You are on page 1of 48

Company

LOGO

ПОСТОЈАНИ СРЕДСТВА
доц. д-р Марина Трпеска

Економски факултет - Скопје 2016/2017 Департман Сметководство и ревизија


Company
LOGO

Вовед
• Нетековни средства
– Средства кои имаат век на употреба подолг од една
година
– Се стекнуваат за користење во деловните операции на
претпријатието
– Не се наменети за продажба

Економски факултет - Скопје 2016/2017 Департман Сметководство и ревизија


ИЛУСТРАЦИЈА 1: Класификација на нетековните средтсва и соодветните трошоци (расходи)
Company
LOGO БИЛАНС НА СОСТОЈБА БИЛАНС НА УСПЕХ
НЕТЕКОВНИ СРЕДСТВА РАСХОДИ (ТРОШОЦИ)
Материјални средства: средства што имаат физичка
супстанца

Земјиште
Вовед Земјиштето не се троши и има неограничен век на
употреба

Постројки, згради, опрема Депрецијација: периодична алокација на


трошоците на материјалните средства (освен
земјиштето и природните ресурси)според нивниот
корисен век на употреба

Природни ресурси: стекнати средства кои можат да


се користат со исцрпување, вадење или на друг начин
на експлоатација, како што се руда, нафта, гас, дрво
или други извори кои се во природата

Рудници Исцрпување: исцрпување на природно богатство по


пат на вадење на руда, сечење дрва, испумпување на
Шуми нафта или гас или друга експлоатација и начин на
алоцирање на трошоците
Извори на нафта и гас
Нематеријални средства: средства што немаат
физичка супстанца, меѓутоа имаат економска
корисност за сопственикот

Патенти, авторски права, заштитни марки, франшизи, Амортизација: периодична алокација на трошоците
гудвил и сл. на нематеријалните средства на корисниот век на
употреба

Економски факултет - Скопје 2016/2017 Департман Сметководство и ревизија


Сметководствен третман на
Company
LOGO

материјалните нетековни средства


• Недвижности, постројки и опрема (Земја,
згради и опрема)
• Набавна вредност (трошоците направени за
стекнување) е вредноста по која се стекнати
нетековните средства и по која тие биле
евидентирани во сметководството на
претпријатието кога биле предадени во употреба.
• Сегашна вредност е вредноста на денот на
презентирање во билансот на состојбата или
корегирана набавна вредност за износот на
акумулираната депрецијација, деплација или
амортизација

Економски факултет - Скопје 2016/2017 Департман Сметководство и ревизија


Company Сметководствен третман на
LOGO
материјалните нетековни средства
• Сметководствена вредност – непотрошениот дел
од средството
• Сметководствената вредност не е иста со пазарната
вредност
• Формирање на набавна вредност – сите трошоци
неопходни да се направат за да стави средството во
работна состојба, односно да се пушти во употреба
– Фактурна вредност, платени неповратни даноци, царини,
транспортни трошоци, трошоци за инсталирање, трошоци
за поправки доколку се неопходни за да се пушти во
употреба седството.
• Начини на стекнување на нетековните средства:
– Бесплатно добиени
– Набавени
– Изградени
Економски факултет - Скопје 2016/2017 Департман Сметководство и ревизија
Company Сметководствен третман на
LOGO
материјалните нетековни средства
• Пример за сметководствена евиденција на
набавено нетековно средство. На 20 јули 2004
претпријатието „Чистота“ купува машина за миење
на автомобили од претпријатието „Технокомерц“
за која е добиена фактура бр. 123 на износ од
175.000 ден. За пренос на машината добиена е
фактура од претпријатието „Транспорт“ на износ
од 10.000 ден., а за инсталирање на машината
добиена е фактура од претпријатието
„Инсталатер“ на износ од 15.000 ден. Машината е
предадена во употреба. Фактурите се платени од
готовината на претпријатието.

