You are on page 1of 10

Времетраење на образованието: четири години

Струка: машинска
Профил: автотехничар–мехатроничар
Наставен предмет: контролна технологија
Година на изучување: трета
Статус на наставниот предмет: задолжителен

Тематскасодржина Фондн Познавање Сфаќање Примена Вкупно


ачасов
и
Стандарди за 12 4 3 2 17%
квалитет 9
прашања
Круг на квалитет на 18 5 3 4 25%
услуга 12
прашања
Квалитет на 24 7 5 5 33%
организацијата на 17
работењето прашања
Квалитет на 18 5 4 3 25%
работењето 12
прашања
Вкупно 72 40% 30% 30% 100%
21 15 14 50
прашања прашања прашања прашања

1. Што е стандард?
А. договор за норма / пропис меѓу два или повеќе субјекти за извршување
на одредена работа.
Б. договор за квалитет.
В. усогласеност на постапки за одредена работна операција.
Г. норматив на однесување при спроведување на одредена постапка.
Тема: Стандарди за квалитет
Познавање

2. Кои видови на стандарди се применуваат?


А. интернационални, регионални, национални и интерни.
Б. ISO, DIN, JUS, GOST . . .
В. национални и интернационални.
Г. за производство, музика, уметност, храна . . .
Тема: Стандарди за квалитет
Познавање
3. Што е ISO ?
А. меѓународна организација за стандардизација, која истовремено е
федерација на националните тела за стандардизација.
Б. меѓународен стандард за квалитет.
В. интернационален комитет за стандарди.
Г. федерација на стандарди за квалитет.
Тема: Стандарди за квалитет
Познавање

4. Што е потребно за успешно спроведување на менаџмент


на квалитет ?
А. треба да се изготви соодветна документација (планови, прирачник за
квалитет, спецификации, упатства и записници).
Б. добра организација на работење.
В. квалитетни производи и соодветна опрема.
Г. дисциплина во работењето и квалитетна суровина.
Тема: Стандарди за квалитет
Познавање

5. Како треба да се дефинира стандард ?


А. јасен, еднозначен и не смее да иницира недоразбирање или толкување во
секој поглед.
Б. кратко, едноставно и без додатни објаснувања.
В. единствен со едноставна дефиниција.
Г. да ги покрива основните карактеристики.
Тема: Стандарди за квалитет
Сфаќање

6. Што претставува ISO 9000 ?


А. фамилија на стандарди за менаџмент на квалитет.
Б. меѓународен стандард за квалитет на услуги.
В. интернационална група на стандарди.
Г. група стандарди кои препорачуваат мерки за услуги.
Тема: Стандарди за квалитет
Сфаќање

7. Кој ги изработува националните стандарди ?


А. национален завод за стандардизација.
Б. група производители заинтересирани за квалитет.
В. меѓународен комитет за изработка на стандарди.
Г. министерство за економија на секоја земја.
Тема: Стандарди за квалитет
Сфаќање
8. Зошто служи менаџмент систем за квалитет ?
А. за утврдување на политиката и целите на системот за квалитет.
Б. за подршка на систем за управување со квалитетот.
В. за спроведување на договорените нормативи.
Г. му помага на менаџерскиот тим.
Тема: Стандарди за квалитет
Примена

9. Зошто служи подобрувањето на системот за квалитет ?


А. да се зголеми задоволството на купувачите и другите заинтересирани.
Б. за подобри услови на работење.
В. заради подобар квалитет на услуги.
Г. за надградување на системот за услуги.
Тема: Стандарди за квалитет
Примена

10. Кои елементи имаат позитивно влијание врз


квалитетот на услугата ?
А. ефикасност, доверба, добар однос, достапност и јасно
формирана понуда.
Б. љубезност и професионален однос.
В. брзина, точност и ефтина понуда.
Г. квалитетна опрема и добра локација.
.
Тема: Круг на квалитет на услуга
Познавање

11. Какви видови на квалитет познаваш ?


А. слаб, добар или одличен квалитет.
Б. квалитет што може или не може да се примени.
В. лош или солиден квалитет
Г. половичен, стандарден или нестандарден квалитет.
Тема: Круг на квалитет на услуга
Познавање

12. Што е способност на една организација ?


