You are on page 1of 6

1.Како Rosner ја дефинира Ергономијата?

научна дисциплина која ги проучува начините на


приспособување на условите и средствата за работа кон физиол. и психол. можности на
човекот, со цел осигурување на MAX продуктивност која може да се постигне без да се загрози
човек.здравје со најмала потрошувачка на енергија.
9.Развојни етапи на ерг.во послевоен.период? Класична (Корективна) Системска (Проектна)
2.Поделба на системите! Системите може да се класифицираат според:
1. Регулирањето, начинот на управување: с-м со отворен и с-м со затворен прстен
а) Системот со отворен прстен не бара континуирана регулација на процесот, регулацијата
се врши независно од излезот затоа што излезот нема повратно влијание на влезот и потполно
зависи само од надворешното влијание. Пр. системот за активирање на градското осветлување
по пат на фотоќелии, кои реагираат на природната осветленост.
б) Системот со затворен прстен, кој има континуирана автоматска регулација на
процесот. Кај овој систем преку т.н. повратна врска дел од излезот на системот се
враќа назад на влез така што излезот преку влезот повратно влијае на процесот науправување,
Пр. кај собниот термостат кој служи за регулација на собната
температура. Или на пр. Системот човек-машина
2. Со оглед на исходот од настаните - промените како резултат на влијанието на
надворешната средина или настаните - промените внатре во системот, системите се:
Детерминистички - некој настан мора да доведе само до 1 исход, пр. склопка
Пробаблистички - некој настан доведува до повеќе веројатни исходи, но не и до еден
неопходен, на пр. управувањето со автомобилот.
3.Според останатите критериуми на: конкретни и апстрактни, природни и вештачки,
биолошки и социјални, молекуларни и моларни...

3.Кодирање на информациите! Меѓу човекот и машината има контактната површина на која се


наоѓаат сигналните уреди кои ги пренесуваат кодираните пораки за работата на машината на
операторот, со кои уреди машината комуницира со операторот и командните уреди со кои
операторот ги пренесува информациите на машината односно комуницира со машината.
Информациите операторот може да ги прими на 2 начна: непосредно (директно) кога преку
своите сетила е во директен контакт со објектот за кој ги прима информациите и посредно
(индиректно, кодирано) преку елементите на системот кои емитираат кодирани пораки, односно
преку сигналните уреди кои се користат кога треба да се зголеми прецизноста на информациите.
Бидејќи системот за кодирање е произволен корисниците на тој систем мора да ги научат
правилата за кодирање, затоа што доколку кодот е добро обликуван овозможува брз и ефикасен
пренос на информации во системот човек-машина. Доколку кодот е лошо обликуван голема е
веројатноста за појава на несреќа при работа. Не смее да се препушти информациите при
процесот на перцепција да се кодираат само во нервниот систем туку треба по можност
претходно да се кодираат. Се користат само три сензорни канали: визуелниот, аудитивниот и
допирниот (сетилата вид,слух и допир). - Во визуелниот сензорен модалитет за кодирање
служат следните димензии на визуелни дразби односно методи за визуелно кодирање:
интензитет, боја, форма, големина, просторна конфигурација, фреквенција на појавување, а како
посебен облик на кодирање се користи кодирање со алфанумерички знаци.
-Во аудитивниот сензорен модалитет за кодирање служат следниве димензии на дразбите:
интензитет(гласност), фрекв.(висина), времетраење и ритам -Во допирниот за кодирање
служат следниве димензии на дразби: интензитет, времетраење, локација. -
Не постои општ одговор кој систем на кодирање е подобар од останатите, па дизајнерот на
системот човек-машина треба да го одбере оној кој најмногу одговара на ситуацијата. Пр. што
се разликуваат семафорите за трамвај од семафорите за останатите возила. Пр. во погони
ѕвонењето на телефонот се обележува со трепкачко или ротирачко светло. За задачите за
визуелно пребарување е најдобро кодирање со боја.
10. Преку кои две групи на уреди се остварува размената на информации помеѓу човекот
и машината? - Сигнални и командни уреди.
5. Сигнални и командни уреди! Размената на информации помеѓу човекот и машината се
воспоставува преку две групи на уреди: -- Сигнални уреди
(уреди за известување) – инструменти или уреди кои на операторот му ги пренесуваат
информаците за работата на машината или текот на одвивање на некој процес и со помош на
овие уреди машината комуницира со операторот. --- Командни уреди (уреди за
управување) - направи или уреди со кои операторот може да дејствува на работата на
машината или на постројката во која се одвива некој процес, така што им пренесува информации
со кои управува со нивниот режим на работа. Со помош на овие уреди операторот комуницира
со машината или постројката, при што со размената на информации се извршуваат работните
задачи кои се доделени на машината односно на човекот.
14. Во кои две групи се поделени сигналните уреди? -
1. Динамички: даваат информации кои се менуваат временски во текот на извршувањето на
дневната работа на операторот, и се јавуваат во два облика: - - Индикатори или
покажувачи: даваат информации за моменталната тековна состојба или за текот на промените
на некои променливи големини, на пример, мерач на брзината, мерач на притисикот
(манометар), сигнална ламба на бојлерот, скала за покажување на состојбата на горивото во
автомобилот, екран и др. -- Алармни уреди или сигнализатори: овие уреди
форсирано ја наменетнуваат информацијата за операторот, со цел предизвикување на
рефлексот за ориентација, односно спонтано привлекување на вниманието, и пренесуваат
информации кои бараат брза неодложна корективна акција од страна на операторот, заради
избегнување на некоја критична ситуација.
- 2. Статички: даваат информации кои не се менуваат временски во текот на извршувањето на
дневната работа на операторот и овде се вбројуваат знаци, упатства, шеми, графици и табели.
19. Кои ограничувања ги имаат ножните командни уреди?
1) Потребно е многу простор, поради ширината на нозете;
2) Операторот треба да биде во седечка положба, како би можел при
управувањето да одржува рамнотежа;
3) Можноста за избор на соодветен команден уред од неколку кои се на
располагање е неспоредливо помала во споредба со рачните командни уреди, што е
резултат и на нивната помала разновидност.

