You are on page 1of 11

1.Опиши ги општите барања коитреба да ги исполнува релејната заштита?

—селективноста
е особина да се изолира само елемнтот или делот од ЕЕС со дефект,односно особина да во погон
се остави максимално можен дел од ЕЕС со минимум исклучувања,,-- брзина на
реагирање:дефектите пред се кусите врски треба да се елиминираат брзо од две причини:- да се
смалат последиците од куса врска на елементите на ЕЕС. Времето на исклучување на кусата
врска tkusa vrska e: tkusa vrska=tprekinuvac+tzastita каде што: tprekinuvac-потребно време да се детектира кусата врска
со прекинувачот и tzastita-потребно време да се детектира кусата врска и да се даде налог за
делување на прекинувачот.—да се зачува стабилноста на работа на еес односно заради куста
врска доаѓа до промена на брзината на вртење на роторот на генераторите, а со тоа се менуваат и
аглите помеѓу напоните на синхроните машини , па постои опасност да се изгубисинхронизмот
на работа кога споменатите агли ке ги надминат граничните вредности.--> осетливоста на
заштитата е таква особина да со заштитата мора да се детектира дефектот внатре во заштитената
зона. Зоната на заштита е елемент или дел ос еес на кои ако се слуци дефект, првенствено со
заштитата наменета за оваа зона мора сигурно да се детектира дефектот.kосетливост=најмала
вредност при големина на дефект/нагодена вредност на заштитата.до толку е подобро
доколкукоефициент на остеливост е поголем.--> доверливост и сигурност:доверливост
претставува барање да заштотата делува исправно(коректно делување кога тоа се бара).--
>едноставност:едноставноста претставува барање да се обезбедат сите барања кои требада ги
обезбедува релејната заштита со минимално ангажирање на заштитата.-->економичност:ова
барање претставува обезбедување на макс заштита со мин трошоци.

2.кои типови на релеи постојат спрема принципот на работа и бројот на контролирани


големини?-спрема принципот на раб релеите се делат на:електо механички(класични),статички и
микропроцесорски,а според бројот на влезните големини релеите се делат на :релеи со една
влезна големина(струјни и напонски), релеи со две влезни големини(насочени,дистантни)релеи
со три и повеке влезни големини(дистантна заштита на целокупната постројка).

3. кои праметри на штитената опрема може да сде искористат како контролирани големини
од релеите?—струјата,напонот,фреквенцијата,мокноста,импедансата,температурата и бројот на
вртежи n.

4.од кој тип можат да бидет секундарните прекуструјни релеи?—од типовите:моментни


прекуструјни релеи, релеи со струјно независна временска карактеристика и релеи со струјно
зависна временска карактеристика(во оваа група спагаат и релеите со комбинирана
карактеристика и термички прекуструјни релеи).

5.Нацртај на кој начин може да се добие нулта компонента на напонот!

1
6.како може да се добие нулта компонента на струјата ос штитен елемент?—нултата
компонентна на струјата I0 се добива како сума на трите фазни струи односно I0=1/3(Il1+ Il2+
Il3).нултата компонента се добива со помош на сумарната врска на 3 струјни трансформатори.овој
спој на трансформаторите се нарекува холмгрин спој.при примена на ваков спој се јавуваат и
лажни нулти струи кои настануваат како последица на разлицните односи на трансформација и
прекуструјните карактристики на реалните струјни трансформатори.за да се ублажи или
елеминира проблемот на постоење на лажна нулта струја , потребно е:во сумарниот спој да се
поврзат три струјни ТР кои имаат скоро исти карактеристики.овој проблем понатаму се
елиминира со :-примена на брзи заштити со кои се делува во времето од појава на дефектот до
заситување на првиот струен ТР.—со смелување на мокноста на потрошувачите на секундарот на
струјните ТР.—со временско затегање на заштитата и со примена на опфатни ТР ЦРТЕЖ.

