You are on page 1of 12

ОСУ ГИМНАЗИЈА „СВ.

КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ – ОХРИД

МАТУРСКА ПРОЕКТНА ЗАДАЧА


ПРЕДМЕТ: БИЗНИС И ПРЕТПРИЕМНИШТВО

ТЕМА: БИЗНИС АНГЕЛИ

Ментор: Изработил:
Проф. Војо Илоски Мелек Зулфикар IV2

Охрид, 2022
СОДРЖИНА:

1. ВОВЕД ............................................................................................................................... 3
2. ПРОФИЛ НА БИЗНИС АНГЕЛИТЕ .............................................................................. 4
2.1. Карактеристики на бизнис ангелите ..................................................................... 5
2.2. Недостатоци на бизнис ангелите: ............................................................................. 5
2.3. Причини за инвестирање .......................................................................................... 6
3. МРЕЖИ НА БИЗНИС АНГЕЛИ ..................................................................................... 6
3.1. Предности од инвестициите на бизнис ангелите ................................................... 7
3.2. Недостатоци од инвестициите на бизнис ангелите ............................................... 8
4. БИЗНИС АНГЕЛИ ВО МАКЕДОНИЈА ........................................................................ 9
5. ЗАКЛУЧОК ..................................................................................................................... 11
6. КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА ....................................................................................... 12

2
1. ВОВЕД
Малите и средни претпријатија (МСП) се ‘рбетот на економијата во секоја земја.
Тие обезбедуваат две третини од вкупното вработување на приватниот сектор во ЕУ и
85% од новосоздадените работни места. Малите и средните претпријатија и
претприемништвото се клучни за да се обезбеди економски раст, иновации, создавање
работни места и социјално интеграција. Сепак, малите и средните претпријатија се
соочуваат со проблеми при пристапот до финансии, особено во раните фази на развој.
Во овој контекст, особено за малите и средните претпријатија ориентирани кон раст и
почетните бизниси, бизнис ангелите играат многу важна улога. Во многу региони,
бизнис ангелите претставуваат најголем извор на надворешно финансирање за
новоосновани компании. Бизнис ангелите се важни во обезбедувањето на финансиски
капитал, но се исто важни и во придонесот за економски развој и технолошки напредок.
Во светски рамки, бизнис ангелите се тие кои го пополнуваат финансискиот јаз кој се
појавува помеѓу основачите, семејството и пријателите, од една страна и официјалните
институции за ризичен капитал, од друга страна, како извори на финансирање на малите
и средните претпријатија. Тоа се всушност богати, претприемачи – поединци кои
обезбедуваат капитал во замена за дел од сопствеништвото на компанијата, а притоа
имаат висок личен ризик во очекување на поседување на дел од растечки и успешен
бизнис.
Бизнис ангелите се богати, вонинституционални, приватни капитални
инвеститори кои имаат желба и доволно капитал, за да им се овозможи да инвестираат
дел од својот имот во ризични претприемачи, со висок поврат на инвестицијата, а за
возврат добиваат удел во приходот и одлучувањето и капитална добивка. Бизнис
ангелите обично инвестираат во почетна фаза на компанијата, каде основачкиот тим ги
има веќе исцрпено нивните лични заштеди и изворите на финансирање од семејството и
пријателите. Овие компании не се доволно развиени за опстојат самостојно, или доволно
привлечни за да се добие вложување од формални извори на капитал. Овие вложувања
постојат во состојба на половина пат, честопати меѓу можното откажување и
полетување.

3
2. ПРОФИЛ НА БИЗНИС АНГЕЛИТЕ
Терминот “бизнис ангели“ потекнува од Бродвеј, кон крајот на XIX век, каде
богатите инвеститори им обезбедуваа средства на режисерите за да ја финансираат
продукцијата на нови мјузикли и драми. Покрај финансиските приноси, нивната
мотивација извираше и од љубовта кон театарот и можноста да стекнуваат пријателства
со славни актери, сценаристи и продуценти. Овие инвеститори обезбедуваа високо -
ризичен капитал и беа мотивирани од нешто поголемо од пари. Бизнис ангелите
претставуваат релативно нова, но многу интересна форма на обезбедување и
инвестирање на финансиски средства во перспективни, ветувачки претприемнички
претпријатија.
Бизнис ангелите претставуваат приватни инвеститори, кои што во текот на
нивното активно работење стекнале богатство и искуство и се спремни тоа да го
инвестираат во нови мали и средни претпријатија со цел да им помогнат на младите
претприемачи, и нормално, да остварат профит за себе. Бизнис ангелите обично имале
успешна бизнис кариера, но сега поради старост или од други причини не можат целосно
да му се посветат на бизнисот. Во нивните мисли секогаш е присутно мотото “сепак
може уште повеќе да се заработи“. Овој нивен став секогаш со себе носи ризик од
можноста да се изгубат многу пари, но тоа нив не ги спречува да го прифатат
предизвикот.
Бизнис ангелите можат да дадат средства во вид на:
- грант (подарок);
- без камата;
- со минимална камата или
- со нормална камата.
На ваков начин давањето гаранција значително е олеснет, а средствата полесно се
достапни. Тие, најчесто инвестираат поради желбата нивниот капитал да ја задржи
својата вредност или поради љубов кон определено место или личност. Секако дека
сопствениците на овој капитал немаат против да стекнат профит, но нивните основни
мотиви не се првенствено поврзани со профитот, па поради тоа тие даваат финансиски
средства по поволни услови.
Претприемачите често ги бараат бизнис ангелите за да им помогнат да ги развијат
своите бизниси. Освен финансиите што ги носат, од бизнис ангелите се очекува да
придонесе на еден или повеќе од следниве начини:
 искуство во индустријата
4
 искуство во старт-ап или развој на бизниси
 мрежи
 искуство во собирање на капитал
 пристап до стратешки партнери.