Економски факултет - Скопје 2016/2017 Департман Сметководство и ревизија


Company Сметководствен третман на
LOGO
материјалните нетековни средства
Набавната вредност на купената машина е утврдена на следниот
начин:
- Фактурна вредност без данок на додадена вредност175.000 denari
- Трошоци за пренос на машината 10.000 "
- Трошоци за инсталирање на машината 15.000 "
Набавна вредност на машината 200.000 denari

При сметководствената постапка во врска со набавената машина, во


сметководството на претпријатието “Чистота", поточно во
дневникот ќе биде спроведена следната евиденција:
20 јули 2004 Машини 200.000
Готовина 200.000
Набавена машина според ф-ри бр. 123, 216 и
803
Средства = Обврски + Капитал
+200.000
-200.000
Економски факултет - Скопје 2016/2017 Департман Сметководство и ревизија
Company Сметководствен третман на
LOGO
материјалните нетековни средства
• Пример за сметководствена евиденција на
бесплатно добиено нетековно средство. На 1 јуни
2004 претпријатието „Пелистер“ добило бесплатно
скијачка опрема од претпријатието „Скитрејд“.
Според записникот на комисијата за прием,
опремата е проценета на 300.000 ден. и е
предадена во употреба.
1 јуни 2004 Опрема 300.000
Капитал на сопствениците 300.000
Бесплатно добиена опрема

Средства = Обврски + Капитал


+300.000 +300.000

Економски факултет - Скопје 2016/2017 Департман Сметководство и ревизија


Company Сметководствен третман на
LOGO
материјалните нетековни средства
• Пример за сметководствена евиденција при групна
набавка на материјални нетековни средства.
Претпријатието „Жито Вардар“ купува земјиште на кое е
изграден градежен објект во вкупен износ од 1.000.000
ден. Според информациите кои му биле на
располагање на сметководителот, пазарната вредност
на двете средства е утврдена во следниот сооднос:
Земјиште 300.000
Градежен објект 900.000
Вкупно 1.200.000
Врз основа на проценетата пазарна вреедност, набавната
вредност ќе се пресмета на следниот начин:
За земјиштето: 1.000.000*300.000/1.200.000=250.000
За градежниот објект:1.000.000*900.000/1.200.000=750.000
Економски факултет - Скопје 2016/2017 Департман Сметководство и ревизија
Company Сметководствен третман на
LOGO
материјалните нетековни средства
1.02.2004 Земјиште 250.000
Градежни објекти 750.000
Готовина 1.000.000
Набавени постојани средства

Средства = Обврски + Капитал


+250.000
+750.000
-1.000.000

Економски факултет - Скопје 2016/2017 Департман Сметководство и ревизија


Company
LOGO
Сметководствен третман на
материјалните нетековни средства
• Стекнувањето на нетековните средства најчесто се
финансира преку позајмнување од банка, односно
земање кредит
• Каматата од кредитот за набавка/изградба на нетековно
средство се капитализира

Економски факултет - Скопје 2016/2017 Департман Сметководство и ревизија


Company
LOGO Сметководствен третман на трошењето
на материјалните нетековни средства
• Депрецијација – трошење на нетековните
средства, односно намалување на вредноста на
нетековните средства
• Сметководствениот принцип на настанување и
спротивставување на трошоците (расходите) и
приходите бара правилно утврдување на истите со
цел реално да се утврди финансискиот резултат.
• Од сметководителот се бара правилно да ја утврди
намалената употребливост на нетековните
средства и да ги алоцира трошоците за нивно
стекнување во текот на целиот животен век на
начин конзистентен со нивната намалена
употребливост.

Економски факултет - Скопје 2016/2017 Департман Сметководство и ревизија


Company
LOGO Сметководствен третман на трошењето
на материјалните нетековни средства
• Повеќе методи на пресметка на депрецијација:
– Пропорционален
– Функционален
– Забрзана депрецијација
– Дегресивна депрецијација
– Специфични методи на депрецијација
• Сите методи се базираат на набавната вредност
на нетековните средства
• Сите методи бараат процена на два основни
фактори:
1) Корисниот век на употреба на средството
2) Резидуалната вредност
• Најчесто применуван метод е пропорционалниот

