You are on page 1of 8

У Н И В Е Р З И Т Е Т Св.

К И Р И Л И М Е Т О Д И Ј - С К О П Ј Е

ФАКУЛТЕТ ЗА ЕЛЕКТРОТЕХНИКА И ИНФОРМАЦИСКИ ТЕХНОЛОГИИ


СКОПЈЕ

Лабораторија за електромоторни погони

ЛАБОРАТОРИСКИ ВЕЖБИ ПО ЕЛЕКТРОМОТОРНИ ПОГОНИ

ЛАБОРАТОРИСКА ВЕЖБА БР. 9

РЕГУЛАЦИЈА НА БРЗИНАТА НА ЕЛЕКТРОМОТОРНИ ПОГОНИ СО АСИНХРОНИ


МОТОРИ

Студент

Наставник: Проф. д-р Слободан Мирчевски _____________________________


(Име и Презиме)

_____________________________
(бр. индекс и модул)

_________________
(оценка)

Скопје, 2009
Regulacija na brzinata na elektromotorni pogoni so asinhroni motori

ЛАБОРАТОРИСКА ВЕЖБА БР.9

РЕГУЛАЦИЈА НА БРЗИНАТА НА ЕЛЕКТРОМОТОРЕН ПОГОН СО


АСИНХРОН МОТОР

1. ВОВЕД

Познато е дека во електромоторните погони најчесто се користат асинхроните


мотори, пред се поради повеќе предности кои тие ги имаат во однос на другите видови
на електромотори. Тие се со помали димензии, тежина и цена во споредба со
останатите видови електрични машини, имаат поголема сигурност во погонот,
едноставни се за одржување, имаат помал момент на инерција и т.н. Главен недостаток
им е тоа што брзината на вртење потешко им се менува и со покомплицирани и со
поскапи уреди отколку кај еднонасочните мотори. Како што е познато од електричните
машини брзината на вртење на асинхрон мотор може да се менува со промена на бројот
на чифтови полови (степенесто менување на брзината), со промена на напонот, со
промена на напонот и фреквенцијата (континуирано менување на брзината), што може
да се изведе со вртливи и со статички енергетски преобразувачи. Кај асинхроните
мотори со намотан ротор брзината може да се менува и со отпори вклучени во
роторското коло. Од робусноста во изведбата произлегува дека примената на
асинхроните мотори во регулираните погони се јавува како една од нужностите.
Континуираната регулација на брзина е можно да се оствари со примена на машински
групи (каскадни системи, генератор - мотор групи) или со примена на енергетски
преобразувачи. Со развојот на електрониката и намалувањето на цената примената на
асинхроните мотори со енергетски преобразувачи полека, но сигурно го превзема
приматот од регулираните погони со мотори за еднонасочна струја.
Според начинот на кој се врши регулацијата на брзината на асинхроните
кафезни мотори со примена на енергетски преобразувачи ги разликуваме следните
случаи:
− Регулација на брзината со промена на статорскиот напон;
− Регулација на брзината со промена на статорскиот напон и фреквенција;
− Каскадна регулација на брзината кај асинхроните мотори со намотан ротор.
Промената на брзината со промена на напонот е многу привлечна поради
едноставноста на изведбата и применливоста и за кафезни мотори и за мотори со
намотан ротор, но таквата регулација се плаќа со зголемени загуби, а и опсегот на
регулација на брзината е мал.
Преобразувачите со кои се врши едновремена промена на напонот и
фреквенцијата се делат на две основни групи: директни и индиректни.
Во групата на директни преобразувачи спаѓаат циклоконверторите кои се
изведени со три реверзибилни насочувачи и со нив се врши промена на фреквенцијата
само под доведената фреквенција. Поради начинот на работа минималната фреквенција
до каде може да се оди е негде до 45 % од фреквенцијата на доведениот напон.
Индиректните преобразувачи на фреквенција според начинот на акумулирање на
енергијата во еднонасочното меѓуколо се делат на преобразувачи со константна струја
и константен напон. Индиректните преобразувачи со константна струја се реализираат
со помалку трошоци но се применливи само кај едномоторните регулирани погони.
Преобразувачите на фреквенција со константен напон се користат за напојување и
на асинхрони и на синхрони мотори. Напонот во меѓуколото може да биде константен
или променлив. И двата споја овозможуваат напојување на групи на мотори, бидејќи
овозможуваат добра комутација без разлика на оптоварувањето. Ако со моторот треба

