитет.
Одит на системите за квалитет

Одитот на системите за квалитет претставува ефикасна проверка со цел да се


откријат проблемите и можностите за подобрувања.

Процесот, организационата структура, процедурите и ресурсите кои


произведувачите и добавувачите ги користат за да ги контролираат овие
варијабли, за да произведат производ со постојан квалитет, кој ќе
одговара на спецификацијата и барањата, се нарекува систем за
квалитет.
Типични содржини на одитот на системот
за квалитет:
• Вклученост на менаџментот и лидерството.
• Проектирање на производи и процеси.
• Контрола на производите.
• Комуникација со купувачите и добавувачите.
• Програма за подобрување на квалитетот.
• Партиципација на вработените.
• Образование и обука.
• Информации за квалитетот.
Треба да се води сметка одитот да не стане рутинска проверка,него треба да
им даваа драгоцени информации на менаџментот.
ISO 9000 стандардите за системите за
квалитет
• За да се стандардизираат барањата за квалитет на заедничкиот европски
пазар ISO прифатиле, во 1987 година, серија стандарди за квалитетот,
познати како ISO 9000.
• Тие се стандарди за системите за квалитет кои ја водат компанијата во
однос на специфичните барања во областа на развојот на производите,
производството, инсталирањето и сервисирањето на производите.
Структура на ISO 9000 стандардите

Во досегашниот период на примена на овие стандарди донесени се три


верзии, и тоа : ISO 9000-1987, ISO 9000-1994 и ISO 9000-2000.
ISO 9000-1994
Стандардите ги дефинираат трите нивоа на обезбедување на квалитет:
o ISO 9001 е модел за фирми кои проектираат, развиваат, произведуваат,
инсталираат и сервисираат производи,
o ISO 9002 е модел за фирми кои само призведуваат и инсталираат производи
и
o ISO 9003 е модел за фирми кои се ангажирани во завршната контрола и
тестирањето на производите.
• Менаџментот треба да ја воспостави, документира и публикува својата публика,
целите и посветеноста кон квалитетот и задоволувањето на купувачите.
• Менаџментот одредува претставник со целосен авторитет и одговорност кој ги
воведува и одржува барањата од стандардите.
• Менаџментот ги дефинира одговорноста, овластувањата и заемните врски за сите
вработени чија работа влијае врз квалитетот.
• Менаџментот спроведува внатрешна верификација и преглед на системот за квалитет.

Прегледот содржи:
o Резултати од интерните одити на квалитетот,
o Ефективност на менаџментот,
o Дефекти и нерегуларности,
o Решенија на проблемите на квалитетот,
o Имплементација на поранешни решенија,
o Манипулација со отфрлени производи,
o Резултати од примената на статистичките алатки,
o Влијание врз актуелните резултати
Основните барања за преостанатите елементи на ISO 9001 се сумирани на
следниов начин:

• Систем за квалитет
• Анализа на договорите
• Контрола на конструкцијата
• Контрола на документите
• Нарачки
• Добавувачи
• Идентификација и следење на производите
• Контрола на процесите
• Опрема за контрола, мерење и испитување
• Контрола и статус на испитувањето
• Контрола на неприфатени производи
- Корективни мерки
- Манипулирање, чување, пакување и испорака
- Записи за квалитет
- Интерни одити на квалитетот
- Обука
- Сервисирање
- Статистичка контрола

ISO стандардите подлежат на периодични ревизии.


Во новата верзија на стандардите постојат
само 4 стандарди, и тоа:

• ISO 9000, основи и речник


• ISO 9001, барања
• ISO 9004, насоки за подобрување на
перформансите
• ISO 1911, одит на менаџмент системот
Главните промени во ISO 9001 се:

• Процесно ориентиран пристап со помало инсистирање на


процедурите, а поголемо на процесите кои се потребни за
задоволување на барањата за купувачите
• PDCA структура на стандардот
• Поголем акцент на купувачите, вклучувајќи го барањето за
сознавање на нивните барања, очекувања и задоволство
• Поголем акцент на ресурсите, посебно на луѓето
• Поголем акцент на инволвираноста на врвниот менаџмент
Сертификација на системите за квалитет

• Процесот на сертификацијата вклучува преглед на


документацијата, претпроверка и проверка, како и повремен
одит со кој се потврдува работењето на регистрираниот
систем.

• Ресертификација се реализира на секои три години.


Malcolm Baldrige национална
награда за квалитет

За ова награда се изградени критериуми околу клучните вредности на фирмата:


• Квалитет ориентиран кон купувачот
• Лидерство
• Континуирано подобрување
• Партиципација и развој на вработените
• Брза реакција
• Квалитет на дизајнот и превенција
• Долгорочен поглед во иднината
• Развој на партнерство и др.
Овие клучни вредности се содржани во седум категории кои ја
претставуваат основата за проверка на фирмата:
1. Лидерство 4.Развој на човечките ресурси и менаџмент
2. Информации и анализи 5.Менаџмент на процесите
3. Стратешко планирање 6.Деловни резултати
7.Фокусираност на купувачите и нивно задоволување
Системот за оценување при доделување на
наградата

Системот се базира врз основа


на три евалвациони димензии:
• Пристап
• Примена
• Резултати
ISO 9000 и Malcolm Baldrige наградата

• Две најчести недоразбирања за ISO 9000 и Malcolm Baldrige


наградата се дека двете имаат слични барања и дека обете се
однесуваат на подобрувањата и резултатите. Во суштина, обете
се со значително различни инструменти кои можат да си
помогнат комплементарно, доколку се користат на прав начин.

• Многу компании ги користат критериумите на Baldrige


наградата и ISO 9000 компатибилно и симултано.
Европска награда за квалитет

• Европската фондација за менаџментот на квалитетот, заедно со


Европската организација за квалитет во 1991 година ги
промовирале критериумите за Европската награда за квалитет.
• Фирмите кои се пријавуваат за наградата мора да покажат дека
нивниот TQM пристап значително придонел за задоволување на
очекувањата на купувачите, вработените и другите
заинтересирани.
• Процесот за оценување е многу сличен на оној на Балдриџовата
награда во САД и Деминговата награда во Јапонија
Ви благодариме на вниманието !

You might also like