Економски факултет - Скопје 2016/2017 Департман Сметководство и ревизија


Company
LOGO
Пропорционален метод на депрецијација
• Според овој метод, депрецијацијата е функција на
времето, а не на интензитетот на употребата на
средството, што значи, се поаѓа од претпоставката
дека употребливоста на средството
пропорционално се намалува од година во година.
• Износот на депрецијацијата е еднаков за секоја
година за целиот корисен век на употреба.
• Најчесто се применува поради неговата
едноставност.
• Се пресметува на следниот начин:
Трошок за депрецијација за една година =
(Трошоци за стекнување – Резидуална
вредност)/ проценет век на употреба
Економски факултет - Скопје 2016/2017 Департман Сметководство и ревизија
Company
LOGO
Пропорционален метод на депрецијација
• На 1 јануари 2003 година претпријатието “Санекс"
купило камион во вредност од 1.000.000 денари.
Компетентниот тим на претпријатието проценило
дека корисниот век на употреба на камионот е 5
години, а резидуалната вредност на крајот на 2007
година ќе изнесува 100.000 ден.
• Годишниот трошок за депрецијацијата ќе изнесува
180.000 денари:
(1000.000 - 100.000)/5 = 180.000 ден.

Економски факултет - Скопје 2016/2017 Департман Сметководство и ревизија


Company
LOGO
Пропорционален метод на депрецијација
• Сметководствената вредност на крајот на секоја
година е дефинирана како износ на набавната
вредност (трошоци за стекнување) минус вкупната
сума на акумулирана депрецијација. Така, во
нашиот пример:
– Сметководствена вредност на камионот на 31 декември
2003 година ќе изнесува 820.000 денари, или:
Сметководствена вредност = Набавна вредност -
Акумулирана депрецијација
Сметководствена вредност = 1.000.000 - 180.000 =
820.000 ден.
– Сметководствена вредност на крајот на 2004 година ќе
изнесува 640.000 денари или:
Сметководствена вредност = 1.000.000 - (180.000 х 2) =
640.000 ден. итн.
Економски факултет - Скопје 2016/2017 Департман Сметководство и ревизија
Company
LOGO
Пропорционален метод на депрецијација
• Предност – едноставен за употреба
• Недостаток – се базира на две нереални
претпоставки:
– Економската искористеност на средството е иста секоја
година
– Трошоците за поправки и одржување се исти секоја
година

Економски факултет - Скопје 2016/2017 Департман Сметководство и ревизија


Company
LOGO
Метод на функционална депрецијација
• Според овој метод депецијацијата е во функција на
употребата или продуктивноста, наместо на
поминатото време на средството во употреба, и
таа треба да се пресмета според методот на
произведени единици (како аутпут од користењето
на средството) или инпут, употребените единици,
како што е бројот на часови на работа и сл.
• Според овој метод, корисниот век на употреба на
средството се изразува преку бројот на
произведени единици кои тоа може да го создаде
или преку можниот број на машински часови кои се
очекува да ги искористи и сл.

Економски факултет - Скопје 2016/2017 Департман Сметководство и ревизија


Company
LOGO
Метод на функционална депрецијација
Трошок за депрецијација по единица производ =
(Трошоци за стекнување – Резидуална
вредност)/Вкупен број на проценети, произведени
единици (потрошени часови) за време на животниот
век на средството

Годишен износ на трошок за депрецијација =


Депрецијација по единица производ (потрошен час) х
Број на произведени производи (потрошени часови)
во текот на годината.

Економски факултет - Скопје 2016/2017 Департман Сметководство и ревизија


Company
LOGO
Метод на функционална депрецијација
Претпријатието “Санекс“ за купениот камион го користи
методот на функционална депрецијација. Компетентен
тим во претпријатието проценил дека камионот ќе треба
да помине вкупно 200.000 километри. Во текот на 2003
година утврдено е дека камионот поминал 10.000
километри.
Трошокот за депрецијација по единица производ (по
поминат километар) ќе се пресмета на следниот начин:
Трошок за депрецијација по единица производ (по
поминат километар) = (1.000.000 - 100.000) : 200.000 = 4,5
ден.
Годишниот износ на трошокот за депрецијација за
2003 година ќе се пресмета на следниот начин:
Трошок за депрецијација за 2003 година = 4,5 х 10.000
километри = 45.000 ден.
Економски факултет - Скопје 2016/2017 Департман Сметководство и ревизија
Company
LOGO
Метод на функционална депрецијација
Под претпоставка во 2004 година камионот да поминал
15.000 километри, годишниот износ на трошокот за
депрецијација за 2004 година ќе се пресмета на следниот
начин:
Трошок за депрецијација за 2004 година = 4,5 х 15.000
километри = 67.500 ден.