1
Regulacija na brzinata na elektromotorni pogoni so asinhroni motori

и да се да кочи тогаш мора од страна на мрежата да се приклучи реверзибилен


насочувач или пак отпорник за кочење. Во спојот со константен напон излезната
фреквенција е ограничена до 200 Hz, бидејќи со ширинско импулсната модулација во
изменувачот носечката фреквенција е повеќекратно поголема од излезната
фреквенција.
Каскадната регулација на брзината може да се изведува во вртливи машини во
класична изведба и со енергетски преобразувачи во современа изведба. Идејата е да
енергијата која обично се претвора во загуби во роторското коло се врати во мрежата
или на оската на моторот.
Кај енергетските преобразувачи за оваа намена доминантно место имале
тиристорските преобразувачи, но во последно време се повеќе во оваа област
навлегуваат и транзисторските преобразувачи пред се поради нивните динамички
карактеристики. Тие веќе го покриваат подрачјето до 800 kW, со тенденција на
зголемување на моќноста.

2. ЦЕЛ НА ВЕЖБАТА

Во праксата се повеќе се користат асинхроните кафезни мотори во регулираните


електромоторни погони. Затоа е потребно студентите да се запознаат со начинот на кој
се врши промената на брзина, со промена на напонот и фреквенцијата со еднонасочно
меѓуколо со константен напон, како најчесто применуван начин кај регулираните
погони со асинхрони мотори, изведбата на системот на регулација како и со
конкретните погонски можности на истиот.

3. ОПИС НА ОПРЕМАТА

3.1. Податоци за асинхрониот мотор


За реализација на вежбата се користи трифазен асинхрон кафезен мотор
производ на Раде Кончар од Загреб предвиден за работа во ѕвезда на номинален напон
380 V.
Моторот е од постаро производство и неговата типска ознака не е усогласена со
IEC прописите. Моторот е со изведба В3 и заштита IP44 што значи дека моторот е
предвиден за хоризонтална работа и е заштитен од навлегување на прашина и вода што
прска.
Ладењето на моторот е површинско со надворешен вентилатор, кој е заштитен со
вентилаторска капа.

3.2. Опис на фреквентно - напонскиот транзисторски преобразувач


3.2.1. Општ опис на уредот
Фреквентно-напонскиот преобразувач е производ на Север од Суботица и има
комерцијално име MIKROVERT. Се работи за транзисторски статички претворувач на
фреквенција со напонско меѓуколо со константен напон.
Уредот е сместен во ормар кој е изведен како управувачки пулт. На пултот се
наоѓаат повеќе елементи, и тоа:
- Тастер за ставање на уредот во погонска состојба СТАРТ;
- Тастер за задвижување на моторот во лево;
- Тастер за задвижување во десно;

2
Regulacija na brzinata na elektromotorni pogoni so asinhroni motori

- Тастер за кочење на моторот;


- Тастер за исклучување на уредот СТОП;
- Гребенест прекинувач;
- Потенциометар за регулација на брзината и
- Сијалички за сигнализација на режимот на работа на моторт.
На челната страна на ормарот се наоѓаат следните елементи:
- Волтметар за мерење на излезниот напон;
- Волтметар за мерење на влезниот напон;
- Амперметар за мерење на влезната струја;
- Амперметар за мерење на излезната струја;
- Фреквенцметар за мерење на излезната фреквенција;
- Сигнална сијаличка за погонска спремност на уредот.

