You are on page 1of 16

1905

ХИДРОЕЛЕКТРАНИ,НАЧИН НА СОЗДАВАЊЕ ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА,ХИДРОЕЛЕКТРАНИ ВО МАКЕДОНИЈА

Ментор: Изработил:
Проф. Д-р Антон Чаушевски Матеј Спировски 116/2020
Содржина
1.Вовед..........................................................................................................................................2
2.Типови на хидро електрични централи...................................................................................3
3.Составни делови на хидроцентрала........................................................................................5
4.Видови на хидроелектрани......................................................................................................6
5.Начин на создавање на електрична енергија.........................................................................7
6.Хидроцентрали во Македонија...............................................................................................8
7.Мали хидроелектрични централи во
Македонија.................................................................10
8.Влијание врз животната
средина............................................................................................13
9.Користена
литература..............................................................................................................14

1
1.Вовед
Хидро енергијата претставува индиректна форма од сончевата енергија.Имено
сончевото зрачење врз големите водени површини како што се езерата, морињата и
океаните предизвикува испарување на водата во поголеми количини, додека во помали
количини таа испарува и од копнените површини. Загреаната водена пареа се подига и
оди во атмосферата каде што кондензира и формира облаци. Дел од оваа вода во облик
на дожд паѓа врз копото на земјата и се упива во неа и како речни текови циркулира од
плансинските делови кон езерата, морињата и океаните. На некои од овие текови се
искористува кинетичата енергија на реката, а кај некои се поставуваат брани па се
искористува потенцијалната енергија како резултат на висинската разлика во нивото на
водата кај браната и нивото каде што се наоѓа турбината и генераторот. Кај овие системи
водата истекува од браната преку специјално изградени цевководи и се насочува кон
турбината при што се предизвикува ротационо движење на истата која потоа
предизвикува движење на генераторот. Со акумулирањето на вода во резервоари или
езера се овозможува контролирано производство на електрична енергија кое го диктира
електроенергетскиот систем. Складираето на енергија на ваков начин е со ограничени
капацитети и затоа оваа енергија се користи само во услови на зголемена потрошувачка.
Бидејки издашноста на водните извори е ограничена и во тесна врска со сезонските
времиња неопходни се комплекси алгоритми со кои се овозможува да се изврши
предвидување на врежите со цел да се оптимизира искоритувањето на хидро
капацитетите.
Распределбата на водените текови во текот на годината е многу нерамномерна. Тоа е
неповолно од аспект на производство на електрична енергија, бидејќи средно дневната
потрошувачка на електрична енергија, во текот на сезоната, е релативно константна. Во
текот на едно деноноќие дотеците се речиси константи, а побарувачката на електричната
енергија е променива - за време на ноќните часови е минимална, а наутро и навечер
достигнува максимални вредности. За целосно и економично искористување на водената
енергија е неопходно водените количества да се прераспределат во текот на времето, со
цел режимот на производство на електрична енергија од хидроелектричните централи да
се приспособи кон барањата на потрошувачите. Последново се постигнува со изградба на
акумулации со чија помош се регулира водениот тек. Кога протокот на реката е голем,
вишокот на водените количества се собира во акумулацијата, а кога е мал, се дополнува
со резервата од акумулацијата. Според тоа, акумулацијата служи за акумулирање и за
регулирање на водената енергија.

2
2.Типови на хидро електрични централи
 Хидроцентрали со голем висински пад

Хидроцентралите со голем висински пад имаат висинска разлика од над 300 м, и кај нив
се користат Пелтонови турбини кои се за брзини помеѓу 2 и 50 vrt/min.Кај Пелтоновата
трубина водата дотекува во неа преку 1-4 млазници тангенцијално поставени по обемот
на водното коло со лопатки. Млазот вода оди до врвот на малзникот каде што се дели на
два дела при што се појавува тангенцијална сила на водното коло. Геометријата на
пелтоновите лопатки е дизајнирана така што кога тркалото се врти со ½ од брзината на
водниот млаз, водата ја напушта турбината со многу мала брзина, при што се собира
речиси целата нејзина енергија, што пак резултира со голема ефикасност на турбината.

