You are on page 1of 17

Тема:

Електронска регулација на брзината на вртење на


асинхроните мотори.
Вовед:
Наједноставен и најевтин начин за контрола на брзината на некој процес или на
дел од некоја машина е да машината работи со максимална брзина.
Но во праксата често пати се јавува потребата за регулација на брзината на
вртење на машините или делови од машините кои ги придвижува асинхрон
мотор.
Уредите за променлива брзина можат да се опишат како уреди со кои се
контролира брзината на една машина.
Многу индустриски процеси како што се производствените ленти мораат да
работат при различни брзини за различни производи или пак каде што е
потребно да се регулира проток на вода или воздух од некоја пумпа или
вентилатор но исто така и да се заштеди енергија.
Ако излезната брзина на некоја машина се регулира со уред кој може да ја
менува брзината на машината континуирано т.е. без степени, тогаш тој уред се
нарекува уред со променлива брзина.

Уредите за променлива брзина можат да бидат механички (вариатори),


електромеханички, хидраулични или електрични.

Електрични уреди за регулација на брзината на


вртење
Можностите за промена на брзината на вртење на асинхрон мотор се видливи од
следната релација:

 Со промена на бројот на парови полови во статорската намотка;


 Со промена на вредноста на фреквенцијата.
 Со промена на некој од параметрите кои влијаат на лизгањето s.

 Овие уреди се присутни во праксата повеќе од 20 години и имаат широк


опсег на примена во индустријата но и за комерцијална како и домашна
употреба.
 Овие уреди работат на принципот на промена на вредноста на напонот,
струјата и фреквенцијата кои се доведуваат до моторот.
 Овие уреди се прилично скапи но пружаат поголема претцизност во
контролата на операцијата и ги намалуваат загубите со што ги
оправдуваат трошоците за нивна инсталација и примена.
 Можат да се користат во нови инсталации но и да се адаптираат на веќе
постоечките инсталации.

1
Фиксни брзини на асинхроните мотори
Асинхроните мотори се дизајнирани да работат со брзини кои се одредени со
бројот на парови полови и фреквенцијата на струјата со која се напојуваат.

Брзината на вртење на асинхрон мотор е дадена со следната равенка:

Каде што ns е синхрона брзина, f е фреквенцијата на струјата на кој е


приклучен моторот, а p е бројот на полови во статорот на моторот.
Од изразот гледаме дека брзината на моторот може да се промени со промена на
фреквенцијата, со промена на бројот на полови или со двете заедно.
Со промена на бројот на полови не можеме континуирано да ја променуваме
брзината на вртење туку во степени.

Брзината на вртење на еден мотор приклучен на мрежа со константна


фреквенција од f1=50 Hz за различен број на полови би била:

Број на полови Брзина на вртење [min-1]


2 3000
4 1500
6 1000
8 750
10 600
12 500

Промената на бројот на полови се врши на повеќе начини :


 Со преспојување на повеќе независни намотки. Главен недостаок на овој
метод се зголемените трошоци на материјал за изработка на намотките и
просторот за нивно сместување со што се зголемува и вкупната
димензија на моторот.
 Со разделување на една намотка и преспојување на повеќе групи на
навивки. Промената на бројот на полови која се реализира на овој начин
се нарекува Далхандеров спој.

Главен недостаток на овие методи се зголемените трошоци на материјал за


изработка на додатните намотки и просторот за нивно сместување со што се
зголемува и вкупната димензија на моторот.

