You are on page 1of 15

3.

ДОВЕРЛИВОСТ НА РАДИЈАЛНИТЕ
ДИСТРИБУТИВНИ МРЕЖИ

3.1. ОПШТО ЗА ДОВЕРЛИВОСТА НА РАДИЈАЛНИТЕ


ДИСТРИБУТИВНИ МРЕЖИ

Дистрибутивните електроенергетски мрежи претставуваат дел од


електроенергетскиот систем (ЕЕС). Поточно кажано, тие претставуваат
краен сегмент во технолошкиот процес што го обавува ЕЕС –
дистрибуцијата на електрична енергија. Затоа и од дистрибутивната
мрежа (ДМ) се очекува, исто како и од преостанатиот дел на ЕЕС, таа
исто така да ги исполни основните задачи: обезбедување на квалитетна
електрична енергија на потрошувачите по што е можно пониска цена.
Квалитетот на електричната енергија се огледа во поголем број
показатели межу кои поважните се:
1. квалитетен напон, што се огледа во константност на
ефективната вредноста на фазните напони која треба да биде и блиска
до номиналниот напон, симетричност на трите фазни напони, отсуство
или мало присуство на вишите хармоници во кривата на напонот;
2. констнтна фреквенција, сосема блиска до номиналната (f =
50Hz +0,1 Hz),
3. континуитет во испораката на електричната енергија, што
значи обезбедување на напојување со што е можно помал број
прекини и покусо нивно траење.
Со анализа на статистичките податоци за прекините во
напојувањето на потрошувачите зарди дефекти во системот се дошло
до заклучокот дека на патот од изворите до крајните корисници во НН
мрежа, главен носител на проблемите во електронапојувањето е токму
дистрибутивната мрежа. Уделот на ДМ, посебно СН ДМ, во прекините
на напојувањето поради дефекти во мрежата се оценува на вредност од
околу 80%. Тоа е главната причина зошто на проблемот на
доверливоста на ДМ е псотојано предмет на интерес и истражување.
Причини за тоа зошто токму дистрибутивниот дел од ЕЕС е
"главниот носител" на прекините и проблемите има повеќе. Тоа е пред
сè физичкиот обем на самите ДМ. Познато е дека должините на
кабелските и надземните водови во ДМ неколкупати ја надминува
должината на водовите кај преносните мрежи. Покрај тоа во ДМ се
користат елементи кои имаат многу понизок квалитет во изработката
(се разбира заради пониските цени, т.е. заради "економичноста").
Освен тоа во ДМ се користат елементи со значително послаби
технички перформанси и помали капацитети отколку во останатите
делови од ЕЕС.
Како резултат на намалениот капацитет и квалитет на елементите
на ДМ се јавува зголемен број на испади (дефекти) во тој дел од
системот.
Од друга страна потрошувачите (корисниците на електричната
енергија) бараат квалитетна електрична енергија со тенденција тие
свои барања во иднина да ги заоструваат сè повеќе и повеќе заради

1
фактот што во индустријата, која е главниот потрошувач (кај нас тоа сè
уште не е така) но и во домаќинствата, сè поприсутни се
софистицирани уреди и апарати чие работење е базирано на
микропроцесорска технологија. Кај таквите потрошувачи секој прекин,
макар и краткотраен, од само 1 секунда, предизвикува проблеми во
работењето и високи штети.
Во современите услови на дерегулирано електростопанство,
уважувањето на потребите и барањата на потрошувачите за квалитет
во испорачаната електрична енергија постепено станува главен
приоритет кој има доминантно влијание на обликувањето,
димензионирањето а со тоа и во инвестирањето во ДМ. Од тие
причини интересот за сигурноста во работењето на секторот
"дистрибуција" станува се повеќе актуелен и многу истражувања се
прават во областа на истражувањето на методите за анализа и методите
за подобрување на доверливоста во работењето на дистрибутивниот
систем (ДС).

