You are on page 1of 198

СТАНДАРДНИ НИСКОНАПОНСКИ СИСТЕМИ

1. Стандардни нисконапонски системи


1.1. Основно
Современите нисконапонски напојни системи на јавната дистрибутивна
мрежа се напојуваат од трансформаторски станици среден/низок напон (СН/НН).
Во овие трансформаторски станици се инсталирани трифазни трансформатори
кои на примарната, СН страна, имаат најчесто намотки врзани во триаголник,
додека намотките на секундарот се секогаш врзани во ѕвезда, со изведено
ѕвездиште, како што е тоа прикажано на сликата 1.1.
Од трансформаторската станица ТС СН/НН излегуваат еден или поголем
број нисконапонски изводи со по 4, а понекогаш и со по 5 спроводници. На тие
изводи се приклучени, преку трифазни или еднофазни приклучоци, одделните
потрошувачи во НН дистрибутивна мрежа. Потрошувачите во тие мрежи се
индивидуални станбени објекти, згради за колективно живеење, продавници,
објекти на малото стопанство, мали индустриски погони итн. Секој таков
потрошувач ја прима електричната енергија од јавната дистрибутивна мрежа
преку соодветен нисконапонски приклучок. Тој се води на главната разводна
табла (ГРТ) од објектот, каде што трите фазни спроводници од приклучокот L1, L2
и L3, преку соодветни осигурувачи, како и неутралниот спроводник N, евентуално
и заштитниот спроводник PE (доколку постои и е изведен засебно во напојната
НН мрежа), се водат на собирниците на ГРТ. Од таблата кон внатрешноста на
објектот започнува внатрешната НН електрична инсталација. Таа се состои од
поголем број еднофазни и трифазни изводи од кои што се напојуваат со
електрична енергија одделните електрични приемници на приклучениот објект
(потрошувач). Современите внатрешни електрични инсталации се изведуваат
како трифазни и покрај тоа што мнозинството од електричните приемници се
еднофазни. Но во градбите од постар датум, особено во селските средини, сè уште
се среќаваат еднофазни внатрешни електрични инсталации.

10 (20) kV ТС СН/НН 230/400 V


НН извод
a L1
A
b L2
B c L3
n N
C
z PE
НН приклучок

НН приклучок

монофазен
приемник

трифазен
Заземјување приемник
на системот
ГРТ1 ГРТ2

Слика 1.1. Приказ на напојна ТС СН/НН заедно со еден НН извод и два приклучока
СТАНДАРДНИ НИСКОНАПОНСКИ СИСТЕМИ

Во зависност од тоа дали во нисконапонскиот систем има заземјени точки,


како и во зависност од тоа за што се поврзани изложените спроводни делови на
електричните уреди, според стандардите дозволени се следниве три нисконапон-
ски системи на напојување:
TN - систем (шематски прикажан на сликите 1.2, 1.3 и 1.4),
TT - систем (шематски прикажан на сликата 1.5) и
IT - систем (шематски прикажан на сликата 1.6).
Во натамошното излагање во ова поглавје ќе бидат дадени дефинициите на
секој од наведените нисконапонски системи на напојување. Но, најнапред да се
задржиме на значењето на употребените ознаки при именувањето на тие сис-
теми.
Во зависност од тоа дали е на првата или на втората позиција, секоја буква
во наведените ознаки има точно дефинирано значење. Со првата буква се
означува како е системот поврзан со земјата. Значењата на употребените букви се
следниве:
 T - една точка на системот е директно поврзана со земјата,

 I - сите спроводници под напон се изолирани во однос на земјата


или една точка е поврзана со земјата преку доволно голема
импеданција.
Доколку во еден систем со наизменичен напон една точка на системот
треба да се поврзе со земјата, правило е тоа да биде неговата неутрална точка.
Најчесто нисконапонскиот систем се напојува преку трансформатор. Во таков
случај, ако е потребно, точката што се заземјува е ѕвездиштето на нисконапонска-
та страна на трансформаторот.
Со втората буква се означува за што се поврзани изложените спроводни
делови на електричните уреди. Значењето на употребените букви е следно:
 T - директно електрично поврзување на изложените спроводни
делови со земјата, независно од тоа дали и како некоја точка на
системот е поврзана со земјата;

 N - директно електрично поврзување на изложените спроводни


делови на електричните уреди со заземјената точка на системот на
напојувањето.

Доколку во именувањето на системот постојат третата и четвртата буква,


нивното значење се следно:
 S - неутралниот и заштитниот спроводник се водат како два одделни
спроводника,

 C- еден спроводник ја има улогата и на неутралниот спроводник и на


заштитниот спроводник.
СТАНДАРДНИ НИСКОНАПОНСКИ СИСТЕМИ

1.2. TN-системи
TN-системите на напојување имаат една директно заземјена точка, а изло-
жените спроводни делови на електричните уреди се поврзани со таа точка со
помош на заштитни спроводници.
Постојат три типа TN-системи, и тоа:
 TN-S-систем, кај кој низ целиот систем неутралниот спроводник е
одделен од заштитниот (шематски приказ на таков систем е даден на
сликата 1.2);

 TN-C-систем, кај кој низ целиот систем функциите на неутрален и


заштитен спроводник се обединети во еден спроводник кој се
нарекува заштитно-неутрален спроводник (шематски приказ на
таков систем е даден на сликата 1.3);

 TN-C-S-систем, кај кој функциите на неутрален и заштитен


спроводник се обединети во еден спроводник само во еден дел од сис-
темот (шематски приказ на таков систем е даден на сликата 1.4).

На сликите 1.2, 1.3 и 1.4 се користени следниве ознаки:


 L1, L2 и L3 означуваат фазни спроводници,

 N означува неутрален спроводник,

 PE означува заштитен спроводник,

 PEN означува заштитно-неутрален спроводник.

На секоја од наведените слики е прикажано поврзување на еден трифазен и


еден еднофазен електричен приемник. На сликите не се прикажани заштитните
уреди во колата на електричните приемници.

L1
L2
L3
N
PE

Заземјување Изложени спроводни делови


на системот на електричните приемници

Слика 1.2. TN-S-систем


СТАНДАРДНИ НИСКОНАПОНСКИ СИСТЕМИ

L1
L2
L3
PE N

Заземјување Изложени спроводни делови


на системот на електричните приемници

Слика 1.3. TN-C-систем

L1
L2
L3
PE N N
PE

Изложени спроводни делови


Заземјување
на електричните приемници
на системот

Слика 1.4. TN-C-S-систем

Заради обезбедување ефикасна заштита од индиректен допир, покрај


директното заземјување на една точка, во TN-системите е потребно заштитниот
спроводник, односно заштитно-неутралниот спроводник, да биде заземјен на
повеќе места во мрежата.
Важно е да се забележи дека, според стандардот1, доколку од некоја точка
во инсталацијата се раздвоени функциите на заштитниот (PE) и неутралниот
спроводник (N), по таа точка не е дозволено нивно повторно поврзување, ниту е
дозволено во тој дел на инсталацијата неутралниот спроводник да биде зазем-
јуван.
Освен тоа, според гореспоменатиот стандард, во TN-системите улогата на
заштитниот спроводник и улогата на неутралниот спроводник може да ги
преземе еден спроводник доколку се исполнети следниве услови:
 нисконапонската инсталација е фиксно поставена,

 номиналниот напречен пресек на неутралниот спроводник е најмалку


10 mm2 ако е од бакар, односно 16 mm2 ако е од алуминиум, и

 делот на инсталацијата не се наоѓа помеѓу заштитниот уред што


дејствува на диференцијална струја и електричниот приемник.

1
Македонски стандард: Електрични инсталации во згради. Заземјување и заштитни спроводници. МKС
Н.Б2.754.
СТАНДАРДНИ НИСКОНАПОНСКИ СИСТЕМИ

1.3. TT-системи

TT-системите на напојување имаат една директно заземјена точка, а изло-


жените спроводни делови на електричните уреди се поврзани за земјата преку
заземјувања кои се електрично независни од заземјувањето на системот на на-
појувањето. Шематски приказ на таков систем е даден на слика 1.5. На сликата е
прикажано поврзување на еден еднофазен и еден трифазен електричен приемник,
но на неа не се прикажани заштитните уреди во колата на тие приемници.
L1
L2
L3
N

PE PE

Заземјување Изложени спроводни делови


на системот на електричните приемници

Слика 1.5. TT-систем

1.4. IT-системи

IT-системите на напојување немаат ниту една директно заземјена точка, а


изложените спроводни делови на електричните уреди се заземјени. Со други
зборови, во IT-системите инсталацијата мора да биде изолирана од земјата или
поврзана со земјата преку доволно голема импеданција. Шематски приказ на
таков систем е даден на слика 1.6. На сликата е прикажано поврзување на еден
приемник поврзан на меѓуфазен напон и еден трифазен електричен приемник, но
на неа не се прикажани заштитните уреди во колата на тие приемници.
Поврзувањето за заземјувањето (земјата) преку голема импеданција може
да се изведе во неутралната точка (ѕвездиштето) или во вештачкото ѕвездиште.
Дозволено е вештачкото ѕвездиште директно да се поврзе со земјата доколку
резултантната нулта импеданција е доволно голема.
Кога не постои ѕвездиште, дозволено е преку соодветната импеданција да
се заземји еден од фазните спроводници.
СТАНДАРДНИ НИСКОНАПОНСКИ СИСТЕМИ

L1
L2
L3

Голема PE
импеданција

Заземјување Изложени спроводни делови


на системот на електричните приемници

Слика 1.6. IT-систем


ОЗНАЧУВАЊЕ НА КАБЛИ

1.Означување на кабли

Означување на кабли се врши со помош на

 букви и бројки

 бои.

Преку ознаките на каблите можат да се добијат следните информации:

 градба (конструкција) на кабелот,

 употреба и намена на кабелот,

 облик на пресекот на спроводниците од кабелот,

 број и пресек на спроводниците,

 номинален напон на спроводниците,

 тип на спроводник (преку бојата на неговата изолација).

1.1. Означување со букви и бројки

Ознаките со букви и бројки се поделени во најмногу седум групи на ознаки.

Како пример за означување на кабел со ознаки од сите седум групи, може да се

наведе следниот кабел:


DEpN/F 48-Y 4x120/10 mm2 6/10 kV
односно, со поделба според групи:

I II III IV V VI VII

D EpN F 48 Y 4x120/10mm2 6/10kV

Горните ознаки се толкуваат на следниот начин:

D кабел за дигалки,

EpN изолација од етил-пропилен и обвивка од неопрен,

F финожичен бакарен (Cu) спроводник,

Стр. 1 од 11
ОЗНАЧУВАЊЕ НА КАБЛИ

48 концентричен заштитен спроводник (екранизиран кабел) околу

секој спроводник,

Y заштитен спроводник чија изолација е со жолтозелена боја,

4x120/10mm2 три фазни спроводници со пресек 120mm2 и еден заштитен

спроводник со пресек 120mm2, со концентричен спроводник

околу секој од спроводниците на кабелот со пресек 10mm2,

6/10kV фазен напон/линиски напон (kV/kV).

За повеќето изведби на кабли се користат само некои од наведените седум

групи на ознаки. За инсталационите кабли се користат следните групи на ознаки: I,

II, III, V и VI. За енергетските кабли се користат следните групи на ознаки: II, IV, V, VI и

VII. Телекомуникационите кабли имаат свои четири групи на ознаки.

Одделните групи на ознаки се со следните толкувања:

I : Посебно подрачје на примена (само за инсталациони кабли):

A автомобилски,

D за дигалки,

S за светилки,

Z за заварување,
Ž железнички,

B бродски.

II : Материјал на изолацијата и обвивката

Првата ознака е за изолацијата на спроводниците, а втората ознака е за

обвивката на кабелот:

P поливинил-хлорид (PVC),
G гума,

Стр. 2 од 11
ОЗНАЧУВАЊЕ НА КАБЛИ

IP импрегнирана хартија,

NP посебно импрегнирана хартија (импрегнацијата со полуцврст компаунд

што овозможува вертикално и косо поставување на каблите без

опасност од миграција на импрегнацијата по должината на кабелот),

T текстил,

N неопрен (полихлоропрен),

E термопластичен полиетилен,

X вмрежен полиетилен,

Ep етил-пропилен,

O оловна обвивка,

A алуминиумска обвивка (кај каблите со три спроводници за низок напон

алуминиумската обвивка служи како четврти - заштитен спроводник),

H слабоспроводлив слој под и над изолацијата (електрична заштита -

екран). Екранизирањето е задолжително за сите кабли со номинален

напон над 10kV.

Екранот преку спроводникот има задача да :

 обезбеди рамномерна распределба на електричното поле на

површината од спроводникот,
 спречи појава на шуплини меѓу спроводникот и изолацијата.

Екранот преку изолацијата има задача да:

 го ограничи електричното поле на површината на изолацијата,

 обезбеди симетрична радијална распределба на електричното

поле во диелектрикот.

Стр. 3 од 11
ОЗНАЧУВАЊЕ НА КАБЛИ

Електричната заштита преку јадрото1 на кабелот се постигнува со

металната обвивка која мора да биде заземјена со цел:

 да ја спроведе струјата на земјоспој,

 да обезбеди заштита од електричен удар при ракувањето со

кабелот.

Слика 1.1. Распределба на електрично поле во кабел без и со електрична заштита

III : Конструктивни особини (само за инсталациони кабли).

Оваа група се одвојува од претходните групи со коса црта / .

A отпорен на атмосферски влијанија,

F финожичен,

M многужичен,

O самоносив, односно зајакнат со елемент за носење (по исклучок оваа

ознака се јавува и кај енергетскиот кабел PP 00/O),

J со зајакната обвивка,

L со лесна обвивка,

S посебно свитлив2,

R со раздвоени спроводници,

U со паралелни спроводници,

1 Јадро на кабелот се формира од спроводниците на кабелот кои мораат меѓусебно да бидат впредени,
а просторот помеѓу спроводниците се пополнува со полнење на кабелот (од хартија, јута, гума, PVC
зависно од типот на кабелот) за да се добијат подобри термички карактеристики и кружен пресек на
јадрото на кабелот.
2 За приклучок на преносливи апарати мораат да се користат свитливи кабли. Каблите се
приклучуваат со штекер и со приклучница.
Стр. 4 од 11
ОЗНАЧУВАЊЕ НА КАБЛИ

T отпорен на зголемена топлина,

N незапалив.

Слика 1.2. Самоносив кабел (/О)

Слика 1.3. Кабел со раздвоени спроводници (/R)

Слика 1.4. Кабел со паралелни спроводници (/U)

Стр. 5 од 11
ОЗНАЧУВАЊЕ НА КАБЛИ

IV : Заштитни својства на конструкцијата (само за енергетски кабли).

Заштитните својства се означуваат со бројки од 01 до 99, поделени во декади.

Секоја декада содржи група на кабли кои се со заедничка карактеристика на

заштитната конструкција:

 од 01 до 093: заштита од корозија поставена преку металниот плашт,

 од 10 до 19 : механичка заштита со челични ленти преку метална

обвивка, со заштита од корозија или без неа4,

 од 20 до 29: механичка заштита од поцинкувана челична жица преку

метална обвивка, со заштита од корозија или без неа4, 5,

 од 30 до 39: механичка заштита од плосната поцинкувана челична

жица преку метална обвивка, со заштита од корозија или без неа5,4 ,

 од 40 до 49: елементи на конструкцијата под обвивка од термопластич-

на маса6,

 од 50 до 59: елементи на конструкцијата под обвивка од природна и

синтетичка гума,

 од 60 до 69: елементи на конструкцијата под обвивка од природна и

синтетичка гума, со заштитни, командни или контролни спроводници,

 од 70 до 79: елементи на конструкцијата под зајакната обвивка од


природна и синтетска гума,

3 Неискористените броеви во одделните декади се предвидени за нови конструкции на каблите


4 Арматурата на кабелот кој не е изложен на поголеми механички напрегања на истегање, се изведува
од две челични ленти кои се хеликоидно намотани околу кабелот со одреден процеп, така што
надворешната лента го покрива процепот на внатрешната лента. За кабли кои во експлоатацијата се
изложени на поголеми механички напрегања се употребува челична поцинкувана жица со кружен
пресек или профилирана (плосната) најчесто за подводни и рударски кабли.
5 Кај каблите кои имаат арматура од слој на кружни или плоснати челични жици, преку слојот на
жиците во спротивен насока се поставува најмалку една челична лента во отворена завојница.
6 Материјал кој се употребува за специјална надворешна заштита на кабелот (битумен, јута, хартија и
PVC) може да содржи специјални додатоци за термитска и биолошка заштита.
Стр. 6 од 11
ОЗНАЧУВАЊЕ НА КАБЛИ

 од 80 до 89: елементи на конструкцијата под надворешна обвивка од

термопластична маса или еластомер,

 од 90 до 99: елементи на конструкцијата над (за разлика од

претходната декада, каде беше под) надворешна обвивка од

термопластична маса или еластомер.

Симболот 00 се употребува за конструкции на енергетски кабли без горе

наведените елементи на заштита.

V : Означување присуство на заштитен спроводник, материјал на

спроводниците и нивен облик (ознаките следат според наведениот редо-

след).

Оваа група се одделува од претходните групи со цртичка - .

Y во кабелот е присутен заштитен спроводник, чија изолација има жолто-

зелена боја,

- за спроводници од бакар симболот се изостава,

A за спроводници од алуминиум,

- за повеќежични спроводници со кружен пресек симболот се изостава,

S за повеќежични спроводници со секторски пресек (најмал пресек за


секторски облик на спроводниците е 25 mm2). При изработката на

каблите со спроводници со секторски пресек се постигнува помал пресек

на целиот кабел, се штеди на употребениот материјал, вкупната тежина на

кабелот, како и помала цена.

Стр. 7 од 11
ОЗНАЧУВАЊЕ НА КАБЛИ

Слика 1.5 Кабел со секторски пресек

VI : Означување на бројот на спроводници, нивниот номинален

пресек7, пресек на неутралниот или заштитниот спроводник, или


електрична заштита (во mm2)

 пресекот (во mm2) на концентричниот спроводник или електричната

заштита, се одвојува со коса цртичка / од пресекот на фазните

спроводници (на пример: 3x120/25mm2)

 кабел со четири спроводници од кои едниот има намален пресек на

спроводникот8 (неутрален или заштитен спроводник) се означува така

што по пресекот на фазните спроводници се става знакот + , а потоа

пресекот на неутралниот или заштитниот спроводник (на пример: 3x70

+ 35mm2).

Табелата 1 важи за повеќефазни струјни кола во кои пресекот на фазниот

спроводник од бакар е поголем од 16 mm2, а пресекот на фазниот спроводник од

алуминиум е поголем од 25 mm2. Неутралниот спроводник може да има помал

пресек според Табела 1 но под следните услови:

7 Спроводниците од бакар се прават со полн пресек до16 mm2, односно како јаже од бакарни жици за
пресеци поголеми од 16 mm . Спроводници од алуминиум со пресек до 35 mm2 се изработуваат со
2
полн пресек, а за поголеми пресеци како повеќежични со секторски или кружен пресек.
8 Кај кабли на пофеќефазно струјно коло, неутралниот спроводник може да биде со помал пресек и тој
зависи од пресекот на фазниот спроводник според Таб.1, односно за заштитните спроводници според
Таб.2
Стр. 8 од 11
ОЗНАЧУВАЊЕ НА КАБЛИ

Табела 1. Пресек на неутрален спроводник

(само за Cu)

(само за Cu)

(само за Al)
Фаз.
спровод.
mm2

120

150

185

240

300

400
25

35

35

50

70

95
Неут.
(зашт.)

120

150

185
mm2
16

16

25

25

35

50

70

70

95
- очекуваната најголема струја низ овој спроводник, вклучувајќи ја и

евентуалната појава на хармоници, во текот на нормалната работа да не е

поголема од трајно дозволената струја за смалениот пресек,

- неутралниот спроводник да е заштитен од преоптоварување,

- пресекот на неутралниот спроводник од бакар да е еднаков најмалку на 16

mm2, а пресекот на неутралниот спроводник од алуминиум да е еднаков

најмалку на 25 mm2.

Табела 2. Најмали пресеци на заштитните спроводници


Пресек на фазниот Најмал пресек на Тип на заштитен систем
спроводник S(mm2) заштитниот спроводник
(mm2)
S<=10 S IT систем
S>10 10
S<=16 S TN, TT
16<S<=35 16
S>35 S/2

Заради заштита од допир се поставува:

 обвивка од бакарни ленти околу секој спроводник или околу јадрото на

кабелот, или

 заштитен спроводник концентрично околу секој од спроводниците на

кабелот, или

 арматурата на кабелот во вид на слој на челични жици со кружен пресек или


плоснати челични жици.

Стр. 9 од 11
ОЗНАЧУВАЊЕ НА КАБЛИ

За секое од наведените решенија, пресекот на електричната заштита добиен со

мерење на електричниот отпор треба да не биде помал од пресекот на бакарниот

спроводник од 6 mm2 .

VII : Означување на номиналниот напон на кабелот (во kV).

За повеќефазни системи на напојување се означува напонот помеѓу фазниот


спроводник и земјата (Uo) и напонот помеѓу два фазни спроводници (U) одделени со

коса црта: Uo/U (kV/kV).

1.2. Означување со бои

За означување на изолацијата на спроводниците на кабелот со номинален

напон до 1 kV се користат следните бои:

Жолтозелена за означување на заштитни спроводници PE и PEN,

Светлосина за означување на неутрален спроводник N,

Црна за означување на фазен спроводник L1, L2, L3,

Кафена за означување на фазен спроводник L1, L2, L3.

Бојата на надворешната обвивка од PVC е:

црна за кабли со номинален напон до 1kV,

жолта за рударски кабли до 1kV,

црвена за кабли со номинален напон поголем од 1kV.

1.3. Споредба помеѓу инсталационите и


енергетските кабли

Споредбата може да се направи според неколку критериуми:

 според градбата на инсталационите и енергетските кабли тешко е да се

постави остра граница. Ако се споредат во поглед на градбата каблите

Стр. 10 од 11
ОЗНАЧУВАЊЕ НА КАБЛИ

PP 00 и GO на Слика 1.6, побргу би се рекло дека инсталациониот кабел

GO припаѓа на групата на енергетски кабли.

Слика 1.6 Енергетски кабел PP 00 и инсталационен кабел GO

 во поглед на местото на поставување постои јасна разлика:

инсталационите кабли не смеат да се постават во земја,

 во поглед на номиналниот напон постои разлика: инсталационите

кабли се употребуваат за напони до 1 kV, а енергетските кабли кај нас се

употребуваат за номинални напони од 1, 3, 6, 10, 35, 110 и 220 kV а во

други земји и до 500, 1000 kV.

 дека не може да се постави остра граница се гледа и од фактот дека

кабелот PP 00/O (зајакнат со елемент за носење) може според своите

ознаки да припадне на енергетски кабли (00) и на инсталациони

кабли(/O).

Стр. 11 од 11
ЗАШТИТНИ ОРГАНИ

2.Заштитни органи

Заштитен орган е уред кoj при појава на струја која е поголема од

номиналната го исклучува струјното коло. При заштитата на нисконапонските

водови се употребуваат следните заштитни органи:

 осигурачи,

 инсталациони автоматски прекинувачи,

 прекинувачи,

 заштитни склопки.

2.1. Осигурачи

Се користат за исклучување на напојувањето при појава на:

 куса врска, или

 преоптоварување.

Притоа, осигурачите ќе ја исклучат само онаа фаза каде настанала грешката.

Осигурачите (од типот gL – види поглавје 2.1.1.1) треба да обезбедат да не се

надмине најголемата температура (види го стандардот за трајно дозволени

струи) до која може да се загрее кабелот, односно неговата изолација и обвивка,

при протекување на струја која е поголема од трајно дозволената струја.

При доволно долго протекнување на струја со одредена големина (при

преоптоварување на струјното коло) настанува силно загревање на посебно т.н.

топливо влакно на осигурачот. Доколку причината за преоптоварувањето не се

изгуби настанува топење на топливото влакно во осигурачот, со што се

прекинува струјното коло во кој се наоѓа осигурачот. Времето од појавата на

преоптоварувањето до реагирањето на осигурачот, односно до прекинување на

струјното коло зависи од големината на преоптоварувањето, а се намалува во


функција од квадратот на порастот на струјата. Според тоа, осигурачите се

Стр. 1 од 29
ЗАШТИТНИ ОРГАНИ

користат за заштита на каблите од недозволени термички и динамички

влијанија, посебно при појава на големи струи на куса врска. Осигурачите мораат

задоволат низа барања, како што се: сигурност во работењето, мали загуби на

моќност, селективност, издржливост со оглед на стареење, како и ефикасно

елиминирање на недозволени струи.

Постојат следните типови осигурачи:

 инсталациони и

 осигурачи со голема прекидна моќност (со ножни контакти).

2.1.1. Инсталациони осигурачи

Овие осигурачи се предвидени за неедуцирани корисници, бидејќи тие


обезбедуваат струјна незаменливост (види калибрационен прстен), како и

заштита од директен електричен допир на оние што работат со нив. Составни

делови на инсталационите осигурачи се:

 основа,

 глава (капа) на осигурачот,

 топлив вметок (или патрон) кој се сместува преку цврсто навртување

на капата на осигурачот,

 контактен или калибрационен прстен.

Основата на осигурачот се прави од порцелан, а се прицврстува на

разводната табла. Се изработува за напони од 250 V, 500 V и 750 V и за струи од 2

A до 100 A. Постојат повеќе видови на изведби:


 приклучување на спроводниците се врши од предната страна на

разводната табла (види Слика 2.1).

 приклучување на спроводниците се врши од задната страна на

разводната табла (види Слика 2.2). Кога разводната табла е направена

од изолационен материјал (на пр. пертинакс), осигурувачот се

поставува од предната страна на разводната табла. Ако разводната

табла е направена од железен лим и е пристапна само од нејзината


задна страна, тогаш основата се поставува на подлога од пертинакс.
Стр. 2 од 29
ЗАШТИТНИ ОРГАНИ

Слика 2.1. Основа на осигурачот

Слика 2.2. Основа на осигурачот

 се поставуваат во затворени орманчиња од железен лим (на пример:

главни куќни осигурачи кај куќниот приклучок на јавната НН

дистрибутивна мрежа) приклучување на спроводниците се врши на ист

начин како и претходниот тип на основи (види Слика 2.3).

Слика 2.3. Составни делови на основата на осигурачот

На контактот кој е врзан со калибрациониот прстен се приклучува фазниот

спроводник кој доаѓа од мрежата, односно од електричното броило. На другиот


контактен приклучок се врзува фазниот спроводникот кој го поврзува осигурачот

Стр. 3 од 29
ЗАШТИТНИ ОРГАНИ

со потрошувачот. Според тоа, овој контактен приклучок (а со тоа и потрошувачот)

ќе дојде под напон само тогаш кога осигурачот е комплетен (кога е поставен

исправен топлив вметок прицврстен со капата на осигурачот (види Слика 2.2.).

Основите на осигурачите се прават за струи од 25, 63, 100 и 200 A.