2
Причини за користење на електричните уреди за
променлива брзина
Контролата на некои процеси и штедењето на енергија се главната причина за
користењето на електричните уреди за променлива брзина.
Историски гледано, електричните уреди за променлива брзина биле измислени
поради контролата на процесите но штедењето на енергија сега е исто толку
важна причина за користење на овие уреди.
Во индустријата постојат многу бенефиции од користењето на овие уреди, како
што се:
 Глатко работење
 Контрола на забрзувањето и кочењето
 Различни операциони брзини за различни продукти
 Споро работење за подесување на машините
 Контрола на производствениот тираж
 Дозволува претцизно позиционирање
 Контрола на моментот
 Можност за кочење на моторот и регенерација

Пример 1: Во станица за преработка на отпадни води се користат пумпи кои


ја пумпаат отпадната вода до некој резервоар каде подоцна се преработува.
Доколку се користат пумпи со фиксна брзина на вртење тогаш тие се подесени
да се вклучат кога нивото на резерварот се намали до одредено ниво, а
исклучуваат кога нивото ќе се зголеми до одредена вредност.
Вклучувањето и исклучувањето на пумпите резултира со чести удари на висока
струја при кои се јавуваат електрмагнетни и термички стресови на моторот и
опремата за контрола на енергијата, пумпите и цевките се изложени на
механички и хидроулични стресови.
Со користење на уред за променлива брзина пумпите работат континуирано со
брзини кои се зголемуваат кога нивото во резерварот опаѓа и обратно.

Пример 2 (штедење на енергија): Уредите за променлива брзина многу


често се користат за регулација на брзината на пумпи и вентилатори. Воедно во
овие случаи имаме најголема заштеда на енергијата. Во случај кога некој
вентилатор е придвижуван од мотор со фиксна брзина во многу случаи протокот
на воздух е повисок од потребниот проток.
Протокот може да се регулира со регулатор на воздух или контролен вентил но
поефикасно е ако протокот се регулира со подесување на брзината на моторот.

3
Предности при користењето на електронските
уреди за промена на брзината на вртење
Електронските уреди за промена на брзината на вртење имаат голем број на
предности во однос на другите типови на регулатори на брзина, како што се:

 Заштеда на енергија
 Подобрена контрола на процесот
 Намален стартен напон
 Помали трошоци за одржување
 Можност за преспојување (Bypass)
 Контрола врз повеќе мотори

- Заштеда на енергија
Електронските уреди за промена на брзината на вртење можат да заштедат
голема количина на енергија во споредба со традиционалните методи на
контрола каде што има варијација на оптеретувањето или брзината на
операциониот процес
Електронските уреди за промена на брзината на вртење се едни од
најефикасните типови на контрола на брзина кога се користат за аксијални
терети (променлив вртежен момент) како што се центрифугални вентилатори,
пумпи или компресори.

 Терет со променлив вртежен момент

Товарите со променлив вртежен момент бараат многу помал вртежен момент


при мали брзини отколку при големи брзини.
Доколку имаме потреба да се намали брзината на процесот за 50% тогаш
вртежниот момент кој е потребен за продвижување на машината се намалува на
25%, а моќноста која е потребна на 12,5%

4
Таквите уреди најчесто се центрифугални и аксијални пумпи, вентилатори, како
и многу миксери и агитатори.

 Терет со константен вртежен момент

Товарите со константен вртежен момент бараат ист вртежен момент при мали
како и при големи брзини.

Вртежниот момент останува константен при целиот опсег на брзината додека


моќноста варира пропорционално на промената на брзината.

Уреди кои работат со константен вртежен момент најчесто се транспортни


ленти, реципрочни пумпи и пумпи со позитивно помесување и компресори.

- Намален стартен напон


Електронските уреди за промена на брзината на вртење се однесуваат и како
уреди за меко пуштање во работа при што ја намалуваат и ограничуваат
ударната струја при стартување на асинхрониот мотор.

- Подобрена контрола на процесот

5
Електронските уреди за промена на брзината на вртење се електронски уреди
кои самите себеси си помагаат во мрежите со автоматска контрола.

Во себе содржат влезови за сигнали за старт/стоп, контрола и регулација на


брзината и излезни сигнали кои можат да се поврзат на персонален компјутер
или програмабилен логички компјутер (PLC) или да даваат информации на
некои други уреди.

- Помали трошоци за одржување

Електронските уреди за промена на брзината ги намалуваат трошоците за


одржување на делот за контрола како и на механичкиот дел од една машина.