Со оценката на основните индекси на доверливост сврзани со


фреквенцијат и испадите на елементите од мрежата не може да се
добие целосна слика за доверливоста на дистрибутривната мрежа ако
не се земе предвид и податокот како тоа се одразува врз
потрошувачите во мрежата, т.е. колкав број потрошувачи се опфаќа со
таквите испади и колкави шетеи предизвикува тоа кај нив. Затоа, за
добивање комплетна слика за доверливоста на една мрежа
се користат и други, дополнителни, индекси на доверливост за кои ќе
стане збор во наредниот дел.

Зголемување на доверливоста во напојувањето на ДМ


За тоа постојат два начина:
• намалување на интензитетот на испадите λ,
• намалување на времињата на прекин τ.
Првиот начин е обично поврзан со зголемени инвестиции во
самата мрежа (нпр. замена на надземните со кабелски водови,
реконструкција на старите и дотраени водови и елементи на ДМ и сл.)
Вториот начин се постигнува на пример со изградба на нови,
резервни врски (NO водови) со што може да се постигне значително
намалување на времето на прекините. Но тоа е скапо решение и не се
применува секогаш и насекаде туку само таму каде што таквите зафати
имаат екононска оправданост – а тоа се градските и индустриските
мрежи каде што бројот на потрошувачите и нивото на оптовареност се
големи.
Намалување на времетраењето на прекините се постигнува и на
друг начин:
• со воведување на софистицирана опрема и автоматика (нпр.
брзи мерни единици – т.н. fault recorders, детектори на
дефекти и сл.);

2
• со далечинско управување/командување со расклопните
(комутационите) уреди – прекинувачи или разделувачи на
моќност,
• со подобра организација на технолошкиот процес на барање и
лоцирање на местото на дефектот, брза поправка (санирање)
на самиот дефект и брза реконфигурација а подоцна и
реставрација на погонот како на деловите од мрежата
опфатени со дефектот, така и на преостанатите нејзини
делови.
Со воведувањето на автоматиката и далечинското управување
значително се намалува па дури и целосно се елиминира ангажирањето
на екипи на теренот за потребите на управувањето со дефектите (fault
management). На тој начин времето на прекин во електронапојувањето,
од моментот на неговото настанување па сè до неговата повторна
реставрација се намалува за неколку десетини пати и се постигнува за
таа цел понекогаш да бидат потребни сè на сè неколку минути.
Под управување со дефектот (fault management) се подразбира
преземање на низа постапки и чекори неопходни за определување на
локацијата на дефектот, изолирањето на повредениот елемент од
останатиот дел на мрежата и во останатите делови од мрежата, онаму
каде што е тоа можно, и повторно воспоставување (т.е. реставрација)
на напојувањето со електрична енергија.
Примената на автоматиката и далечинското управување од една
страна ги намалува штетите кај потрошувачите заради прекините во
електроснабдувањето, додека од друга страна врши и значително
редуцирање на оперативните трошоци за време на барањето на
дефектот, неговата поправка и реставрацијата на погонот во мрежата
(намален број на манипулации, намалување на можноста за грешки во
работењето и сл.).

3.2. МЕТОДОЛОГИЈА ЗА АНАЛИЗА НА ДОВЕРЛИВОСТА НА


РАДИЈАЛНИТЕ ДИСТРИБУТИВНИ МРЕЖИ

Досега развиените методи за анализа на доверливоста на ДМ


можат да се поделат во три групи:
9 аналитичи методи;
9 симулациони методи и
9 комбинирани методи.
Аналитички методи. Се делат на две подгрупи: мрежни методи (за
системи со стохастички независни компоненти) и методи базирани на
анализа на пространството на состојбите (за помали системи со
зависни компоненти).
Симулациони методи. Се применуваат за анализа на релативно
големи системи во кои се одвиваат сложени стохастички процеси кои
тешко аналитички можат да се опишат на еденоставен начин. Алгорит-
мите што се применуваат кај симулационите методи се релативно

3
едноставни иако со нив можат да се анализираат и најсложени
случајни процеси. базираат на употребата на современи брзи
компјутери (method of brute force). Најчесто користен симулационен
метод е методот "монте карло". За него ќе зборуваме подоцна, при
анализите на доверливоста на преносните системи и анализата на
доверливоста на комплексните ЕЕС.
Сите преостанати методи се т.н. комбинирани методи. Кај нив,
зависно од природата на анализираниот проблем, се применуваат две
или повеќе методи м(нптр. комбинација на симулацијата монте карло
со методот на минимални пресеци, методот на Маркови вериги итн.)