Номиналните струи на топливите вметоци кои се ставаат во соодветните основи

се дадени во Табела 2.1. Се препорачува наместо осигурачите со номинална струја

над 100 A да се користат осигурачи со голема прекидна моќност. Пред

производителите на осигурачите се поставува барањето да се смалат загубите на

моќност што е можно повеќе за да се смали потрошувачката и да се елиминираат

недозволено покачени температури.


Топливиот вметок се состои од порцелански цилиндер кој на двата краеви

е затворен со контактни капи од бакар (види Слика 2.4).

Слика 2.4. Топлив вметок

Двете капи меѓусебно се поврзани со топливо влакно, кое за помали

номинални струи е направено од легура на сребро и цинк, а за поголеми

номинални струи е направено од цинк. Топливото влакно може да биде

направено само од една округла жица или лента, но истотака и од повеќе жици.
Шуплината на топливиот вметок е исполнета со силициумов песок SiO2, кој има

задача да спречи појава:

Стр. 4 од 29
ЗАШТИТНИ ОРГАНИ

 експлозија на топливиот вметок и основата на осигурачот кога се

прекинуваат големи струи на куси врски,

 метализирање на шуплината, со што се спречува појава на лажна

исправност.

Имено, при прегорување на топливото влакно, помеѓу краевите на местото

на прекинот доаѓа до создавање на електричен лак со појава на висока

температура. Кога шуплината на вметокот не би била исполнета со силициумов

песок, топлината на лакот би се трошела на испарување на стопениот материјал

на влакното, а создадените метални пареи ќе предизвикаат зголемен притисок и

експлозија на топливиот вметок и целиот осигурач. Силициумовиот песок, кој


има висока точка на топење, има улога да ја апсорбира целата топлина создадена

при појавата на електричниот лак во вметокот.

За да се утврди визуелно дали топливиот вметок прегорел, на него е

поставен индикатор кој при прегорување на топливото влакно испаѓа од своето

лежиште. Индикаторот е обоен со иста боја како и калибрациониот прстен,

соодветно на номиналната струја на топливиот вметок (види Табела 2.1).

Главата на осигурачот, која е направена од порцелан, има задача да го држи

топливиот вметок во основата на осигурачот со цврсто навртување на основата

на осигурачот. Покрај тоа, главата на осигурачот има улога да го затвори

струјното коло (на спроводникот кој се штити) преку топливиот вметок.

Калибрациониот (или ткн. контактен) прстен се монтира на основата на


осигурачот, се наоѓа постојано под напон, а има задача да го прими врвот на

топливиот вметок. Тој се изработува во вид на цилиндричен прстен од стеатит, со

дијаметар на отворот кој е димензиониран според врвот на топливиот вметок со

соодветна номинална струја. Неговата улога се состои да обезбеди струјна

незаменливост на топливиот вметок, односно да спречи ставање на поголем

вметок (со поголема номинална струја) од предвидениот, а со тоа и заштита на

спроводникот кој е приклучен на осигурачот од недозволени преоптоварувања.

Стр. 5 од 29
ЗАШТИТНИ ОРГАНИ

Номиналната струја на топливиот вметок е најголемата вредност на

струјата, што кога би протекувала неограничено долго време не би го прегорела

топливиот вметок. Големината на номиналната струја и бојата на индикаторот на

топливите вметоци (иста е и бојата на калибрациониот прстен) се дадени во

следната табела:
Табела 2.1 Номинални струи и бои на топливите вметоци за номинален напон
500 V AC
Основа Вметок Боја на индикаторот и
Номинална струја Номинална струја на соодветниот
(A) (A) калибрационен прстен
25 6 зелена
10 црвена
16 сива
20 сина
25 жолта
63 35 црна
50 бела
63 бакарна
100 80 сребрена
100 црвена

Функционалните особини на осигурачот се одредуваат според

карактеристиката струјавреме. Според тоа, во координатен систем струја –


време се задава кривата на активирање (прегорување) на топливиот вметок во

зависност од:

 големината на струјата која протекува низ него и

 времето кое е потребно тој да прегори при дадена вредност на

струјата.

Стр. 6 од 29
ЗАШТИТНИ ОРГАНИ

Слика 2.5. Струјна карактеристика на инсталациони осигурачи

Се смета дека топливиот вметок мора да прегори моментално кога струјата

која протекува низ него е поголема од трикратната вредност на неговата

номинална струја.

Инсталационите осигурачи имаат задача да го прекинат напојувањето при

појава на преоптоварување. До преоптоварување на деловите на инсталацијата,

кои се напојуваат преку осигурачот, настанува при протекување на струја која е

поголема од номиналната, но недоволно голема моментално да го прегори

топливиот вметок. Притоа, зависно од големината на струјата која протекува, се

очекува во одредено време топливиот вметок да прегори или да не прегори. Во


тој поглед производителите на осигурачите мораат да ги задоволат следните

барања:

Табела 2.2 Прекинување на преоптоварување


Номинална струја на Испитна струја Време на
топливиот вметок (А) испитување
не мора да (час)
прегорува прегори
6, 10 1,5 In 1,9 In 1
16, 20, 25 1,4 In 1,75 In 1
35, 50, 63 1,3 In 1,6 In 1
80, 100 1,3 In 1,6 In 2

Стр. 7 од 29
ЗАШТИТНИ ОРГАНИ

Во Табела 2.2 се дадени просечните вредности со кои се толерираат

производствените вредности ( најмногу до 10% според оската на струјата). Од

друга страна, инсталационите осигурачи мораат да бидат така димензионирани

да можат да ги прекинат големите струи на куса врска. Во тој поглед

производителите на осигурачите мораат да исполнат одредени норми, кои се

дадени со следната табела:

Табела 2.3 Прекинување на струи на куса врска


Номинална струја
Наизменична струја Еднонасочна струја
на вметок
(А) Гранична Фактор на Гранична Временска
вредност моќност вредност константа
(А) (А) (ms)
до 25 ≤ 4000 0,3 ≤ 1600 3,5
35 до 63 ≤ 8000 0,3 ≤ 4000 7,0
100 до 200 ≤ 16000 0,3 ≤ 8000 15,0

Прекидна моќност се дефинира како дозволена струја на куса врска на

местото на поставување на осигурачот, изразена како ефективна вредност на

симетричната компонента.

Доколку пресметаната струја на куса врска на местото на поставување на

осигурачот ја надминува вредноста на прекидната моќност, тогаш треба да се

предвиди поставување на осигурачи со голема прекидна моќност (види го

поглавjето 2.1.2).

2.1.1.1. Класификација на осигурачите

Поделбата на инсталационите осигурачи се врши според:

 функционална класа и

 погонска класа.

Постојат следните видови на функционални класи:

1. Функционална класа "g" со која се одредени осигурачите за општа

употреба. Овие осигурачи се димензионирани :

 трајно да пропуштаат струи помали или еднакви на номиналната

струја на топливиот вметок,


 да ја прекинуваат струјата во следниот опсег:

Стр. 8 од 29
ЗАШТИТНИ ОРГАНИ

-од најмала струја на активирање,

-до прекидна моќност (дозволена струја на куса врска на

местото на поставување на осигурачот).

2. Функционална класа "a" со која се одредени осигурачите за посебни

подрачја на примена. Овие осигурувачи се нарекуваат осигурачи за

поддршка (buck-up fuses), а се предвидени за заштита од струи на куса

врска. Овие осигурачи се димензионирани:

 трајно да пропуштаат струи помали или еднакви на номиналната

струја на топливиот вметок,

 да ја прекинуваат струјата во следниот опсег:


-од најмала струја на активирање (Ia=k ×In, kповеќекратник кој

е дефиниран според подрачјето на примена),

-до прекидна моќност (дозволена струја на куса врска на

местото на поставување на осигурачот).

Погонската класа е одредена со симболот на погонското средство кое се

штити:

 L за кабли,

 M за склопни апарати,

 R за полуспроводници,

 B за постројки во рударството.

Пример за означување: осигурач за општа заштита на кабли: gL; осигурач за


посебна заштита на полуспроводници: aR. Така на пример погонската класа aM

претпоставува активирање на осигурувачот при протекување на приближно

четири пати поголема струја од номиналната, односно тие се употребуваат за

заштита од струи на куса врска. Според тоа осигурачите од функционалната класа

“a” не смеат да се употребат за заштита од преоптоварување, односно тие се

употребуваат во комбинација со релеи со термичко временско доцнење.

Стр. 9 од 29
ЗАШТИТНИ ОРГАНИ

Слика 2.6. Струја-време карактеристики на осигурачи за различна намена

(погонска и функционална класа)

2.1.1.2. Употреба на осигурачите

При поставувањето на осигурачите треба да бидат исполнети следните

правила:

 се осигурува само фазен спроводник,

 спроводници кои се заземјени (заштитни спроводници) не се

осигуруваат,

 се осигурува секоја промена на пресекот и тоа на почетокот на новиот

пресек,
 не треба да се осигурува промена на пресекот за должини на кабелот

помали од 1 m,

 при одвојување на кабелските или надземните водови од јавната НН

дистрибутивна мрежа, иако се оддалечени повеќе од 1 m осигурачите

се поставуваат на влезот во зградата.

Стр. 10 од 29
ЗАШТИТНИ ОРГАНИ

Слика 2.7. Место на поставување на инсталациони осигурачи

2.1.1.3. Селективност на заштитата со осигурачи

Со селективност на заштитата се обезбедува при појава на поголема струја

од номиналната (било тоа да е струјата на преоптоварување или струјата на куса


врска), да се прекине струјното коло од заштитниот орган (осигурач) кој се наоѓа

најблизу до предизвикувачот на зголемената струја. Тоа значи дека мора да се

исфрли од напојување само оштетениот дел на инсталацијата, односно мрежата и

на тој начин да се локализира настанатата грешка. Доколку не се води сметка за

селективност на заштитата, при појава на зголемена струја во станот (на пример:

закрпен осигурач од 20 A во станот, види ја Слика 2.8.) ќе прегори осигурачот кој

се наоѓа на пример во разводната табла на зградата (осигурачот со номинална

струја од 25 A). При тоа поголем број на потрошувачи би останале непотребно без

напојување.

Стр. 11 од 29
ЗАШТИТНИ ОРГАНИ

Слика 2.8. Пример за селективна заштита

Според сликата, водовите со кои се напојува зградата се осигурани со појаки

осигурачи (63 A), чија големина расте одејќи се до трансформаторската станица

СН/НН (според сликата со осигурачи од 300 А).

Производителите на осигурачите даваат табели преку кои може да се

изврши избор за да биде исполнета селективноста на осигурачите во радијална

мрежа, под услов сите осигурачи во еден правец на напојувањето да бидат од


истиот производител. Доколку не постојат такви табели, ако се примени однос на

Стр. 12 од 29
ЗАШТИТНИ ОРГАНИ

селективност 1:1,6 (на пр. 10 А : 16 А) за осигурачите ќе се обезбеди селективност

според постоечките стандарди за струјните карактеристики на осигурачите.

При тоа, пресекот на осигураните спроводници треба да биде во склад со

избраните осигурачи.

Погрешниот избор на осигурачите предизвикува:

 оневозможување на заштитните мерки од превисок напон на допир,

 преоптоварување на спроводниците, нивно зголемено загревање, па и

појава на пожар,

 неисполнување на условите на селективноста на заштитата, а со тоа и

соодветно испаѓање на напојувањето кај поголем број потрошувачи.


2.1.2. Нисконапонски осигурачи со голема прекидна моќност

Овие осигурачи, познати и како осигурачи со ножни контакти, се

предвидени за користење од страна на специјално обучен персонал, бидејќи тие

не обезбедуваат заштита од директен електричен допир на оние што работат со

нив. Нивната задача е да ја ограничат врвната вредност на струјата на куса врска,

а заштитните карактеристики се одредени според:

 подрачјето на примена (истовремена заштита од преоптоварување и

куса врска, или пак само за заштита од куса врска)

 номиналната струја.

Тие се состојат од:

 основа
 топлив вметок.

Стр. 13 од 29
ЗАШТИТНИ ОРГАНИ

Слика 2.9. Приказ на основа и осигурач за голема прекидна моќност

Основата на осигурачот се состои од порцеланска или стеатитна плоча и

контактни вилушки. Се изработува во неколку големини (според номиналната

струја на осигурачот) и тоа за струи од: 100, 160, 250, 320, 500 и 800 (A).

Топливиот вметок има топлива лента која е прицврстена на ножните

контакти. Слично како и кај инсталационите осигурачи и овде постои индикатор

за исправноста на вметокот. Замената на овие вметоци се врши со изолациона

рачка. Се изработува за номинални струи од: 10, 16, 20, 25, 32, 40, 50, 64, 80, 100,

125, 160, 200, 250, 320, 400, 500, 640 и 800 (A).

Овие осигурачи се употребуваат во индустриски погони, во дистрибутивни

напојни трансформаторски станици СН/НН и во случаи каде е потребно

исклучување на големи струи на куса врска. Од друга страна, заради бавната

(спора/трома) струјна карактеристика се применуваат за осигурување на струјни

кола во кои доаѓа до повремени краткотрајни преоптоварувања.

2.2. Инсталациони автоматски прекинувачи

Инсталационите автоматски прекинувачи се употребуваат за заштита на

каблите од преоптоварување (на пример за PVC изолација да не се надмине 700C)

и од струи на куса врска (на пример за PVC изолација да не се надмине 1600C за

максимум од 5 секунди). Тие се предвидени за рачно манипулирање, а можат да

бидат изведени како еднополни, 2, 3 и четириполни со истовремен прекин и на


неутралниот спроводник (1 фаза + N и 3 фази + N). Приклучоците се обезбедени

Стр. 14 од 29
ЗАШТИТНИ ОРГАНИ

од директен допир, со соодветни можности за монтирање на собирници и

приклучоци (брзо монтирање со “вклештување” на местото на монтирање).

Во нив се вградени истантен електромагнетен и термички уред за заштита.

До моментално (истантно) електромагнетно исклучување настанува при појава

на струи на куса врска. Имено, низ електромагнетот на прекинувачот тече

струјата на штитениот спроводник и кога ќе протече доволно голема струја (на

пример: поголема од трикратната вредност на номиналната струја)

електромагнетот го активира окидачот, при што се исклучува струјното коло во

кое настанала грешката, т.е. што се штити со соодветниот автоматски

инсталационен прекинувач.
Топлинското исклучување (заради преоптоварување, односно надструјна

заштита) се овозможува со биметален елемент. Тој при доволно долго

протекување на зголемена струја (но која не е доволно голема за да го активира

електромагнетот) се загрева, се свиткува, и по одредено доцнење го исклучува

струјното коло. Исклучувањето на напојувањето е видливо преку положбата на

склопката.

Стр. 15 од 29
ЗАШТИТНИ ОРГАНИ

Слика 2.9. Инсталационен автоматски прекинувач

Инсталационите автоматски прекинувачи се изработуваат за номинални

струи 0,3 A do 63 A, за номинален напон 230/400 V AC, со прекидна моќност до 25

kA, за температури на околниот простор од –25 0C до +55 0C со релативна

влажност до 95%.

Според стандардот IEC 60364-4-41 постојат четири типови на

инсталационите автоматски прекинувачи според следниве струјни

карактеристики:

 тип A: се употребува за заштита на трансформатори во мерни кола и

за долги линии, кои според истиот стандард треба да бидат

прекинати во време до 0,4 s,

 тип B: се употребува за приклучници (преносливи уреди) во куќни

инсталации и деловни објекти,

 тип C: се употребува за уреди кои имаат големи појдовни струи како


што се мотори и светилки,
Стр. 16 од 29
ЗАШТИТНИ ОРГАНИ

 тип D: се употребува за уреди кои создаваат хармоници како што се

трансформатори, мотори и сл.

Струјните карактеристики се дефинирани за температурата на околниот

простор од +30 0C преку карактеристични струи I1 до I5 според Слика 2.10. На

истата слика се наведени и карактеристичните струи Ib, In, Iz, I2 според кои се

димензионира пресекот на водовите (види поглавје 5.1.1.).

Слика 2.10. Струјни карактеристики на автоматски инсталациони прекинувачи

Ib Струја на потрошувачот
Iz Дозволена струја на оптоварување на спроводниците со оглед на
изведбата на инсталацијата и температурата на околниот простор
1,45×Iz Максимално дозволена струја на преоптоварување на спроводниците,
во ограничено времетраење, во кое зголемената температура на
изолацијата нема да предизвика нејзино трајно оштетување
In Номинална струја на инсталациониот прекинувач
I1 Вообичаена непрекидна струја, односно тоа е струја која при
дефинираните услови на инсталацијата не предизвикува активирање на
инсталациониот прекинувач
I2 Вообичаена струја на активирање, односно тоа е струја која при
дефинираните услови во инсталацијата ќе предизвика активирање на
Стр. 17 од 29
ЗАШТИТНИ ОРГАНИ

инсталациониот прекинувач за време од еден час (за In≤63 A)


I3 Граници на толеранција
I4 Струја при која сеуште не се активира истантниот електромагнетен
уред (кој се активира при струја на куса врска)
I5 Струја при која се активира истантниот електромагнетен уред (кој се
активира при струја на куса врска)

Влијанието на амбиенталната температура се манифестира преку струјата

на прекинување на инсталационите прекинувачи. При пониски температури

( 30 0C) струјата на прекинување ќе биде со поголема вредност од онаа која е

прикажана на Слика 2.10., односно при повисоки температури (> 30 0C) струјата

на прекинување ќе биде со помала вредност од онаа која е прикажана на

Слика 2.10.

Струите на прекинување според стандардот IEC 60898 за типовите на

инсталациони автоматски прекинувачи се дадени во следната табела:

Табела 2.4 Струи на прекинување

A B C D

I1(t>1h) - 1,13×In 1,13×In 1,13×In

I2(t<1h) - 1,13×In 1,45×In 1,45×In

I4(t>0,1s) 2×In 3×In 5×In 10×In

I5(t<0,1s) 3×In 5×In 10×In 20×In


Со цел да се обезбеди селективност на заштитата со оглед на осигурачите со

топливо влакно, инсталационите автоматски прекинувачи со карактеристика B и

C≤32 A се поделени во три класи на гранични вредности на струите. На пр.

инсталационите автоматски прекинувачи за куќни инсталации и деловни објекти


се со прекидна моќност од најмалку 6 kA и со 3 класа на гранична вредност на

струите. На слика 2.11. се прикажани границите на селективност на

инсталационите автоматски прекинувачи за различни класи на гранична


вредност на струите (1 , 2 , и 3), и струја на топење на топлив осигурувач од 50 A.

Ефикасното ограничување на струите ги прави инсталационите автоматски

прекинувачи поуспешни во селективноста во споредба со топливите осигурачи.

Стр. 18 од 29
ЗАШТИТНИ ОРГАНИ

Слика 2.11. Граници на селективност кај автоматски инсталациони

прекинувачи

Инсталационите прекинувачи имаат значително помала прекидна моќност

во однос на топливите осигурачи. Доколку струјата на куса врска ја надминува

прекидната моќност на инсталационите автоматски прекинувачи (на пр. до 6 kA)

тогаш тие се поставуваат во комбинација со топлив осигурач (на пр. прекидната

моќност ќе порасне од 6 kA до 35 kA ако се примени топлив осигурач gL со

номинална струја 100 A).

Денес, наместо инсталациони осигурачи со топливи вметоци, се повеќе се

користат инсталационите автоматски прекинувачи и тоа заради следните

предности:

Поекономични се во погонот. Околу 95% од пореметувањата заради кои

инсталационите осигурачи реагираат се од краткотраен карактер, што

непотребно ќе предизвика замена на прегорените топливи вметоци со нови.

Во случај на инсталационите автоматски прекинувачи тие едноставно

повторно се вклучуваат. Тука треба да се истакне дека производителите

гарантираат одреден број вклучувања (до 10000).

Не може да дојде до погрешна интервенција од нестручни лица.

Можат точно да се регулираат и поосетливи се од топливите вметоци.

Стр. 19 од 29
ЗАШТИТНИ ОРГАНИ

2.2.3. Струјна заштитна склопка

Струјната заштитна склопка (кај нас позната и како ФИ-склопка,

диференцијална склопка) претставува современа заштитна мерка и служи за

заштита:

 на луѓето при случаен директен допир со метални делови на уредот,

кои во нормален режим на работата на уредот се наоѓаат под напон,

 на луѓето од превисок напон на индиректен допир со метални

делови на уредот, кои во нормален режим на работата на уредот не се

наоѓаат под напон,


 од пожар при оштетување на изолацијата на водовите.

Струјната заштитна склопка е прикажана на наредната слика:

Стр. 20 од 29
ЗАШТИТНИ ОРГАНИ

Слика 2.12. Струјна заштитна склопка

Таа се состои од прстенесто електромагнетно јадро со шест посебни

намотки:

 четири се сериски врзани со фазните и неутралниот спроводник,

 една намотка е во серија со струјното реле кое го активира

прекинувачот,

 на шестата намотка е приклучен испитниот тастер.

Во нормален режим на работа на уредите (кои се напојуваат преку

струјната заштитна склопка) не доаѓа до активирање на струјното реле. Така на

пример: ако еден таков уред е трифазен мотор, заради симетрија на струите по

поединечните фази, резултантното магнетно поле во електромагнетното јадро ќе

биде еднакво на нула, па во намотката на струјното реле (т.н. сумарна намотка)

нема да се индуцира напон. Слично е и со резултантното магнетно поле во

електромагнетното јадро создадено од фазните спроводници и неутралниот

спроводник на кои се приклучени еднофазните уреди (во неутралниот


спроводник тече струја еднаква на геометрискиот збир на фазните струи).

Стр. 21 од 29
ЗАШТИТНИ ОРГАНИ

Заштита од превисок напон на индиректен допир: При појава на грешка

на потрошувачот доаѓа до нерамнотежа на системот на струите, како на пример:

при спој на фазата L1 со маса, која е добро заземјена (преку заземјувачот RZ, види

ја сликата 2.12). Притоа, неурамнотежената струја низ фазата L1 (дел од таа

струја се одведува преку заземјувачот RZ) ќе создаде магнетно поле кое ќе

индуцира напон во струјното реле, со што ќе се активира прекинувачот и ќе се

прекине напојувањето на целата инсталација. Притоа, истовремено се

прекинуваат фазните и неутралниот спроводник.

Осетливост на струјата на грешка изнесува: 3; 1; 0,5; 0,3; 0,1 и 0,03 A.

Според бројот на заштитени спроводници струјните склопки се


изработуваат како четириполни и како двополни:

 Кај четириполната струјна склопка, во нормален погон сумата на

струите кои течат низ спроводниците е еднаква на нула, па

трансформаторот останува без магнетна индукција и не го активира

прекинувачот. Додека при појава на грешка (дел од струјата на

грешката оди преку заштитниот спроводник и заземјувачот RZ) ќе се

јави резултантна струја на грешка која ќе индуцира напон и ќе го

активира прекинувачот.

 Кај двополната струјна заштитна склопка, при нормален погон

струјата на фазниот спроводник е еднаква на струјата во неутралниот

спроводник, па трансформаторот останува без магнетна индукција и


не го активира прекинувачот. Додека при појава на грешка (дел од

струјата на грешка оди преку заштитниот спроводник) ќе се јави

резултантна струја на грешка која ќе индуцира напон во сумарната

струјна намотка на струјното реле, кое ќе го активира прекинувачот.

Струјната заштитна склопка треба да овозможи заштита според следните

услови:

 Кога струјата на грешка ќе ја надмине соодветната гранична струја на


активирање (осетливост) се активира прекинувачот и инсталацијата
Стр. 22 од 29
ЗАШТИТНИ ОРГАНИ

со грешка мора да се исклучи во време од 0,1 s. За да се јави

диференцијална струја предизвикана од струјата на грешка, потребно

е сите спроводни делови на уредите кои се штитат да бидат

квалитетно заземјени (карактеристика на TT – системот на

напојување).

 Отпорот на заземјувачот треба да биде димензиониран да не настане

допирен напон поголем од 50 V :


50
RZ  []
Ia

Каде:
Rz -максимална вредност на отпорот на заземјувачот,
Ia -струја на активирање на струјната заштитна склопка.

Така на пример: на наредната слика се прикажани две групи на

потрошувачи, при што секоја група се штити со соодветна склопка (со осетливост

0,3 A и 0,5 A). Соодветните максимални отпори на заземјувачите ќе ги имаат

следните вредности:
50 50
RZ1   166.7 [] RZ 2   100 []
0.3 0.5

Слика 2.13. Групни заштитни склопки

Стр. 23 од 29
ЗАШТИТНИ ОРГАНИ

Како заземјувач може да се употреби водоводната инсталација, метални

конструкции на објектот, темелниот заземјувач итн.

Во струјната заштитна склопка се вградува уред за испитување на

исправноста на делувањето на склопката, т.н. контролен тастер. Со притискање

на тастерот се остварува земјоспој со струја еднаква на струјната осетливост на

склопката (струјата на земјоспојот се ограничува или димензионира со помош на

отпорноста R во струјното коло на тастерот, види ја Слика 2.12.).

Слика 2.14. Примена на струјна заштитна склопка

За неутралниот спроводник во инсталации штитени со струјна заштитна

склопка важат следните правила:

 На струјната заштитна склопка мораат да се приклучат фазните и

неутралниот спроводник.

 Неутралниот спроводник позади струјната заштитна склопка (во

правецот на напојувањето) не смее да биде заземјен.

Стр. 24 од 29
ЗАШТИТНИ ОРГАНИ

 Исто така, неутралниот спроводник кој излегува од струјната

заштитна склопка не смее да се врзува со неутралните спроводници

пред склопката, ниту со неутралните спроводници на други заштитни

склопки. Во спротивно, склопката може да реагира дури и ако не

постои спој на фазниот спроводник со масата на потрошувачот.

Заштита од директен допир: Струјната заштитна склопка со осетливост

од 0,03 A се активира при подносливо мала струја на грешка (за корисниците). Кај

струјната заштитна склопка со поголема струја на активирање (>0,03 A) тоа не е

случај и кај неа можат да се јават струи на грешка кои ќе бидат опасни за човекот,

при што опасноста е зависна од времето до исклучувањето на оштетената


инсталација.

Заштита од пожар: Предноста на струјната заштитна склопка во однос на

останатите заштитни органи се состои во можноста за заштита од пожар во

електричните инсталации. Имено, при оштетување на изолацијата може да се

појави електричен лак на чија струја не реагира доволно брзо осигурачот. При

заштитата со струјната заштитна склопка, покрај фазниот и неутралниот

спроводник се води и заштитен спроводник (кој се разбира е заземјен).

Електричниот лак се пренесува и на заштитниот спроводник, доаѓа до појава на

диференцијална струја која ја активира склопката (само за склопки со осетливост

<0,5 A) во време од 0,1 s. Според тоа во многу кусо време се исклучува

напојувањето, а со тоа и причината за пожарот.


Недостатоци на струјната заштитна склопка:

 Цена,

 Струјната заштитна склопка не обезбедува заштита од

преоптоварување и струи на куса врска, затоа позади неа (во правецот

на напојување) треба да се постават заштитни органи за надструјна

заштита: осигурачи, инсталациони автоматски прекинувачи (види ја

Слика 2.13.).

