You are on page 1of 17

Универзитет ,, Гоце Делчев” – Штип

Факултетза туризам и бизнис логистика

Бизнис администрација – Скопје

ПРОЕКТНА ЗАДАЧА ПО ПРЕДМЕТОТ:


МЕЃУНАРОДЕН БИЗНИС

ТЕМА: ПРИВЛЕКУВАЊЕ НА СТРАНСКИ ДИРЕКТНИ ИНВЕСТИЦИИ ВО


РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Ментор: Изработил:

Вон.Проф. Д-р. Мичо Апостолов Васко Илиовски 173956

Скопје, Декември 2016


СОДРЖИНА

ВОВЕД ...................................................................................................................... 3

1. СДИ КАКО ИЗВОР НА ИНВЕСТИЦИИ ............................................................ 4

1.1 Поим и дефиниција ................................................................................... 4

1.2 Видови СДИ ................................................................................................ 5

1.3 Позитивни и негативни страни на СДИ ................................................. 6

2. ПРИВЛЕКУВАЊЕ НА СТРАНСКИ ДИРЕКТНИ ИНВЕСТИЦИИ..................... 8

2.1 Можности за привлекување на СДИ ...................................................... 8

2.2 Препораки за привлекување на СДИ ................................................... 10

3. СДИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ........................................................... 12

3.1 SWOT анализана состојбите во Р.М поврзана со СДИ ..................... 12

3.2 Анализа на инвестициите ......................................................................... 14

ЗАКЛУЧОК .............................................................................................................. 16

КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА .................................................................................. 17

2
ВОВЕД

Инвестициите се најзначаен фактор за економскиот развој на една земја


– од нивниот обем, структура и ефикасност на употреба е детерминиран
економскиот развој на една земја. Преку збир на мерки кои ги превзема
Владата се регулира инвестиционата активност во земјата и се определуваат
начините како најефикасно да се постигнат целите на развојот во секоај фаза
од развојот на националната економија. Од особена важност се странските
директни инвестиции (СДИ) кои го поттикнуваат производството, овозможуваат
раст на вработеноста, развој на инфраструктурата, намалување на
инфраструктурата и слично.

Бројните анализи направени со цел да се откријат причините зошто


Македонија не е привлечна за странскиот капитал покажуваат дека
нестабилната политичка и безбедносна ситуација, корупцијата, долгата и
сложена процедура за регистрација на фирма, неефикасното судство и
даночниот систем, како и малиот пазар се најголеми причини кои ги одбиваат
странските инвеститори.

Странските инвеститори во Македонија гледаат земја во која има


нерешени имотни права, променливи политики, долг процес на донесување на
одлуки, слаби банкарски услуги и слаба и недоволна инфраструктура. За да се
привлечат странските инвеститори од голема важност е да се изгради една
цврста законска рамка, односно инвеститорите да се здобијат со сигурност
дека во случај нивните пари да бидат злоупотребени, истите можат судски да
им бидат вратени.

Како и да е, Македонија има неколку предности за инвестирање како


што се: добра локација на земјата, транспортните врски, образовна и евтина
работна сила и отворени трговски режими.

3
1. СДИ КАКО ИЗВОР НА ИНВЕСТИЦИИ

1.1 Поим и дефиниција

Во правна смисла под поимот странски директни инвестиции се


подразбира инвестициски однос од траен карактер помеѓу странските
инвеститори и претпријатија во кои се направени инвестиции, или
претпријатија кои се основаат со помош на капиталот на странскиот
инвеститор.

Директните странски инвестиции (FDI-foreign direct investment)1играат


растечка и исклучително важна улога во глобалниот бизнис. Овие инвестиции
им овозможуваат на деловните ентитети да освојуваат нови пазари, пристап до
поефтини фактори на производство, нови технологии и производи. За земјата
домаќин и деловниот ентитет која го прима капиталот се создаваат услови за
нови технологии, нови начини на работење, поголема ефикасност, поголем
степен на искористеност на ресурсите, повисоко ниво на менаџмент, а сево ова
има силно позитивно влијание на економската развиеност на земјата.
Класичната дефиниција на директните странски инвестиции посочува дека тоа
се случува при купување на физички капитал од деловен ентитет во друга
земја или пак преку купување на значителен дел од акциите на еден деловен
ентитет со цел стекнување на контролата во истиот.