6. Која е мерна единица за светлосен флукс? лумен (lm).


4.Причини за директното блескање! директно: од примарни извори на светлина како што се:
сонце или светилка. Директното бласкање предизвикано од силен извор на светлина во видно
поле може да се тестира така што прво се гледа во изворот на светлина и потоа со рацете се
покриваат очите или изворот, или така што наизменично се пушта и исклучува светлосно тело и
доколку нема изразени субјективни разлики во ефектот на гледање односно ако нема
заслепеност тогаш нема ни значајно зрачење.
Доколку се утврди директно блескање, тоа се отстранува со : -
- Примена на соодветни ролетни кои оневозможуваат директно гледање во изворот --
Поставување на изворот на поголема висина за да се промени аголот помеѓу правецот на
гледање и линијата за поврзување на изворот на светлина, колку што е помал аголот блескањето
е поизразено.Тој агол треба да изнесува најмалку 30ᵒ(францус.стандард).
7. Од каде доаѓа рефлектирачкото или индиректното блескање? од секундарните извори на
светлина како што се: различни мазни и сјајни површини кои рефлектираат светлина од
примарните извори (на пр. хартија, плафон)
11. Што се користи за да се избегнат недостат.на директ.и индирек. осветлување? -
Полудиректни и полуиндиректни т.е. дифузни тела за осветлување -- -
Комбинирано осветлување, кое се состои од општо осветлување на просторијата со тела за
осветлување од индиректен, полуиндиректен, или дифузен вид и дополнително – локално
осветлување на работното место со тела за осветлување од директен вид.
8. Ниво на бучавата при кое слухот останува зачуван за 8h контин.експозиција според
OSHА? 90 dBA за 8h контин.експозиција секојдневно низ целиот работен век.
13. Кои се главни извори на бучава? Градба, постројка, опрема, инсталација, уред, средство
и апарат кој со работа/дејност или употреба предизвикува постојана или повремена бучава, бука
од луѓе и животни, вклучувајќи ги градежните активности.
18. Кои методи се користат за одредување на нивото на бучава?
1. Субјективна проценка; -
2. Мерење на интензитетот на вкупната бучава, без оглед на фреквентниот состав;
3. Спектрална (октавна )анализа на бучавата, која се спроведува по потреба.
23. Кои карактеристики на бучавата треба да се утврдат при проценката на нејзиното
штетно влијание врз здравјето на луѓето? - Интензитетот - Времетраењето
- Временската променливост на интензитетот на бучавата - Спектралниот состав
31. Во колку категории се поделени пореметувањата на организмот предизвикани од
бучавата кај работниците кои се долго изложени на бучава ? - -
Аудитивни: општа наглувост (или ограничена наглувост на одредено фреквентно подрачје) или
трајно оштетување: глувост. После една година изложеност на бучава, работникот субјективно
не чувствува оштетување на слухот и изјавува дека добро го слуша соговорникот. При
понатамошно изложување на бучавата губитокот на слухот ќе се појави на фрекв.под 3000Hz
(секундарна акустична траума) и дури тогаш работникот ќе се пожали дека веќе не слуша добро
Психолошки: одвраќање на вниманието од предметот на работата, чувството на пречки,
односно, неугодност, психичка напнатост или внатрешен немир, вознемиреност, невротични
симптоми, општа раздразливост, агресивност и склоност кон конфликти, нерасположеност,
чувство на премореност, главоболка, пореметување на сонот. Психолошките пореметувања
зависат од индивидуалната осетливост. На различни луѓе бучавата различно им делува (кај
повеќето доаѓа до привикнување на бучавата). -
Физиолошки: а)пореметувања на кардиоваск.систем: тахикардија, пораст на артерискиот крвен
притисок поради вазоконстрикција, и б) пореметување на гастроинтестин.систем : губење на
апетит, појачување на перисталтика и секреција.
12. Наброј ги патофиз.пореметувања предизвикани од неповолните толински услови!
Топлинска исцрпеност ширење на крвните садови и зголемената циркулација на крвта на
периферијата од организмот,централниот нервен систем останува недоволно снабден со крв.
Се појавува чувство на општа слабост, безволност, дифузен умор, главоболка и мачнина, нагон
