You are on page 1of 55

ТЕМА 7

ЕКОНОМИЈА НА
БИЗНИСОТ
IV година
1
ПОИМ И СУШТИНА НА ТРОШОЦИТЕ

Секое претпријатие има парични издатоци


за да направи финални добра или услуги
наменети за пазарот.
Трошоците преставуваат трошења
искажани во пари.
Трошоци за: машините, алатите, опремата,
суровините, енергијата, добиените услуги од
другите бизниси, трудот на работниците,
транспорт, слкадирање и др. 2
Трошоците се битни показатели за
успешноста на бизнисот.
Секое зголемување на трошоците
значи намалување на профитот, и
обратно, секое намалување на трошоците
значи зголемување на профитот.

Вкупните трошоци се делат на фиксни и


варијабилни трошоци.

3
Фиксни трошоци се оние трошоци
кои остануваат непроменети, без оглед на
промената на обемот на производството.
Овие трошоци постојат и кога
претпријатието не работи. Тоа се
закупнините на земјата и објектите,
трошоците за одржување, амортизација,
каматите за земените долгорочни кредити,
осигурувањето на средствата, трошоците
за продажба, трошоците за изработка на
планови и др. 4
ВФТ
ПФТ =
ОП

ПФТ – просечни фиксни трошоци


ВФТ – вкупни фиксни трошоци
ОП – обем на производство

5
Варијабилни трошоци се трошоци
кои зависат од промената на обемот на
производството.

Овие трошоци се зголемуваат со


зголемување на производството, а се
намалуваат со негово намалување.

Тоа се трошоци за материјали и


суровини, за гориво и енергија, трошоци
за плати на работниците и др. 6
ВВТ
ПВТ =
ОП

ПВТ – просечни варијабилни трошоци


ВВТ – вкупни варијабилни трошоци
ОП – обем на производство

7
Вкупни трошоци преставуваат збир
на фиксните и варијабилните трошоци.

ВТ
ВТ = ВФТ + ВВТ ПТ =
ОП
ПТ – просечни трошоци
ВТ – вкупни трошоци
ОП – обем на производство
ВФТ - вкупни фиксни трошоци
ВВТ - вкупни варијабилни трошоци 8
ФИНАНСИСКО ПЛАНИРАЊЕ
Финансиското планирање се распределува
во три подрачја:
- планирање на потребата за средства
- планирање на изворите
- планирање на финансискиот резултат
( профитот ) и неговата распределба.
Се изготвуваат финансиски извештаи:
- Планиран биланс на состојба
- Планиран биланс на успехот
- Планиран буџет на готовина 9
Планиран биланс на успех --- ја покажува
големината на очекуваната добивка што би
ја остварило претпријатието со своето
работење во идниот период.
Изработка на овој план се одвива во
следните фази:
1.Проектирање на продажба – опфаќа
проектирање на видот и количеството на
производите или услугите што ќе бидат
продадени во идниот период, продажните
цени и приходите што ќе произлезат од
продажбата. 10
2. План на видот и обемот на трошоците
на работењето – тука спаѓаат трошоци
за: потрошен материјал, греење,
електрична енергија, телефон,
рекламирање, плати на вработените,
амортизација, туѓи услуги, патни дневни
трошоци и др.
3. Пресметка на останати расходи на
работењето – тоа се расходи од камати и
даноци.
4. Комплетирање на планираниот баланс
на успех 1
1
Буџет на готовина ( план на паричните
приливи и одливи ) --- со негово
планирање се настојува да се оствари
рамнотежа меѓу расположливите парични
средства и потребите од нив, што е услов за
обезбедување на ликвидноста.

Постапката за изготвување на буџетот на


готовина се одвива по следниот ред:

12
1. Се планираат износите на паричните
приливи ( наплати ) по сите основи, за
одделни делови од периодот ( по месеци );

2. Се планираат паричните исплати по сите


основи, за одделни делови од периодот;

3. Се врши усогласување на големината на


расположливите парични средства со
потребните парични средства за исплата,
што значи, се изнаоѓаат решенија за
вишокот или недостигот на пари. 13
Планиран биланс на состојба --- со
негово планирање се обезбедува податоци
за делот на нето профитот за кој ќе се
зголеми акумулираната добивка.