А. можност за создавање на производ кој ги исполнува планираните барања на
пазарот.
Б. навика за исполнување на бараните услови.
В. можност за прилагодување на условите.
Г. умешност за искористување на секоја прилика.
Тема: Круг на квалитет на услуга
Познавање

13 . Кои се елементите на кругот за квалитет ?


А. планирај, реализирај, провери и корегирај.
Б. добар однос, квалитетна работа, наплати ја услугата.
В. професионалност, добра опрема и ефикасност.
Г. преговарај, работи, наплати и гарантирај.
Тема: Круг на квалитет на услуга
Познавање

14. Кои документи се формираат при планирањето ?


А. деловник, програма, правилник, стандарди, извештаи и формулари.
Б. план за работа, правилник со цена и формулари.
В. програма за работа, ценовник за услуги и простор за работа.
Г. се планира времето за работа-норматив по работен час.
Тема: Круг на квалитет на услуга
Познавање

15. Каде се постигнува повисок квалитет на извршената услуга?


А. на специјализираните работни места.
Б. кај добрата организација и опременост на извршителот.
В. кога се работи со висока стимулација.
Г. каде постои желба за постигнување на висок квалитет.
Тема: Круг на квалитет на услуга
Сфаќање

16. Што е купувач ?


А. поединец или организација која купува производ /услуга.
Б. лице што купува одредени производи за свои потреби.
В. странка која договара изработка на некој производ.
Г. секој што бара одредена услуга /производ.
Тема: Круг на квалитет на услуга
Сфаќање

17. Што претставува менаџмент на квалитет ?


А. координирани активности за насочување, контрола и управување на секоја
организација во врска со квалитет.
Б. активност за управување на одредена работа.
В. квалитет на работење во една организација.
Г. запазување на нормите за квалитет.
Тема: Круг на квалитет на услуга
Сфаќање

18. Што значи политика на квалитет ?


А. термин кој продуцира насоки и намери за квалитет во организацијата.
Б. политика на организацијата за квалитет.
В. насоки за квалитетно работење.
Г. израз кој се користи за организација на работење.
Тема: Круг на квалитет на услуга
Примена

19. Што се специјализирани одделенија ?


А. одделенија во кои се извршуваат само определени активности
(лимарски работи, фарбарски работи, испитување на мотор . . .)
Б. одделенија за специјални работи.
В. одделенија кај што работат специјални работници.
Г. одделенија за специјални возила.
Тема: Круг на квалитет на услуга
Примена

20. Кои термини се поврзани со менаџментот ?


А. систем, менаџмент систем, систем за менџмент на квалитет и политика на
квалитет.
Б. раководење, управување, координација.
В. организација на работење и спроведување на законот.
Г. ги одредува условите на работење.
Тема: Круг на квалитет на услуга
Примена

21. Како се врши контрола на квалитетот на работење ?


А. со спроведување на разни методи за мерење и мониторинг.
Б. со служба за контрола на производство.
В. со ангажирање на контролори од надвор.
Г. со проби за квалитет и испитување на корисниците
Тема: Круг на квалитет на услуга
Примена

22. Како се чува хигиената во работните простории ?


А) Редовно чистење и внимателен однос на вработените.
Б) Висока професионалност, ред и дисциплина во работата.
В) Хигиената е обврска на сите вработени.
Г) Со ангажирање на хигиеничар.
Тема: Квалитет на организацијата на работењето
Познавање

23. Кој раководи со дијагностичкото одделение ?


А) Техничкиот раководител на сервисот.
Б) Искусен мајстор што знае како се лоцира проблем.
В) Професионален механичар со искуство за комуницирање.
Г) Вработени со големо искуство.
Тема: Квалитет на организацијата на работењето
Познавање

24. Каде се извршуваат лесните поправки ?


А) Во просторија близу до приемното одделение.
Б) Во специјализирани простории.
В) Во одделение определено за лесни поправки или сервис.
Г) Каде има слободно место, во било кое одделение.
Тема: Квалитет на организацијата на работењето
Познавање

25. Каде се вршат поправките на електричната инсталација ?


А) Само во специјализирано одделение за електро поправки.
Б) Во било кое електро одделение.
В) Во било кое одделение на сервисот.
Г) Во одделение за електрична инсталација.
Тема: Квалитет на организацијата на работењето
Познавање
26. Во кое одделение се изведува замената на тркалачки лежишта ?
А) Во одделение за лесни поправки.
Б) Во одделение за механички поправки.
В) Во било кое одделение.
Г) Каде има слободно место за работа.
Тема: Квалитет на организацијата на работењето
Познавање

27. Во која група на поправки се вбројува замената на кошулки ?


