You are on page 1of 22

С.О.У.

“ГОШО ВИКЕНТИЕВ “ – КОЧАНИ

МАШИНСКИ ТЕХНИЧАР ЗА КОМПЈУТЕРСКО УПРАВУВАЊЕ

ТЕМА:
„ ДОБИВАЊЕ НА ЕНЕРГИЈА ОД ВЕТРОТ“

Ментор: Кандидат:

21.10.2021
Предговор

Енергијата на ветерот (или еолската енергија) е една од првите форми на енергија која ја користел човекот. Уште
старите Египќани ја користеле за задвижување на своите бродови и ветерни мелници. Ваквиот начин на
искористување на ветерната енергија, подоцна вклучувајќи и пумпи за вода, се задржал до крајот на деветнаесет
години од неговиот живот. Првата ветерна турбина која е користена за производство на електрична енергија била
направена во 1891 г. од Данецот Пул ла Ур. Тој добиената електрична енергија ја користел за електролиза на водата, а
на тој начин добиениот водород понатаму се користел за осветлување во локално училиште. Може да се каже дека тој
бил сто години пред своето време, бидејќи дури кон крајот на дваесеттиот век се јавиле идеите за користење на
ветерната и сончевата енергија за електролиза на водата и користење на водородот за генерирање на електрична
енергија во горивни ќелии.
Вовед

Помасовна употреба на енергијата на ветерот за добивање на електрична енергија започнала во триесеттите


години од минатиот век, кога во руралните области на САД биле изградени илјадници мали ветерници. Со развојот
на големите хидро, термо и нуклеарни централи, ветерните централи, како економски и технички неконкурентни,
паднале во заборав. Како и кај другите видови на обновливи извори, енергетскиот шок предизвикан од нафтената
криза во 1970-тите години, свесноста за ограничените резерви од фосилни горива и еколошките проблеми, повторно
го вратија интересот за ветерната енергија.
ТЕМА:
„ ЕНЕРГИЈА ОД ВЕТЕРОТ “

Ветрот е обновлив извор на енергија што не загадува, односно при неговото производство не се создава
јаглерод. Луѓето градат ветерни структури повеќе од 1.500 години. Првите документирани ветерници се користени
од Персијците во 500-900 години во н.е. за мелење жито и пумпање вода. Ветерните турбини што се користат за
електрична енергија денес се засноваат на сличен основен концепт; ветрот ги врти лопатките на турбината која е
поврзана со генератор кој создава електрична енергија. Ветерната енергија е една од најбрзорастечките извори на
енергија на глобално ниво и во 2019 година нејзиниот капацитет се зголеми за 19% (над 60 гигавати) во споредба со
2018-та година. Глобалниот Совет за Ветерна Енергија (Global Wind Energy Council) истакна дека 2018-та била една од
најважните години за оваа индустрија.Во оваа проектна задача ке го согледаме значењето на енергијата добена со
помош на ветрот, нејзината исплатливост како и влијанието врз животната средина.
1.Извор на енергија од ветер

Оригиналниот извор на енергијата на ветрот потекнува од зрачењето на сонцето, што се апсорбира од морето
и копното, и го загрева воздухот што ги опкружува. Морето и копното различно го апсорбираат зрачењето, и се
јавува разлика на температурите и притисоците на воздухот над нив.Под поимот ветер се подразбира
хоризонталнат(или приближно хоризонталната) компонента на труењето на воздухот во атмосферата. Главен
фактор за настанување на струење на воздухот е различната брзина на негово загревање и ладење над н хомогена
површина.
Тоа предизвикува различни притисоци и температури во одредени делови од атмосферата и до појава на
природен процес кој настојува да ги изедначи. Кога овој градиент на притисоци има хоризонтална компонента,
тогаш настанува ветер. Неговата јачина е пропорционална на тој градиент, а насоката му е од подрачјето со повисок
кон подрачјето со понизок притисок.