за повраќање и несвестица. -
Топлински грчеви настануваат поради голем губење на течности и електролити
Топлински стрес настанува во моментот кога организмот почнува да акумулира топлина
односно се прегрева, а тоа е редовна појава при т на воздухот >35⁰C.
Топлински удар (сончаница) настанува како последица на целосен пад на терморегулацијата
како последица на затајување на терморегулацискиот центар -.
Ниските температури на воздухот не се поволни за работа во занимања кои бараат фини
движења на рацете и прстите и при кои телесната активност не е интензивна
22. Наброј ги техничко-технолошки мерки за модификација на неповолните топлински
услови! (a) автоматизација на технолошкиот процес, (б) херметизација: на изворите на топлина,
(в) модификација на кровот: со премачкување со рефлектирачка боја, ладење на кровот со
прскање со вода, (г) изолација од топлинското зрачење, односно одделување на изворите на
топлина по пат на рефлектирачки штитови или апсорпциони штитови (лим) (д) зголемување на
струењето на воздухот со локална вентилација и воздушен туш (ѓ) со намалување на влажноста
на воздухот со контрола и одржување на надворешни места и вентили во цевководите за водена
пареа со што се намалува навлегувањето на пареа во просторијата, (е) климатизација, греење
или ладење на просторијата.
24. Кои софтверски пакети и хардверски инсталации наменети за производство ги нуди
информатичката технологија и објасни го нивното значење? -
CAD „компјутерско потпомогнато дизајнирање“, служи за проектирање на производите,
заменувајќи ја класичната маса за цртање со екранот на компјутерот. -
CAM „компјутерско потпомогнато производство“, служи за проектирање на алати и производни
постапки, како и за управување и контрола на процесот на производство– -
NC „нумерички управувана машина“, служи за производство, кај која операторите само го
поставуваат материјалот и алатите, а машината автоматски ја извршува работата со издупчени
хартиени траки или картички кои го заменуваат операторот. -
DNC „директно нумерички управувана машина“, служи за производство како NC, но
управувањето со групата на машини се врши со директно внесување на програмските наредби
(значи без посредство на дупчени хартиени траки или картички) -
CNC „нумерички управувана машина со компјутер“, служи за производство како NC, но
управувањето со машината се врши со внесување на програмските наредби преку компјутерот
кој е вграден во машината, го врши локално самиот оператор на машината; -
FMS „флексибилен систем за производство“, служи за поврзување на повеќе CNC машини во
една целина со што се прави мрежа на производни машини и за нивно поврзување со
автоматизираниот транспорт и манипулација на сите делови кои го составуваат готовиот
производ, со обединување на производството, манипулацијата и транспортот се овозможува
флексибилно управување со целиот производствен процес со зголемување на продуктивноста.
CIM „компјутерски интегрирано производство“, служи за интеграција, организација и управување
со целото производство почнувајќи од набавката, преку планирање и проектирање производство
и контролирање на квалитетот се до дистрибуцијата и продажбата, кои се состојат од 3
пристапни интеграции: 1. „Од почеток до крај“ од почетната идеја, преку конечниот производ
па се до маркетингот и дистрибуцијата; 2. „Од внатре кон надвор“ со овој пристап се развиваат
комуникациските врски помеѓу производителите и добавувачите и купувачите 3. „Од врвот кон
дното“, со овој пристап се поврзуваат врвните, средните и оперативните раководители
меѓусебно и со останатите вработени.
25. Наброј ги функциите на системот човек-машина и објсни накратко за секоја од нив!
Прием на информации: брзо и точно примање на инф.од околината или од самиот систем. Кај
човекот приемот на инф. се сведува на перцепција на дразбите кои се поврзани со работата, а
кај машината прием на промените на командните уреди или на сензорите на машината.
Меморирање на информациите (кај човекот) т.е. складирање на информации (кај машината)