7. Опиши на кој принцип делува дистантниот релеј?—овој релеј работи со големините на


напонот и струјата, односно со нивниот количник, па времето на делување со релејот дадено е
како t=k*u/I каде што к-е контантата на релејот. Количникот U/I е импеданса па времето на
делување на овие релеи зависи од вредноста на мерната импеданса.А се избере ад мерната
импеданса е еднаква со импедансата од местото на вградување на заштитата до местото на
дефектот, тогаш врз основа на вредноста на таа импеданса ке се добие информација за местото на
дефектот, односно одалеченоста од местото на вградување на заштитата до местотот на дефектот:
t= k*z=k’*L. z—измерена импеданса,, k’—константата на релејот при мерење на одалеченост и L
—одалеченост на релејот од местото на дефект.

8.Од кои членови се сости од дистантниот релеј и кое е нивната улога?-- дистантниот релеј
се состои од следните членови:побуден , насочен,мерен,временски, извршен и помошен.-->со
побудниот член се детектира постоење на дефект и во погон се става целиот систем на
дистантниот релеј:--со насочениот член се следи насоката на привидната мокност во фазата со
куса врска, па се допушта делување само за една насока на мокноста , додека за друга тој се
блокира,,--со мерниот член се споредуваат мерната и нагодената импеданса—со временскиот
член се обезбедува да времето на делување биде пропорционално на одалеченоста од местото на
дефектот—со извршниот член се врши исклчување на прекинувачот или актирвирање на
сигнализацијата,--со помошните членови се врши сигнализација,блокирање на погрешните
делувања ,АПВ и испитување на релејот.

9.Кои осибини ги има микропроцесорската заштита?—поквалитетна и значително пошироки


можности во однос на класичната,овозможена е примена на “интелегентни”функции и
постапки,,--поголем број на функции се поврзуваат во рамките на една заштита,,--се овозможува
надзор на штитениот објект и во случај кога нема дефект,,--користење на графички приказ и
детален запис на сите параметри,,--далечински надзот и управување и стабилност на работата на
нагодените параметри,,--едноставно одржување и замена,значително намалување на просторот
потребен за монтажа на релеите,,--значително смалување на потрошувачка на енергија и ниска
цена.

10.Кој дефекти и опасни погонски состојби се јавуваат кај ТР и кои заштити се


применуваат?—кај ТР можат да се појават следните дефекти:куси врски меѓу намотките на ТР,
куси врски помеѓи намотки на иста фаза,куси врски со земја на намотките или на изводите и
локално траење на изолацијата заради превисоки електрични напрегања или како последица на
смалување на квалитетот на излоацијата заради повисоки загревања.—како заштита на ТР се
користат следните заштити:диференцијална,гасна,земјоспојна,моментна прекуструјна,дистанта и
осигурувачи.—кај ТР постојат и следниве опасни погонски состојби :надворешни куси врски,
преоптоварување и истекување на маслото од котелот.

2
11.Опиши кои дефекти и опасни погонски состојби можат да се јават во еес!постојат шест
опасни погонски состојби:-ненормално ниски напони,,-ненормално високи напони,,-превисока
тепмература на елементите во погонот,,-појава на доземен спој,,-несиметрично оптоварување на
генераторите,,-зголемен бр вртежи на машините..—Најчести дефекти во еес се:кусите
врски(еднострујни и двострујни)- прекини на спроводниците,оштетување на елементите пр
истекување на масло од трансформаторот и др.
12.Шема на поврзување и временска карактеристика на прекуструен релеј со струјно
независна карактеристика

13.Од кој системи се состои секој релеј,која е функцијата на секој систем?- ,ерен систем е
приклучен на мерената (влезна(големина со помош на кој се прилагодува мерената големина на
вредност за споредување.-систем на споредување:со кој се споредуваат нагодената вредност и
вредноста на контролираната големина,,-извршен систем со кој во зависност на резултатот на
споредувањето на нагодената и контролираната големина се делува на сигнализацијата или се
дава налог на исклучување на прекинувачот.

14.Како се делат релеите според принципот на работа?-спрема принципот на работа релеите


се делат на :електромеханички(класични),статични и мокропроцесорски.

15.Како се делат релеите според принципот на делување (работа)на мерниот член?- според
принципот на делување на мерниот член релеите се делат
на:електромагнетни,индукциони,магнетоелектрични,електродинамички,термички
статички,микропроцесорски и адаптивни.

16.Како се делат релеите спрема начинот на приклучување на контролираната големина? –


се делат на примарни и секундарни..