Врз основа на истата пресметковна постапка ќе се


пресметува износот на трошокот за депрецијација во
претпријатието се додека средството (камионот) не
помине вкупно 200.000 километри. Средството не
може да се депрецира за вредност помала од
100.000 ден. колку што изнесува неговата резидуална
вредност.
Економски факултет - Скопје 2016/2017 Департман Сметководство и ревизија
Company
LOGO
Метод на функционална депрецијација
• Методот на функционална депрецијација го
применуваат претпријатија кои настојуваат
трошокот за депрецијација да биде во функција на
продуктивноста на работењето, поточно нивниот
финансиски резултат да биде резултат на
работењето, а не на времето, поточно речено,
расходите за депрецијација да бидат поврзани со
соодветните приходи кои средството ги генерира.
• Недостаток:
– Не е соодветен во случаи во кои депрецијацијата е
функција на времето, а не на активноста.
– Потешкотии при процената на единиците аутпут или
потрошените часови, поминатите километри кои се
очекуваат од соодветното средство во текот на корисниот
век на употреба
Економски факултет - Скопје 2016/2017 Департман Сметководство и ревизија
Company
LOGO

Метод на забрзана депрецијација


• Поради поголемата употребливост на
средството во почетните периоди, се
овозможува да се создаваат поголеми
трошоци во вид на депрецијација во
почетните периоди и помали трошоци во
подоцнежните периоди на употреба на
средството.
• Два методи на забрзана депрецијација:
1) Збир на бројот на годините
2) Опаѓачко салдо

Економски факултет - Скопје 2016/2017 Департман Сметководство и ревизија


Company
LOGO
Метод на забрзана депрецијација
1) Збир на бројот на годините – набавната вредност
на средството (трошоци за стекнување) се множи
со односот на годините од проценетиот век кој
преостанува од корисниот век на употреба, што
претставува броител и со збирот на проценетите
години на корисен век на употреба, кој збор е
претставен како именител.
– Броителот се намалува од година во година, а
именителот останува константен.
– На крајот на корисниот век на употреба на средството,
салдото што останува треба да биде еднакво на
резидуалната вредност.

Економски факултет - Скопје 2016/2017 Департман Сметководство и ревизија


Company
LOGO
Метод на забрзана депрецијација
1) Збир на бројот на годините
Најпрвин се утврдува збирот на бројот на годините на
корисниот век на употреба на средството. Во
нашиот пример, за средство (камион) чиј корисен
век на употреба е утврден на 5 години, збирот ќе
изнесува 15, односно (1+ 2 + 3+ 4 + 5) = 15
Збирот на годините може да се пресмета и со
примена на формулата
n х (n + 1) /2
каде што n = животен век на средството
Во нашиот пример,
Збирот на бројот на годините = 5х(5+1)/2 =15