лопатка

слика 1

3
 Хидроцентрали со среден висински пад

Хидроцентралите со среден висински пад се применуваат кај висинска разлика помеѓу 30


и 300 м, и кај нив се користат Францисови турбини кои се за брзини помегу 50 и 500
vrt/min. Карактеристично за Францисовите хидротурбини е тоа што водата, при влезот во
работното коло струи во радијална насока, а потоа во осна насока. Поради тоа тие
честопати се среќаваат и под името радијално-осни хидротурбини.Работното коло на
радијално-осните хидротурбини се состои од низа на лопатки со сложена просторна
форма, рамномерно распределени и фиксо поврзани за горниот венец и долниот венец
на работното коло. Бројот на лопатки може да варира од 9 (за нископритисни) до 21 (за
високопритисни) хидротурбини.
Кај овие хидроцентрали покрај централата се наоѓа голем резервоар (езеро) кој е
заграден со насипна или бетонска брана. Браната обично се гради по целата ширина на
реката вообичаено во планински предели. Големото количество на вода се наоѓа зад
браната. Овој вид на турбина е вграден во скоро сите хидроцентрали во Македониjа.

лопатка Лопатка за
регулирање на
количина вода

слика 2

 Хидроцентрали со низок висински пад

Хидроцентралите со низок висински пад се применуваат кај висинска разлика под 30м и
кај нив се користат Капланови турбини или понекогаш и Францисови турбини кои се за
брзини помеѓу 500 и 800 vrt/min.Кај каплановите хидротурбини лопатките на работното
коло можат да се вртат околу својата оска која е нормална на оската на хидротурбината.
Моќноста што jа дава работно коло на Каплановата хидротурбина и неговиот коефициент
на корисно дејство при зададена висина зависат од отворот на лопатките на спроводниот
апарат и од аголот на завртување на лопатките на работното коло.При различни отвори на
спроводниот апарат,што значи при различни моќности на хидротурбината,можно е
роторските лопатки така да се постават што коефициентот на корисно дејство на
хидротурбината да биде максимален.Конструктивно каплановите хидротурбини се така

4
изведени што лопатките на работното коло можат автоматски да се поставуваат во
оптимална положба.
Кај овие централи енергијата обично се добива од самото течење на реката. Овие турбини
се направени да можат да се справат со големи количини на вода при мал притисок. Ка ј
овие централи нема резервоар или езеро.

лопатка

слика 3
3.Составни делови на хидроцентрала
Обично кога се зборува за хидроцентрала секогаш се мисли на централа која се состои од
брана, вештачко езеро (акумулација), цевководи, тубини, генератор и блок
трансформатор.

слика 4
 Брани
Браните обично се прават како насипни и бетонски и служат за да го заградат текот на
реката и да овозможат акомулирање на водата.Со браните се овозможува контрола на

5
протокот во текот на годината.Покрај браната се гради и одвоен сифон за протекување на
вишокот вода.
 Цевководи
Кај поголемите инсталации се користат цевководи за да се доведе водата од
акумулацијата до хидроцентралата. Тие можат да бидат од отворен (во канали) или
затворен тип (во цевки или тунели). Овие цевководи потоа водата jа доведуваат до една
или повеке турбини. Овие цевководи можат да бидат големи и до неколку метри во
пречник при што за запирање на текот на водата се користат огромни вентили кои ги
задвижуваат електрични мотори.

4.Видови на хидроелектрани
По количината на водата и начинот на конструкцијата се разликуваат следните видови:
 Акумулациона хидроелектрана, која се произведува со реконструкција на реката и
запирање на протокот со брана, што доведува до создавање на големо
акумулационо езеро. Кај ваквите врсти на електрани обично постојат големи
годишни варијации во количината на проток на вода. Акумулационо езеро
поседува потенцијална енергија која е резултат на висинската разлика на горните
агли на езерото и монтажната точка на генераторот. Водата од браната оди низ
тунели кои можат да бидат со километри долги до местото каде се е изградила
електраната со турбина и генератори.
 Реверзибилна хидроелектрана е слична по конструкцијата на акумулационите
хидроелектрани, но има големи пумпи кои во време на помалку потрошна струја ја
враќаат водата во акумулационото езеро.Додека во време на недостаток на
енергија пумпите се користат за ослободување на вода од акумулацијата. Ваквите
електрани служат за балансирање на производството и потрошувачката во
електричната мрежа.
 Проточна хидроелектрана има мала висинска разлика пред и зад местото на
фаќање на водата така да не се користи потенцијалната енергетска разлика на
нивото веќе само кинетичка енергија која поседува воден тек. Затоа, моќноста на
таквата електрана зависи од моменталната количина на проток на вода.