3
17.Што претставува систем на заштита? Системот на заштита претставува функционална
интеграција на повеке апарати и системи неопходни за заштита на некоја електрична
машина,објект или дел од еес..

18.Како се поврзуваат примарните прекуструјни потегнувачи во колото на штитениот


елемент?-примарните прекуструјни потегнувачи се врзуваат директно во колото чија што работа
се следи и со нив се делува кога струјата ке надмине одредена вредност.

19.На што се поврзуваат секундарните прекуструјни релеи,нацртај шема на трифазна


прекуструјна заштита?- прекуструјниот релеј се приклучува во секундарното коло на струен тр.
И еден од овие секундарни краеви на струјниот тр. Се заземјува заради сигурност.

20.На што делува диференцијален струен релеј, нацртај принципиелна шема на овој релеј?-
диференцијалниот струн релеј делува кога ке се појави разлика на струјата на двата краја на
штитениот објект. Се додека штитениот објект е во исправна состојба, струјата на неговит влез е
еднаква на струјата на наговиот излез и нивната разлика е 0. само кога постои дефект на
штитениот објект споменатите струи се различни и нивната разлика е различна од 0. природно би
било овде да се користат моментни прекуструјни потегнувачи, но ако се користи секундарен
прекуструен релеј тогаш има штетна појава од лажна диференцијална струја која се јавува заради
нееднакви секундарни струи поради тоа што секогаш кај два исти струјни трансформатори со
иста примарна струја, секундарната не е иста. ЦРТЕЖ.

4
21.Како се добива нултата компонента на струјата низ некој трифазен штитен елемент
(равенка и шема на спој)?- нултата компонента на струјата I0 се добива како сума на трите јавни
струи односно I0=1/3(IL1 + IL2 + IL3 ). Нултата компонента се добива со помош на сумарната врска
на три струјни ТР.овој спој на ТР. Се нарекува холмгрин спој. При примена на ваков спој се
јавуваат лажни нулти струи кои настануваат како последица на различните односи на
трансформација и прекуструјните карактеристики на реалните струјни ТР. ЦРТЕЖ.

22.Објасни на кој начин се решава проблемот на лажна нулта струја? За да се ублажи или
елиминира проблемот на постоење на лажна нулта струја, потребно е во сумарниот спој да се
поврзат три струјни ТР кои имаат скоро исти карактеристики. Овој проблем понатаму се решава и
со примена на брзи заштити со кои се делува во времето од појавата на дефектот до заситување
на првиот струен ТР , потоа со смалување на мокноста на потрошувачите на секундарот на
стријните ТР, со временско затегање на заштитата и со примена на опфатни ТР кај кабелски
изводи во постројките.

23.Зошто се користат релеите на инверзна компонента на струјата?- релеите на инверзната


компонента на струјата се користат за детектирање на опасни погонски состојби какви што се
несиметрично оптоварувае на фазите, и детектирање на дефекти кои се последица на прекин на
спроводник, а никогаш не се користат за детекција на режим на куса врска.

24.Која е примарната намена на релеите на мокност, кои типови на вакви релеи на


мокност? Примарната намена на релеите на мокност на следење на тековите на мокност низ еес.
Постојат два типа на релеи на мокност: насочени релеи [S] и релеи на мокност [S>] во потесен
смисол.

25.Како се делат дистантните релеи спорд R-JX карактеристиките? Тие се делат на :


импедантни релеи,,-аголно-адмитантни релеи,,,--аголно-импедантрни релеи.

26. Кои проблеми се јавуваат при работа на дистантни релеи?- постоење на отпор на местото
на дефектот (што е неминовна појава),,--нишање (осцлирање) на синхроните машини,,--
паралелност на водовите, односно постоење на електромагнетна спрега помеѓу водовите.

5
27.Која импеданса се уважува како мерка за оддалеченост кај дистантните релеи? Како
мерка за оддалеченост кај дистантните се уважува импеданса. Бидејки тоа Z одговара на Z во
директен режим.

28.Која е улогата на помошните релеи? Ги појачуваат сигналите кои се даваат на заштитните


релеи. Со нивна помош се управува со повеке други процеси,--тие се дел на други склопови на
заштитните релеи.

