You are on page 1of 5

Програмирање на работа на лифт со програмабилен логички управувач

Стефан Тошиќ

206032, Група 1

Апстракт

Во минатото луѓето биле главниот метод за контрола и управување на еден систем. Од тогаш, со текот на
времето контролното и управувачкото инженерство еволуирало, па електриката почнала да се употребува за
контрола и управување, а едни од најстарите електрични управачи биле базирани на релеја. Овие релеја
дозволувале електричната енергија да биде вклучувана и исклучувана без употреба на механички
преклопник. Во последните години се појавиле и специјализирани контролни компјутери, наречени
програмабилни управувачи, кои еволуирале и го револуционирале контролното инженерство преку
комбинирање на моќта на компјутерите и потребата од флексибилност, по разумна цена. Програмабилен
логички управувач (PLC) е дигитален компјутер кој се користи во автоматизацијата на индустриските
процеси, како контрола при производството на фабричките погони и ленти. За разлика од другите
компјутеризирани управувачи, PLC управувачите се дизајнирани за поголем број на влезно/излезни уреди,
работаат на поширок опсег на работни температури, имуни се на електрични шумови(пречки) и отпорни на
различни удари и вибрации.

I. Вовед

Лифт или елеватор, е уред за вертикален транспорт кој често се употребува во денешно
време. Ние го користиме речиси секој ден за да пренесеме предмети или луѓе вертикално
во високите градби како што се трговските центри, канцеларии, хотели и многу други
градби. Тоа е значително корисен уред кој ги пренесува луѓето до посакуваниот кат за
најкратко време. Архитектурата на градбите од XX и XXI век не би постоеле доколку не
беа дизајнирани лифтовите. Тоа значи сите градби кои што се високи со над десет ката
нема да постоеја бидејќи не би било ефективно да се градат.

Главни делови на лифтот се:

 Кабина која се придвижува нагоре и надолу


 Електричен мотор кој ја движи кабината нагоре
или надолу
 Жила која служи како макара
 Шина која прави кабината да се движи само
нагоре и надолу
 Посебен електронски систем кој ја координира
работата на лифтот со таканаречен ,,алгоритам
за лифт’’ .

Слика 1. Лифт
II. Практична реализација

Лифтот што е констуриран работи со помош на електричен мотор од 12V кој ја


придвижува кабината со помош на жилка која во овој случај ни служи како
макара.Механичката конструкција се состои од кутија направена од лесонит каде што се
сместени кабината на лифтот, шините, push button тастерите за спратови, LED диодите за
индикација на положба на лифт и моторот со жилката со која се придвижува самата
кабина. За индикација за положба на кабината се користат магнетни релеи поставени на
секој спрат. За промена на ротација на моторот искористено е магнетно реле кое ја менува
поларизацијата на моторот.

III. Принцип на работа на PLC

Најголемата разлика на PLC управувачите од обичните микроуправувачи и компјутери е


што PLC-то е направено за работа при полоши услови како прашина,влага,високи и ниски
температури. Тие исто така имаат многу поголем број на порти за приклучување на
влезно/излезни уреди. Преку овие уреди PLC-то се приклучува со сензорите и извршните
елементи(актуатори). Преку сензорите PLC-то управува со аналогни величини(како
притисок и температура) и врши позиционирање на комплексни позициони системи.
Преку извршните системи PLC-то управува со електрични мотори, пневматски и
хидраулични цилиндри, релеа или соленоиди или пак некои други аналогни уреди. PLC-
ата се измислени да заменат системи од стотици и илјадници релеа и досега одлично ја
вршат работата ослободувајќи се од сите непотребни жици и слично. Со текот на времето
се зголемуваа и неговите функции така што денес тој врши контрола на релата, на
движењата, на процесите, на дистрибуцијата и мрежата во системот.
Слика 2. Архитектура на PLC

Работата на програмабилниот управувач е релативно едноставна. Влезно/излезниот систем


е физички поврзан до уредите кои се поврзани со машината која е употребена во
управувачкиот процес. Овие уреди може да бидат дискретни или аналогни влезно/излезни
уреди, како што се гранични прекинувачи, трансдусери за притисок, стартери за мотори,
соленоиди итн. Влезно/излезниот интерфејс служи за поврзување на CPU-то со
носителите на информацијата (влезовите) и управувачките уреди (излезите).
IV. Имплементација
Работата на лифотот генерално се базира на автоматско управување. Автоматското
управување се остварува со помош на управувач, кој најчесто е соодветен микроконтролер
или микроуправувач со посебна функција. Во овој проект за управување на лифтот е
искористено Програмабилен логички управувач од типот JZ20-R16. Овој управувач е
дизајниран од компанијата Unitronics и е наменет за употреба во индустријата поточно во
фабриките каде има потреба од автоматско управување на некои производствени процеси.
V. Влезни и излезни уреди
За влезни уреди се искористени 3 тастери и 3 сензори(магнетни релеи), додека пак за
излезни се искористени електро-мотор со регулатор, магнетно реле и 3 LED диоди.
Слика 3. Влезови

Слика 4. Излези

VI. Менување на ротација на моторот


За да кабината иде и нагоре и надолу, моторот треба да се врти и во двата правца. Тој
проблем го решаваме со магнетно реле кое ќе ја менува поларизацијата на моторот со
нормално отворен и нормално затворен контакт. А бидејќи моторот работи на 12V
искористен е и регулатор кој на влезовите на моторот дава само 3V затоа што со 12V
кабината се движи премногу брзо.
Слика 5. Шематски приказ за менување на ротација на моторот

VII. Заклучок

Во оваа проектна задача се разгледува конструкција и управување на лифт и е направена


практична реализација на Програмабилен логички управувач (анг. PLC) во самото
управување. Управувањето се изведува со DC мотор од 12v во функција за придвижување
на кабината од лифтот. Со притискање на копче кабината треба да се придвижи до
саканата позиција. Позицијата се одредува со магнетни сензори кои се поставени секој
посебно на зададената позиција. За управување на моторот како и другите елементи се
користи Програмабилен логички управувач (анг. PLC) кој претходно се програмира во
посебен софтвер со посебна програма пред пуштање во режим на работа.

Литература:

Институт за Автоматика и системско инженерство, “Упатство за работа со


програмабилниот логички управувач”, Скопје, Јануари 2010.

You might also like