You are on page 1of 12

БАС – Бизнис Академија Смилевски кPage |1

Проектна задача по предмет:


Вовед во бизнис

Тема:

Позитивни и негативни страни на


индивидуална сопственост

Изработил:
Дијана Дамевска

Професор:
Дијана Ивановска Пржо

1
11.
СОДРЖИНА _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ 1
ВОВЕД _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ 2
ПРЕТПРИЕМНИШТВО НА ИНДИВИДУАЛНА СОПСТВЕНОСТ
– ФАЗИ И КАРАКТЕРИСТИКИ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ 3
ЗНАЧЕЊЕ НА УСПЕХОТ ЗА ИНДИВИДУАЛНАТА
СОПСТВЕНОСТ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ 4
ФАКТОРИ ЗА УСПЕХ НА ИНДИВИДУАЛНАТА
СОПСТВЕНОСТ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _6
МЕРЕЊЕ НА УСПЕХОТ НА ИНДИВИДУАЛНАТА
СОПСТВЕНОСТ И ПОСТАВУВАЊЕ НА ЦЕЛИ _ _ _ _ _ _ _ _ 7
ШТО Е ДЕЛОВЕН НЕУСПЕХ? _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ 8
ЗАКЛУЧОК _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ 9
КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ 10
ВОВЕД

Турбулентното опкружување и времето во кое создаваме мали


бизниси ни наметнува и неколку прашања на кои треба да
посветиме и време за да го добиеме нивниот одговор од кој
зависат многу одлуки во малиот бизнис. Најчестите прашања кои
си ги поставуваме се:

Дали бизнисот би бил соодветен за да се пласира на пазарот?

Кои стратегии би ги презеле за да бидеме успешни и стекнеме водечка


улога?

Дали одлуките што ги носиме се правилни, и што би направиле доколку


не се?

Што во суштина е значењето и целта на нашиот бизнис?

Во суштина постојат многу други прашања но сепак


горенаведените се едни од најважните на кои можеме да се
потпреме. Сите овие се предизвици за индивидуалните бизниси
како и работниот успех и неуспех се проблеми на кои треба да
посветиме најголемо внимание.
ПРЕТПРИЕМНИШТВО И ИНДИВИДУАЛНИ БИЗНИСИ – ФАЗИ И
КАРАКТЕРИСТИКИ

Пазарот и развиеното економско друштво не може да опстане без


претприемачот. Претприемачите се издвојуваат од останатите поради
својата можност или особина за остварување на деловна или друштвена
визија. Сето ова во склоп на малите бизниси се одвива во следните 5
фази:

1 фаза: ЕГЗИСТЕНЦИЈА- главен проблем за почеток на работата на малите


е привлекувањето на муштерии и давање на услуги односно дали ќе
најдеме купувачи за услугите/производите кои ги нудиме. Исто така
клучно е прашањето за тоа дали индивидуалниот бизнис има доволно
средства да ја преброди оваа фаза.

2 фаза: ОПСТАНОК- се однесува на односот на приходите и расходите


на индивидуалниот бизнис во процесот на проширување на бизнисот.

3 фаза: УСПЕХ- во оваа фаза претприемачот е ставен на тест за тоа како


ќе се однесува со профитот бидејќи во оваа фаза приходите ги
надминуваат расходите. Со донесување на погрешни одлуки во оваа
фаза индивидуалниот бизнис се враќа во фаза 2.

4 фаза: ПОЧЕТОК /ЗАПОЧНУВАЊЕ- односно фаза наречена летање во


која индивидуалниот бизнис многу брзо се развива и се потребни многу
добри вештини, стратешко планирање и донесување на правилни
одлуки за да можеме да ја контролираме работата. Доколку донесеме
неконтролирани и погрешни одлуки индивидуалниот бизнис се враќа во
фаза 3.
5 фаза: ЗРЕЛОСТ- Фаза која со себе носи и контрола на приливот на
финансии. Проблемот овде се јавува во несоодветното или недоволно
иновации, недостиг на ентузијазам, иновација и ризик за понатамошно
финансирање. Предности на индивидуалните бизниси се:

1. Пазарна прилагодливост

2. Можност за остварување на финансиски успех

3. Сигурна работа

4. Фамилијарно вработување

5. Предизвик

Недостатоци на индивидуалните бизниси се:


