You are on page 1of 35

 

 
 
 
 
ВАСИЛИЈА ШАРАЦ 
ГОЦЕ СТЕФАНОВ 
      
 
      
 
 
 
 
 
 
 
 
ПРАКТИКУМ ЗА ЛАБOРАТОРИСКИ ВЕЖБИ‐
ИСПИТУВАЊЕ НА ЕЛЕКТРИЧНИ МАШИНИ 

 
 
 
 

УНИВЕРЗИТЕТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“

Василија Шарац, Гоце Стефанов

ПРАКТИКУМ ЗА ЛАБOРАТОРИСКИ ВЕЖБИ-


ИСПИТУВАЊЕ НА ЕЛЕКТРИЧНИ МАШИНИ

Штип, 2017

1
Василија Шарац, Гоце Стефанов
ПРАКТИКУМ ЗА ЛАБOРАТОРИСКИ ВЕЖБИ-
ИСПИТУВАЊЕ НА ЕЛЕКТРИЧНИ МАШИНИ
Aвтори:
Василија Шарац, Гоце Стефанов

ПРАКТИКУМ ЗА ЛАБOРАТОРИСКИ ВЕЖБИ-


ИСПИТУВАЊЕ НА ЕЛЕКТРИЧНИ МАШИНИ

Рецензенти:
Проф. д-р Влатко Чингоски
Проф. д-р Сашо Гелев

Лектор:
Славица Манчева

Техничко уредување:
Василија Шарац

Издавач:
Универзитет „Гоце Делчев” - Штип

CIP ‐ Каталогизација во публикација 
Национална и универзитетска библиотека "Св. Климент Охридски", Скопје 
  
621.313/.314:620.1(075.8)(076) 
  
ШАРАЦ, Василија 
       Испитување на електрични машини [Електронски извор] : практикум / 
Василија Шарац, Гоце Стефанов. ‐ Штип : Универзитет "Гоце Делчев",   
Електротехнички факултет, 2017 
  
Начин на пристап (URL): https://e‐lib.ugd.edu.mk/naslovna.php. ‐    

Текст во PDF формат, содржи 27 стр., илустр.. ‐ Наслов преземен од екранот. – 
 Опис на изворот на ден 16.02.2017. ‐ Библиографија: стр. 26 
  
ISBN 978‐608‐244‐376‐8 
1. Стефанов, Гоце [автор] 
а) Електрични машини ‐ Испитување ‐ Високошколски учебници ‐ Вежби 
COBISS.MK‐ID 102743818 
УНИВЕРЗИТЕТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ” – ШТИП

ЕЛЕКТРОТЕХНИЧКИ ФАКУЛТЕТ

Василија Шарац, Гоце Стефанов

ПРАКТИКУМ ЗА ЛАБOРАТОРИСКИ ВЕЖБИ - ИСПИТУВАЊЕ НА ЕЛЕКТРИЧНИ МАШИНИ

Штип, 2017
ПРЕДГОВОР

Практикумот за лабoраториски вежби по електрични машини е наменет за студентите


од Електротехничкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, како наставно
помагало при совладувањето на предметот Електрични машини. Практикумот има за цел преку
неколку лабoраториски вежби да ги појасни теоретските знаења кои ги здобиваат студентите
по споменатиот предмет, а во исто време да стекнат увид во одредени стандардизирани
постапки за мерење и испитување од областа на испитување на електрични машини. Доколку
истиот успее барем во мал дел да го премости јазот помеѓу теоријата и праксата, неговата цел
е во голема мера исполнета.

Од авторите,

Штип, ноември 2016.


СОДРЖИНА

ВОВЕД 2

1. ЛАБOРАТОРИСКА ВЕЖБА БР. 1


ПРАЗЕН ОД И КУСА ВРСКА НА ЕДНОФАЗЕН ТРАНСФОРМАТОР 4
1.1 Обид на празен од 4
1.2. Обид на куса врска 6

2. ЛАБOРАТОРИСКА БЕЖБА БР. 2


ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА ОПШТИТЕ ОДЛИКИ НА ЕДНОФАЗЕН ТРАНСФОРМАТОР 10
2.1 Мерење на активен омски отпор на еднофазен трансформатор 10

3. ЛАБOРАТОРИСКА ВЕЖБА БР. 3


ПРАЗЕН ОД И КУСА ВРСКА НА ТРИФАЗЕН АСИНХРОН МОТОР 12
3.1 Обид на празен од 12
3.2 Обид на куса врска 14

4. ЛАБOРАТОРИСКА ВЕЖБА БР. 4


ПРАЗЕН ОД И КУСА ВРСКА НА ЕДНОФАЗЕН КОНДЕНЗАТОРСКИ МОТОР ПРИ
НАПОЈУВАЊЕ ОД МРЕЖА И ПРЕКУ ИНВЕРТОР
4. 1 Обид на празен од при напојување од мрежа 17
4. 2 Обид на празен од при напојување од инвертор 19
4.3 Обид на куса куса врска при напојување од мрежа 21

5. ЛАБOРАТОРИСКА ВЕЖБА БР. 5


УПРАВУВАЊЕ СО БРЗИНАТА НА ТРИФАЗЕН АСИНХРОН МОТОР 22

6. ЛИТЕРАТУРА 25
 
 

