You are on page 1of 25

Да се подготви CV

Предавач:
Проф. д-р Жанина Кировска
Канцеларија бр. 3
E-mail: zanina.kirovska@fbe.edu.mk

Факултет за бизнис економија - ФБЕ


Пет врвни моменти при пишување
биографија
1. Вашата биографија се однесува на вашата иднина, не на
вашето минато

2. Биографијата не е исповед. Не сте обврзани да „кажете


сé“. Држете се само до она што е релевантно и она што
„се продава“

3. Не поднесувајте список со работни обврски. Пишувајте за


постигнувања!

4. Истакнете ги само оние вештини кои уживате да ги


користите. Никогаш не ги споменувајте работите што не
би сакале да ги повторите

5. Бидете искрени. Креативност е дозволена, но не и лажење


Вашето име

Вашето име е најважната информација во вашата


биографија, тоа треба да биде проминентно и лесно да
се забележува (на средина, на горниот дел од листот,
или на горниот десен агол од листот).

Зошто?
Затоа што откако ќе се прочита вашата биографија,
најверојатно ќе влезе во некаква папка, каде левиот
горен агол може многу лесно да биде покриен со
механизмот на папката
E-mail адреса

Вашата адреса на електронската пошта, може да


биде од голема корист за вас.

Зошто?
брз начин на добивање и испраќање податоци
додека трае процедурата
јасно покажување дека сте достапни „он-лајн“ (во
секое време)
се разбирате од користење на еден ваков тренди
начин на комуникација
Формати на пишување на
работната биографија

Постојат два основни формати во кои се


пишуваат биографиите за вработување

Хронолошки формат
Функционален формат
Хронолошко резиме

Хронолошкиот формат е традиционален и


дава осврт на

 вашите работни позиции


 места на кои сте работеле и времетраење
 дадени како посебни наслови по кои следат
вашите постигнувања
Хронолошкиот формат е
најкорисен кога
Останувате во истото поле на интерес
Вашата целокупна работна историја покажува
нагорна линија, па така вашата нова цел
претставува природен следен чекор во вашата
кариера
Вашата неодамнешна (или тековна) работа е
нешто со што вистински се гордеете
Немате прекини во вашиот работен век
Функционално резиме

Функционалниот формат го претставува

вашето искуство подредено во


поднаслови
ви овозможува слобода да ги подредите
вашите достигнувања по приоритет, а не
по хронологија
Функционалниот формат е најкорисен
когa
Менувате кариера
Повторно се пријавувате на пазарот на труд
Вашето последно работно место не е доволно
импресивно
Сакате да нагласите вештини или искуства од
раниот период на вашиот работен век
Вашето искуство на волонтерска база е релевантно
и треба да се нагласи
Вашите позиции на работа не ја отсликуваат
прецизно одговорноста што сте ја имале
Образование - интерес за
потенцијалниот работодавач

Во биографијата, делот што се однесува на образованието


треба да биде соодветно позициониран

 Кога вашето образование е високо релевантно за


позицијата што ја барате
 Кога сте „тазе” дипломирани
 Кога немате искуство со вработување во областа за која
сега се интересирате, а сепак имате диплома или сте
поминале обука за неа
Доколку имате повеќе од една
диплома...
Назначете од каде е секоја од нив добиена.

Датумите не се задолжителни.

Сите главни и споредни предмети што сте ги слушале,


стажирања и курсеви што сте ги поминале, треба да се
наведат исклучиво ако се во функција на вашата цел.
Ако во моментот сте вклучени во некоја релевантна
едукативна наставна програма или обука...

Наведете го името на институцијата/програмата/обуката што ја


посетувате заедно со датумот на кој очекувате да завршите, или
пак фрази како што се:

 „моментално запишан/а“

 „очекувам да завршам во пролет, 2010“

 „тековно вклучен/а“

 „комплетирана програма за 6 месеци“


Останати вештини
Залагања во заедницата
Публикации
Признанија
Компјутерска „писменост“
Лични интереси
Водич за составување пропратно /
насловно писмо

Пропратно писмо ...

 не е досаден и сувопарен документ


 бара креација, бидејќи истото е за бирото на
вработувачите
 треба да делува како динамит!
Вашата цел, мора да биде јасно
истакната во мотивационото писмо…
• Каква позиција барате
• Кому треба да му се упати еден ваков
документ
• Кое ниво на одговорност го барате
• Како да се интерпретираат информациите
дадени во биографијата
• Вашата изјава треба да биде колку што е
можно поконцизна
Четири правила за пишување на
мотивационо писмо

1. Воспоставете лична врска, колку што е можно побрзо


2. Покажете ја вашата личност, преку стилот на пишување,
преку директни изјави за вашиот карактер или преку
препораки
3. Иницирајте акција за да разберете што би сакале
работодавачот да направи како резултат на вашето
писмо - побарајте тоа да го стори
4. Составете го писмото така што ќе биде брзо и лесно за
читање (една страна, кратки пасуси, таксативно
набројување, маргини)
Истражувајте, истражувајте и
само истражувајте
 Едно добро пропратно писмо „што го одзема здивот“ всушност
го продава концептот дека токму вие сте вистинскиот избор за
компанијата

