You are on page 1of 18

Факултет за природни и технички науки

Семинарска работа по предмет Теорија на процеси


Тема Теорија на процеси
Систем претставува нешто што е составено од повеќе елементи
(потсистеми) и кои претставуват една функционална целина. На
пример, постојат природни системи и вештачки системи, отворени
и затворени системи, едноставни и сложени системи итн…
Бизнисите претставуваат организациски системи. Овие системи се
комплексни системи поради тоа што во исто време тие
претставуваат:
- Вештачки систем бидејќи го создава претприемачот (човек).
- Сложен систем бидејќи во својот состав има овеќе
компоненти.
- Динамички систем бидејќи за функсионирањето на овој
систем е потребно управување што доведува до менување на
истиот со текот на времето.
- Стохастичен систем бидејќи не е прецизно позната наредната
состојба која настанува како резултат на одредена акција на
претприемачот или менаџментот.
- Отворен систем бидејќи врши размена на материја, енергија и
информации со околината и
- Нелинеарен систем бидејќи врската помеѓу влезот и излезот
во и од бизнисот (системот) претставува нелинеарна равенка.
Теорија на системи и теорија на контрола, кои понекогаш се
нејасно испреплетени, еволуирале во повеќе патеки (математика,
термодинамика, механика), така што нивниот процес на
појавување се појавува како синтеза на знаењето за филозофија,
изјавата на Хегел дека целата е составена од делови и нивни врски
стана основен постулат на системската теорија дека времето најде
примена во сите полиња кои се стекнаа со научна потврда.
Во раните 1960-ти, започна да се појавува нов пристап кон
управувањето со организациските системи, заснован на концептот
на системите. Суштината на овој концепт е изучување на
организации, како целина, кои се составени од елементи (делови)
со различни карактеристики, користејќи врски што можат да бидат
и / или логични. Посебен придонес беше даден во набудувањето
на организациите како отворени системи, кои имаат односи со
животната средина, што треба да се преземат во текот на нивното
истражување.
Инаку, општата теорија на системот ја проучува општата систем-
универзум, кој се карактеризира со голем број елементи
(потсистеми), со различни карактеристики, од кои некои имаат
заедничко само едно, што на дијалектички начин односите се
меѓусебно поврзани. Треба да се додаде дека многумина го
користеле малициозниот систем и системскиот пристап, обидувајќи
се преку нив да кажат дека го решиле проблемот соодветно или
дека треба соодветно да се реши. Ова во голема мерка ја намали
важноста на научното поле, како што е општата теорија на
системите.
Не, како и да е, општата теорија на системите, како и секоја точна
теорија со својствата на дедуктивноста, конзистентноста и
контрадикторноста, денес е почетна точка за проучување на
проблемот со управување со организационите системи.
Дедуктивноста значи дека сложените концепти и ставови се
засноваат на претходно докажани и прифатени ставови и концепти.
Доследност подразбира дека теоријата треба да биде поврзана.
Контрадикторноста значи дека одредени концепти и ставови не се
контрадикторни едни со други.
Во рамките на теоријата на системи постојат и се развиваат многу
правци на истражување и многу различни методи кои со помал или
поголем успех се применуваат во различни подрачја. Исто така,
постојат и донекаде различни сфаќања за целите и задачите на
теоријата на системи. Две најизразени дивергентни мислења се:
- Дека теоријата на системи треба првенствено да се сфати
како апстрактна теорија, како што е на пр.математиката, т.е.
како множество на научни постулати, методи и постапки за
решавање на научни и практични проблеми;
- Дека теоријата на системи првенствено треба да се сфати
како еден начин на разгледување и разбирање на природните
и апстрактни појави, т.е. како еден вид филозофија.
Првото наведено сфаќање е ориентирано првенствено на
решавањето на одредени проблеми, а второто е ориентирано на
толкувањето на одредени појави.
Без разлика како ќе се сфати теоријата на системи: како
множество на научни методи за решавање на конкретни проблеми
или акцентот да се стави на толкувањето на разни појави, таа пред
се е наука односно научна дисциплина која наоѓа примена во разни
струки, но не е некоја дефинирана струка.