ВОВЕД

Мерењата во техниката на јака струја порано, претставуваа единствена област во


електротехниката. Но, со текот на времето тие се развиваат во секоја гранка на техниката на
јака струја. Према денешниот развиток, покрај основните електрични мерења кои се предаваат
по предметот Електрични мерења, се издвојуваат и мерењата во електричните машини, како
посебна гранка во техниката на јака струја.
Со цел да се воведат критериуми при испитувањето на сите електрични уреди, а
особено кај електричните машини, во високоразвиените индустриски земји се воведуваат и
развиваат посебни прописи за нивно испитување. Со прописите се дефинираат и номиналните
податоци на машината како и номиналните услови на работа. Овие прописи ги преминаа
националите граници и се формираа меѓународни IEC прописи. Покрај испитувањето на
електричните машини, во секојдневната инженерска пракса сè повеќе се сретнуваат современи
компјутерски базирани системи кои се користат за мониторинг на електричните машини. Денес
мониторингот на електричните машини претставува нераздвоив дел од системите кои се
користат за испитување и дијагностицирање на дефектите кај електричните машини.
Испитувањата се вршат на сите видови на електрични машини (синхрони, асинхрони,
еднонасочни и трансформатори) и тие може да се поделат на:
- испитувања кои се вршат со цел да се провери квалитетот на вградените материјали и
конструктивни карактеристики на машината.
- испитувања со цел да се определат загубите во машината, односно коефициентот на
полезно дејство.
- испитувања со цел определување на работните карактеристики на машината,
моментот на машината М во зависност од брзината – n (M=f(n)), струјата во зависност од
напонот I=f(U), карактеристиката на брзината n=f(I) итн..
Испитувањата на квалитетот на вградените материјали подразбираат:
- мерење на отпорноста на намотката;
- мерење на отпорот на изолација;
- високонапонски испитувања;
- проверка на основните димензии;
- мерење на бучавата;
- мерење на вибрации.
Испитувањата, за да се определат загубите и коефциентот на полезно дејство, може да
се вршат под оптоварување или со мерење на поединачните загуби кои одговараат на
соодветното оптоварување. Кога испитувањата се вршат под оптоварување, секогаш се мери
моќноста која ја зема машината од мрежа и излезната моќност, односно моќноста која се
предава на потрошувачите. Во насока на олеснување на разбирањето на можните најчести
дефекти кај електричните машини ќе ги наведеме следниве примери: различните вредности на
отпорот помеѓу приклучоците на електричниот мотор може да укажуваат на одредени дефекти
во намотките. Многу ниска вредност на отпорот на изолацијата може да укажува на неисправна
изолација на намотката или делови од намотката, при што е потребно приклучните краеви на
намотката да се исчистат од нечистотии или да се исушат од влага.
Високонапонските испитувања (или како обично се нарекуваат диелектрични
испитувања) се спроведуваат со цел да се утврди квалитетот на изолацијата и дали таа може
да издржи зголемени напони помеѓу:
- навивките од намотките
- самите намотки (важи за трифазни намотки)
- намотките и заземјените метални делови на машината (на пример металното куќиште
на моторот или трансформаторот)
Некои примери за индиректни испитувања кај електричните машини се: загубите во
бакарот кои се пресметуваат со помош на отпорот и струјата. Загубите во железото и
механичките загуби се определуваат со мерење на потрошената моќност кога машината
работи во празен од. Доколку се вршат испитувања при работни услови тогаш во целост во
текот на испитувањата на машината се репродуцираат работните услови. Овој вид на
испитувања даваат податоци за определување на работните карактеристики. При вршење на
испитувања под оптоварување со цел да се одреди коефициентот на полезно дејство, може да
се изврши и снимање на работните карактеристики или пак да се изврши обид на загревање на
машината. Со обидот на загревање на машината се определува порастот на температурата
при зададени работни услови. Работните карактеристики може да се определат и по
индиректен пат. При тоа се врши мерење на отпорот и одредување на параметрите на
еквивалентната шема. Податоците за заситувањето на машината се добиваат од

2
 
 

карактеристиката на празен од (карактеристиката на магнетизирање). Целта е да се добијат


што повеќе податоци без да се изврши стварно оптоварување на машината.

„Теоријата која се базира на параметри и карактеристики кои може едноставно да


се мерат, е многу повредна од теријата која се базира на големини кои тешко се мерат.
Затоа една од многу важните задачи на теоријата на електрични машини и
трансформатори е да даде основа за релативно мал број на стандардизирани испитувања
кои ќе овозможат предвидување на однесувањето на машината во различни услови на
работа„- проф. д-р Милош Петровиќ, „Испитивање електричних машина“ , Научна књига, 1987.

3
 
 

1. ЛАБOРАТОРИСКА ВЕЖБА БР. 1

ПРАЗЕН ОД И КУСА ВРСКА НА ЕДНОФАЗЕН ТРАНСФОРМАТОР

1.1 Обид на празен од

Обидот на празен од се изведува на тој начин што нисконапонската намотка (НН) на


еднофазниот трансформатор се приклучува на мрежа, а високонапонската намотка (ВН) се
остава отворена према шема прикажана на сл. 1.1. Нисконапонската намотка се напојува со
напон U=(0,21,6)Un и притоа се отчитуваат податоците од амперметарот приклучен на
фазата. Исто така се отчитуваат и покажувањата на ватметарот за моќноста која што ја
повлекува трансформаторот, додека од волтметарот се отчитуваат напоните.
Високонапонската намотка е отворена односно на нејзе нема врзано никакво оптоварување.
Напонот кој се доведува на НН намотка се регулира со помош на регулациониот
трансформатор, односно во дискретни чекори се поставува напонот во распон (0,21,6)Un и на
тој начин се прават 6-8 мерења. За секоја вредност на напонот се отчитуваат вредностите од
инструментите и нивните покажувања се внесуваат во Табела1. Према добиените податоци се
цртаат карактеристиките I0=f(U0); P0=f(U0), cos0=f(U0). cos0 ce пресметува за секоја отчитана
вредност од инструментот преку равенката:

P0
cos  0  (1.1)
U0I0
Од карактеристиката на празен од се одчитуваат номиналните загуби при празен од P0n ,
номиналната струја на празен од I0n, и номиналниот фактор на снага во обидот на празен од
cos0n за номинална вредност на напонот U1n.