14
РЕЗУЛТАТИ ОД РАБОТЕЊЕТО

Најзначајни сметководствени
извештаи за претпријатијата преку
кои може да се следат резултатите
од работењето се:

 Биланс на состојба
 Биланс на успехот

15
 Биланс на состојба – преставува преглед
на средства и изворите на средствата на
претпријатието во даден момент, најчесто
на крајот на годината.

Овој преглед е двостраничен:


- На левата страна се наоѓаат средствата со
кои располага претпријатието (фиксните и
обртните средства) и тие ја преставуваат
активата на билансот на состојба.
16
-Десната страна ја сочинуваат изворите на
средствата (капиталот на претпријатието,
односно неговата нето вредност) и сите
обврски на претпријатието (по основ на
добиени кредити од банки, обврски кон
добавувачи, обврски за плаќање даноци и
др.) и тие ја сочинуваат пасивата на
балансот на состојба.

Вредноста на активата и вредноста на


пасивата мора да бидат еднакви. 17
18
 Биланс на успех – преставува преглед на
вкупните приходи и вкупните трошоци
направени во работењето на претпријатието
за определен временски период, најчесто
една година.

Всушност балансот на успехот преставува


финансиски резултат од работењето на
претпријатието во однос на остварениот
профит или остварената загуба.
19
Разликата помеѓу вкупниот приход и
вкупните трошоци, го даваат резултатот на
работењето на претпријатието.

Ако вкупниот приход е поголем од


вкупните трошоци, претпријатието
остварува профит. Од овој профит треба да
се плати данок на профит.
20
21
ИЗВЕШТАЈ ЗА ПАРИЧНИТЕ ТЕКОВИ
И ПРАГ НА РЕНТАБИЛНОСТ
Извештај за парични текови
Во сите претпријатија, без оглед на
нивната големина , дејност или
сопственичка структура, мора да се има
предвид готовинскиот тек на парите,
односно паричните приливи и паричните
одливи во текот на работењето. Во секој
момент претпријатието треба да има
доволно готови пари за навремено
исполнување на обврските кон
22
доверителите, во спротивно се доведува во
прашање неговата ликвидност.
ИЗВЕШТАЈ ЗА ПАРИЧНИТЕ ТЕКОВИ
И ПРАГ НА РЕНТАБИЛНОСТ
Извештајот за поричните текови содржи пет
сегменти, и тоа:
1.Почетни пари: тоа е износот на пари кои
претпријарието ги има во касата или на
трансакциската сметка, на почетокот од
пресметковниот период.
2.Готовински прилив: се однесува на сумата
на пари која претпријатието ја остварува од
редовното работење, од наплатените
побарувања од купувачите. 23
ИЗВЕШТАЈ ЗА ПАРИЧНИТЕ ТЕКОВИ
И ПРАГ НА РЕНТАБИЛНОСТ
3. Готовински одлив: се однесува на сите
издатоци кои ги има претпријатието во
текот на определен период ( месечни
плати, закупнини, потрошена енергија,
потрошена вода и сл. )
4. Нето промени: се добива како разлика
помеѓу готовинските приливи и одливи.
- Доколку резултатот е позитивен
покажува успешно работење и можност
за раст на претпријатието. 24
ИЗВЕШТАЈ ЗА ПАРИЧНИТЕ ТЕКОВИ
И ПРАГ НА РЕНТАБИЛНОСТ
- Докулку резултатот е негативен
покажува дека претпријатието потрошило
повеќе одошто заработило и дека треба да
направи напори за намалување на
трошоците на работењето.
5. Завршен биланс на готовинскиот тек: се
добива како разлика помеѓу нето промените
и почетните пари, со цел да се утврди со
колкави средства може да располага
претпријатието на почетокот од наредниот
25
циклус за кој треба да се изработи извештај
на готовински тек.
ИЗВЕШТАЈ ЗА ПАРИЧНИТЕ ТЕКОВИ
И ПРАГ НА РЕНТАБИЛНОСТ
Праг на рентабилност
За да се определи прагот на рентабилност
најпрво се определуваат вкупните расходи
направени во текот на работењето, а потоа се
определуваат вкупните приходи остварени од
продажбата на добрата или услугите.
Доколку вкуоните приходи се поголеми од
вкупните расходи, тогаш претпријатието
остварува профит.
Доколку вкуоните приходи се помали од
26
вкупните расходи, тогаш претпријатието
остварува загуба.
ИЗВЕШТАЈ ЗА ПАРИЧНИТЕ ТЕКОВИ
И ПРАГ НА РЕНТАБИЛНОСТ
Ако на ист графикон се прикажат
вкупните приходи и вкупните расходи тогаш
може да се определи прагот на рентабилност.