На мали височини, заради рапавоста на подлогата, при струењето на воздухот секогаш делува и силата на
триење. Триењето меѓу воздухот и подлогата му се спротивставува на започнатото струење, му ја смалува брзината,
а донекаде и му ја менува насоката. Штом ќе започне струењето, се јавува уште еден ефект кој влијае на насоката на
ветрот. Заради ротацијата на Земјата (од запад кон исток) се јавува влијанието на т.н. Кориолисова сила која има за
последица скршнување на ветрот или надесно или налево. На северната хемисфера ветровите скршнуваат во десно,
а на јужната хемисфера во лево. Називот на ветрот (источен или западен) е според тоа од каде тој потекнува
(започнува), а не според тоа во кој правец се движи.
Сончевото зрачење на екваторот има највисок интензитет, воздухот се загрева и подига, оставајќи зад себе
област со низок притисок. На околу 30 степени северно и јужно од екваторот, топлиот воздух почнува да се лади и
почнува да понира надолу. Помеѓу географска ширина од 30 степени и екваторот , поголемиот дел од изладениот
воздух се враќа назад кон екваторот. Овие ветрови се наречени пасати (германски збор) – тоа се топли, стабилни,
континуирани движења на воздухот кон екваторот (југоисточни или североисточни). Преостанатиот дел од изладениот
воздух оди кон половите. Помеѓу 30 и 60 степени географска ширина ветровите се движат кон половите, имаат правец
од запад кон исток, и се наречени западни ветрови. Помеѓу 60 степени и половите ветровите се наречени источни и се
формираат кога атмосферата над половите ќе се излади и ќе понира надолу кон површината.

Слика 1. Движење на ветровите


Figure 1. Wind movement
Ветрот е дефиниран ако му е позната брзината (интензитетот) и насоката, т.е ако може да се опише како
векторска големина. Брзината на ветрот се мери со помош на анемометар и се изразува во различни единици,
најчесто во m/s или km/h, а во поморскиот сообраќај во “јазли“ ( 1 јазол = 1 наутичка милја/h; 1 наутичка милја =
1852 m). Јачината на ветрот може да се определи и спрема описот на ефектот што го предизвикува врз објектите во
природата. Според скалата што ја предложил британскиот адмирал Beaufort, најслабиот ветер има јачина 0 Bof
(бофори), т.е брзина 0 - 0,2 m/s (чадот се крева право нагоре, а лисјата се неподвижни), а најсилните урагани имаат
јачина 12 Bof т.е брзина 32,7 - 39,6 m/s (при шт доаѓа до опустошување на околината). За висинските ветрови оваа
скала има 16 степени.

Насоката на ветрот се одредува според страната на светот од каде тој дува, при што освен четирите страни на
светот се користат и меѓуправците. Обично се користат англиски кратенки (пр. северозападен ветер ќе има ознака
NW). Од голема важност е и фреквенцијата на појава на ветерот која се прикажува со т.н. ружа на ветрови. Струењето
на воздухот во атмосферата е постојан природен процес. Според просторниот опсег струењата можат да се поделат
на глобални (планетарни) и локални струења. Глобалните струења ја опфаќаат целата Земја. Постојат во текот на
целата година како резултат на нееднаквото загревање на тропскиот и поларниот појас на Земјата. Подрачјето на
низок притисок околу екваторот е изложено на поинтензивно сончевото зрачење. Тука воздухот се издига нагоре и
на висина од околу 18 km скршнува кон едниот и другиот пол.
2.Видови на црпење на енергијата од ветрот

Иако може да има варијации во дизајнот, енергијата од ветерот генерално се произведува со употреба на
турбини или ветерни електрани (ветерници). Ветерниците можат да бидат поставени на копно (onshore) или на море
(offshore). Копнените ветерници (onshore) се користат како самостојни или во мал број за напојување на мали
заедници или земјоделски здружувања, но истите можат да бидат инсталирани и во поголем број: во ветерна фарма
или парк на ветерни електрани. Парковите на ветерни електрани се користат за напојување на електрична енергија
во електричната мрежа на земјата за производство на енергија во поголеми размери.