Pcu10  R1 I 02n (1.2)

PFe  P0  R1 I 02n (1.3)


За да се пресметаат загубите во бакар при празен од и загубите во железото потребно е да се
изврши мерење на отпорот на примарната и секундарната намотка на трансформаторот.
Исто така измерените вредности на струјата на празен од на секундарната страна при
номинален напон на секундарната страна од 30 V треба да се сведат кон примарната страна за
да се изврши пресметка на загубите на празен од во бакар и загубите во железото.
Тоа значи дека измерената струја при 30 V на секундарна страна на трансформаторот I02 се
сведува кон примарната страна по формула.

1
I 01n  I 02 (1.4)
k
Односно измеренитот напон U 02  30V се сведува по формула:
U 01n  kU 02n (1.5)
Каде к е преносниот однос на трансформаторот.

Обликот на добиените карактеристики треба да биде согласно сл. 1.2.

Tабела1.1. Карактеристики на празен од

U0 [V] I0 [A] P0[W] cos0 [/]


1.
2.
3.
4.
5.
6.
7.
8.

4
 
 

Слика.1.1 Шема на врзување на еднофазен трансформатор при обид на празен од

Сл. 1.2. Каркатеристики на празен од-теоретски

Слика 1.3. Карактеристики на празен од-измерени

5
 
 

1.2. Обид на куса врска

Обидот на куса врска се изведува на тој начин што секундарната намотка е кусо врзана
а со помош на регулациониот трансформатор на примарната страна се доведува толкав
напон да низ примарната намотка протече номинална струја (сл. 1.4). Нисконапонската
намотка кусо се врзува и се мери напонот и моќноста на примарната намотка кој вообичаено
изнесува (0,020,2) Un. Се вршат мерења за неколку вредности на напонот . Добиените
вредности од инструментите се внесуваат во Табела 1.2. За сите отчитани вредности се
пресмeтува cosk по равенката:
Pk
cos  k  (1.6)
Uk Ik
Притоа, врз основа на податоците се цртаат карактеристиките на куса врска I 1k  f U 1k  ;
P1k  f U 1k  и cos  k  f U 1k  . Од измерените податоци може да се определат номиналниот
напон на куса врска U1kn, номиналната моќност на куса врска Pkn и номиналниот фактор на
снага coskn кои се соодветни за номиналната струја In.

Tабела 1.2. Карактеристики на куса врска

U1к [V] I1к [A] P1к[W] cosк [/]


1.
2.
3.
4.
5.
6.
7.
8.

Слика 1.4. Шема на врзување на трансформаторот при обид на куса врска

6
 
 

При обидот на куса врска загубите во железото се мали и тие се земаат од обидот на празен од
или се занемаруваат. Затоа при обидот на куса врска се смета дека целата моќност се троши
на покривање на загубите во бакар.

Pkn  Rk I1kn
2
(1.7)
I1kn-струја на куса врска која одговара на номиналната примарна струја.
2
 U1 f 
Rk  R1  R2'  R1  2
k12 R2  R1    R2 (1.8)
U2 f 
 

к12- коефициент на трансформација на трансформаторот


R1-активен отпор на примарната намотка
R2-активниот отпор на секундарната намотка
R2' - активен отпор на секундарната намотка сведен на примарната намотка

Од равенката (1.6) го определуваме активниот отпор на куса врска на трансформаторот:

Pkn
Rk  2
(1.9)
I1kn

Падот на напонот на импедансата Zk при обидот на куса врска се урамнотежува со напонот на


куса врска:

U 1kn  Z k I1kn (1.10)


U
Z k  1kn (1.11)
I1kn
Индуктивниот отпор на куса врска е:

X k  Z k2  Rk2 (1.12)

2
 U1 f 
X k  X1  X 2'  X1  2
k12 X2  X1    X2 (1.13)
U 2 f 
 

X1- индуктивен отпор на примарната намотка


X2- индуктивен отпор на секундарната намотка
X 2' - индуктивен отпор на секундарната намотка сведен кон примарната намотка

Од обидот на куса врска се добива напонот на куса врска. Ако мерењето се изведува на
примарната намотка и секундарната намотка е кусо врзана тогаш се добива следната
формула:

U 1k Z I
u1k  100  k 1n 100[%] (1.14)
U 1n U 1n

u1k-процентуална вредност на напонот на куса врска


U1kn- номинален напон на куса врска на примарната намотка
U1n- номинален напон на примарната намотка
Активниот напон на куса врска се пресметува од:

7
 
 

Rk I1kn
u ka  100[%] (1.15)
U 1n

Реактивниот напон на куса врска се пресметува од:

u k  u k2  u ka
2
100[%] (1.16)
Бидејќи обидот на куса врска се изведува на температура на околината параметрите uka и Rk
треба да се сведат на работна температура која е одредена со класата на изолација, на
пример температура од 75C.