27
ПРИНЦИПИ НА РАБОТЕЊЕТО
 Продуктивност
Под поимот продуктивност се
подразбира способноста на трудот
ангажиран во процесот на производството
да создаде определена количина производи
за единица време ( најчесто 1 час ).
Сите фактори што учествуваат во
процеасот на работењето, во помала или
поголема мера, имаат влијание врз
продуктивноста на трудот, па во таа смисла
се јавуваат и како нејзини фактори. 28
ПРИНЦИПИ НА РАБОТЕЊЕТО
Такви се следниве фактори:
•човечкиот капитал ( искуства, знаења,
способности )
• развиеност на капиталните добра ( машините,
алатите, опремата и др. )
• природните услови ( н апример во земјоделието,
овоштарството и сл. )
• развој на науката ( клонирање, генетски
модифицирани семиња кои се многу отпорни и
даваат голем принос и др.)
• организацијата на работата, меѓучовечките 29
односи, мотивираност на вработените.
ПРИНЦИПИ НА РАБОТЕЊЕТО
 Економичност
Економичност преставува залагањето
на човекот со што помало трошење на
факторите на производство да се постигне
што е можно поголем обем на производство,
водејќи сметка за квалитетот и корисноста
на производите.
Како фактори на економичноста се
јавуваат факторите на производство.

30
ПРИНЦИПИ НА РАБОТЕЊЕТО
Нивото на економичноста е определена
од количеството на производите и од
количеството на потрошените фактори за
нивното создавање.
Во екстерни фактори кои влијаат врз
економичноста влегуваат промените на
цените на готовите производи наменети за
продажба и промените во цените на
факторите на производство кои треба да се
набават за производство ( економичност
значи поефтино да произведеме, а поскапо
31
да продадеме ).
ПРИНЦИПИ НА РАБОТЕЊЕТО

Во интерни фактори кои влијаат врз


економичноста влегуваат:
-подобрување на организацијата на
работата
- зголемување на знаењата и работните
способности на вработенита
- односот на работниците кон трошењето
на средствата
32
ПРИНЦИПИ НА РАБОТЕЊЕТО
 Рентабилност
Рентабилност преставува тежнеење да
се оствари поголем профит со помало
ангажирање средства ( фиксни и тековни ).
Рентабилноста најчесто се врзува со
поимот профит и означува определен процент
на добивка ( профит ) што се остварува. Со
рентабилно работење се создаваат услови дел
од профитот да се намени за зголемување на
капиталот на претпријатието, а со тоа и да се
обезбеди нејзин понатамошен развој. 33
( дискусија што ако е нерентабилно работењето ).
ПРИНЦИПИ НА РАБОТЕЊЕТО

Степенот на рентабилноста на
работењето се изразува како процент кој се
добива како однос помеѓу остварениот
профит и просечната големина на
користените средства во работењето
( фиксни и тековни ).

34
МОЖНОСТИ И ИЗВОРИ НА
ФИНАНСИРАЊЕ
Под финансирање се подразбира
напор на сопсвеникот на претпријатието за
обезбедување и правилно користење на
сопствени и туѓи финансиски средства,
неопходни за остварување на зацртаните
цели.