Директните инвестиции може да се јават во следните форми:

• Основање на компанијата или превземање (acquisition)

• Спојување со постоечка компанија на домашен инвеститор (merger)

• Основање заеднички деловен ентитет со домашниот инвеститор.

Во кој облик се вбројуваат странските директни инвестиции ќе зависи од


опциите што ги дозволува правниот поредок на државата во која се инвестира,
но и од инвестиционите стратегии на странскиот инвеститор. Странските
директни инвестиции не подразбират само вложување на пари, туку се работи

1
Директни странски инвестиции ( Eng. FDIs-foreign direct investment) инвестиции од правни и физички лица од странство
во наши деловни субјекти со кои се остварува заеднички долгорочен интерес каде што странскиот инвеститор
поседува најмалку 10% од вкупната вредност на деловниот субјект

4
и за пакет капитал, know-how и менаџерско знаење. Воедно овие инвестиции
вклучуваат и предметен капитал (земјиште, објекти, машини), финансиски
средства, нови технологии и управувачко знаење.

Основни карактеристики на странските директни инвестиции се:

• Долгорочност

• Меѓународен трансфер на капитал

• Економска добивка

• Непосредно влијание на производството со поднесување на економскиот


ризик

1.2 Видови СДИ

Најопштата поделба на директното странско инвестирање ги дели


инвестициите на оние кои се насочени внатре во една земја или надвор од неа.

Директните странски инвестиции насочени кон надвор во англиската


терминологија познати како “Оutward FDIs2“ или насочени кон надвор директни
странски инвестиции е облик кога домашен ентитет го шири своето
производство и освојува нови пазари надвор од земјата. Многу често овој вид
на директни странски инвестиции е подпомогнат од владите преку делумно
преземање на ризикот и ослободување од дел од обврските.

Директни странски инвестиции насочени внатре кон државата во


англиската терминологија познати како “Inward FDIs“3се инвестиции насочени
кон државата односно настануваат во услови кога домашен деловен ентитет
прима странски капитал. Секако постојат и други категоризации на директните
странски инвестиции меѓу кои најзначајна е категоризацијата на вертикални и
хоризонтални директни странски инвстиции. Вертикалните инвестиции, овие
инвестиции се дефинираат како прилив со кој транснационалната компанија се
здобива со дел од акциите во странска фирма и таа произведува влез за
потребите на транснационалната корморација или пак користи излезен

2
(Eng. Outward FDIs) - Инвестиции насочени кон надвор кога домашна фирма го шири своето производство и освојува
нови пазари.
3
(Eng. Inward FDI’s) - Инвестиции кога странско физичко или правно лице купува или на друг начин инвестира односно
кога домашна фирма прима странски капитал.

5
капацитет од транснационалната компанија. Хоризонтални директни
инвестиции се случуваат кога фирмата инвеститор изведува идентична или
слична бизнис операција во друга земја. Директните странски инвестиции се
управувани од различни мотиви, кои се случиле со цел за зацврстување на
позицијата на пазарот, или освојување на на нови пазари кои се нарекуваат во
англиската терминологија (market-seeking foreign direct investments)4односно
ориентирани кон нови пазари директни странски инвестиции.

(Resource-seeking foreign direct investments) или кон ресурси-извори


насочени директни странски инвестиции, се такви инвестиции кои се насочени
кон фактори на продуктивност кои имаат поголема оперативна ефикасност за
разлика од оние во земјата од која доаѓа корпорацијата. Понекогаш директното
странско инвестирање се случува со цел да се обезбеди оптимизација на сите
производни фактори како и поголема општа ефикасност на претпријатието
преку постигнување на економии од обем. Овој тип на директни странски
инвестиции во англиската терминологија се нарекуваа (efficiency-seeking),
односно инвестиција која се кон ефикасност.