1. Зголемување на одговорноста

2. Можност за неуспех / пропаѓање

3. Подложност на флуктуација на пазарот

4. Зависност од конкуренција

5. Финансиска слабост

6. Недостаток на знаење и стручност /подготвеност


ЗНАЧЕЊЕ НА УСПЕХОТ ЗА ИНДИВИДУАЛНИТЕ БИЗНИСИ

Поимот успех е многу тешко да го дефинираме но најдобро


можеме да го разбереме низ набљудувањето на четирите
аспекти, а тоа се:
1. Делување или влијание на бизнисот

2. Луѓето кои имаат очекување од бизнисот

3. Видови очекувања

4. Вистински резултати во однос на очекувањето

Влијанието на успехот во индивидуалниот бизнисот се мери со


различни квантитативни мерки кои се однесуваат на финансиските
резултати и создавањето на сопствена пазарна позиција.
Показателите се претставени со апсолутни износи и може да се
споредуваат со показателите на конкурентите. Меѓутоа
организацијата ја сочинуваат индивидуите но за да успехот има
некое влијание индивидуите мора истиот да го почувствуваат а не
само организацијата. Организацијата создава ресурси кои се
користени од доверителите се со цел подобрување на својот
стандард и затоа успехот на бизнисот се заснова на нив.
Претприемничкиот бизнис има шест групи на поверители и секој од
нив има сои интереси и очекувања од бизнисот.

1 група: Претприемач- ( и оние кои зависат од него) очекува бизнисот да


биде средство за остварување на персонални амбиции.

2 група: Вработени: кои очекуваат награда за својата работа и личен


развој.

3 група: Добавувачи- кои очекуваат од бизнисот да биде доверлив


партнер.
4 група: Купувачи- кои очекуваат од бизнисот да биде добар добавувач.

5 група: Инвеститори- кои очекуваат добивка од нивната инвестиција.

6 Група: Локална заедница- очекува бизнисот да допринесе во


квалитетот на животот кај локалното население.

Исто така влијанието на малиот бизнис како организација обезбедува


средства за остварување на персоналните цели на поверителот.
Ваквите персонални цели се манифестираат на три начини:

• Економски: финансиски надоместок

• Социјални: соодветен однос со другите луѓе

• Лично-развоен: постигнување на персонално, интелектуално и


духовно задоволство а воедно и раст.

Успехот постигнат на персонално ниво не е апсолутна величина


туку мора да се спореди со очекувањата. Успехот се смета за
остварен доколку остварените резултати ги исполниле
очекувањата. Според ова можеме да кажеме дека успехот на
еден мал бизнис или организација зависи од мерките кои ги
исполниле поверителите и начинот на кој тие оцениле дека се
исполнети нивните очекувања.
ФАКТОРИ ЗА УСПЕХ НА ИНДИВИДУАЛНИТЕ БИЗНИСИ

За да можеме да кажеме дека еден индивидуален бизнис е успешен


најпрво мора да ги исполнува очекувањата на своите поверители. За
сето ова да се оствари индивидуалниот бизнис мора да расте и да
напредува на пазарот. Секој бизнис е различен но заедничкиот сет на
фактори кои делуваат врз индивидуалниот бизнис и неговата
успешност се:

✓ Бизнисот користи значајна шанса

✓ Шансата која ни е дадена треба да биде јасно дефинирана и


искористена

✓ Иновацијата на која се темели малиот бизнис е вредна

✓ Претприемачот во бизнисот внесува одговарачки вештини

✓ Бизнисот околу себе е полн со вистински луѓе

✓ Организацијата поседува култура на учење и луѓето во неа имаат


позитивен став

✓ Бизнисот има ефективна употреба на својата мрежа

✓ Бизнисот има јасни цели и очекувања


МЕРЕЊЕ НА УСПЕХОТ НА ИНДИВИДУАЛНИТЕ БИЗНИСИ И
ПОСТАВУВАЊЕ НА ЦЕЛИ

Резултатот за работата на индивидуалниот бизнис подлегнува на


низа мерења а едни од најзначајните вакви мерења во индивидуалните
бизниси се:

- АПСОЛУТЕН ФИНАНСИСКИ РЕЗУЛТАТ: на пр: вкупен приход,


добивка...

- КОФЕИЦИЕНТ НА ФИНАНСИСКИ РЕЗУЛТАТ: на пр: профитна


стапка, враќање на инвестицискиот капитал....

- КОЕФИЦИЕНТ НА ЛИКВИДНОСТ: на пр: покритие на долгови,


покритие на камати....
- АПСОЛУТЕН РЕЗУЛТАТ НА БЕРЗАТА: на пр: цена на акциите,
пазарна вредност на компанијата итн...
- ПРИСУСТВО НА ПАЗАРОТ: на прт: пазарно место, пазарна позиција,
пазарно учество....
- РАСТ : на пр: зголемување на приходот, зголемување на
добивката ....