Ветерниците инсталирани на море (offshore) можат да ги искористат посилните и побрзите ветрови. Системите
на оф-шор-ветер се понов концепт, но нивната популарност се’ повеќе се зголемува. Меѓународната агенција за
енергетика предвидува дека инсталирањето на ветерни турбини на најдобрите локации на море низ целата планета
може да биде доволно за да се обезбеди енергија која ќе ја задоволи глобалната побарувачка.
3.Ветерна турбина ( Ветерница)

За претходници на ветерната турбина се сметаат ветерниците, кои се користеле за мелење жито и вадење вода
од плавни земјишта. Првиот предок на современата хоризонтална ветерна турбина е поставен во 1931 г. на Јалта,
СССР. Генераторот имал капацитет од 100 kW и бил сместен на јарбол висок 30 m, поврзана со локалната
дистрибутивна мрежа од 6,3 kV. Имала годишен фактор на капацитет од 32%, што е мошне слично на денешните
направи од овој вид.[1] Во 1941 г. во Вермонт е пуштена првата мегаватна турбина ускладена со потрошувачката
мрежа. Турбината работела само 1100 часа бидејќи не можела да се одржува заради недостигот на материјали во
војната.

Слика 2. Првата aвтоматска ветерна турбина во светот, изградена во 1888 г. во Кливленд, Охајо, САД
Figure 2. The world's first automatic wind turbine, built in 1888. in Cleveland, Ohio, USA
4.Составни делови на турбината
Турбините се наменети за искористување на ветерната сила присутна на извесно место. За оваа цел се врши
аеродинамично моделирање оптималната висина на јарболот, контролните системи, бројот и обликот на перките.
Оние со хоризонтална оска имаат три дела:
 ротор - перки што ја претвораат ветерната сила во нисковртежна механичка сила. (20% од трошокот за турбината)

 генератор - генератор, контролна електроника и запченички пренос за забрзување на добиените вртежи погодни
за производство на електрична енергија. (34% од трошокот)

 носач - јарболот (кула) и механизам за навалување.[8] (15% од трошокот)

Слика 3. Составни делови на турбината


Figure 3. Components of the turbine
5.Видови турбини
Во светот со развојот на технологијата се развиле и видовите на ветерните турбини со кои на различен начин
се црпи енергијата од ветрот и се претвора во електрична енергија.
5.1 Турбини со хоризонтална оска
Кај ветерните турбини со хоризонтална оска, главната осовина на генераторот е сместена на врвот од јарболот
(кулата), а јарболот мора да се насочува кон ветрот. Помалите турбини се насочуваат само со ветроказ, додека пак
поголемите имаат сензор за ветер и сервомотор. Највеќето имаат вграден запченички пренос, со кој бавното
вртење на перките се засилува на брзина соодветна за генераторот. Бидјќи јарболот предизвикува турбуленција зад
себе, таа обично се поставува на страната спроти ветрот. Перките се прават цврсти за да не се виткаат кон јарболот,
и се монтирани на значајно растојание од јарболот, напати малку поднаведнати.

Слика 4. Турбини со хоризонтална оска


Figure 4. Horizontal axis turbines
5.2 Турбини со вертикална оска

Турбините со вертикална оска се турбини со исправени осовини. Нивна главна предност е што не мора да се
насочуваат кон ветрот за да бидат делотворни. Особено се погодни на места кајшто правецот на ветрот се менува
често. Кај овие турбини генераторот и преносот се поставени на приземниот дел, така што јарболот е ослободен од
товарот. Нивен недостаток е што извесни конструкции имаат момент на сила што прави трепет. Перките на овие
турбини најчесто се поставени ниско, што значи дека добиваат помалку ветер и потурбулентни воздушни струења
заради различните објекти на тлото кои му пречат на текот. Ова напати ги засилува вибрациите и го зголемува
абењето на лагерите, што ги зголемува трошоците за одржување, а го намалува работниот век. Меѓутоа оваа турбина
е подогна за покриви, бидејќи струењата се пренасочуваат преку покривот и ова ја удвојува брзината на ветерот. Во
ваков случај, најделотворни се турбините со височина двојно помала од зданието врз кое се поставени, со што се
добива најголема брзина при најмала турбуленција.

Слика 5. Турбини со вертикална оска


Figure 5. Vertical axis turbines
6. Поттипови
Постојат и поттипови на ветерни турбини како што се:
6.1 Дарјеева ветерна турбина

Наречена маталка е наречена по францускиот изумител Жорж Дарје.[6] Ваквите турбини се ефикасни, но имаат
доста вртежен трепет и циклично напрегање, што значи дека немаат постојано рамномерна работа. Исто така им
треба надворешен придвижувач за да почнат да се вртат, бидејќи почетниот момент на вртежот е многу слаб.
Вртежниот трепет се намалува со употребата на три или повеќ е перки, што го зацврснува роторот.