Greenfield странски директни инвестиции се инвестиции со кои се градат


потполно нови производни капацитети кои се 100% сопственост на
инвеститорот, што значи дека тој одлучува за судбината на тие средства.

Brownfield странски директни инвестиции се такви инвестиции со кои се


купуваат веќе постојни згради, објекти, магацини, од страна на странските
инвеститори.

Спојувања и превземања (mergers and acquisitions) се директни


вложувања по пат на превземања на веќе постоечки деловен ентитет или
спојување меѓу два различни ентитети.

1.3 Позитивни и негативни страни на СДИ

Основна придобивка од странските инвестиции е суштината на


странскиот капитал кој неспорно помага во економскиот развој на земјата во
која е вложен. Ова особено се однесува на земјите во развој и според многу

4
Eng. market-seeking foreign direct investments) Инвестиции насочени кон освојување нови пазари или задржување на
постојните пазари;

6
изучувачи на економската наука на овие земји им е повеќе од потребен
дополнителен прилив на странски капитал за да може да обезбедат здрав и
одржлив раст и развој.

Директното странско инвестирање дозволува:

• Пренос на технологии

• Употреба на домашни суровини во производството

• Поголеми приливи во државната каса

• Дополнителна стимулација за борба меѓу веќе постоечките


претпријатија во тој сектор

• Со влез на странски капитал се отвараат нови работни места за


работниците.

Покрај новите работи места директните странски инвестиции


овозможуваат и пораст на платите, а со тоа и подобрување на животот на
вработените. Воедно, се усовршува пазарот на труд и вработените стекнуваат
искуство преку користење на понапредна технологија, добиваат шанса за
тренинг, усовршувања и слично. Директните странски инвестиции најчесто се
дела на големи мултинационални компании чии што приходи се големи, па
така отварање на една ваков деловен ентитет во помалку развиена земја ќе
значи зголемени приходи од даноци и разни такси кои би ги плаќал деловниот
ентитет. Со навлегување на нова силна странска фирма на пазарот сите
досегашни фирми ќе мора да се преструктуираат и да се подготват со цел да
можат достојно да се справат со предизвикот. На овој начин ќе исчезнат оние
деловни ентитети кои што работеле економски неефективно и неефикасно со
што економијата ќе се заштити од нерационалните искористувачи на
ограничените ресурси.

Покрај позитивните страни, директните странски инвестиции со себе


носат и негативни последици:

• Директните странски инвестиции со себе повлекуваат големи


трошоци за патување и комуникација, а во одредени ситуации негативно
влијание имаат и јазичните бариери

7
• Голем број од негативните ефекти на директните странски
инвестиции се поврзуваат со транснационалните компании, кои во најголем
дел од сценаријата ја играат негативната улога.

Денес има и посебни движења кои се против глобализацијата и против


транснационалните компании тврдејќи дека преку нивните производи се
стекнуваат со многу силна монополистичка моќ која ретко кој може да ја
ограничи.

Негативни ефекти не се појавуваат само во економијата кај земјата


домаќин, туку многу често и кај самиот странски инвеститор. Може да се случи
странскиот инвеститор да биде оштетен преку неправедна експропијација на
имотот, политичка неправедност, нелојална конкуренција на новиот пазар,
асиметрични информации од страна на владата итн. Многу често се спомнува
фактот дека земја со големи директни странски инвестиции секогаш треба да е
подготвена во однос на државната безбедност и зачувување на суверенитетот
на државата.5

2. ПРИВЛЕКУВАЊЕ НА СТРАНСКИ ДИРЕКТНИ ИНВЕСТИЦИИ

2.1 Можности за привлекување на СДИ

Врз основа на теоретските постулати и резултатите од анкетното


истражување спроведено во компании со странски капитал кои веќе
инвестирале во Република Македонија, може да се извлече заклучок дека
Република Македонија, иако мала земја, сепак може да биде атрактивна за
странските инвеститори. Преку добро осмислена и ефективна политика може
да се придонесе за надминување на ограничувачките фактори, за
искористување на можностите и за создавање на поволна инвестициска клима.
Република Македонија напредува во развојот на пазарната економија и
економските реформи, при тоа одржувајќи ја макроекономската стабилност
преку здрава макроекономска политика, стабилна монетарна политика, преку
внимателна и разумна фискална политика. Впрочем и Светска банка, три
години по ред ја рангираше Македонија за најдобар реформатор во