3.3.1. Основни индекси на доверливост


Доверливоста на ДМ се оценува глобалнно со помош на три
основни индекси (показатели) на нејзината доверливост: фреквен-
цијата на испадите (прекините во електроснабдувањето), траењето
на тие прекини и расположливоста на системот, т.е. веројатноста тој
да се наоѓа во даден момент во исправна состојба. Врз основа на овој
концепт, базиран на споменатите случајни показатели, се воведени и
дополнителни индекси кои опишуваат и други специфичности, т.е.
перформанси на дистрибутивните системи. Пресметките на овие
индекси базираат на претходно изложената теорија за сериски и
паралелни системи, а ќе се применуваат и други техники – аналитички
и симулациони.
Во современата дистрибутивна практика, покрај претходно
споменатите основни индекси на доверливоста, вообичаено се
користат и следните дополнителни индекси на доверливост со кои се
опишува доверливоста на целата дистрибутивна мрежа:
1. индекс на неиспорачаната електрична енергија (Energy Not
Supplied Index – ENSI),
2. индекс на просечната неиспорачана енергија (Average Energy
Not Supplied Index – АENSI),
3. индекс на просечната фреквенција на испадите (отказите) на
системот (System Average Interruption Frequency Index - SAIFI),
4. индекс на просечнoто траење на испадите (отказите) на
системот (System Average Interruption Duration Index - SAIDI),
5. индекс на просечнoто траење на испадот (отказот) на
потрошувачот (Customer Average Interruption Duration Index -
CAIDI),
6. индекс на просечната доверливост на напојувањето (Average
Service Availability Index - ASAI),
7. индекс на просечната недоверливост на напојувањето (Average
Service Unavailability Index - ASUI),
Се користат и други индекси (показатели) на доверливоста и за
нив ќе стане збор на наредниот дел од текстот.
Кога се зборува за неиспорачаната електрична енергија на потро-
шувачите заради испади во системот ΔWf, вообичаено е таа да се

4
пресметува за период од 1 година, така што во тој случај се применува
терминот очекувана годишна неиспорачана електрична енергија. Но
често пати величината ΔWf се пресметува и за покуси временски
периоди, на пример за период од месец или период од една сезона. На
тој начин е можно да се опфати и сезонската варијација на конзумот во
мрежата бидејќи се покажува дека неиспорачаната енергија, а со тоа и
штетите заради испадите на елементите на мрежата, во зимскиот
период се неколкупати поголеми отколку во летниот.

3.3.2. Пресметување на индексите на доверливост


Пред да се премине кон начинот на пресметување на погоре
споменатите показатели на доверливоста на ДМ, ќе биде потребно да
се каже нешто и за начинот на работење на самите ДС како и за
постапките што се применуваат во случаите кога ќе дојде до дефект,
т.е. испад не некој елемент на ДМ.
Дистрибутивните мрежи во нормални околности работат како
радијални (без затворени контури). Но во дистрибутивните мрежи,
покрај главните напојни водови, со чија помош се врши распределба ан
електричната енергија, постојат и резервни водови, наречени спојници.
Тие служат како резервно напојување на дел од изводот во случај на
испад на некој елемент од мрежата.
Во нормални услови спојниците не се под напон, или ако се под
напон, тие се приклучени на мрежата само од едната страна така што
во нормални околности тие не пренесуваат електрична енергија.
Резервните водови овозможуваат "пренапојување на потрошувачите од
здравиот дел ан ДМ, а со тоа тие го скратуваат времето на прекинот во
електронапојувањето за некои потрошувачи на мрежата. За тие
потрошувачи времето на прекин на потрошувачките јазли ќе зависат и
од времето потребно за воспоставување на пренапојувањето преку
спојниците, односно реконфигурација на системот.
При испад на некој елемент во системот доаѓа до прекин на
напојувањето на сите елементи чие напојување одело преку испадна-
тиот елемент. Испадот на елементот најчесто ќе предизвика испад и на
елементите кои се наоѓаат и долж патеката на напојувањето на испад-
натиот елемент, сè до првиот комутационен уред (КУ) кој има способ-
ност да го исклучи напојувањето. Затоа при пресметувањето на показа-
телите на доверливост на ДМ е потребно да се знаат податоците на
типот на разгледуваните елементи, нивните карактеристики, тополо-
гијата на мрежата, начинот на разместувањето на КУ и времињата
неопходни за пристап до одделните елементи на мрежата. Но исто така
многу е важно да се познава технологијата на работењето на екипите
што работат на справувањето со ситуациите со испади и постапките
што се применуваат при управувањето со дефектот во мрежата.
Комутациони уреди (расклопни уреди) во мрежата се
прекинувачите, разделувалите и разделувачите на моќност. Тие може
да бидат нормално отворени (NO) или нормално затворени (NZ).
Служат за изолирање на повредениот дел на мрежата од останатиот –
здрав, дел и за пренапојување на здравиот дел од мрежата од друг