35
МОЖНОСТИ И ИЗВОРИ НА
ФИНАНСИРАЊЕ
Финансирањето од сопствени извори
се базира на средства на сопсвениците на
претпријатијата за кои не постои обврска за
враќање.
Најчести туѓи извори на финансирање
на претпријатието се: банките, партнерски
претпријатија, инвестициските фондови,
осигурителни компании, штедилници и др.
36
МОЖНОСТИ И ИЗВОРИ НА
ФИНАНСИРАЊЕ
При основање на акционерско
друштво прибирањето на финансиски
средства се врши со примарна емисија на
акции.
Акција преставува хартија од
вредност, односно писмена потврда за
право на сопственост на дел од
капиталот на претпријатието
( акционерското друштво ). 37
МОЖНОСТИ И ИЗВОРИ НА
ФИНАНСИРАЊЕ
Нови акции може да емитуваат и веќе
постоечки претпријатија со цел, прибирање
финансиски средства неопходни за
проширување на своето работење.
Дивидендата е дел од профитот
наменет за распределба на имателите на
акциите.
Сопсвеникот на акции, доколку сака да
си ги врати вложените средства, може да ги
продаде акциите на финансискиот пазар, 38
односно на берзата.
МОЖНОСТИ И ИЗВОРИ НА
ФИНАНСИРАЊЕ
Корпорациски обврзници може да
издаваат големите претпријатија, со цел да
дојдат до дополнителни средства неопходни
за финансирање на своето работење.
Обврзниците на сопствениците им
носат соодветен надоместок во форма на
камата.
Претпријатијата се должни по истекот
на определеното време да го вратат износот
39
на кој гласи обврзницата заедно со каматата.
МОЖНОСТИ И ИЗВОРИ НА
ФИНАНСИРАЊЕ

Обврзниците се хартии од вредност,


односно потврди кои ја покажуваат
задолженоста на претпријатието кон
имателите на обврзници.

Обврзници може да издава и државата.

40
СОПСТВЕНИ ВЛОЖУВАЊА, БАНКИ,
ВЛАДИНИ И НЕВЛАДИНИ
ИНСТИТУЦИИ
Финансирањето од сопствени извори се
базира врз основа на капиталот на
претпријатието, и ги опфаќа влоговите на
сопствениците без временски ограничувања
за нивно ангажирање или враќање.
Капиталот како сопствен извор на
финансирање може да биде:
- номиниран
41
- неноминиран
СОПСТВЕНИ ВЛОЖУВАЊА, БАНКИ,
ВЛАДИНИ И НЕВЛАДИНИ
ИНСТИТУЦИИ
Номинираниот капитал ги опфаќа:
- акционерски капитал ( со емисија на
акции )
- траен влог на сопствениците ( со
договор се определува висината на
влогот, што секој од основачите треба да
го вложи без обврска за враќање )
- друг капитал ( капитал од добиени
42
донации, премии, субвенции и др. )
СОПСТВЕНИ ВЛОЖУВАЊА, БАНКИ,
ВЛАДИНИ И НЕВЛАДИНИ
ИНСТИТУЦИИ
Неноминираниот капитал ги опфаќа:
- резервите кои претпријатието ги
формира од сопствениот профит или
од други средства
- нераспределената добивка од
предходни години

43
СОПСТВЕНИ ВЛОЖУВАЊА, БАНКИ,
ВЛАДИНИ И НЕВЛАДИНИ
ИНСТИТУЦИИ
Други извори за финансирање на
работењето на претпријатието се:
-банките кои на претпријатијата им
обезбедуваат можност за користење на
краткорочни ( до 1 година ) и долгорочни
кредити ( над 5 години ).
- специјални владини буџетски фондови или
кредитни линии од странски институции
44
СОПСТВЕНИ ВЛОЖУВАЊА, БАНКИ,
ВЛАДИНИ И НЕВЛАДИНИ
ИНСТИТУЦИИ
- невладини институции за подршка и развој на
претпријатијата ( стопански комори,
здруженија на производители, здруженија на
трговци, на земјоделци, на занаетчии и др. )
кои даваат сугестии, предлози, стратегии,
креирање на услови и сл.