А) Замената на кошулки кај цилиндрите е средна поправка.
Б) Во групата на тешки поправки.
В) Со добар алат може да биде лесна поправка.
Г) За специјализирано одделение е лесна поправка.
Тема: Квалитет на организацијата на работењето
Познавање

28. Што се поправа во моторното одделение ?


А) Сите поправки на моторот (лесни, средни и тешки).
Б) Сервисирање, поправање и одржување на моторот.
В) Поправки, одржување и нега на моторот.
Г) Поправање и испитување на моторот.
Тема: Квалитет на организацијата на работењето
Познавање

29. На што упатува убаво аранжиран двор ?


А) Плански уреден двор е одраз на солидна организација во работата.
Б)Дворот е лицето на секоја куќа. Обележан пристап, паркиралиште,
цвеќе, табла со информации, ознаки се белези на добра организација.
В) Дворот доволно говори за домќинското работење во сервисот.
Г) Од естетска страна убаво изгледа.
Тема: Квалитет на организацијата на работењето
Сфаќање

30. Дали се отвара работен налог за лесните поправки или сервис ?


А) За секое возило што се поправа обавезно се отвара работен налог.
Б) Треба да се отвори работен налог.
В) Зависи од видот на поправката, некои поправки се бесплатни.
Г) Не мора, зависи кој и каде го поправа.
Тема: Квалитет на организацијата на работењето
Сфаќање

31. Како се открива проблем во електричната инсталација ?


А) Со детално испитување на целата инсталација.
Б) Со апарати во дијагностичко одделение.
В) Со преглед на електро шемите за цела инсталација.
Г) Со приклучување на моторот на мототестер.
Тема: Квалитет на организацијата на работењето
Сфаќање
32. Во кој вид на поправки се вбројува штелување на вентилите ?
А) Во групата на средни поправки.
Б) Во групата на големи поправки.
В) Во групата на мали поправки.
Г) Може да биде во мали или средни поправки.
Тема: Квалитет на организацијата на работењето
Сфаќање

33. Во која група на поправки е замената на клипни прстени ?


А) Во групата на средни поправки.
Б) Во групата на тешки поправки.
В) Зависи каде се изведува, може да биде во групата на лесни поправки.
Г) Исклучиво во групата на големи поправки.
Тема: Квалитет на организацијата на работењето
Сфаќање

34.Кои услови го подобруваат квалитетот на услугата ?


А)Просторија за странки, бифе, продавница за аутокозметика.
Б)Служба за информации, бифе, сервис за козметика.
В)Професионален однос, просторија за престој на странките.
Г)Културен и симпатичен персонал во просториите за странки.
Тема: Квалитет на организацијата на работењето
Примена

35.Која е основната задача на одделението за дијагностика ?


А) Точна локација на дефектот заради условите на договарање.
Б) Да се открие причината заради прецизно упатување на возилото.
В) Да се дефинира времето на поправката.
Г) Да се пронајде дефeктот и определи терминот за поправање.
Тема: Квалитет на организацијата на работењето
Примена

36.Кој ја утврдува големината на поправката ?


А) Одделението за дијагностика, за сервис може и приемно одделение.
Б) Механичарот од приемно одделение.
В) Техничкиот раководител на сервисот.
Г) Било кој вработен во сервисот.
Тема: Квалитет на организацијата на работењето
Примена

37. Кој алат и опрема се користат за средни поправки ?


А) Соодветна опрема, универзален и специјален алат.
Б) Алат и опрема за секојдневна употреба.
В) Универзален алат и опрема.
Г) Специјален алат и опрема.
Тема: Квалитет на организацијата на работењето
Примена
38.Каде се врши егализирање на коленесто вратило ?
А) Во специјализирани сервиси за поправка на коленесто вратило.
Б) Во механичарска работилница.
В) Во работилница за стругарска обработка.
Г) Во сервиси за обработка со режење и калење.
Тема: Квалитет на организацијата на работењето
Примена

39. Кои поправки се изведуваат на каросеријата ?