Стр. 25 од 29
ЗАШТИТНИ ОРГАНИ

 Како што може да се забележи на слика Слика 2.13. кога ќе настане

грешка на еден потрошувач, струјната заштитна склопка ја исклучува

целата група на потрошувачи. Овој вид на групно исклучување, а не

само на потрошувачот кај кого се јавила грешката, претставува

ограничувачки фактор во примената на струјната заштитна склопка.

2.2.4. Мерач и контролер на изолацијата

Овој уред е предвиден за заштита на инсталации од посебно значење, пред

сé поради следните функции:


 Континуирано мерење и проверка на отпорот на изолацијата на

фазните спроводници према земја, односно спрема заштитниот

спроводник во незаземјени монофазни и трифазни мрежи, односно во

IT – системот на напојување.

 Сигнализација на опаѓањето на изолациониот отпор на

спроводниците.

 Исклучување на напојувањето во случајот на земјоспој.

Системот на заштитно заземјување во мрежите со изолирано ѕвездиште на

трансформаторот се изведува со поврзување на масите на уредите на заштитниот

спроводник во кабелот. Заштитниот спроводник на главниот кабел се заземјува

во близината на трансформаторската станица, пришто звездиштето на

трансформаторот и мрежата остануваат изолирани. Ако во оваква мрежа дојде до

грешка (слабеење на изолацијата или директен спој на фазата со земја или со

масата на уредот), ќе се појави многу мала струја на грешка. Таа ќе зависи од


капацитивните отпори на исправните фази према земјата Co и отпорот на

изолацијата Ri. На масата на уредот ќе се појави напон на допир чија големина ќе

зависи од големината на струјата на грешка и преодниот отпор на заземјувањето


RZ (види ја Слика 2.15.).

Стр. 26 од 29
ЗАШТИТНИ ОРГАНИ

Слика 2.15. IT систем на напојување

Оваа состојба мора веднаш да се елиминира, заради опасноста човекот на

било кое место во мрежата да допре друга фаза или да ја допре масата на уредот

кај кого другата фаза е во грешка. Во тој случај преку човекот ќе се затвори

меѓуфазна куса врска. За да се избегне оваа состојба, потребно е во овој систем на

напојување да се вгради мерач и контролер на отпорот на изолацијата.

Принципот на работата се состои во мерење на еднонасочна струја низ

фазните спроводници и заштитниот спроводник. Големината на еднонасочната

струја директно е зависна од отпорот на изолацијата. Во случај кога ќе опадне


вредноста на отпорот на изолацијата под нагодената минимална вредност, се

исклучува излезното реле и се активира оптичката сигнализација на самиот уред.

Контактите на излезното реле овозможуваат поврзување на сигнализацијата или

активирање на заштита. Ако вредноста на отпорот на изолацијата опадне под

вредноста од 4 k, во време од 200 ms се исклучува релето за задолжителната

заштита.

Стр. 27 од 29
ЗАШТИТНИ ОРГАНИ

Слика 2.16. Мерач и контролер на отпорот на изолација

Со прописите е одредена минималната вредност на отпорот на изолацијата

според подрачјето на примена. Така на пример за индустриски постројки

минималната вредност на отпорот на изолацијата се движи во границите од 15 –

25 /V, во рударство 50/V, а во операциони сали 68 /V.

Напојувањето на мерачот и контролерот на отпор на изолацијата мора да се

обезбеди од независен извор, за да се овозможи мерење и контрола на

изолацијата и во услови кога мрежата е исклучена.

Стр. 28 од 29
ЗАШТИТНИ ОРГАНИ

Слика 2.17. Шема на приклучување

Стр. 29 од 29
ЗАШТИТА ОД ЕЛЕКТРИЧЕН УДАР

3. Заштита од електричен удар

Во оваа поглавје ќе бидат разгледани мерките за заштита од електричен

удар во електричните инсталации во згради. Заштитата од електричен удар се

постигнува со примена на:

 заштита од директен допир (заштита од електричен удар при

нормални услови на работа);

 заштита од индиректен допир (заштита од електричен удар при

појава на грешка);

 истовремена заштита од директен и индиректен допир.

За да се разберат заштитните мерки потребно е да се согледаат факторите

кои влијаат на опасноста од протекувањето на електричната струја низ

човечкото тело.

3.1. Делување на електричната струја врз човекот

Според IEC 60364-4-41 се специфицирани заштитните мерки да се избегне


појава, или барем да се избегне присуство на опасен допирен напон (UB). Бидејќи

критериумот за опасност се базира на јачината на струјата, а не на напонот,

според меѓународните стандарди, напоните на допир > 50V за наизменична

струја (AC) или > 120V за еднонасочна струја (DC) се сметаат како опасни напони.

Делувањето на електричната струја врз човечкото тело зависи од повеќе

фактори:

 Од патот на струјата низ човечкото тело, односно од органите кои

при тоа се зафатени. Најчувствителни се срцето, нервниот систем и

центарот за контрола на дишењето. Најопасни се патиштата рака-

рака и рака-нога.

Стр. 1 од 36
ЗАШТИТА ОД ЕЛЕКТРИЧЕН УДАР

 Од обликот и фреквенцијата на струјата. Подносливите јачини на

струјата се поголеми при еднонасочна струја отколку при

наизменична струја (Слика 3.3.). При протекување на наизменична

струја со фреквенција 50Hz настанува контракција или треперење, па

и грчење на мускулите. Посебен проблем предизвикува треперењето

на срцевиот мускул (фибрилација), што често доведува до смрт

заради дисфункција на циркулаторниот крвен систем.

 Од јачината на струјата. Влијанието на јачината на струјата може да

се групира според следните просечни вредности:

 I≤16mA се дефинира како отпуштувачка струја (човекот

сеуште може со силата на своите мускули да се одвои од

деловите под напон);

 16<I≤50mA се дефинира како нефибрилациона струја (значи

сеуште не е опасна за човекот);

 50<I≤100mA се дефинира како опасна струја по животот на

човекот;

 I>100mA е фибрилациона струја, а со тоа дефинитивно е

опасна по животот на човекот.

 Од времето на протекување на струјата низ човекот. Постои

зависност на опасни нефибрилациони струи од должината на времето

на протекување. При протекување на наизменична струја до 50mA,

прекинувањето на струјното коло треба да се обезбеди за помалку од

5s. Се разбира колку е побрзо прекинувањето на струјното коло,

толку ќе биде поголема човечката подносливост на влијанието на

струјата.
 Од отпорот на човечкото тело Rm. Овој отпор зависи од низа

параметри, како што се: влажност на кожата, притисок на допирот,

времетраење на протекувањето, висина на напонот итн. Просечни

Стр. 2 од 36
ЗАШТИТА ОД ЕЛЕКТРИЧЕН УДАР

вредности на отпорот Rm во зависност од големината на напонот се

дадени во следната табела:


Табела 3.1 Зависност на Rm (во оми) од напонот
при 25 V Rm = 2500
при 50 V Rm = 2000
при 250 V Rm = 1000

Штетното дејство на електричната струја врз човечкиот организам се


манифестира преку:

 појава на длабоки локални изгореници при протекување на струјата

низ човечкото тело;

 зголемена мускулна контракција, па и грчење;

 оштетување на ѕидовите на крвните садови на местото на

протекување на струјата;

 хаотична контракција на срцето;

 потполн прекин на работата на срцето;

 оштетување на централниот нервен систем, со содветно слабеење на

дишењето, губиток на свеста и рефлексите итн.


Дозволениот напон на континуиран допир UL не смее да ја надмине

вредноста која е опасна за човечкиот организам:


UL=ImRm=0,05 1000= 50V

Каде што:
UL - дозволен напон на континуиран допир (50V за AC напон и 120V за DC

напон),
Im - нефибрилациона струја (≤50 mA),

Rm - просечна вредност на отпорот на човечкото тело (Rm=1000).

Според IEC 60364 се дефинирани помали вредности на дозволен напон на


континуиран допир за земјоделски уреди: UL = 25V AC (наизменична струја) или

60V DC (еднонасочна струја).

Стр. 3 од 36
ЗАШТИТА ОД ЕЛЕКТРИЧЕН УДАР
L1

L2
RT
L3
N
PEN
PE
RL3

N PE N

Rm

RB
a b RE

RT

RL3

UF Rm
UB

RE

Слика 3.1. Напони на континуиран допир

Напонот на континуиран допир UB може да биде различен од напонот на

грешка (куса врска) UF во зависност дали е изведен заштитен спроводник за

заземјување. Така на пр. на Слика 3.1. под а), напонот на континуиран допир UB е

значително помал од напонот на грешка UF.

На Слика 3.1. под б), при куса врска на фазен спроводник со масата на

уредот, напонот на континуиран допир UB може да биде еднаков на фазниот

напон.
Rvk  RT  RL3  Rm  RE  RB
U
IF  0
Rvk

Стр. 4 од 36
ЗАШТИТА ОД ЕЛЕКТРИЧЕН УДАР
Rm
U B  Rm  I F  U0  U0
Rvk

Каде:

Rvk Вкупен отпор на колото на грешка

RT Отпор на трансформаторот

RL Отпор на фазниот спроводник L3

Rm Отпор на човекот

RE Отпор на стојното место

RB Отпор на погонското заземјување

Uo Фазен напон

IF Струја на колото на грешка

Овој случај е сличен на како да постои директен допир на фазен спроводник.

Според меѓународната електротехничка комисија IEC, дефинирани се два

опсези на напони:

 опсегот I опфаќа:

 инсталации во кои заштитата од електричниот удар се

обезбедува под одредени услови со вредноста на напонот, и

 инсталации во кои напонот е ограничен од функционални

причини (телекомуникации, сигнализација, електрични


звонца, алармни уреди итн.);

 опсегот II ги опфаќа напоните за напојување на домаќинствата,

трговијата, јавните згради и индустријата.

Опсезите на напоните на наизменичната струја за дистрибутивните НН-

мрежи се дадени во следната табела:

Стр. 5 од 36
ЗАШТИТА ОД ЕЛЕКТРИЧЕН УДАР

Табела 3.2 Опсези на напони


Посредно
заземјени или
Заземјени системи (TN и TT) изолирани
Опсег системи (IT)
Напон помеѓу фаза Напон помеѓу Меѓуфазен напон
и земја (V) фази (V) (V)

I U≤50 U≤50 U≤50


II 50<U≤600 50<U≤1000 50<U≤1000

3.2. Истовремена заштита од директен и


индиректен допир

Истовремена заштита од директен и индиректен допир се остварува кога се

исполнети следните услови:

 номиналниот напон не смее да ја надмине горната вредност за

опсегот I (Таб.4.2) преку системите за екстра-мали напони: SELV

(Safety Extra Low Voltage) и PELV (Protective Extra Low Voltage).

3.2.1 SELV (Safety Extra Low Voltage)

Заштитата со SELV е дозволена ако напонот е за AC ≤ 50V и за DC ≤ 120V, и

ако извор на напојување е:

 безбедносен изолационен трансформатор според IEC 60742;


 мотор-генератор со раздвоени намотки според IEC 2/915 CDV;

 електрохемиски извор (батерија или акумулатор) или друг галвански

извор;

 електронски уреди на чии излезни стегалки не може да се појави

напон поголем од 50V за AC или 120V за DC дури и ако настане грешка

на уредот.

Понатаму треба да бидат исполнети следните услови:

 фазни и неутрални спроводниците на SELV струјните кола НЕ смеат

да бидат поврзани со земјата или со заземјени спроводници;

 изложените метални маси на SELV струјните кола НЕ смеат да бидат


поврзани со изложените метални маси на други уреди или со земја.
Стр. 6 од 36
ЗАШТИТА ОД ЕЛЕКТРИЧЕН УДАР

3.2.2. PELV (Protective Extra Low Voltage)

Заштитата PELV подлегнува под истите ограничувања како и SELV со

следните разлики:

 изложените метални маси на PELV струјните кола МОЖАТ да бидат

поврзани со заземјени спроводници или со земја;

 приклучниците ИМААТ заземјен контакт.

3.3. Заштита од директен допир

Директен допир настанува при непосреден допир на деловите на уредите

кои во нормален режим се под напон. Заштитата со струјни заштитни склопки

претставува дополнителна заштитна мерка која не може да биде употребена како

самостојна мерка на заштита.

За да се овозможи потполна заштита од директниот допир, активните

делови на уредите мораат да бидат:

 заштитно изолирани - деловите под напон требаат да бидат

потполно покриени со основна изолација, која може да се отстрани

само со нејзино уништување. Инаку изолацијата треба така да биде

изработена трајно да ги издржи механичките, хемиските,


електричните или топлинските влијанија на околината. Покривањето

на спроводниците со боја, лак или емајл не се смета како заштита од

директен допир.

 заштитени со прегради - служат да спречат секаков допир со делови

под напон на електричната инсталција. Отворите на преградите не

смеат да бидат поголеми од 12,5mm. Отстранувањето на преградите

може да се направи единствено на еден од следните начини: со

ставање на дополнителна преграда, при отварање на вратата да се

исклучи напојувањето преку автоматско активирање на склопка, или


со помош на соодветен алат.

Стр. 7 од 36
ЗАШТИТА ОД ЕЛЕКТРИЧЕН УДАР

За да се овозможи делумна заштита од директниот допир, активните

делови на уредите мораат да бидат:

 заштитени со поставување надвор од дофатот на раката - Се

обезбедува заштита од случаен допир на деловите на постројката или

инсталацијата кои се наоѓаат под напон. Под простор на дофат на

раката (Слика 3.2.) се смета оној простор во кој може да се допрат

деловите по напон без посредство на помошни средства. Притоа,

истовремено пристапните делови кои можат да бидат на различни

потенцијали не смеат да се наоѓаат во просторот на дофатот на

раката од можното стојно место на човекот.

Слика 3.2. Простор на дофат на раката

 заштитени со препреки/прегради – наменети се да спречат случаен

допир со деловите под напон, но и намерен пристап до деловите под

напон со заобиколување на преградата.

3.4. Заштита од индиректен допир

Под индиректен допир се подразбира допир со спроводните делови на

уредите кои во нормален режим на работа не се наоѓаат под напон, но во случај


на грешка можат да се најдат под напон према земјата. Овој вид заштита се

Стр. 8 од 36
ЗАШТИТА ОД ЕЛЕКТРИЧЕН УДАР

однесува на мерки кои мораат да бидат преземени како дополнителни во однос

на постоечката нормална изолација. Во случај кога таа изолација е пореметена

овие мерки мораат да спречат континуирано присуство на напони на допир кои

се превисоки, односно опасни за луѓето и домашните животни. Тие напони

(потенцијали во однос на земјата) се поголеми од 50V AC или 120V DC. Во IT

системот на напојување (изолирани нисконапонски мрежи) тие напони се

потенцијалите помеѓу земјата и исправните фазни спроводници, ако еден од

фазните спроводници има спој со земја.

Како заштита од индиректен допир се применува:

 заштита со автоматско исклучување на напојувањето.

Заштитата со автоматско исклучување на напојувањето мора секогаш да се

применува. Доколку не може да се примени оваа мерка тогаш може да се

примени:

 заштита со поставување во неспроводни простории;

или

 заштита со локално изедначување на потенцијалите без врзување на

земја;

Освен тоа, за одредени електрични инсталации, за одредена опрема или за

делови од електрични инсталации може да се употреби:

 заштита со примена на екстра-мали напони: SELV и PELV,

или

 заштита со употреба на уреди од класа II или со соодветна изолација;

 заштита со електрично одвојување.

3.4.1. Заштита со автоматско исклучување на напојувањето

Овој тип на заштита се остварува со автоматско исклучување на

напојувањето при појава на грешка за да се спречи појава на напон на допир со

вредност и во времетраење кои не се опасни за човекот според следната слика и

табела.

Стр. 9 од 36
ЗАШТИТА ОД ЕЛЕКТРИЧЕН УДАР

Наизменична Еднонасочна
струја струја

Ефективна вредност на наизменичен напон

Слика 3.3. Крива на најголем дозволен напон на допир во функција од времето на

исклучување на заштитниот орган

Табела 3.3 Највисоки вредности на напонот на допир


Најдолго дозволено Највисок очекуван напон на допир UL
време
на исклучување Ефективна вредност на Еднонасочен
[s] наизменичниот напон [V] напон [V]
 <50 ≤120
5 50 120
1 75 140
0,5 90 160
0,2 110 175
0,1 150 200
0,05 220 250
0,03 280 310

Забелешка: За мрежи со номинален напон 230V, со TN-системот на заштита,


времето на исклучување изнесува 0,4s.

Стр. 10 од 36
ЗАШТИТА ОД ЕЛЕКТРИЧЕН УДАР

При појава на спој помеѓу спроводните делови кои се под напон и масата,

заштитниот уред мора автоматски да го исклучи напојувањето на струјното коло

во такво време да не се дозволи одржување на напон на допир поголем од 50V

ефективна вредност за наизменичната струја - AC (или 120V за еднонасочната

струја - DC) така што не претставува ризик од физиолошко делување на

корисникот кој истовремно допира други спроводни делови. Оваа мерка на

заштита се постигнува со координацијата помеѓу:

 типот на напојниот систем (TN, TT или IT);

 карактеристиките на заштитниот спроводник, и

 својствата на заштитниот уред (осигурач од типот gL, инсталациони

автоматски прекинувачи од типот B и C, струјни заштитни склопки,

контролери на изолација).

Прекинување на напојувањето се постигнува со следните заштитни уреди:

 Струјни заштитни склопки,

 Прекуструјна заштита со осигурачи или со инсталациони

автоматски прекинувачи.

Пресекот (карактеристиките) на заштитните спроводници (за заземјување,

спроводници за изедначување на потенцијалите) треба да биде во склад со

следната табела.

Табела 3.4 Пресек на заштитните спроводници во зависност од пресекот на


фазните спроводници
Пресек S на фазните Минимален пресек SPE на
спроводници во mm 2 заштитните спроводници во mm2

S≤16 S

16<S≤35 16

S>35 S/2

3.4.1.1. Главно изедначување на потецијалите

Претпоставка за ефикасност на системот на заштита со автоматско


исклучување на напојувањето е постоење на главно изедначување на
Стр. 11 од 36
ЗАШТИТА ОД ЕЛЕКТРИЧЕН УДАР

потенцијалите. Имено, во зградите, независно од типот на напојниот систем

(освен за згради во кои се применува единствено SELV, PELV или сигурносно

раздвојување) во една точка мораат да бидат меѓусебно поврзани сите спроводни

маси, како што се:

 главен заземјувач (вклучувајќи го и темелниот заземјувач);

 главен заштитен спроводник (собирница);

 собирница (шина) за изедначување на потенцијалите;

 PEN-спроводник кај TN напоен систем;

 надворешни спроводни (метални) инсталации:

 цевки и слични метални конструкции во зградата (водовод1,

плиновод, метални цевки на канализација и сл.);

 метални делови на градежната конструкција на објектот,

централно греење, клима-уреди;

 железото од армираниот бетон на градежната конструкција;

 громобранскиот заземјувач;

 инсталацијата на надворешната антена;

 метални маси на разводниот орман;

 одводници на пренапони.

Поврзувањето на металната обвивка на телекомуникационите кабли се

изведува само ако постои претходна согласност од сопственикот на кабелот.

Имено, за некои телекомуникациони уреди по барање на производителот на

опремата се изведува посебен заземјувачки систем.

Пресекот на заштитните спроводници со кои се врши изведување на

изедначување на потенцијалите треба да биде избран според пресекот на

спроводникот со кој е врзан главниот заземјувач на објектот. Притоа:

1Водоводните цевки не смеат да се користат како заземјувачи ниту пак како заштитни
спроводници
Стр. 12 од 36
ЗАШТИТА ОД ЕЛЕКТРИЧЕН УДАР

 Пресекот треба да биде барем половина од пресекот на спроводникот

со кој е поврзан главниот заземјувач на објектот (Cu спроводник мора

да има најмал пресек 6mm2),

 Ограничување се однесува на пресек од Cu 25mm2 (но исто така и

спроводници со еквивалентна спроводност).

Сите метални делови кои влегуваат во зградата треба во својата најблиска

точка на влегување во објектот да се поврзат на собирницата за главното

изедначување на потенцијалите. Во услови кога не може да се исполнат условите

за автоматско прекинување на напојувањето, во целата инсталација (мрежа) или

во дел од неа, па дури и кога се применува струјната заштитна склопка, се

применува дополнително изедначување на потенцијалите во целата инсталација,

во дел од неа, или само на еден уред.

Стр. 13 од 36
ЗАШТИТА ОД ЕЛЕКТРИЧЕН УДАР

Слика 3.4. Главно изедначување на потенцијалите

3.4.1.2. Системи на заштита во зависност од типот на заземјувањето

Во стандардот IEC 60364-3 се наведени следните системи во зависност од


типот на заземјувањето:

 IT систем

 TT систем

 TN систем кој се јавува во три варијанти:

 TN-C систем

 TN-C-S систем

 TN-S систем
Толкување на ознаките се врши според местото на одделните букви:
Стр. 14 од 36
ЗАШТИТА ОД ЕЛЕКТРИЧЕН УДАР

 Првата буква (I или T) во наведените системи го означува видот на

заземјувањето на изворот на напојувањето (трансформаторска

станица ТС ВН/СН )

 Втората буква (T или N) се однесува на заземјувањето на изложените

проводни делови на уредите кои во нормални услови на работење не

се наоѓаат под напон.

 Дополнителните букви во TN системот (C, C-S, S) ја означуваат

комбинацијата или пак разграничувањето на заштитниот и

неутралниот спроводник.

3.4.1.3. Заштита кај TN напојниот систем

Кај TN напоен систем сите маси на инсталацијата мораат да се врзат со

заземјената точка на TN системот со помош на заштитниот спроводник. Обично

заземјената точка на системот е и неутрална точка на системот. Постојат три

вида на TN системот: TN-S, TN-C-S и TN-C (Слика 3.5.).

1 L

2 L

3 N

TN-S систем

Стр. 15 од 36
ЗАШТИТА ОД ЕЛЕКТРИЧЕН УДАР

1 L

2 L
N
3 P
P
EN
E

TN-C-S систем
L1

L2

L4

PEN

PE

TN-C систем

Слика 3.5. Изведби на TN напоен систем

Стр. 16 од 36
ЗАШТИТА ОД ЕЛЕКТРИЧЕН УДАР

Услови кои мораат да бидат исполнети за ефикасна заштита во TN системот

на напојување:

 Сите изложени спроводни маси на уредите мораат да бидат поврзани

со заземјената точка RB (вообичаено тоа е неутралната точка на

трансформаторот). Според тоа заштитните спроводници мораат да

бидат заземјени во/или блиску (≤50m) до соодветниот

трансформатор;

 Не постои барање за одредена минимална вредност на погонското

заземјување RB. Меѓутоа, за случај на грешка (спој) помеѓу на пр.

надземен спроводник и земјата, мора да биде исполнет следниот

услов:
RB 50 V

RE U 0  50 V

Каде:

RB вкупна отпорност на заземјувањето на сите

паралелни заземјувачи (вклучувајќи го и

заземјувачот на трансформаторот)

RE најмала вредност на отпорот на контактот на

надземниот спроводник и земјата

U0 напон према земја (изразена во V)

50 V гранична вредност на дозволен континуиран

напон на допир (AC)

За НН инсталации (230/400V), овој однос има вредност:


RB 50 1
 
RE 230  50 3,6

 во инсталации со трајно положени кабли чиј што пресек е најмалку

10mm2 Cu или 16mm2 Al, еден ист спроводник може да се користи

како заштитен спроводник и како неутрален спроводник (PEN -


спроводник). За пресеци кои се <10mm2 за Cu спроводници, односно
Стр. 17 од 36
ЗАШТИТА ОД ЕЛЕКТРИЧЕН УДАР

<16mm2 за Al спроводници, или ако се применува TN-S системот,

заштитниот и неутралниот спроводник мораат да бидат раздвоени.

По точката на раздвојувањето овие спроводници не смеат повторно

да се поврзат, а неутралниот спроводник не смее да биде понатаму

заземјен.

 пожелно е да се изведе заземјување на заштитниот спроводник во

дополнителни точки што е можно порамномерно;

 при влезот на заштитните спроводници во зградата тие треба да се

заземјат.

Заштитните уреди и пресеците на спроводниците на струјните кола треба

така да се изберат да настапи автоматско исклучување во време според Слика 3.3.

и според Табела 3.5, кога на било кое место дојде до грешка со занемарлива

импеданса помеѓу фазниот и заштитниот спроводник или изложените спроводни

делови.
Табела 3.5 Максимално дозолени времиња на исклучување во TN системот
(IEC 60364-4-41) за преносливи уреди кои се напојуваат преку
приклучници

Номинален фазен напон U0 во V Време на исклучување во s

230 (U0/U = 230/400V) 0,4

> 400 0,1

За да биде исполнет овој услов треба заштитните уреди и пресеците на

спроводниците да го задоволат следниот услов:


Zs Ia ≤ Uo или

U0
Zs 
Ia

Каде:
Zs - импеданса на струјното коло на грешката (во пресметките се употребува

омска отпорност, со што се прави мала грешка),


Ia - струја на активирање на заштитниот орган,

U0 - напон помеѓу фазниот спроводник и земјата (фазен напон).


Стр. 18 од 36
ЗАШТИТА ОД ЕЛЕКТРИЧЕН УДАР

Како органи за заштита можат да се користат:

 заштитни органи кои се активираат при појава на преголема струја

(поголема од номиналната струја):

 осигурувачи според IEC 60629 погонска класа gL/gG, gM според

следната табела:
Табела 3.6 Струја на активирање за осигурувачи според погонска класа
gL/gG, gM

Струја на активирање во A

Номинална струја In во A 5s 0,4 s 0,2 s 0,1 s

6 28 50 60 73

10 48 80 95 120

16 70 120 140 180

20 86 150 180 220

25 115 210 250 300

35 130 200 270 440

50 250 460 570 690

63 330 610 720 900

80 430 800 980 1100

100 580 1050 1200 1400

 за инсталациони автоматски прекинувачи (во време помало од

100ms) за струјата на активирање важи следната табела:


Табела 3.7 Струја на активирање за инсталациони автоматски прекинувачи

ТИП НА ПРЕКИНУВАЧ СТРУЈА НА АКТИВИРАЊЕ ВО A

Карактеристика A 3  In

Карактеристика B 5  In

Карактеристика C 10  In

Карактеристика D 20  In

 заштитни уреди кои се активираат при појава на диференцијална


струја (исклучок: струјните заштитни склопки не смеат да се

Стр. 19 од 36
ЗАШТИТА ОД ЕЛЕКТРИЧЕН УДАР

употребат во TN-C системот) максималното време на активирање

изнесува 200ms.

Доколку не може да се постигне бараниот услов за исклучување на

напојувањето кога се употребуваат заштитни органи кои се активираат при

појава на преголема струја, се препорачува употреба на струјни заштитни

склопки. Како алтернатива, во такви случаи може да се примени и дополнително

(локално) изедначување на потенцијалите.