2.1. Карактеристики на бизнис ангелите


 40 - 65 години, најголем дел мажи
 постдипломски студии, често технички
 претходно искуство во управување, започнат, работење или продаден успешен
бизнис
 инвестира помеѓу 25.000 и 1 милион американски долари по трансакција
 претпочита учество со други финансиски софистицирани лица
 силна предност за трансакции што одговараат на неговата техничка експертиза
 23% претпочитаат да инвестираат блиску до дома
 инвестира во една или две трансакции годишно
 термин за инвестирање е осум години
 бара стапки на поврат од 22% до 50%: минимално враќање на портфолиото 20%
 учи на можности за инвестирање пред се од пријатели и од кои има доверба
 соработници; сепак, мнозинството би сакало да разгледа повеќе инвестиции
 приходот е 100,000 УСД минимум годишно
 милионер кој сам се збогатил
 богати личности

2.2. Недостатоци на бизнис ангелите:


o Бизнис ангелите ретко обезбедуваат капитал во подоцнежните фази на развој на
фирмата. Тие инвестираат претежно во почетните фази на развој на
претпријатијата;
o Бизнис ангелите преферираат да учествуваат и да имаат важна улога во
управувањето на фирмите во кои инвестираат, а тоа може да го принуди
претприемачот да отстапи од некои негови привилегии. Но, некои бизнис ангели
може да немаат доволно искуство во управување на фирми од областа во која

5
функционира фирмата во која инвестираат, и како резултат на тоа нивниот
придонес може да биде под рамките на очекувањата;
o Еден мал број на бизнис ангели може да се претворат во “демони“, така да преку
инвестирање во одредена фирма се обидуваат да ги реализираат само сопствените
цели, а не и на претприемачот;

2.3. Причини за инвестирање


Мотивацијата за инвестирање малку варираат од земја до земја, но најчести
причини за инвестирање се следните:
 подобрување на имиџот, самодовербата и признанието
 обезбедување помош на оние на кои им е потребна
 придонес кон општеството
 зголемување на капиталот
 профит
 креирање работно место за себе
 забавно и возбудливо
 даночни олеснувања

3. МРЕЖИ НА БИЗНИС АНГЕЛИ


Мрежа на бизнис ангели е организација чија цел е да го олесни вмрежувањето на
претприемачи (во потрага по потфат и капитал) со бизнис ангели. Мрежите имаат
тенденција да останат неутрални и генерално се воздржуваат од формално оценување на
бизнис плановите на претприемачите и ангелите. Мрежата на бизнис ангели креира
пазар за услуги за вмрежување меѓу бизнис ангелите и претприемачите. Повеќето мрежи
кои функционираат во рамките на Европската унија се регистрирани како приватни
фирми, непрофитни организации или евентуално фондации. Мрежите на бизнис ангели
се генерално приватни иницијативи, честопати поддржани од јавниот сектор. Најчесто
се групи, составени од 10 до 150 индивидуални инвеститори. Тие се организирани да
работат поефикасно и да обезбедат взаемна поддршка. Придобивки имаат сите членови
на мрежата на бизнис ангели, обезбедувајќи им зголемена база на знаење и можност за
поголеми инвестиции. Понекогаш, исто така, го поедноставува процесот на длабинска

