You are on page 1of 6

1.

АВТОМАТСКА РАБОТА
1. Опрема во хидрауличниот систем

На сликата е прикажана шемата на циркулација на хидрауличното масло во системот


100 и истата се однесува само за една машина. Овој систем ќе биде пренаменет да се
користи единствено за избивање на трнот.

Хидраулична шема на систем 100


2. Управување на пумпната станица систем 100 бари
2.1 Локално управување
2.2 Автоматско управување

2.1 Локално управување

Изборот на режим на работа на пумпите (за двете машини) ќе се командува со помош


на гребенасти преклопи (локално/автоматски). Гребенастите преклопки ќе бидат
сместени во просторот во ПУ-2. Локалното управување со сите вентили ќе се прави
преку HMI- touch monitor поставен во операторската просторија во ПУ-2. Со избор на
опција локално/автоматски се избира режимот на работа. При избрана опција локално
управување операторот ќе може поединечно да ги активира и деактивира
електромагнетите од распоредните вентили преку соодветни полиња во HMI
мониторот, да вклучува и исклучува електромотори од пумпи

HMI-touch screen:

HMI-екранот ќе ги содржи следниве екрани: почетен екран за најава на корисник,


избор на управување и мониторинг на систем 100 или систем 200, хидраулична шема
на системот со состојбата на вентилите (активиран/деактивиран електромагнет од
распоредници), ниво на хидраулично масло во резервоарот, ниво на хидраулично
масло во акумулаторите (ниво 1, ниво 2, ниво 3 или ниво 4), притисок во
акумулаторите, избор на работна акумулаторска станица за систем 100 и избор на
работни пумпи за систем 200.

2.2 Автоматско управување

Системот за автоматско управување преку SCADA-та ќе управува со


електромагнетните распоредници. Операторот во ПУ-2 за секоја машина може да
одбере работна и резервна акумулаторска станица.
На сликата е прикажана шемата на циркулација на хидрауличното масло во системот
200 и истата се однесува само за една машина. Овој систем се користи за манипулација
со вртливото постоље.

Хидраулична шема на систем 200


3. Управување на систем 200
3.1 Локално управување
3.2 Автоматско управување

3.1 Локално управување

Изборот на режим на работа на пумпите (за двете машини) ќе се командува со помош


на гребенасти преклопи (локално/автоматски). Гребенастите преклопки ќе бидат
сместени во просторот во ПУ-2. Локалното управување со сите вентили ќе се прави
преку HMI- touch monitor поставен во операторската просторија во ПУ-2. Со избор на
опција локално/автоматски се избира режимот на работа. При избрана опција локално
управување операторот ќе може поединечно да ги активира и деактивира
електромагнетите од распоредните вентили преку соодветни полиња во HMI
мониторот, да вклучува и исклучува електромотори од пумпи.

3.2 Автоматско управување

При избран режим за автоматско управување операторот во ПУ-2 преку HMI-


мониторот одбира две работни и една резервна пумпа (за секоја машина). Изборот на
работните пумпи ќе значи и избор на растеретувачки распоредници од вентилот за
ограничување на притисок кои треба да се затворат (активирање на соленоидот) при
сигнал за вклучување на пумпите и избор на соодветните електро-манометри кои
даават сигнал до PLC-то дали е постигнат работниот притисок.

Дигањето и спуштањето на вртливото постоље се прави со притискање на тастер од


страна на одговорниот ливец на кота 10 и притоа:

- Се вклучуваат електромоторите од избраните пумпи и се активира соленоидот


од растеретувачките распоредници од вентилите за ограничување на притисокот
(положба затворен)
- Доколку на показните електро-манометри на соодветните пумпи не се постигне
соодветниот притисок од 200 бари, електромоторот на пумпата која не го
постигнала притисокот запира со работа, а се вклучува резервната пумпа (се
активира и растеретувачкиот распоредник)
- При притиснат тастер за дигање на вртливото постоље од страна на ливецот се
активира соленоидот “а” од електро-хидрауличниот распоредник и соленоидот
“а” од логичкиот вентил
- Доколку плунжерниот цилиндар од вртливото постоље почне неконтролирано
да се крева потребно се активира крајниот прекинувач кој ја прекинува работата
на електромоторите и не дозволува нивно повторно вклучување
- При притиснат тастер за спуштање на вртливото постоље од страна на ливецот
се активира соленоидот “b” од електро-хидрауличниот распореденик и
соленоидот “а” од логичкиот вентил

Преку HMI-екранот операторот во ПУ-2 може да врше мониторинг на сите операции


преку хидрауличната шема
Вентили во системот за управување
Назив Функција Количина
AGAM-20/10/350/Е/PED/ Вентил за ограничување на 3
200-E/24DC /NBR притисокот на пумпите со
пилот распоредник
ADR – 32 / 4 Неповратен еднонасочен 3
вентил
AQFR-32-NBR Регулатор на проток со 2
неповратен вентил
DPHE-4-71-1/667 24DC – Главен распоредник со 1
NBR предуправување
хидраулично активиран
LIDASH-25 33 3 – I 24 DC Логички вентил 1
– NBR електромагнетно управуван

You might also like