You are on page 1of 47

МСУ “Гаврило Романович Державин”

ФАКУЛТЕТ ЗА ЕКОНОМИЈА И ОРГАНИЗАЦИЈА НА


ПРЕТПРИЕМНИШТВО

ТЕМА: ПОСТАПКИ И НАЧИНИ ЗА ИНВЕСТИРАЊЕ ВО


РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Ментор: Изработил
Доц.д-р Габриела Крстевска Ангелина Мицевска

1
1.СОДРЖИНА

АБСТРАКТ, АBSTRACT

ВОВЕД............................................................................................................................................6

1. ИНВЕСТИЦИИТЕ КАКО ЕКОНОМСКА КАТЕГОРИЈА.............................................7

1.1. ДОКУМЕНТАЦИОНА ПОДЛОГА НА ИНВЕСТИЦИОНИОТ ПРОЦЕС………...9

2. МЕТОДОЛОШКИ ОСНОВИ НА ИНТЕРНА СТАПКА НА РЕНТАБИЛНОСТ НА


ИНВЕСТИЦИИТЕ И ДРУГИ МЕТОДИ…………………………………………………...11

2.1. МЕЃУНАРОДНИ КРИТЕРИУМИ ЗА ОЦЕНА ЗА ИНВЕСТИРАЊЕ ВО


ЗЕМЈАТА.....................................................................................................................................13

2.2. АНАЛИЗА НА РИЗИК…...................................................................................................13

3. НАЧИНИ И ПОСТАПКИ ЗА ИНВЕСТИРАЊЕ ВО РЕПУБЛИКА


МАКЕДОНИЈА..........................................................................................................................15

3.1. ОСНОВАЊЕ НА ДРУШТВО СО ОГРАНИЧЕНА ОДГОВОРНОСТ – ДОО и


ДРУШТВО СО ОГРАНИЧЕНА ОДГОВОРНОСТ НА ЕДНО ЛИЦЕ –
ДООЕЛ.........................................................................................................................................16

3.2. НАЧИНИ И ПОСТАПКИ ЗА ИНВЕСТИРАЊЕ ВО ПРЕТПРИЈАТИЈАТА КОИ


СЕ ВО СТЕЧАЈ..........................................................................................................................17

3.3. ИНВЕСТИРАЊЕ ВО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ ВО РСМ........................................19

3.4. ИНВЕСТИРАЊЕ ВО ЗЕМЈОДЕЛСКО ЗЕМЈИШТЕ ВО РСМ...........................…20

3.5. КОНЦЕСИЈА ВО РСМ…………………………………….…….....................................22

3.6. БИЛАТЕРАЛНИТЕ ДОГОВОРИ КАКО ПОВОЛНОСТ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ.


……................................................................................................................................................23

3.7. ПРИЛИВИТЕ НА СТРАНСКИ ДИРЕКТНИ ИНВЕСТИЦИИ ВО


РСМ..............................................................................................................................................26

2
3.8. ПОСТАПКА ЗА УПИС НА ДИРЕКТНИ ИНВЕСТИЦИИ ВО РЕГИСТАР НА

ДИРЕКТНИ ИНВЕСТИЦИИ..................................................................................................28

3.9. ДАНОЧНИ ПОВОЛНОСТИ ЗА ИНВЕСТИРАЊЕ ВО ТИРЗ (Технолошко


индустриска развојна зона)......................................................................................................31

4. ИНВЕСТИЦИСКИ ФОНДОВИИ.......................................................................................34

4.1. ПРЕДНОСТИ НА ИНВЕСТИРАЊЕТО ПРЕКУ ИНВЕСТИЦИСКИ


ФОНДОВИ..................................................................................................................................37

4.2. ЕФЕКТОТ НА КОРОНАВИРУС ПАНДЕМИЈАТА ВРЗ БЕРЗИТЕ........................39

4.3. ИМПАКТОТ НА КОРОНАВИРУСОТ ВРЗ ЕКОНОМИЈАТА.................................41

ЗАКЛУЧОК.................................................................................................................................45

КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА.................................................................................................47

3
АБСТРАКТ

Инвестициите се една од најзначајните економски категории. Самиотзбор


инвестиции значи долгорочно вложување на капитал.Инвестициониот процес е многу
сложен и составен од бројни активности кои се однесуваат на истражувања, проектирања,
пресметки. Преку таквите активности се формира документационата подлога за
инвестициониот проект.Секогаш кога се инвестира постои одредено ниво на ризик дека
нема да може да се повратат инвестираните средства или да се оствари дополнителен
принос од истите. Оттаму, инвеститорот секогаш очекува одредено ниво на принос од
инвестицијата како компензација за нивото на преземениот ризик. Надлежна институција
за започнување и регистрирање на сопствен бизнис во РепубликаМакедонија е
Централниот регистар (www.crm.org.mk). Имено, на едно место за самочетири часа без
потреба од почетен капитал може да се отвори едно од следниве видови трговски
друштва:Трговец – поединец, Јавно трговско друштво, Друштво со ограничена
одговорност – „ДОО,Друштво со ограничена одговорност од едно лице –
„ДООЕЛ“,Акционерско друштво, Командитно друштво, Командитно друштво со акции.
Директните инвестиции се вложувања со кои инвеститорот има намера да воспостави
трајна економска поврзаност и/или да оствари право на управување со трговското
друштво или другото правно лице во кое инвестира.Како директни инвестиции се
сметаат:oсновање на трговско друштво во целосна сопственост на
инвеститорот;зголемување на основната главнина на трговското друштво во целосна
сопственост на инвеститорот;основање подружница;стекнување на целосна сопственост
над постоечко трговско друштво; Инвестициски фонд претставува институција за
колективно инвестирање т.е професионално управувана форма на инвестирање, кој се
основа поради здружување на парични средства од физички и/или правни лица, кои потоа
се вложуваат на пазарот на капитал во најразлични хартии од вредност: акции, обврзници,
записи и сл. Со собраните средства во фондот управува друштво за управување со
инвестициски фондови. Имотот на инвестицискиот фонд е во сопственост на неговите
членови пропорционално во однос на нивното учество во фондот и тој одвоен од
друштвото за управување со инвестициски фондови. Инвестиционите фондови во
пазарните економии играат клучна улога во динамизирањето на пазарите на капитал, и на
економскиот развој во целина.
Клучни зборови: инвестиции, инвестициски фондови, инвеститор

4
ABSTRACT

Investment is one of the most important economic categories. The very word investment
means long-term capital investment. The investment process is very complex and consists of
numerous activities related to research, design, calculations. Through such activities the
documentation basis for the investment project is formed. Whenever an investment is made,
there is a certain level of risk that it will not be possible to return the invested funds or to realize
an additional return from them. Hence, the investor always expects a certain level of return on
investment as compensation for the level of risk taken. The Central Registry (www.crm.org.mk)
is the competent institution for starting and registering one's own business in the Republic of
Macedonia. Namely, in one place for only four hours without the need for start-up capital can be
opened one of the following types of companies: Trader - individual, Public company, Limited
liability company - "LLC, Limited liability company of one person -" DOOEL ”, Joint Stock
Company, Limited Partnership, Limited Partnership with shares. Direct investments are
investments with which the investor intends to establish a permanent economic connection and /
or to exercise the right to manage the company or other legal entity in which he invests. As direct
investments are considered: establishment of a company in full ownership of the investor;
increasing the basic majority of the company in full ownership of the investor; establishment of
branches; acquisition of full ownership of an existing company; Investment fund is a collective
investment institution, ie professionally managed forms of investment, which is based on the
pooling of cash from individuals and / or legal entities, which are then invested in the capital
market in various securities: shares, bonds, records, etc. The funds collected in the fund are
managed by an investment fund management company. The property of the investment fund is
owned by its members in proportion to their participation in the fund and it is separated from the
investment fund management company. Investment funds in market economies play a key role in
the dynamization of capital markets and economic development as a whole.

Keywords: investments, investment funds, investor

5
ВОВЕД

Во овој труд ќе се запознаеме со поимот инвестиции, како и со постапките и


начините за инвестирање во РСМ. Зборот инвестиции е еден од најчесто употребуваните
зборови од економистите и менаџерите.Инвестициите, претставуваат вложување за
зголемување на капиталниот фонд. Додека капиталот претставува големина на фондот на
средствата во определен момент , инвестициите претставуваат тек на додавање нови
елементи на капиталниот фонд, опрема, градежни објекти или зaлиха на обртни средства,
значи инвестициите прeтставуваат динамична појава. Да се зголемува капиталниот фонд е
основната економска законитост. Инвестициите се една од најзначајните економски
категории. Самиот збор инвестиции значи долгорочно вложување на
капитал.Инвестициониот процес е многу сложен и составен од бројни активности кои се
однесуваат на истражувања, проектирања, пресметки. Преку таквите активности се
формира документационата подлога за инвестициониот проект.Секогаш кога се инвестира
постои одредено ниво на ризик дека нема да може да се повратат инвестираните средства
или да се оствари дополнителен принос од истите. Оттаму, инвеститорот секогаш очекува
одредено ниво на принос од инвестицијата како компензација за нивото на преземениот
ризик. Надлежна институција за започнување и регистрирање на сопствен бизнис во
РепубликаМакедонија е Централниот регистар (www.crm.org.mk)..Директните инвестиции
се вложувања со кои инвеститорот има намера да воспостави трајна економска поврзаност
и/или да оствари право на управување со трговското друштво или другото правно лице во
кое инвестира.Инвестициските фондовипретставуваат одлична можност за вложување на
парични средства. Фондовите претставуваат колективно вложување т.е. професионална
управувана форма на инвестирање, која се основа со цел здружување на средствата на
еден инвеститор и средствата на преостанатите инвеститори, кои потоа се вложуваат на
пазарот на капитал.Во Република Северна Македонија областа на инвестициските
фондови е регулирана со Законот за инвестициски фондови, Законот за хартии од
вредност, Законот за трговски друштва и Законот за девизно работење.Она што
следува понатуму во во овој труд, е со користење на точни информации да дојдеме до
знаење за инвестициите, како и постапките за инвестирање во нашата земја.