5
извор на напојување за време на отстранувањето на дефектот. Секој од
нив може да биде локалнио или пак далечински управуван а тоа битно
влијае врз изборот на постапката за управување со дефектот, а со
самото тоа и врз крајниот резултат од доверливоста на ДМ.
На сликата 3.1. е прикажана една среднонапонска (СН) РДМ.

Слика 3.1.1. Извод од една СН РДМ со дефект на една нејзина гранка.


Легенда: Изводни прекинувачи, NZ расклопен уред,
NО расклопен уред.

Слика 3.1.2. Поделба на мрежата на зони.

6
Слика 3.1.3. Работа на мрежата за време на отстранување на дефектот.
Со алгоритмот којшто ќе биде опишан во овој дел се опфаќаат и
т.н. активни дефекти. Кај нив, поради дејствување на заштитата,
покрај дефектниот елемент, со испадот ќе биде опфатен и извесен број
други, изправни , елементи. Активните дефекти ја намалуваат
доверливоста на мрежата и тие мора да бидет земени передвид во овие
анализи.
Алгоритмот за пресметка на очекуваната годишна неиспорачана
електрична енергија се состои од три чекори.

1. Чекор. Пресметка на интензитетите на испадите на сите водови


и други елементи.
λi = λ0 ⋅ li ;
(3.1)
λ′ = λ +
i i λ ∑α
j∈
j
i

"Други" елементи се други елементи приклучени на крајот од


посматраната делница, а тоа се: сите мерни трансформатори,
собирници, разделувачи (КУ), релеи сл.).

2. Чекор. Пресметка на интензитетите на испадите на сите водови


и други елементи.

Пресметка на очекуваното годишно траење на прекините τj на


јазлите (j) поради дефекти во мрежата (гранка i).
τj = ∑ λ ′ ⋅ T (i)
i∈ω j
i j (3.2)

Траењето на прекинот во јазелот j Tј(i) под дејство на испадот на


елементот (гранката) i се пресметува како сума од времињата потребни
за: локација (L), изолација (I) и обнова реставрација, т.е. обнова (R) на
напојувањето кај јазелот j кога дефектот е кај гранката i:
T j (i ) = T jL (i ) + T jI (i ) + T jR (i ) (3.3)

7
Локација на дефектот.
Применувани методи: 1) секвенцијален (реден), 2) метод на
половење,
Метод со примена на брзи мерни единици (се "пресметува"
местото на дефектот),
Примена на детектор на дефектот – без далечинско управување.
Потребна екипа за утврдување на статусот на покажувачот. Со
далечинско управување – екипа не е потребна.

Изолација на дефектот.
Зависи од КУ и од начинот на нивното командување –
далечинско (t < 1 мин.) или локално (нпр t = 1 h.)

Време на обнова на напојувањето.


Зависи каде (во која зона) се наоѓе дефектот и посматраниот
јазел.

3. Чекор. Пресметка на индексите на доверливост и на годишната


неиспорачана електрична енергија кај одделните
потрошувачки јазли и на ниво на целата мрежа.