Науката односно научната дисциплина треба да се сфати како
систематизирано знаење (научни информации) во одредено
подрачје, а научните методи како постапки со помош на кои тоа
знаење се создава, прибира, употребува и пренесува на други.
Дури во средината на дваесетиот век американскиот биолог
Ludwig von Bertalanffy и го свртува вниманието на науката кон ова
тврдење. Тој во 1937 год., на научниот семинар по филозофија, на
универзитетот во Чикаго, на еден научен собир прв пат јавно ја
изнел својата идеја за потребата и можностите за создавање на
една општа теорија која би го опфаќала проучувањето на
системските феномени односно сите карактеристични системски
својства и би важела за сите системи без разлика од каква природа
се тие. При тоа, под името систем го опфатил сето она што на некој
начин се подразбира под поимот функционална целина.
Според тоа, поимот систем представува исто што и функционална
целина.
Според изјавите на Bertalanffy неговите идеи наишле на многу
слаб одзив и на отпор кај останатите учесници на семинарот.
Коментарите на останатите учесници на семинарот во врска со
идејата на Bertalanffy биле толку негативни, така да целосно го
разочарале и обесхрабриле, поради што тој за одредено време
престанува со понатамошно развивање и пропагирање на таа
идеја.
Дури после Втората светска војна, во поинаква општествена и
научна клима тој повторно започнува со изложување на своите
системски идеи. Така, тој во 1949 год., во германскиот научен
часопис: Biologija Generalis, под наслов, За една општа системска
наука, повторно ги објавува своите идеи за создавање на една
општа системска наука која би се занимавала со проучување на
системските феномени и системските законитости.
Во исто време, тој повторно започнува со промовирање на своите
системски идеи по пат на предавања на разни научни собири. Во
тоа многу му помогнува околноста дека во приближно исто време
се појавила и кибернетиката која пропагирала слични идеи, и која
со својата појава побудила големо внимание кај научните кругови.
Сето тоа, довело да тој во релативно кратко време во научните
кругови стекне голем број на следбеници, со кои во 1954год., го
основа научното здружение Society for General System Theory (
Друштво за општа теорија на системи).
Како најпознати соосновачи на тоа Друштво за општа теорија на
системи биле познатите научници: Keneth Boulding (економист),
Anatole Rappapport (биоматематичар) и Richard Gerard (психолог).
Според тоа, можеме да сметаме дека основањето на тоа Друштво
за општа теорија на системи во Америка 1954год., е всушност
основање на теоријата на системи како научна дисциплина.
Според Bertalanffy замислената и основана теорија на системи се
нарекува Општа теорија на системи (General System Theory), но
некои ја нарекуваат и теорија на отворени системи , за разлика од
кибернетиката која ја нарекуваат и како теорија на затворени
системи.
Најголемата заслуга на Општата теорија на системи е во тоа што
укажала и докажала на објективно постоење на системски
законитости, што укажала на неопходноста од проучување на тие
законитости и што дала основен појмовен концепт и приод кон
решавање на системски проблеми и разјаснување на системските
појави.
Кибернетиката која настанала нешто пред општата теорија на
системи, и која тргнува од нешто поинакви поставки, но нејзините
методи и предмет на разгледување се слични.Претходно веќе
спомнавме дека всушност појавата на кибернетиката ја
предизвикала и појавата на општата теорија на системи и
останатите системски теории.
Основа на теоријата на системи
Основачот на теоријата на системи Bertalanffy на следниов начин
ги образлагал своите идеи за создавање на една општа теорија на
системи. Анализирајќи го развојот на науката низ развојот на
научните методи во минатото, дошол до заклучок дека развојот на
поединечни научни методи е условен од информациската основа и
состојбата на техниката односно технологијата. Според тие услови
сите научни методи можат да се поделат во три основни групи, и
тоа на:
- опсервациски методи,
- аналитички методи и
- системски методи.