6
анализа, при што се прават групни, наместо индивидуални анализи. Во суштина,
мрежите на бизнис ангели генерално вршат два вида активности:
 Промоција на зделки меѓу членовите. - Напредни мрежи на бизнис ангели во
Европа се организирани здруженија со најмалку генерален директор и
аналитичар, чија улога е да истражува и споделува интересни предлози за
инвестиции меѓу членовите. Клучна предност на мрежата е базата на членови,
менаџери и успешни претпримачи од широк спектар на индустрии кои се
способни да идентификуваат и поддржуваат најдобрите инвестициски проекти.
Ваквата структурата им овозможува на мрежите да соберат заинтересирани
претприемачи за нвестирање, кои водат кон заедничко инвестирање на одреден
број ангели во одредена зделка;
 Претставување на интересите на бизнис ангелите на национално и меѓународно
ниво. Поединечните национални мрежи од Европа се поврзани со мрежи како
што се како БАЕ (Бизнис ангели Европа) или ЕБАН (Европска мрежа на бизнис
ангели).
Исто така е вообичаено, благодарение на напорите на мрежите на бизнис ангели, во
специфични зделки да инвестираат двајца или повеќе ангели. Во овој случај, се формира
синдикат и договорот е структурирана на следниов начин:
 кога ќе се идентификува потенцијална инвестиција, а бизнис ангелот е дел од
мрежата, генерално оној со повеќе искуство во специфичната индустрија и со
можност за поддршка на целната компанија со менаџерска поддршка и пристап
до релевантни мрежи, е номиниран како лидер. Лидерот врши длабинска анализа
и ги споделува резултатите со другите ангели заинтересирани да инвестираат во
компанијата;
 ако длабинската анализа е успешна, бизнис ангелите можат да инвестираат
автономно, стекнувајќи секој сопствен дел од целните акции на компанијата, или
тие можат да се здружат и да формираат синдикат.

3.1. Предности од инвестициите на бизнис ангелите


Најголемата предност за добивање средства од ангел инвеститор е тоа што има
помал ризик отколку ако земете заем за мал бизнис. За разлика од заемите, не мора да го
враќате финансирањето од ангел инвеститор бидејќи тие добиваат капитал во замена за

7
финансирање. Ангелските инвеститори се типично искусни инвеститори кои имаат
долгорочен поглед и разбираат дека можеби нема да видат поврат на нивната
инвестиција подолг временски период. Многу инвеститори ангели бараат и лични
можности покрај можностите за инвестирање.
Дополнително, бидејќи инвеститорите ангели имаат големо деловно искуство,
тие можат да обезбедат менторство за стартапот. Тие се мотивирани да видат дека
вашиот бизнис успева и може да понуди непроценлив увид и насоки. Истражувањата
покажуваат дека стартапите кои се поддржани од инвеститори-ангели имаат поголема
веројатност да имаат значителен раст, да искусат поголема стапка на поврат и да останат
во бизнисот подолг временски период.
Други придобивки што ги добива стартап со преземање на ангел инвеститор
вклучуваат:
 Кредибилитет од поврзување со инвеститорот
 Контакти за потенцијални клиенти или вработени
 Контакти со инвестициски банкари, сметководители, адвокати и други
професионалци
 Познавање на пазарот и стратегии кои се користат во слични компании

3.2. Недостатоци од инвестициите на бизнис ангелите


Додека инвеститорите ангели им овозможуваат на сопствениците на бизниси да
ги започнат своите стартапи, има некои недостатоци за добивање финансирање на овој
начин, како што е губењето на капиталот. Многу сопственици на бизниси подаруваат
помеѓу 10% и 50% од нивниот стартап во замена за финансирање.
Ангелските инвеститори, исто така, може да очекуваат значителен поврат на
нивната инвестиција, понекогаш еднаков на 10 пати поголема од нивната оригинална
инвестиција во првите пет до седум години. Ова може да создаде дополнителен
притисок за вас и за сите вработени. Пред да прифатите финансирање, проценете дали
бизнисот може да расте со стапката што би ја очекувал инвеститорот и воспоставете
очекувања за раст.
Другиот недостаток е губењето на контролата. Откако ќе ги инвестираат своите
пари во стартап, повеќето ангели инвеститори имаат практичен пристап кон бизнисот.
На пример, искусни инвеститори ангели понекогаш сакаат да имаат стратегија за излез,
како што е преземање деловна јавност или продажба на компанијата на поголема
корпорација. Тие може да ве поттикнат да се откажете од бизнисот пред да бидете
8
подготвени. Спротивно на тоа, ако подарите премногу капитал, тие би можеле да изберат
да стават поискусен извршен директор на ваше место, што веројатно ќе ве отстрани од
бизнисот што првично сте го создале.