235  75
u ka 750 C  u ka (1.17)
235   0

 0 - температура на околината

235  75
Rk 750 C  Rk (1.18)
235   0

Врз основа на извршени пресметки за струјата на куса врска еднаква на номиналната струја на
примерот на трансформаторот и согласно погоре дадените равенства да се пополнат
податоците во Табела 1.3.

Tабела 1.3. Пресметки на параметрите на куса врска

Rк Zk uк uкa uк uкa Rк []


[] [] [/] [/] [/] на на
75C 75C

Сл. 1.5. Карактеристики на куса врска-теоретски

8
 
 

Слика 1.6. Карактеристики на куса врска-измерени

9
 
 

2. ЛАБOРАТОРИСКА БЕЖБА БР. 2

ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА ОПШТИТЕ ОДЛИКИ НА ЕДНОФАЗЕН ТРАНСФОРМАТОР

2.1 Мерење на активен омски отпор на еднофазен трансформатор

Отпорот на намотките на трансформаторот може да биде измерен со помош на мерен


мост или со U-I метода. Отпорите кои се помали од 0,001  како што е отпорот на сериската
возбудна намотка, намотката на помошните полови, компензационата намотка во машините за
еднонасочна струја, потоа отпорите во големите машини воопшто, најдобро може да бидат
измерени со U-I метода. Поголемте отпори , околу 1, може да се измерат со доволна точност
со Томсонов мост, а вредностите над 1  со Витстонов мост.

Сл. 2.1. Шема на мерење на активниот отпор на трансформатор со U-I метода

Начинот на мерење на отпорот со U-I е следен. На краевите на намотката чиј отпор сакаме да
го измериме се приклучува еднонасочен напон. Активниот отпор се претставува како однос на
измерениот напон и струја:

U
Ro  (2.1)
I
Каде U претставува напонот на краевите на трансформаторот измерен со волтметар; I-
струја која тече низ намотката, што ја очитуваме на амперметарот и Ro- активен отпор при
температура на околината. При мерењето на отпорот со оваа метода потребно е да се
напомене дека:
а) Големината на струјата I не треба да биде поголема од околу 20 % од номиналната
струја на намотките. Протокот на струја низ намотката не треба да трае повеќе од неколку
секунди (2-3) секунди. Во спротивно намотката на трансформаторот ќе се загрее поради
загубите во бакарот со што ќе се промени отпорот во намотката.
б) Волтметарот треба да се приклучи на самите краеви на трансформаторот за да се
избегнат можни грешки. Вклучувањето на волтметарот треба да се изврши откако струјата ќе
се стабилизира (устали) а исклучувањето пред да се прекине струјното коло.
Отпорот на намотката се мери за најмалку три вредности на напонот и струјата, а потоа
се пресметува. Средната аритметичка вредност на сите измерени вредности на отпорот
според равенката (2.2) е :

n
Ri
R sr  (2.2)
i 1
Добиените резултати се впишуваат во табела 2.1. Мерењата се извршуваат како за
примарната така и за секундарната намотка.

10
 
 

При мерењето на отпорот на намотката треба да се измери нејзината температура. Ако


трансформаторот бил долго исклучен од мрежа (мали трансформатори во тек на време од 1-3
часа, големите повеќе) тогаш температурата на намотката на трансформаторот е иста како и
онаа на воздухот. Ако пак трансформаторот е маслен (активните делови на трансформаторот
се потопени во казан исполент со специјално трансформаторско масло) тогаш за температура
на намотката се зема температурата на горните слоеви на маслото. Мерењето на
температурата може да се изврши со течни термометри (алкохол или жива) поставени што е
можно поблиску до средината на намотката или пак горните слоеви на маслото.
Измерената средна вредност на отпорот на намотката треба да се пресмета на
номинална работна температура, при која што ќе има номинално оптоварување на
трансформаторот.

( rab  235)
Rrab  R sr (2.3)
 o  235
Каде rab е работна температура од 75C, а о е температура на околната средина од 25C.

Табела 2.1. Мерење на отпор со U-I метода

Примарна намотка
Ред. U [V] I[A] R[] Rsr[] Rrab[] Rf[]
Бр.
1.
2.
3.
4.
5.
Секундарна намотка
Ред. U [V] I[A] R[] Rsr[] Rrab[] Rf[]
Бр.
1.
2.
3.
4.
5.

Активниот отпор на намотките со кој што тaa се спротивставува на протокот на наизменичната


струја е поголем од Омскиот отпор определeн со равенката (2.2), заради појавата на
потиснувањена струја. Активниот отпор може да се пресмета по равенката:

Rf=kf*Rrab (2.4)

Каде што Rf-активен отпор на намотката, kf-коефициент на активниот отпор (Филдов


коефициент) со кој се зема во предвид зголемувањето на отпорот на намотката при протокот
на наизменична струја. Филдовиот коефициент нормално изнесува kf=1,011,05.