29.Кои групи на микропроцесорски релеи и заштити постојат?-1.микропроцесорски релеи


чија што работа се базира на примена на исклучително едноставни функции и кај кои не се бара
голема брзина на мерењата.—2. хибридни заштити кај кој брзото мерење се обезбедува со
соодветен хардвер (D S P).—3.делени релеи се добиваат кога еден дел од ресурсите на некој
микропроцесор се користи за потребите на микропроцесорската заштита.

30.Која е разликата помеѓу микропроцесорската и адапотивната заштита?- разликата е во


тоа што микропроцесорската заштита е пасивна заштита, односно нагодувањата се однапред
зададени, додека кај адаптивната заштита вредностите за нагодување се пресметуваат со помош
на микропроцесорот значи пристапот е активен.

31. Што треба да се направи за пасивна реализација на адаптивната заштита?- да се избере


најпогоден алгоритам за пресметка на нагодувањата;--да се обезбеди рамнотежа помеѓу
доверливоста и сигурноста;--да се обезбеди промена на нагодувањата на релеите при промена на
вклопната состојба;--да се компензираат грешките на мерењата;--да се компензира фактот на
паралелното водење на водовите;--при пресметките да се уважи режимот пред настанување на
дефектот.

32.Кои параметри на штитената опрема можат да се користат како контролирани големини


од релеите?-струјата,напонот фреквенцијата,мокноста,импеданса,температурата и бројот на
вртежи на машините (n)

2 КОЛОКВИУМ.

1.Кои дефекти и опасни погонски состојби се јавуваат кај ТР и кои заштити се


применуваат?-кај ТР можат да се појават следниве дефекти:куси врски помеѓу намотките на ТР,
куси врски помеѓу намотки на иста фаза,куси врски со земја на намотките или на изводите, и
локално тлеење на изолацијата поради превисоки ел.напрегања или како последица на смалување
на квалитетот на изолацијата заради превисоки загревања. Како заштита на ТР се користат
следниве видови на заштита: гасна, земјоспојна , моментална прекуструјна , диференцијална,
дистантна и осигурувачи. Кај ТР постојат следниве опасни погонски состојби; надворешни куси
врски, пеоптоварување, и истекување на маслото од котелот.

2.Кој два проблеми се јавуваат при примена на диференцијалната заштита кај ТР со


часовен број на спрега различен од 0 и како тое се елиминираат?—кога се применува
диференцијалната заштита на ТР се наидува на проблемот со разлика на струите по модул и
фазен став на неговите страни и фазното поместување што го внесува часовната спрега доколку
таа е различна од 0.—друг проблем е тоа што струјните ТР имаат преносен однос кој е
стандардизиран и кој во општ случај не е можно да биде еднаков како преносниот однос на
штитениот ТР. Решение за овие два проблеми е најдено со користење на меѓутрансформатори во
диференцијалната заштита.

6
3.Која е улогата на buchholz-oвиот релеј. Нацртај шема на овој релеј и опиши како работи?
Улогата на buchholz-oвиот релеј е да го заштити ТР од внатршните куси врски се пропратени со
ел.лак. тоа што при појава на дефекти кои се пропратени со ел.лак, внатре во котелот доага до
интензивно испарување на маслото односно до создавање на гасови и до зголемување на
притисокот во котелот. Со оваа заштита е овозможено детектирање на кусите врски и локално
тлеење на изолацијата. ЦРТЕЖ.

4.Зошто служи термичката заштита на ТР. Кој тип на термичка заштита е најефикасен и на
кој принцип работи?- термичката заштита служи да го заштити ТР од преоптоварување и од
претерано загревање на намотките. Најефикасен тип на термичка заштита е со релеи на термичка
слика. Принцип на работа на термичката слика е многу едноставен. Соодветниот релеј е поврзан
сериски со сонда чиј отпор е променлив со промената на температурата. Бидејки сондата е
потопена во маслото,преку неговата темп.се зема во предвид претходното преоптоварување на ТР,
а со помош на греач кој поставен во непосредна близина под сондата се зема во предвид
актуелното оптоварување.

