You are on page 1of 1

ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ

- ЕЛЕКТРОТЕХНИКА-

1. Што представуваат генераторите?


- Генераторите се вртливи машини на наизменична струја кои механичката енергија ја
претвараат во електрична енергија.

2. Што представуваат синхроните машини?


- Синхроните машини се машини каде што брзината на вртење директно е зависна од
фреквенцијата на индуцираниот напон односно од брзината на вртење на магнетното
поле.

3. Каков може да биде роторот кај генераторите?


- Роторот кај генераторите може да биде цилиндричен ротор или ротор со испакнати
полови.

4. Како генераторите ја доведуваат еднонасочната струја?


- Генераторите еднонасочната струја ја даваат на тој начин што произведуваат
наизменична струја, а потоја со помош на насочувачи ја претвараат во еднонасочна.

5. Каде се употребуваат машините за еднонасочна струја?


- Машините се употребуваат во дигалки, автомобили, возови и др.

6. Колку изнесува номиналниот напон за генератори на еднонасочна струја?


- Номиналниот напон за генератори на еднонасочна струја изнесува: 115V,230V и 460V.

7. Кои се главни номинални величини?


- Главни номинални величини се: Номинална моќност и Номинален напон.

Александар Јанев II-4

You might also like