Економски факултет - Скопје 2016/2017 Департман Сметководство и ревизија


Company
LOGO
Метод на забрзана депрецијација
1) Збир на бројот на годините
Трошок за депрецијација за 2003 год.= (Трошоци за
стекнување – Резидуална вредност) х стапка
Трошок за депрецијација за 2003 = (1.000.000 -
100.000) х 5/15 = 300.000 ден.
Трошок за депрецијација за 2004 = (1.000.000 -
100.000) х 4/15 = 240.000 ден.
ИЛУСТРАЦИЈА 2. Пресметка на метод на забрзана депрецијација (збор на
години)
Година Основа за Преостанат Однос Депрецијација Смет.
депрецијација век на години/ вред. на
употреба збир на крај на
години годината
2003 900.000 5 5/15 300 000 700.000
2004 900.000 4 4/15 240.000 460.000
2005 900.000 3 3/15 180.000 280.000
2006 900.000 2 2/15 120.000 160.000
2007 900.000 1 1/15 60.000 100.000
Економски факултет - Скопје 2016/2017 Департман Сметководство и ревизија
Company Метод на забрзана депрецијација
LOGO
2) Опаѓачко салдо
• Најнапред се пресметува стапка на депрецијација изразена
како процент која е одреден мултипликатор на
пропорционалниот метод.
• Двојна пропорционална стапка со опаѓачки износ
• Редослед на пресметка:
– Прво се пресметува пропорционална стапка на депрецијација, која
во нашиот пример изнесува 20%, односно 100%/5 години = 20%.
– Понатаму, се врши удвојување на пропорционалната стапка,
односно 2 х 20% = 40%, која останува непроменета за сите години
и се применува на сметководствената вредност на средството за
секоја година.
– Поради тоа што сметководствената вредност на средството се
намалува секоја година за износот на депрецијација, стапката се
применува на постојано помала сметководствена вредност, што
резултира со помал трошок за депрецијација секоја година
– Постапката се спроведува се додека сметководствената вредност
на средството не се сведе на резидуалната вредност или нула.

Економски факултет - Скопје 2016/2017 Департман Сметководство и ревизија


Company
LOGO
Метод на забрзана депрецијација
2) Опаѓачко салдо
На примерот на претпријатието “Санекс" годишниот износ
на трошокот за депрецијација на камионот ќе биде:
Трошок за депрецијација за 2003 = Почетна
сметководствена вредност х стапка
односно 1.000.000 х 40% = 400.000 денари
Трошок за депрецијација за 2004 = (1.000.000 - 400.000) х
40% = 240.000 денари
ИЛУСТРАЦИЈА 3. Пресметка на депрецијација по метод на опаѓачко салдо
Година Стапка Почетно Депрецијација Акумулирана Смет. вред. На
сметководствено депрецијација крај на
салдо годината
2003 40% 1.000.000 400.000 400.000 600.000
2004 40% 600.000 240.000 640.000 360.000
2005 40% 360.000 144.000 784.000 216.000
2006 40% 216.000 86.400 870.400 129.600
2007 40% 129.600 29.600 900.000 100.000
Економски факултет - Скопје 2016/2017 Департман Сметководство и ревизија
Company
LOGO Ефекти од примена на различни методи на
депрецијација врз финансиското известување
• Депрецијацијата е проблем на алоцирање на трошоците
• Основна цел на депрецијацијата е да се алоцираат
фактичките трошоци направени за стекнување на
средството во временскиот период во кој тоа се користи.
• Може да се применуваат различни методи на
депрецијација за секое средство
• Избраниот метод на депрецијација треба да се заснова
на намалената употребливост на средствата
• Примената на различни методи влијае на
споредливоста на финансиските извештаи
• Избраниот метод влијае на профитабилноста
– Ако се применува забрзана депрецијација во првите години ќе се
искажува помала профитабилност

Економски факултет - Скопје 2016/2017 Департман Сметководство и ревизија


Company
LOGO Ефекти од примена на различни методи на
депрецијација врз финансиското известување

ИЛУСТРАЦИЈА 4. Споредба на депрецијацијата и сметководствената вредност врз основа на


праволинискиот метод и методот на забрзана депрецијација
Праволиниски метод Збир на години Метод на опаѓачко салдо
Год. Депрец. Смет. вред. Депрец. Смет. вред. Депрец. Смет. вред.
2003 180.000 820.000 300 000 700.000 400.000 600.000
2004 180.000 640.000 240.000 460.000 240.000 360.000
2005 180.000 460.000 180.000 280.000 144.000 216.000
2006 180.000 280.000 120.000 160.000 86.400 129.600
2007 180.000 100.000 60.000 100.000 29.600 100.000
Вк. 900.000 900.000 900.000