11
 
 

3. ЛАБOРАТОРИСКА ВЕЖБА БР. 3

ПРАЗЕН ОД И КУСА ВРСКА НА ТРИФАЗЕН АСИНХРОН МОТОР

3.1 Обид на празен од

При обидот на празен од асинхроната машина е приклучена на мрежа преку


регулационен трансформатор. Осовината на роторот слободно се врти и на нејзе не делува
никаков отпорен момент (сл.3.1). Од обидот на празен од се определуваат карактеристиките на
празен од на асинхрона машина, кои претставуваат зависност на доведената моќност од
мрежата P10, струјата во намотката на статорот I10 и факторот на снага cos0 при постојана
фреквенција f10 на мрежата. Карактеристиките на празен од ги даваат следните зависности:

P0=f(U0)
I0=f(U0)
cos0=f(U0)

Сл. 3.1 Шема за испитување на трифазен асинхрон мотор во празен од и куса врска

Обидот на празен од се изведува на следен начин. Тој започнува со мерење на отпорот


на намотките на статорот и роторот како и температурата на околната средина. Потоа
асинхрониот мотор се пушта во работа со приклучување на намотката на статорот на мрежа.
Во вежбата мерењата се изведуваат со асинхрон кафезен мотор со помала моќност така што
пуштањето во работа на моторот оди со директно приклучување на мрежа. Во поголемите
мотори пуштањето во работа може да се изврши преку преклопката ѕвезда-триаголник.
Приклучениот напон на намотките на статорот постепено се зголемува преку регулационен
трансформатор. По прописи обидот на празен од треба да се изведе откако моторот ќе работи
без оптоварување во текот на 30 минути. Во школските лабаратории во недостиг на време со
испитување се започнува после неколку минути после пуштање во работа на моторот.
Во почетокот на испитувањето напонот на статорот се зголемува повеќе од
номиналниот т.е. 1,2Un и се отчитуваат I0, P0 I cos0. Потоа напонот се смалува сè додека
работата на моторот е стабилна. При секоја промена на напонот се запишуваат покажувањата

12
 
 

на инструментите согласно Табела 3.1. Кога напонот приклучен на статорот значително ќе се


намали (до 30%Un) и моментот на електромоторните сили значително ќе се намали и поради
отпорниот момент M0 на празен од кој делува на роторот ќе се намали брзината на вртење.
Тогаш обидот треба да заврши.
Линиските напони на празен од се определуваат како средна аритметичка вредност од
измерените напони по равенката:

U AB  U BC  U CA
U 10 sr  (3.1)
3
Каде UAB, UBC и UCA се соодветните линиски напони. Линиската струја на празен од се
пресметува од:
I A  I B  IC
I 1osr  (3.2)
3
каде IA, IB и IC се соодветните линиски струи во секоја од фазите на моторот.

Моќноста што моторот ја зема од мрежа се мери со помош на два ватметри споени во Аронова
врска (сл. 3.1) и се означува со P10.

Факторот на снага при празен од се пресметува од:


P10
cos 10  (3.3)
3I 10U 10
Во вежбата cos10 се отчитува од инструментот и отчитаната вредност се споредува со
пресметаната. Моќноста P10 која што моторот ја зема од мрежа целата оди на покривање на
загубите во празен од на асинхроната машина:

P10  Pcu10  Pcu 20  PFe1  PFe 2  Pmeh  Pd (3.4)


Каде е:
Pcu10  3R 1 0 I 102 се загуби во бакар во статорот
Pcu 20  3R2 0 I 202 загуби во бакар на роторот
R10 и R20 – активен отпор во фаза на статор и ротор при температура 0 на амбиентот
PFe1 и PFe2 – загуби во железото на статор и ротор
Pmeh-механички загуби поради триење и вентилација и додатни загуби
Pd- загуби кои произлегуваат како последица од кочните моменти кои се јавуваат како
последица на индуцираните виорни струи во магнетното коло на роторот.
Бидејќи при празен од, брзината на вртење на роторот е приближно еднаква на
синхроната брзина n=n1, лизгањето е приближно еднакво на нула (s=0). Према тоа и
фреквенцијата на роторот f2=sf1=0, па и струите и индуцираните напони во намотките на
роторот при празен од се приближно нула. Загубите во бакар PCu2 и во железото PFe2 на
роторот при режим на празен од, практично може да се занемарат. Моќноста која асинхорната
машина ја зема од мрежа се троши за покривање на загубите во статорот, механичките и
дополнителните загуби.

PFe  Pmeh  P d  P10  3R1 0 I 102 (3.5)


Треба карактеристиката:
PFe  Pmeh  P d  f (U 0 ) (3.6)

Да се продолжи до пресекот на ординатната оска (точка А) на сл. 3.2 каде што напонот U10=0.
Загубите во железото кои се соодветни на оваа точка се еднакви на нула и према тоа
механичките и додатните загуби се:
Pmeh  Pd  OA
Каде OA е растојанието од коориднатниот почеток до пресечната точка А.

13
 
 

Бидејќи обидот на празен од се изведува при n=const, тогаш механичките и додатните загуби
се стални и претставени со една хоризантална линија, активната компонента на струјата на
празен од е определена со равенката:
P10
I0  (3.7)
3U 10 cos 10
Табела 3.1 Карактеристика на празен од на трифазен асинхрон мотор

I10sr [A] U10sr [V] P10 [W] coso- coso- 3R1 0 I 102 sr P10-
мерено пресметано 3R1 0 I 102 sr

Сл.3.2. Карактеристики на празен од на трифазен асинхрон мотор-теоретски

Сл. 3.3. Карактеристики на празен од на трифазен асинхрон мотор-експериментални

14
 
 

3.2 Обид на куса врска

Обидот на куса врска на асинхрон мотор се изведува кога роторот на машината е


закочен (n=0) а на намотките на асинхроната машина се донесува напон до онаа вредност
при која низ намотката на статорот протекува номинална струја. Преку регулациониот
трансформатор се менува доведениот напон во неколку дискретни чекори. При тоа се мери
моќноста што машината ја зема од мрежа P1k, струјата I1k, факторот на снага cosk при
константна фреквенција (f=const) и лизгање s=1 т.е.:

