You are on page 1of 32

Хидроцентрали

Хидроцентрали
 Хидроцентралите се постројки во кои потенцијалната енергија на
водата ( трансформирана енергија на сончево зрачење ) најпрво се
претвара во кинетичка енергија на нејзиното струење ( во статорот на
турбината ) , потоа во механичка енергија ( во роторот на турбината ) и
на крајот во електрична енергија ( во синхрониот генератор ).
Градба на хидроцентрала
 Хидроцентралите се изградени од :

брана

цевковод

турбина

генератор

трансформатор
Брани
 Брана претставува
хидротехничка
постројка чија намена
е создавање на
концентрација на
висина и акумулирање
на вода.
Поделба на браните
1. Според материјалот од кој се направени:
 масивни (бетонски)  насипни (земјени, камени)
2. Според конструкцијата:

 гравитациони  лачни
3. Според висината:

 високи (повеќе од 150m)  ниски


Основни карактеристики на некои брани во
Република Македонија
Турбина
 Турбина е
ротациона погонска
машина која со
помош на водата,
кинетичката енергија
ја претвара во
механичка работа.
Пелтонова турбина
 Пелтоновата турбина е еден
од најефикасните типови
на водни турбини. Била
измислена од страна
на Лестер Ален Пелтон во
1870-тите години. Пелтоновата
турбина ја собира енергијата
од импулсниот момент на
проточната вода, за разлика од
традиционалните тежниски
водени турбини. Иако постоеле
повеќе варијации на импулсни
турбини пред Пелтоновиот
дизајн, тие биле помалку
ефикасни.
Капланова турбина
 Каплановата турбина се
употребува кај поголемо
количество на вода , но
мала брзина на движењето .
Франсисова турбина
 Франсисова турбина е еден
вид на водна турбина која е
изградена од страна на
британско-американскиот
инженер Џејмс Бичено
Френсис и првенствено се
користи за производство
на електрична енергија .
Франсисовите турбини се со
висок степен на
искористеност на капацитетот
( над 90% ).Таа најчесто се
употребува за средна
количина на вода .
Генератор
 Генератори се ротациски
електрични машини кои
механичката енергија ја
претвораат во електрична.
Според видот на
електричната струја која
што се произведува може
да биде едносмерна и
наизменична која повторно
може да биде еднофазна и
трофазна.
Опис на генератор
 Едноставниот генератор се
состои од намотка кoja од
надворешните влијанија врти
во постојано магнетно
поле.Генераторот се состои
од подвижен дел (ротор) и од
неподвижен дел (статор). За
да настане електрична
енергија треба да се врти
роторот. Генераторот има
многу намотки со бакарна
жица , а сите намотки заедно
прават јака електрична
енергија. Така во генераторот
енергијата која го придвижува
роторот (вода) ја претвара во
електрична енергија.
Видови на генератор
 Генераторот може да биде:
 Наизменичен  Едносмерен
Наизменичен генератор
 Краевите на намотката се споени на лизгави прстени кои се вртат заедно
со намотката. Спојот со надворешниот струен круг(сијалица или сл.)e
направен преку видливи четкици. Како намотајот се врти во магнетното
поле, во него ќе се индуцира електромоторен напон. Со текот на вртењето
се менува и магнетниот тек па и електромоторниот напон мора да се
менува во зависност од времето
 Повеќефазна наизменична струја ( трофазна струја ) се добива со
помош на повеќе намоти кои се во таков геометриски однос што помеѓу
индуцираниот напон постои фазно поместување.

Едносмерен генератор
Освен генераторите на наизменична струја, постојат и генератори на
едносмерна струја. Работата на овој генератор исто е како и генераторот
на наизменична струја. Во магнетното поле се врти намотката во која се
индуцира наизменичниот електромоторен напон.
Наместо краевите на намотката да се споени на лизгав прстен , тие се
споени на два меѓусебно изолирани водени прстени. Една четкица постојано
ќе биде позитивна , а другата постојано негативна , па затоа од
надворешниот дел на кругот приклучен на четкиците поминува едносмерна
струја.
Поделба на хидроцентралите
 Хидроцентралите се делат на :
 проточни ( речни )  акумулациони ( езерски )
Проточни (речни) хидроцентрали
 Проточни хидроцентрали се градат во местата каде што има
доволно вода во однос на квантитет и надморски височини. Силата
на хидроелектраните е пропорционална со количината на вода и
висинската разлика. Затоа, се избираат планински реки со помал
проток, но голем пад (брзина на водата ). Кај овие хидроцентрали
се користи пелтоновата турбина .
Акумулациони (езерски) хидроцентрали
 Акумулациони хидроцентрали,се прават на река со запирање на
протокот (брани), што доведува до создавање на големото вештачко езеро,
кое содржи големи количини на вода како резервоарна енергија, но исто
така може да се користи за други намени (наводнување,рибарство, итн.) Со
овој вид обично има големи годишни варијации на количината на вода.
Водата од браната тече низ тунели кои можат да бидат оддалечени
многу километри до местото каде што е централата со турбини и
и генератори.Најчесто се користат пелтонова и франсисова турбина .
Хидроцентрали
во
Македонија
акумулација и брана“ Козјак “
брана“ Стрежево “
акумулација и брана “Шпиље”
брана “Тиквеш”
акумулација и брана “Маврово”
Хидроцентрали
надвор
од
Македонија
Акумулација Ѓердап (Србија)
Кина, река Јангценгјанг
 Должина на брана:
2 km
 Висина на брана:
175 m
 Години на градба:
20 год.
 Пуштање во погон:
2009 год.
Перу, река Парана
 Висина на брана:
196 m;
 Проток:
700 m3/s;
 Производство:
75 TW/h
Изработила : Ментор :
Јанева Пале VIII 4 одд. Илчо Ценев

You might also like