Економски факултет - Скопје 2016/2017 Департман Сметководство и ревизија


Company
LOGO Отуѓување и отпишување на
материјалните нетековни средства
• До намалување на вредноста на постојаните
средства, покрај преку депрецијација, може да
дојде и поради оштетување на средството, преку
расходување или уништување, по пат на
бесплатно преотстапување на нетековни средства
на други и продажба на нетековни средства
(отуѓување).
• Треба да се имаат во предвид две прашања:
– Депрецијацијата мора да биде евидентирана до датумот
на продажба (отуѓување)
– Претпријатието кое го продава средството мора да ја
пресмета и евидентира добивката или загубата од
отуѓувањето

Економски факултет - Скопје 2016/2017 Департман Сметководство и ревизија


Company
LOGO Отуѓување и отпишување на
материјалните нетековни средства
1. Отуѓување по пат на продажба на материјално
нетековно средство кое не е целосно
депрецирано
Во пример на претпријатието “Санекс" кое на 1 јануари 2003
година купило транспортно средство (камион) во вредност
од1.000.000 денари, со проценет корисен век на употреба
од 5 години и резидуална вредност од 100.000 денари и
користен метод на пропорционална депрецијација,
претпоставуваме дека на 1 јули 2005 година е продаден
камионот за 600.000 денари.
1 јули 2005 Трошоци за депрецијација 90.000
Акумулирана депрецијација (камион) 90.000
Пресметана депрецијација за 6 месеци

1 јули 2005 Акумулирана депрецијација (камион) 450.000


Готовина 600 000
Транспортни средства (камион) 1 000 000
Добивка од продажба на транспортно средство 50.000
Продаден камион
Економски факултет - Скопје 2016/2017 Департман Сметководство и ревизија
Company
LOGO Отуѓување и отпишување на
материјалните нетековни средства
1. Отуѓување по пат на продажба на материјално
нетековно средство кое не е целосно депрецирано
Износот кој е евидентиран на сметката Добивка од продажбата е
пресметан на следниот начин:
Набавна вредност на транспортното средство1.000.000 den.
- Минус: акумулирана депрецијација (450.000)
Сметководст. вредност на денот на продажба 550.000
Продажна вредност 600.000
Добивка од продажба на транспортно средство 50.000
Средства = Обврски + Капитал
+450.000 +50.000
+600.000
-1.000.000

Економски факултет - Скопје 2016/2017 Департман Сметководство и ревизија


Company Отуѓување и отпишување на
LOGO
материјалните нетековни средства
1. Отуѓување по пат на продажба на материјално нетековно
средство кое не е целосно депрецирано
Доколку претпоставиме дека транспортното средство (камион)
претпријатието “Санекс" го продаде за 500.000 денари на
истата дата, сметководствената евиденција ќе биде:
1 јули 2010 Акумулирана депрецијација (камион) 450.000
Готовина 500 000
Загуба од продажна на транспортни средства 50.000
Транспортни средства (камион) 1 000 000
Продаден камион

Загубата e пресметана на следниот начин:


Набавна вредност на транспортно средство 1.000.000 ден.
- Минус: акумулирана депрецијација (450.000)
Сметководствена вредност на денот на продажба 550.000
Продажна вредност 500.000
Загуба од продажба на транспортно средство 50.000
Средства = Обврски+ Капитал
+450.000 -50.000
+500.000
Економски факултет - Скопје 2016/2017 Департман Сметководство и ревизија
Company
LOGO Отуѓување и отпишување на
материјалните нетековни средства
2. Отуѓување по пат на продажба на целосно
депрецирано материјално нетековно средство кое
има резидуална вредност
1 декември 2013 Акумулирана депрецијација (камион) 900 000
Расходувано транспортно средство (камион) 100 000
Транспортни средства (камион) 1 000 000
Отпишано транспортно средство