4.2. Опис на статичкиот претворувач на фреквенција MIKROVERT


Во групата на MIKROVERT спаѓаат повеќе производи со исто име, а различни
номинални струи наменети за регулација на брзината на мали трифазни асинхрони
мотори со кафезен ротор (од 0,7 до 4 kW) и тоа на основа на статичко претворување на
фреквенцијата и напонот. Бројот на вртежи се подесува континуирано со помош на
потенциометар за задавање на вредности. Моторите кои се поврзуваат на уредот мора
да се предвидени за работа во спој триаголник на напон од 220 V. Со помош на
регулаторот се добива константен момент во подрачјето од 2,5 до 50 Hz, а константна
моќност во подрачјето од 50 до 100 Hz.
Уредот е изведен со транзисторски инвертор со константен напон во меѓуколото
напојувањето може да биде и од еднонасочна мрежа со напон 300 V.
Уредот кој ќе се користи во вежбата е со номинална моќност 3,5 kVA,
номинален напон на напојување; 220 V, 50 Hz, номинална излезна струја 5 A, трифазен
излезен напон од 11 до 220 V и излезна фреквенција од 2 до 100 Hz.
Уредот е изведен како транзисторски инвертор со повеќе импулсна модулација и
напонско меѓуколо, има зголемена струја на задвижување до 1,4 In. Има повеќе
динамички контроли на појава на поднапон и пренапон на сите степени, со што е
зголемна неговата погонска сигурност, има приклучена отпорник за електроотпорно
кочење и е приклучена додатна картичка со која се овозможува реверзирање и кочење.

4. ПУШТАЊЕ ВО РАБОТА

Пуштањето во работа се врш со вклучување на гребенестиот прекинувач на


работната маса, на управувачкиот пулт и треба да се притисне тастерот СТАРТ,
потенциометарот за задавање на вредноста на брзината да се даведе во крајна лева
положба. Потоа се притиска тастерот за пуштање во работа во саканата насока. Кога тој
ќе се притисне се пали сигнална сијаличка која ја јавува активираноста на моторот и
смерот на вртење. Зголемувањето на брзината се врши со вртење на потенциометарот
во десно. Фреквенцијата и напонот со кои работи моторот ги следиме на соодветните
инструменти. Запирањето на моторот се врши со притискање на тастерот СТОП.
Доколку сакаме да извршиме реверзирање на моторот го притискаме тастерот за
спротивна насока на вртење, по што моторот постепено ја намалува брзината и
преминува во спротивната насока на вртење. Реверзирањето се одвива со претходно
кочење до фреквенција од 3Hz, потоа се менува насоката на вртливото поле и моторот
залетува до брзината поставена со потенциометарот. Брзината на промена на брзината
на вртење е зададена така да не е можно брзината нагло да се менува со уредот

3
Regulacija na brzinata na elektromotorni pogoni so asinhroni motori

Кочењето на моторот се врши со притискање на тастерот КО×ЕЊЕ со што се


активира додатната картица за кочење, со што практично излезните транзистори
престануваат со работа, а моторот преоѓа во генераторски режим. Со диодите кои се
поврзани паралелно со излезните транзистори се дозира моќноста која се враќа во
меѓуколото. При ова може да се појави напон до 380 V. За да не се случи тоа улогата на
себе ја превзема отпорничкиот модул кој е паралелно врзан со кондензаторот во
меѓуколото и вишокот на енергија го троши во енергетскиот отпорник кој е во серија
врзан со него.
Откако ќе заврши со работа се притиска на тастерот СТОП и се исклучуваат
гребенестите прекинувачи на управувачкиот пулт и на работната маса.

5. ЗАДАЧИ ЗА ВЕЖБАТА

За реализација на вежбата треба да се извршат следниве работи:

5.1. Да се проучат начините за регулација на брзината на асинхроните мотори со


кафезен ротор.

5.2. Да се пушти моторот во работа и да се изврши промена на брзината на


моторот со целиот опсег на работа на уредот.

5.3. Со помош на осцилоскоп да се измерат вредностите на напонот на


приклучните стегалки, истите да се нацртаат за стационарен режим на работа за 25, 50,
75 и 100 Hz.