ENSI = ∑ P ⋅τ
j
j j (3.4)

Сумирањето во горниот израз се врши по сите потрошувачки


јазли во мрежата j.
Често пати место на годишно ниво, енергијата ENSI се
пресметува на ниво на месец или сезона.
Глобалниот блок дијаграм со кој што се опишува на едноставен
начин алгоритмот за пресметка на годишната неиспорачана електрична
енергија е прикажан на сликата 3.1.4.

8
Слика 3.1.4. Блок дијаграм на опишаната постапка
за пресметка на ENSI на системот

9
3.3.2. Пресметување на индексите на доверливост

Пред да се премине кон начинот на пресметување на погоре


споменатите показатели на доверливоста на ДМ, ќе биде потребно да
се каже нешто и за начинот на работење на самите ДС како и за
постапките што се применуваат во случаите кога ќе дојде до дефект,
т.е. испад не некој елемент на ДМ.
Во дистрибутивните мрежи, покрај главните напојни водови, со
чија помош се врши распределба ан електричната енергија, постојат и
резервни водови, наречени спојници. Тие служат како резервно
напојување на дел од изводот во случај на испад на некој елемент од
мрежата. Во нормални услови спојниците не се под напон, или ако се
под напон, тие се приклучени на мрежата само од едната страна така
што во нормални околности тие не пренесуваат електрична енергија.
Резервните водови овозможуваат "пренапојување на потрошувачите од
здравиот дел на ДМ, а со тоа тие го скратуваат времето на прекинот во
електронапојувањето за некои потрошувачи на мрежата. За тие
потрошувачи времето на прекин на потрошувачките јазли ќе зависат и
од времето потребно за воспоставување на пренапојувањето преку
спојниците, односно реконфигурација на системот.
При испад на некој елемент во системот доаѓа до прекин на
напојувањето на сите елементи чие напојување одело преку
испаднатиот елемент. Испадот на елементот најчесто ќе предизвика
испад и на елементите кои се наоѓаат и долж патеката на напојувањето
на испаднатиот елемент, сè до првиот комутационен уред (КУ) кој има
способност да го исклучи напојувањето.
Дел од испаднатите елементи при реконфигурација на системот
пак ќе добијат напојување, додека дел ќе останат без напојување.
Пренапојувањето се воспоставува со вклучување на претходно
исклучениот КУ, и со вклучување на на отворените КУ преку кои
претходно се изолирал испаднатиот елемент. Со враќање на
испаднатиот елемент во работа, системот повторно се враќа во својата
првобитна конфигурација.
При анализата на доверливоста на ДС, односно при испад на
некој негов елемент, во општ случај, ќе разликуваме три зони, односно
три делови од мрежата кои што се нарекуваат уште и сектори. На
секторот А, припаѓаат елементите чии патеки се наоѓаат на патеката на
напојување на испаднатиот елемент, кои по изолирањето на
испаднатиот елемент повторно можат да се приклучат на мрежата.
Елементите чија патека на напојување ја содржи патеката на
напојување на испаднатиот елемент, но по негово изолирање можат
повторно да добијат напојување преку спојници ја сочинуваат секторот
С. Останатите елементи кои ќе го почувствуваат испадот, а неможат да
добијат напојување сè до поправка на дефектот ја сочинуваат секторот
В. Ова е прикажано на сликата 4.1. Унијата на овие сектори ги содржи
сите елементи кои го почувствувале испадот: U=A ∪ B ∪ C .
Прекинот на напојување во секторите А и С ќе трае онолку колку
што е потребно да се изврши реконфигурација на мрежата, додека

10
прекинот во секторот В ќе трае додека испаднатиот елемент не се
врати во својата нормална работна состојба.
Индексите на доверливост можат да се одредат на следниот
начин:
Фреквенцијата на испадите на потрошувачите приклучени на
јазолот „i“ ќе биде:
fi = ∑ λ j ⋅ xij , (3.5)
j

каде со xij е означен коефициентот кој ги има следниве вредности:


xij=1 ако поради испад на елементот „j“ дојде до прекин во
напојувањето на јазолот „i“;
xij=0 во сите останати случаи.