Средства = Обврски + Капитал


+900.000 -100.000
-1.000.000

Економски факултет - Скопје 2016/2017 Департман Сметководство и ревизија


Company
LOGO
Сметководствен третман на постојаните
средства – природни ресурси
• Кога зборуваме за природни богатства, од
сметководствен аспект, мислиме на нетековни средства
кои се состојат од природни ресурси како што се:
наоѓалишта за јаглен, нафтени полиња, разни
минерални наоѓалишта, градежни земјишта и сл.
• Како и останатите нетековни средства така и овие
средства се вреднуваат во износ на нивните трошоци
направени за стекнување (набавна вредност), или како
поинаку за овие средства се користи терминологијата,
трошоци направени за обезбедување на средството и
неговата подготовка за употреба.
• Карактеристики:
– Трошоците за подготовка се многу големи
– Природните богатства се користат (трошат) во моментот кога се
употребуваат
– Природните богатства се обновуваат
Економски факултет - Скопје 2016/2017 Департман Сметководство и ревизија
Company
LOGO
Деплација на природни богатства
• Деплација – процес на алоцирање на трошоците
(намалување на вредноста на средствата) кај
природните богатства
• Евиденцијата на деплација е иста како и
евиденцијата на депрецијација
• Износот треба да биде соодветен на делот на
употребата, односно на искористеноста на
природното богатство во тековната година

Економски факултет - Скопје 2016/2017 Департман Сметководство и ревизија


Company
LOGO Деплација на природни богатства
• Пример. Претпријатието за експлоатација на бакарна руда
“Бучим" од Радовиш на 1 јануари 2003 година купува рудник
за бакар за 300.000.000 ден. Притоа, експертскиот тим на
претпријатието проценило дека вкупната количина на
бакарна руда ќе изнесува 300.000 тони, а резидуалната
вредност на рудникот по ископувањето на бакарната руда ќе
изнесува нула.
• Најнапред се утврдува деплацијата која отпаѓа на еден тон
ископана руда, а потоа се пресметува годишниот износ на
трошокот за деплација на истиот начин како што се
пресметува и депрецијација по функционален метод, односно
на следниот начин:
Деплација по тон = (трошоци за стекнување – резидуална
вредност)/Вкупно тони за корисниот век = (300.000.000 –
0)/300.000 = 1.000 ден. по тон
Годишен износ на трошоци за деплација = деплација по тон х
ископани тони руда во текот на годината = 1.000 х 15.000 =
15.000.000 ден.
Економски факултет - Скопје 2016/2017 Департман Сметководство и ревизија
Company
LOGO
Деплација на природни богатства

31.12.2003 Трошоци за деплација 15 000 000


Акумулирана деплација (рудник) 15 000 000
Премсетан трошок за деплација за 2003

Средства = Обврски + Капитал


-15.000.000 -15.000.000

Економски факултет - Скопје 2016/2017 Департман Сметководство и ревизија


Company
LOGO Сметководствен третман на
нетековни нематеријални средства
• Немаат физичка форма, односно не можат да се
допрат како оние кои имаат материјална форма
или да се видат како средства
• Многу значајни и во големи износи кај одредени
индустрии
• Попримаат карактер на нетековни средства
бидејќи од нив се очекува да генерираат идна
економска корист за претпријатието кое ги
поседува или контролира во подолг временски
период од една година.

Економски факултет - Скопје 2016/2017 Департман Сметководство и ревизија


Company
LOGO Сметководствен третман на
нетековни нематеријални средства
• Карактеристики:
– Немаат физичка содржина
– Не се финансиски инструменти
– Долгорочни се и подлежат на ппресметување на
амортизација
• Класификација:
– Основачки вложувања
– Гудвил
– Трошоци за истражување и развој
– Патенти, лиценци, мостри, модели, заштитни знаци
– Вложувања за прибавување на нематеријални средства

Економски факултет - Скопје 2016/2017 Департман Сметководство и ревизија


Company
LOGO
Сметководствен третман на гудвилот
• Гудвилот упатува на добра репутација и стекнат
имиџ
• Од сметководствен аспект, гудвилот го претставува
износот (разликата) помеѓу повисоката пазарна
(објективна) вредност и пониската проценета
вредност на средствата стекнати со купување на
бизнисот кој е предмет на купопродажба
• Се евидентира само кога претпријатието се купува
• Корисноста од купениот гудвил со време ќе се
намалува, а тоа е причината што гудвилот треба
систематски да се отпишува во текот на соодветен
временски период во иднина