6
слика 5
5.Начин на создавање на електрична енергија
Хидроелектраните ја користат водата за производство на електрична енергија.Со
поставување на брана се создава вештачко езеро каде што се собира водата.Во
подножјето на браната се наоѓа машинската зграда каде што се сместени турбината и
генераторот.Водата преку цевки влегува во турбината,удира во перките и ги врти.во
турбината кинетичката енергија се преобразува во механичка.Турбината и генераторот се
поврзани со оска.Генераторот ја претвора механичката енергија во
електрична.Електричната енергија од генераторот преку блок трансформатор(на повисоко
напонско ниво) се пренесува до разводна постројка.Електричната енергија од разводната
постројка преку далноводи се предава во преносната мрежа до потрошувачите.
Израз со кој може да се пресмета предадената електрична енергија од една акомулација
е:
P=9.81∙q∙h
Каде што: Р е моќноста што би се добила од водата [kW],q e протокот на вода[m3/s] и h е
висинскиот пад [m].

7
слика 6

6.Хидроцентрали во Македонија

8
слика 7

 ХЕ ВРУТОК

ХЕ Вруток е акумулациона хидроелектрична централа со инсталирана моќност од 41,4


MW по агрегат, или вкупно 165,6 MW. Просечното годишно производство на електрична
енергија е 350 GWh, а просечниот годишен доток е 278.000.000 м 3 вода.
 ХЕ РАВЕН

ХЕ Равен е проточна хидроелектрична централа со инсталирана моќност од 7 MW по


агрегат, или вкупно 21 MW. Просечното годишно производство на електрична енергија е
42 GWh.
 ХЕ ВРБЕН

ХЕ Врбен е проточна електрана со инсталирана моќност од 6,4 MW по агрегат, или вкупно


12,8 MW.Просечното годишно производство на електрична енергија е 38 GWh, а
просечниот годишен доток е 107.222.000 м3 вода.
Овие три електрани го сочинуваат Мавровскиот хидроенергетски систем со вкупна
акумулација од 275.000.000 m3 вода кој e еден од најголемите и најсложените во
македонскиот електроенергетски систем.

 ХЕ КОЗЈАК

9
Хидроелектраната Козјак е со инсталирана моќност од 82 MW и годишно производство од
130 GWh.ХЕ Козјак е прибранска-акомулациона тип на електрана. Машинската зграда се
наоѓа во подножјето на браната. Во зградата се сместени два агрегати опремени со
Францис турбини со вертикална оска, како и со трофазни синхрони генератори. Двата
блок-трансформатори се сместени надвор од машинската зграда. Локацијата на
разводната постројка 110 kV е надворешна.
 ХЕ СВЕТА ПЕТКА

На 1 август 2012 година официјално беше означен почетокот на работењето на


хидроелектраната „Света Петка“, со која целосно се искористува хидропотенцијалот на
реката Треска. Инсталираната моќност на хидроелектраната е 36,4 MW и годишно
произведува 43 GWh електрична енергија. Вкупната зафатнина на акумулацијата е
9.100.000 м3 вода, а корисниот волумен е 1.100.000 м3 вода.Електраната е целосно
автоматизирана. Со користење на вградената модерна телекомуникациска и процесна
опрема нејзината работа може да се набљудува и да се контролира далечински од кое
било место, како од производствениот Диспечерски центар на АД ЕСМ во Скопје, така и
од НДЦ на АД МЕПСО. Оваа брана со висина од 64 м и со волумен од речиси 30.000
м3 бетон претставува двојно закривена тенка лачна брана и како таква е прва и
единствена брана од овој тип изградена во Северна Македонија.
Овие две електрани спаѓаат во хидроенергетски систем Треска.
 ХЕ Шпилје

ХЕ Шпилје има камено насипна брана со висина од 101 м, при што се формира
акумулација со вкупен волумен од 506.000.000 м 3 вода, од кои корисниот волумен
изнесува 218.000.000 м3 вода. Хидроелектраната Шпилје е со инсталирана моќност од 84
MW и годишно производство од 272 GWh. Машинската зграда се наоѓа околу 70 м од
низводната ножица на браната. Во зградата се сместени 3 агрегати опремени со Францис
турбини со вертикална оска,како и со трофазни синхрони генератори. Трансформаторите
се сместени надвор од машинската зграда.Просторот меѓу ножицата на браната и
машинската зграда искористен е за сместување на разводната постројка 110 kV.
 ХЕ Глобочица

Акумулацијата е со волумен 55.300.000 м 3 вода, од кои корисниот волумен е 13.200.000


м3 вода. За акумулацијата со посебни доводи се доведуваат водите на реките Јабланска и
Селечка Река.Хидроелектраната Глобочица е проектирана и изведена со инсталирана
моќност од 42 MW и годишно производство од 180 GWh електрична енергија.
Машинската зграда се наоѓа на десниот брег на р. Црн Дрим, на 7,8 км низводно од
браната, непосредно возводно од вливот на Селечка Река. Во зградата се сместени 2
агрегата опремени со Францис турбини со вертикална оска,како и со трофазни синхрони
генератори. Трансформаторите се сместени надвор од машинската зграда. Локацијата на
разводната постројка 110 kV е надворешна.