При мерење на напони над шеесет волти треба сондата да се префрли на


подрачје х10, а отчитаните вредности да се помножат со 10 како би се добила
стварната вредност на сигналот.

Забелешка: Вежбата има демонстрационен карактер, што значи дека асистентот


(лаборантот, демонстраторот) ќе го прикаже начинот на работа. Студентите не
смеат сами, без присуство на асистентот да ракуваат со опремата.

4
Regulacija na brzinata na elektromotorni pogoni so asinhroni motori

Принципиелна шема на енергетското коло на напонскиот инвертор


MIKROVERTER

Принципна блок шема на систем за регулација на брзината на вртење на погон со


асинхрон кафезен мотор напојувани од напонски инвертор

5
Regulacija na brzinata na elektromotorni pogoni so asinhroni motori

ЛАБОРАТОРИСКА ВЕЖБА БР.9

РЕГУЛАЦИЈА НА БРЗИНАТА НА ЕЛЕКТРОМОТОРЕН ПОГОН СО


АСИНХРОН МОТОР

ПРАШАЊА ЗА ПОДГОТОВКА НА ВЕЖБАТА

1. Со промена на кои големини може да се менува брзината на вртење на


асинхрони кафезни мотори?
___________________________________________________________________________
___________________________________________________________________________
___________________________________________________________________________

2. Набројте ги класичните начини за менување на брзината на вртење на


асинхроните кафезни мотори?
___________________________________________________________________________
___________________________________________________________________________
___________________________________________________________________________

3. Напишете ја равенката за максималниот момент на асинхрон мотор во


зависност од напонот и фреквенцијата!
___________________________________________________________________________
___________________________________________________________________________
___________________________________________________________________________

4. Кои големини на асинхроните кафезни мотори треба истовремено да се


менуваат за да се сочуваат слични вредности на карактеристичните моменти при
различни брзини на вртење?
___________________________________________________________________________
___________________________________________________________________________
___________________________________________________________________________

5. Во каков однос треба да бидат напонот и фреквенцијата при регулација на


брзината на вртење на асинхрон кафезен мотор за оптоварување:
а. со константен момент
б. со константна моќност
___________________________________________________________________________
___________________________________________________________________________
___________________________________________________________________________

Студент:____________________________________
инд. бр.__________

1
Regulacija na brzinata na elektromotorni pogoni so asinhroni motori

ЛАБОРАТОРИСКА ВЕЖБА БР.9


РЕГУЛАЦИЈА НА БРЗИНАТА НА ЕЛЕКТРОМОТОРЕН ПОГОН СО
АСИНХРОН МОТОР
Податоци за моторот

Тип мотор Pn Un In nn cos ϕ f Спој на Изведба IP


[kW] [V] [A] [min-1] [Hz] намотки
B__

1. Фреквенција 25 Hz 2. Фреквенција 50 Hz
Izgled na liniskiot napon pri regulacija Izgled na liniskiot napon pri regulacija
na brzinata na asinhron kafezen motor na brzinata na asinhron kafezen motor
Umr=______ Umr=______
Imr=______ Imr=______

f=________ f=________
UUV=______ UUV=______
Im=_______ Im=_______

Vremenska Vremenska
baza: baza:
____[ms/div] ____[ms/div]

Naponska Naponska
baza baza
_____[V/div] _____[V/div]

3. Фреквенција 75 Hz 4. Фреквенција 100 Hz


Izgled na liniskiot napon pri regulacija Izgled na liniskiot napon pri regulacija
na brzinata na asinhron kafezen motor na brzinata na asinhron kafezen motor
Umr=______ Umr=______
Imr=______ Imr=______

f=________ f=________
UUV=______ UUV=______
Im=_______ Im=_______

Vremenska Vremenska
baza: baza:
____[ms/div] ____[ms/div]

Naponska Naponska
baza baza
_____[V/div] _____[V/div]

Што се приметува при работа на мали фреквенции?


___________________________________________________________________________
___________________________________________________________________________

Зошто?
___________________________________________________________________________
___________________________________________________________________________

Студент:____________________________________
инд. бр.__________

You might also like