You are on page 1of 2

ПРОЕКТНА ЗАДАЧА

За изработка на ПРОЕКТ за замена на стара опрема за управување на


мотори со нова опрема
1.ВОВЕД
Во погонот за топло преобликување на профили постоечкиот транспортер со ДЦ мотори
создава големи проблеми при работење на постројката. Старата опрема користи
електронски картици и тиристори за контрола на моторите. Транспортерот е поделен во
три групи. Првата група се состои од 30 мотора пред печката, во печката 11 мотора и
трета група од 7 мотора во зоната за одржување. Сите мотори вртат заедно во
синхронизација, но и секоја група има можност за корекција на брзината.

2. ПРОЕКТНА ЗАДАЧА
2.1 Предмет и цел на проектната задача
Оваа проектна задача е со цел дефинирање на потребите за замена на старата опрема со
нова. Замената ќе оди плански и изведбата ќе се врши без прекин на производниот
процес. Старата опрема ќе остане да функционира до последниот ден, се додека
крајниот чекор не биде вадење на старите мотор – редуктори и замена со нови.
Изведбата на новата опрема ќе се врши паралелно додека старата работи. Неопходно е
целиот зафат да се изведе на овој начин се со цел да се избегне прекин на
производството и загубите да се сведат на минимум.

2.2 Подлоги и основа за изготвување на идејно решение


Како основа за изведба на ова идејно решение ја земаме старата изведба. Начинот на
функционирање не се менува, само опремата.

2.3 Специфични барања на инвеститорот


Планот за идејното решение опфаќа монтирање на нови ормарици со фреквентни
регулатори, нова трофазна инсталација помеѓу моторите и ормариците и нови мотор –
редуктори. Регулацијата на брзината на групите ќе се одвива преку ПЛЦ и дисплеј.
Дисплејот ќе биде поставен на пултот пред ракувачот.
1. Адаптација на опремата за синхронизација на брзина
- Новата опрема треба да има дисплеј од 12” на која ќе бидат прикажани брзините на
моторите по група и по можност на секој мотор одделно. На дисплејот ќе се прикажани и
сите можни грешки и проблеми во системот. На дисплејот ќе има и опција преку која ќе
се задава брзината на групите.
2. Конфигурација на опремата за движење на моторите
Фреквентните регулатори ќе бидат сместени во ормарици кои ќе нудат заштита од влага
и прашина и ќе немаат циркулација на надворешниот воздух во внатрешноста.
Ладењето на ормарите ќе биде изведено со АЦ систем за разладување. Фреквентните
регулатори ќе бидат со различни моќности и тоа:
41 од типот YASKAWA GA500 GA50U4009ABA 8.9 A ND 7.3 A HD
7 од типот YASKAWA GA500 GA50U4018ABA 17.5A ND 14.8A HD
Фреквентните регулатори треба да бидат со Open Loop и со векторско управување т.е.
без енкодери.
3. Инсталација
За напојување на ормариците ќе се искористи истото што го користи и старата опрема.
Каблите што треба да ги поврзат моторите и фреквентните регулатори ќе бидат:
PPOO 4x2.5 мм2 до 41 мотор
PPOO 4x4 мм2 до 7 мотори
Должината на транспортерот е околу 115 метри.

4. Мотор – редуктори
Мотор – редукторите ќе бидат набавени од страна на инвеститорот.

5. Останато
Системот треба да има рачен и автоматски режим на работа. Треба да постои и режим на
ладење во кој вртат две групи одреден временски период.

6. Напомена
Изведувачот може да понуди и опрема адекватна на посочените модели. Секоја
понудена заменска опрема треба да ги има истите карактеристики и соодветен
гаранциски период од минимум 1 година.

Изготвил:
Ел.инж. Драган Ацковски
_____________

You might also like