45
КАМАТНИ СТАПКИ И УСЛОВИ НА
КОНКУРЕНЦИЈА
Каматни стапки
Кредитот преставува должничко-
доверителски однос според кој едно лице
(кредитор) на друго лице
(кредитобарател) му отстапува
определена сума пари за користење на
определено време, под определени
услови, со обврска примената вредност
да биде вратена со камата. 46
КАМАТНИ СТАПКИ И УСЛОВИ НА
КОНКУРЕНЦИЈА
Камата преставува цена за
позајмениот капитал.
Износот на пари кој се позајмува се
нарекува главнина, а процентот на каматата
кој се плаќа на главнината се нарекува
каматна стапка.
Се применуваат различни видови
каматни стапки во зависност од големината
на позајмените средства, рокот и начинот на
враќање, степенот на ризикот, намената на47
кредитот и др.
КАМАТНИ СТАПКИ И УСЛОВИ НА
КОНКУРЕНЦИЈА
Причини поради кои се пресметува
камата се:
- временски фактор
- опортунитетен трошок ( пријателско
позајмување на пари без камата!? )
- инфлација (во услови на инфлација
парите губат од својата вредност)
- ризик на вложување
48
КАМАТНИ СТАПКИ И УСЛОВИ НА
КОНКУРЕНЦИЈА
Услови на конкурентност
Фактори кои влијаат врз конкуретноста
на малите претпријатија се:
1.Сопственикот (менаџерот) како фактор на
конкуретност: негова мотивираност,
способност, одговорност, ставови и
однесување;
2.Способност да се добијат и користат
соодветни научни и технолошки иновации 49
КАМАТНИ СТАПКИ И УСЛОВИ НА
КОНКУРЕНЦИЈА
3. Квалитетот на организацијата на
претпријатието;
4. Инвестиции во адекватни технологии;
5. Флексибилност: способност за
откривање на можностите што ги нуди
пазарот и брзо прилагодување на
промените на побарувачката

50
ДАНОЦИ И ПРИДОНЕСИ

Средствата за задоволување на
јавните потреби во најголем дел, државата
ги обезбедува преку наплата на разни
даноци, такси, придонеси и други давачки
од претпријатијата и од населението
(правни и физички лица).

51
ДАНОЦИ И ПРИДОНЕСИ
Постојат четири видови на даноци:
1.Данок со кој се оптоварува доходот на
физичките и правните лица. Се јавува во два
вида:
• данок на добивка (профитот) на
претпријатијата
• персонален данок на доход на физички
лица (збир на нето приходи);
52
ДАНОЦИ И ПРИДОНЕСИ
2. Данок со кој се оптоварува
потрошувачката (прометот) на производи
(добра и услуги). Тука спаѓаат:
• данок на додадена вредност ( ДДВ )
• акцизи, тоа се даноци кои се наплатуваат
на специфични и луксузни производи
( алкохолни пијалоци, тутунским
производи и др.)
• царини и други царински давачки;
53
ДАНОЦИ И ПРИДОНЕСИ
3. Данок што се наплатува во вид на придонеси
за социјално осигурување (пензиско-
инвалидско, здравствено осигурување и за
невработеност) се врши од два извори:
• Од личните примања на вработените -од
износот на бруто платите, паѓајќи на товар
на вработените
• од вкупниот износ на исплатените бруто
плати и се признаваат како трошок од
работењето, паѓајќи на товар на
претпријатието, односно работодавачите.54
4. Данок на имот
ДАНОЦИ И ПРИДОНЕСИ

Даночниот систем на Р. Македонија се


состои од Управа за јавни приходи во чиј
состав е Даночната инспекција која е
одговорна за утврдување, наплата и
контрола на сите јавни приходи.

55

You might also like