Слика 6. Дарјеева ветерна турбина


Figure 6. Darije wind turbine
6.2 Жиротурбина

Поттип на Дарјеевата турбина со прави наместо закривени перки. Видот наречен „циклотурбина“ може да ја
менува оптегнатоста со цел да го намали вртежниот трепет и нема потреба од надворешен придвижувач за да
почне да работи.[7] Предностите на променливата оптегнатост се: голем момент на сила; широка и релативно рамна
крива на моментот; повисок коефициент на делотворност; поефикасна работа при нестабилен ветер; и понизок
сооднос на брзината на перките, со што се намалува виткањето и напрегањето на перките. Се употребуваат прави,
закривени или V-перки.

Слика 7. Жиротурбина
Figure 7. Giroturbine
6.3 Савониусова ветерна турбина

Има по две или повеќе лопатки што наоѓаат примена кај ветромерите, Флетнеровите проветрувачи (на пр. на
покриви на автобуси и фургони), како и електротурбини со голема постојаност, но ниска ефикасност на работата.
Почетното завртување им е самостојно, кога имаат барем по три лопатки. Некои имаат долги завојни лопатки што
обезбедуваат рамномерен вртеж.

Слика 8. Савониусова ветерна турбина


Figure 8. Savonius wind turbine
7. Земјите со најголемкапацитет за производство на енергија од ветер

10. Италија
Италија има над 9 гигавати електрична енергија од ветер. ЕУ има вкупно 168 гигавати. Од нив, 15,8 гигавати
доаѓаат од енергијата од ветер.

9. Канада
Со повеќе од 12 гигавати, Канада има доволно моќ да задоволи повеќе од 3 милиони домови, според
Канадската асоцијација за енергетска ветерна енергија. Минатата година во земјата беа завршени 10 проекти, што
претставува 341 мегавати нов инсталиран капацитет. Според здружението, во земјата има над 300 фарми со
ветерници.

8. Бразил
Бразил додаде над 2 гигавати електрична енергија од ветер во 2017-та година, според „GWEC“. Во ветерната
индустрија во земјата биле вработени 190.000 лица на крајот на минатата година, а Бразил располага со „едни од
најдобрите ветерни ресурси во светот“.

7. Франција
Франција објави многу успешна година во 2017-та година, според „GWEC“, инсталирајќи рекордни 1.694 мегавати
ветерна енергија. Нејзините вкупни капацитети во оваа област се доволни за да се задоволат 11 милиони домови.
6. Обединето Кралство
Велика Британија е светска сила во енергијата од ветер на отворено море. Според извештајот на „WindEurope“,
Велика Британија има „најголемо количество исталирани капацитети за екстракција на ветерна енергија во отворено
море во Европа, кои сочинуваат 43% од вкупниот капацитет“. Генерално, Велика Британија инсталираше 4.270
мегавати во 2017-та година, или пет пати повеќе отколку во 2016-та година.

5. Шпанија
Иако, според податоците на „WindEurope“, Шпанија има инсталирано само 96 мегавати нови капацитети во 2017-
та година, земјата е голем играч во секторот за екстракција на ветерна енергија во Европа, иако заостанува само зад
Германија по инсталираните капацитети.

4. Индија
Индија објави рекордна година во 2017-та година, инсталирајќи повеќе од 4 гигавати нов капацитет, според
„GWEC“. Оттаму, тие додадоа дека Азија е најголемиот регионален пазар во светот за нови капацитети за енергијата
на ветер, со што ја зазема водечката улога веќе 9-тата година по ред.
3. Германија
Германија е водечка земја во Европа за инсталирано производство на енергија од ветер и е рангирана на трето
место во светот. Земјата додаде повеќе од 6,5 гигавати во минатата година, што е за 15 отсто повеќе од 2016-та
година, според „GWEC“.

2. САД
Пазарот на ветерна енергија има инсталирано малку над 7 гигавати капацитети во 2017-та година. Тексас
останува најголем играч во земјата, со над 22 гигавати капацитети на крајот на 2017- та година. Ајова пак добива
над 36% од електричната енергија од ветерни паркови, според „GWEC“.