10
ХЕ Глобочица и ХЕ Шпилје се во состав на хидроенергетскиот систем Треска.
 ХЕ ТИКВЕШ

ХЕ Тиквеш е лоцирана на Црна Река, околу 27 км возводно од нејзиното вливање во река


Вардар во близина на Кавадарци. Овој хидросистем е со двојна намена, се користи за
производство на електрична енергија и за наводнување на Тиквешко Поле, еден од
најтоплите и најсушните региони во Северна Македонија. ХЕ Тиквеш има камено-насипна
брана со висина од 113,5 м, при што се формира акумулација со вкупен волумен од
479.000.000 м3 вода, од кои корисниот волумен изнесува 309.000.000 м 3 вода. Нормалното
проектирано работно ниво на акумулацијата е 265,00 м.н.в. а минималното е 233,00 м.н.в.
Хидроелектраната Тиквеш е проектирана и изведена со инсталирана моќност од 113 MW
и годишно производство од 144 GWh. Машинската зграда се наоѓа во подножјето на
браната. Во зградата се сместени 4 агрегати опремени со Францис турбини со вертикална
оска, како и со трофазни синхрони генератори. Трансформаторите се сместени надвор од
машинската зграда. Локацијата на разводната постројка 110 kV е надворешна.

7.Мали хидроелектрични централи во Македонија

слика 8
Малите хидроелектрични централи (капацитет од 30 MW или помалку) се сметаат за
обновливи поради релативно малата количина на вода потребна за нивната работа и
последователните минимални влијанија врз животната средина во споредба со големите
хидроелектрични проекти.На слика 8 можеме да ги видиме малите ХЕЦ во Македонија.
 ХЕЦ БАБУНА

11
Табела 1
 ХЕЦ МАТКА

Табела 2
 ХЕЦ ПОПОВА ШАПКА

Табела 3

 ХЕЦ ПЕНА

12
Табела 4
 ХЕЦ КАЛИМАНЦИ

Табела 5
 ХЕЦ БЕЛИЦА

Табела 6

8.Влијание врз животната средина


13
Со оглед на тоа дека не се користи гориво, поготово не фосилно, хидроелектраните имаат
позитивно влијание врз природата. Следно што е битно да не постои зависност на цената
на произведена енергија од раст на цената за нафта, гас или други горива. Постојат
електрани кои се во функција и повеќе од 50 години. Најмногу погодени се
акумулационите езера кои се појавуваат пред браната.Тие позитивно влијаат на можност
за контрола на поплави, наводнување, водоснабдување, риболов, развој на туризмот и
спортови на вода.
Во прилог на овие, постојат и негативни влијанија на животната средина. Браните
прекинуваат миграциски правци од рибниот вид кој се мрести поводно, доколку на
браните нема специјално предвидени премини за риби. Планинските реки кои прават
кањони и клисури се погодни за правење акумулација со голем пад и потенцијална
хидроенергија, но со цена потполно потопување и промена на екосистемот. Покрај тоа, во
акумулациите се акумулираат многу речните депозити во кои постои органски материјал
кој почнува да се распаѓа, што доведува до појава на метан, гас што е многу поопасен од
јаглерод диоксид во смисла ефекти на стаклена градина.

14
9.Користена литература
https://www.esm.com.mk/?page_id=109
https://elektrani.mk/Production-capacities.aspx
https://www.youtube.com/watch?v=XmWCCv5L0-c
https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A1%D0%BF%D0%B8%D1%81%D0%BE%D0%BA_%D0%BD
%D0%B0_%D0%B5%D0%BB%D0%B5%D0%BA%D1%82%D1%80%D0%B0%D0%BD%D0%B8_
%D0%B2%D0%BE_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD
%D0%B8%D1%98%D0%B0
https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A5%D0%B8%D0%B4%D1%80%D0%BE%D0%B5%D0%BB
%D0%B5%D0%BA%D1%82%D1%80%D0%B0%D0%BD%D0%B0

15

You might also like