P1k  f U 1k 
I1k=f(U1k)
cos1k=f(U1k)

Со помош на регулациониот трансформатор, кон намотките на статорот се приклучува


намален напон (односно напон на куса врска U1k). Со регулирање на напонот U1k се менуваат
сите мерни големини на машината. Обидот започнува со најголем можен напон на куса врска
кој што е соодветен на пример на I1k=5/4 I1n. Потоа U1k се намалува така за да I1k=4/4 I1n, 3/4 I1n,
2/4 I1n, 1/4 I1n. Треба да се забележи дека обидот треба да се изведува што е можно побрзо за
да се избегне поголемото загревање на намотките што би довело до погрешни резултати.
Од покажувањата на волтметарот и амперметарот се одредуваат средните
аритметички вредности U1k по равенката 3.1 и струјата по равенката 3.2. Факторот на моќност
ќе биде:
P1k
cos 1k  (3.8)
3U 1k I 1k
Моќноста која што во режим на куса врска се зема од мрежата кај асинхроната машина оди на
покривање на загубите во бакар и железо на статорот и роторот:

Pk  PCu1k  PCu 2 k  PFe1  PFe 2 (3.9)


Бидејќи напонот на куса врска е релативно мал, односно 15-20 % од Un при I1k=I1n, тогаш
магнетниот флукс и магнетната индукција сè уште помали од оние при номинален напон.
Поради тоа загубите во железото во режимот на куса врска практично може да се занемарат.
Моќноста во режим на куса врска се троши главно во покривање на загубите во бакарот:

Pk  Pcu1k  Pcu 2 k  3R1 I12k  3R2 I 2'2 (3.10)

I 2' - струјата на секундарна страна на трансформаторот сведен кон примарната.


Бидејќи може да се занемари струјата на магнетизирање, тогаш I1k  I 2 , па следува:
'

Pk  3R1 I12k  3R2' I 2'2  3Rk I12k (3.11)

Каде што

R1k  R1  R2' (3.12)


Еквивалентниот активен отпор на куса врска по фаза е:

R2'  k122 R2 (3.13)


и тој е сведен кон статорот.
Активниот отпор на куса врска е:

P1k P1k
Rk   (3.14)
3I12k 3I12n
Сведениот отопор на роторската намотка кон статорската може да се добие при измерен отпор
на статорската намотка R1 од:
R2'  Rk  R1 (3.15)

15
 
 

Еквивалентниот индуктивен отпор е:

X k  Z k2  Rk2 (3.15)
Каде:
U 1k U 1k
Zk   (3.16)
3I1k 3I1n
Табела 3.2. Карактеристика на куса врска на трифазен асинхрон мотор

I1srк [A] U1srк [V] P1k [W] cosk- cosk- R1k Xk R2'
мерено пресметано

Сл. 3.4. Карактеристики на куса врска на трифазен асинхрон мотор-теоретски

Сл. 3.5. Карактеристики на куса врска на трифазен асинхрон мотор-експериментални

16
 
 

Врз основа на определните параметри да се нацрта еквивалентната заменска Т-шема на


трифазниот асинхрон мотор.

Сл. 3.6. Еквивалентна заменска Т- шема на трифазен асинхрон мотор

17
 
 

4. ЛАБOРАТОРИСКА ВЕЖБА БР. 4

ПРАЗЕН ОД И КУСА ВРСКА НА ЕДНОФАЗЕН КОНДЕНЗАТОРСКИ МОТОР ПРИ


НАПОЈУВАЊЕ ОД МРЕЖА И ПРЕКУ ИНВЕРТОР

4. 1 Обид на празен од при напојување од мрежа

Целта на вежбата е изведување на обидот на празен од и куса врска кај еднофазниот


кондензаторски асинхрон мотор. Обидот на празен од прво се изведува при напојување на
моторот од мрежа преку регулационен трансформатор, а потоа истиот се повторува за
вредноста на номиналниот напон кога моторот се напојува преку инвертор.
Еднофазниот асинхрон мотор може да се добие од трофазниот ако на пример фазата C
се исклучи од мрежа а фазите A и B се спојат меѓусебно во серија или паралелно. Друга
карактериситична особина на еднофазниот мотор е што струјата која тече низ статорот не
создава завртен магнетен напон туку пулзаторен и во воздушниот сјај на машината се јавува
пулзаторно магнетно поле. Моментот на тргнување во работа на еднофазниот асинхрон мотор
е еднаков на нула, доколку во моторот не се додаде помошен елемент кој ќе овозможи негово
тргнување во работа. За таа цел еднофазните мотори тргнуваат во работа со помош на една
дополнителна намотка која се нарекува намотка за тргнување во работа. Во тој случај во
воздушниот сјај на машината ќе се појави вртливо магнетно поле, ако во таквите две намотки
се донесат струи кои се меѓусебно фазно изместени. Фазното изместување помеѓу струите
може да се направи со воведување на активен, индуктивен или капацитивен отпор во кругот на
работната намотка.
Денеска нашироко се употребуваат мотори со кондензаторско тргнување во работа
спрема шема на сл. 4.1. Тука А е главната намотка, B е помошната намотка C e кондензаторот
кој е споен преку преклопката K во серија со намотката B. При соодветен избор на
параметрите во работното коло и колото за тргнување во работа моторот се добиваат
релативно добри карактеристики на тргнување во работа и добар почетен момент Mp.