4. БИЗНИС АНГЕЛИ ВО МАКЕДОНИЈА


Во последните неколку години, бизнис ангелите почнаа да инвестираат во
земјите во транзиција. Во случајот со Македонија, за жал, концептот на бизнис ангели е
присутен само во книгите за претприемништво и менаџмент на мали бизниси. Меѓу
причините за ваквата состојба: неразвиен пазар на капитал (берза), мал број домашни и
странски инвеститори, поголем ризик за инвестирање, необучено и неискусно
управување, корупција, неефикасна регулатива, неповолен даночен третман за овој вид
инвестиции, бирократски/ административни пречки и сл.
За да се промовира улогата и влијанието на бизнис ангелите во Македонија,
потребни се следните мерки:
 Подигната свест за придобивките од ризичниот капитал и деловните ангели.
Имајќи предвид дека во мојата земја бизнис ангелите навистина не се познати,
треба да одржуваме семинари, работилници, да објавуваме научни и стручни
трудови, каде што се објаснети сите предности и недостатоци на овој начин на
финансирање.
 Развој на берза. Ако берзата не е доволно развиена, ако акциите на бизнис
ангелите не се продаваат лесно за да профитираат од нивната инвестиција, тие
нема да бидат заинтересирани да инвестираат во нови бизниси. Кога станува збор
за Македонската берза, таа има низок промет и ниска капитализација како
резултат на неразвиената економија, како и недоволно достапни информации за
потенцијалните инвеститори. Македонската берза треба да соработува со другите
регионални берзи и да развие „пазар преку шалтер“ кој се карактеризира со
полиберални услови за котирање на нови мали и средни претпријатија.
Македонската берза треба да понуди посебна услуга за собирање на
купопродажните цени на акциите од различни дилери и нивно презентирање на
потенцијалните инвеститори. Подоцна, инвеститорите можеа да ги затворат
своите трансакции преку компјутери, без да бидат поврзани со брокери. На
пример, NASDAQ, Reuters, Telerate и Bloomberg работат врз основа на овие
принципи.
9
 Поттикнување на богатите луѓе да станат деловни ангели. Во Македонија има
група богати луѓе кои треба да се охрабрат да инвестираат дел од своето
богатство во нови мали бизниси. Речиси во сите земји во кои се активни бизнис
ангелите, добар начин да се поттикне ангелското инвестирање е даночните
стимулации или даночните намалувања во првите години од инвестирањето.
 Афирмација на бизнис ангели од други извори на финансии. Комерцијалните
банки, формалните фирми за ризичен капитал и другите фондови треба да ги
афирмираат деловните ангели како специфичен и важен извор на капитал,
бидејќи тие нудат голема помош во основањето на нови претпријатија. Овие
претпријатија, штом ќе станат „нагоре“, ќе бараат финансирање од овие
традиционални извори во текот на подоцнежните фази на развој, обезбедувајќи
им профит од интереси, одредби итн.

10
5. ЗАКЛУЧОК
Бизнис ангелите се приватни инвеститори, кои во текот на нивниот активен
работен век се стекнале со богатство и искуство. Подготвени се да инвестираат во мали
и средни претпријатија со цел да им помогнат на младите претприемачи и да остварат
профит за себе. Тие се особено важни за време на фазата на сеење и почетната фаза на
развој. Како трпеливи инвеститори, тие го насочуваат претприемачот кон вистинскиот
пат во развојот на претпријатието, истовремено обезбедувајќи ризичен капитал и знаење
за претпријатието. Бизнис ангелите играат се поважна улога во финансирањето на многу
нови бизниси.
Со оглед на значењето на бизнис ангелите како извори на финансирање на
претприемачките бизниси, важно е нивната инвестициска активност да биде
документирана и да се следат промените на пазарот. Сепак, постигнувањето на ова е
крајно проблематично. Инвестирањето во некотирани бизниси е приватна активност,
пазарот во голема мера е неорганизиран, нема единствена пристапна точка и нема
директориуми на бизнис ангели. Значи, во сите намери и цели, бројот на бизнис ангели
не може сеопфатно да се мери, ниту нивната инвестициска активност; подеднакво,
инвестициските трендови не можат точно да се следат. Сепак, мрежите играат клучна
улога во општиот инвестициски пристап усвоен од бизнис ангелите. И формално
организираните мрежи на бизнис ангели, како и неформалните мрежи, базирани на
постоечките контакти, се важни извори за нови зделки и заеднички инвестиции.

11
6. КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА
Тренинг програма за бизнис ангели, Проект: Стимулирање на неформалниот пазар
на ризичен капитал преку промоција на моделот на бизнис ангели, Издавач: Фондација
Претприемачки Сервис за Млади;
Sohl, J. E., (2006), Angel Investing: Changing Strategies During Volatile Times, Journal
of Entrepreneurial Finance and Business Ventures, Vol. 11: Issue. 2, pp. 27-48
Aleksandrova, L. (2012). Бізнесангели інвестиційних проектів [Biznes-anhely
investytsiinykh proektiv]. Finansovyi rynok Ukrainy, 2, 24.

12

You might also like