- ИНОВАЦИЈА : на пр: стапка на воведување на нови производи

- ПРОЦЕНА НА КУПУВАЧИ: на пр: ниво на услуга кај купувачите,


рангирање на купувачите...

Показателите на овие резултати се квантитативни и многу едноставни за


пресметување. Тие претставуваат конечна цел која индивидуалниот бизнис ја
остварил односно т.н. стратегиски цел. Целите можат да се дефинираат во
меѓусебен договор или може да бидат наметнати од страна на организацијата или
претприемачот. Начинот на кој претприемачот ги дефинира целите и ги користи за
мотивација претставува важен аспект на една лидерска стратегија.
ШТО Е ДЕЛОВЕН НЕУСПЕХ?

Претприемачите а воедно и оние на индивидуалните бизниси секојдневно се


сведоци на можното соочување со неуспех. Без разлика на тоа колку веруваат во својата
иновација во суштина тие се тестирани од страна на пазарот. Несигурноста и ризикот се
постојано присутни . Неуспехот се случува кога очекувањата што сме ги очекувале се
неисполнети или нецелосни. Голем број од новите индивидуални бизниси доживуваат
неуспех или барем на одреден период се среќаваат со него но најчесто сето ова се случува
во првите четири години на работа на индивидуалниот бизнис. Светската економија
започнувајќи од големата рецесија во 2008та година во криза ги создаде многу етаблирани
компании и бизниси кои се соочиле со финансиска криза а некои од нив завршиле со стечај.
Во стручната литература се користат седум основни причини поради кои индивидуалниот
бизнис доживува неуспех. Тоа се.

1) Недоволна капитализираност

2) Деловната идеја е лоша

3) На сопственикот му недостасува вештина и енергија

4) Сопственикот навлегол во бизнис за кој е неподготвен

5) Нестручност или немотивираност на вработените

6) Сопственикот не знае како да ја користи достапната технологија во


своја корист
7) Сопственикот не покажува заинтересираност да се стекни со
дополнителни вештини.

Како што можеме да видиме 4 од 7 причини се во директна


поврзаност со непромисленоста и неспремноста на сопственикот да се
усовршува. Останатите три причинители се индиректно врзани за
сопственикот бидејќи тој е надлежен за изборот и мотивацијата на
стручниот тим кој би го водел бизнисот и би му обезбедувал капитал. Но
добрата вест е тоа што успехот на еден индивидуален бизнис главно
зависи од самиот сопственик и придвижувачот на претприемачкиот
потфат.
ЗАКЛУЧОК

Да бидеш успешен во нешто и да имаш можности за реализација


на твоите идеи, мора да поседувате знаење. Како би се конкретизирала
идејата и како би имале можност за реализација треба да знаеме кои
технологии да ги користиме , да ги познаваме каналите на
дистрибуција , да познаваме добри и вешти добавувачи, да ги
познаваме клиентите и нивните потреби, трошоци за производство и
дистрибуција, доминантни играчи и нивните јаки и слаби страни. Секој
од нас се држи кон ставот дека „никој не се родил учен“ и истото важи и
за претприемништвото. Постои можност за обуки и курсеви кои можат
да ни помогнат да научиме и да се усовршиме, но огромното знаење и
вештина ќе го добиеме преку искуство, постојан контакт со клиенти и
добавувачи, со машини и технологии. Тука се стекнуваат знаење и
искуство. Ова знаење ќе ни помогне и да ги подобриме нашите идеи и
да ги подобриме веќе добиени сегменти на нашиот бизнис. Само со тоа
можеме да размислуваме за пазар и да најдеме подобри и поефикасни
начини за задоволување на потребите на тој пазар. Да ги смениме и
подобриме работите. Да преземеме нешто ново на пазарот.
КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА

1. Bartol, K. M. & Martin, D. C. (1994) Management, 2. izdanje. New

York: McGraw Hill Inc.

2. Dostić, M. (2003) Menadžment malih i srednjih preduzeća. Sarajevo:

Ekonomski fakultet.

3. Jokić, D. (2004) Preduzetnštvo. Užice: Autor i NIC Užice.

4. Marković, M. (2003) Poslovanje preduzeća i preduzetništvo. Mostar:

Univerzitetska knjiga.

You might also like