Во TN-C системот на PEN собирницата можат да се поврзат PE, N и PEN

спроводниците на електричните инсталации во објектот. За да се спречи

електрична интерференција не се препорачува да се употребуваат PEN

спроводници во згради каде што се поставени телекомуникациски инсталации,

во болници и сл. Во такви услови се препорачува изведбата TN-S и TN-C-S.

Влијанието на електрична интерференција е прикажано на Слика 3.6. на пример

со два компјутери кои се напојуваат во TN-C-S системот, односно преку

собирниците L1, N и PE. Компјутерите се врзани во компјутерска мрежа преку

армиран кабел кој е заземјен на своите два краја. Струите на спроводниците L1 и

N се меѓусебно урамнотежени, а струјата на PE спроводникот е еднаква на нула,

што значи потенцијалот на PE спроводникот секаде во инсталацијата е еднаков

на нула.

На Слика 3.7 двата компјутери се напојуваат преку TN-C системот, односно

преку собирниците L1 и PEN. Заради повратната струја низ PEN спроводникот се

јавува потенцијална разлика (ΔU) која практично го доведува под напон

комуникацискиот вод (преку заштитните спроводници со кои компјутерите се

поврзани со PEN спроводникот). Како резултат се јавуваат струи низ

комуникацискиот вод, односно доаѓа до раздвојување на повратната струја од

PEN спроводникот низ комуникацискиот вод. Според тоа струите низ фазниот

спроводник L1 и PEN спроводникот не се урамнотежени. Како резултат се јавува

електромагнетно поле околу енергетскиот кабел кое е причина за појава на


интерференција на пр. забележлива на мониторите на компјутерите.
Стр. 20 од 36
ЗАШТИТА ОД ЕЛЕКТРИЧЕН УДАР
sobi r ni c i
PE N L1

Tel ekomuni -
kac i onen vod
U0

Vl ez vo objekt ot
PEN L1

Слика 3.6. TN-C-S систем

Стр. 21 од 36
ЗАШТИТА ОД ЕЛЕКТРИЧЕН УДАР
sobi r ni c i
PEN L1

Tel ekomuni -
kac i onen vod
U0

Vl ez vo objekt ot

PEN L1

Слика 3.7. TN-C систем

Во TN-S и TN-C-S системите секој заштитен и неутрален спроводник треба да

се поврзе на посебен контакт на PE и N собирниците во разводната табла.

Издвојувањето на N-собирницата се врши во случаи кога е потребна честа

контрола на отпорот на изолацијата на неутралните спроводници во однос на

земјата. На пример во услови на опасност од пожар, заради мерење на отпорот на

изолацијата треба да се одвои N од PE (земјата).

Предности на овој систем на напојување:

 мала цена – доволно е масата на уредите да се поврзе со помош на

заштитниот спроводник на PEN спроводникот. Тоа е помала

Стр. 22 од 36
ЗАШТИТА ОД ЕЛЕКТРИЧЕН УДАР

инвестиција од вградување на заштитни заземјувачи со мал преоден

отпор на заземјувањето;

 одржување – не бара посебно одржување.

Недостатоците на TN-системот на напојување произлегуваат од

неисполнување на условите за ефикасност на заштитата. Тоа може да доведе до

поголеми несакани последици во споредба со другите системи на заштита, како

на пр. загрозување на животите на корисниците на целото подрачје на ТС. До тоа

доаѓа при:

 не прегорување на осигурачот, што во градски подрачја доведува во

опасност голем број на луѓе;

 несоодветен отпор на заземјување на ѕвездиштето на

трансформаторот. Тогаш на него може да се појави висок напон на

допир во случај на земјоспој на било која фаза;

 прекин на PEN спроводникот по последниот дополнителен заземјувач

(опасност присутна кај воздушните водови);

 заради голем број несигурни продолжетоци и споеви на PEN

спроводникот, може да дојде до прекин или голем преоден отпор на

споевите. Тоа е карактеристично во условите на несовесно ракување

и одржување на разводните постројки и инсталации;

 недоволен пресек на заштитниот спроводник.

3.4.1.4. Заштита кај TT напојниот систем

Сите изложени спроводни делови на уредите, кои се штитат преку исти

заштитни органи, мораат да бидат поврзани со помош на заштитниот спроводник

на:

 сопствен заземјувач,

 заземјувач на група на уреди.

Стр. 23 од 36
ЗАШТИТА ОД ЕЛЕКТРИЧЕН УДАР

Сите изложени спроводни делови на уредите кои можат да се допрат во исто

време мораат да бидат поврзани со заштитен спроводник на ист заземјувач.

Неутралната точка на напојниот трансформатор исто како и кај TN системот мора

да биде заземјена. За TT системот не постои барање за одредена минимална

вредност на погонското заземјување RB, но за разлика од TN системот, овде не се

поставуваат посебни барања со оглед на одност RB/RE (види поглавје 3.4.1.3).

За да се обезбеди ефикасна заштита потребно е да биде исполнет следниот

услов:
RA Ia ≤ 50 V
50 V
RA 
Ia

Каде:
RA сума на отпорности на заштитниот спроводник и на заземјувачите
на кои се врзани масите на уредите,
Ia струја на автоматско активирање на заштитниот орган за време
од 5s (без дополнителни барања како кај TN системот). Доколку се
употребува струјната заштитна склопка Ia се однесува на
номиналната струја на активирање In. Потребните струи на
активирање за осигурачите се дадени во Табела 3.6.
50 V дозволен напон на континуиран допир.

Кај овој заштитен систем, приоритет има заштитниот уред на

диференцијална струја (струјна заштитна склопка), а потоа заштитните органи

кои се активираат при појава на преголема струја.

Неколку примери за вредности на отпорот RA:

 за струјна заштитна склопка со In = 30mA отпорот RA изнесува:


50 V
RA   1,67 kΩ
30 mA

 за инсталационен автоматски прекинувач со In = 16A, со


карактеристика B, според табела 3.7 Ia = 5In , отпорот RA изнесува:
50 V
RA   0,625 Ω
5 16

 со оглед на барањето за мала вредност на отпорот на заземјувањето,


условите за прекинување во TT системот можат да бидат исполнети

Стр. 24 од 36
ЗАШТИТА ОД ЕЛЕКТРИЧЕН УДАР

само со осигурувачи со мала номинална струја (<16A). На пр.: според

Табела 3.6 за In = 16A, струја на прекинување за 5s изнесува 70A, па

според тоа:
50 V 50
RA    0,7 
Ia 70
L1

L2

L3

Слика 3.8. TT-систем на напојување


3.4.1.5. Заштита кај IT напојниот систем

Сите изложени спроводни делови на уредите, кои се штитат преку исти

заштитни органи, мораат да бидат поврзани со помош на заштитниот спроводник

на:

 сопствен заземјувач,

 заземјувач на група на уреди.

Стр. 25 од 36
ЗАШТИТА ОД ЕЛЕКТРИЧЕН УДАР

Основно барање кое се поставува за IT системот е сите спроводници

вклучувајќи го и неутралниот спроводник да бидат добро изолирани во однос на

земјата. Доколку е потребно тие можат да бидат заземјени (поврзувањето на

неутралната точка и земјата) преку доволно голема импеданција (не е

специфицирана таа вредност). Бидејќи станува збор за незаземјен (добро

изолирани во однос на земјата ) систем при појавата на струја на грешка не е

потребно исклучување на напојувањето при настанување на првата грешка.

За да се обезбеди ефикасна заштита потребно е да биде исполнет следниот

услов:

RA Id ≤ 50 V
50 V
RA 
Id

Каде:

RA сума на отпорности на заштитниот спроводник и на

заземјувачите на кои се врзани масите на уредите

Id струја на грешка при појава на првата грешка со занемарлива

импеданција помеѓу активните спроводници и изложените маси

на допир

50V дозволен напон на континуиран допир.

Овој заштитен систем претпоствува задолжително инсталирање на мерач и

контролер на изолацијата со звучна и/или визулена сигнализација при појавата


на првата грешка. Кога ќе се појави првата грешка, мора да биде исполнет

условот за исклучување на напојувањето при појава на втора грешка.

Кај овој систем на заштита се применува “заштита со прекинување на

напојувањето” и “заштита со индикација”. И во двата случаи при појава на првата

грешка не се прекинува напојувањето. Во случај на “заштита со прекинување на

напојувањето” при појавата на втора грешка (спој на друг фазен спроводник со

заземјена маса) пак не предизвикува моментално прекинување на напојувањето.

Стр. 26 од 36
ЗАШТИТА ОД ЕЛЕКТРИЧЕН УДАР

Но, при “заштита со индикација” појавата на втората грешка мора да предизвика

моментално прекинување на напојувањето.


L1
L2
L3
Id=Id1+Id2

Id1
R<

Id2

Слика 3.9. IT систем на напојување (при настанување на првата грешка)

Условите за исклучување на напојувањето при појава на втора грешка

зависат од видот на заземјувањето на изложените маси на допир. Ако масите на

уредите се заземјени одделно или во група, условите за прекин на напојувањето,

слични како кај ТN системот, мораат да бидат исполнети.

Слика 3.10 Услови за исклучување при појава на втората грешка

Стр. 27 од 36
ЗАШТИТА ОД ЕЛЕКТРИЧЕН УДАР

3.4.2. Заштита со употреба на уреди од класа 2 или уреди со соодветна

изолација

Оваа мерка е предвидена за спречување на појава на опасен напон на

допир на масата на уредите, при појава на грешка во основната изолација.

Заштитата се обезбедува со:

 опрема со двојна или зајакната изолација (опрема со класа 2)

 фабрички изведена опрема која има потполна изолација (означена со

соодветен симбол, види подоле во текстот).

Неколку услови мораат да бидат исполнети за да се обезбеди успешност на

заштитата:

 Сите метални делови на уредите кои се одвоени од струјните кола

(фазните спроводници и неутралниот спроводник) со основна

изолација, мораат да бидат обложени со изолациона обвивка со

степен на заштита IP 2X или IP XXB (според IEC 60529).

 Изолационата обвивка мора трајно да ги издржи механичките,

електричните и термичките напрегања. Бојата, лакот и слични

обививки не можат да ги задоволат наведените напрегања.

 Доколку изолационата обвивка не била тестирана или пак е

непозната ефикасноста на заштитата, таа мора да биде подложена на

тестирање (според IEC 60364-6-61; вообичаен тест се изведува со 4kV

за 1 минута).

 Во изолационата обвивка на уредот кој припаѓа на оваа класа не

смеат да бидат присутни метални маси преку кои напоните можат да

се изнесат надвор од уредот. Мора да се одржи ефикасноста на

заштитата ако метални спојки и навртки мораат да бидат вградени

во изолационата обвивка – треба да се обезбеди нивна изолација во

однос на металните делови од внатрешноста на уредот. Во случаи

каде се употребуваат пластични навртки, изолацијата (заштитата) не


смее да биде нарушена кога овие навртки ќе се заменат со метални.
Стр. 28 од 36
ЗАШТИТА ОД ЕЛЕКТРИЧЕН УДАР

 Доколку на самите уреди се наоѓа капак или вратичка кои можат да

бидат отворени без помош на алатки, струјните кола позади капакот

или вратичката мораат да бидат прекриени со изолациски материјал

со степен на заштита IP 2X или IP XXB.

 Оваа опрема се означува со симболот закачен на видливи

внатрешни и надворешни страни на изолационата обвивка. Каблите,

односно спроводниците не се означуваат со овој симбол.

Дополнителната изолација на електричната опрема која има само основна

изолација, како и зајакната изолација на неизолираните делови кои се под напон,

треба дополнително да бидат означени со ознаката: . Тоа значи дека не

смее да се поврзува масата на уредите со заштитен спроводник, односно со

заземјувач. Тоа значи дека уредот од класа 2 не смее да има заштитен контакт,

односно кабелот со кој се напојува уредот не смее да има заштитен спроводник.

На уредите од класа 2 можат да се изведат приклучоци (контакти) преку кои

можат да се напојуваат други уреди. Во тие приклучоци покрај фазните

спроводници и неутрален спровдник може да се изведе и контакт за заштитен

спроводник. Ако заштитните спроводници се внесуваат во уредите од класа 2,

тогаш овие спроводници и нивните контакти внатре во овие уреди треба да

бидат третирани како дел од струјните кола, па според тоа тие треба да бидат

изолирани во однос на достапните метални (спроводни) маси.

Стр. 29 од 36
ЗАШТИТА ОД ЕЛЕКТРИЧЕН УДАР

Слика 3.11. Уред од класа 2

Доколку достапните метални (спроводни) маси се поврзани со заштитниот

спроводник, тогаш уредот од класа 2 поминува во уред од класа 1. Според тоа

знакот мора да биде отстранет, а достапните метални маси треба да бидат

цврсто поврзани преку заштитен спроводник на контактот кој мора да го носи

симболот .

3.4.3. Заштита со поставување во неспроводни простории

Намената на оваа заштита се состои во спречувањето на истовремено

допирање на достапните метални маси на различни уреди со различен

потенцијал во случај на грешка на основната изолација на деловите кои се под


напон.

Стр. 30 од 36
ЗАШТИТА ОД ЕЛЕКТРИЧЕН УДАР

Како неспроводна просторија се смета онаа која има изолационен под и

изолациони ѕидови и ако следните услови се исполнети истовремено:

 да се обезбеди соодветен распоред на достапни метални маси така

што при нормални услови луѓето да не смеат да допрат:

 достапни метални маси на два уреди истовремено,

 достапни метални маси на еден уред и надворешни метални

маси истовремено,

 Заштитни спроводници со кои се врши поврзување со заземјувањето

не смеат да бидат инсталирани во вакви простории, односно уредите

од класа 1 не смеат да се поврзат со кабел во кој има заштитен

спроводник.

Дополнително, покрај горните услови треба да биде исполнет еден или

повеќе од следниве услови:

 оддалеченост на достапните метални маси на уредите од околните

спроводни делови според растојанијата од сликата за просторот на

дофатот на раката;

 да се постават ефикасни пречки (по можност од изолациски

материјал) помеѓу достапните метални маси на уредите помеѓу себе

како и во однос на околните спроводни делови. На таков начин треба

да се обезбедат потребните растојанија од сликата за просторот на

дофатот на раката. Доколку пречките се направени од метални маси

тие не смеат да бидат заземјени или да бидат поврзани со достапните

метални маси на уредите.

 изолација на околните надворешни метални маси. Оваа изолација

треба трајно да издржува механички напрегања и тестирачки напон

од најмалку 2 kV, а одводната струја не смее да биде поголема од 1 mA.

 електричен отпор на изолацискиот под и ѕид не смее да биде помал


од 50k при Un ≤ 500V AC, односно 100k при Un > 500V AC.

Стр. 31 од 36
ЗАШТИТА ОД ЕЛЕКТРИЧЕН УДАР

 Мораат да бидат превземени мерки околните надворешни метални

маси да не можат да изнесат потенцијали надвор од системот на

разгледуваниот неспроводен простор.

Слика 3.12. Услови за ефикасна заштита со поставување во неспроводни

простории

При настанување на грешка на основната изолација на уредите тие и

понатаму остануваат во работен режим.

3.4.4. Заштита со локално изедначување на потенцијалите без заземјување


Намената на локално изедначување на потенцијалите без спојување со

земјата се состои во спречување појава на опасен напон на допир.

Следниве услови мораат да бидат исполнети за да се обезбеди успешност на

заштитата:

 Сите истовремено достапни спроводни делови и страни спроводни

делови мораат да бидат поврзани со помош на спроводниците за

изедначување на потенцијалите. Пресекот на незаземјените

спроводници за изедначување на потенцијалите не е специфициран.

Стр. 32 од 36
ЗАШТИТА ОД ЕЛЕКТРИЧЕН УДАР

 Така изведеното локално изедначување на потенцијалите не смее да

биде директно поврзано со земјата, ниту преку достапните метални

маси на уредите или преку околните надворешни метални маси.

 Мораат да бидат превземени мерки така што луѓето кои влегуваат во

овој простор (со локално изедначување на потенцијалите без

заземјување) да не можат да допрат опасен напон на допир. Ова

посебно се однесува на случај на спроводен под, кој е изолиран во

однос на земјата, а е поврзан со локално изедначување на

потенцијалите.

Слика 3.13. Заштита со локално изедначување на потенцијалите без

заземјување

При настанување грешка, односно спој на фазен спроводник со масата на

уредот, истовремено истиот потенцијал ќе се појави на сите достапни метални

маси на уредите или на околните надворешни метални маси, според тоа без

појава на опасен напон на допир. Притоа, уредот и инсталацијата и понатаму


остануваат во работен режим.

Стр. 33 од 36
ЗАШТИТА ОД ЕЛЕКТРИЧЕН УДАР

Доколку овој услов не може да биде исполнет треба да се примени мерката

за заштита со автоматско исклучување на напојувањето.

3.4.5. Заштита со сигурносно раздвојување

Сигурносното раздвојување на едно струјно коло на инсталацијата е

наменето за спречување на опасен напон на допир на достапните метални

маси на уредите кој може да настане заради грешка на основната изолација на

струјното коло.

Оваа мерка се применува преку напојување:

 на само еден уред,

 на повеќе уреди.

Следниве услови мораат да бидат исполнети и за двете варијанти:

 производот на напонот (во V) и должината на каблите до сите

поврзани уреди (во m) не смее да ја надмине вредноста 100 000 Vm; а

вкупната должина на кабелот да не ја надмине вредноста од 500 m.

 следниве извори за напојување со електрична енергија мораат да

бидат употребени:

 трансформатор со сигурносно раздвојување (според IEC 60742),

или

 мотор-генератор со раздвоени намотки (според IEC 2/915 CDV),

или

 друг извор за напојување со исто ниво на електрична

сигурност.

 Преносни трансформатори со сигурносно раздвојување мораат да

бидат направени како сигурносна класа 2 или да имаат соодветно

ниво на изолација. Перманентно инсталираните трансформатори со

сигурносно раздвојување мораат истотака да бидат направени како

сигурносна класа 2 или да имаат соодветно ниво на изолација, или да

бидат направени така да изолацијата која ја задоволува сигурносна

Стр. 34 од 36
ЗАШТИТА ОД ЕЛЕКТРИЧЕН УДАР

класа 2, ги раздвојува излезот (секундарно коло) од влезот (примарно

коло) и од спроводното куќиште на трансформаторот.

 Струјните кола не смеат да бидат поврзани со други кола, ниту пак со

заземјувач или со заштитни спроводници.

 Достапните метални маси на уредите во секундарното коло не смеат

да бидат заземјени или поврзани со достапните метални маси на

уреди на кои се применуваат други заштитни мерки.

 Секундарните кола мораа да бидат заштитно раздвоени од други

кола. Тоа раздвојување мора да одговара на она од примарното и

секундарното коло.

 Напонот на колото со сигурносно раздвојување не смее да ја надмине

вредноста 500V .

 Може да се примени само едно струјно коло.

 Сите достапни метални маси на уредите кои се напојуваат од еден

извор со сигурносно раздвојување мораат меѓусебно да бидат

поврзани со незаземјен, изолиран спроводник за изедначување на

потенцијалите. Овој спроводник не смее да биде поврзан со заземјени

заштитни спроводници, или со достапните метални маси на уреди на

кои се применуваат други заштитни мерки, или со металното

куќиште на изворот. Ако се употребуваат уреди со класа 2 не е

потребно меѓусебно поврзување со спроводник за изедначување на

потенцијалите.

 Во колку се употребат приклучници и утикачи, тогаш заземјувачкиот

контакт мора да биде поврзан со спроводник за изедначување на

потенцијалите.

При настанување на грешка (спој на фазен спроводник со земја) струјата на

грешка ќе биде многу мала, и тоа зависно од омскиот и капацитивниот отпор на

изолацијата за релативно малите должини на каблите со кои се напојуваат


уредите.
Стр. 35 од 36
ЗАШТИТА ОД ЕЛЕКТРИЧЕН УДАР

Слика 3.14. Заштита со сигурносно раздвојување

Мерките за заштита се во склад со следните стандарди:

1. МКС Н.Б2.741 (во склад со стандардот IEC 64-4-41 од 1982)

Стандард за заштита од електричен удар

2. (во склад со стандардот IEC 479-1) Стандард за заштита со

автоматско исклучување на напојувањето.

3. МКС Н.Б2.762 Стандард за мерење на отпорноста на


заземјувачите

Стр. 36 од 36
ИЗБОР НА НИСКОНАПОНСКИ ВОДОВИ

4. Избор на нисконапонски водови

Под избор на нисконапонски вод се подразбира одредување на типот и

пресекот на кабелот. За да се изврши избор на нисконапонскиот вод потребно е да

се познаваат следните податоци:

1. Параметрите на потрошувачот кој треба да се напојува: максимална

моќност, номинален напон, фактор на моќноста cos, коефициент на

полезно дејство  итн.

2. Мобилноста на потрошувачот: дали е неподвижен или подвижен.


3. Изворот на напојувањето и оддалеченоста на потрошувачот од

изворот на напојувањето.

4. Услови на сместување на водот: надворешни влијанија, присуство на

други струјни кола итн.

Типот на кабелот се одредува врз основа на податоците 2. и 4. Пресекот на

нисконапонскиот кабел се одредува врз основа на податоците 1., 3. и 4. и тоа

според следните критериуми:

 дозволено струјно оптоварување,

 дозволен пад на напонот,

 ефикасност на заштитата од превисок напон на индиректен допир.

4.1. Заштита од прекумерни струи – дозволено


струјно оптоварување на каблите

Каблите кои се наоѓаат под напон треба да бидат заштитени со уреди за

автоматско прекинување на напојувањето во случај на појава на

 преоптоварување во нормални услови на работа, и

 куса врска.

Стр. 1 од 8
ИЗБОР НА НИСКОНАПОНСКИ ВОДОВИ

Заштитните уреди мораат да ја прекинат секоја струја на преоптоварување

пред да настане зголемување на температурата која е дозволена за дадена

изолација на кабелот, за споевите или за околината. Тие мораат да обезбедат

прекинување на струјата на куса врска пред да бидат предизвикани топлински и

механички оштетувања на каблите и споевите. Притоа, заштитните органи не

мора да ја штитат опремата (потрошувачите) која е приклучена на кабелот.

Имено, најчесто самите потрошувачи имаат сопствена заштита во вид на

осигурачи, релеи, термостати, и сл.

Заштитните уреди мораат да се постават на почетокот на секое струјно коло,

но исто така и во оние делови на струјното коло каде се смалува:

 дозволеното струјно оптоварување

 потребното ниво на заштита од струи на куса врска.

Тоа се случува на пример на оние локации каде се менува пресекот на

спроводникот или таму каде се менуваат условите на поставување на

инсталацијата (влијанието на околната средина).

4.1.1 Заштита од струјата на преоптоварување.

Координацијата на пресекот на каблите и заштитните уреди се остварува

преку следните два услова:

Ib  In  Iz ........... (4.1)

I2  1,45 Iz ........... (4.2)

Каде што:
Ib струја за која е проектирано струјното коло (номинална струја на

потрошувачот),
In номинална струја на заштитниот уред (или струјата на нагодување

на уредите за прекумерна струја, како на пр. биметално реле и сл.),

Стр. 2 од 8
ИЗБОР НА НИСКОНАПОНСКИ ВОДОВИ

Iz дозволена струја на оптоварување на кабелот (одредена е во

зависност од условите на поставување на кабелот според

стандардот: MK N.B2.752),
I2 струја која обезбедува сигурно активирање на заштитниот уред. За

осигурувачи од типот gG/gL, I2 е струја која ќе го прегори топливиот

вметок во време до 1 час (на пр. за осигурувач со In = 10 A  I2 =

1,910 = 19 A). За инсталациони автоматски прекинувачи B, C и D за In

= 63 A, I2 е струја која ќе го активира автоматскиот прекинувач во

време до 1 час.

Условот (4.1) ги одредува условите за:

- избор на големината на номинална струја или нагодување на органите за


заштита од преоптоварување (Ib  In), и

- избор на соодветен спроводник (In  Iz).

Условот (4.2) обезбедува заштита од преоптоварување на кабелот. Факторот

1,45 во овој услов е изведен врз основа на искуство и истражувања. Имено, со овој

услов за разгледуваните кабли се дозволува мал (недефиниран) број периоди на

зголемени температури кои одговараат на струи кои не се поголеми 1,45 пати од

нивната дозволена струја во стационарен режим на работа. Овие струи не смеат


да го оптоваруваат кабелот во долги периоди на време.

Поставување на заштитни уреди на секој од каблите кои се паралелно

поврзани, овозможува правилна заштита на секој од каблите. Така на пример, ако

еден од каблите испадне од напојувањето (по појава на грешка и активирање на

заштитата), преостанатите продолжуваат да работат непречено.

Доколку штитењето на кабли кои се поврзани паралелно се врши со

заеднички заштитен уред, тогаш мораат да бидат исполнети следниве услови:

 Сите кабли мораат да имаат исти електрични карактеристики (тип на

кабел, пресек, должина, и исти услови на поставување)

Стр. 3 од 8
ИЗБОР НА НИСКОНАПОНСКИ ВОДОВИ

 Не смее да се менува пресекот на каблите по должината на нивното

поставување.
Доколку се употребува заеднички заштитен уред, тогаш Iz ќе претставува

сума на дозволените струи на оптоварување на сите паралелно поставени кабли.

4.1.2. Заштита од струи на куса врска

Заштитните уреди мораат да ја прекинат секоја струја на куса врска пред да

настане зголемување на температурата која може да биде опасна за изолацијата

на кабелот, за споевите или за околината во која е поставен кабелот. Заштитните

уреди мораат да ја прекинат секоја струја на куса врска пред да настанат

механички оштетувања на каблите и споевите. Заштитниот уред кој е избран да

го штити кабелот од преоптоварување, доколку има прекидна моќност која е

барем еднаква на струјата на куса врска, го штити кабелот не само од

преоптоварување, туку и од струја на куса врска.

Доколку заштитниот уред се бира единствено заради заштита од појава на

куса врска (таму каде што не се бара заштита од преоптоварување), тогаш

очекуваната струја на куса врска во разгледувана точка (се разгледуваат само

критични точки) на инсталацијата треба да биде одредена со пресметка. Таа

струја треба да биде прекината во време за кое температурата на изолацијата на


спроводниците во кабелот нема да ја надмине дозволената вредност. За куси

врски кои траат до 5 секунди, времето t за кое струјата на кусата врска ќе ја

подигне температурата на изолацијата на највисоката дозволена вредност може

да се пресмета според формулата:


s ........... (4.3)
t c
I
t време на протекување на струјата на куса врска (s);

s пресек (mm2);

I ефективна вредност на струјата на куса врска (A);

Стр. 4 од 8
ИЗБОР НА НИСКОНАПОНСКИ ВОДОВИ

c коефициент кој зависи од изолацијата на спроводникот, видот на

материјалот на спроводникот (види ја Табела 4.1. c не е дефиниран

за: мали пресеци <10mm2, времетраење на зголемената струја

подолго од 5 секунди, голи спроводници, спроводници со минерална

изолација).