Електронските уреди за промена на брзината може да го намали


оштетувањето на лежиштата, каишите, ножевите, механичките преноси и
квачилата во еден систем.
Контролните вентили понекогаш се голем проблем за одржување поради
тоа што се изложени на абење кога се работи со материјал кој е многу густ или
екстремно абразивен.
Електронските уреди за промена на брзината не работат по принципот
вклучи и исклучи кој што често гледаме во контролните процеси. Со тоа се
намалуваат ударните струи и пулсирањата на мрежата.

- Можност за преспојување (Bypass)

Многу електронски уреди за промена на брзината имаат можност за


преспојување со друг уред за пуштање во погон. Тоа овозможува лесно
преспојување во случај на дефект.
При дефект на другите типови на регулација на процесот потребно е физички да
се оделат моторот од товарот, да се одстрани дефектот па потоа да се соединат
повторно што може да трае повеќе часови па се до една недела доколку нема
резервен дел.
Електронските уреди за промена на брзината можат да се преспојат за време од
неколку секунди.

- Контрола врз повеќе мотори

6
Електронските уреди за промена на брзината можат да контролираат и повеќе
мотори со што се намалува контролниот систем како и почетните трошоци на
истиот.

Недостатоци при користењето на електронските


уреди за промена на брзината на вртење
Електронските уреди за промена на брзината не се секогаш најдобриот избор
кога е потребно да се изврши регулација на брзина на некој процес.

- Почетни трошоци

Почетните трошоци се една од главните причини за да не се користи


електронски уред за промена на брзината но најчесто се зема во предвид
заштедата на енергија која со текот на времето ги оправдува почетните
трошоци.
Заштедата на енергија е мала кога уредот се користи за брзини блиски до
брзината за која е предвиден моторот.
Во глобала почетните трошоци се оправдуват во првите 2 до 3 години од
користењето на уредот.

- Одржување

Електронските уреди за промена на брзината како и многу други електронски


уреди бараат посебно обучен персонал што ќе работи со нив како и обучен
персонал за одржување.
Кај механичките уреди за промена на на брзината одржувачот може физички да
види каде е дефектот или многу лесно да го дијагностицира проблемот, додека
пак електронските уреди за промена на брзината имаат доста софистицирана
вградена дијагностика но сепак би бил потребен персонал кој треба посебно да
се обучи.

- Прегревање на моторот при мали брзини


7
Електронскиот уред за промена на брзината на мотор кој работи со константен
вртежен момент при мали брзини има голема веројатност да прегрее.

Без разлика од брзината на вртење при константен вртежен момент, моторот


влечи константна струја.
При мали брзини вентилаторот што е прикачен на моторот произведува многу
мал проток на воздух за ладење.
Поради константниот вртежен момент при мала брзина на вртење и намалениот
проток на воздух за ладење може да дојде до прегревање на моторот.

Ако имаме мотор со изолација од класа B тогаш можеме да ја намалиме


брзината на вртење до 50% без моторот да прегрее.
Мотор од класата F може да работи со 20% од номиналната брзина.

- Излезна хармонична дисторзија

Излезните електрични бранови кои се генерираат од уредот не се чисто


синусоидни и восебе содржат хармонична дисторзија која се доведува до
моторот.
Поради таа дисторзија моторот ќе генерира 5 до 8 проценти повеќе топлина
отколку мотор кој е поврзан на синусоиден напон од мрежата.
Еден од начините да се надмине овој проблем е да се користи мотор со
изолација од класата F или поголема класа или пак специјално дизајниран
инвертерски мотор од класата М.

- Индуцирана дисторзија во електричната мрежа

При користење на електронските уреди за промена на брзината, индуцираната


дисторзија во електричната мрежа со состои од хармонична дисторзија како и
линиски пикови.