6
1. ИНВЕСТИЦИИТЕ КАКО ЕКОНОМСКА КАТЕГОРИЈА

Опстанокот на современите претпријатија во голем дел зависи од нивното успешно


одговарање на предизвиците на современиот економски пазар и неговите барања.
Меѓутоа, покрај прашањето за опстанок, неминовно постои и прашањето за развој, кои не
треба да се разгледуваат како две посебни целини. И опстанокот и развојот на секое
денешно современо претпријатие зависи од неговите инвестициони реализации.
Успешното инвестирање во најдобри инвестициони проекти води до успешно работење и
напредок на самото претпријатие. Во спротивно, неуспешното инвестирање може да
доведе до ликвидација на постоечкиот систем. Инвестициите , претставуваат вложување
за зголемување на капиталниот фонд. Додека капиталот претставува големина на фондот
на средствата во определен момент , инвестициите претставуваат тек на додавање нови
елементи на капиталниот фонд, опрема, градежни објекти или залиха на обртни средства,
значи инвестициите претставуваат динамична појава. Да се зголемува капиталниот фонд е
основната економска законитост. Зборот инвестиции е еден од најчесто употребуваните
зборови од економистите и менаџерите. Инвестициите се една од најзначајните економски
категории. Самиот збор инвестиции значи долгорочно вложување на капитал. Во суштина
на поимот инвестиции е вградена економската логика на оплодување-се ангажираат
средства за да се оствари приход, чија големина треба да биде таква што би се
надоместиле.Без добра инвестициона политика нема развој на претпријатијата. Развојот,
кој подразбира и квалитетни промени, а не само квантитативни , како кај растот, не е
можен без добро осмислени инвестициони чекори. Инвестиционата потребно е да биде
реална и рационална. Неопходно е да се прилагоди на природните, техничките, пазарните,
урбаните, еколошките , општествените , правните и економските услови во кои се
остварува, но, со постојано надоградување и усовршување. Инвестиционата политика е
непходно, со потребниот обем на инвестиции, да формира и јасна визија за намената на
инвестициите. Визијата за динамичната густина потребна за инвестициите по развојни
периоди е многу важна за инвестиционата политика. Обликувањето на добра визија за
потребите за инвестирање создава и јасна визија за приоритетот во инвестирањето.
Донесувањето на квалитетни инвестициони одлуки и превземање на заштитни мерки се

7
заштита од инвестиционите ризици. Инвестиционата одлука е една од најсложените
одлуки кои менаџментот на едно претпријатие треба да ја донесе . Финансиските средства
се ангажираат на долг рок, се вложуваат во сегашноста , а идните ефекти условно се
добиваат во идниот период. Ризикот е неминовен, бидејќи иднината е недефиниран поим.
Но, зошто едно претпријатие со својот менаџмент би ризикувал за донесување на една
инвестициона одлука? Поради потребата за прилагодување на претпријатието на
променетите услови на пазарот, прилагодувањето на новите техничко-технолошки,
економски, општествени и други услови. Од сите овие општи, но и многу други подетални
причини, претпријатието, водено од својот менаџмент, со свои развојни и напредни цели,
донесува инвестициони одлуки за инвестициони проекти. При донесувањето на
инвестиционата одлука постојат неколку насоки:

 да не се превземе ништо и во тој случај кои би биле последиците,


 да се напушти проектот ако има подобра алтернатива,
 да се прошири или смали дадениот проект,
 да се воведе нова технологија на постоечки сличен проект, или пак одлука
да се реализира дадениот проект.

Доколку се усвои последната можност, следуваат низа на други помали и поголеми


одлуки до реализирањето на проектот, донесени на основ на голем број анализи .
Инвестиционен проект е систем од активности на некој носител во определено време , на
определено место и претпоставки за реализација на некои ефекти во иднина. Основниот
однос во инвестиционите проекти е односот трошоци-користи (cost-benefit). Трошоците се
сите парични надоместоци за реализирање на проектот, а користите се идните ефекти од
реализираниот проект како за инвеститорот , така и за пошироката околина. Од аспект на
трошоците, инвестиционите проекти можат да бидат поделени во неколку категории:

 Инвестициони проекти со еднократно вложување со едократен принос, како што е


на пример садење шума, или вложување во земјоделие,
 Инвестициони проекти со повеќекратно вложување со еднократен ефект, како што
е вложување во изградба на станови,
 Инвестициони проекти со еднократно вложување со повеќекратен ефект, како на
пример набавка на машини, и

8
 Инвестициони проекти со повеќекратно вложување и повеќекратен ефект, такви се
вложувањата во производни хали, фарми, трговски центри.

1.1. ДОКУМЕНТАЦИОНА ПОДЛОГА НА ИНВЕСТИЦИОНИОТ ПРОЦЕС

За изградба и комплетно завршување на проектот потребни се инвестиции. Во


економската теорија не постои единствена дефиниција за дефинирање на инвестирањето и
инвестициите, но сепак повеќето автори се согласуваат со дефиницијата дека
инвестициите односно инвестирањето представува поднесување на жртви, откажување од
потрошувачката во сегашноста, со цел да се добијат односно остварат одредени користи
т.е благодети во иднината. Сите инвестиции значи имплицираат и содржат ризик затоа
што имобилизираат капитал со надеж дека од него би се имало добивка во иднина. За да
се процени (евалуира) овој ризик, инвеститорот треба да располага со информации кои
најчесто се доста скапи, но што е уште поважно истите се во извесна мерка (помалку или
повеќе) несигурни. Собирањето, обработката и интерпретирањето на податоците се тесно
поврзани етапи кои пресудно влијаат врз квалитетот на одлуката. Во суштината на поимот
инвестиции е вградена економската логика која се состои во ангажирање на средства за да
се оствари корист, која ќе биде доволна за да ги надомести ангажираните (вложените)
средства и уште би имало и вишок (профит). Тоа е логиката на оплодувањето на
средствата која ја чини суштината на инвестирањето. Набљудуван системски, процесот на
инвестирањето се состои од низа меѓусебно поврзани активности кои се однесуваат на
планирањето, подготовката и реализацијата на некој инвестиционен проект. Процесот на
инвестирањето почнува со појавата и обработката на идејата за проектот, а завршува со
пуштање во употреба на проектот и остварување на предвидените ефекти.
Инвестициониот процес е многу сложен и составен од бројни активности кои се
однесуваат на истражувања, проектирања, пресметки. Преку таквите активности се
формира документационата подлога за инвестициониот проект. За да може да се донесе
инвестициона одлука, да се подготви и следи реализацијата на проектот, се подготвуваат
проекти, елаборати, студии, стручни мислења, извештаи. Генерално земено, добро воден
инвестиционен проект ги содржи следниве документи:

9
 Прединвестициона студија,
 Инвестициона студија (програма),
 Студија за изведба на проектот,
 Извештаи за следење на изведувањeто на проектот,
 Извештаи за следење на ефектите од реализираниот проект.

Прединвестициона студија

Прединвестиционата студија е првиот стручен елаборат за еден инвестиционен проект. Во


западната економска литература и праксаистата е позната под името пред-физибилити и
физибилити студија (feasibility study). Прединвестиционата студија овозможува претходна
оценка на ефикасноста на проектот, односно нејзината намена е за предодлучување. Во
неа се анализираат клучните фактори за реализација на проектот, но како претходна
студија не е многу детално разрабортена и служи за претходна отценка на проектот. Од
карактерот на таа оценка зависи дали ќе се продолжи со активностите за проектот. Оваа
студија се употребува и како основа за претставување на инвестиционата намера пред
деловните банки, други финансиски институции кои би се вклучиле во финансирањето.

Инвестициона програма

Инвестициона програма е најзначајниот елаборат во целата документациона основа за


реализација на еден инвестиционен проект. Оваа програма се состои од повеќе елаборати
во кои се анализираат економските, техничките, организационите и други услови за
реализација на проектот, се проценува економската ефикасност и се одредува
оправданоста за реализација на првиот стручен елаборат за еден инвестиционен проект во
кој се анализира способноста еден проект да се комплетира успешно односно познато и
како прединвестициона студија;Врз база на инвестиционата студија се носи
инвестиционата одлука, односно подетално се разработува најдобро оценетата и
прифатена варијанта и се врши мултикритерна евалуација на проектот. Мултикритерни
анализи се базираат на претходно дефинираните критериуми за оцена на проектот. Овие
анализи, наменети за донесување на одлука, ги земаат во предвид сите фактори кои се
значајни за избор на најоптималната варијанта.

10
Студија за изведба

Студија за изведба се состои од елаборати за техничко-технолошки решенија за изведба на


проектот и истата е позната и под името инвестиционо-техничка документација. Составен
дел на оваа студија се деталните или изведбените проекти. Тоа се проекти за конкретна
изведба на одделни елементи од проектот во вид на детални планови, архитектонски
решенија, разни проекти…

Извештаи за следење на изведбата

Извештаи за следење на изведбата на проектот треба да се подготвуваат повремено во


текот на изведбата на проектот (месечно или на три месеци) во склад со динамиката на
извршување на работите.

Извештаи за следење на ефектите

Извештаите за следење на ефектите од реализираниот проект се прават во фаза на


функционирањето на проектот, односно во експлоатациониот период. Овие финансиски
движења ги претставуваат сумите на приливите и одливите на парични средства што
резултираат од проектот во одредени временски периоди. Детерминирањето на овие
парични средства е доста деликатна операција која треба да води сметка за сите
непредвидени работи на кои може да биде подложен инвеститорот за времетраењето на
инвестицијата.

2. МЕТОДОЛОШКИ ОСНОВИ НА ИНТЕРНА СТАПКА НА РЕНТАБИЛНОСТ


НА ИНВЕСТИЦИИТЕ И ДРУГИ МЕТОДИ

При оценка за инвестиционите проекти преку примената на cost benefit анализата може да
се употребат низа на критериуми за оценување. Овде ќе презентирам четири можни
критериуми.

11
Критериум за нето сегашна вредност

Под критериум на нето сегашна вредност се подразбира разликата помеѓу вкупните


дисконтни користи и вкупните дисконтни трошоци кои ги остварува еден инвестиционен
проект.

Критериум за интерна стапка на рентабилност

Интерната стапка на ренталбилност (Internal Rate of Return- IRR) преставува дисконтна


стапка при кој износот на дисконтните користи е еднаков на износот на дисконтните
трошоци, со други зборови, кога ќе дојде до изедначување на сегашните вредност на
инвестициите со сегашната вредност на нето приносите

Оценката на инвестиционите проекти со помош на критериумот интерна стапка на рентабилност


се изведува на начин при што секој проект, кај кого величината на IRR е поголема од каматната
стапка која владее на пазарниот капитал ( или од усвоената дисконтна стапка), се смета за поволна
и економски оправдана за реализација. Кога е во прашање за најдобар избор на помеѓу повеќе
инвестициони проекти ќе се одлучи/реализира оној проект каде што IRR има најголема вредност.

Критериум за рок на враќање на инвестициите

Рок за враќање на инвестициите преставува период изразен со години за коисегашната


вредност на нето користи од инвестициите да ги отплати вложените средства.

Проектот може да го сметаме прифатлив и економски оправдан за реализација кога


неговиот рок за враќање е помал од некој претходоно договорен нормативен рок за
враќање на средствата. Како нормативен рок за враќање може приближно да се земат
параметрите од економскиот век на траење на опремата. За оценка на повеќе проекти
важечко правило ќе биде – најдобар проект е оној проект за кој има најкраток рок за
враќање на инвестициите. Овој критериум може да се употреби за оценка на повеќе
проекти само во случај ако се од истородни групи на проекти или кај избор на една од
повеќе варијанти од еден ист проект.

12
2.1 МЕЃУНАРОДНИ КРИТЕРИУМИ ЗА ОЦЕНА ЗА ИНВЕСТИРАЊЕ ВО
ЗЕМЈАТА

Република Северна Македонија преку надворешна политика на билатерален и на


мултилатерален план ги промовира своите национални вредности и интереси. Република
Северна Македонија е посветена на исполнување на надворешно- политички приоритети,
започнување преговори за полноправно членство во Европската унија, Република Северна
Македонија се залага за континуирано јакнење на стратешкото партнерство со САД и
развивање на сестрани партнерски односи со земјите членки на Европаската унија и
НАТО, при што посветува особено внимание и на односите и соработката со останатите
значајни актери на меѓународната сцена, пред се со Руската Федерација и со Народна
Република Кина. Затоа, може да се каже дека транспарентноста е она што го именувате
како "жешка" тема, бидејќи за компаниите да привлечат инвеститори, треба да ја зајакнат
комуникацијата, што всушност е основа на транспарентноста. Законската рамка во земјите
од регионот, во основа, пропишува разумни обврски кои се однесуваат на
транспарентноста и известувањето на компаниите, кои се компатибилни со најдобрите
практики. Проблемот е во тоа што компаниите или не сакаат во потполност да ги
почитуваат законските обврски или, пак, кога го прават тоа, обично се задоволуваат со
најосновниот минимум кој е прифатлив за регулаторните органи. Други критериуми се
заживување на економијата, подобрување на бизнис климата, промени и реформи во
законодавната регулатив.