Табела 4.1 Вредности на коефициентот c


Изолација Напон (kV) Материјал Дозв.темп.(oC) c
P 10 Cu 160 112
P 10 Al 150 75
PE 35 Cu 150 108
PE 35 AL 150 73
IP 6 Cu 180 116
IP 6 AL 180 75
P 1 Cu 160 115
P 1 Al 160 74
G 1 Cu 160 120
G 1 Al 160 78

4.2. Дозволен пад на напон

Дозволениот пад на напонот помеѓу точката на напојување на електричната

инсталација и која и да било друга точка не смее да биде поголем од:

 ако електричната инсталација се напојува од нисконапонската

дистрибутивна мрежа: за струјно коло на осветлението 3%, а за

струјно коло на другите потрошувачи 5%.

 ако електричната инсталација се напојува од сопствена


трансформаторска станица (СН/НН): за струјно коло на осветлението

5%, а за струјно коло на другите потрошувачи 8%.

Овие падови на напон се однесуваат за потрошувачи кои работат во

стационарен режим. За преодните режими, како што е на пр. пуштањето во работа

на елктричните мотори, се дозволуваат поголеми падови на напонот. Меѓутоа, во

режимот на пуштање потребно е да се обезбеди напон кој ќе овозможи доволен

Стр. 5 од 8
ИЗБОР НА НИСКОНАПОНСКИ ВОДОВИ

задвижувачки момент на електричниот мотор. Овие барања ги дефинира

производителот на опремата.

Како објаснување за големината на дозволениот пад на напон треба да се

има предвид дека смален напон за 5% може да предизвика и до 10% смалена

излезна моќност, а кај сијалиците и поголемо смалување на осветленоста, како и

смален експлоатационен век. Поголеми падови на напон од дозволените

предизвикуваат поголеми струи кај електричните мотори, па и нивно

прегорување.

4.3. Пресметка на пад на напон

За трифазен урамнотежен вод падот на напонот се пресметува според

следниот израз:
x ........... (4.4)
u  3Il (r cos  x sin  )  3Irl cos (1  tg )
r

За еднофазен вод (ако фазниот и неутралниот спроводник се со ист пресек)

падот на напонот се пресметува според следниот израз:


x ........... (4.5)
u  2 Il (r cos  x sin  )  2 Irl cos (1  tg )
r

Каде што:
u пад на напон (V);
I ефективна вредност на струјата во спроводникот (A);

l должина на спроводникот (km);

r активна отпорност на спроводникот (Ω/km);

x рективна отпорност на спроводникот (Ω/km);

cosφ фактор на моќноста на потрошувачот кој се напојува преку

разгледуваниот вод.

Ако за трифазен вод важи:

Стр. 6 од 8
ИЗБОР НА НИСКОНАПОНСКИ ВОДОВИ

........... (4.6)
P  3U n I cos

и ако процентуалниот пад на напон се дефинира на следниот начин:


u
u  100 ........... (4.7)
Un

тогаш, процентуалниот пад на напонот за трифазен вод може да се прикаже

со следната формула:
100 PR x
u 2
(1  tg ) ........... (4.8)
Un r

Слично, процентуалниот пад на напонот за еднофазен вод може да се

прикаже со следната формула:


200 PR x
u 2
(1  tg ) ........... (4.9)
Uf r

Каде што:
 u% пад на напон (%);

P моќност (W);
Un номинален (меѓуфазен) напон (V);

Uf фазен напон (V);

R=rl активна отпорност на спроводникот (Ω)


Врз основа на формулите за пресметка на падот на напонот (4.8) и (4.9), за

изолација со најголема дозволена температура 70oC (PVC, минерална, природна

гума), падот на напонот може да се пресмета според следната формула:

 Pl i i
x
u %  i
(1  tg ) ........ (4.10)
ks r

Каде што:
Pi моќност низ делницата i (kW);
li должина на делницата i (m);

k коефициент за 70oC (kWm/mm2).

Стр. 7 од 8
ИЗБОР НА НИСКОНАПОНСКИ ВОДОВИ

Сумата во горниот израз се однесува за напојување на повеќе потрошувачи

во едно исто струјно коло, под услов типот на кабелот, пресекот и материјалот на

спроводниците да е ист во сите делници.

Табела 4.2 Вредност на коефициентот k во изразот за пад на напон


коефициент k за спроводници со изолација од PVC, минерална,
природна гума за 70oC (kWm/mm2)
материјал на спроводникот 220V 380V
бакар 11 66
алуминиум 6,7 40

4.4. Ефикасност на заштитата од превисок напон на


допир

За да се утврди ефикасноста на заштитата од превисок напон на допир за

разгледувано струјно коло од TN-системот на напојување, потребно е да се

провери должината, а со тоа и соодветниот пресек на спроводникот (или

импеданцијата на струјното коло на грешка) со оглед на струјата што треба да го

активира заштитниот уред за прекуструјна заштита.

Стр. 8 од 8
ЗАШТИТА НА ОБЈЕКТИ ОД АТМОСФЕРСКИ ПРАЗНЕЊА

5. Заштита на објекти од атмосферски


празнења

5.1 Врска со други стандарди

МКС НБ4-803 Заштита на објекти од атмосферски празнења - Просечен

годишен број денови со грмотевици

МКС Н.Б4-804 Заштитата на објекти од атмосферски празнења - Толерирана

зачестеност на атмосферски празнења

МКС Н.Б4-901 до МКС.Н.Б4-950

5.2 Вовед

Електрично празнење настанува помеѓу облак и земјата и е составено од

еден или повеќе удари. Притоа, удар претставува едно електрично празнење во

рамките на атмосферското празнење кон земјата или објектот, додека точка на

удар е точката во која атмосферското празнење го допира системот на заштита од

атмосферски празнења (СЗАП), објектот или земјата.

Атмосферското празнење чија точка на удар е на објектот или на неговиот

СЗАП се нарекува директно атмосферско празнење.

Атмосферското празнење чија точка на удар е во близина на објектот или во

инсталациите кои влегуваат во објектот се нарекува индиректно атмосферско

празнење.

Системот на заштита од атмосферски празнења се состои од надворешна и

внатрешна инсталација за заштита од атмосферски празнења.

Надворешната инсталација за заштита од атмосферски празнења (НИЗАП) се

состои од системите на:

 фаќачи,

 одводни спроводници,

Стр. 1 од 27
ЗАШТИТА НА ОБЈЕКТИ ОД АТМОСФЕРСКИ ПРАЗНЕЊА

 заземјувачи.

Природните компоненти (на пр. челичната арматура, метален скелет на

објектот итн.), чија спроводливост може да се измери, можат да се користат како

дел од СЗАП под услов тие трајно да останат на објектот, да не бидат променети, а

спојните точки да се обезбедат во текот на изградбата на објектот. Природните

компоненти можат да се користат само со согласност на проектантот или

сопственикот на објектот.

Внатрешната инсталација за заштита од атмосферски празнења (ВИЗАП) се

состои од сите дополнителни мерки со кои се намалува електромагнетното

влијание на атмосферското празнење во внатрешноста на штитениот простор.

СЗАП не може да го спречи настанувањето на атмосферските празнења. До

сега не постои уред ниту метод за спречување на настанување на атмосферски

празнења или спречување на атмосферско празнење во објекти. Според тоа, СЗАП

не обезбедува апсолутна заштита на објекти или луѓе. Сепак овој систем

значително го намалува ризикот од оштетување предизвикано од атмосферското

празнење во заштитуваниот објект.

Типот и местото на поставување на СЗАП треба да се одбере уште во фазата

на проектирање на објектот за да може ефикасно да се искористат неговите


електрично спроводни делови. Исто така е потребно да се одреди специфичната

отпорност на земјата и нејзината природа и тоа уште во фазата на проектирање

на објектот затоа што откако ќе започне изградбата на објектот може да биде

невозможно да се искористат темелните заземјувачи со цел да се направи

ефикасен заземјувач. Според тоа, потребна е координација во работата на

архитектите, проектантите на СЗАП и изведувачите за да се добие ефикасен СЗАП.

Овој текст содржи информации за проектирање изведување контрола и

одржување на СЗАП, каде како фаќачи се користат метални стапови, затегнати

жици и мрежи од спроводници. Понатаму во текстот ќе бидат изложени

Стр. 2 од 27
ЗАШТИТА НА ОБЈЕКТИ ОД АТМОСФЕРСКИ ПРАЗНЕЊА

постапките за проектирање и изградба на СЗАП на објекти чија висина е помала

од 60 m. Во овој текст не се опфатени следниве случаи:

 железници,

 системи за производство, пренос и дистрибуција на електрична

енергија надвор од згради,

 телекомуникациони системи надвор од згради,

 возила, бродови, авиони и инсталации на море.

Потребно е да се дефинираат услови за проектирање на СЗАП во случаи како

што се:

 високи објекти (над 60 m),

 објекти опасни за околината поради можна експлозија или ширење на

пожар,

 објекти опасни за околината поради можна емисија на отровни,

радиоактивни или загадени материи,

 привремени објекти и објекти во изградба,

 шатори, кампови и спортски терени,

 инсталации и електронска опрема чувствителна на пренапони.

5.3 Надворешна инсталација за заштита од


атмосферски празнења

Надворешната инсталација за заштита од атмосферски празнења, има за цел

да ги прифати атмосферските празнења, да ја спроведе струјата од точката на

удар кон земјата и да ја распредели во земјата без да предизвика термички и

механички штети на објектот што треба да биде заштитен, ниту пак пренапони

опасни за луѓето.

Изборот на вид на надворешна инсталација за заштита од атмосферски

празнења пред сè зависи од тоа дали термичките ефекти при удар, можат да

предизвикаат оштетувања на објектот или на содржината во волуменот што

Стр. 3 од 27
ЗАШТИТА НА ОБЈЕКТИ ОД АТМОСФЕРСКИ ПРАЗНЕЊА

треба да се заштити (на пр. објекти со покрив или ѕидови што лесно се

запалуваат). Во такви случаи се изведува изолирана надворешна инсталација за

заштита од атмосферски празнења.

Надворешната инсталација за заштита од атмосферски празнења (НИЗАП) се

состои од системите на:

 фаќачи,

 одводни спроводници,

 заземјувачи.

5.3.1 Систем на фаќачи

Системите на фаќачи се изведуваат од било која комбинација на:

 метални стапови,

 метални затегнати жици (јажиња),

 мрежи од спроводници.

При одредување на положбата на системот на фаќачи, главно се користат

следниве методи:

 заштитен агол,

 фиктивна сфера,

 метод на мрежа.
Првиот метод е погоден за згради со едноставна форма, додека вториот

метод на фиктивна сфера се препорачува за покомплицирани случаи. Третиот

метод - “метод на мрежа” се користи таму каде што треба да се заштитат рамни

површини.

Одредувањето на положбата на системот на фаќачи се прави според

избраното ниво на заштита (Табела 5.1). Како се одредува нивото на заштита од

атмосферски празнења ќе биде покажано во поглавје 5.4.

Стр. 4 од 27
ЗАШТИТА НА ОБЈЕКТИ ОД АТМОСФЕРСКИ ПРАЗНЕЊА

Табела 5.1 Податоци кои се потребни при одредување на положбата на

системот на фаќачи
МЕТОД НА ЗАШТИТА
Радиус на фиктивната Големина на окцата Агол на заштита 
НИВО НА сфера R (Слика 5.3) на мрежата M
ЗАШТИТА (m) (m) (0)
I 20 5×5
II 30 10 × 10 Според слика 5.1 и
III 45 15 × 15 5.2
IV 60 20 × 20

Слика 5.1. Зависност на аголот на заштита од висината на објектот при


одредено ниво на заштита



h

Стр. 5 од 27
ЗАШТИТА НА ОБЈЕКТИ ОД АТМОСФЕРСКИ ПРАЗНЕЊА

   

h
Слика 5.2. Приказ на штитена зона за објект со одредена висина h и

заштитен агол α соодветен на нивото на заштита

R
R

Слика 5.3. Приказ на методот со фиктивна сфера

Како “природни компоненти” во системот на фаќачи можат да се користат:

1. Метални покриви на објектот, ако:

 Меѓу составните делови се обезбеди трајна електрична врска (со

лемење, со заварување, со пресување, со заковување или со завртки)

Стр. 6 од 27
ЗАШТИТА НА ОБЈЕКТИ ОД АТМОСФЕРСКИ ПРАЗНЕЊА

 Дебелината на металниот слој не е помала од вредноста t дадена во

Табела 5.2, ако е неопходно да се преземат мерки на претпазливост

против продупчување или да се земат предвид проблемите со

загревањето.

Табела 5.2 Дозволена дебелина на металниот слој на покривот


Ниво на заштита Материјал Дебелина t (mm)
Челик 4
I до IV Бакар 5
Алуминиум 7

 Дебелината на металниот покрив да не е помала од 0,5 mm за

галванизиран челик, некородирачки челик, бакар, алуминиум, цинк и

олово ако не е важно да се избегне продупчување на покривот или да

се земе предвид точката на палење на запаливите материјали под

него.

 Тие не се поставени во изолационен материјал,

 Неметалните материјали над или под металниот покрив можат да се

исклучат од објектот што треба да биде заштитен.

2. Метални делови од покривната конструкција (решеткасти носачи,

поврзана челична арматура итн.) кои се наоѓаат под неметален покрив, доколку

заштитата на објектот не го опфаќа тој покрив

3. Метални делови како олуци, орнаменти, метални огради итн., со пресек кој

не е помал од оној специфициран за стандардните компоненти на системот на

фаќачи

4. Метални цевки и резервоари, доколку тие се конструирани од материјал

чија дебелина не е помала од 2,5 mm и доколку нема да се создаде некоја опасност

или друга неприфатлива состојба ако тие се продупчат

Стр. 7 од 27
ЗАШТИТА НА ОБЈЕКТИ ОД АТМОСФЕРСКИ ПРАЗНЕЊА

5. Метални цевки или резервоари, доколку се направени од материјал чија

дебелина не е помала од соодветната вредност на t од Табела 5.2 и доколку

зголемувањето на температурата на нивната внатрешна површина во точката на

удар не предизвика опасност.

Тенок слој на заштитна боја, 1 mm асфалт или 0,5 mm поливинил хлорид не

се смета за изолатор.

5.3.2 Системи на одводни спроводници

Со цел да се намали можноста за појава на штета при протокот на струјата во

СЗАП, одводните спроводници треба да се постават така што од точката на удар

до земјата:

 треба да постојат неколку паралелни патишта за струјата,

 должината на патиштата на струјата да биде минимална,

 секаде каде што е неопходно да се изведе изедначување на

потенцијалите.

5.3.2.1 Распоредување на одводни спроводници кај изолиран СЗАП

 Ако системот на фаќачи се состои од метални стапови на одвоени

јарболи (или на еден јарбол), тогаш за секој јарбол е потребен барем

еден одводен спроводник. Во случај на јарболи направени од метал


или поврзана челична арматура, не е потребен одводен спроводник.

 Ако системот на фаќачи се состои од затегнати спроводни жици (или

една жица или едно јаже), на секој крај на секоја жица е потребен

барем еден одводен спроводник.

 Ако системот на фаќачи формира мрежа од спроводници, за секој

носечки столб е потребен барем еден одводен спроводник.

Стр. 8 од 27
ЗАШТИТА НА ОБЈЕКТИ ОД АТМОСФЕРСКИ ПРАЗНЕЊА

5.3.2.2 Распоредување на одводни спроводници кај неизолиран СЗАП

 Ако системот на фаќачи се состои од еден стапест фаќач, потребен е

барем еден одводен спроводник. Ако системот на фаќачи се состои од

независни стапести фаќачи, за секој фаќач е потребен барем еден

одводен спроводник.

 Ако системот на фаќачи се состои од затегнати спроводни жици (или

јажиња), на секој крај на секоја жица е потребен барем еден одводен

спроводник.

 Ако системот на фаќачи се состои од мрежа од спроводници, потребни

се барем два одводни спроводника, распоредени по периметарот на

објектот што треба да се штити.

Препорачани вредности на растојанието помеѓу одводните спроводници и

помеѓу хоризонталните прстенести спроводници се дадени во Табела 5.3.

Се препорачува растојанието помеѓу одводните спроводници распоредени

по периметарот да биде еднакво. Секаде каде што е возможно, одводниот

спроводник треба да биде блиску до работ на објектот.

Одводните спроводници треба меѓусебно да се поврзат близу до нивото на

земјата.
Табела 5.3 Препорачани растојанија помеѓу одводните спроводници и

помеѓу прстенестите спроводници, во зависност од нивото на заштита


НИВО НА ЗАШТИТА ПРЕПОРАЧАНИ РАСТОЈАНИЈА (m)
I 10
II 15
III 20
IV 25

Стр. 9 од 27
ЗАШТИТА НА ОБЈЕКТИ ОД АТМОСФЕРСКИ ПРАЗНЕЊА

5.3.2.3 Изведба

Одводните спроводници треба да бидат подредени така што во најголема

можна мера да претставуваат директно продолжение на спроводниците од

системот на фаќачи.

Одводните спроводници треба да се постават право и вертикално така што

ќе обезбедат најкраток, директен пат до земјата. Треба да се избегнува

формирање на јамки. Таму каде што тоа не е можно, растојанието d, мерено

помеѓу две точки од спроводникот и должината l на спроводникот помеѓу тие две

точки (Слика 5.4), да биде во согласност со точка 10.3 од МКС Н.Б4.801.

l
d

Слика 5.4.

Одводните спроводници не смеат да се поставуваат во олуци и цевки за

одведување вода од покривот дури и кога одводните спроводници се покриени со

изолационен материјал. Влијанието на влажноста во олуците доведува до

забрзана корозија на одводните спроводници. Се препорачува одводните

спроводници да се постават така за да се обезбеди соодветно растојание меѓу нив

и било кои врати или прозорци.


Одводните спроводници на СЗАП неизолиран од објектот што треба да се

заштити, можат да се постават на следните начини:

 Ако ѕидот е направен од материјал што не може да се запали,

одводните спроводници можат да се постават на површината или во

внатрешноста на ѕидот,

Стр. 10 од 27
ЗАШТИТА НА ОБЈЕКТИ ОД АТМОСФЕРСКИ ПРАЗНЕЊА

 Ако ѕидот е направен од материјал што може да се запали, одводните

спроводници можат да се постават на површината на ѕидовите, само

ако порастот на температурата на одводните спроводници при

поминување на струјата на атмосферското празнење не е опасен за

материјалот од кој е направен ѕидот,

 Ако ѕидот е направен од материјал што може да се запали и порастот

на температурата на одводниот спроводник е опасен, тогаш

одводните спроводници треба да се постават така што растојанието

помеѓу нив и ѕидот секогаш да биде поголемо од 0,1 m. Стегите за

прицврстување, направени од метал, можат да бидат во контакт со

ѕидот.

5.3.2.4 “Природни компоненти”

Следните делови од објектот може да се сметаат за “природни” одводни

спроводници:

 метални инсталации кај кои:

- помеѓу составните делови е постигната електрично непрекината

врска во согласност со барањата од поглавје 5.3.3.5

- димензиите се барем колку оние специфицирани за стандардните


одводни спроводници;

 метален скелет на објектот

 поврзана челична арматура на бетонскиот објект

 фасадни елементи, профили и подконструкции на металните фасади

доколку:

- нивните димензии се во согласност со барањата за одводни

спроводници и нивната дебелина не е помала од 0,5 mm

- нивната електрична непрекинатост во вертикален правец е во

согласност со барањата од поглавје 5.3.3.5, или растојанието меѓу

Стр. 11 од 27
ЗАШТИТА НА ОБЈЕКТИ ОД АТМОСФЕРСКИ ПРАЗНЕЊА

металните делови не е поголемо од 1 mm и препокривањето меѓу два

елемента е најмалку 100 cm2.

Прстенестите спроводници не се неопходни ако како одводни спроводници

се користат челичните скелети на објекти со челична конструкција или

поврзаната челична арматура на бетонски објекти.

5.3.2.5 Испитна спојка

На врската со заземјувачкиот систем, на секој одводен спроводник треба да

се постави испитна спојка, освен во случај на “природни” одводни спроводници

комбинирани со темелните заземјувачи. Спојката треба да биде направена така да

може да се отвори со помош на алат (за да се извршат мерења), но вообичаено таа

треба да биде затворена.

5.3.3 Заземјувачки системи

За да се распредели струјата на атмосферското празнење во земја, без да се

предизвикаат опасни пренапони, многу се поважни формата и димензиите на

заземјувачкиот систем отколку определена вредност на отпорот на

распростирање на заземјувачот. Сепак се препорачува мала вредност на отпорот

на распростирање на заземјувачот.

Од гледна точка на заштитата од атмосферски празнења се препорачува


единствен, интегриран по конструкција заземјувачки систем. Таков заземјувачки

систем е попогоден за сите намени како на пр. заштита од атмосферски празнења,

нисконапонски електроенергетски системи, телекомуникациони системи итн.

Сериозни проблеми од корозија можат да настанат во случаи кога

заземјувачкиот систем користи различни материјали кои се меѓусебно директно

поврзани.

5.3.3.1 Конфигурации на заземјувачите во општи услови

Кај заземјувачките системи се применуваат две основни конфигурации на

заземјувачите тип А и тип Б.

Стр. 12 од 27
ЗАШТИТА НА ОБЈЕКТИ ОД АТМОСФЕРСКИ ПРАЗНЕЊА

5.3.3.1.1 Конфигурација - тип А

Овој тип на конфигурација опфаќа хоризонтални или вертикални

заземјувачи поврзани со секој одводен спроводник. Онаму каде што има прстенест

спроводник кој е поврзан со одводните спроводници и ако прстенестиот

спроводник е во допир со земјата помалку од 80% од својата должина, тогаш

конфигурацијата на заземјувачот сè уште се смета како тип А.

Кај конфигурација - тип А, минимумот на вкупниот број заземјувачи треба да

биде два.

Минималната должина на секој заземјувач е:

 l1 за радијален хоризонтален заземјувач или

 0,5 × l1 за вертикален (или закосен) заземјувач

Каде што l1 е минимална должина на радијалниот заземјувач според слика

5.5. Минималните должини (според слика 5.5) не мора да се применат доколку и

со помала должина се обезбеди отпорност на распростирањето на заземјувачот

помала од 10 Ω.

Слика 5.5. Должина на заземјувачот во зависност од специфичната отпорност

на земјата за дадено ниво на заштита

Стр. 13 од 27
ЗАШТИТА НА ОБЈЕКТИ ОД АТМОСФЕРСКИ ПРАЗНЕЊА

5.3.3.1.2 Конфигурација - тип Б

Овој тип на конфигурација опфаќа прстенест заземјувач вон објектот кој е во

контакт со земјиштето барем 80% од својата должина или темелен заземјувач.

Кај прстенестиот заземјувач, средниот радиус r на површината ограничена

со прстенестиот заземјувач не смее да биде помал од вредноста l1:

r ≥ l1

l1 е претставена на слика 5.5. за одделните нивоа на заштита.

Кога бараната вредност за l1 е поголема од погодната вредност на r, треба да

се додадат дополнителни радијални или вертикални (или закосени) заземјувачи

чии одделни должини lr (хоризонтален) и lv (вертикален) се дадени со равенките:

lr = l1 – r

Бројот на дополнителните заземјувачи не смее да биде помал од одводните

спроводници, а минимум е два.

5.3.3.2 Конфигурации на заземјувачите во посебни услови

Кога се бара изедначување на потенцијалите (поглавје 5.5.1), а не се бара

НИЗАП, како заземјувач може да се употреби хоризонтален заземјувач со должина


l1 или вертикален (косо поставен) со должина 0,5 × l1.

Заземјувачкиот систем на нисконапонските електрични инсталации може да

се користи за оваа намена доколку се постигне вкупна должина на заземјувачот не

помала од l1 за хоризонтален, односно 0,5 × l1 за вертикален (или закосен)

заземјувач.

5.3.3.3 Поставување на заземјувач

Надворешниот прстенест заземјувач се препорачува да биде закопан на

длабочина од барем 0,5 m и не поблиску од 1 m до ѕидовите. Заземјувачите треба

да се постават надвор од просторот што треба да се штити, на длабочина од

Стр. 14 од 27
ЗАШТИТА НА ОБЈЕКТИ ОД АТМОСФЕРСКИ ПРАЗНЕЊА

најмалку 0,5 m и да бидат што е можно порамномерно распоредени, со цел да се

минимизираат влијанијата на меѓусебните електрични спреги во земјата.

Заземјувачот треба да се изведува така да дозволува проверка во текот на

изградбата. Изборот на типот на заземјувачот и длабочината на неговото

поставување треба да биде таков да се минимизираат влијанијата на корозија,

исушување и замрзнување за да се стабилизира еквивалентната отпорност на

распростирање. Притоа, првиот метар од вертикалниот заземјувач не се смета

како меродавен при условите на замрзнување. За терен од цврст камен се

препорачува само конфигурација од типот Б. Длабоко набиен заземјувач може да

биде ефикасен во специјални случаи, кога специфичната отпорност на земјата

опаѓа со длабочината и кога слој со ниска отпорност се појавува на длабочини

поголеми од оние на кои сондите вообичаено се набиени.

5.3.3.4 Природни заземјувачи

Поврзаната челична арматура во бетонот или други погодни подземни

метални конструкции можат да се користат како заземјувачи, доколку нивните

карактеристики се во согласност со барањата од поглавјето 5.3.3.6. Кога

металната арматура се користи како заземјувач, треба да се обрне посебно

внимание на споевите со цел да се спречи механичко разбивање на бетонот.


5.3.3.5 Прицврстување и спојување

Фаќачите и одводните спроводници треба да бидат стабилно прицврстени,

така што електродинамички или ненадејни механички сили (вибрации, наноси од

снег) нема да предизвикаат прекин на спроводниците или нивно разлабавување.

Бројот на споевите по должината на спроводниците треба да е минимален.

Споевите треба да се изработат со голема сигурност, со помош на лемење,

заварување, заковување, пресување или со завртки.

Стр. 15 од 27
ЗАШТИТА НА ОБЈЕКТИ ОД АТМОСФЕРСКИ ПРАЗНЕЊА

5.3.3.6 Материјали и димензии

Употребените материјали треба да можат да ги издржат електричните и

електромагнетните влијанија предизвикани од струјата на атмосферско празнење

и предвидливите повремени удари, без да бидат оштетени.

5.4 Избор на СЗАП

За да се одреди дали е потребен СЗАП и од кој тип, потребно е вредноста на

толерираната зачестеност на атмосферските празнења во објектот Nc да се

спореди со средната годишна зачестеност на директни атмосферски празнења во

објектот Nd.

5.4.1 Најголем толериран годишен број на атмосферски празнења Nc

Кога се проектира заштитата од атмосферски празнења за објекти кај кои

можат да бидат загрозени луѓе, или се загрозени културни и социјални вредности,

вредноста на Nc може да ја пропише надлежен државен орган. Кога станува збор

за заштита на приватен објект, вредноста на Nc може да биде зададена од

сопственикот на објектот или проектантот на СЗАП. Во други случаи,

најголемиот толериран годишен број на атмосферски празнења Nc се проценува

според следниот израз:

Каде што:

- A се одредува според податоците за конструкцијата на објектот,

- B се одредува според податоците за користењето на објектот и присус-

твото на материи кои лесно се запалуваат и експлодираат,

- C се одредува според можните штети кои можат да бидат предизвика-

ни.