8
Хармоничната дисторзија и линиските пикови се појавуваат како резултат на
не-синусоидните бранови што ги генерира уредот при што влечи не-синусоидна
струја од мрежата во вид на импулси.
Ова може сериозно да ја наруши мрежата во кругот на установата и доколку не
се заштити може да ја попречи работата на некои други уреди.

Типови на електронски уреди за промена на


брзината на вртење

Електронските уреди за промена на брзината на вртење на асинхроните мотори


се електрични уреди кои можат да ја менуваат вредноста на фреквенцијата на
напонот кој се доведува до моторот, а со тоа да ја менуваат брзината на вртење
на моторот.

9
Овие уреди најпрво струјата од мрежата ја претвораат од наизменична во
еднонасочна па потоа со помош на инвертер повторно во наизменична.

Постојат 3 типови на електронски уреди за промена на брзината на вртење.

 Уред со променлив напон (VVI)


 Уред со променлива струја (SCI)
 Уред со модулација на ширината на импулсот (PWM)

Уред со променлив напон (VVI)

Уредот со променлив напон е прв од електронските уреди за промена на


брзината на вртење кој е прифатен во индустрискиот пазар.

1
- Овие уреди често се нарекуваат уреди со 6 чекори поради кривата на
излезниот напон
- Уредите со променлив напон се многу економични и можат да се
употребуваат за мотори со моќност до 120kW
- Уредите со променлив напон работат во опсег на брзина од 15% до 100%
или од 10 до 50(60)Hz.
- Овие уреди често се употребувани во специјални апликации каде се
бараат големи брзини или фреквенции од 400 до 3000Hz.

 Предности на уредите со променлив напон

- Добар опсег на брзина


- Контрола на повеќе мотори од еден уред
- Едноставна контрола на регулацијата

 Недостатоци на уредите со променлив напон

- Факторот на моќност опаѓа со намалувањето на брзината


- Генерира голема количина на излезни хармоници
- Сецкање на моторот при мали брзини ( пулсирачко движење )
- Потребен е изолациски трансформатор на напојувачката страна

За време на работа со мали брзини (под 15-20Hz) сецкањето може да биде


проблем бидејќи нерамномерното работење на моторот може да создаде
проблеми на лежиштата, запчаниците или редукторите.

Уред со променлива струја (SCI)

1
Овие уреди се многу слични на уредите со променлив напон (VVI) со таа
разлика што овие уреди се многу поосетливи на струјата отколку (VVI) кои се
поосетливи на на напонот.

 Уредите со променлива струја се економични уреди со моќности над


35kW и најчесто се користат за пумпи и вентилатори
 Ефикасноста на овие уреди не е толку голема како (VVI) уредот
 При мали брзини и поради кривата на стујата може да дојде до
моментално застанување на моторот.
 Напонот на излезот е многу сличен на синусоидниот напон но со таа
разлика што во себе содржи пикови и падови.

 Предности на уредите со променлива струја

- Голема ефикасност
- Регенерациска способност
- Вградена заштита од краток спој
- Способност да го придвижи моторот при полн напон

 Недостатоци на уредите со променлива струја

- Факторот на моќност опаѓа со намалувањето на брзината


- Сецкање на моторот при мали брзини ( пулсирачко движење )
- Нема можност за поврзување на повеќе мотори
- Претежно се произведува како еден склоп заедно со моторот
- Потребна е повратна информација од моторот (тахометар или сличен
уред)
- Нема можност уредот да се испитува со моторот поврзан на него
- Потребен е изолациски трансформатор на влезната страна
- Уредот има голема зафатнина

1
Уред со модулација на ширината на импулсот (PWM)

Уредите за модулација на ширината на пулсот (PWM) или модилација на


времетраењето на пулсот (PDM) се едни од најсофистицираните уреди кои
користат напредна електроника со цел да постигнат одредена контрола над
фреквенцијата и напонот.
Средната вредност на напонот и струјата што се предава на моторот се
контролира со вклучување и исклучување на прекинувач со многу брзо темпо.
Колку подолго време прекунувачот е во вклучена позиција толку погелема е
снагата што се предава на моторот.
Фреквенцијата на вклучување и исклучување треба да биде многу поголема од
номиналната фреквенција на моторот и се движи во рамките од неколку па се до
десетици kHz.