5 Методија Несторовски “Економија на инвестициите“ Економски факултет-Скопје 2010;

8
Југоисточна Европа. Република Македонија, со површина од 25,713 км2 и
население од 2.1 милион жители е мала земја со мал пазар, но со потпишаните
трилатерални договори (САА, ЕФТА и ЦЕФТА) и двата билатерални договора
(со Турција и Украина) за слободна трговија, како и со членството во Светската
трговска организација, обезбедува безданочен пристап до пазар од 650
милиони потрошувачи. Покрај тоа, добрата геостратешка позиција на
Република Македонија овозможува брз транспорт на стоките и тоа за еден ден
до земјите од Централна и Источна Европа и до Турција, а максимум за два
дена до земјите на Западна Европа. Комбинацијата на континентална-
медитеранска клима и висококвалификувана работна сила создава
компетитивна предност за инвестиции во прехранбената индустрија.
Квалификуваната, релативно, млада и ефтина работна сила (42% се под 30
години), ја прави Македонија особено погодна за трудоинтензивните дејности
кои имаат потреба од интензивно користење на работна сила, како што се
текстилната индустрија, производство на производи за автомобилската
индустрија, тука спаѓаат и производи како што се сигурносните системи,
сигурносни појаси, воздушни перничиња, електроника, нејасно, сензори,
производи од прецизна пластика, алуминиум и цинк и железо. Безжичната
инфраструктура, дигиталниот комуникациски систем и висококвалификувана и
релативно евтина работна сила, пак, создаваат основа за странски инвестиции
во услужниот сектор, како во финансискиот сектор, во банкарството,
осигурувањето, изработката на софтвер. Република Македонија на странските
инвеститори им нуди:

• Правна заштита на странските инвеститори

• Рамен корпоративен и персонален данок од 10% и 0% данок на


реинвестирана добивка, односно најниски даноци

• Брза регистрација на фирми, преку едношалтерски систем во кој


може да се изврши регистрација на фирма за четири часа, со основачки влог
од најмалку 5000 евра

• Ниски оперативни трошоци и стручна помош за брзо


спроведување на процесот на добивање на потребни дозволи

9
• Десетгодишни даночни ослободувања на инвеститорите во
технолошко индустриските развојни зони (ТИРЗ) од плаќање на данок на
добивка и персонален данок на доход

• Долгорочен закуп на земјиштето во ТИРЗ во Република


Македонија за период до 99 години

• Ослободување од плаќање на надомест за уредување на


градежното земјиште кон единиците на локалната самоуправа,како и од
надоместоци за добивање на градежни дозволи

• Бесплатен приклучок за водоводна и канализациона мрежа во


ТИРЗ и можност за учество на Владата на Република Македонија во трошоците
за градба на корисниците во ТИРЗ во висина до 500.000 евра, во зависност од
бројот на нови вработувања и од висината на инвестицијата на корисникот.

2.2 Препораки за привлекување на СДИ

Приливот на странските инвестиции, како што веќе констатиравме,


зависи од инвестициската клима на земјата, но и од перцепцијата на
потенцијалните инвеститори. Заради тоа особено е важно да се создадат
поволни услови за инвестирање, но и добро насочена промотивна дејност за
запознавање на странските компании со условите и можностите кои ги нуди
Република Македонија.