A,B и C се одредуваат според следните изрази:

Стр. 16 од 27
ЗАШТИТА НА ОБЈЕКТИ ОД АТМОСФЕРСКИ ПРАЗНЕЊА

5.4.1.1 Одредување на A

Каде што:

- A1 се одредува според типот на ѕидовите (Табела A1),

- A2 се одредува според материјалот на покривната конструкција

(Табела A2),

- A3 се одредува според материјалот на покривот (Табела A3),

- A4 се одредува според присуството и видот на покривните надградби

(ако постојат такви) (Табела A4),

Табела А1. Типови на ѕидови


Типови на ѕидови A1
Армиран бетон, спроводлива метална фасада 5,0
Готови составни делови меѓусебно галвански поврзани, челичен скелет 4,0
или бетон непрекинато поврзан
Ѕидна конструкција, бетон без арматура, готови составни делови, 0,5
меѓусебно спроводно неповрзани
Дрвена конструкција или други запаливи материјали 0,1

Табела А2. Материјал на покривната конструкција


Материјал на покривната конструкција A2
Челик 4,0
Армиран бетон 2,0
Армиран бетон – готови делови 0,5
Дрво 0,1

Табела А3. Материјал на покривот


Материјал на покривот A3
Армиран бетон 4,0
Лим 2,0
Тула, шкрилец 1,0
Пластични фолии, картон, ситен камен 0,5
Меки покриви 0,05

Табела А4. Надградби на покривот


Надградби на покривот A4
Нема покривни надградби 1,0
Незаземјени метални делови, антени 0,5
Електрични уреди 0,2
Чувствителни електрични надградби (на пр. камера за набљудување, 0,1
мерач на температурата)

Стр. 17 од 27
ЗАШТИТА НА ОБЈЕКТИ ОД АТМОСФЕРСКИ ПРАЗНЕЊА

5.4.1.2 Одредување на B

Каде што:

- B1 се одредува според користењето на објектот од луѓе (Табела B1)

- B2 се одредува според карактеристиките на материјалот во објектот

(Табела B2)

- B3 се одредува според вредноста на содржината на објектот (Табела

B3)

- B4 се одредува според мерките и уредите за намалување на штетите

(Табела B4)

Табела B1. Користење на објектот од луѓе


Користење на објектот од луѓе B1
Не постои опасност од паника 1,0
Постои делумна опасност од паника 0,1
Постои голема опасност од паника 0,01

Табела B2. Типови објекти што лесно се запалуваат и експлодираат


Типови објекти што лесно се запалуваат и експлодираат B2
Незапаливи и тешко запаливи објекти (CA1, BE1) 1,0
Запаливи објекти (CA2) 0,2
Лесно запаливи објекти и подложни на експлозија (BE2) 0,1
Објекти кои можат да предизвикаат експлозија (BE3) 0,01
Објекти со нуклеарна технологија 0,01

Табела B3. Вредност на содржината на објектот


Вредност на содржината на објектот B3
Вообичаена содржина 1,0
Вредна содржина 0,2
Содржина од посебно значење и интерес 0,1
Единствена (незаменлива) содржина 0,01

Табела B4. Мерки и уреди за намалување на штетите


Мерки и уреди за намалување на штетите B4
Автоматски уреди за гасење пожар 10,0
Уреди и средства за гасење на пожар 5,0
Уреди за сигнализирање пожари 2,0
Не се преземаат мерки и не постојат уреди 1,0

Стр. 18 од 27
ЗАШТИТА НА ОБЈЕКТИ ОД АТМОСФЕРСКИ ПРАЗНЕЊА

5.4.1.3 Одредување на C

Каде што:

- C1 се одредува според можната штета врз околината, предизвикана од

содржината на објектот (Табела C1)

- C2 се одредува според влијанието на испадот на важните системи за

напојување кои објектот ги нуди преку своите уреди (Табела C2)

- C3 се одредува според останатите последици (Табела C3)

Табела C1. Штети врз околината


Штети врз околината C1
Нема 1,0
Делумни 0,5
Големи 0,1
Многу големи 0,01

Табела C2. Испад на важните системи за напојување кои објектот преку

своите уреди ги става на располагање


Испад на важните системи за напојување C2
Нема испад 1,0
Значителен испад 0,5
Многу голем испад 0,01

Табела C3. Останати штетни последици


Останати штетни последици C3
Мали 1,0
Умерени 0,5
Големи 0,1
Многу големи 0,01

Стр. 19 од 27
ЗАШТИТА НА ОБЈЕКТИ ОД АТМОСФЕРСКИ ПРАЗНЕЊА

5.4.2 Очекувана зачестеност на директни атмосферски празнења во објектот

Nd

Средната годишна зачестеност на директни атмосферски празнења во

објектот Nd се проценува според следниот израз:

Каде што:

- Ng средна годишна густина на атмосферски празнења кон земјата во

регионот каде што е лоциран објектот (како број на атмосферски

празнења по квадратен километар и година)

- Ae еквивалентна изложена површина на издвоениот објект (m2)

- Ce фактор на околината

5.4.2.1 Одредување на Ng

Средната годишна густина на атмосферски празнења кон земјата Ng треба да

се определи со мерење. Ако Ng не е одредена преку мерења, таа може да се

процени според следниот израз:


по km2 годишно

Каде што Td е просечен годишен број на денови со грмотевици добиен од

изокерауничките карти (табела Тd.)


Табела Td. Просечен годишен број на денови со грмотевици
Место Просечен број денови со
грмотевици
Дебар, Струга, Охрид, Ресен, Крива Паланка, 40-50
Кратово, Кочани, Делчево, Берово
Скопје, Куманово, Велес, Штип, Радовиш, Струмица, 30-40
Валандово, Демир Капија, Кавадарци, Прилеп,
Битола, Крушево, Кичево, Гостивар, Тетово
Гевгелија 20-30

Стр. 20 од 27
ЗАШТИТА НА ОБЈЕКТИ ОД АТМОСФЕРСКИ ПРАЗНЕЊА

5.4.2.2 Одредување на Ae

Еквивалентна изложена површина на издвоениот објект Ae претставува

површина на нивото на земјата која има иста годишна зачестеност на директни

атмосферски празнења како објектот. За изолирани објекти Ae е површина

затворена со граничната линија b добиена од пресекот помеѓу површината на

земјата и правата линија со косина 1/3 која ги допира најистакнатите делови на

објектот и ротира околу него (слика 5.6 и 5.7). Еквивалентна изложена површина

на издвоениот објект Ae се пресметува според следниот израз:


( )

1:3 1:3

H
H

S S

3H
3H
W

W
L
A c L
A c

b
b

Слика 5.6 Слика 5.7

Стр. 21 од 27
ЗАШТИТА НА ОБЈЕКТИ ОД АТМОСФЕРСКИ ПРАЗНЕЊА

5.4.2.3 Одредување на Ce

Коефициентот на околината Ce се одредува според топографијата на теренот

и околните објекти лоцирани на растојание до 3H од објектот според следната

табела:

Табела Ce. Коефициент на околината


Локација на објектот Ce
Објектот е лоциран во големо пространство со објекти и дрвја со иста или 0,25
поголема висина (кула, шума)
Објектот е опкружен со помали објекти 0,5
Изолиран објект (нема други објекти на растојание 3H од објектот) 1
Изолиран објект на врв на планина или рид 2

5.4.3 Проектирање на СЗАП

Откако се одредени вредноста на толерираната зачестеност на

атмосферските празнења во објектот Nc и средната годишна зачестеност на

директни атмосферски празнења во објектот Nd се врши проектирање на СЗАП

според следната постапка:

 Ако е Nd < Nc , тогаш не е потребен систем за заштита од атмосферски

празнења.

 Ако е Nd > Nc , тогаш треба да се проектира (инсталира) СЗАП со

ефикасност:

според соодветното ниво на заштита избрано според табела E.

Табела XVII. Определување на нивото на заштита


Ефикасност E Ниво на заштита
Е > 0,98 I + дополнителни мерки на заштита
0,95 < Е  0,98 I
0,90 < Е  0,95 II
0,80 < Е  0,90 III
0 < Е  0,80 IV
Е0 Не е потребна заштита

Стр. 22 од 27
ЗАШТИТА НА ОБЈЕКТИ ОД АТМОСФЕРСКИ ПРАЗНЕЊА

Ако на објектот е инсталиран СЗАП со помала ефикасност од горе

пресметаната Е, тогаш треба да се применат дополнителни мерки на заштита

како на пример:

 Ограничување на напонот на допир и чекор,

 Ограничување на ширење на пожар,

 Мерки кои ќе ги намалат влијанијата на индуцирани пренапони

поради атмосферските празнења врз чувствителната опрема.

5.5 Внатрешна инсталација за заштита од

атмосферски празнења (ВИЗАП)

Внатрешната инсталација за заштита од атмосферски празнења треба да ја

спречи појавата на опасен прескок во објектот што треба да биде заштитен, а кој

прескок потекнува од струјата на атмосферското празнење во НИЗАП.

Како опасни се сметаат прескоците помеѓу НИЗАП, од една страна, и

металните инсталации, електричните и телекомуникационите инсталации во

просторот што треба да се заштитува, надворешните спроводни делови и водови

што влегуваат во објектот, од друга страна.

Опасни прескоци можат да се избегнат со помош на:

 изедначување на потенцијалот,
 изолација помеѓу деловите.

5.5.1 Изедначување на потенцијалот

Изедначување на потенцијалот се постигнува со поврзување на системот за

заштита од атмосферски празнења (СЗАП) со металната конструкција на објектот,

со металните инсталации, со надворешните спроводни делови и со електричните

и телекомуникационите инсталации во објектот што треба да се штити.

Средства за поврзување се:

 спроводници за поврзување, онаму каде што електричната

континуираност не е обезбедена со природно поврзување;

Стр. 23 од 27
ЗАШТИТА НА ОБЈЕКТИ ОД АТМОСФЕРСКИ ПРАЗНЕЊА

 уреди за заштита од пренапони (УЗП), онаму каде што директната

врска со спроводниците за изедначување на потенцијалите не е

дозволена.

Уредите за заштита од пренапони треба да се постават за да можат да се

проверуваат.

5.5.1.1 Изедначување на потенцијалот кај метални инсталации

Изедначување на потенцијалот треба да се изведе на следниве локации:

a) Во визбата или приближно на ниво на земја. Спроводниците за

поврзување треба да бидат поврзани со шина за изедначување на

потенцијалите која е конструирана и инсталирана така што дозволува

лесен пристап при проверка. Шината за изедначување на

потенцијалите треба да се поврзе за заземјувачкиот систем. Кај

поголеми објекти можат да се инсталираат повеќе од една шина за

изедначување на потенцијалите, доколку обезбеди нивно меѓусебно

поврзување.

b) Онаму каде што барањата за изолација не се исполнети.

Интересно е да се спомне дека, ако во објектот што треба да се заштити има

изолациони парчиња вметнати помеѓу цевките за гас или водоводните цевки, тие
треба да се преместат со уреди за заштита од пренапони проектирани за

погонските услови.

5.5.1.2 Изедначување на потенцијалот кај надворешни спроводни делови

Кај надворешни спроводни делови, изедначување на потенцијалот ќе се

изведе најблиску што може до точката на влез во објектот што треба да се штити.

Спроводниците за поврзување треба да го издржат делот од струјата за

атмосферско празнење што минува низ нив.

Стр. 24 од 27
ЗАШТИТА НА ОБЈЕКТИ ОД АТМОСФЕРСКИ ПРАЗНЕЊА

5.5.1.3 Изедначување на потенцијалот кај електрични и телекомуникациони

инсталации кои се наоѓаат во објектот што треба да се заштити

Изедначувањето на потенцијалите се постигнува на локации како под а) и b).

Доколку електричните и телекомуникационите спроводници се оклопени

или во метални цевки, се поврзуваат само оклопите.

Доколку пак електричните и телекомуникационите спроводници не се ниту

оклопени ниту во метални цевки, тогаш тие треба да бидат поврзани преку УЗП.

5.5.1.4 Изедначување на потенцијалот кај електрични и телекомуникациони

инсталации кои влегуваат во објектот што треба да се заштити

 се изведува како и кај надворешните спроводни делови

Доколку водовите се оклопни или се во метални цевки, изедначувањето на

потенцијалот не е неопходно, под услов напречниот пресек на овие оклопи да не е

помал од напречниот пресек, претходно утврден преку табели и равенки.

5.5.2 Одвојување на надворешната инсталација за заштита од атмосферски

празнења

Одвојувањето на надворешната инсталација за заштита од атмосферски

празнења (НИЗАП) може да се постигне со адекватни материјали за раздвојување

или со соодветно растојание на раздвојувањето меѓу деловите.


Растојанието на раздвојување (d) помеѓу одводните спроводници, од една

страна и металните инсталации и електричните и телекомуникациони

инсталации во објектот што треба да се заштити, од друга страна, не треба да е

помало од безбедносното растојание (s).

d≥ s
во метри

Каде што:

- ki зависи од избраното ниво на заштита на СЗАП (табела ki)

Стр. 25 од 27
ЗАШТИТА НА ОБЈЕКТИ ОД АТМОСФЕРСКИ ПРАЗНЕЊА

- kc зависи од струјата на атмосферско празнење која протекува низ

одводните спроводници

- km зависи од материјалот на раздвојување (табела km)

- l Должина во [m] на одводните спроводници од точката во која се

разгледува ефектот на близина до најблиската точка на изедначување

на потенцијалите.

Табела ki. Вредности за коефициентот ki


Ниво на заштита ki
I 0,1
II 0,075
III и IV 0,05

Табела km. Вредности за коефициентот km


Материјал km
Воздух 1
Цврст материјал 0,5

Таму каде што се бара безбедносно растојание меѓу металната инсталација

(или електричен кабел) и системот на фаќачи, безбедносното растојание s може

приближно да се пресмета со помош на истата формула за безбедносното

растојание од најблискиот надворешен одводен спроводник.


Материјалите за раздвојување кои се употребени за да се одвои НИЗАП мора

да поднесат импулсен напон Ui со бранова форма 1/50μsec.

Ui ≥ 500 s [kV]

Опасните прескоци помеѓу НИЗАП и водовите или надворешните спроводни

делови кои влегуваат во објектот, не можат да се избегнат со изолирање. Затоа,

секогаш е неопходно да се обезбеди изедначување на потенцијалите (со директно

поврзување или преку уреди за заштита од пренапони) во точката на нивното

влегување во објектот.

Стр. 26 од 27
ЗАШТИТА НА ОБЈЕКТИ ОД АТМОСФЕРСКИ ПРАЗНЕЊА

5.6 Одржување и контрола на СЗАП

5.6.1 Предмет на контроли

Целта на контролите е да се обезбеди:

 изведениот СЗАП да е во согласност со проектот

 сите компоненти на СЗАП да се во добра состојба и да можат да ги

извршуваа нивните проектирани функции, да нема корозија

 сите неодамна додадени елементи или конструкции да се вклопени во

заштитуваниот објект по пат на изедначување на потенцијалите или

со проширување на СЗАП.

5.6.2 Редослед на контролите

 контроли во текот на изградбата на објектот, со цел да се проверат

вградените елементи;

 контроли по инсталирањето на СЗАП;

 периодично повторувани контроли во интервали определени во

зависност од природата на заштитуваниот простор и проблемите од

корозија;

 дополнителни контроли, извршени после измени или поправки или

кога е познато дека во објектот имало атмосферско празнење.


5.6.3 Одржување

Правилните и постојаните контроли се основен услов за добро одржување на

СЗАП. Сите забележани неправилности треба да се поправат без одлагање.

Стр. 27 од 27
КОМПЕНЗАЦИЈА НА РЕАКТИВНА МОЌНОСТ

6. Компензација на реактивна моќност

Големи потрошувачи на реактивна моќност (85%) се асинхроните мотори,

посебно кога се подоптоварени. Тоа често се случува во електромоторните погони, каде

што електричните мотори се оптоварени со 50 до 70% од номиналната моќност. Покрај

електричните мотори како потрошувачи на реактивна енергија се јавуваат сите уреди

кои содржат магнетно јадро (трансформатори, мотори, пригушници и сл.), системи за

осветление што користат светилки кои работат на принцип на лачно празнење

(флуоресцентни светилки) итн.

Не се само големите потрошувачи (на пр. потрошувачи напојувани на напон од

35kV со фактор на моќност 0.7) причина за зголемените загуби во ЕЕС. Не помал проблем

се и малите потрошувачи врзани на НН мрежа, без вградени кондензаторски батерии.

Мали производни погони и работилници често пати имаат инсталирано голем број на

електрични мотори со мала моќност, или мал број на електрични мотори со голема

моќност, а да немаат приклучени кондензаторски батерии. Често се сретнуваат

корисници на трансформатори за заварување кои се приклучени на електричната мрежа

со долготраен празен од, притоа оптоварувајќи ја мрежата со реактивна моќност. Од

друга страна и енергетските трансформатори во дистрибутивните и во индустриските

трансформаторски станици се постојано во погон и покрај малите товари (посебно во

текот на ноќта) или пак работат во празен од. Посебен проблем претставува лошата

проценка на факторот на едновременост на товарите (приклучени на ТС) поради што

доаѓа до предимензионирање на потребниот трансформатор, а со тоа и до поголема

потрошувачка на реактивна енергија. За сите тие случаи е потребно на НН страна на

трансформаторот да се врши компензација.

Потрошувачката на реактивната моќност се санкционира преку тарифниот

систем. Имено, производството и пренесувањето на реактивната моќност која ја

Стр. 1 од 13
КОМПЕНЗАЦИЈА НА РЕАКТИВНА МОЌНОСТ

побаруваат некомпензираните потрошувачи ја зголемува цената на испорачаната

електрична енергија. Затоа во случајот кога на мерното место каде што се испорачува

електричната енергија со cos  <0.95, со тарифниот систем се утврдува цената која треба

да се плати за прекумерно превземената реактивна енергија. На таков начин

потрошувачите на реактивна моќност се принудуваат да го подобрат факторот на

моќност cos  , односно да извршат компензација на реактивна моќност. Инвестицијата

за вградувањето на компензирачките уреди се покажува дека се исплатува само по една

година работење.

Факторот на моќност варира зависно од видот и бројот на потрошувачите

приклучени на разгледуваната инсталација во текот на времето (ден, недела, сезона

итн.). Тој се одредува на следниот начин:

 преку инструментот за cos  и тоа за подолг временски период,

 преку вредноста за потрошена активна и реактивна енергија за подолг временски

период:

Каде што:
Er(kVArh) превземена реактивна енергија,

Ea(kWh) превземена активна енергија.

Најчесто при оценување на рентабилноста од воведувањето на компензацијата на

моќноста се оперира со средни вредности за факторот на моќноста во разгледуваниот

период. При тоа треба да се води сметка за следните недостатоци во ваквиот пристап:

 Факторот на моќноста нема константна вредност, туку се менува во текот на

денот, разни денови во неделата, како и во текот на разни годишни времиња во

зависност од две променливи големини, а тоа се активната и реактивната

моќност. Посебно влијание врз променливоста на факторот на моќност имаат

струите на магнетизирање на трансформаторите и оптоварувањето на

електричните мотори.

Стр. 2 од 13
КОМПЕНЗАЦИЈА НА РЕАКТИВНА МОЌНОСТ

 Средниот фактор на моќност е поголем од факторот на моќност во времето на

врвните оптоварувања. Според тоа високиот среден фактор на моќност не

обезбедува доволен степен на компензација на реактивната моќност во времето

на врвните оптоварувања, кога се јавуваат и најтешките услови за пренос на

електричната енергија.

 Влијанието на изворите на реактивна енергија кои имаат константна моќност (на

пр. кондензатори без регулација), во намалувањето на загубите и подобрувањето

на напонската состојба опаѓа со порастот на вкупната моќност (активна и

реактивна).

 Намалувањето на загубите на енергија не е пропорционално со средната вредност

на факторот на моќност.

6.1 Оправданост за спроведување на

компензацијата

За разлика од компензацијата на реактивна моќност во постројките од преносната

мрежа која се врши првенствено заради технички причини, компензацијата на реактивна

моќност во постројките на потрошувачите на среден и низок напон се врши од економски

причини, а тоа е подобрување на факторот на моќноста.

Компензацијата во постројките на високонапонската мрежа се врши заради

постигнување на потребни параметри при преносот, како потребно напонско ниво и

регулација на тековите на реактивна моќност. Во случај на дефицит во производството на

реактивната енергија, доаѓа до намалување на напоните, а во случај на суфицит во

производството на реактивната енергија доаѓа до покачени напони.

Во постројките на потрошувачите на среден и низок напон, компензацијата има за

цел намалување на загубите на енергија во трансформаторите и разводот, но исто така и

одложување/пролонгирање на периодот за инвестициони вложувања за проширување на

постројката (зголемување на моќноста во трансформација и пресекот на напојните

водови) за подоцна.

Стр. 3 од 13
КОМПЕНЗАЦИЈА НА РЕАКТИВНА МОЌНОСТ

Рентабилноста од воведувањето на компензацијата на среднонапонско и

нисконапонско ниво во споредба со преносната мрежа, произлегува од:

 одделни потрошувачи имаат значително помал фактор на моќност од 0.95 (или од

постројките во преносот кои се добро компензирани), а со тоа и намалувањето на

загубите е многу поголемо во нисконапонските постројки,

 значително се намалуваат загубите на електрична енергија кај водовите на среден

и низок напон, чии што отпорности по километар вкупна должина се значително

поголеми од соодветните вредности кај водовите на висок напон,

 значително се намалуваат загубите на електрична енергија во намотките на

трансформаторите, бидејќи тие стануваат поголеми колку е напонот понизок и

колку што е помала моќноста на трансформаторот,

Со пресметки се покажало дека кондензаторска батерија со моќност од 1 kVar,

вградена во НН постројка 0,4 kV, доведува до намалување на загубите на електрична

енергија во елементите на ЕЕС од изворите до потрошувачите, за вредност до

250 kWh/годишно. Од друга страна во цената за електрична енергија се опфатени и

трошоците за загуби на електрична енергија кои се предизвикани од потрошувачите

кои работат со мал фактор на моќност. Тоа значи дека и недолжните потрошувачи со

остварена компензација на реактивната моќност, ќе мораат да плаќаат поскапа

електрична енергија. Во тој поглед со помош на тарифната политика се врши

насочување и принуда во постигнувањето на бараниот фактор на моќност.

6.2. Како се врши компензација

За да се анализира постапката за компензација на реактивна моќност, потребно е

да се прикажат векторски одделните компоненти на моќноста. Имено, повеќето од

уредите побаруваат две компоненти на струјата, активна и реактивна. Активната

компонента на струјата е работна струја која уредите ја претвараат во корисна сработа, во

форма на топлина, светлина, или механичка моќност. Реактивната компонента на

струјата е магнетизирачка струја која е потребна да произведе флукс кој е неопходен за

работење на електромагнетните уреди. Векторскиот збир на двете компоненти на

Стр. 4 од 13
КОМПЕНЗАЦИЈА НА РЕАКТИВНА МОЌНОСТ

струјата ја дава вкупната струја на разгледуваниот уред (види Слика 6.1), која може да се

одреди според изразот:

Akt i vna st r uja


I c os U P U
 

I sin
I Reakt i vna st r uja S
Vkupna st r uja

Слика 6.1 Активна и реактивна компонента на струјата

За даден напон, привидната, активната и реактивната моќност се

пропорционални со соодветните струи, според:

Во фаза со векторот на наизменичниот напон, со кој се напојува разгледуваниот

потрошувач, се наоѓа векторот на активната моќност (а со тоа и активната компонента на

струјата). Векторот на реактивна моќност со индуктивен карактер (односно реактивна

струја) заостанува за 90о зад векторот на напонот, кој ќе се смета како референтен на

векторската Слика 6.2, додека векторот на реактивна моќност со капацитивен карактер

му предходи на векторот на напонот за 90о. Според тоа, векторите на реактивна моќност

со индуктивен/капацитивен карактер се меѓусебно изместени за 180о, што значи дека

алгебарски се одземаат, односно се компензираат. Според тоа привидната моќност S која

ја побаруваше потрошувачот, по приклучувањето на кондензаторската батерија со

реактивна моќност Qc, ќе се намали на S1. Притоа ќе се намали и фазниот агол помеѓу

векторите на напонот и привидната моќност од φ на φ1 , односно ќе се зголеми факторот

на моќноста од cosφ на cosφ1.

Стр. 5 од 13
КОМПЕНЗАЦИЈА НА РЕАКТИВНА МОЌНОСТ

Qc

U
P

Q1=Q-Qc
S1

Q
S

Слика 6.2 Векторски дијаграм на моќности

Големината на кондензаторот може да се одреди на следниот начин:

Каде што:
Qc реактивна моќност на кондензаторот,

Q0 реактивна моќност на потрошувачот ПРЕД компензација,

Q1 реактивна моќност на потрошувачот ПО компензација,

P активна моќност што ја превзема потрошувачот,

tanφ0 ПРЕД компензација,

tanφ1 ПО компензацијата,

C капацитет на кондензаторот,

U номинален напон на потрошувачот.

Значи со врзување на правилно избран кондензатор паралелно со потрошувачот

се намалува струјата во делот од мрежата гледано од изворот до местото на поврзување,

па според тоа се зголемува факторот на моќност во тој дел на мрежата.

Стр. 6 од 13
КОМПЕНЗАЦИЈА НА РЕАКТИВНА МОЌНОСТ

Иако енергетските трансформатори не можат да се сметаат како оптоварувања во

ЕЕС, тие сепак го оптоваруваат системот со реактивна моќност, која се состои од две

компоненти:

 компонента што е независна од оптоварувањето на трансформаторот, или

реактивна компонента на празен од:

каде што:

Q0 реактивна моќност во празен од (kVAr)

Sn номинална моќност на енергетскиот трансформатор (kVA)

i0% струја на празен од на трансформаторот изразена во проценти од

номиналната струја на трансформаторот.

 компонента што зависи од оптоварувањето :

каде што:

k фактор на оптоварување на трансформаторот:

S моќност што ја побарува трансформаторот од ЕЕС,

uk% напон на куса врска на трансформаторот изразен во проценти.

Врз основа на вредноста на реактивната моќност која трансформаторот ја

превзема од мрежата, може да се одреди големината на кондензаторската батерија која

ќе се приклучи на секундарната страна на трансформаторот, според Слика 6.3. Според

тоа, реактивната моќност на батеријата се бира во опсегот од 4 до 10% од номиналната

моќност на трансформаторот и тоа во зависност од uk%.

Стр. 7 од 13
КОМПЕНЗАЦИЈА НА РЕАКТИВНА МОЌНОСТ

L1
L2
L3

Слика 6.3 Компензација на реактивна моќност изведена на секундарната страна на

трансформатор во ТС

Кондензаторите како компензациони уреди воведуваат низа предности:

 постои можност за зголемување на нивната моќност со едноставно додавање на

нови кондензаторски единици, чија големина е специфицирана од производите-

лите на кондензаторите,

 постои можност за поделба на кондензаторската батерија во секции,

 локализирање на производството на реактивна енергија на местото каде што таа

се троши,

 можност за брза и лесна монтажа, односно лесно префрлување во разни точки на

мрежата итн.

