You are on page 1of 6

Тест 6 Менаџмент, лидерство и внатрешна организација

1. Која од наведените изјави за менаџментот е точна?в


a. Принципите на менаџмент не се однесуваат на непрофитните организации.
б. Менаџментот се случува само на највисоките нивоа на управување.
в. Менаџментот е процес на постигнување на организациски цели преку луѓе и
останати ресурси.
г. Менаџментот е само процес на известување за за организациските успеси и
неуспеси на инвеститорите и останатиот персонал на компанијта.

2. На кој начин планирањето и помага на фирмата?а


a. Ефикасното планирање и помага на фирмата да ги избегне скапите грешки и
искористи можностите
б. Планирањето ја елиминира потребата за организирање и контрола
в. Ефикасното планирање го оценува успехот на организационата функција и
обезбедува повратни информации за идните рунди на организирање
г. Планирањето ги проценува перформансите на фирмата за да утврди дали гим
исполнила своите цели

2. Која менаџерска функција вклучува комбинација на човечки и материјални ресурси


преку формална структура на задачи и овластувања?Организирање
a. Контролирање
б. Насочување
в. планирање
г. Организирање

3. Зошто визијата е значајна за организацијата?б


a. Визијата им овозможува на организациите да ја прдвидат иднината
б. Визијата им помага на организациите да ги насочат своите напори и да се
диференцираат од своите конкуренти.
в. Визијата на организацијата не може да се копира
г. Организации со јасна визија за нивната иднина бараат помалку планирање,
контролирање, организирање и насочување

4. Со што се одликува стратегиското планирање?а


a. Тоа е процес на одредување на примарни цели на една организација, а потоа
дејствување и распределба на ресурси за да се постигнат тие цели.
б. Тоа подразбира имплементирање на активностите утврдени со оперативните
планови.
в. Тоа создава детални стандарди кои го водат спроведувањето на тактичките
планови.
г. Тоа и овозможува на организацијата да продолжи со операциите што е можно
побрзо и без проблеми по кризата, додека отворено комуницира со јавноста.
5. Главниот извршен директор развива писмено објаснување за деловните намери и цели
на својата организација, односно е во процес на развивање:мисија
a. план за непредвидени ситуации
б. Мисија
в. оперативен план
г. процес на споредба

6. Компетитивната диференцијација:б
a. гарантира намалување на трошоците на производство на компанијата
б. е единствена комбинација на способности и пристапи што ги поставува
компанијата за разлика од своите конкуренти
в. го поттикнува одредувањето на цените
г. е метод што гарантира цврст монопол на фирмата на пазарот и ја отстранува
конкуренцијата на компанијата.

7. Која од наведените се смета за непрограмирана одлука?Изградба на нова фабрика


a. Преуредување на суровите за процесот на производство.
б. Доделување на почетна плата за нов вработен.
в. Изградба на нова фабрика.
г. Изработка на неделен распоред на персоналот.

8. Менаџерот мора да демонстрира ________лидерство________, што претставува


способност за насочување или инспирирање на луѓето за постигнување одредени цели.
a. Делегирање
б. Флексибилност
в. Посветеност
г. Лидерство

9. Менаџерите користат симболи, ритуали, церемонии и приказни за да ја


зајакнат:корпоративна култура а
a. корпоративната култура
б. афирмативната акција
в. Визијата
г. Мисијата

10. Плановите кои ги насочуваат моменталните и краткорочните активности, вклучително


и имплементација на долгорочните планови , се познати како:тактички планови в
a. стратегиски планови
б. оперативни планови
в. тактички планови
г. планови за непредвидени ситуации
11. Процесот на предвидување на идните настани и услови и одредување на насоките на
акција за постигнување на организациските цели се нарекува:в концептуални вештини
a. конфигурациски вештини
б. човечки вештини
в. концептуални вештини
г. технички вештини

12. Кој од наведените искази за стиловите на лидерство е точен?б


a. Автократскиот стил на лидерство е најдобар.
б. Во одреден случај стиловите на лидерство треба да се променат, за да и се
овозможи раст на компанијата
в. Демократскиот стил на лидерство треба да се избегнува во секој момент.
г. Лидерството со потполна слобода е нјефикасен стил на лидерство.

13. Обврската за извршување на доделената задача е позната како:а Одговорност


a. Одговорност
б. Авторитет
в. Надлежност
г. Моќ

14. Една од услугите обезбедени од страна на Nortwest Lawn Service е тримесечни


третмани против плевел и производство на добиточна храна. Поради можната опасност од
истекување на хемикалии, Northwest треба да развие:план за непредвидени ситуации
a. тактички план
б. план за непредвидени ситуации
в. стратегиски план
г. оперативен план

15. SWOT анализата бара од менаџментот да размисли за:а


a. силните и слабите страни, можностите и заканите
б. добавувачи, работници, останите конкуренти и време
в. стратегиско планирање, работни планови, оперативни планови и временски
рамки
г. продажбата, работната сила, организационата структура и технологиите.