Република Македонија во изминатите години, спроведуваше ефективна

политика за привлекување на странските директни инвестиции. Меѓутоа факт е


дека Владата на Република Македонија не може да влијае на влијанието на
надворешното окружување и на глобалните процеси. Тоа го покажа и
анализата на движењата на странските директни инвестиции кои беа во раст
во перидот пред глобалната криза. За време на кризата и во посткризниот
период странските инвеститори се воздржуваа од вложување и во своите
земји, а уште повеќе од вложување во странство. Исто така дел од
инвеститорите го повлекуваа капиталот од Република Македонија и ги
кредитираа матичните компании и нивните подружници во другите земји. Таков
беше случајот и со грчките компании во Република Македонија кои во првите

10
осум месеци од 2011 година, повлекле околу 70 милиони евра, што може да се
каже дека е очекувана последица на кризата во Грција. Статистичките
податоци покажуваат дека во периодот на најсилниот удар на светската
рецесија во Република Македонија имавме ниво на странски инвестиции од 145
и 160 милиони евра. Ова го потврдува фактот дека е потребна добро
конципирана политика, поткрепена со добро насочена промотивна и
пропагандна дејност за да дојде до привлекување на странски директни
инвестиции, како важен фактор за забрзан економски раст.

Спроведеното анкетно истражување исто така покажа дека во Република


Македонија има подобрување на општата бизнис-клима и дека компаниите
размислуваат да ја зголемат својата инвестиција во Македонија, но и да ја
реинвестираат остварената добивка. Врз основа на статистичките податоци и
резултатите од истражувањето, може да констатираме дека Владата на
Република Македонија во периодот од осамостојувањето до актуелните
согледувања е максимално посветена и води интензивна политика за
привлекување на странските директни инвестиции. Успехот е различен, но
трендот се засилува и е позитивен што укажува на стратешка ориентација која
треба позитивно да влијае на економскиот раст и развој, а со тоа и на
севкупниот општествен и социјален развој. Во таа насока заради зајакнување
на условите и можностите за привлекување на СДИ треба да се заложи:

• За подобрување на инфраструктурата, особено на патиштата,


железницата и јавниот сообраќај
• За сузбивање на сивата економија
• За зголемување на ефикасноста на администрацијата, преку
продолжување на реформата на јавната администрација184
• За целосно осамостојување на судството преку длабоки реформи за
негово поставување според меѓународните стандарди
• За сузбивање на корупцијата и криминалот
• За заокружување на законската рамка, без често менување на
законската регулативна и доследна примена на правото
• За реализација на стратешките определби за полноправно членствона
Република Македонија во ЕУ и НАТО

11
• За инвестирање во образованието, науката и информатичката
технологија, за создавање на квалитетна основа за привлекување на
инвестиции
• За одржување на добри меѓуетнички односи и создавање на стабилна
политичко-безбедносна основа
• За добра соработка со соседите и градење на услови за слободно
движење на факторите за производство (стоки, услуги, луѓе и капитал)
според европските правила.

3. СДИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

3.1 SWOT анализана состојбите во Р.М поврзана со СДИ

Врз основа на извршентe анализи на на состојбите во Република


Македонија, како и на резултатите добиени од спроведеното анкетно
истражување може да се направи следната SWOT анализа.

МОЖНОСТИ ЗАКАНИ
 Перспективно членство во ЕУ и  Нерешен спор со името и
НАТО. неизвеснот од зачленување на
 Поголемо искористување на Република Македонија во ЕУ и
човечките ресурси (намалување на НАТО.
одливот на работна сиола во  Неповолни демографски трендови
странство). и висок одлив на квалитетна,
 Вклучување во меѓународните високообразована работна сила во
транспортни и енергетски странство.
коридори.  Сериозна конкуренција од земјите
 Подобро искористување на во регионот што бележат
постојните слободни трговски зони тенденција на зајакнување на
и основање нови. политичката и економската
стабилност (Србија, Албанија,
Црна Гора)
 Ниско ниво на реинвестиран
капитал и потенцијален одлив на
капитал од СДИ.
 Нефлекисбилност на пазарот на
трудот (бавна преквалификација и
неусогласеност на образовните
програми со потребите и барањата
на странските инвеститори)