Стр. 8 од 13
КОМПЕНЗАЦИЈА НА РЕАКТИВНА МОЌНОСТ

6.3. Видови на компензација

Во индустриските погони компензацијата се изведува на четири начини:

1. Поединечна компензација. Овој вид компензација се постигнува со директно

приклучување на кондензаторот на потрошувачот на реактивна моќност. Склопните

уреди и заштитните уреди на потрошувачот се користат и за компензирачкиот уред,

бидејќи тој е приклучен паралелно со потрошувачот. За празнење на кондензаторот по

исклучувањето на потрошувачот можат да се користат намотките на моторот.

Кондензаторските батерии се исклучуваат заедно со електромоторот со заеднички

прекинувач, а нивната моќност се одредува според номиналната моќност на моторот.

Поединечната компензација обезбедува поголемо смалување на загубите на

електричната енергија во целиот развод и во трансформаторите, меѓутоа потребни се

поголеми вложувања и соодветно сместување на опремата. Се применува за поголеми

електрични мотори. Недостаток на овој вид компензација е недоволната искористеност

на кондензаторот во услови кога не се користи моторот.

Слика 6.4 Поединечна компензација

2. Групна компензација. Се врши истовремена компензација на повеќе

потрошувачи, што е условено со карактеристиките на погонот. Групната компензација ги

смалува загубите воглавно во трансформаторот, бидејќи кондензаторските батерии се

сместуваат во близината на трансформаторите. Помали се вложувањата (потребна е

Стр. 9 од 13
КОМПЕНЗАЦИЈА НА РЕАКТИВНА МОЌНОСТ

помала моќност на кондензаторските батерии) и просторните потреби за сместување на

опремата. Групирањето на кондензаторски батерии овозможува изведување на рачна и

автоматска регулација на моќноста на батеријата (потребен е соодветен уред), но исто

така овозможува лесен надзор и одржување. За разлика од поединечната компензација,

во овој случај приклучните водови од местото на компензацијата до потрошувачите се

оптоварени со реактивна енергија.

Слика 6.5 Групна компензација

3. Централна компензација. Компензацијата со кондензаторска батерија се врши за

целиот погон, најчесто кај сопствената трансформаторска станица од каде се напојува

погонот. Поврзувањето на кондензаторските батерии на собирницата на ТС (или на

разводната табла) се врши со посебен уред за нивно вклучување, сигнализација и

празнење. Тука се спроведува автоматско вклучување и исклучување на поединечните

степени на кондензаторската батерија согласно промените во оптоварувањето на

потрошувачите за да се избегне можноста за прекомпензација. Импулсот се добива од

релеј кој реагира на нагодената вредност на cos  . Карактеристично за овој вид на

компензација е дека е потребна помала моќност на енергетските кондензатори, а

кондензаторската постројка е прегледна и лесно се одржува. Недостатоците на групната

компензација се присутни и во оваа изведба.

Стр. 10 од 13
КОМПЕНЗАЦИЈА НА РЕАКТИВНА МОЌНОСТ

Слика 6.6 Централна компензација

4. Мешовита компензација. Таа ги обединува претходно наведените видови на

компензација.

6.4. Корисни ефекти од спроведената компензација

Корисноста од компензацијата на реактивната моќност може да се раздели на:

1. Намалена струја која се побарува од мрежата:

За напојување на потрошувач со номинална моќност P при различни фактори на

моќноста (компензиран cosφ1 и некомпензиран cosφ0) се добива:

√ √

односно:

Значи за разни фактори на моќност низ напојниот вод ќе протекува различна струја.

2. Намалени загуби:

Загуби на активна моќност при отпорност R:

за различни фактори на моќноста:

3. Зголемување на пресекот за да се добијат исти загуби:

Стр. 11 од 13
КОМПЕНЗАЦИЈА НА РЕАКТИВНА МОЌНОСТ

Според тоа, за да се постигнат исти загуби потребен е поголем пресек, што значи

поголеми вложувања.

Според тоа со постигнување на бараниот фактор на моќност (cos  =0.95, а во некои

западни земји и до вредност 0.97) се постигнува:

 намалување на загубите на активна моќност,

 подобрување на напонските услови,

 растоварување на трансформаторите и каблите со кои се напојува погонот

(понекогаш се оди на компензација со вредност 1.0),

 можност за приклучување на нови потрошувачи без да се зголемува преносниот

капацитет,

 зголемување на појдовниот момент кај асинхроните мотори.

Влијанието на компензацијата на реактивната моќност може да се анализира на

дистрибутивната мрежа. Така на наредната слика (Слика 6.7) е прикажана

карактеристиката пад на напон на транформатор со следните податоци: 10/0,4 kV Sn=630

kVA, во функција од активниот товар и факторот на моќност на потрошувачите

приклучени на 0,4 kV.

Стр. 12 од 13
КОМПЕНЗАЦИЈА НА РЕАКТИВНА МОЌНОСТ

Слика 6.7 Пад на напон на ТС СН/НН

Слично може да се разгледа преносната моќност на водовите во функција од нивната

должина под услов вкупниот пад на напон да не ја надмине зададената вредност.

Факторот на моќност на потрошувачите на крајот од водот претставува параметар за

кривите на сликата Слика 6.8.

Слика 6.8 Преносна моќност кај 10 kV далекувод

Стр. 13 од 13
ИЗВЕДБИ НА НИСКОНАПОНСКИ ЕНЕРГЕТСКИ ИНСТАЛАЦИИ

7. Изведби на нисконапонски енергетски


инсталации

Постојат разни изведби на нисконапонски енергетски инсталации во зависност од

местото на поставување на инсталацијата, надворешните влијанија, барањата за

сигурност во напојувањето, видот на погонот, употребената опрема итн.

7.1. Водови во инсталациони цевки

Инсталационите цевки служат за електроизолациона, механичка и антикорозивна

заштита на инсталационите кабли. Во пракса се употребуваат два вида инсталациони

цевки: термопластични и челични безшавни цевки.

7.1.1. Термопластични цевки

Термопластичните цевки имаат широка примена поради добрите карактеристики:

тие се лесни, не горат ниту помагаат горење, обезбедуваат електрична и водоотпорна

изолација, отпорни се на хемиски влијанија, лесно се сечат и свиткуваат итн. Се

изработуваат од PVC материјал со ребреста конструкција, со стандардна должина од 25 и

50 m, со внатрешен пречник од 11 до 36 mm. Така на пример за кабли со пресеци до

10 mm2 се употребува цевка со пречник 13,5 mm. Поради малата цврстина овие цевки се

поставуваат единствено под малтер во издлабени канали. Откако ќе се изградат ѕидовите

и таванот, цевките се поставуваат пред да се нанесе малтерот. За прицврстување на

инсталационите цевки и кутии, при нивното поставување под малтер во суви простории

се користи гипс. Во влажни простории и на подови наместо гипс се користи цемент или

сув малтер заради побрзо зацврстување. Цевките се прицврстуваат на растојание од 1 m

со помош на гипс или со опфатници (види ја Слика 7.1). Тие имаат задача (а не малтерот)

да ги превземат механичките напрегања при провлекувањето на каблите. Од тие

причини, ако се поставуваат повеќе цевки во сноп, потребно е да се обезбеди растојание

помеѓу цевките за да се овозможи гипсот да налегне на ѕидот. Исто така, цевките се

Стр. 1 од 19
ИЗВЕДБИ НА НИСКОНАПОНСКИ ЕНЕРГЕТСКИ ИНСТАЛАЦИИ

прицврстуваат на растојание од 10 cm од поставените колена на цевката, разводните

кутии и склопките (види ја Слика 7.2). Пластичните цевки со голема механичка цврстина

се користат за поставување инсталации во леан бетон.

а) Правилно поставени б) Неправилно плитко поставени

Слика 7.1 Поставување на термопластични цевки во ѕид

Разводна
кутија

Слика 7.2 Прицврстување на термопластични цевки

На места каде што се вкрстуваат, одвојуваат и минуваат водовите се употребуваат

PVC инсталациони кутии со кружен пресек со пречник 60, 70 и 80 mm, или квадратни

PVC инсталациони кутии со димензии 95×95 mm. Инсталациони кутии од 60 mm се

употребуваат за приклучници и прекинувачи. При поставување на цевките се случува

неколку пати да се менува насоката и при тоа да се создаваат колена, кои го отежнуваат

провлекувањето на каблите низ цевките. Во праксата се покажало дека е потребно по

Стр. 2 од 19
ИЗВЕДБИ НА НИСКОНАПОНСКИ ЕНЕРГЕТСКИ ИНСТАЛАЦИИ

секое второ колено да се постави инсталациона кутија. Тие се поставуваат исто така на

максимално меѓусебно растојание од 6 m.

Во иста инсталациона цевка или инсталационен канал можат да се поставуваат

спроводници само на едно струјно коло (еден кабел), освен спроводниците на

управувачки и помошни струјни кола.

Како посебен вид изведба на инсталационите цевки се јавуваат модулите

(претходно фабрички изработени елементи). Заради забрзана и поевтина изградба

ѕидовите и таваните претходно се леат во посебни калапи т.н. паноa.

Слика7.3 Изведена инсталација

Стр. 3 од 19
ИЗВЕДБИ НА НИСКОНАПОНСКИ ЕНЕРГЕТСКИ ИНСТАЛАЦИИ

Слика 7.4 Леење на пано со претходно поставени инсталациони цевки и кутии

Под модул се подразбираат инсталациони цевки и кутии кои се поврзуваат во

функционална целина во едно пано пред да се лее бетонот. Подоцна, по завршувањето на

градежната конструкција на објектот низ цевките се провлекуваат инсталационите

кабли.

7.1.2. Челични безшавни цевки

Поради големата механичка цврстина најчесто се поставуваат на ѕид, таван, но и во

подни канали во работни простории како што се работилници, фабрички сали и сл.

Имено, често пати е потребно инсталацијата да се изведе над малтерот или како подна

инсталација. Со ваков тип инсталација се постигнува поголема прегледност, а со тоа

лесно и брзо се отстрануваат евентуалните дефекти, што е од посебна важност за

сигурноста на индустриските погони. Од друга страна, во специфични работни услови

Стр. 4 од 19
ИЗВЕДБИ НА НИСКОНАПОНСКИ ЕНЕРГЕТСКИ ИНСТАЛАЦИИ

каде што е присутна влага, хемиски испарувања, прав и др. се употребуваат челичните

безшавни цевки во водоотпорна изведба. Меѓутоа, во такви услови можат да се употребат

енергетски кабли со соодветна заштита, кои полесно и побрзо се поставуваат.

Цевките се изработуваат со фабрички должини од 3 m со внатрешен пречник од 11

до 42 mm. Како дополнителен прибор се користат челичните безшавни спојки со навој

(види ја Слика 7.5). Пред спојувањето на две цевки со помош на овие спојки, потребно е на

краевите на цевките да се вреже навој.

Слика 7.5 Челични безшавни спојки и колена

На места каде што цевката менува насока се употребуваат фабрички изработени

челични безшавни колена. Цевките можат да се обликуваат ако се располага со

специјален алат. Цевките се поставуваат на ѕид со помош на опфатници на меѓусебно

растојание од 0,8 m. За овој вид цевки се користат разводни кутии од лиено железо со

изолациона постава, на кои со помош на редукциони продолжетоци (од изолационен

материјал) се приклучуваат цевки со различен пресек (види ја Слика 7.6). На краевите на

цевките се ставаат порцелански завршетоци (рамни или закривени) за заштита на

каблите од механички оштетувања (види ја Слика 7.6). Челичните безшавни цевки

задолжително мораат да се заземјат заради спречување на појавата на превисок напон на

допир (на пример: при допир на фазен спроводник со металната цевка).

Слика 7.6 Редукциони продолжетоци и порцелански завршетоци

Стр. 5 од 19
ИЗВЕДБИ НА НИСКОНАПОНСКИ ЕНЕРГЕТСКИ ИНСТАЛАЦИИ

7.2. Инсталации во малтер

Во станбени објекти како и во објекти со класичен градежен материјал

електричните инсталации се изведуваат во малтер. Оваа инсталација е позната и како “Р”

инсталација според употребениот тип на инсталациони кабли PP/Р. Под малтер, кој се

смета како влажна средина, може да се постави кабел со зајакната изолација како што се

каблите од типот PP, и сл.

Каблите без исполнувач (PP/Р) може да се поставуваат под малтер и тоа само во

суви простории, какви што се станбените и деловните простории. Каблите PP можат да се

употребат како во суви, така и во влажни простории, па според тоа и кај следните

изведби: инсталации на одстојни опфатници, кабелски полици и канали. Каблите PP 00

ги заменуваат каблите од типот PP во посебно отежнати услови.

Каблите се поставуваат пред нанесување на малтерот, при што слојот на малтерот

над кабелот треба да биде најмалку 4 mm (најповолен слој изнесува 13 mm). По исклучок,

каблите не мораат да бидат покриени со малтер ако се положени во празнините на

таваните и ѕидовите од бетон или од сличен материјал што ниту гори ниту потпомага

горење.

За прицврстување на електричниот развод можат да се употребат средства и да се

применат постапки кои не предизвикуваат деформации или оштетување на изолацијата.

Најголемо растојание на прицврстување на кабелот е 25 cm, а се прицврстува со

гипсирање, изолациони опфатници, лепење или заковување со шајки со подложни

плочки од изолационен материјал.

7.2.1. Кабли на одстојни опфатници

Кабли на одстојни опфатници (шелни) се поставуваат во простории во кои не се

бара задоволување на високи естетски критериуми. Исто така, во влажни простории, како

што се подруми, перални и сл., инсталационите кабли се поставуваат на одстојни

опфатници. Повеќето од инсталациите во индустриските погони се изведуваат на

одстојни опфатници, освен во случаи на штетни испарувања и прав, како и на места каде

што е можно нивно механичко оштетување.

Стр. 6 од 19
ИЗВЕДБИ НА НИСКОНАПОНСКИ ЕНЕРГЕТСКИ ИНСТАЛАЦИИ

Поставувањето кабли на ѕид е дозволено ако кабелот има изолација од термоплас-

тична маса со исполнувач или со обвивка, ако се прицврсти со одстојни опфатници на

ѕидот и ако од подот до височина 2 m дополнително е заштитен од механички

оштетувања. При тоа, разводните кутии мораат да имаат затнувачки уводници и степен

на заштита најмалку IP 5X утврден за влажни простории, односно соодветен степен на

заштита утврден за други простории.

Одстојните опфатници се прават како еднократни, двократни или трикратни за

кабли со пречник до 18 mm, односно како еднократни за кабли со пречник до 26 mm. Кој

тип кабел и кој тип одстојна опфатница ќе се употреби ќе зависи од условите во

просторијата каде што се поставува инсталацијата. За суви простории може да се

употреби метална опфатница како на Слика 7.7 а), додека за влажни простории ќе се

употребат бакелитни опфатници како на Слика 7.7 б).

а) б)

Слика 7.7 Видови на одстојни опфатници

Кога електричниот развод се поставува по ѕидовите, најмалото дозволено

растојание помеѓу елементите на електричниот развод и ѕидот е 5 mm.

Овој вид изведба ги поседува следните карактеристики:

 голема прегледност на каблите,

 брза интервенција при настанување на грешка на кабелот,

 голема флексибилност заради можност за замена на кабелот,

 подобро ладење на каблите заради циркулација на воздухот околу нив, а со тоа и

можност за поголемо оптоварување на кабелот.

Стр. 7 од 19
ИЗВЕДБИ НА НИСКОНАПОНСКИ ЕНЕРГЕТСКИ ИНСТАЛАЦИИ

7.3. Кабли на носечки конструкции, ѕидни и подни


канали

Кај овој вид инсталации каблите се поставуваат на посебни носачи (регали и

полици Слика 7.8, профили Слика 7.9) кои можат да бидат сместени на ѕидот, под таванот

или во подни Слика 7.10 и бетонски канали Слика 7.11.

Слика 7.8 Регали и полици

Слика 7.9 Подни и ѕидни профили

Слика 7.10 Подигнати подови за информациони центри

Стр. 8 од 19
ИЗВЕДБИ НА НИСКОНАПОНСКИ ЕНЕРГЕТСКИ ИНСТАЛАЦИИ

Слика 7.11 Бетонски канали

Каблите се поставуваат без меѓусебно растојание (заради ограничен простор) или

на меѓусебно растојание еднакво на пречникот на кабелот. Се препорачува широчината и

длабочината на каналот да не биде помала од 30 cm, а широчина поголема од 1 m треба

да се избегнува.

7.4. Собирнички развод

Основни елементи на овој современ тип инсталации се голи бакарни собирници,

кои се поставуваат на изолатори и се сместуваат во лимени кутии. Секој од

потрошувачите се врзува директно на собирниците, со што се избегнува водење на голем

број кабли за секој од потрошувачите.

Постојат повеќе видови собирнички развод (види Слика 7.12), како што се:

 развод за големи струи BR,

 моторен развод GMR,

 развод за осветление и мали потрошувачи KRO,

 развод за дигалки TDP,

 дистрибутивен развод за високи објекти (Слика 7.13).

Стр. 9 од 19
ИЗВЕДБИ НА НИСКОНАПОНСКИ ЕНЕРГЕТСКИ ИНСТАЛАЦИИ

Слика 7.12 Собирнички развод

Слика 7.13 Дистрибутивен развод

Стр. 10 од 19
ИЗВЕДБИ НА НИСКОНАПОНСКИ ЕНЕРГЕТСКИ ИНСТАЛАЦИИ

Овој вид изведба ги поседува следните предности:

 поединечните елементи се произведуваат сериски, според тоа тие се поевтини и

брзо се монтираат,

 при поголем број потрошувачи системот е поекономичен,

 овозможена е добра контрола и одржување на инсталацијата,

 има голема флексибилност при приклучување на нови потрошувачи, како и при

промена на конфигурацијата на системот.

Меѓутоа овој систем има и значителни недостатоци:

 мала густина на потрошувачите (потрошувачи поставени на големи растојанија)

го поскапува системот,

 може да се примени само за суви простории.

7.5. Инсталации во индустриски објекти

Во индустриски објекти во основа постојат две групи потрошувачи: осветление и

моторен погон. Овие две групи потрошувачи електрично се одвојуваат веднаш по

влегувањето на напојниот кабел во просторијата. Тоа се прави заради:

 погонска сигурност - ако настане грешка кај некој погон да не се пренесе и на

останатите делови,

 дозволените падови на напон за разни потрошувачи и за различни моќности на

потрошувачите, со што се штеди во пресекот на употребениот кабел.

Според тоа главната разводна табла треба да има две засебни полиња: едното да

има броило, осигурачи, склопки и сл. за инсталацијата на осветлението, а другото да има

броило, заштитни моторни склопки, осигурачи и сл. за инсталацијата на моторниот

погон. Инсталацијата за осветлување се изведува во повеќе струјни кола зависно од

големината на објектот и на различни фази (заради испад на една фаза), индустриските

потрошувачи без мотори (греачи, лемила, приклучници) се групираат до три

потрошувачи на едно струјно коло, додека уредите со електрични мотори се

приклучуваат на посебни струјни кола. Разводната табла за помала просторија се

Стр. 11 од 19
ИЗВЕДБИ НА НИСКОНАПОНСКИ ЕНЕРГЕТСКИ ИНСТАЛАЦИИ

поставува покрај поголемиот потрошувач заради заштеда во должината на кабелот со кој

тој ќе се напојува (види Слика 7.14). Кај поголеми објекти со повеќе простории, се

изведува една главна разводна табла и повеќе дополнителни разводни табли. Секоја од

нив се поврзува со два кабли, еден за осветление и друг за моторниот погон.

Слика 7.14 Сместување на разводната табла

Слика 7.15 Поврзување на електричен мотор на разводната табла

Стр. 12 од 19
ИЗВЕДБИ НА НИСКОНАПОНСКИ ЕНЕРГЕТСКИ ИНСТАЛАЦИИ

7.6. Простории со када и/или туш

Овие простории се категоризирани како простории со зголемен ризик од

електричен удар заради намалена електрична отпорност на човечкото тело и заради

допир со потенцијал на земјата.

Просторот се класифицира во четири групи според Слика 7.16 и Слика 7.17.

Слика 7.16 Граници на одделните простори (основа)

Слика 7.17 Граници на одделните простори (бочен пресек)

Заштита од електричен удар со безбедносен мал напон

Заштитата мора да се обезбеди со:

Стр. 13 од 19
ИЗВЕДБИ НА НИСКОНАПОНСКИ ЕНЕРГЕТСКИ ИНСТАЛАЦИИ

 преграда или куќиште со најмал степен на заштита IP 2X, според стандардот МК

Н.А5.070, или

 изолација според стандардот МК Н.Б2.741, која поднесува изолационен испитен

наизменичен напон од 500 V во текот на 1 min.

Дополнително изедначување на потенцијалите

Во просторите “1”, “2” и “3” мора да се изврши дополнително изедначување на

потенцијалите според Слика 7.18.

Слика 7.18

Најмалиот пресек на спроводникот за изедначување на потенцијалите изнесува

4 mm2 Cu или поцинкувана лента 2,5×20 mm.

Спроводникот за изедначување на потенцијалите мора да се поврзе со заштитниот

спроводник на:

 едно централно место (шина за изедначување на потенцијалите), на пр. во

разводниот орман; или

 главниот приклучок за заземјувањето, или

 водоводната цевка која е во непрекината проводна врска со заземјувачот на

објектот.

Стр. 14 од 19
ИЗВЕДБИ НА НИСКОНАПОНСКИ ЕНЕРГЕТСКИ ИНСТАЛАЦИИ

Посебни технички мерки на заштита

Во просторот “0” дозволена е само заштитна мерка со безбедносен мал напон, кој не

надминува 12 V, а безбедносниот извор на напојувањето мора да биде надвор од

просторот “0”. Заштитата со помош на препреки, ставање надвор од дофатот на раката,

како и поставување во неспроводни простори не се дозволуваат.

Напојните кабли мораат да имаат изолација која ги задоволува условите на

опремата од класа II, не смеат да имаат проводна обвивка, ниту пак да се поставуваат во

инсталациони цевки од проводен материјал. Според тоа како напојни кабли можат да се

употребат кабли во изолациони цевки или кабли со изолациона обвивка.

Во просторите “0” , “1” и “2” се поставуваат изолирани кабли (потребни за

напојување на уреди во овие простори) на ѕид, или во него на длабочина од 5 cm. Во

просторите “0” , “1” и “2” не е дозволено поставување на разводни кутии, расклопни

уреди и приклучен прибор, освен склопки, во просторите “1” и “2”, кои се надвор од

дофатот на раката, а на нив се делува преку изолиранo јаже.

Во просторот “3” се дозволени приклучници но под следните услови:

 да се напојуваат поединечно преку безбедносен трансформатор за електрично

одвојување; или

 да се напојуваат со безбедносно мал напон; или

 да бидат заштитени со заштитен уред на диференцијална струја која не надминува

30 mA, и да имаат поклопец; или

 да се примени заштитен уред кој во случај на грешка доверливо го прекинува

напојувањето (според стандардот МК Н.Б2.741) со тоа што времето на

прекинување за мрежите со номинален напон од 220 V не смее да биде поголемо

од 0,1 sec. Висината на поставување на приклучницата не смее да биде помала од

1,5 m од подот. Склопките и приклучниците мораат да бидат на растојание од

најмалку 0,6 m од отворот на вратата на туш-кабината според Слика 7.18.

Во просторот “1” се дозволува поставување на грејач на вода, а во просторот “2”

грејач на вода и светилки од класа II.

Стр. 15 од 19
ИЗВЕДБИ НА НИСКОНАПОНСКИ ЕНЕРГЕТСКИ ИНСТАЛАЦИИ

7.7. Технички услови за електрични инсталации

Изолираните спроводници и кабли можат да се спојуваат и продолжуваат само во

инсталациони кутии, кабелски спојници или расклопни блокови, додека надвор од нив

(на пример: во инсталациони цевки, инсталациони канали) е забрането. Местата на

спојување мораат да бидат изолирани со степен на изолација кој му одговара на типот на

електричниот развод. По исклучок, во ѕидовите што се монтираат од елементи излеани

од бетон, спојувањето може да се врши и во кутиите на ѕидните приклучници, и тоа под

приклучниците, под услов длабочината на тие кутии да дозволува сместување на

споевите од исто струјно коло.

Спојот на спроводниците и на другата електрична опрема мора да биде сигурно

изведен и поставен така што да дозволува можност за постојна проверка. Спојот треба да

биде осигурен со средства што му одговараат на материјалот на спроводникот и на

неговиот пресек (трајно да ја поднесува дозволената струја на спроводниците), но исто

така да не биде изложен на сили на извлекување или свиткување.

На краевите на електричниот развод, а посебно на излезите, на влезовите и на

местата на пробивање на електричниот развод низ ѕидовите и електричната опрема,

мора да се изврши трајно затнување (на пример: со помош на уводници). На местата на

проод на електричниот развод низ ѕидовите, освен за изведбата со инсталациони цевки и

канали, мора да се обезбеди соодветна дополнителна механичка заштита (на пример: со

помош на порцелански завршеток, цевка, кутија и сл.). Ако кабелот минува низ метална

конструкција, отворот мора да има заоблени рабови.

Со ист кабел, со повеќе спроводници, не смее да се напојуваат повеќе струјни кола,

освен за каблите на управувачки и помошни струјни кола. Според тоа, низ една цевка

можат да минуваат спроводници на еден струен круг, а тоа значи само еден кабел може да

се постави во една цевка. Низ инсталациона кутија можат да минуваат спроводници на

разни струјни кола, односно повеќе кабли можат да минуваат низ една инсталациона

кутија.

Стр. 16 од 19
ИЗВЕДБИ НА НИСКОНАПОНСКИ ЕНЕРГЕТСКИ ИНСТАЛАЦИИ

Врската меѓу грлата на сијалиците со вжарено влакно и спроводниците на кабелот

да се изведе така што неутралниот спроводник да е споен со навојот на грлото.

Изолацијата на неутралниот спроводник во целата инсталација мора да биде со светло

сина боја, а изолацијата на заштитниот спроводник со жолто-зелена боја.

Разводните кутии, како и кутиите со пречник 60 mm за прекинувачи и

приклучници треба да се постават директно на немалтерисан ѕид, а прицврстувањето да

се изведе со помош на гипс.

Поставувањето на PP кабли може да се изведе и после грубото малтерисување, со

тоа што дебелината на финиот слој малтер треба да биде нагодена со висината на

разводните кутии, за да одговара на минималниот потребен слој малтер над кабелот.

Врските на каблите во разводните кутии да се направат пред малтерисувањето, а во

кутиите за прекинувачи и приклучници после малтерисувањето.

Уредите за управување и за сигнализација (тастери, сигнални светилки и др.)