која е поврзана со сите други функции; информациите кои се чуваат обично се кодирани.
Обработка на податоци и донесување на одлуки / алгоритми: кои се однесуваат на
примените информации кои доаѓаат во интеракција со оние кои се веќе зачувани во системот,
што доведува до донесување на одлуки / алгоритми за тоа што треба да се направи, кој и како
ќе дејствува. Обработката на податоците се случува од моментот кога се примени
информациите до моментот кога се донесува одлука. најважна функција на човекот.
Дејствување односно активирање и извршување на некоја акција, кои се резултат на
донесените одлуки, а што резултира со промени на материјалот односно предметот на
обработка. Кај човекот реакцијата се состои во дејствување врз команд.уреди, а кај машината
во дејствување врз предметот на работа преку ефектори. најважна функција на машината
20. Наброј ги основните начини на кодирање на командните уреди!
1. Кодирање според локацијата - соодветно сместување на командн.уред на командната табла;
2. Кодирање преку бојата, различните командните уреди различно се обојуваат;
3. Кодирање преку означување (етикетирање), се врши на тој начин што на командниот уред
или покрај него се поставува плочка со натпис, на која е напишана со зборови или симболички
функцијата на командниот уред;
4. Кодирање преку површината, се врши на тој начин што различни командни уреди имаат
површина со различен облик, состав или температура на површината;
5. Кодирање преку големината, така што различни командни уреди се направени со различна
големина.
27. Кои две групи на фактори треба да се земат во предвид при дизајнирањето на
командните уреди и објасни накратко за нив! анатамоските и психолошките фактори. 1.
Анатомски во кои се вбројуваат:Морфолошките својства на човечкото тело (неговото
обликување) со кои се занимава биолошката антропометрија која се дели на: (а) статичка, која
ги изучува структурните димензии на телото во статичка положба и (б) динамички, која ги изучува
функционалните димензии на телото при движење.-Биомеханички особини на движењата кои ги
прави човекот со кои се занимава биомеханиката, што претставува синтеза на функционалната
анатомија, физиологија и механика, која ги проучува движењата на човекот и животните, како би
можела врз основа на нивната анализа да донесува одлуки за рационалноста и економичноста
на движењата на човекот, а со тоа се донесуваат и препораки за дизајнирање на машината во
согласност со човековите динамички особини. -2.
Психолошки кои се изразени преку следните проблеми: - -
Кодирање на командните уреди; - Компатибилност на командните уреди; -
Отпор на командните уреди; - Осетливост на командните уреди.
28. Кои се недостатоци на начинот на кодирање на команд.уреди според бојата?
Потребно е директно гледање, Не е погодно во лоши услови на осветленост,
Не е соодветно за оној дел од населението кое што има намалена осетливост на боја (6% од
вк.население) или потполна неспособност за распознавање на бои (0,003%).
29. Наброј ги потешкотиите и ограничувањата кои се јавуваат при мерењето и примената
на антропометриските димензии!
- Просечната вредност на антропометриските димензии не претставува доволен податок за
потребите на ергономското обликување, туку се потребни и показатели за варијабилноста на
овие мерки и опсегот во кој се движи оваа варијабилност.
-Не може да се задоволи целиот опсег на варијабилност: вообичаено е во праксата да се
поставуваат критериуми на акомодација: се прават напори за акомодација на 90% од
популацијата (поблаги и почести критериуми) или 98% од популацијата (строги критериуми), па
затоа е потребно од антропометриските табели да се извлечат димензиите кои се однесуваат
на 1,5,50,95 и 99 % (перцентил).
-Во антропометриските мерки постојат групни разлики кои се однесуваат на расата, полот,
националната и етничката припадност, па дури и од различната професија.
- Антропометриските димензии се менуваат во тек на времето и застаруваат било постепено
или нагло, на пример поради промена на исхраната, па SINGLETON (1974) препорачува дека
проверат и надополнат на секои 10 години.