2.2 АНАЛИЗА НА РИЗИК

Секогаш кога се инвестира постои одредено ниво на ризик дека нема да може да се
повратат инвестираните средства или да се оствари дополнителен принос од истите.
Оттаму, инвеститорот секогаш очекува одредено ниво на принос од инвестицијата како
компензација за нивото на преземениот ризик. Во теоријата важи законитоста дека колку
што е поголем ризикот од инвестицијата, толку треба да биде поголем приносот од истата
и обратно, колку што е помал ризикот што го носи инвестицијата, толку треба да биде
помал приносот од истата. Бидејќи постојат повеќе алтернативи на инвестирање, се
поставува прашањето како да се определи нивото на ризик кој го носи секоја поединечна
инвестиција, како би можел инвеститорот правилно да го димензионира своето

13
портфолио, соодветно на нивото на ризик кое инвеститорот е спремен да го поднесе.
Притоа, треба да се земат предвид два основни фактори:

 Временски хоризонт: Пред да вложи, инвеститорот треба да го дефинира


временскиот период во кој истиот е спремен да ги “држи” вложените пари во
инвестицијата. Колку што е подолг временскиот хоризонт, толку повеќе
инвеститорот треба да може да си дозволи да ризикува и обратно.
 Обем на инвестицијата: Пред да вложи, инвеститорот треба да процени колкав
износ на парични средства може да си дозволи да изгуби, без притоа да ја наруши
својата финансиска стабилност. Колку што е поголем износот на расположивите
средства за инвестирање, толку повеќе инвеститорот треба да може да си дозволи
да ризикува и обратно.

Според истражувањето на UNCTAD21 за 2005 година регионот на Југоисточна Европа


претставува една од најконкурентните локации за привлекување на странски директни
инвестиции, првенствено поради значајните промени во инвестиционата политика на овие
земји, кои резултирале со создавање на поволна клима за бизнис. Во тој поглед оваа
анализа се заснова на компарација на инвестициониот амбиент во Република Северна
Македонија со регионот на Југоисточна Европа, базиран на три основни елементи, кои ја
детерминираат одлуката на идните инвеститори:

 Стандардни (општи) ризици на работењето на странските инвеститори (политички


ризик, финансиски ризик, ниво на транспарентност на процедурите,
административен систем и сл.),
 Ниво на достигнати законски реформи за создавање на општи услови за работење
на домашните и странските инвеститори, заедно со нивото на остварени фискални,
регулаторни и финансиски поттикнувања за привлекување на странски директни
инвестиции, и
 Ниво на основни оперативни трошоци за работењето (работна сила,енергија,
земјиште)

14
3. НАЧИНИ И ПОСТАПКИ ЗА ИНВЕСТИРАЊЕ ВО РЕПУБЛИКА
МАКЕДОНИЈА

Надлежна институција за започнување и регистрирање на сопствен бизнис во


РепубликаМакедонија е Централниот регистар (www.crm.org.mk). Имено, на едно место за
самочетири часа без потреба од почетен капитал може да се отвори едно од следниве
видови трговски друштва:

 Трговец – поединец,
 Јавно трговско друштво,
 Друштво со ограничена одговорност – „ДОО,
 Друштво со ограничена одговорност од едно лице – „ДООЕЛ“,

 Акционерско друштво,
 Командитно друштво,
 Командитно друштво со акции.

Во рамите на Централниот регистар се формирани и Технички бироа кои ја подготвуваат


целокупната документација за основање на фирма со што дополнително ќе се намалат
трошоцитеи времето потребни за регистрација на фирма, а инвеститорите ќе имаат повеќе
време зареализација на своите идеи и бизнис планови.

Од друга страна, Министерството за економија (Одделение заинвестиции) -


(www.economy.gov.mk) ја креира инвестиционата политика во земјата со целелиминирање
на административните бариери, подобрување на деловното опкружување изголемување на
приливот на странски инвестиции. Една од најзначајните активности претставува
донесувањето на Прогамата за потикнување на инвестициите на секои 3 години
реализација и имплементација на мерките од Акциониот план од Програмата. Конечно, на
инвеститорите на располагање им стои Агенцијата за странски инвестиции на Република
Македонија (www.investinmacedonia.com)во било која фаза од инвестирањето. За
потребите на претприемачите и поддршка на нивните бизниси е формирана Агенцијата
заподршка на претприемништвото на Република Македонија (www.apprm.gov.mk)
Комисијата за хартии од вредност (www.sec.gov.mk) пак, е одговорна за ефикасно и
законито функционирање на пазарот на долгорочни хартии од вредност и заштита на

15
правата на инвеститорите. Оваа институција е одговорна за спроведување на Законот за
хартии од вредност, Законот за инвестициски фондови и Законот за превземање на
акционерските друштва.

3.1 ОСНОВАЊЕ НА ДРУШТВО СО ОГРАНИЧЕНА ОДГОВОРНОСТ – ДОО и


ДРУШТВО СО ОГРАНИЧЕНА ОДГОВОРНОСТ НА ЕДНО ЛИЦЕ – ДООЕЛ

Постапка за основање

За да се регистрира ДООЕЛ или ДОО, прво што треба да се направи е да се одреди назив
на трговското друштво што се сака да се регистрира и да се изврши проверка на називот.
Дали таков назив веќе постои? Проверката се прави на еден од шалтерите во Централен
регистар на Република Македонија. Согласно одредбите од Законот за трговските друштва
за да се регистрира ДООЕЛ или ДОО потребно е да се внесе влог од 5000 евра во денарска
противвредност. Влогот може да биде паричен или непаричен (во основни средства).
Доколку се работи за паричен влог се врши уплата на депозитна сметка (на привремена
сметка на друштвото) и уплатницата служи како доказ за вложените средства. Доколку се
работи за непаричен влог се врши проценка од овластен судски проценител кој изготвува
извештај за проценка на предмети вложени за основање на трговското друштво. Потребно
е да се изготви Акт (договор) за основање трговско друштво. Во случајот на ДООЕЛ тој
акт се заменува со изјава за основање на трговско друштво ДООЕЛ. Договорот е основа за
функцијата на овој вид на друштво а при тоа почитувајќи ги одредбите од Законот за
трговски друштва. Процедурата налага пополнување Изјава согласно членовите 29, ; 32, ;
35, и 183 од Законот за трговски друштва. Писмо за намера за отворање на прва сметка од
банка. Писмото се зема од банка по избор на лицето кое е основач на трговското друштво
(Банки во Република Македонија). Се пополнуваат: образец ЗП (заверен потпис) и образец
ПО (пријава за упис на основање на субјект во трговскиот регистар и регистарот на други
правни лица). Заверка на нотар. Заверка се врши на актот (договорот) за основање
трговско друштво, образецот ЗП, полномошното, и на изјавата по член 29; 32 и 183
точка.7 од Законот за трговски друштва.Фотокопија од пасош или од лична карта ако
основач е физичко лице односно доказ за регистрација ако основач е правно
лице.Поднесување документи во Централен регистар. Управителот на друштвото со

16
ограниченаодговорност лично или лицето што има полномошно ги предава документите
во централен регистар. Се извршува проверка дали е извршен уписот. По три дена може
да се изврши проверка на интернет страната www.crm.com.mk во делот последни објави.
Преку едношалтерскиот систем за регистрација, се обезбедува:

 Определување и доделување на единствен матичен број на субјектот на упис и


определување на шифра и назив на регистрираната претежна дејност според
Националната класификација на дејности и шифра на организационен облик на
субјектот на упис
 Внесување на единствен даночен број
 Внесување на сметка од деловна банка по избор на субјектот на упис
 Известување на Царинска управа за субјектите кои што имаат регистрирано
дејност во надворешен промет.

3.2 НАЧИНИ И ПОСТАПКИ ЗА ИНВЕСТИРАЊЕ ВО ПРЕТПРИЈАТИЈАТА


КОИ СЕ ВО СТЕЧАЈ

Согласно Законот за стечај постојат две можности за инвестирање во


претпријатија,стечајни должници, над кои е отворена стечајна постапка и тоа:

 со продажба на претпријатието
 должник во целост или негов дел и
 со план за реорганизација на претпријатието – должник

Продажба на претпријатието – должник

Стечајниот управник на одредено претпријатие во стечај објавува јавен оглас - тендер за


продажба на средствата на претпријатието (тендерот може да биде и меѓународен). При
продажбата на претпријатие во стечај нема условувања со задржување на вработените на
работа, или со идни инвестирања во претпријатието. Во пракса при продажба на
претпријатието во стечај, индивидуалните средства на претпријатието се даваат во еден
пакет (згради, машини и друга опрема), така што не може да се продаваат одделни
средства на претпријатието. Многу е важно да се знае дали над имотот на претпријатието
должник се регистрирани хипотеки или други оптоварувања Тендерот, односно јавниот

17
оглас за прибирање понуди за продажба се објавува јавно во најмалку два домашни
дневни весници, а по потреба и во странски весник.Претпријатието во стечај се продава по
проценета вредност. Во Тендерот се даваат инструкции, правила и услови, крајни рокови
за добивање на информации за претпријатието во стечај и тендерската документација, со
можност за пристап до истите, како и поднесување на документација за понудата и избор
на понудувач - купувач (Упатства за тендер кои ги припишува Одборот на доверители).За
учество на тендер, секое заинтересирано правно лице поднесува Писмо на интерес во
форма која ја пропишува стечајниот управник и по правило се уплаќа неповратен
надомест за учество на тендерот, пред истекот на крајниот рок. Писмото на интерес мора
да биде напишано на македонски јазик, службен јазик во Република Македонија. Доколку
понудувачот е странско лице, писмото на интерес се доставува на службениот јазик на
земјата во која е регистрирано правното лице, заедно со заверен превод на македонски
јазик.Секој понудувач треба да бара на еден примерок од писмото на интерес да биде
запишан датумот и времето на прием на понудата, со печат и евиденционен број на
понудувачот. Финансиската понуда не треба да содржи ништо друго, освен понудената
цена, изразена во бројки, потпишана од овластено лице во име на понудувачот. По
отворање на квалификационите понуди, Одборот на доверители ги оценува истите дали се
во согласност со пропишаните тендерски упатства и само тие понудувачи кои имаат
поднесено валидни квалификациони документи, ќе можат да присуствуваат на текот на
отварањето на финансиските понуди. Купувачот ќе се стекне со правото на користење и со
сопственоста на средствата после плаќањето на целосниот износ на купопродажната цена
утврдена во Договорот за продажба.

Реорганизација на претпријатието – должник

Основна цел на донесување на План за реорганизација на претпријатието - стечајниот


должник е продолжување на работењето на претпријатието (деловниот потфат) под
одредени услови. Планот за реорганизација содржи подготвителен (декларативен дел) и
спроведбен (содржински) дел. Планот за реорганизација се смета за прифатен доколку во
секоја група за него гласале мнозинството доверители со право на глас, од оние кои
гласале и кои имаат побарување во износ најмалку половина од износот на побарувањата
на доверителите кои гласале. Не се бара изречна согласност од групата на доверители чии

18
што права не се засегнати со планот за реорганизација и се смета дека секој член на таа
група го прифатил планот.

3.3 ИНВЕСТИРАЊЕ ВО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ ВО РСМ

Градежното земјиште може да биде во сопственост на Република Северна Македонија и


на домашни физички и правни лица. На правото на сопственост на градежното земјиште и
на другите права врз тоа земјиште се применуваат прописите за сопственоста и другите
права врз стварите, како и прописите за евиденција на правата врз недвижностите.
Сопственоста на градежното земјиште ја опфаќа неговата површина и се она што со него е
трајно поврзано, а се наоѓа на површината или под неа, ако со закон поинаку не е
определено.