мораат да се поставуваат на лесно пристапни и видливи места. Шемите, дијаграмите или

табелите на електричните инсталации мораат да се постават на места на кои има повеќе

струјни кола, како што се расклопните блокови (разводни ормани, разводни табли,

командни пултови и сл). Тие треба да ја означуваат природата и составот на струјните

кола (точките на напојување и бројот и пресекот на спроводниците од одделните кабли)

и карактеристиките за распознавање на уредите за заштита, вклучување и исклучување.

Натписните плочки со кои се означува намената и припадноста на струјното коло мораат

да се постават одделно за секој од расклопните апарати и уредите за заштита.

Каблите поставени над ѕид, во/под малтер се водат само хоризонтално и

вертикално, за да бидат паралелни со рабови на просторијата. Со тоа ќе се спречи

механичко оштетување на инсталацијата при било какви подоцнежни интервенции на

самиот ѕид. Косо поставување на каблите е дозволено во тавани, но не и во ѕидови. При

поставување на каблите треба да бидат постигнати следните растојанија:

 од подот од 30 cm до 110 cm, или на висина 200 cm од подот,

Стр. 17 од 19
ИЗВЕДБИ НА НИСКОНАПОНСКИ ЕНЕРГЕТСКИ ИНСТАЛАЦИИ

 при вертикално поставување, растојанието помеѓу кабелот и ѕидниот отвор,

вратата или аглите на ѕидовите треба да изнесува најмалку 15 cm. При

паралелното поставување на енергетските кабли најмалото меѓусебно растојание

треба да изнесува 1 cm.

 од друг инсталационен кабел 1 cm, за да се обезбеди простор во кој малтерот

лесно ќе се нанесе на ѕидот,

 од оџак 20 cm, треба да се избегнува поставување на кабли или PVC цевки во

ѕидови покрај оџаци, а ако тоа не може да се избегне тогаш се препорачува

ставање на слој од азбест како топлински изолатор.

Прекинувачите се поставуваат на височина 1,5 m од подот на страната од каде се

отвора вратата и на растојание 15 cm од неа.

При паралелно поставување на кабли, на 10 cm над каблите за јака струја се водат

каблите за сигнализација (звучна, противпожарна), а над нив на 10 cm каблите за

телефонска инсталација.

Вкрстување и паралелно водење на кабли за слаба струја (телефони, звучници, ел.

часовници, јавувачи на пожар и сл.) со кабли за јака струја (ел. осветлување,

приклучници, ел. мотори и сл.) треба да се избегнува.

Електричниот развод за понизок напон не смее да се поставува во иста обвивка или

цевка, ниту близу до електричен развод чиј напон е повисок, освен ако помеѓу тие два

развода постои изолациона преграда која го издржува испитниот напон на електричниот

развод за повисок напон.

Ако во близината на електричниот развод се наоѓаат инсталации за греење, цевки

со топол воздух или оџак, електричниот развод мора да се изолира со топлотна изолација

или со екрани, или пак да се постави надвор од топлотните влијанија. Кога каблите се

поставуваат по ѕид, паралелно со цевки на други инсталации (пареа, топла и ладна вода),

растојанието меѓу каблите и цевките треба да изнесува најмалку 30 cm. Растојанието

треба да се обезбеди заради потребата при интервенција на едната инсталација да не се

оштети другата инсталација. Електричниот развод не смее да се постави под

Стр. 18 од 19
ИЗВЕДБИ НА НИСКОНАПОНСКИ ЕНЕРГЕТСКИ ИНСТАЛАЦИИ

неелектрични инсталации во услови кога е можна кондензација на вода или на други

течности.

Заради промена на температурата на околниот простор може да настане

кондензација и појава на влага во цевките. Познато е дека влагата постапно ја оштетува

изолацијата на каблите, доколку тие не се заштитени со самата изведба на кабелот. За да

се спречи оваа појава потребно е цевките да се поставуваат со мал наклон кон разводните

кутии (види Слика 7.19).

Слика 7.19 Поставување на термопластичните цевки

Кога минува низ ѕид, кабелот треба да биде незначително закосен кон влажната

просторија или кон надворешната страна на зградата.

Дупчење и штемување на бетонски конструкции се забранува ако за тоа претходно

не е добиена согласност од градежниот надзорен орган. При изведувањето на

електричната инсталација никакви измени не смеат да се вршат без претходно

одобрување од проектантот.

По завршување на инсталацијата која мора да биде квалитетно изведена според

техничките услови, истата мора да се испита во погон, а потоа да се прими од страна на

стручна комисија која ќе го оцени квалитетот на извршените работи.

Стр. 19 од 19
Планирање на енергетски инсталации за
функционални објекти (останата потрошувачка)

Проф. д-р Властимир Гламочанин


Компјутерски поддржано проектирање на електрични
инсталации

1
Локацирање на ТС СН/НН за напојување на
функционални објекти со големо врвно
оптоварување
 Во случаи кога во еден објект врвното оптоварување е
поголемо од 300 kW потребно е да се обезбеди снабдување
со електрична енергија преку среднонапонската
дистрибутивна мрежа, односно потребно е да се изгради
трансформаторска станица ВН/СН. Оваа ТС ВН/СН најчесто
се инсталира на долните катови на овие објекти.
 Кај многу високи објекти многу често се случува големите
потрошувачи (со голема моќност) да се сместени на
најгорните катови, како што се на пр. мотори, мотор-
генератори, клима системи (компресори) и сл. Напојувањето
на потрошувачи со големи моќности е потребно да се врши
на среден напон. Во такви случаи ТС ВН/СН се инсталира
на најгорните катови или најблиските катови.
2
3
Видови на напојни системи

 Изборот на напојниот систем ќе зависи од големината на


објектот, должината на напојниот кабел, како и од видот на
потрошувачите.
 Постојат следни видови на напојни системи:
 главно напојување – напојните кабли и вертикалните собирнички
системи ја поврзуваат нисконапонската страна на ТС СН/ВН со суб-
дистрибутивни разводни ормани и спратните разводни табли
 напојување на потрошувачите – овозможува енергетско снабдување на
одделните спратови и потрошувачи

4
Можни варијанти на снабдување со
електрична енергија

5
6
Собирнички развод

7
Напојување на потрошувачите

 При постоење на поголем број потрошувачи


снабдувањето со електрична енергија може да се
изведе на два начина:
 Централизирано напојување (зграда со мал број на
катови)
 Децентрализиранo напојување (зграда со голем број на
катови)

8
Централизирано напојување

9
Децентрализирано напојување

10
ИНСТАЛАЦИИ ВО ЗГРАДИ СО
КАНЦЕЛАРИИ
11
Карактеристични
оптоварувања
 Згради со канцеларии имаат различни потреби за
снабдување со електрична енергија, кои произлегуваат од:
 конфигурацијата на канцелариите - сместени во отворен простор,
групирани или индивидуални канцеларии
 функционалните потреби – постоење на подземни гаражи, големи
кујни и ресторани, компјутерски центри, копирници и печатници,
конференциски сали и сл.
 Карактеристиката на потрошувачката во овие згради во
текот на денот зависи од начинот на задоволувањето на
функционалните потреби, но исто така и од начинот на
обезбедување на амбиеталните услови како што се
температура (ладење/греење), вентилација, влажност на
воздухот итн.

12
Просторна локација на
оптоварувањата
 Во зависност од конструкцијата на зградата (ниска, висока, или нивна
комбинација) одделните оптоварувања можат да бидат групирани и
напојувани од главните разводни табли (најчесто со напони поголеми
од 1 kV), при што крајните потрошувачи ќе бидат напојувани со
помали загуби на моќност и без големи падови на напон.
 Групирањето на големите потрошувачи би можело да се направи за
следните потрошувачи: лифтови, ескалатори, централните системи
за ладење и греење, вентилација итн.
 За „вообичаените“ потрошувачи какви што се осветлувањето и
електричните уреди кои се напојуваат преку приклучници во
канцелариите се групираат во одделни зони, како што е прикажано на
претходните слајдови. Ако зоните се класифицираат според
можностите за појава на пожар, тогаш напојувањето се планира за
секоја зона одделно.

13
Сигурност во напојувањето
 Според потребата за континуитет во снабдувањето со
електрична енергија потрошувачите се групираат во три
групи:
 потрошувачи за кои треба да се обезбеди сигурносно (без прекин)
напојување,
 потрошувачи кои би биле напојувани од извори во подготвеност
(stand-by)
 сите останати потрошувачи кои се снабдуваат со електрична
енергија од енергетската НН мрежа. Во колку настане прекин во
енергетската мрежа, овие потрошувачи можат да останат без
снабдување со електрична енергија без поголеми штети или
последици во функционирање на системите.
14
Потрошувачи за кои треба да се обезбеди
сигурносно (без прекин) напојување

 осветлување за напуштање на опасни зони,


 противпожарен систем,
 алармирање и давање на инструкции за корисниците на
просторот,
 противпожарни хидранти,
 лифтови за пожарникари како и лифтови за евакуација,
 опрема за елиминирање на чад и топлина,
 СО2 алармни системи,
 останати уреди кои мораат да имаат континуитет во
работењето за да обезбедат сигурност на луѓето во
ургентни состојби, посебно при настанување на пожар, и кои
мораат да останат оперативни во услови кога ќе настане
прекин во напојувањето од енергетската
15 мрежа.
Потрошувачи кои би биле напојувани од
извори во подготвеност (stand-by)

 Извори во подготвеност се регулирани со стандардот IEC


60364-5-55
 Се однесува на потрошувачи од кои зависат неопходните
функции во објектот: такви потрошувачи се одделни делови
на осветлувањето, телекомуникациските системи и
процесирање на податоци.
 Во зависност од целокупната инсталирана опрема,
оптоварувањето на овие потрошувачи кои треба да се
напојувани од извори во подготвеност изнесува помеѓу 25%
и 35% од вкупното оптоварување во зградите со
канцеларии.

16
Задолжително постоење на РЕ спроводник
во TN системот на напојување

 Во колку се применува TN системот на напојување, тогаш


треба да се инсталира TN-S системот поаѓајќи од главната
разводна табла (односно покрај фазните и неутралниот
спроводник да се води и заштитен спроводник РЕ до секој
потрошувач).
 Посебно во згради со канцеларии вообичаено е мрежно ИКТ
поврзување, при што во случај на TN-С системот на
напојување, чувствителните компјутерски и периферни
уреди можат да не функционираат правилно заради појава
на циркулирачка струја преку PEN спроводникот, а со тоа и
изложените метални маси на овие уреди ќе се најдат на
одреден потенцијал.

17
TN-S и TN-С системи на напојување

L1
L
2
L3
N
PE L1

L2

L4

PEN

PE

18
TN-S и TN-С системи на напојување
sobi r ni c i
sobi r ni c i
PEN L1
PE N L1

T e l e k o mu n i -
T e l e k o mu n i - k a c i o n e n vo d
k a c i o n e n vo d U0
 U 0

V l e z v o o b je k t o t
V l e z v o o b je k t o t
PEN L1 PEN L1

19
Патеки на поставување на напојни
кабли
 Секогаш кога е тоа можно, главните напојни кабли до
разводни табли на одделните катови не треба да минуваат
низ коридори кои вообичаено се во употреба и меѓукатни
скалила во зградата. Во колку овие патеки одат по
височината на објектот се препорачува инсталирање на
вертикално поставени собирнички системи.
 При хоризонтално инсталирање на одделните катови се
препорачува напојните кабли да се водат во незапаливи
подови или по должината на надворешната страна на овие
коридори во одделните соби.
 Во колку сепак треба да се инсталираат запаливи кабли во
коридори или скалила на зградата, тогаш треба да бидат
обезбедени дополнителни мерки за заштита од пожар.
20
Осветлување
 Просечните вредности на нивото на осветленост во згради со канцеларии за
разни визуелни потреби и активности е пропишано со стандардот EN 12464.
 Денес при планирање на напојувањето е вообичаено да се земе предвид
просечно оптоварување од 15 W/m2 за постигнување на осветленост од 750
lux ако се користат рефлекторски флуоресцентни светилки со електронски
пригушници.
 Со стандардот EN 12464 е пропишана средна осветленост од 500 lux за
канцеларии. Оваа вредност е релативно висока, што предизвикува од своја
страна и зголемени оперативни трошоци, посебно ако континуирано се
користи осветлувањето.
 Меѓутоа, ако се примени контрола при користење на оваа вештачко
осветлување да биде во согласност со осветленоста која се постигнува со
дневното осветлување, тогаш ќе се смалат оперативните трошоци, но и
животниот век на светилките.
21
Контрола на осветлувањето
 Наједноставна контрола на осветлувањето може да се постигне со
далечинско исклучување преку синхронизирани (повеќеполни) склопки.
 Покрај локалното и исклучувањето со далечински склопки може да се
контролира вклученоста на светилките со временски нагодени склопки.
 Програмирачки контролери овозможуваат повисоко ниво во
поврзувањето на повеќе независни функции. Тоа е посебно
применливо во канцеларии од типот на отворен простор, посебно кога
треба да се синхронизира работата на контролерите кои го земаат
предвид дневното осветлување со работата на контролерите кои го
контролираат замрачувањето на прозорите (преку аголот на
ролетните). Како додатна функција кај контролерите се јавува
контролата со оглед на присуство на луѓе во канцеларијата преку
инсталирање на сензори за движење.
22
Струјни кола на приклучници

 Во нормални услови, едно струјно коло на приклучници би требало да


се користи за напојување на шест до осум перманентно инсталирани
заземјени приклучници. Ова ограничување овозможува приклучување
на повеќекратни приклучници (преку продолжен кабел). На таков начин
прекинот на напојувањето кој би настанал заради грешка на некоја од
приклучниците во тоа струјно коло ќе се ограничи на релативно мало
подрачје
 Искуството покажува дека во нормални услови на користење на уредите
во канцеларии, просечно дневно оптоварување по една приклучница е 1
А. Според тоа инсталациски автоматски прекинувач од 10 А со струјна
карактеристика С се препорачува за струјното коло на приклучници
каде се појавуваат високи струи на поаѓање кои се предизвикани од
уредите во канцеларии, но и брзо прекинување на напојувањето во
случај на појава на грешка, како и за ограничување на падот на напонот
по должината на кабелот. За други оптоварувања вообичаено се
користи инсталациски автоматски прекинувач23 од тип В.
Видови на приклучници

24
ИНСТАЛАЦИИ ВО ХОТЕЛИ

25
Видови на оптоварувања
 Во хотелите можат да се сретнат следните потрошувачи:
 рецепција;
 гостински соби;
 конференциски сали/функционални холови;
 базен;
 фитнес просторија;
 функционални простори – кујни, соби со фрижидери, магацин;
 технички простори – лифтови, ескалатори, противпожарен систем, системи за ладење/греење,
вентилација, ИКТ системи;
 паркиралиште.
 Хотелите водат сметка за својата „корпоративна слика“ која исто така влијае
на барањата кои треба да бидат задоволени при планирањето на
електричните инсталации. На пр. сместување на компресорите на
централниот систем за ладење на покривот на зградата, водење сметка за
еко системите, вклучувајќи ги соларните панели и фотонапонските ќелии, итн.
26
Планирање на инсталациите

 Заради постоењето на голем број разновидни уреди кои можат да се


користат во хотелите, практично не е возможно да се обезбеди
детална информација со оглед на просечните вредности на
оптоварувањата.
 Искуството покажало дека просечно специфично оптоварување во кое
се вклучени сите електрични уреди изнесува 3500 W/соба за хотели
без клима уреди, односно 4500 W/соба за хотели со клима уреди.
 Граничните вредности со кои се дефинира обемот и спецификацијата
на неопходните уреди (вклучувајќи ги сигурносните уреди) се одредени
според:
 бројот на гости кои престојуваат во зедничките простории
 бројот на кревети за сметување на гостите
 бројот на седишта во конференциски и функционални простори
 големината и типот на подземната гаража итн. 27
Сигурносни уреди
 Хотелските гости не се доволно информирани за зградата на
хотелот (патеки на евакуација и напуштање на објектот), па од
голема важност е да се обезбеди доверливо напојување на
сигурносните уреди.
 Листа на сигурносни уреди
 сигурносно осветлување по должината на патеките за евакуација од
зградата, посебно од големите гостински и функционални простори;
 алармни системи како и системи на известување при ургентни настани;
 хидранти за гасење на пожари;
 системи на лифтови;
 делови на системот за вентилација и екстракција (исфрлање) на чадот.
 Со стандардот IEC 60364-5-56 се пропишуваат бараните типови
на сигурносно напојување
28
ИНСТАЛАЦИИ ВО
ЗДРАВСТВЕНИ УСТАНОВИ
29
Карактеристики на потрошувачка во
здравствени објекти
 Здравствените установи спаѓаат во објекти со
обемна и сложена техничка и електрична опрема.
 Главни карактеристики на овие објекти се:
 континуирана работа во текот на целата година без
периоди на смалена активност;
 директно користење на уредите од страна на луѓето.
 Од овие карактеристики произлегуваат
специфични барања кои се однесуваат на
инсталирањето и користењето на електричната
опрема.

30
Системи на снабдување со електрична
енергија и заштитни мерки
 Главни барања кои треба да се исполнети при
планирањето на снабдувањето со електрична
енергија на здравствени установи се:
 снабдувањето на електричните уреди треба да биде
сигурно и доверливо,
 приоритетни (витални) апарати и инсталации треба да
продолжат да се снабдуваат со електрична енергија и
при појава на грешки,
 треба да се елиминираат ризиците од струјни удари.

31
Стандарди

 Интернационални технички сигурносни стандарди кои се


однесуваат на медицинските уреди се: EN 60601-1, EN 60601-2.
 Техничките спецификации за просториите и зградите, вклучувајќи
ги енергетското напојување и сигурносните барања во ЕУ се
опфатени на национално ниво (за сега) преку правилници и
стандарди (на пр. DIN VDE 0107 – Електрични инсталации во
болници и на локации за медицинска дејност надвор од
болниците).
 Со стандардите се опфатени следните подрачја:
 заштита на пациентите, докторите и здравствениот персонал при
користењето на медицинските електрични уреди,
 сигурност во снабдување со електрична енергија на приоритетните
(виталните) електрични уреди,
 заштита на пациентите кои се во променлива состојба на подвижност,
како на пример во ургентни состојби.
32
Кетегоризација на работни простории

 Според DIN VDE 0107 – Електрични инсталации во болници и на


локации за медицинска дејност надвор од болниците се различни
за секои од четирите категории на простории. Со оглед на оваа
поделба, неопходно е проектантот да се информира од страна
на медицинскиот перонал за оделните уреди и активности во
просториите. Кога постои дилема секогаш треба да се избере
повисоката категорија на просторијата.
 простории кои се користат за не-медицински цели: ходници, скали, помошни
простории, купатила и тоалети, помошни кујни, простории за одмор,
административни простории итн.(главно снабдување од енергетската мрежа),
 простории кои се користат за медицински потреби од категорија 0: простории
каде се сместени пациентите кои се под третман на медицинските сестри; не се
користат електрични уреди (апарати) кои се приклучени на главното
снабдување со електрична енергија (од енергетската мрежа).

33
Работни простории-додаток

 простории кои се користат за медицински потреби од категорија 1:


простории каде пациентите се испитуваат и третираат (вклучувајќи и
помали операции); се користат електрични уреди кои се приклучени
на главното снабдување со електрична енергија. Овие уреди не се
внесуваат во телото на пациентот, ниту пак се користат за
функционирање на внатрешните органи. Грешка или прекин на
напојувањето на овие уреди не претставува опасност за
пациентот;
 простории кои се користат за медицински потреби од категорија 2:
простории каде пациентите се испитуваат, оперираат, мониторираат,
или се подложени на интензивен медицински третман. Во овие
простории не е дозволен прекин во снабдувањето со електрична
енергија на неопходните витални медицински електрични уреди
(апарати) бидејќи пациентот ќе се доведе во опасност.

34
Критериуми за планирање на
снабдувањето со електрична енергија
 Големината и основата на одделните згради
 Дали постојат можности за надградба на зградите или станува
збор за компактна конструкција
 Количините и видот на опремата која ќе се инсталира во
објектите
 Централно (градско) греење, или сопствено греење (на пример
со ко-генеративна постројка)
 Сопствена кујна и перална или ќе се користи надворешен
сервис
 Не постојат применливи општи показатели за големината на
потрошувачката во здравствените установи заради
разновидноста на опремата која потенцијално може да се
инсталира
35
Сигурносно снабдување со електрична
енергија
 Сигурносното снабдување, кое е независно од главното напојување, а
кога ќе настане прекин во главното напојување треба автоматски да
се активира во време до 15 s.
 Следните уреди треба да се снабдуваат со електрична енергија :
 сигурносното осветлување на правецот на напуштање на објектот (евакуација),
уреди кои се наоѓаат во простории кои се користат за медицински цели, како и во
оперативните и работни простори кои се неопходни за нормално функционирање
на болницата;
 лифтови кои се користат при пожар, како и лифтови за кревети;
 вентилациски систем за исфрлање на чад;
 информациските (известувачки) системи за посетителите;
 алармни и предупредувачки системи;
 системи за гасење на пожар;
 медицинска опрема (опрема која е селектирана од медицинскиот персонал).
36
Сигурносно снабдување со електрична
енергија - додаток
 Посебно треба да се води сметка за непрекинато
снабдување со електрична енергија на следните уреди (со
помали моќности):
 рефлектори во операциски сали и слично осветлување;
 електрични уреди во простории од категорија 2;
 електрична опрема за снабдување со медицински гас, вклучувајќи
компресиран воздух, снабдување преку вакум, апарати за екстракција
на анестетичен гас, итн.

37
Снабдување со електрична енергија од
извори кои се во состојба на подготвеност

 Енергетски извор во состојба на подготвеност (stand-by), кој


е независен од главното снабдување со електрична
енергија, треба да се обезбеди за напојување на уреди со
поголеми моќности и инсталации кои се неопходни за
обезбедување на нормалното функционирање на
болницата:
 опрема за стерилизација;
 сопствените системи како што се греење, вентилација, снабдување и
исфрлање на отпад;
 системи на фрижидери и ладилници;
 опрема за снабдување со храна (кетеринг);
 останати важни лифтови и опрема.

38
Снабдување со електрична енергија од
извори кои се во состојба на подготвеност

 За претходно наведената опрема активирањето на оваа


напојување не смее да биде подолго од 15 s.
 Се препорачува да се обезбеди и втор независен извор
во подготвеност.
 Треба да постои можност за префрлување на оваа
напојување на сигурносно напојување, со што ќе се
овозможи снабдувањето со електрична енергија од извори
во состојба на подготвеност да биде на располагање
ако е потребно да се овозможи одржување или пак ако
настане дефект на сигурносното напојување.

39
Сигурносно снабдување со електрична
енергија
 Како извор за сигурносно снабдување со електрична енергија, со
време на префрлување од 15 s, се препорачува дизел мотор –
синхрон генератор кој е во согласност со стандардот ISO 8528-12/DIN
6280 (13).
 Исто така може да се примени ко-генеративна постројка, која е во
согласност со 8528-12/DIN 6280 (13), ако таа:
 се користи во текот на целата година,
 се состои од повеќе модули
 обезбедува исто ниво на сигурност во напојувањето како и дизел мотор-генератор.
 Додатно, треба да се обезбеди доверливо снабдување со гориво,
доверлива распределба на топлината, како и соодветно квалификуван
персонал кој ќе обезбеди правилна работа на когенеративната
постројка.
40
Трансфер на оптоварувањето

 Сигурносните уреди и медицинските апарати треба да


продолжат да се напојуваат со електрична енергија во
време на трансфер кое не е подолго од 15 s.
 Во оваа кусо време на трансфер, во кое треба да се
обезбеди специфицираната (однапред зададена)
вредност на напонот и фреквенција. Понекогаш се
јавуваат проблеми и затоа е потребна соработка со
производителот на изворот на сигурносно напојување.
 Дополнително, потребно е да се обезбеди поделба на
потрошувачите (уредите) во одредени групи кои ќе бидат
поврзани со напојувањето во различни времиња.

41
Обезбедување на напојување за
одржување
 Во колку е инсталиран само еден сигурносен
извор за напојување со електрична енергија,
додатно ќе мора да се овозможи напојување за
активности кои се поврзани со одржувањето.
 Едно такво решение би претставувало времено
инсталирање на мобилен генератор кој е
поврзан преку надворешна врска (на пр.
напојување на пожарникарската активност).

42
Дополнително сигурносно напојување

 Дополнително сигурносно напојување кое е вo согласност со DIN VDE


0107 ќе ги напојува:
 рефлекторите во операциските сали
 елктромедицински апарати за операции, како и виталните оперативни мерки и
интензивна терапија (простории од категорија 2).
 Бидејќи изворот за дополнително сигурносно напојување претставува
сигурносна мерка за најважните (витални) електромединциски апарати,
тој треба да биде лоциран што е можно поблизу до соодветните
уреди. Ако тоа не е можно, тој треба да биде инсталиран барем во
зградата во која се лоцирани тие апарати. Заради тие причини, како и
во склад со многу кусото време на трансфер (максимално 0,5 s), се
применува систем на батерии со статички инвертори или трифазни
инвертори кои се во согласност со DIN VDE 0107.
43
Димензионирање на дополнителното
сигурносно снабдување со електрична
енергија
 Дополнителното сигурносно снабдување со електрична
енергија треба да биде планирано така да обезбеди
непрекинато напојување на рефлекторите во операциските
сали и соодветната електромедицинска опрема во време
од најмалку еден час.
 За таа цел планирата моќност на овие извори мора да биде
одредена во соработка со корисникот на овие медицински
уреди, а при тоа треба да се обезбеди и соодветна резерва
на моќноста на напојувањето.

44
Главно снабдување со електрична
енергија
 Главното снабдувањена здравствени установи со
електрична енергија од енергетската дистрибутивна мрежа
треба да се обезбеди преку прстен или преку двоен извод
со што ќе се овозможи резрва во напојувањето преку
префрлување од еден на друг извод, ако на еден од
изводите настане дефект.
 Ако напојувањето се врши од високонапонска мрежа, треба
да се обезбедат неколку тренсформатори, па дури и во
случај на мали болници. На таков начин ќе се овозможи
напојување на електричната опрема дури и во случај на
дефект на трансформаторот.

45
46
47
Елиминирање на итерференција

 Интерференцијата, која може да биде предизвикана од


магнетните полиња создадени од енергетските инсталации,
треба да се ограничи преку соодветна распределба на
уредите кои предизвикуваат интерференција и да се
обезбеди соодветна оддалеченост од нив до мерните
медицински уреди. Оваа барање треба да биде усогласено
со архитектот при планирањето на просториите.
 За таа цел треба да бидат задоволени растојанијата помеѓу
изворите на интерференцијата и мерната медицинска
опрема според следната табела:

48
Допуштени растојанијата помеѓу изворите на
интерференцијата и мерната медицинска
опрема
Опрема Минимални растојанија (m)
Пригушници за 0,75
флуоресцентни
светилки
Трансформатори, 6
мотори
Повеќе-жилни
спроводници или
кабли
Пресек на
спроводниците
10 mm2 до 70 mm2 3
95 mm2 до 185 mm2 6
> 185 mm2 9

49

You might also like