Економски факултет - Скопје 2016/2017 Департман Сметководство и ревизија


Company
LOGO
Сметководствен третман на гудвилот
Пример: на 1 јули претпријатието „Б“ по долги преговори го
купува претпријатието „А“ за 400.000.000 ден.
Претпријатието „Б“ ангажира независен проценител кој
треба да ја утврди објективната вредност на средствата на
претпријатието „А“. Проценетата вредност е:
Назив на средството Објективна пазарна вредност
1. Готовина 250.000
2. Побарувања 350.000
3. Залихи 144.770.000
4. Недвижности, постројки и опрема 205.000.000
5. Патенти 180.000
6. Обврски (550.000)
Објективна пазарна вредност 350.000.000

Економски факултет - Скопје 2016/2017 Департман Сметководство и ревизија


Company
LOGO
Сметководствен третман на гудвилот
Во сметководствената евиденција на претпријатието „Б“ ќе
се спроведе следното книжење:

1 јули 2003 Готовина 250.000


Побарувања 350.000
Залихи 144.770.000
Недвижнини, постројки и опрема 205.000.000
Патенти 180.000
Гудвил 50.000.000
Обврски 550.000
Готовина 400.000.000

Економски факултет - Скопје 2016/2017 Департман Сметководство и ревизија


Company
LOGO Сметководствен третман на
трошоците за истражување и развој
• Сами по себе не се нематеријални средства
• Издатоци направени за откривање на ново знаење или
во развивање на нешто што ќе биде патентирано или
заштитено со авторски права, односно истражувањето
подоцна ќе се трансформира во дизајн на нов производ
или услуга, подобрување на постојните производи или
услуги и сл.
• Менаџментот верува дека овие вложувања ќе
резултираат во идни економски користи, но знаат дека
тешко е да се идентификуваат однапред вредносно ,
како и периодот во кој ќе се остваруваат тие користи.
• Средство или расходи на периодот
• Треба да се внимава на „сокриени средства“

Економски факултет - Скопје 2016/2017 Департман Сметководство и ревизија


Company
LOGO

Амортизација на нематеријални средства


• Нематеријалните средства, во класифицираниот
биланс на состојба, се прикажуваат во висина на
трошоците за нивно стекнување, намалени за
износот на акумулираната депрецијација.
• Амортизацијата го има истиот третман како и
депрецијацијата кај материјалните средства.
• Со амортизацијата се врши алокација на
трошоците за стекнување нематеријални средства
за време на корисниот век на употреба, кој период
е различен за различни нематеријални средства.
• Нематеријалните средства треба да се
амортизираат во периодот на нивниот законски или
корисен век на употреба, во зависност кој е покус.

Економски факултет - Скопје 2016/2017 Департман Сметководство и ревизија


Company
LOGO

Амортизација на нематеријални средства


• Пример: Претпријатието “Алкалоид" развило патент за
производство на производ (лек) и на 1 јануари 2003
година отпочнува со користење. Трошоците поврзани
со неговото одобрување изнесуваат 500.000 ден.
Корисниот век на патентот е утврден на 5 години без
резидуална вредност. “Алкалоид" применува метод на
пропорционална амортизација.
31.12.2003 Амортизација на патенти 100 000
Акумулирана амортизација на патенти 100 000
Пресметана амортизација за 2003 година

Средства = Обврски + Капитал


-100.000 -100.000

Економски факултет - Скопје 2016/2017 Департман Сметководство и ревизија


Company
LOGO

Амортизација на нематеријални средства


• Намалување на вредноста на средството
• Менаџментот на претпријатието “Алкалоид" се соочува
со конкурентски нов производ на друго претпријатие, со
што патентираниот производ (лек) станува економски
некорисен и непрофитабилен, за која цел се донесува
одлука неотпишаната вредност на патентот на 1
јануари 2004 година да се отпише како расход. Износот
на акумулираната амортизација на патентот изнесува
100.000 денари.
1 јануари 2003 Загуба од патент 400 000
Акумулирана амортизација (патент) 100 000
Патенти 500 000
Отпишан некорисен патент

Средства = Обврски + Капитал


+100.000 -400.000
-500.000
Економски факултет - Скопје 2016/2017 Департман Сметководство и ревизија

You might also like