5. Кои дефекти и опасни погонски состојби се јавуваат кај генераторите?-дефекти кај


ген.се:куса врска меѓу намотките на статорот, куса врска на таторската намотка со земја, куса
врска помеѓу навивките од една фаза кај статорската намотка, куса врска на побудната намотка со
земја, и куса врска помеѓу навивките на побудната намотка. Опасни погонски состојби кај
генераторите се:преолемо струјно оптоварување, недозволено загревање, големи стуи низ
генераторот заради надворешни куси врски, несиметрично оптоварување , превисок напон,
работа во режим на мотор, асонхрона работа и преголем бр на вртежи.

7
6.Кои појави и големини се користат за детектирање на спој на стационарната намотка на
ген.со земја? Нацртај барем една шема на заштита? – се користат големините на напонот и
струјата односно појавата на напон на звездиштето-α*Uf или појавата на струја на еднополна куса
врска.најчесто користена е заштитата со напонски релеи. ЦРТЕЖ.

7.Кои дефекти и опасни погонски состојби се јавуваат кај електомоторите?—дефектите се


следниве: куси врски помеѓу статорските намотки и куси врски помеѓу статорските намотки и
земја.-опасни погонски состојби:преоптоварување на моторот, исклучување и повторно вракање
на напонот, појава на инверзен редослед на јазлите, и работа на трифазниот електромотор без
една фаза.

8.Како се изведува заштита од куса врска помеѓу статорските намотки на електромоторот?


– заштитата се изведува со релеи на моментна прекуструјна заштита со еден релеј или со три
односно два релеи. Кај заштитата со едно реле, стујните ТР се така врзани што нивните
секундарни струи се одземаат. Со примена на заштита со два струјни ТР може да се случи да
еднополната куса врска не се детектира, затоа кај моторите со мокност поголема од 2MW се
користи диференцијална заштита. ЦРТЕЖ

9. Кои видови на заштита се користат за заштита на собирници? –се користат: дистантната


заштита, заштита според принципот на споредување на насоката, диференцијална заштита и
прекуструјна заштита.

8
10.Нацртај шема и објасни го принципот на делување на диференцијалната заштита на
собирници? Диференцијалната заштита на собирници работи на принципот на првиот кирхофов
закон. Се додека нема дефект на собирниците сумата на струите што течат кон собирницата, така
да резултантната диференцијална струја е еднаква на нула. Во случај кога има дефект оваа
диференцијална струја е бројно различна од нула. ЦРТЕЖ.

11.На кој принцип работи гасната заштита на ТР? Гасната заштита работи на принципот на
испарување на маслото во ТР односно на зголемување на притисокот на котелот заради
настанатите гасови при дефект во ТР пропратени со електричен лак.

12.Како се манифестира кусата врска помеѓу навивките на возбудната намотка врз


работата на генераторот? При еднополна куса врска на возбудната намотка нема непосредни
последици врз работата на генераторот бидејки на местото на дефект не тече струја. Меѓутоа
постои опасност да дојде до уште една еднополна куса врска на возбудната намотка, тоа би имало
за последица појава на големи струи во возбудната намотка и големо загревање на големи струи
во возбудната намотка и големо загревање и оштетување на роторот.

13.Како се изведува термичката заштита на електромоторите?- термичката заштита се


изведува со помош на биметали загревани директно или индиректно од струјата на моторот.
Термичките релеи се нагодуваат над номиналната струја на моторот и се поставуваат
задолжително во сите три фази и секогаш секогаш сериски со саканата намотка. ЦРТЕЖ.

9
14.Како се штити ТР од спој на намотка со земја. Нацртај шема барем за еден начин?
Кај ТР кои работат во мрежа во која ѕвездиштето на ТР се изолирани или заземјени преку отпор,
за ограничување на струјата на еднополна куса врска , примената на диференцијалната заштита
не е ефикасна .работата на заштитата на ТР од куси врски со земја се заснова на детекција на

нултата компонента на струјата. ЦРТЕЖ

15.Како се изведува заштитата на возбудната намотка на ген од куса врска со земја:-појавата