Купување на градежно земјиште

Градежното земјиште може да биде во сопственост на Република Северна Македонија и


на домашни физички и правни лица. На правото на сопственост на градежното земјиште и
на другите права врз тоа земјиште се применуваат прописите за сопственоста и другите
права врз стварите, како и прописите за евиденција на правата врз недвижностите.
Сопственоста на градежното земјиште ја опфаќа неговата површина и се она што со него е
трајно поврзано, а се наоѓа на површината или под неа, ако со закон поинаку не е
определено. Прометот со градежно земјиште е слободен со исклучок на градежното 30
земјиште во сопственост на физички и правни лица на кое е планирана изградба на
објекти од јавен интерес на Република Македонија утврден со закон, првенствено право на
купување има Република Македонија.

Давање под концесија

Владата на Република Македонија може градежното земјиште во сопственост на


Република Македонија да го даде под концесија на домашно и странско правно и физичко
лице, ако намената на тоа земјиште е поврзана со дејност или добро во општ интерес на
државата за кои со Законот за концесии и Законот за градежно земјиште е предвидено
давање на концесија. Концесионери можат да бидат физички или правни лица запишани
во трговскиот регистар на Република Македонија, вклучувајќи ги и странските правни
лица со подружница запишана во трговскиот регистар на Република Македонија.

19
Концесионери можат да бидат физички или правни лица запишани во трговскиот регистар
на Република Македонија, вклучувајќи ги и странските правни лица со подружница
запишана во трговскиот регистар на Република Македонија. Градежното земјиште се дава
под концесија по претходно спроведен јавен конкурс. Висината на надоместокот за
користење на концесијата на градежно земјиште се утврдува со договорот за концесија,
согласно со најповолната понуда од јавниот конкурс, односно прибраните понуди.
Концесионерот ја остварува концесијата на негова сметка и ризик. Концесијата се смета за
доделена со склучување на концесиски договор меѓу концедентот и концесионерот по
спроведувањето на постапката за доделување концесија. Периодот за кој се доделува
концесијата се определува во договорот за концесијата согласно со јавниот повик за
прибирање на понуди.

Долготраен закуп

На градежното земјиште може да се основа право на долготраен закуп во користна


домашни и странски физички и правни лица. Закупот може да трае најмногу 99 години. На
градежно земјиште во сопственост на Република Северна Македонија право на долготраен
закуп се заснова по претходно одржано јавно наддавање, во корист на лицето кое
понудило највисока цена. По исклучок кога е тоа во интерес на Република Северна
Македонија за изградба на објекти од јавен интерес утврдени со закон право на
долготраен закуп може да се заснова и со непосредна спогодба.Правото на долготраен
закуп на градежно земјиште се стекнува со договор во писмена форма и со одлука на суд.
Правото на долготраен закуп задолжително се запишува во јавната книга за запишување
на правата на недвижностите и од тој ден договорот за долготраен закуп произведува
правно дејство. Правото на долготраен закуп престанува со пропаѓање на објектот,
откажување на правото од страна на носителот на правото на долготраен закуп и со
исполнување на условите за раскинување на договорот. Престанокот на правото на
долготраен закуп се запишува во јавната книга и произведува правно дејство од денот на
запишување.

3.4 ИНВЕСТИРАЊЕ ВО ЗЕМЈОДЕЛСКО ЗЕМЈИШТЕ ВО РСМ

Земјоделското земјиште во државна сопственост согласно Законот за земјоделско


земјиште,; Законот за изменување и дополнување на законот за земјоделско земјиште од

20
февруари 2011 година и Законот за изменување и дополнување на законот за земјоделско
земјиште од октомври 2011 годинаможе да се даде на користење:

 со концесија и
 под закуп

Закуп на земјоделско земјиште

Земјоделското земјиште во сопственост на државата може да се даде под закуп


(долгорочен и краткорочен) на домашно и странско правно или физичко лице, под услов
земјоделството или примарната преработка на земјоделски производи да им е основна
дејност. Долгорочниот закуп може да биде од 5 до 40 години. Земјоделското земјиште
земено во закуп не може да се даде во подзакуп. Земјоделското земјиште во државна
сопственост се дава во долгорочен закуп по пат на јавен оглас. Огласот се објавува во
дневниот печат. Понудувачот пополнува барање за земјоделско земјиште кое го доставува
со останатата потребна документација во затворен коверт заедно со останатата
документација која се доставува заедно со барањето. Како најповолна понуда се смета
понудата во која со Програмата се понудуваат подобри услови за користење на
земјоделското земјиште во сопственост на државата. Постапката за издавање на
земјоделското земјиште под закуп ја спроведува комисија формирана од Министерството
за земјоделство, шумарство и водостопанство. За текот на отворањето на понудите и
констатираните состојби пред и по отворањето на истите се прави записник кој го
потпишуваат членовите на комисијата. По завршувањето на постапката комисијата во рок
од 30 дена донесува одлука за најповолна понуда. Секој понудувач може да стави
приговор на спроведената постапка до Комисијата при Владата на Република Северна
Македонија. Со понудувачот чија понуда е прифатена како најповолна, Министерот за
земјоделство, шумарство и водостопанство склучува договор. На договорот за давање на
земјоделско земјиште во државна сопственост во долгорочен закуп, соодветно се
применуваат одредбите од Законот за облигационите односи. Земјоделското земјиште што
не е засадено, засеано, односно подготвено за сеидба се предава на закупецот по
заклучување на договорот за закуп. Земјоделското земјиште што е засадено, односно
засеано се предава на закупецот по собирањето на културите, освем ако поранешниот
корисник и закупецот поинаку не се договорат. Земјоделското земјиште што не е засадено,

21
засеано, односно подготвено за сеидба се предава на закупецот по заклучување на
договорот за закуп. Земјоделското земјиште што е засадено, односно засеано се предава на
закупецот по собирањето на културите, освем ако поранешниот корисник и закупецот
поинаку не се договорат. Ако на огласот не се јави понудувач или не биде прифатена
ниедна од понудите, се распишува нов оглас по иста постапка. Ако и при повторувањето
на постапката на овој закон не се јави понудувач или не биде прифатена најповолна
понуда, земјоделското земјиште се дава под закуп со непосредна спогодба.

3.5 КОНЦЕСИЈА ВО РСМ

Под поимот концесија се подразбира акт со кој се отстапуваат на користење


добрата од општ интерес за Република Македонија, на физичко или правно лице (домашно
или странско), или конзорциум, по спроведена постапка по Јавен повик и доставување на
понуди за добивање концесија. Како концесионери можат да се јават физички или правни
лица запишани во Централниот регистар на Република Северна Македонија, вклучувајќи
ги и странските правни лица со подружница запишана во Централниот регистар на
Република Северна Македонија. Концесијата се доделува за определен период, кој точно
се утврдува во јавниот повик, а потоа и во концесискиот договор, со можност да се
продолжи, врз основа на успешноста и квалитетот во вршење на концесиската дејност на
концесионерот, за време на утврдениот концесиски период. Висината на надоместокот за
користење на концесија на добра од општ интерес за Република Северна Македонија се
утврдува во Јавниот повик, а потоа и во Договорот за концесија, се во согласност со
Законот за концесии и други видови на приватно партнерство. Концесионерот ја остварува
концесијата на негова сметка и со негов ризик.

Концесија за користење на земјоделското земјиште

Концесија за користење на земјоделското земјиште Владата на Република Северна


Македонија може да даде на домашно и странско правно и физичко лице и тоа за:

 фуражно производство за развој на сточарското производство за време од 20 до 30


години, - нивско производство за време од 20 до 30 години,
 оранжериско производство за време од 30 до 40 години долгогодишни насади за
време од 30 до 40 години и

22
 за одгледување на дивеч и производство на риби за време од 10 до 30 години,
освен ако со Законот за земјоделско земјиште поинаку не е уредено.

Владата на Република СевернаМакедонија со одлуката за давање под концесија на


земјоделското земјиште ги утврдува почетниот износ на надоместокот на концесијата и
потребата од доставување на програма за користење на земјоделското земјиште во која се
предлага видот на концесијата. Владата на Република СевернаМакедонија земјоделското
земјиште го дава под концесија по претходно спроведен јавен конкурс. На земјоделското
земјиште што е предмет на концесија може да се градат исклучиво стопански објекти што
служат за примарно земјоделско производство. Врз основа на одлуката за доделување на
земјоделското земјиште на концесија од име на Владата на Република Македонија,
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство со понудувачот на
најповолната понуда склучува договор за концесија во писмена форма. Кон договорот за
концесија се приложува и програмата за користење на земјоделското земјиште и
претставува негов составен дел. Договорот престанува по сила на закон ако корисникот не
постапува во согласност со законот, освен ако концедентот поинаку не одлучи. Ако на
објавениот конкурс на се јави заинтересиран субјект, земјоделското земјиште се дава на
концесија во постапка со прибирање на понуди кои се поднесуваат до Министерството за
земјоделство, шумарство и водостопанство.

3.6 БИЛАТЕРАЛНИТЕ ДОГОВОРИ КАКО ПОВОЛНОСТ ЗА


ИНВЕСТИТОРИТЕ

Меѓународна арбитража како еден од можните начини за заштита на директните


странските инвестиции во Република Македонија, владеењето на правото и еднаков
третман на странски инвестиции е неизбежен темел на инвестиционата пирамида која се
гради во Република СевернаМакедонија како и во останатите транзиционите земји. Да се
стави ова како залог значи многу повеќе од спор со инвеститор, тоа може да ја загрози
целата пирамида и затоа е нормално меѓународните институции да реагираат, ако се смета
дека овие темели се загрозени. Инвестирањето во транзициони земји секогаш се сметало
за многу ризично за инвеститорот. Па тогаш како беше можно во изминатите две декади
да се инвестираат повеќе од илјада милијарди евра од западни компании во приватна и
државна сопственост во земји од источна и југоисточна Европа, создавајќи притоа

23
милиони нови работни места, обезбедувајќи голем економски раст и подобрувајќи ги
животните услови на граѓаните на овие земји? Како беше можно, банките и
меѓународните институции како Светска Банка, и други да дадат милиони евра за кредити,
иако повеќето од овие земји имаат лош рејтинг? Еден од предусловите за овие инвестиции
е широка мрежа на мултилатерални и билатерални договори, со кои државите се
обврзуваат да ги поддржат и заштитат странските инвестиции на одреден начин. Без такви
договори, ниедна земја нема да биде во состојба да привлече голема странска инвестиција,
ниедна банка нема да даде заем без дадени гаранции од државата. Република Северна
Македонија ратификуваше такви билатерални договори за поттикнување и заштита на
инвестиции со повеќе од 30 земји и е договорна страна на Договорот за енергетска
повелба (ЕСТ), кој одредува слични обврски. Овие договори даваат многу широка заштита
на инвестициите и одредуваат многу детални обврски и одговорности за владите и сите
институции што се наоѓаат под контрола на државата. Тие предвидуваат обврзувачка
арбитража за двете страни, донесените одлуки од арбитражниот суд се обврзувачки и
конечни и можат директно да се извршуваат. Таквите арбитражи обезбедуваат одлуките
да се носат според највисоките стандарди на објективност и легалност од страна на
независен форум, кој не е под влијание на некоја држава. Типично, државата им гарантира
на странските инвеститори и инвестиции фер и еднаков третман, заштита од
експропријација, слободен трансфер на средства и целосна заштита и безбедност и факт e
дека со постоечките договори секој инвеститор може да поднесе тужба против Република
Северна Македонија пред арбитража на ICSID (International Centre for Settlement of
Investment Disputes), во превод (Меѓународниот центар зарешавање инвестициони
спорови) и Република Македонија не може да одлучува дали сака да оди на арбитража или
не. Во случај на спор помеѓу едната Договорна страна и инвеститор на другата Договорна
страна, инвеститорот со детални податоци писмено ја известува Договорната страна на
чија територија е направена инвестицијата, за постоењето на таквиот спор. Кој и да било
спор помеѓу Договорна страна и инвеститор на другата Договорна страна, ќе се решава
спогодбено. Во случај кога спорот не може да се реши спогодбено во рок од шест месеци
од денот на писменото известување со кој другата Договорна страна е известена за
предметот на спорот, засегнатиот инвеститор, по свој избор одлучува спорот да се решава:

24
 пред компетентниот суд на Договорната страна на чија територија инвестицијата
е извршена;
 пред арбитражен суд ad hoc, согласно Арбитражните правила на Комисијата на
Обединетите нации за меѓународно трговско право (УНЦИТРАЛ);
 пред Меѓународниот центар за решавање на инвестициони спорови (ИЦСИД),
согласно Конвенцијата за решавање на инвестициони спорови меѓу држави и
државјани на други држави, отворена за потпишување од 18.03.1965 година во
Вашингтон во случај двете Договорни страни да ја потпишале таа Конвенција.

