You are on page 1of 4

Електронски склопови и уреди - изборен, Ана Петрова

Наслов: Комутациони елементи

1. Комутационите системи овозможуваат воспоставување на врска помеѓу


учесниците кои вршат пренос на пораки во телефонијата. Со завршување на
преносот се прекинуваат врските. Процесот на воспоставување, одржување и
прекинување на врските се вика комутационен процес или комутација.

2. Комутационите врски можат да бидат мануелни или автоматски


a. При мануелно комутирање учествуваат корисник, манипулант и уред за
мануелно посредување. Манипулантот врши функции на бирање,
испитување, воспоставување и раскинување на врските, служејќи се со
комутационото поле и преспојници.
b. При автоматско комутирање учествуваат корисник и уред за автоматско
посредување. Корисникот бира и распознава сигнали, додека
испитувањето, давање сигнали, воспоставување и раскинување на врските
го врши уредот за автоматско посредување, служејќи се со комутациони
елементи.
c. Комутационите елементи се основни органи на комутационите системи. По
барање на корисникот, треба да испитаат или зафатат одреден споен пат
во доволно кусо време. (Големи промени со развој на технологијата, пр.
Мануелна телефонска централа, наспроти автоматска денес)

3. Најважен составен елемент на телефонска централа се бирачите на канали. Тие


служат за воспоставување на врска помеѓу водовите на централата. Можат да
бидат електромеханички и електронски.

Прашања за повторување: 
1. Што претставува комутационен процес?
2. Какви можат да бидат комутационите врски?
3. Кој ги врши главните функции при мануелно комутирање?
4. Кој ги врши главните функции при автоматско комутирање?
5. Што претстабуваат комутационите елементи?
6. Што се бирачите на канали и какви можат да бидат?

Наслов: Електромеханички комутациони елементи

1. Основни комутациони елементи во мануелните телефонски централи се


електромеханичките комутациони елементи. Со нив се воспоставуваат врските
помеѓу корисниците во телефонските централи.

2. Електромеханички бирач, чекор по чекор - овозможува преспојување на влезот со


еден од излезите. Под дејство на импулсите  на бирање, бирачите се движат чекор
по чекор, барајќи слободен излез. Има два типа на бирачи: бирач со едно кружно
движење и бирач со две движења- едно вертикално праволиниско и едно
хоризонтално кружно движење.
a. Кружните бирачи се состојат од контактно поле во кружен облик, подвижен
дел со рачки ( ист број колку што има редови во контактното поле) и
механизам за придвижување (електромагнет за придвижување на котвата).
b. Бирачите со две движења се со индуктивен погон, рачките се движат под
дејство на импулсите на бирање по вертикала, додека хоризонтално може
автоматски или под дејство на импулсите на бирање.

3. Едни од најчестите делови во автоматските телефонски централи се релеите. Тие


служат за примање и претворање на струјните импулси, за вклучување и
исклучување, за испитување и контрола. Тие се електромагнети составени од
јадро, намотка, котва и контролен сигнал.

Прашања за повторување:
1. Што претставуваат комутационите елементи?
2. Какви типови на бирачи-чекор по чекор постојат?
3. Од кои делови се состојат кружните бирачи?
4. Под кое дејство се придвижуваат рачките кај бирачите со две движења?
5. Што претставуваат и за што служат релеите?

Наслов: Електронски комутациони елементи

1. Основни елементи на автоматските комутациони врски се рид релеите. Тие имаат


механички, херметички затворени контакти и брз систем за управување. Се
одликуваат со:
1. Голема работна брзина (под 2ms)
2. Неосетливост на надворешни влијанија
3. Мал контактен отпор
4. Занемарлив шум при комутација
5. Долг век на траење

2. Релејот може да има 3 или 5 контакти (двопол или четворопол) и заедно со


останатите елементи, диоди и отпорници, создаваат заеднички комутациони точки
на главниот мултиплексер.

3. Стандардна матрица се групира во групи од повеќе матрици и се добива


комутациона матрица. За нив важат три принципи:
a. Принцип на модуларна градба, сите приклучоци се поделени на основни
линиски модули
b. Употреба на бинарно организирани комутациони матрици- за да се постигне
оптимално приспособување на централниот процесор
c. Принцип на групирање и меѓусебно поврзување на комутационите матрици
- да е на начин одреден од двете крајни точки преку поголем број на
степени.

4. Во еден регулационен круг, на влез има референтен сигнал x0 и влезен сигнал x(t),
кои по компараторот го даваат сигналот e(t)= x0-x(t). Потоа во склопот за
динамичко дејство на регулаторот  генерира соодветна големина U(t) ( по одреден
закон: пропорционален, интегрален, диференцијален…). Сигналот продолжува во
засилувачот, за да се добие сигналот y(t), кој пак го побудува извршниот орган.

5. Електронскиот регулатор може да работи и со принцип на повратна врска. Може


да има еден или повеќе засилувачи, како и пасивни склопови во повратната врска.
Се карактеризира со: големо засилување, голема влезна импеданса, мала излезна
импеданса, мала временска константа, линеарна карактеристика во пропустниот
опсег и мала осетливост на температурни промени.

6. Во зависност од примената регулаторите можат да бидат:


a. Со посебна намена (регулатор на температура, притисок..)
b. Универзална намена (за регулација на големини од различна физичка
природа.)

7. Според нивното напојување можат да бидат:


a. Со директно дејство (управувањето го вршат со енергијата која ја добиваат
од регуларната големина и немаат потреба од дополнително напојување)
b. Со индиректно дејство (освен влезната големина користат и дополнително
напојување). Тие пак се електрични, пневматски, хидраулични и
комбинирани.

8. Во зависност од излезниот сигнал, можат да бидат:


a. Со континуирано дејство (пропорционални, интегрални, диференцијални,
пропорционално-интегрални, пропорционално-интегрално-диференцијални)
b. Со дискретно дејство (релеи, импулсни, дигитални регулатори)

9. Во зависност од конструкцијата се делат на:


a. Регулатори од инструментален тип
b. Регулатори од модуларен тип

10. Во зависност од режимот на работа се делат на:


a. Регулатори со константен утврден режим на работа
b. Регулатори со променлив режим на работа (оптимални, адаптивни
регилатори).

Прашања за повторување:
1. Кои се карактеристиките на релеите?
2. Како се создаваат комутационите точки?
3. Кои принципи важат за комутационата матрица?
4. Како се движи сигналот во еден регулационен круг?
5. Кои се карактеристиките на електронскиот регулатор?
6. Какви регулатори разликуваме во зависност од нивната примена?
7. Какви регулатори разликуваме во зависност од напојувањето?
8. Какви регулатори разликуваме во зависност од излезниот сигнал?
9. Какви регулатори разликуваме во зависност од конструкцијата?
10. Какви регулатори разликуваме во зависност од режимот на работа?

You might also like