You are on page 1of 11

8-14 стр

Кариерни Можности
Видови на кариерни можности
 Постојат кариерни можности за секој од нас а која кариерна можност ќе ја
избереме зависи од нас самите како и од нашите компетенции (знаења,
вештини, искуство и.т.н).

 Вработен
 Самовработен
 Претприемач
Вработен

 Вработен е лице кое работи во претпријатие кое е во


сопственост на други лица и за својата работа зема плата.
Карактеристики на вработен
 Договор за работа (определено/неопределено време) со кој се регулираат
работните обврските помеѓу работодавецот и вработениот, времетраењето на
договорот и начинот на раскинување на истиот, платата и работното време.
 Фиксни работни часови – Вработените најчесто имаат фиксно работно време
најчесто од 08:00 – 16:00 или 8 часа на работни часови.
 Редовна исплата на месечна плата – Вработениот за изработеното согласно
договорот зема месечен надомест кој се нарекува плата
 Секогаш имаат надредени – Вработените имаат надредени односно менаџери на
кои им одговараат за извршената работа а менаџерите се тие што ги организираат
но и контролираат вработените.
Карактеристики на вработен
 Немаат флексибилност во одлучувањето – Тие носат само рутински одлуки
затоа што имаат некој што планира за нив (менаџерот) и за некои промени треба
согласност со него.
 Работат по процедура на друг – Вработените имаат оперативни процедури кои
ги има развиено претпријатието за тоа работно место и тие се должни да ги
почитуваат. Процедурите имаат за цел за најоптимално искористување на нивните
технички вештини и знаења при извршување на работата.
 Кариера – е термин поврзан со работното искуство кое укажува на
професионалната патека на некое лице.
 ПР. Нагорна линија: Оперативен вработен оперативен менаџер директор на
сектор генерален директор
 Нагорното движење во кариерата бара постојано унапредување на вештините и
знаењата т.е. стекнување искуство на вработениот.
Самовработен

 Самовработен е лице кое започнува бизнис односно основа претпријатие со цел да си обезбеди работно
место на самото себе.

 Самовработен создава сопствено работно место, додека претприемач создава


бизнис кој бара тим од луѓе.
Карактеристики на самовработен
 Работат сами за себе
 Немаат дефинирани работни часови
 Доколку заработи ќе зема плата
 Немаат надредени освен купувачи
 Имаат флексибилност во одлучувањето – сите одлуки ги носат сами дали ќе
услужат некого
 Фокусот е на техничките вештини
 Самото претпријатие кое го основа самовработеното лице се заснова на неговите
технички вештини и без нив претпријатието нема да може да функционира
 Пример за самовработен: Фризер, Автомеханичар, Столар и др.
Претприемач

 Претприемач е лице кое започнува бизис, со цел да додаде


вредност на основните ресурси креирајќи од нив нов производ
или услуга со цел да задоволи некоја незадоволена потреба на
пазарот за што купувачите се спремни да платат цена а
претприемачот му обезбедуваат профит.
Карактеристики на претприемач
 Менаџираат и работат во свое претријатие – нивниот фокус не е да креираат
работно место за самите себе туку одржлив бизнис
 Немаат дефинирани работни часови – поголемиот дел од слободното време го
користат за градење на бизнисот
 Доколку претпријатието успее ќе имаат пари – Претприемачите не земаат
плата, но ако претпријатието успее тие ќе добијат многу повеќе пари од платата за
која би работиле.
 Тие се во врвниот менаџмент
 Имаат флексибилност во одлучувањето – ја имаат целата флексибилност затоа
што претпријатието е нивно
 Освен техничките потребни се и менаџерски вештини
 Менаџерските вештини се однесуваат на способноста за управување со претпријатието,
креативноста, способноста за иновирање и способноста за справување со ризик.
Извори на информации за кариера
 Доколку се одлучите да ја одберете кариерата вработен тогаш вие треба да ги
знаете местата од каде што може да се информирате за работната позиција која ја
посакувате.
Извори на информации за кариера:
 Зборувајте со секој што ќе го сретнете (пријател, познат, другар, роднина) може
некој слушнал за работна позиција во некое претпријатие што вас ве интересира.
 Посетете библиотека
 Сурфајте на интернет
 Читајте ги дневните весници секој ден
k
Домашна задача or
e W
om
 Одберете каков тип на кариера сакате: H
1. Вработен
2. Самовработен
3. Претприемач
Во зависност од тоа што ќе одберите опишете што е тоа што сакате да
работите, зошто го сакате и како би го работеле.

You might also like