Слика 3.1 Поделба на елементите во секции при појава на испад во


системот

Ако со sj го означиме времето потребно за реконфигурација на


мрежата при испад на елементот „j“, а со rj очекуваното времетраење
на испадот, за нерасположливоста на потрошувачите приклучени на
јазолот „i“ ќе важи:
U i = ∑ λ j ⋅ rj ⋅ yij + ∑ λ j ⋅ s j ⋅ zij , (3.6)
j j

каде што со yij и zij се означени коефициентите кои имаат различни


вредности од нула за следниве случаи:
yij=1 ако поради испад на елементот „j“, јазолот „i“ се наоѓа во секторот В;

11
zij=1 ако поради испад на елементот „j“, јазолот „i“ се наоѓа во еден од секторите А и С.
Очекуваното времетраење на испадите за потрошувачите
приклучени во јазолот „i“, ri може да се пресмета како:
U
ri = i . (3.7)
fi
Досега изложената теорија ќе ја илустрираме на еден пример на
радијална дистрибутивна мрежа која е прикажана на сликата 4.2.
Ако дојде до испад на јазолот 2 за фреквенцијата на испади на
потрошувачите приклучени на јазолот 2 ќе се добие:
f 2 = λ1 + λ 2 + λ 3 + λ 4 + λ 5 , 3.8)
а за нерасположливоста ќе се добие:
U 2 = λ 2 ⋅ r2 + λ 4 ⋅ r4 + λ 5 ⋅ r5 + λ1 ⋅ s1 + λ 3 ⋅ s3 . 3.9)
Очекуваното времетраење на испадите за потрошувачите во
јазолот 2 ќе биде:
U
r2 = 2 . 3.10)
f2

Слика 4.2 Илустрација на постапката за одредување на основните


индекси на доверливост
на една радијална дистрибутивна мрежа (РДМ)

За да се прикаже и ефектот на оптоварувањето на испаднатите


јазли се воведува нов индекс на доверливост т.н. неиспорачана
енергија ENS [6]. Користејќи ја средната моќност приклучена на
јазолот „i“, неиспорачаната енергија ќе биде:
ENSi = U i ⋅ Psr , i . (3.11)
Вкупната неиспорачана енергија ќе биде збир од сите
неиспорачаните енергии во системот.

12
3.3.3. Системски индекси на доверливост
За да можеме подобро да го опишеме влијанието на испадите,
односно нивниот обем и тежина врз мрежата се воведуваат системски
индекси на доверливост, кои во своите изрази го содржат и бројот на
потрошувачите приклучени во соодветните јазли. Во продолжение ќе
бидат дефинирани системските индекси кои што најчесто се користат.
ƒ SAIFI (System Average Interruption Frequency Index)
или просечен број на прекини на напојувањето по потрошувач
годишно во системот. Овој индекс се дефинира на следниот начин:

вкупен број на прекини на напојувањето ∑ f ⋅N i i


SAIFI = = i
, 3.11)
вкупен број на потрошувачи во системот ∑N i
i

каде со fi е означена фреквенцијата на испадите на потрошувачите Ni,


приклучени на јазолот„i“.
ƒ CAIFI (Customer Average Interruption Frequency Index)
или просечен број на прекини на напојувањето по исклучен
потрошувач годишно. Овој индекс се дефинира како:
вкупен број на прекини на напојувањето
CAIFI = . 3.12)
вкупен број на потрошувачи кои почувствувале испад
ƒ SAIDI (System Average Interruption Duration Index)
или просечно вкупно времетраење на прекините на напојувањето по
потрошувач во системот. Овој индекс се дефинира како:

вк. времетр. на прекините на напојувањето ∑U ⋅ N i i


SAIDI = = i
. 3.13)
вкупен број на потрошувачи ∑N i
i

ƒ CAIDI (Customer Average Interruption Duration Index)


или просечно времетраење на прекинот на напојување во системот.
Овој индекс се дефинира како:

вк. времетраење на прекините на напојувањето ∑U ⋅ N i i


CAIDI = = i
. 3.14)
вкупен број на прекини на напојувањето ∑ f ⋅N
i
i i

ƒ ASAI (Average Service Availability Index)