17. Кои елементи ги определуваат микрокл.услови (климата) во работната просторија? -


температурата, влажноста на воздухот, струењето на воздухот и топлинското зрачење.
30. Зошто единствен терморегулаторен механизам кај човекот е потењето! Затоа што се
ослободува од вишокот акумулирана топлина. Зависи од:Тежината на работата, Температурата
на зрачење на топлинските извори, Температурата на воздухот и брзината на струење на
воздухот од кои зависи брзината на создавање на топлина во околината која ја создава
организмот со конвекција; Кондукцијата зависи од температурата на предметите (бидејќи
температурата на човечкото тело е константна) и од површината на непосредниот контакт
помеѓу човекот и предметот, a се јавува во случај кога Тна предметот е помала од Т на човекот.
32. Кои проблеми се јавуваат во поглед на употребата на компјутерите? - -
Страв од губење на работата, може да се спречи со: организирање обуки пред инсталирањето
на опремата и учество на вработените во планирањето на ИТ промени, в) обезбедување на
телефонски линии за информации и жалби на почетниците во користењето на компјутерите.
Страв од употреба на компјутери (компјутерофобија) се јавува посебно кај средовечни
вработени кои мислат дека се „престари“ или недоволно едуцирани за да се справат со
барањата на новата технологија. Страв кај менаџерите понекогаш се крие зад верувањето дека
пишувањето на тастатурата кај компјутерите преставува спуштање на ниско квалификувано
15. Кои демографски променливи се вбројуваат во групата фактори кои влијаат на
успешноста на набљудувањето?
21. Кои видови на оперативни слики постојат според Kragt и Landeweerd и објасни
накратко за нив? 2 се рационални и ?
26. Наброј ги трите вида индикатори според начинот на читање и објасни накратко за секој
од ниов!
1.Индикатори за квантитативно читање кај кои операторот ја чита конкретната нумеричка
вредност на некоја променлива големина на инструментите за квантитативно регистрирање.
2.Индикатори за квалитативно читање кај кои операторот ја чита приближната вредност,
апроксимативниот тренд или тенденцијата на промена на некоја промелива големина на
инструментите за квалитативно регистрирање.
3.Индикатори за читање на состојбата кај кои операторот ја верифицира состојбата на некоја
променлива големина, односно регистрира дали состојбата на машината е во подрачјето на
очекуваните „нормални“ вредности кај индикаторите на состојбата, кои најчесто се изведуваат
само со две состојби, како што е случајот со сигналната сијаличка за вклучено/исклучено.

You might also like