1. Кина
Во својот извештај, „GWEC“ ја опишува Кина како „мотор на растот на светскиот пазар во поголемиот дел од
изминатата деценија“. Кина, која е „најголемиот пазар за ветерна енергија од 2009-та година“, има инсталирано
19.7 гигавати капацитети во 2017-та година – огромно количество што е над два пати повеќе во споредба со кој и да
било друг пазар.
8. Ветерната енергија во Северна Македонија
Во 2018 година, Северна Македонија генерираше само 97.338 MWh од ветерна енергија што изнесува само 1,8%
од вкупниот енергетски микс. Во моментов има само една фарма со ветерници во земјата лоцирана близу Богданци.
Фармата генерира 36,8 мегавати, но распишан е тендер за проширување на 50 MW. Ветерната фарма во Богданци
беше прва од ваков вид на територијата на Западен Балкан. Ширум земјата се очекува да се градат уште две фарми
со ветерници кои треба да го донесат вкупниот капацитет на Северна Македонија до 86 MW. Според Стратегијата за
развој на енергетиката на Република Северна Македонија до 2040 година, енергијата на ветерот е извор на енергија
со најголем потенцијал за раст во земјата (до скоро 5 GW), но се чини дека сегашните владини решенија
придонесуваат за поголем фокус на хидроенергијата која има сериозни влијанија врз животната средина и
општеството, не е економски одржлива и има потенцијал за раст само до 0,76 GW.

Мапа 1. Подрачја со најмногу ветрови во Македонија


Map 1. Areas with the most winds in Macedonia
Најголем дел на овие локации се лоцирани околу Повардарието, Овче Поле околу Свети Николе, како и
повисоките планински делови каде има високи брзини на ветрот. Од овие 15 локации, само 3 се на надморска
висина до 1000 метри, а останатите се лоцирани на планинските делови од земјата, од кои 6 локации се на
надморска висина над 2000 метри, што секако не се поволни за градба на ветерни централи.

За сите локации е претпоставена градба на ветерни централи со инсталирана моќност од околу 25 MW и со


оперативен капацитет на работа или CF (Capacity factor) од 0,27 до 0,39. За понатамошните истражувања на
ветерната енергија избрани се четири локации на кои од 2006 година континуирано се вршат мерења на брзините на
ветрот, насоката, како и други метеоролошки параметри. Во тек се подготовки за мерења на уште пет локации.

Избраните локации каде се инсталирани мерни станици се:

• Ранавец (Богданци) на 472 мнв


• Шашаварлија (Штип) на 857 мнв
• Богословец (Свети Николе) на 733 мнв
• Флора (Кожуф) на 1730 мнв
Просечните брзини на разгледуваните локации за градба на ветерни паркови во Македонија изнесуваат од
6,7 m/s до 8,5 m/s, што според искуствата можат да бидат погодни за градба на ветерни централи. Се подразбира
дека покрај брзината на ветерот, битна улога во изградба на ветерни централи има и конфигурација на теренот
каде што се планира инвестирањето, сопственоста на локацијата, пристапот на локацијата (инфраструктура),
пристап до мрежата и слично.

Мапа 2. Четири локации со инсталирани мерни уреди


Map 2. Four locations with measuring devices installed
Заклучок (Conclusion)

Во оваа проектна задача беше презентирано значењето на ветрот со што можеме да дојдеме до заклучок
дека тој има круцијана важност како извор на обновлива електрична енергија во претходниот текст ги согледавме
неговите први почетоци на искористување од страна на човекот, механизмите и начините на негово конвертирање
во чиста и обновлива електрична енергија, како и видовите на ветерните турбини кои служат за постигнување за таа
цел, видовите на турбините кои се користат денес. Исто така беше претставено и кои држави во светот располагаат
најмногу со овој вид на енергија и како и во колкав процент е искористена од нивна страна, како што се напомена
истото важи и за нашата земја Македонија, локации кои имаат најнмогу ветрови и локации кои во иднина може да
послужат како извор на чиста и обновлива енергија, која човештвото се стреми да ја улови и искористи.

You might also like