You are on page 1of 4

10те Најпродавани производи на сите времиња

1. Рубикова коцка

Категорија: Играчка
Матична компанија: Seven Towns
Првиот прототип на Рубикова коцка го направил Ерно Рубик во 1974 година, во
Будимпешта, Унгарија. Потоа Американска компанија за играчки во 1980 година ја
откупи коцката и почна со нејзиното производство. Рубиковата коцка го достигна
врвот на својата популарност во средина на осумдесетите години, кога третина од
светското население ја користеа поради нејзината заразна намена, форма, весели
бои и достапна цена.

2. iPhone

Категорија: Телефон
Матична компанија: Apple
Во период од 5 години се продадоа 250 милиони iPone, што го направи овој
производ најбрзо продаван на сите времиња. Според анализите се проценува
дека компанијата Apple од воведување на овој производ во 2007 година остварила
околу 150 билиони долари од неговите продажби. iPhone досега излезе во 5
различни верзии: 3G, 3GS, 4 и 4Ѕ секоја поуспешна од претходната. Доколку
продолжи ваквата продажба се очекува iPhone набрзо да стане најпродаван
производ во светот на сите времиња.
3. Harry Potter

Категорија: Книга
Матична компанија: Scholastic
Првата книга за Harry Potter во САД беше издадена во 1990 година, под насловот
Хари Потер и каменот на мудроста. Книгата доживеа инстантен успех. Поради
големиот успех на книгата авторката J.K. Rowling стана еден од најплатените
автори на денешницата, посебно во 2001 кога книгата беше пренесена и на
филмското платно. Последниот дел од книгите за јунакот Потер, односно Хари
Потер и даровите на смртта е најбрзо продавана книга со продадени 11 милиони
копии во првите 24 часа.

4. Michael Jackson Thriller

Категорија: Албум
Матична компанија: Epic Records
Албумот на Michael Jackson Thriller се продаде во над 110 милиони копии. За овој
албум Michael освои 8 Греми награди во 1984 година, меѓу кои и наградата за
најдобар албум. Седум од десетте песни на албумот му беа Box office хитови.

5. Super Mario

Категорија: Видео игра


Матична компанија: Nintendo
Super Mario за прв пат се појави на сцената на видео игрите во 1981 година, како
дел од популарната видео игра Donkey Kong. Од тогаш италијанскиот водоводџија
се појавил во над 31 наслов кој го носи неговото име. Со тоа Super Mario стана
најпопуларната франшиза на видео игри на сите времиња а воедно и еден од
најпродаваните производи.
6. iPad

Категорија: Таблет
Матична компанија: Apple
Apple го издаде својот прв iPad во 2010 година. iPad доживеа евиден успех за
периодот од една година, сместувајќи го на шестата позиција на најпродавани
производи на сите времиња. Околу 64 милиони iPad се продадени во текот на
ланската година. Споредено со продажбата на компјутери тоа за која беше
потребно 24 години да се дојде до истата количина, можеме слободно да
заклучиме дека iPad е инстантно успешен производ.

7. Star Wars

Категорија: Филм
Матична компанија: 20th Century Fox
Во 2009 година филмот на James Cameron Avatar, стана најпрофитабилен
американски филм на сите времиња. Но кога профитите би биле прилагодени за
инфлацијата низ годините Gone with the wind (Однесено од виорот) филм од 1939
година сепак го задржува првото место. Но како и да е сагата на George Lucas за
војната на ѕвездите земајќи ги во предвид сите делови е недостижна на врвот по
остварени профити во филмската индустрија.

8. Toyota Corolla

Категорија: Автомобил
Матична компанија: Toyota
Toyota произведува автомобили повеќе од 4 декади. Откако беше пуштен во
продажба моделот Corolla е продаван на секои 40 секунди во текот на првите 2
години од производството. Corolla е и прв јапонски автомобил кој се произведува
во САД од 1968 година. Веднаш зад Corolla како најпродаван автомобил се наоѓа
F-150 Pickup на компанијата Ford
9. Lipitor

Категорија: Фармација
Матична компанија: Pfizer
Lipitor апчињата припаѓаат во класата на фармацевти кои помагаат при
регулирање на нивото на холестеролот. И покрај тоа што Lipitor не е прво од
фармацевтските производи од овој тип, сепак неговата ефикасност и реклама го
направија најпродаван производ во модерната медицина.

10. Play Station

Категорија: Конзола за видео игри


Матична компанија: Sony
Првиот Play station од страна на Sony е издаден во 1995 година. Пет години потоа
Sony почна со продажба на Play Station 2. PS2 стана најпопуларна конзола на сите
времиња достигнувајќи 150 милиони продадени единици во 2011 година. Play
Station 3 кој беше презентиран на пазарот во 2006 имаше нешто помал успех но
франшизата во целост е најпродавана конзола на сите времиња со над 300
милиони примероци.

Извор: http://www.rediff.com/business/slide-show/slide-show-1-10-best-selling-products-of-all-
time/20120712.htm

You might also like