на куса врска со земја –еднополна куса врска во возбудната намотка е релативно честа куса
врска кај ген. до еднополна куса врска може да дојде заради пробив на изолацијата на роторската
намотка или заради оштетување, пробив или нечистотија на изолацијата на лизгачките прстени и
спојните водови. При еднополна куса врска на возбудната намотка нема непосредни последици
врз раб на ген.бидејки на местото на дефектот нетече струја,меѓутоа постои опасност да дојде до
уште една еднополна куса врска на возбудната намотка. за да се спречат последиците од појавата
на втората еднополна куса врска на возбудната намотка се врши сигнализација на појавата на
првата еднополна куса врска а ген се исклучува од погон да се утврди причината на еднополната
куса врска. Преку соодветен делител на напон Dr ,кондезаторот Cr и релето I>, возбудното коло на
генераторот се приклучува на извор на напојување. Ако изолацијата на возёбудната намотка е
добра, низ релето тече само мала капацитивна струја, ако се појави намалување или пробив на
изолацијата се затвара колото и низ релето протекува поголема струја па се делува на
сигнализацијата.ЦРТЕЖ

16.Нацртај шема на трифазна моментна прекуструјна заштита на елекромотор и дефинирај


ја стррујата на нагодување? Iнагодување=ks * ksp*Imotor/Pi,,,,,
ks –коеф. На сигурност(1,8 до 2 ),,, ksp-коеф на спој( за варијанта со еден релеј е √3 за варијанта
со два(три)релеи е 1),,,,, Imotor—струја на пуштање на моторот (Im=(3÷7)In),,,,Pi—преносен

однос на струјниот ТР..

19.Како се изведува заштитата од куси врски помеѓу статорските намотки на


електомотори?- заштитата се изведува со помош на осигурувачи кај нисконапонските мотори
или со прекуструјна заштита со еден струен релеј или заштита со два три струјни релеи.

10
ЗА ПИСМЕНИОТ ДЕЛ

1.Објасни ја ознаката за преносниот однос на напонскиот ТР:10000/√3/100√3/100/3 V/V/V


зошто се користи терциерната намотка кај овој напонски ТР?
Оваа ознака кажува дека се работи за еднополно изолиран напонски ТР за номинален фазен
напон 10000/√3 V. Има две секундарни намотки, од кои првата е за приклучување на уреди, а
втората односно терциерот е за сигнализирање на доземен спој. Терциерот заедно со терциерите
од другите две фази се врзува во отворен триаголник, при што напонот на отворениот триаголник
е мал а во случај на земјоспој на било кја фаза достигнува вредност до 100 V и сигнализира земјо
спој.

2.Објаснете ја следната ознака на струен ТР. 5Р20 2х300/5/1 А/А/А. Колкава е струјната и
сложената грешка што ја прави овој ТР?
Оваа ознака се однесува на струен ТР за заштита со класа на точност 5Р и граничен фактор 20.
тој е преспоив струен ТР за номинална струја од 300А или 600А, со две јадра од кои првото јадро
има номинална секундарна струја од 5А а намотката на другото јадро има номинална секундарна
струја 1А. Струјната грешка што ја прави овој струен ТР е ± 1%,,,,сложената е 5%,,, аголната
±60е. [Ознаката 2000/5 А означува непреспоив струен ТР со едно јадро.]

3.Објаснете ја следната ознака на струен ТР. 10Р20 2х300/5/1 А/А/А. Колкава е струјната и
сложената грешка што ја прави овој ТР?
Оваа ознака се однесува на струен ТР за заштита со класа на точност 10Р и граничен фактор 20.
тој е преспоив струен ТР за номинална струја од 300А или 600А, со две јадра од кои првото јадро
има номинална секундарна струја од 5А а намотката на другото јадро има номинална секундарна
струја 1А. Струјната грешка што ја прави овој струен ТР е ± 3%,,,,сложената е 10%,,, [Ознаката
2000/5 А означува непреспоив струен ТР со едно јадро.]

4.Објасни зошто струен ТР не смее да работи во режим на празен од ?

5.Режим на празен од и куса врска кај струјните ТР ?

6.Што е класа на точност на напонски ТР за заштита и наброј ги класите на точност и


колку изнесуваат напонските грешки за секој од нив ?

7.Дефинирај ги параметрите за избор на струен ТР за заштита ?

8.Шема, принцип на работа и векторски дијаграм на капацитивен напонски мерен ТР ?

11

You might also like