 Со цел да постигнете соодветно „продажно“ ниво на вашето


писмо, потребно е да откриете ...
- на кој сегмент најчувствително се реагира во компанијата

Клучен елемент во мотивационото писмо е да ги убедите


потенцијалните работодавачи да ви пружат шанса за интервју.
Запомнете: работодавачот размислува во однос на потребите на
компанијата, а не на вашите.
Препорачливо е да истражувате
во следниве насоки
 Литературата за компанијата на вашиот потенцијален
вработувач

 Промотивни информации на социјалните мрежи

 Деловниот сектор во јавните библиотеки

 Бизнис и финансиски списанија

 Економските рубрики во дневниот печат

 Вашите лични и професионални врски

 Соберете ги сите ваши информации за фирмата во еден вид


портфолио
Мотивационо писмо - убедување и лична
продажба на кандидатот

При подготовката за овој дел, корисно е да се потрудите


и да најдете одговор на следниве прашања:

Какви вештини и знаења бара работодавачот од


идеалниот кандидат?
Кое ваше остварување покажува дека ги поседувате
таквите вештини и знаења?
Кој сегмент на личноста би сакал работодавачот да го
види во совршениот кандидат?
Кои аспекти на вашата личност ќе ве направат
продуктивен член на тимот?
Убедување и лична продажба на кандидатот
(личен пристап)

Користење трикови, без оглед колку се креативни, да


се добие интервју за работа, ќе навреди некои
директори и на тој начин ќе предизвика да бидете
одбиени од работа.

Ве советуваме да не користите пристап, кој е


надвор од вашиот карактер, а тоа ќе ве направи да се
чувствувате непријатно и засрамено.
Презентација за ваша „продажба“

Девет позитивни мисли пред да одите на интервју ...

1. Дознајте го точното местото и време на интервјуто.


2. Бидете сигурни дека го знаете името на интервјуерот.
3. Направете некои истражувања за компанијата со која ќе биде интервјуто -
разговарајте со луѓе и прочитајте за компанијата, каде се нивните канцеларии,
колкав е нивниот пораст, изгледите на фирмата во иднина.
4. Размислете за две или три добри прашања, кои би сакале да ги прашате за време
на вашиот разговор.
5. Планирајте да дојдете до одреденото место за интервју малку порано, за да се
избегне стресот дека не сте на време.
6. Планирајте да се облечете на соодветен начин кој одговара на работното место, за
кое ве интервјуираат.
7. Три причини зошто сте го избрале работодавачот да ве интервјуира.
8. Три причини зошто посебно ви се допаѓа работодавачот.
9. Три работи кои ги поседувате, што треба да го заинтересираат работодавачот.
За време на интервјуто ...
Немојте да бидете само пасивни испитаници, кои
одговараат на поставени прашања

Понекогаш потенцијалните работодавци ќе побараат од


вас да покажете одредени способности

Ако ви дадат тестови за интелигенција, способност или


психолошки, треба да се обидете да бидете искрени
Однесување за време на интервјуто ...
 Мислете позитивно. Бидете ентузијаст, заинтересирани, запознати и
сигурни.
 Фатете неколку белешки. Прифатливо е да забележувате по нешто за
време на интервјуто, но ограничете се на работи, кои се важни да се
запаметат.
 Изградете позитивен однос со интервјуерот. Слушајте и обсервирајте.
(интервјуирањето е двосмерен процес).
 Внимавајте на говорот на телото. Бидат свесни за вашата нервоза
(Вознемиреност, тресење на нога, типкање со прсти итн.). Имајте доверба
(контакт со очи, цврсто ракување, исправена положба на телото).
 Бидете свесни за прашањата, кои работодавачот ви ги поставува.
Одговорете со информации важни за позицијата. Дајте директен одговор;
избегнувајте да одолговлекувате.
 Размислете за прашањата кои ги прашувате. Тие треба да укажуваат
дека знаете нешто за таа работа. Добијте информации што ви требаат, за
ги знаете дали ќе бидете задоволни со работата.
Затварање на вашата „продажбата“
Прашајте кога работодавачот очекува да донесе
одлука.
Повторно искажете го вашиот интерес и
способноста за вршење на работата.
Покажете доверба и ентузијазам (насмевка,
завршете со цврсто ракување).
Земете визит-карта од работодавачот, ако е можно
(може да ви користи кога ќе пишувате писмо за
благодарност).
После Интервјуто ...
Бизнис учтивоста налага да се напише писма за благодарност
до анкетарите,

Ако не слушнете ништо од компанијата за неколку недели, би


било соодветно да напишете друго писмо изразувајќи ги
вашиот континуиран интерес за работата,

Изразете благодарност за времето на интервјуерот и учтивост,

Секогаш бидете сигурни вашите писма да поседуваат став,


квалитет и вештината на професионалец.

You might also like