You are on page 1of 17

• Исто како и CV-то, добро составено мотивационо писмо е

особено значајно во процесот на барање работа.


• Мотивационото писмо уште се нарекува и придружно писмо, што
значи дека има за цел да даде дополнителни информации за вас
како успешен кандидат, кои не се содржани во вашето CV.
• Истовремено, мотивационото писмо е простор каде имате малку
повеќе слобода за прикажување на својата автентичност, лични
карактеристики и други дополнителни предности за кои
вообичаено нема место во CV-то, како и јасно да укажете на тоа
кои делови од вашето резиме се значајни за нивната компанија и
зошто.
1. ПОГРЕШЕН ФОРМАТ НА ПИСМТО
Мотивационото писмо всушност е ПИСМО!!! Тоа значи дека:

- треба да има структура на писмо, соодветно да биде


адресирано (по можност до лицето кое е одговорно за
најмување), име на фирма и адреса (дури и ако го праќате по
email).
- информација за тоа кој го испраќа (ваше име и презиме и
контакт податоци – најдобро во горниот десен агол).
- Почеток, главен дел и крај, со соодветна структура и смисла, а
не copy/paste делови од вашето професионално резиме.
2. СЕ ФОКУСИРА САМО НА ВАС

• Можеби звучи чудно, но мотивационото писмо треба барем


подеднакво да се фокусира на работодавецот како на вас
самите.
• Секако, тоа ќе содржи информации за вас, но истите треба да
бидат ставени во контекст на тоа што му е потребно на
работодавецот и специфичните барања на работното место.
• Токму затоа добрата анализа на компанијата е пресудна за
пишување на успешно мотивационо писмо.
3. ТЕХНИЧКИ И ГРАМАТИЧКИ ГРЕШКИ

• Исто како кај CVто, техничките и граматичките грешки укажуваат


на непрофесионалност, невнимателност па дури и мал интерес за
позицијата.

• Имено кога не сте се потрудиле да ги средите документите за


пријава, каков интерес и посветеност кон работата може да се
очекува од вас понатаму.
3. ТЕХНИЧКИ И ГРАМАТИЧКИ ГРЕШКИ
• Техничката исправност се однесува и на целокупниот изглед на
писмото. Тоа треба да делува уредно што значи:
• Подредете ги редовите на лево или изедначете ги;
• Осигурајте дека целиот текст е во ист фонт.
• Користете читлив, не-специфичен фонт (Ariel, Garamond, Calibri), со
големина 11.

• Доколку имате можност, секогаш дадете го мотивационото писмо


на проверка од пријател или член од семејството. На тој начин ќе се
осигурате дека нема да пропуштите ненамерни грешки.
4. НЕОСНОВАНИ ТВРДЕЊА
• Мотивационото писмо не бара да бидете скромни, туку јасно и
гласно да ги искажете своите силни страни, вештини и
достигнувања, како и лични карактеристики кои сметате дека ќе
бидат од бенефит за работата на компанијата.
• Сепак, сите можеме да кажеме дека имаме силно развиена смисла
за бизнис и одлични преговарачки вештини. Водете сметка да
вашето мотивационо писмо не се претвори во серија неосновани
изјави.
• Така, ако кажете дека имате извесно искуство или вештина,
наведете и пример кој истото ќе го отслика.
5. НЕ ПИШУВАЈТЕ РОМАНИ
• Времето кое оној кој вработува може да го посвети на секој
индивидуален кандидат е мало. Затоа, водете сметка за должината
на вашето мотивационо писмо.
• Мотивационото писмо е ПРЕДОЛГО доколку е подолго од 1 страна.
• Исто така и таа една страна не треба да се наполни од почеток до
крај, без празен простор на маргините и меѓу редови, затоа што
таквата конструкција повторно е тешка за читање и го намалува
интересот на оној кој чита.
• Идеално: 4-5 добро структурирани параграфи, во кои се содржани
најважните информации
6. КОРИСТЕЊЕ НА ИСТО МОТИВАЦИОНО ПИСМО

Работодавачите гледаат толку многу мотивациони писма што лесно


ќе препознаат доколку користете едно исто, универзално писмо во
сите ваши апликации.

Универзалното мотивационо нема да содржи информации за


нивната компанија, како и специфични ваши вредности кои можат да
и користат на истата. Запомнете, процесот на доаѓање до интервју за
работа е всушност себе-рекламирање, а вие ја пропуштате
најголемата шанса за себе-промоција.
IPA Cross-Border Programme
CCI Number 2007CB16IPO007
E-Region: Development Opportunity
2007CB16IPO007-2012-3-036

You might also like