 Уредите со модулација на ширината на импулсот имаат добра


ефикасност и многу мало греење на моторот
 Уредите со модулација на ширината на импулсот (PWM) имаат најдобра
бранова форма на стујата и се многу популарни уреди за регулација на
брзината
 Кривата на струјата нема големи пикови и падови и претставува скоро
совршена синусоида

 Предности на уредите со модулација на ширината на импулсот

- Висока ефикасност
- Широк опсег на брзини
- Заштита од отворено коло
- Константен фактор на моќност без разлика на брзината
- Контрола врз повеќе мотори од еден уред
- Нема сецкање на моторот
- Конкурентна цена

 Недостатоци на уредите со модулација на ширината на импулсот


1
- Потребна е додатна опрема за регенерација на системот
- Опремата е посложена во споредба со другите уреди
- Некои уреди произведуваат значителен аудио шум

Принцип на работа на уредите со модулација на ширината на


импулсот (PWM)

Уредот за модулација на ширината на импулсот користи правоаголени импулси


чија ширина (времетраење) се модулира што резултира со некоја средна
вредност на целокупниот бран.
Ако ја разгледаме формата на пулсирачкиот бран со ниска вредност ,
висока вредност и коефициент на вкученост D тогаш средната вредност
би изнесувала:

Коефициентот на вклученост претставува соодност на тоа колку време


прекинувачот е вклучен и исклучен и се изразува во проценти.
При мала вредност на D имаме мала моќност и обратно.
Ако имаме D = 100 % тоа значи дека прекинувачот е вклучен цело време.

Бидејќи е пулсирачки бран составен од за време на


и за време на , тогаш погорниот израз станува:

1
Во многу случаи каде што е нула, овој израз може да се поедностави ако
се замени со . Од овој израз се забележува дека средната
средност на сигналот ( ) е директно зависна од коефициентот на вклученост D.

Постојат повеќе начини на генерирање на (PWM) сигнал, а еден од најлесните е


со користење на пилест или триаголен сигнал (кој лесно се генерира со
едноставен осцилатор) и компаратор.
Кога вредноста на референтниот сигнал (на сликата прикажан со црвена боја) е
поголема од вредноста на пилестиот сигнал (плава), PWM) сигналот (розева)
има висока вредност, а во другиот сличај би била во ниска состојба.

На сликата имаме пример како би изгледал флуксот (црвена) во магнетното


поле на трифазен асинхрон мотор кој е придвижуван од (PWM).
Меѓуфазниот напон (плава) е модулиран како серија на импулси што резултира
со суносоидна бранова форма на густината на флуксот.
Мазноста на резултантната бранова форма може да се контролира со ширината
и бројот на модулирани импулси за време на една периода.

1
Системи со променлив вртежен момент

Со развојот на технологијата и со воведувањето на IGBT транзистори или


биполарни транзистори со изолиран гејт имаме можност за произвотство на
уреди со регулација на напонот кои се употребуваат во системи со променлив
вртежен момент каде карактеристиките на моторот бараат амплитудата на
напонот да се зголемува линерано со фреквенцијата со цел да се постигни
потребниот вртежен момент.
Како пример да земеме мотор со номинален напон од 380V и номинална
фреквенција од 50Hz, во тој случај соодносот V/Hz би бил 380/50=7,6 V/Hz.

Кога се користи уред за промена на брзината со V/Hz контрола во системи со


променлив вртежен момент соодносот V/Hz може да се одржува константен
додека моќноста варира помеѓу минималната и максималната работна
фреквеција се до номиналната фреквенција на моторот.
При работна фреквенција поголема од номиналната, напонот и моќноста се
константни додека соодносот V/Hz опаѓа заедно со вртежниот момент.

You might also like