А) Поправки на конструкцијата и сите инсталации од каросеријата.
Б) Поправки на металниот и дрвениот дел од конструкцијата.
В) Надворешни и внатрешни поправки на конструкцијата.
Г) Корекции на геометријата и изгледот на моторното возило.
Тема: Квалитет на работењето
Познавање

40. Кои операции се изведуваат во вулканизерското одделение ?


А) Замена и лепење на гумите и балансирање на тркалата.
Б) Центрирање на тркалата и замена на гумите.
В) Лепење и поправка на гумите.
Г) Поправки на гумите и балансирање.
Тема: Квалитет на работењето
Познавање

41. Каков алат се употребува при одржување и поправки ?


А) Се употребува универзален и специјален алат за поправка на возила.
Б) Секој алат што може да користи при поправка на возилата.
В) Алат што го препорачува производителот на опрема.
Г) Алатот што го поседува моторното возило во стандардната опрема.
Тема: Квалитет на работењето
Познавање

42. Дали се важни каталозите и прирачната литература ?


А) Со нив се спроведува редовно информирање, многу се важни.
Б) Зависи кој ги издава и за кого се наменети.
В) Се што е поврзано со струката има позитивен одраз.
Г) Секако, имаат позитивно влијание.
Тема: Квалитет на работењето
Познавање

43. Што значи јасно формирана понуда ?


А. прецизно дефинирање на работната задача, време за реализација и точно
дефинирана цена.
Б. договорена цена и време за извршување на работата.
В. точно време за реализација и термин за превземање на возилото.
Г. дефинирање на обемот за реализација на услугата.
Тема: Квалитет на работењето
Познавање
44.Кои операции се изведуваат во одделението за хигиена ?
А) Миење, чистење и заштита на возилото од надворешна и внатрешна
страна и миење на моторот.
Б) Одржување на хигиената на моторното возило.
В) Миење, чистење на возилото и моторот.
Г)Се одржува хигиената на моторното возило.
Тема: Квалитет на работењето
Сфаќање

45.Што опфаќа терминот опслужување на моторното возило ?


А) Снабдување со гориво, средства за подмачкување, средства за козме-
тика, резервна количина на течности (масло, антифриз, дест. вода).
Б) Обезбедување на моторното возило со потребните материјали.
В) Снабдување на моторното возило со сите неопходни материјали.
Г) Одржување на моторното возило во активна состојба.
Тема: Квалитет на работењето
Сфаќање

46.Кои операции се изведуваат во лимарското одделение ?


А) Исправање, крпење, заварување и корекции на геометријата на шаси-
јата од моторното возило.
Б) Заварување, замена и исправање на конструкцијата на возилото.
В) Исправање и заварување на оштетените делови од конструкцијата.
Г) Сите операции од лимарската струка.
Тема: Квалитет на работењето
Сфаќање

47. Кои параметри се испитуваат кај пумпата за висок притисок ?


А) Основните параметри: количина на гориво кое се вбризгува, момент
на почеток на вбризгување и работата на регулаторот на вртежи.
Б) Минимална и максимална количина на гориво и регулатор на вртежи.
В) Почеток и крај на вбризгување и број на вртежи на моторот.
Г) Дали функционира на време и точна количина на гориво.
Тема: Квалитет на работењето
Сфаќање

48.Кои операции се изведуваат во фарбарското одделение ?


А) Китирање, стругање, подготовка за фарбање и фарбање на каросери-
јата од моторното возило.
Б) Китирање и фарбање на каросеријата.
В) Подготовка за фарбање и полирање на заштитниот слој.
Г) Китирање, стругање, полирање и фарбање.
Тема: Квалитет на работењето
Примена
49.Како се одразува редовното информирање и обуката на персона-
лот врз квалитетот на одржувањето ?
А) Редовното информирање и обуката на персоналот се одразува
позитивно на одржувањето на моторното возило.
Б) Персоналот треба редовно да се информира за новостите.
В) Обуката за новите моменти е повеќе од потребна за сите вработени.
Г) За помладите кадри е неопходна обука.
Тема: Квалитет на работењето
Примена

50.Дали сервисите за одржување и поправки се обврзани за зашти-


та на животната средина ?
А) Секоја организација е должна да изготви свои акти за заштита.
Б) Со законот се задолжува секој субјект за заштита на околината.
В) Заштитата на животната средина е обврска на секој човек.
Г) Законот не обврзува, но секој лично треба да води сметка.
Тема: Квалитет на работењето
Примена

You might also like