Штом ќе се поведе постапка за решавање на спорот пред надлежен суд на Договорната


страна или пред меѓународната арбитража, изборот за една од двете постапки е
дефинитивен. Овие одредби претставуваат писмена согласност на нашата држава како
држава договроничка во смисла на второто поглавје на Вашингтонската конвенција и
заедно со подоцнежниот писмен предлог од страна на инвеститорот спорот да се изнесе
пред арбитражниот суд ИЦСИД/ICSID односно во превод (Меѓународниот центар за
решавање инвестициони спорови) преставува писмена спогодба на странките за
надлежноста на ICSIDдносно во превод (Меѓународниот центар за решавање
инвестициони спорови) како арбитражна институција. Покрај согласноста за постоење
надлежност потребно е спорот да потекнува диретно од инвестирањето и од
инвестициите. Според одредбите од билатералните договори што ги има склучено нашата
држава поимот инвестиција е дефиниран доста широко и опфаќа различни права
дефинирана следниот начин: Секоја Договорна страна на чија територија е извршено
инвестирање од страна на инвеститори од другата Договорна страна, ќе им дозволи
слободен трансфер на средствата поврзани со тие инвестиции, а особено на:

a) влогот и дополнителните суми на пари потребни за одржување и проширување на


инвестициите;

b) заработката, добивката, камати, дивиденди и други тековни приходи; износите за


враќање на кредити, вклучувајќи и камати, според важечки и документиран договор кој е
во непосредна врска со одреденото инвестирање;

c) надоместоци за авторски права и провизии;

25
d) приходите од целосна или делумна продажба или ликвидација на инвестицијата;

e) заработките на државјаните на едната Договорна страна на кои им е дозволена работа


во врска со инвестициите направени на територијата на другата Договорна страна.
Македонија е членка на конвенцијата ICSID (International Centre for Settlement of
Investment Disputes), во превод (Меѓународниот центар за решавање инвестициони
спорови) од 1998 година. Еве и примери на неодамнешни пресуди :

 СМЕ против Република Чешка


 Холандска радиодифузна компанија имала лиценца во чешка компанија.

Со помош на Владата, компанијата СМЕ била истисната од сопствената инвестиција


Пресудено е дека Република Чешка ги повредила обврските од билатералниот договор за
заштита на инвестициите помеѓу Холандија и Република Чешка и пресуди надомест на
штета од 350 милиони американски долари на инвеститорот.

 Saluka Investments против Република Чешка

Холандската подружница на јапонска банка купила банка во Република Чешка. И покрај


големиот износ на лош долг и неефективните правни лекови да се наплатат заеми, владата
одбила да и даде државна помош на банката, иако им доделила државна помош на други
банки соочени со слична ситуација. Пресудено е дека Република Чешка лошо го третирала
странскиот инвеститор според билатералниот договор за заштита на инвестициите помеѓу
Холандија и Република Чешка и пресудил надомест на штета од 236 милиони
американски долари за инвеститорот.

3.7 ПРИЛИВИТЕ НА СТРАНСКИ ДИРЕКТНИ ИНВЕСТИЦИИ ВО РСМ

Светскиот Извештај за инвестиции за 2019 година, на UNCTAD, ги поддржува


креаторите на политиките преку следење на глобалните и регионалните трендови на
директните странски инвестиции и документирање на развојот на националните и
меѓународните инвестициски политики.

Според UNCTAD, инклузивниот одржлив развој зависи од глобалната политичка средина


што е погодна за преку-гранични инвестиции.

26
Овој Извештај за светските инвестиции дава преглед на глобалниот пејзаж на посебните
економски зони (SEZ) и нуди совети за тоа како да одговорат на фундаменталните
предизвици за зоните поставени од императивот за одржлив развој, новата индустриска
револуција и промените на моделот на меѓународно производство.

Меѓу најважните инструменти за привлекување инвестиции се посебните економски зони.


Бројот на зони низ светот брзо растеше оваа деценија на повеќе од 5.000, со многу повеќе
планирани, според UNCTAD.

Минатата година глобалните текови на странски директни инвестиции се намалија за 13


отсто, на 1,3 трилиони долари. Ова претставува најниско ниво од глобалната финансиска
криза и го нагласува недостатокот на раст во меѓународните инвестиции оваа деценија.

Протокот на инвестиции во транзиционите економии продолжи да се намалува во 2018


година, според извештајот на ОН. Транзиционите економии се потпираат на посебни
економски зони за инвестирање.

Приливот на странските директни инвестиции (СДИ),во економиите во транзиција во


Југоисточна Европа, Комонвелтот на независни држави (ЗНД) и Грузија се намалија за
28% , односно на 34 милијарди долари во 2018 година ( според светскиот извештај за
инвестиции за 2019 година на UNCTAD).

Сепак, Југоисточна Европа триумфираше, победувајќи го општиот надолен тренд, при


што СДИ се зголемија за 34% на 7,4 милијарди долари, особено во Србија и Северна
Македонија. Приливите во Северна Македонија се зголемија за повеќе од трипати, до
рекордни 737 милиони долари, главно за инвестиции во автомобилската индустрија во
своите технолошки индустриски развојни зони. Во еден од најзначајните договори,
слободната економска зона, ТИРЗ Скопје 2, го привлече производителот на автомобилски
делови од САД, Дура .Приливите кон Северна Македонија сигнализираа две работи:
првично, поволната меѓународна побарувачка на странски фирми лоцирани во зоните
(извозно ориентирани) и второ, позитивните политички случувања во врска со името на
земјата. Ова ја олеснува соработката на Северна Македонија со ЕУ, главниот извозен
пазар во земјата.Инвестициите во капиталот пораснаа два и пол пати, а заемите внатре во
компаниите станаа позитивни откако беа негативни во 2017 година. Покрај

27
традиционално силниот автомобилски кластер, нови инвестиции беа забележани и во
други дејности .Приливите на СДИ се зголемија во сите земји од овој регион , освен во
Црна Гора. Одливите останаа непроменети на 38 милијарди долари, со што регионот беше
нето-извозник на капитал за СДИ во 2018 година.Меѓу економиите во транзиција, Северна
Македонија се рангираше во првите 5 економии во две категории, и во Трговскиот раст
(економии рангирани според просечната годишна стапка на раст на трговските стоки,
интеграцијата на CAGR 2007-2017) и според ГВЦ (глобален вредносен синџир) –
Економиите рангирани според странските додадена вредност, 2017.Промоцијата на
посебните економски зони (СЕЗ) стана важна алатка на инвестициска политика на
економиите во транзиција. Посебните економски зони може исто така да станат главен
двигател на идниот раст на СДИ, според извештајот на УНКТАД. Помалите економии кои
превземаат значајни извозни активности, како што се Северна Македонија и Србија, исто
така имаат слободни економски зони (15 и 14, соодветно). Сепак, постојат очекувања да
придонесат за одредени развојни цели. Во Северна Македонија, Законот за технолошки
индустриски развојни зони бара од корисниците на зоната да ги исполнат следниве
критериуми: создавање работни места, усогласеност со високи еколошки стандарди,
производство базирано на нови технологии.

3.8 ПОСТАПКА ЗА УПИС НА ДИРЕКТНИ ИНВЕСТИЦИИ ВО РЕГИСТАР НА

ДИРЕКТНИ ИНВЕСТИЦИИП

Директните инвестиции се вид на капитални трансакции1.

Директните инвестиции се вложувања со кои инвеститорот има намера да воспостави


трајна економска поврзаност и/или да оствари право на управување со трговското
друштво или другото правно лице во кое инвестира.

Како директни инвестиции се сметаат:

 oсновање на трговско друштво во целосна сопственост на инвеститорот;


 зголемување на основната главнина на трговското друштво во целосна сопственост
на инвеститорот;
1
https://akademik.mk/servisni-informacii/postapka-za-upis-na-direktni-investitsii-vo-registar-na-direktni-
investitsii/

28
 основање подружница;
 стекнување на целосна сопственост над постоечко трговско друштво;
 учество во новоформирано или веќе постоечко трговско друштво, ако со тоа
инвеститорот поседува или се здобива со повеќе од 10% учество во основниот
капитал на трговското друштво, односно повеќе од 10% од правото на одлучување;
 долгорочен заем со период на достасување од пет и повеќе години, кога се работи
за заем од инвеститорот и кој е наменет за трговско друштво во негова целосна
сопственост и
 долгорочен заем со период на достасување од пет и повеќе години, кога се работи
за заем наменет за воспоставување на трајна економска поврзаност и ако е даден
меѓу економски поврзани субјекти.

Директните инвестиции на резиденти во странство се слободни.


Директните инвестиции на нерезиденти во Република Македонија се слободни, ако со
друг, освен Законот за девизно реботење  поинаку не е уредено.

Опис на постапка

1. Резидентите кои вложуваат во странство и резидентите во кои нерезидент има


вложување кое се смета за директна инвестиција, се должни во рок од 60 дена од
денот на склучување на капиталната трансакција која е правна основа за
стекнување на директната инвестиција во странство односно во Република Северна
Македонија, да го пријават вложувањето и сите натамошни измени на вложувањето
во Република Северна Македонија.
2. Централниот регистар врши упис на вложувања на резидентите во странство и на
нерезиденти во РСМ и сите натамошни измени на вложувањата кои се сметаат за
директни инвестиции во Регистарот на директни инвестиции на резиденти во
странство, односно во Регистарот на директни инвестиции на нерезиденти во
Република Северна Македонија, за што издава потврда за извршен упис и на секоја
натамошна измена на директната инвестиција.
3. Со уписот на директните инвестиции во Регистарот на директни инвестиции им се
овозможува на инвеститорите пренос на добивка, пренос на финансиски средства
добиени со отуѓување и продажба на сопственички дел во директната инвестиција,
како и преносот на остатокот од ликвидационата маса.

29
4. Овој пренос е слободен но под услов инвеститорот да ја регистрирал директната
инвестиција и да ги намирил сите законски обврски врз основа на даноци и
придонеси во РМ.

 Непријавувањето на директната инвестиција во регистарот за директни


инвестиции согласно на чл. 56 од Законот за девизното работење, е прекршок.
 Прекршочна постапка води и прекршочна санкција изрекува Министерството за
финансии – Државен девизен инспекторат.