или просечна расположивост на системот. Овој индекс се дефинира
како:

потрошувач-часови расположиви ∑ 8760 ⋅ N − ∑U i i ⋅ Ni


ASAI = = i i
. 3.15)
потрошувач-часови потребни ∑ 8760 ⋅ N
i
i

13
ƒ ASUI (Average Service Unavailability)
или просечна нерасположливост на системот. Овој индекс се дефинира
како:
потрошувач-часови нерасположиви
ASUI = 1 − ASAI = . 3.16)
потрошувач-часови потребни
Системските индекси на доверливост се дефинирани на ниво на
целата ДМ. Меѓутоа тие би можеле да се дефинираат и за нејзин
одреден дел, на пример еден извод така на место на SAIFI и SAIDI се
дефинираат FAIFI (Feeder Average Interruption Frequency Index) и
FAIDI (Feeder Average Interruption Index).

3.3.4. Трошоци предизвикани од прекин во напојувањето


Покрај квантитативната оценка на доверливост, преку индексите
на доверливост, потребна е и квалитативна оценка на трошоците,
односно штетите од недоверливоста. Трошоците предизвикани од
прекините во напојување, најчесто, се одредуваат со помош на т.н.
функција на штети.
Трошоците предизвикани од прекините во напојувањето се
функција од карактеристиките како на потрошувачите (неговиот тип,
природата и обемот на неговите активности, моќноста и
потрошувачката и сл.), така и од самиот прекин (времетраење на
прекинот, фреквенцијата и времето на појавување, дали прекинот е
претходно најавен и сл.).
Трошоците предизвикани од прекините во напојувањето се
собираат, средуваат и презентираат за различни групи на потрошувачи,
во функција од времетраењето и фреквенција на прекините. На тој
начин се добиваат функциите на штети за одделни групи на
потрошувачи (Sector Customer Damage Function-SCDFs).
Во табелата 4.1, [5], се дадени вредностите на SCDFs (Cdn$/kWh)
за седум групи (сектори) на потрошувачи.
Функциите на штети за одделните сектори потрошувачи, SCDF, е
применлив само на ниво на ДС, каде што може да се претпостави дека
сите потрошувачи приклучени на еден јазол припаѓаат на ист сектор.

14
Табела 4.1 Трошоци од неиспорачана енергија за разни сектори на
потрошувачи

Сектор Трошоци (Cdn$1/kWh)


1 мин. 20 мин. 60 мин. 240 мин. 480 мин.
Домаќинства 0.001 0.093 0.482 4.914 15.690
Индустрија 1.625 3.868 9.085 25.163 55.808
Комерција 0.381 2.969 8.552 31.317 83.008
Институции 0.044 0.369 1.492 6.558 26.040
Администрација 4.778 9.878 21.065 68.830 119.160
Големи потрошувачи 1.005 1.508 2.225 3.968 8.240
Агрикултура 0.060 0.343 0.649 2.064 4.120

За да се прикажат парично штетите кои ги трпат потрошувачите,


а се резултат на испад во мрежата се користат следниве системски
индекси:
ƒ EIC (Expected Interrupted Cost)
или очекувана вредност на трошоците предизвикани поради прекините
на напојувањето (парични единици / годишно). За јазолот „i“ тој се
дефинира:
⎡ ⎤
EICi = Psr , i ⋅ ⎢ ∑ Ci (rj ) ⋅ λ j ⋅ yij + ∑ Ci ( s j ) ⋅ λ j ⋅ zij ⎥ , (0.1)
⎣ j j ⎦
каде со Ci(x) се означени трошоците предизвикани од прекинот на
напојувањето во јазолот „i“, со времетраење x.
ƒ IEAR (Interrupted Energy Assessment Rate)
или проценета релативна цена на неиспорачаната енергија (парични
единици / kWh). За јазолот „i“ тој се дефинира како:
ECIi ECIi
IEAR i = = . (0.2)
Psr , i ⋅ ri ⋅ fi ENSi

1
Cdn$ - канадска валута (1 Cdn$ = 0,76 $)

15

You might also like