12
СИЛНИ СТРАНИ СЛАБИ СТРАНИ
 Поволна георграфска полoжба.  Мал пазар.
 Пристап до Европски пазари,  Релативно мала куповна моќ на
преку склучените билатерални, населението.
регионални и мултилатерални  Нема излез на море.
договори.  Недоволно равиена
 Макроекономска стабилност. инфраструктура.
 Висококвалификувана и  Недоволно развиена секторска
релативно ефтина работна сила. технолошка база.
 Развиена телекомуникациска  Лимитирани природни рсурси.
инфраструктура.  Недоволно ниво на менаџерски
 Правна заштита на странските вештини
инвеститори.
 Најниски даноци (рамен
корпоративен и персонален данок
од 10% и 0% данок на
реинвестирана добивка).
 Десетгодишни даночни
ослободувања.
 Ослободување од плаќање
надомест за уредување на
градежно земјиште во ТИРЗ и
ослободување од плаќање
надомест за добивање градежни
дозволи во ТИРЗ.
 Брза регистрација на фирми преку
едношалтерски систем
Табела бр.1 - SWOT анализана состојбите во Р.М поврзана со СДИ

13
3.2 Анализа на инвестициите

Пред една деценија идејата беше странските инвестиции да бидат еден


од столбовите врз кои ќе се потпира процесот на транзиција на македонската
економија. Со привлекување на СДИ преку приватизацијата на македонските
фирми се очекуваше да се зголеми ефикасноста од работењето на
македонските претпријатија. Одреден број инвеститори инвестираа во РМ
поради високиот профит кој го забележаа кај одреден број компании, поради
стратегиите на РМ за зацврстувањето на глобалниот пазар на метали,а дел од
грчките инвеститори инвестираа поради географската близина и зајакнување
на својата позиција на Балканот.

Слика бр.1 – Странски директни инвестиции во Република Македонија (нето’’)

Со цел да се овозможи транфер на знаење и технологија, да се зголеми


продуктивноста и конкурентноста на македонските компании инвеститорите
мора да се убедат дека законот се почитува.

Слика бр. 2 - Графички приказ на движење на СДИ, 1994-2006 година.

14
Слика бр. 3: Потекло на СДИ Во Македонија

Слика бр. 4: Учество на СДИ ТИРЗ во вкупниот извоз

15
ЗАКЛУЧОК

Странски директни инвестиции всушност претставуваат вложувања на


капитал од претпријатија од странски земји во капацитети, во вид на
претпријатија или филијали во земјата-домаќин. Со СДИ се стекнува
сопственичка конторла. Странските инвестиции имаат клучна улога во
трансферот на знаењето, технологијата, создаваат нови работни места, ја
зголемуваат продуктивноста и конкурентноста на компаниите со краен ефект за
повисок економски раст и намалување на сиромаштијата.

Со Уставот на РМ загарантиран е национален третман на сите


инвеститори. Генерално не постојат рестрикции за влез на странски капитал
освен во трговијата со дрога и заштита на историските знаменитости и
културните блага. Во однос на земјите од регионот, Република Македонија
покажува низок раст на СДИ, со оглед на тоа што има експанзивен раст на свеж
капитал, особено во двете новопримени земји членки на Европската Унија,
Романија и Бугарија.

Развојната политика на Владата на РМ за инвестирање во јавната


инфраструктура на земјата на среден рок и подолгророчно се базира на
динамична инвестициона активност, која се очекува да резултира со
оптимализација на користењето на постојните капацитети, реконструкција и
модернизација на јавната инфраструктура во функција на обезбедување
економичност и поголема ефикасност, како и поскоро довршување на
започнатите економски оправдани проекти, имајќи ги предвид опциите на
помали трошоци.

16
КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА

1. Влада на РМ, Програма за јавни инвестиции 2007 – 2009, Скопје, 2007

2. Народна банка на Република Македонија – Извештај за меѓународната


Инвестициона позиција на Република Македонија (2003-2005) мај, 2007

4. Методија Несторовски “Економија на инвестициите“ Економски факултет-


Скопје 2010;

5. Државен Завод за статистика

17

You might also like