Директната инвестиција се реализира со вложување во:

 пари,
 предмети или
 права.

Централниот регистар, овозможи регистрирање на директните инвестиции и преку


интернет.

Цената на уписот или промената во регистарот на директни инвестиции е одредена


во Тарифата на Централниот регистар.

Од Регистарот за директни инвестиции, Централниот регистар, освен потврдите за


извршен упис или промена, ги издава и следните документи:

 Актуелна состојба на инвестицијата;


 Историјат на промени на инвестицијата;
 Фотокопија од решение од Министерството за економија (за инвестициите кои се
водеа во Министерството за економија) и други документи со заверка или без
заверка кои биле доставени во хартиена форма;
 Отпечаток од скенирани записи.

30
Потребни документи (регистрација на директни инвестиции)

 Пријава – Образец ДИН (пријава за регистрација на директни инвестиции на


нерезиденти во Република Северна Македонија) или образец ДИР (пријава за
регистрација на директни инвестиции на резиденти во странство);
 Со секоја пријава (прв упис или промена) нерезидентот или резидентот е должен да
го достави правниот основ за настанување на инвестицијата односно промената;
 Потребните прилози (исправи и докази) во коишто се содржани податоците што се
запишуваат во регистар за директни инвестиции;
 Како валиден и основен доказ кога инвестицијата се реализира во пари, е
трансферот на парите да е извршен преку банка на пропишаните обрасци
од Народната банка на Република Северна Македонија и тоа Образец 743 (за
нерезиденти кои пријавуваат директна инвестиција во Република Северна
Македонија) или образец 1450 (за резиденти кои пријавуваат директна инвестиција
во странство), со соодветните шифри согласно на Упатството на Народната банка
на Република Северна Македонија за платниот промет со странство;
 Кога инвеститорот – нерезидент вложува во акции во акционерско друштво, доказ
се документите од берза за берзанската трансакција, од Централниот депозитар
за хартии од вредност и од Комисијата за хартии од вредност и
 Кога инвестицијата се реализира во предмети, како валиден и основен доказ е
царинската декларација за увоз односно извоз на предметите (опрема исл.)со
фактури, доколку предметите се подвижни, додека за недвижниот имот доказ е
имотниот лист. Проценката на овластен проценител за вредноста на опремата без
царинска декларација, не е доказ за непаричниот влог.

3.9 ДАНОЧНИ ПОВОЛНОСТИ ЗА ИНВЕСТИРАЊЕ ВО ТИРЗ (Технолошко


индустриска развојна зона)2

ТИРЗ е дел од царинското подрачје, или објекти во царинското подрачје, одвоени од


другиот дел на царинското подрачје, основани согласно Законот за ТИРЗ.Корисник на
ТИРЗ може да биде секое домашно или странско физичко или правно лице кое врши
дејност во зоната и кое заради користење на ТИРЗ склучило договор за вршење дејност со
основачот на ТИРЗ и истиот му издал решение за започнување со работа.Основачот на
2
http://ujp.gov.mk/en/prebaruvanje_pravni_lica/category/1027

31
зоната ја известува надлежната царинарница за секој склучен договор за користење на
ТИРЗ, како и за раскинување на договорот. Известувањето мора да содржи назив на ТИРЗ,
број и датум на склучениот договор, како и назив, даночен број и дејноста на корисникот
на ТИРЗ. Корисникот на ТИРЗ, заради спроведување на царински надзор, води евиденција
за внесување, изнесување, употреба и промена на стоката.

Даночни ослободувања и олеснувања

Данок на добивка - Корисникот на зоната е ослободен од плаќање данок на добивка за


период од 10 години, доколку во рок од две години по годината на добивање на
решението за започнување со работа под услови утврдени со закон го започне вршењето
на дејноста во зоната.

Задржан данок - Корисниците на ТИРЗ кои вршат исплата на приходи кон странско
правно лице во Република Македонија или во странство, должни се истовремено со
исплатата на приходот да го задржат и да го уплатат данокот во висина од 10%, освен ако
поинаку не е регулирано со Меѓународните договори за одбегнување на двојно
оданочување (види повеќе за задржан данок тука).

Персонален данок на доход - Корисникот на зоната е ослободен од плаќање персонален


данок на доход по основ на плати на вработени лица за период од 10 години, од
започнувањето на вршење на дејност во зоната, односно од првиот месец во кој
корисникот ќе изврши исплата на плата, без разлика на бројот на вработени лица.

Данок на додадена вредност - Корисникот на зоната е ослободен од ДДВ за прометот на


добра и услуги во ТИРЗ (освен прометот наменет за крајна потрошувачка) и за увозот на
добра во ТИРЗ (под услов добрата да не се наменети за крајна потрошувачка).

Услови за користење на даночните поволности

Корисникот на зоната треба:

 да врши нова дејност и тоа: производна дејност; дејност од областа на


информатичката технологија (изработка на софтвери, склопување хардвер,
дигитални записи, компјутерски чипови и сл.), научно истражувачка дејност и
производство засновано на нови технологии со високи еколошки стандарди;

32
 услуги кои се директно поврзани со увоз на добра кои се внесуваат во зоната (под
услов добрата да не се наменети за крајна потрошувачка);
 да нема ненамирени пристигнати даночни или царински обврски;
 да не е отворена стечајна постапка над него; и
 да поднесе Барање за остварување на даночни ослободувања и олеснувања (по сите
основи) до Управата за јавни приходи преку Дирекцијата за технолошки
индустриски развојни зони.

Рок и потребна документација

Корисникот на зоната Барањето го поднесува до Управата за јавни приходи преку


Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони најдоцна до 31 март во тековната
година, за секоја претходна година од работењето во зоната за која се користат даночните
ослободувања и олеснувања. Кон барањето корисникот на зоната е должен да ги достави
следните докази:

Договор за вршење дејност со основачот на зоната;

Решение од Царинската управа за исполнување на условите за вршење на царински


надзор согласно со Царинскиот закон и Решение донесено од Дирекцијата за ТИРЗ за
започнување со работа на корисникот;

Годишна сметка и даночен биланс за претходната година заедно со образец СПД -


Структура на приходите по дејност;

Доказ од Централниот регистар за тековна состојба на бонитетот на корисникот (не


постар од шест месеци);

Уверение издадено од надлежен орган дека корисникот на зоната нема пристигнати, а


ненамирени даночни и царински обврски; и

Уверение издадено од надлежен суд и Централниот регистар дека над корисникот на


зоната не е отворена стечајна постапка или постапка за ликвидација;

33
Потврда од основачот на зоната дека нема пристигнати, а ненамирени обврски согласно
тарифникот за надоместоци за извршени услуги на основачот и тарифникот за
надоместоци за извршени услуги на корисникот; и

Корисниците кои имаат склучено повеќе договори за доделување на државна помош за


продуктивни почетни инвестиции должни се да достават и решение издадено од страна на
Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Северна
Македонија или Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони или министрите
без ресор задолжени за привлекување на странски инвестиции.

4. ИНВЕСТИЦИСКИ ФОНДОВИИ

Инвестициски фонд претставува институција за колективно инвестирање т.е


професионално управувана форми на инвестирање, кој се основа поради здружување на
парични средства од физички и/или правни лица, кои потоа се вложуваат на пазарот на
капитал во најразлични хартии од вредност: акции, обврзници, записи и сл. Со собраните
средства во фондот управува друштво за управување со инвестициски фондови. Имотот
на инвестицискиот фонд е во сопственост на неговите членови пропорционално во однос
на нивното учество во фондот и тој одвоен од друштвото за управување со инвестициски
фондови.Инвестиционите фондови во пазарните економии играат клучна улога во
динамизирањето на пазарите на капитал, и на економскиот развој во целина. Тие ја
збогатуваат институционалната структура на финансискиот сектор, го потикнуваат
штедењето и ефикасноста на инвестициите, по пат на вложувања во најпрофитабилни
хартии од вредност. Економиите во транзиција, иако соочени со субоптимални почетни
услови, ги прифатија инвестиционите фондови во прилагоден облик, при што не изостанаа
позитивните ефекти врз нивните финансиски системи, приватизацијата, зголемување на
конкурентноста и атрактивноста за странските инвестиции. Така, во 1995, само шест
години по основањето на првиот инвестиционен фонд во Унгарија, бројот на фондовите
во регионот на Источна Европа нарасна на 80, со портфолио вредност 4,4 милијарди
долари.Првиот национален инвестиционен фонд во земјите во развој бил основан во
Јужна Кореја во 1984 година, по што следела експлозија од ваков вид финансиски
институции за колективно вложување. Така, според податоците на Меѓународната
финансиска корпорација, инвестиционите фондови во земјите во развој денес, управуваат

34
со портфолија кои надминуваат 100 милијарди долари.За правилно разбирање на
суштината на овие финансиски институции, потребно е накусо да се изложат нивните
предности. Така, концептот на инвестициониот фонд како репрезент на т.н. колективни
инвестициони шеми, почива на следниве аргументи:прибирање и концентрација на мали
парични суми од страна на голем број лица, што резултира сонамалување на
индивидуалниот ризик од вложувањето, ипоголема вкупна ефикасност од вложувањето
заради фактот што управувањето со средствата се доверува на професионален, високо
компетентен управувачки тим.

Значи, суштината на функционирањето на инвестиционите фондови се состои во


прибирање на капитал по пат на продажба на неговите акции или документи за удел, на
населението. Така формираниот финансиски потенцијал потоа фондовите го пласираат во
акции и обврзници на трговските друштва и на државата. Всушност, тие вршат
посредување меѓу секторот на населението, како инвеститор, и трговските друштва и
државата, како издавачи на хартии од вредност, со цел да го олеснат процесот на
купување на хартии од вредност од страна на населението. Инвестициониот фонд има
можност за диверзификација на своето портфолио, преку вложување во хартии од
вредност на компании со различна ризичност, во различни стопански гранки, географски
региони и слично, во зависност од целите на секој одделен фонд. Фактот што
управувањето со средствата на фондот е во рацете на професионални менаџери на
фондови, значително го ублажува ризикот од носење погрешни инвестициони одлуки, и ја
зголемува атрактивноста за купување хартии од вредност од страна на обичните
луѓе.Друштвата за управување со инвестициони фондови и нивните менаџери секојдневно
работат со огромни суми на парични средства, што создава можност за злоупотреби од
различен вид и карактер. Оттаму, законската регулатива со едновремено воспоставување
ефикасни механизми на контрола и супервизија на нивната работа, е од првостепено
значење за стекнување и одржување доверба на широките слоеви, потенцијални
учесници/штедачи во нивната стабилност и бонитет, како и во компетентноста и чесноста
на членовите на менаџерските тимови.