16. Менаџерската функција која се занимава со предвидување на иднината и утврдување


на најдобрите курсеви на акција за постигнување на организациските цели е наречена
________Планирање___________.

17. _______Програмирана одлука_________________ користи политики, процедури и


правила за да го имплементира претходно утврдениот одговор на ситуација која честопати
се повторува.
18. ____Целите______ поставуваат патокази преку коишто менаџерите ги дефинираат
посакуваните перформанси на организацијата, во области како што се: развој на нов
производ, продажби, раст, одговорност за животната средина, и сл.

19. ______Овластување__________________ значи дека менаџерите ги водат вработените


со делење на моќта, одговорноста и донесувањето одлуки со своите вработени.

20. Кога менаџерот донесува одлуки без да се консултира со останатите вработени станува
збор за _____автократски__________ стил на лидерство.

21. Објаснете го значењето на планирањето и организирањето!


Планирањето е процес на предвидување на идните настани и услови и определување на
насоките на дејствување за остварување на целите на организацијата. Ефективното
планирање му помага на бизнисот да ги избегне скапите грешки и да ги искористи
можностите. Планирањето треба да биде флексибилно и да одговори на промените во
бизнис средината, и треба да ги вклучи менаџерите од сите нивоа на организацијата.

организирањето, односно процес на спојување на човечките и материјалните ресурси


преку формална структура на задачи и овластувања; организирање на работата,
распределување задачи меѓу вработените, и нивно координирање за да се обезбеди
имплементација на плановите и остварување на целите. Организирањето вклучува
класифицирање и поделба на работата во единици погодни за менаџирање со логична
структура. Менаџерите ја екипираат организацијата со најдобрите вработени за секое
работно место.

22. Која е разликата во работите што ги извршуваат топ менаџерите, средните менаџери и
надзорните менаџери?
Поголемиот дел од времето, врвните менаџери посветуваат на развивање долгорочни
планови за нивните организации. Тие донесуваат одлуки како што се: дали да се воведат
нови производи, да се купат други компании, или да се влезе на нови географски пазари.
Врвните менаџери поставуваат насока за нивната организација и ги инспирираат
вработените на компанијата за остварување на нивните визии за иднината на компанијата.

Вниманието на средните менаџери се фокусира на специфични операции, производи или


групи на потрошувачи во рамките на една организација. Тие се одговорни за развивање
детални планови и процедури за имплементирање на стратешките планови на
фирмата.Изнесуваат нови начини за зголемување на продажбите или решавање на
проблемите на компанијата.

Надзорен менаџмент, или менаџмент од прва линија. Овие менаџери се директно


одговорни за назначување на вработенитe на определени работни места и оценка на
нивните перформанси. Менаџерите на ова прво ниво на хиерархијата работат директно со
вработените коишто ги произведуваат и продаваат стоките и услугите на фирмата. Тие се
одговорни за имплементирање на плановите на средните менаџери преку мотивирање на
работниците да ги извршат дневните, неделните и месечните цели

23. Зошто е значајно главниот извршен директор да постави високи етички стандарди?
Заради воспоставување на долготочните врски на една фирма со нејзините
потрошувачи снабдувачи и јавноста стандарди за безбедност или квалитет

Стандардите не само што ги ограничува вработените од тоа да работат неправилно


туку ги поттикнува мотивира и инспирира да ги остварат целите за коишто тие
никогаш не мислеле дека се возможни.Таквото задоволство креира попродуктивна
стабилна работна сила таква којашто може да креира долгорочна конкурентска
предност за организацијата.

24. Како е дефинирано лидерството?

Способност за водење или инспирирање на луѓето за постигнување одредени цели.

25. Набројте ги чекорите во процесот на донесување на одлуки!


1.Идентификување на проблем или можност
2,Развивање можни правци на дејствување
3.Оценување на алтернативите
4.Селекција и имплементација на една од нив
5.Оценка на исходот

26. Која е врската помеѓу стилот на лидерство и корпоративната култура?


Најдобар стил што треба да се прифати најчесто зависи од корпоративната култура
на организацијата и од нејзиниот систем на принципи верувања и вредности.

Менаџерските филозофи,комуникациските мрежи и работните средини и практики


в заемно дејствуваат врз коорпоративната култура.

You might also like