Сл. 4.1. Еднофазен мотор со кондензатор за тргнување во работа

Ако намотката B и кондензаторот C се така пресметани да може да останат вклучени и после


завршување на залетувањето се добива еднофазниот кондензаторски мотор. Бидејќи при
тргнување во работа и при работен режим се потребни различни кондензатори може
кондензаторскиот мотор да биде направен со два кондензатори: Cp за тргање во работа и C за
работен режим (сл. 4.2). Таквиот мотор покрај подобрите карактеристики при тргнување во
работа има и подобра преоптоварливост и подобар cos.

Сл. 4.3. Еднофазен мотор со работен кондензатор и кондензатор за тргнување во работа

18
 
 

Во оваа вежба предмет на испитување е еднофазниот кондензаторски мотор тип


PKm60 со номинални податоци кои може да се отчитаат од натписната плоча на моторот:
U=220 V, f=50 Hz, n=2900 rpm, P=0,37 kW, In=2,5 A, и кондензатор C=10 F. Шемата на
врзување на моторот е дадена на сл. 4.3.
Обидот на празен од се изведува при слободно вртење на роторот без оптоварување
на вратилото додека статорската намотка е приклучена на еднофазна мрежа. Напонот се
менува во широки граници со помош на регулациониот трансформатор од некоја минимална
вредност при која што роторот сè уште се врти па сè до вредност за 20 % поголема од
номиналната. Мерењата започнуваа со најголемата вредност на напонот 1,2 Un и завршуваат
со вредност приближно 0,45 Un. При тоа се одчитуваат и запишуваат покажувањата на сите
инструменти: волтметарот со кој се мери напонот на краевите на моторот U0, амперметарот со
кој се мери струјата на празен од I0, ватметарот кој ја покажува моќноста P0 што моторот ја
зема од мрежа. Со измерените податоци потоа се пресметува факторот на моќност во празен
од:
P0
cos  0  (4.1)
U0I0

Измерените податоци се внесуваат во Табела 4.1

Tабела 4.1. Карактеристики на празен од

U0 [V] I0 [A] P0[W] cos0 [/]


1.
2.
3.
4.
5.
6.
7.
8.

1~ U

AT

A
V

W
A V
AM
1~

Сл. 4.3 Шема на испитување на еднофазниот кондензаторски мотор напојуван од


мрежа

Врз база на измерените и пресметаните податоци се цртаат каркатериситките на празен од


I0=f(U0); P0=f(U0), cos0=f(U0).

19
 
 

Сл. 4.4. Карактеристики на празен од

4. 2 Обид на празен од при напојување од инвертор

Обидот на празен од може да се изведе и при напојување на моторот преку инвертор. Тоа
значи дека еднофазното напојување преку регулациониот транасформатор се води на
еднофазен исправувач во мостна врска. Исправувачот дава еднонасочен напон д 12 V DC.
Едносочниот напон се носи на влез на инверторот кој пак на својот излез дава повторно
наизменичен нaпон 220 V. Испитувањето се врши со инвертор тип ТBЕ со следниве
карактеристики: Pn=2000W, DC=12 V, AC=220 V. Целта на мерењето е да се споредат
параметрите на празен од при напојување на моторот директно од мрежа и преку инвертор за
точката на номинален напон Un=220 V. Да се измери и факторот на вкупно хармоничко
изобличување THD кој е дефиниран со следниов израз:

I a2  I a21
THD  (4.2)
I a1
Каде:

Ia – ефективна вредност на струјата на напојување


Ia1- ефективна вредност на основниот хармоник на струјата на напојување
- Да се измерат со осцилоскоп брановите форми на напонот при Un=220 V на излез од
регулациониот трансформатор и на излез од инверторот. Истите да се скицираат.

Измерените податоци да се внесат во Табела 4.2

Шемата на врзување е следна:

20
 
 

Сл.4.5 Шема на испитување на еднофазниот кондензаторски мотор напојуван од инвертор

Табела 4.2 Параметри на празен од при напојување со инвертор U=220 V

U0 [V] I0 [A] P0[W] cos0 [/] THD


1. 220 V

Сл. 4.5 Бранови форми на напонот на излез од регулационен трансформатор и напонски


инвертор

21
 
 

4.3 Обид на куса куса врска при напојување од мрежа

Обидот на куса врска се изведува со закочен ротор. Шемата на врските е иста како на
сл. 4.3, односно моторот се напојува ос еднофазна мрежа, без инвертор. Напонот на
напојување се менува во граници определени со големината на струјата во возбудната
статорска намотка. Со помош на регулациониот трансформатор се доведува напон на куса
врска Uk. Обидот завршува кога струјата низ возбудната намотка ќе постигне вредност најмногу
за 20 % поголема од номиналната струја.
Во тек на мерењата напонот се менува во чекори од по 20-30 V. За секоја вредност на
Uk се отчитуваат вредностите за струјата Ik и моќноста Pk на куса врска. Потоа со измерените
податоци се пресметува факторот на куса врска cosk со изразот:

Pk
cos  k  (4.3)
Uk Ik

Врз основа на измерените и пресметаните податоци од Табела 4.3 се исцртуваат


карактеристиките на куса врска на моторот: I 1k  f U 1k  ; P1k  f U 1k  и cos  k  f U 1k  .

Табела 4.3 Карактеристики на куса врска на еднофазен кондензаторски мотор

U1к [V] I1к [A] P1к[W] cosк [/]


1.
2.
3.
4.
5.
6.
7.
8.