35
Инвестициските фондови3 претставуваат можност за вложување на парични
средства, каде што инвеститорот ги доверува своите пари на специјализирани институции
– Друштва за управување со инвестициски фондови.Фондовите
претставуваат колективно вложување т.е. професионална управувана форма на
инвестирање, која се заснова со цел здружување на средствата на ивеститорот и
средствата на преостанатите инвеститори, кои потоа се вложуваат на пазарот на
капитал.Во Република Северна Македонија областа на инвестициските фондови е
регулирана со Законот за инвестициски фондови, Законот за хартии од вредност,
Законот за трговски друштва и Законот за девизно работење.Отворените
инвестициски фондови поради нискиот праг на минимални уплати се достапни и
наменети и за инвеститори со помали парични средства.Инвестициските фондови му
овозможуваат на ивеститорот, да ги искористи сите придобивки од инвестирањето во
различни држави, сектори, валути и инструменти што им се достапни на луѓето во
светот.Потенцијалниот инвеститор преку уплаќање на парични средства
стекнува сопственост над удели во одбраниот фонд.Средствата на ивеститорот и
средствата на преостанатите инвеститори се одвоени од средствата на Друштвото што
управува со Фондот. Односно, Фондот е во сопственост на имателите на удели.Вредноста
на уделот секојдневно варира и исклучиво зависи од промената на вредноста (цената) на
хартиите од вредност што се наоѓаат во портфолиото на Фондот.Позакон, секојдневно се
вреднува уделот со целобезбедување транспарентност и ликвидност пред
инвеститорите, со што инвеститорот има можност онлајн во секое време да ја следи
состојбата на неговите средства.Инвеститорот како сопственик на удели има право на
сразмерен дел од добивката на Фондот, како и во секое време да побара исплата на уделот
и на тој начин да истапиод Фондот. Друштвото е должно да изврши исплата на
средствата за откупените удели од фондот најдоцна 7 (седум) календарски дена по
приемот на Барањето за откуп. Практиката на Друштвото е исплатата на средства по
прием на Барањето за откуп да го изврши следниот работен ден.Во светот се познати 4
вида фондови според поделбата по видот на инструментите во кои генерално се
инвестирани парите на инвеститорите: акциски, обврзнички, парични и балансирани
фондови.

3
https://www.wvpfondovi.mk/mk/fondovi-za-pocetnici/

36
4.1 ПРЕДНОСТИ НА ИНВЕСТИРАЊЕТО ПРЕКУ ИНВЕСТИЦИСКИ
ФОНДОВИ

Инвестирањето со посредство на инвестициските фондови има низа предности во однос


на директното инвестирање во хартии од врендост, како што се:

Дисперзија на ризикот – фондовите вложуваат во голем број различни хартии од


вредност, со што се намалува ризикот при инвестирањето.

Професионално управување – индивидуалните инвеститори ретко имаат време, знаење


или желба секојдневно да анализираат голем број различни хартии од вредност и
самостојно да донесат одлука за инвестирање. Од друга страна, инвестиционите фондови
располагаат со стручен и искусен кадар кој секојдневно го анализира тргувањето на
пазарите за хартии од вредност. Всушност, најголемата разлика меѓу индивидуалните и
институционалните инвеститори лежи во експертизата.

Ликвидност – сите вложувачи во отворените инвестициони фондови можат во секој


момент да поднесат барање за продажба на својот удел во фондот. Наспроти тоа, при
директно инвестирање во акции, секогаш постои ризик сопственикот да не може да ги
продадете акциите поради малата ликвидност на пазарот за тие акции.

Едноставност при вложувањето – инвестициските фондови овозможуваат едноставен


начин на вложување (преку електронско банкарство, преку траен налог и сл.). Притоа, во
фондовите може да се вложуваат мали парични износи со кои, често, не може да се купи
некој финансиски инструмент на пазарот. На пример, минималниот износ за кој може да
се купи удел во фондовите во Македонија изнесува 1.000 денари.

Тргнувајќи од неспорниот факт за повеќекратните позитивни ефекти од дејствувањето на


институционалните наспроти индивидуалните инвеститори, и Република Северна
Македонија се определи за прифаќање на овој вид финансиски институции во својот
систем. Тоа е сторено со Законот за инвестиционите фондови, на чие донесување му
претходeла неколкугодишна работа од страна на експертска група, формирана во рамките
на Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија.Во Република
Северна Македонија работењето на Инвестициските фондови и Друштвата за управување
со инвестициски фондови е регулирано со Законот за инвестициски фондови (Службен

37
весник на РСМ бр. 9/2000 и 29/2007). Во Законот за инвестиционите фондови,
инвестициониот фонд се дефинира како здружување на парични средства наменети за
вложувања во хартии од вредност, парични депозити и други средства, кои средства се
прибираат од вложувачите преку јавен повик за продажба на документи за удел кај
отворените, односно акции кај затворените фондови, со кои за сметка на вложувачите
управува друштвото за управување со фондови (член 4 од Законот за инвестиционите
фондови). Значи, се работи за модел на индиректно вложување, кога заинтересираните
вложувачи не вложуваат директно во хартии издадени од трговски друштва или други
субјекти, туку тоа го прават посредно, преку вложување во инвестиционен фонд кој
понатаму вложува во нивно име и за нивна сметка кај затворениот фонд или во свое име, а
за нивна сметка кај отворениот фонд.Имотот на инвестиционите фондови, во споредба со
другите „обични“ трговски друштва, е посебен и се состои од хартии од вредност,
парични депозити и други средства. Заради таквата посебност, кај инвестиционите
фондови доаѓа до радвојување на сопственоста од управувањето. Имено, фондовите се
основаат и се управуваат од страна на друштва за управување со фондови, кои се наполно
независни и издвоени од фондовите, и нивен единствен предмет на работење е да основаат
и да управуваат со фондови. Имотот на фондот мора да се држи и де се прикажува
одвоено од имотот на друштвото за управување со фондови. За таа цел, имотот на фондот
се држи кај депозитна банка, што ја избира друштвото за управување со фондови, врз
основа на одобрение од Комисијата за хартии од вредност. За да се избегне можниот
конфликт на интереси, друштвото за управување со фондови и депозитната банка мораат
да работат независно и исклучиво во интерес на лицата кои вложиле во фондовите, и исто
друштво не може да врши работи на друштво за управување и депозитна
банка.Сопствениците на документи за удел кај отворените, односно акционерите кај
затворените фондови, по правило имаат само имотни права од нивните удели, односно
акции, додека членските права, како на пример правото на глас кај затворените фондови,
по правило е ограничено. Правата на вложувачите во инвестиционите фондови спрема
друштвото за управување ги штити депозитната банка, но тоа не го исклучува правото на
вложувачите лично да ги остваруваат своите побарувања. Токму од ваквата поставеност
на субјектите инволвирани во работењето на инвестиционите фондови во теоријата се
јавува проблемот на утврдувањето на нивната правна природа, а особено на отворените

38
фондови.Особен белег на инвестиционите фондови е нивниот имот, кој се состои од
своевидна „жива материја“, односно во најголем дел од хартии од вредност, чија цена
постојано флуктуира на берзите и другите пазари на капитал. Заради тоа, законите кои
нормативно ги уредуваат инвестиционите фондови содржат прецизни правила за начините
на вложување на средствата собрани со јавна продажба на документи за удел односно
акции на фондовите. Освен тоа, фондовите се институции каде што се вкрстуваат
интересите на многу субјекти. Така, на една страна се интересите на вложувачите во
документи за удел во отворените или акционерите во затворени фондови, додека на друга
страна се интересите на друштвата односно правните лица во чии хартии од вредност се
вложуваат собраните пари во фондовите. Ако тука се додадат и специфичните права и
обврски на друштвата за управување со фондови и депозитните банки, станува сосема
јасно дека инвестиционите фондови претставуваат комплексни институции.

4.2 ЕФЕКТОТ НА КОРОНАВИРУС ПАНДЕМИЈАТА ВРЗ БЕРЗИТЕ

Светот од почетокот на годината до денес се соочува со најголемата пандемија во


модерното живеење, која што драстично влијае врз начинот на живеење во актуелниот
период. Коронавирусот Covid-19 има непроценливи штети врз сите нас, како од аспект на
здравје, така и врз целокупната светска економија, со што целта на овој блог е да ги
анализираме и дискутираме опасностите и можностите кои пазарот на капитал во
моментов ги нуди. Инвеститорите на светските берзи од почетокот на годината се
обидуваат да ги проценат импликациите на оваа пандемија врз компаниите кои котираат
на светските берзи. Соодветно на тоа, светските индекси забележаа значајни падови. Тоа
значи дека цените на акциите на компаниите кои се дел од светските индекси се значајно
пониски од нивото на кое беа на почетокот на годината. Имајќи во предвид дека оваа
пандемија не е прва во човештвото, за цел на анализата ги искористивме достапните
податоци од времето на пандемијата на Шпанскиот Грип во текот на минатиот век.
Проценката на бројот на починати од Шпанскиот грип се движи од 50 до 100 милиони
луѓе, додека вкупно инфицирани се претпоставува дека биле над 500 милиони луѓе. На
график бр1 е прикажан единствениот индекс кој датира од тоа време до денес Dow Jones
Industrial Average. Индекс кој е составен од 30те најзначајни компании за американската
економија. Значајно е да се спомене дека Шпанскиот грип се појавува во втората половина

39
на 1917 година, додека најголемиот импакт врз светот од аспект на заразени и починати
луѓе го има од 1918 до 1920 година. Од друга страна пак, најголемиот пад на берзата се
забележува пред драматично да почне да се шири вирусот. Претпоставката за ваквата
појава е дека пазарите на капитал, многу порано реагираат на вестите и многу често
претставуваат предвесници на идниот период во економијата. Аналогно на тоа, може да се
забележи дека заздравувањето на пазарите на капитал се случило за времетраење на
самата пандемија и растот на индексот бил со релативно брзо темпо.

График бр.1 Инвестирање за време на шпански грип

Доколку се вратиме на денешната ситуација и моменталната пандемија, можеме да


забележиме дека до сега падот на DJIA Индексот од највисоката точка годинава до
најниската изнесува 37,09%. Тоа значи дека износите кои сега ги инвестираат
инвеститорите се инвестираат по драстично пониски цени од оние кои беа на почетокот на
годината. Дополнително, можеме да увидиме дека моменталниот пад на берзите е дури и
поголем од падот за време на пандемијата од Шпанскиот Грип во минатиот век кои
изнесувал 33.44%.Ваквите податоци ни даваат надеж дека можеби најлошото за пазарот

40
на капитал е веќе поминато. Би сакале да напоменеме дека минатите случувања не мора да
значи дека ќе се повторат, ниту пак претставуваат гаранција за идни приноси.

График бр.2 Инвестирање за време на Коронавирус

4.3 ИМПАКТОТ НА КОРОНАВИРУСОТ ВРЗ ЕКОНОМИЈАТА

Коронавирусот се очекува да има значаен одраз врз светската економија. Со цел


намалување на стапката на ширење на вирусот, најголем дел од државите одлучија да
преземат мерки кои доведоа до затворање на продавници, ресторани и слично,
дополнително самото ширење на коронавирусот кај некои компании влијаеше за
намалување на производствените и продажните капацитети.Ваквата состојба може да
влијае врз компаниите за намалување на бројот на вработени, најпрво на вработени со
договор на дело, а потоа и и кај постојано вработените. Тоа би се очекувало дополнително
да има негативен ефект преку помалку средства за потрошувачка кај луѓето, што би
довело и до помали приходи и добивки на компаниите.Но, токму затоа државите не го
оставаат пазарот сам на себе, туку одлучуваат значајно да ги корегираат ваквите аномалии
и преку силна експанзивна политика да им помогнат на компаниите и граѓаните во
пребродување на овој период.Тоа што е извесно моментално се помали приходи и
добивки на компаниите за 2020 година, нешто што очекуваме дека е веќе вградено во

41
цените на инструментите на пазарот на капитал, имајќи предвид дека ваквиот исход е
широко очекуван во светски рамки. Но, тоа на што ние најмногу би сакале да обрнеме
внимание е дека вредноста на една компанија не се состои само од добивките од тековната
година, туку многу поголемо учество имаат очекуваните добивки од сите наредни години
кои претстојат, нивните компетитвни предности, лиценци, брендови, лојалност на
потрошувачи и др. Очекувањата се дека коронавирусот ќе биде феномен кој ќе биде
разрешен во 2020 година, по што се очекува повторно заживување на економијата,
враќање на редовниот живот и натамошен раст на добивките на компаниите.Можеме да
заклучиме дека оваа година ќе биде критична за многу компании, но позитивната страна
од вложување во големи мултинационални компании, со добри кредитни рејтинзи и долга
историја на постоење е дека всушност од тие компании можеме најмногу да очекуваме
дека ќе ја пребродат и оваа криза и на долг рок ќе испорачаат задоволителни резултати за
инвеститорите.Дополнително може да се посочи на волатилноста на пазарите на капитал
во вакви кризни периоди, тоа во главно се должи на присуство на многу емоции кај
инвеститорите, поради што многу често грешат во вакви моменти во проценување на
вистинската вредност на компаниите, која всушност нема толку волатилен карактер како
самите цени на пазарот. Големите дневни осцилации во позитивна и негативна насока се
очекувани и неминовни во вакви ситуации поради што на инвеститорите им се
препорачува во овој период износот кој планираат да го инвестираат да го поделат на
неколку дела и да го инвестираат во неколку наврати , наместо да го инвестираат целиот
износ одеднаш, со цел да ги упросечат цените по кои ги купуваат уделите во фондовите.