Сл. 4.6. Карактеристики на куса врска на еднофазен кондензаторски мотор

22
 
 

5. ЛАБOРАТОРИСКА ВЕЖБА БР. 5

УПРАВУВАЊЕ СО БРЗИНАТА НА ТРИФАЗЕН АСИНХРОН МОТОР

Во вежбата ќе биде прикажан пример на прoмена на брзината на вртење на асинхрон


кафезен мотор преку промена на фреквенцијата со помош на фреквентен регулаттор тип Lenze
тип: ESMD152X2TXA со следни номинални податоци: влезен напон: 220-230 V, влезна струја
I=7,9 A, влезна фреквенцијан f=50-60 Hz. На излезот од инверторот се следните параметри:
напон од 0-230 V, моќност 1,5 kW и излезна фреквенција 0-240 Hz. Ако се знае дека брзината
на вртење на моторот и фреквенцијата на напојување се поврзани со равенството:

pn
f  (5.1)
60
Каде:
p-број на парови полови на моторот
n-брзина на вртење на моторот

тогаш со промена на фреквенцијата на напојување се менува и брзината на моторот.


Каков ќе биде законот на промена на фреквенцијата и напонот на напојување ќе зависи од
условите на работа на дадениот мотор.
Ако е поставен услов за работа да моторот работи со променлива фреквенција но со
константна вредност на cos и константна преоптоварливост тогаш овие услови се остваруваат
при односи помеѓу напонот, фреквенцијата и моментот:
U1 f M1
 1 (5.2)
U2 f2 M2

Каде U1 и М1 се напон и момент при фреквенција f1 а U2 и М2 се истите големини при


фреквенција f2.
Ако М1=М2=const тогаш U1/U2=f1/f2 , односно доведениот напон на моторот мора да се
менува пропорционално со фреквенцијата.
На слика 5.1 е претставен фреквентниот регулатор а на Слика 5.4 е претставен
комплетниот склоп на поврзан мотор со регулатор.

Сл. 5.1 Фреквентен инвртор производ на Lenze

Шемата на врзување на инверторот и моторот е даден на Сл. 5.2.

23
 
 

Сл. 5.2 Шема на врзување на фреквентниот регулатор

Вежбата да се реализира така да се види надгледно дека со промена на фреквецнијата


нагоре и надоле од номиналната (вртење на потенциометарот од сл. 5.3) се менува соодветно
и брзината на вртење на моторот над и под номиналната. Исто така да се види надгледно дека
со вртење на потенциометарот за насоката на вртење на моторот, се менува истата и е во
насока на стрелките на часовникот или спротивно од неа.
Во Табела 5.1. да се внесат податоците од мерењето на брзината, фреквенцијата и
напонот. Добиените податоци од мерењата за брзината на моторот да се споредат со
вредноста добеина по пресметковен пат по формулата:

60  f
ns  (5.3)
p
Каде f е фреквенцијата на доведениот напон на моторот, а p- број на парови полови, ns
синхроната брзина на вртење.

Табела 5.1 Мерење на фреквенцијата, брзината и напонот кај мотор напојуван со фреквентен
преобразувач

f [Hz] U[ V] nizm [rpm] n [rpm]


1.
2.
3.
4.
5.
6.
7.
8.

24
 
 

Сл. 5.3 Потенциометри за промена на фреквенција и насоката на вртење на моторот

Сл. 5.4. Склоп на мотор и фреквентен регулатор

25
 
 

ЛИТЕРАТУРА

1. Мирка Попниколова -Радевска: „Практикум по испитување на електрични машини“,


Универзитет „Св. Климент Охридски“ Битола, Технички факултет Битола, 2002.

2. Жељко Деспотовиќ: „Мониторинг и дијагностика електричних машина-уводно предавање“,


file:///C:/Documents%20and%20Settings/Vasilija/My%20Documents/Downloads/Monitoring%20i%20d
ijagnostika%20el.masina-Uvodno%20predavanje.pdf

3. Милош Петровиќ: „Испитивање електричних машина“, Научна књига, Београд, 1988.

4. Бранко Митраковиќ: „Испитивање електричних машина“, Научна књига, Београд, 1991.

5. Ф. Авчин, П. Јереб: „Испитивање електричних стројева“, Техничка заложба Словеније,


Љубљана, 1968.

6. Л.М. Пиотровски: „Електричне машине“, Техничка књига, Београд, 1980.

26
 
 

БИОГРАФСКИ ПОДАТОЦИ ЗА АВТОРИТЕ

Василија Шарац е родена во Скопје, каде што и


завршува Електротехнички факултет. Магистрира во 1990 на
Електротехничкиот факултет во Скопје, и на истиот факултет
докторира во 2005 год. Од декември 2009 е вработена на
Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и е задолжена за
изведување на настава по група предмети од област
електротехника. Автор е на поголем број на научни и стручни
трудови во меѓународни часописи и учесник во неколку
научно-истражувачки и стручно-апликативни проекти.

Гоце Стефанов е роден во Неготино. Основно и


средно образование завршува во Радовиш. Дипломира
на Електротехничкиот факултет во Скопје во 1989 година. На
истиот факултет магистрира во 1999 година и докторира во
2014 год. Од мај 2009 е вработен на Универзитетот „Гоце
Делчев“ во Штип и е задолжен за изведување на настава по
група предмети од областa на електротехниката. Автор е на
поголем број на научни, стручни и практични трудови објавени
во меѓународни научни списанија и конференции. Исто така,
Гоце Стефанов е автор на повеќе електрични уреди
претставени на меѓународни технички изложби за кои е и
награден.

27
ISBN 978-608-244-376-8

You might also like