Во услови на прогласување пандемија од Ковид-19 на глобално ниво, паралелно на


одговорот на заканата од страна на здравствените власти, неопходно е соодветно
планирање на одговор и од страна на економските власти, во координација со засегнатите
страни.Во овој момент, и покрај нагласениот ризик, нема знаци на особени нарушувања на
економските текови во Македонската економија, но рапидниот развој на настаните
наметнува потреба од дизајнирање контингентен економски план од мерки кои би се
презеле ако ризикот се материјализира.Finance Think смета дека главниот економски
ризик се однесува на потенцијално позначително нарушување на ликвидноста во
економијата, поради што примарен фокус на секаков контингентен план треба да биде

42
ставен врз овозможување поддршка на граѓаните и компаниите во непречено извршување
на финансиските обврски.Ова, во услови на настапување итност, неопходно е да предвиди
заедничка и координирана акција на економските власти, првенствено Министерство за
финансии и Народна банка на Република Северна Македонија, во насока на:

 Преоценување на ликвидносната позиција на Буџетот на Северна Македонија и


планирање резервен фонд кој би се искористил во итна ситуација;
 Целосно преземање на товарот за исплата на надомест за боледување и за отсуство
од работа согласно на веќе донесените препораки за отсуство од работа;
 План за релаксирање на условите за измирување на даночните обврски од малите и
средните претпријатија со тековно доспевање;
 Т.н. „водство“ (“forward guidance”) од страна на централната банка, која во итна
ситуација би овозможила зголемена ликвидност преку монетарните инструменти, и
особено преку дисконтната рамка.

Навременото комуницирање на ваков план со јавноста ќе испрати сигнал за подготвеност


на економските власти и ќе ги димензионира очекувањата на економските агенти
соодветно на новонастанатата ситуација.

Економијата на еврозоната сега и официјално влегува во својата најдлабока рецесија


досега по двата катастрофални квартали во 2020 година поради пандемијата на Ковид-
19.Вистинските економски последици од пандемијата на коронавирусот во Европа
стануваат сè појасни додека државите ги објавуваат своите економски биланси за
периодот од април до јуни. Имано во вториот квартал од 2020 економијата на еврозоната
дзабележала пад од рекордни 12,1 процент, говорат прелиминарните проценки објавени
денеска во Брисел. Иако во моментов касите повторно ѕвонат во продавниците,
рестораните, хотелите низ цела Европа а туристичките атракции, кои беа морничаво тивки
во пролетта повторно се заживеани и опкружени со илјадници луѓе, сепак , никој не знае
со сигурност како ќе се развива пандемијата во текот на следните неколку месеци.Но, она
што станува јасно е дека економската штета што се предизвика во Европа од
коронавирусот меѓу април и јуни е со историски размери.

Тоа беше периодот кога строгите рестрикции и карантини доведоа до застој на голем дел
од економијата на континентот. Податоците за тој период сега се достапни, а вестите се

43
полоши од што било што еврозоната досега видела. Тоа значи дека економијата на
еврозоната влезе во најдлабоката рецесија во својата повоена историја. Шпанија забележа
пад на својата економија од огромни 18,5%. Падот на економијата во Франција во вториот
годинешен квартал изнесува 14 проценти, на Италија пак 12,4% . И најголемата економија
на еврозоната- германската доживеа рекорден пад на БДП од околу 10%.Само 19 од 27
членки на ЕУ се дел од еврозоната. И додека предвидениот пад на економијата на
монетарната унија во вториот квартал од 2020 изнесува 12,1 процент, за целата ЕУ тој е
незначително помал, односно 11,9 насто. Со оглед на тоа дека случаите на Ковид-19 на
континентот се повторно во пораст, се множат стравувањата од втор бран на рестрикции и
карантини. Но дури и без тоа, влијанието на пандемијата врз економијата веројатно ќе се
чувствува уште долго.

44
ЗАКЛУЧОК

Самиот збор инвестиции значи долгорочно вложување на капитал.Инвестициониот


процес е многу сложен и составен од бројни активности кои се однесуваат на
истражувања, проектирања, пресметки. Преку таквите активности се формира
документационата подлога за инвестициониот проект.Секогаш кога се инвестира постои
одредено ниво на ризик дека нема да може да се повратат инвестираните средства или да
се оствари дополнителен принос од истите. Оттаму, инвеститорот секогаш очекува
одредено ниво на принос од инвестицијата како компензација за нивото на преземениот
ризик. Во рамите на Централниот регистар се формирани и Технички бироа кои ја
подготвуваат целокупната документација за основање на фирма. Генерално земено, добро
воден инвестиционен проект ги содржи следниве документи: Прединвестициона студија,
Инвестициона студија (програма),Студија за изведба на проектот,Извештаи за следење на
изведувањeто на проектот,Извештаи за следење на ефектите од реализираниот
проект.Инвестициона програма е најзначајниот елаборат во целата документациона
основа за реализација на еден инвестиционен проект. Оваа програма се состои од повеќе
елаборати во кои се анализираат економските, техничките, организационите и други
услови за реализација на проектот, се проценува економската ефикасност и се одредува
оправданоста за реализација на првиот стручен елаборат за еден инвестиционен проект во
кој се анализира способноста еден проект да се комплетира успешно односно познато и
како прединвестициона студија;Секогаш кога се инвестира постои одредено ниво на ризик
дека нема да може да се повратат инвестираните средства или да се оствари дополнителен
принос од истите. Оттаму, инвеститорот секогаш очекува одредено ниво на принос од
инвестицијата како компензација за нивото на преземениот ризик. Во теоријата важи
законитоста дека колку што е поголем ризикот од инвестицијата, толку треба да биде
поголем приносот од истата и обратно, колку што е помал ризикот што го носи
инвестицијата, толку треба да биде помал приносот од истата. Од друга страна,
Министерството за економија (Одделение заинвестиции) - (www.economy.gov.mk) ја
креира инвестиционата политика во земјата со целелиминирање на административните
бариери, подобрување на деловното опкружување изголемување на приливот на странски

45
инвестиции. Една од најзначајните активности претставува донесувањето на Прогамата за
потикнување на инвестициите на секои 3 години реализација и имплементација на
мерките од Акциониот план од Програмата. Конечно, на инвеститорите на располагање
им стои Агенцијата за странски инвестиции на Република Македонија
(www.investinmacedonia.com) во било која фаза од инвестирањето. За потребите на
претприемачите и поддршка на нивните бизниси е формирана Агенцијата заподршка на
претприемништвото на Република Македонија (www.apprm.gov.mk) Комисијата за хартии
од вредност (www.sec.gov.mk) пак, е одговорна за ефикасно и законито функционирање на
пазарот на долгорочни хартии од вредност и заштита на правата на инвеститорите. Оваа
институција е одговорна за спроведување на Законот за хартии од вредност, Законот за
инвестициски фондови и Законот за превземање на акционерските друштва.Резидентите
кои вложуваат во странство и резидентите во кои нерезидент има вложување кое се смета
за директна инвестиција, се должни во рок од 60 дена од денот на склучување на
капиталната трансакција која е правна основа за стекнување на директната инвестиција во
странство односно во Република Северна Македонија, да го пријават вложувањето и сите
натамошни измени на вложувањето во Република Северна Македонија. Инвестициски
фонд претставува институција за колективно инвестирање т.е професионално управувана
форми на инвестирање, кој се основа поради здружување на парични средства од физички
и/или правни лица, кои потоа се вложуваат на пазарот на капитал во најразлични хартии
од вредност: акции, обврзници, записи и сл. Со собраните средства во фондот управува
друштво за управување со инвестициски фондови. Имотот на инвестицискиот фонд е во
сопственост на неговите членови пропорционално во однос на нивното учество во фондот
и тој одвоен од друштвото за управување со инвестициски фондови. Во Република
Северна Македонија областа на инвестициските фондови е регулирана со Законот за
инвестициски фондови, Законот за хартии од вредност, Законот за трговски друштва
и Законот за девизно работење.Отворените инвестициски фондови поради нискиот праг
на минимални уплати се достапни и наменети и за инвеститори со помали парични
средства.Светот од почетокот на годината па до денес се соочува со најголемата
пандемија во модерното живеење, која што драстично влијае врз начинот на живеење во
актуелниот период. Коронавирусот Covid-19 има непроценливи штети врз сите нас, како
од аспект на здравје, така и врз целокупната светска економија.Можеме да заклучиме дека
оваа година ќе биде критична за многу компании, но позитивната страна од вложување во
големи мултинационални компании, со добри кредитни рејтинзи и долга историја на

46
постоење е дека всушност од тие компании можеме најмногу да очекуваме дека ќе ја
пребродат и оваа криза и на долг рок ќе испорачаат задоволителни резултати за
инвеститорите.

КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА

 Несторовски М. “Економија на инвестициите”, Економски факултет Скопје, 2005


 КАТЕРИНА ХАЛАЧЕВА Меѓународниот центар за решавање на инвестициони
спорови како механизам за заштита на меѓународниот елемент во Македонија при
инвестирање, Кочани, ноември 2011 год
 Закон за трговски друштва Службен весник на РМ, бр. 28 од 2004 година
o http://www.crm.com.mk/DS/
o https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%98%D0%BD
%D0%B2%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%B8%D1%86%D0%B8%D1%81%D0%BA%D0%B8_
%D1%84%D0%BE%D0%BD%D0%B4
o https://www.wvpfondovi.mk/mk/fondovi-za-pocetnici/
o https://www.wvpfondovi.mk/mk/2020/03/26/%D0%BA%D0%BE%D1%80%D0%BE%D0%BD
%D0%B0%D0%B2%D0%B8%D1%80%D1%83%D1%81-%D0%BF%D0%B0%D0%BD
%D0%B4%D0%B5%D0%BC%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%B4%D0%B0%D0%BB%D0%B8-%D0%B5-
%D0%B2%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B8%D0%BD%D1%81/
o https://www.dw.com/mk/%D0%BA%D0%BE%D1%80%D0%BE%D0%BD
%D0%B0%D0%B2%D0%B8%D1%80%D1%83%D1%81%D0%BE%D1%82-%D1%98%D0%B0-
%D1%82%D1%83%D1%80%D0%BD%D0%B0-%D0%B5%D0%B2%D1%80%D0%BE%D0%B7%D0%BE
%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%B2%D0%BE-%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%BE
%D1%80%D0%B8%D1%81%D0%BA%D0%B0-
%D1%80%D0%B5%D1%86%D0%B5%D1%81%D0%B8%D1%98%D0%B0/a-54394021

47

You might also like