 Опсервациски методи
Опсервациските методи т.е. методите на научното набљудување
според Bertalanffy морале најрано да настанат, и тие се на некој
начин извор на сите останати научни методи. Логично е тие да
бидат најстари бидејќи во почетоците на појава на науката, на
научникот истражувач во истражувањето на било каков феномен не
му било ништо друго на располагање освен доброто набљудување
и здравиот разум. Научникот во тоа време немал на располагање
многу научни информации, а и техничките средства со помош на
кои би можел појавата подобро да ја набљудува му биле многу
оскудни.
Според тоа, она што во почетокот на развојот на науката, научникот
можел да го прави било системско набљудување на појавите,
внимателно и системско запишување на настаните, и најпосле
логична и критична анализа на прибележените факти односно
регистрираните информации за набљудуваната појава. Новите
научни сознаниа т.е. новите научни информации, биле резултат на
таа работа, т.е. системско набљудување, запишување, логична
анализа и проверка на поставените хипотези за понатамошно
набљудување.
Според тоа, резултатите на опсервациските методи во најголема
мерка зависеле од способноста на истражувачот да го воочи
занимливиот феномен, правилно да дефинира што и кога ќе
набљудува, и како вооченото ќе го регистрира. Потоа, системски
стрпливо и внимателно ја посматра појавата и педантно ги
регистрира сите битни настани, и после тоа врз основа на логична
анализа на белешките постави паметна хипотеза, која со
понатамошни посматрања ќе ја провери.
Врз основа на претходното можеме да заклучиме дека методата
на опсервација како научна метода се состои од следните фази:
- воочување и избор на појава која ќе се набљудува,
- дефнирање на целта на набљудување и во врска со тоа
настаните кои треба да се регистрираат,
- набљудување и регистрирање на настаните,
- селекција и логична анализа на прибелешките,
- поставување на хипотеза за набљудуваниот феномен, т.е.
дефинирање на претпоставките за значењето на феноменот,
како систем, својства, законитости и т.н.
- проверка на хипотезата со понатамошно набљудување. Во
колку понатамошното набљудување не ја потврди хипотезата
треба да се постави нова хипотеза,
- дефинирање на резултатите на начин соодветен за одредена
научна дисциплина,
- објавување на резултатите.
Овој вид на методи Bertalanffy ги нарекол методи на дескрипција,
а ние ги нарекуваме методи на опсервација, и тие според него
долго време биле единствени во науката. Со развојот на науката
т.е. со ширењето на научните информатички основи или знаења и
техники, започнал да се развива друг вид на научни методи, т.н.
аналитички методи. Наспроти, постоењето на други научни методи
постојат научни подрачја во кои опсервациските методи и денес се
доминатни. Таква научна дисциплина е на пр. астрономијата.
Астрономијата е добар пример кој ја покажува успешноста на
опсервациските методи. Уште во дамнешни времиња, пред четири
илјади години, исклучително со набљудување се откриени некои
основни законитости за движењата на космичките тела. На пр.
движењата на сонцето и месечината, на база на кои пред многу
години однапред можело да се предвидува замрачувањето на
сонцето и месечината. Ако притоа се земе во предвид дека тоа го
откриле научници пред неколку илјади години, кои немале на
располагање ништо освен добри очи, некои високи градби и здрав
разум, се гледа како овие методи се успешни во одредени
подрачја.
 Аналитички методи
Развојот на науката и техниката довел до појава на нови научни
методи кои според нивните методолошки карактеристики ги
нарекуваме аналитички методи. Научните сознаниа условиле
развој на техниката односно посовршени средства со помош на кои
е создадена можност да на појавите се дејствува смислено.
Така развојот на техничките средства му овозможил на човекот
научник да од пасивен набљудувач се претвори во активен
експериментатор. Во истражувањата научникот повеќе не го
набљудува пасивно она што се случува туку смислено предизвикува
настани кој ги набљудува на претходно опишаниот начин.
За да би можеле да ги набљудуваме во целост само оние настани
кои сами сме ги предизвикале, мораме да ја спречиме појавата на
случајни настани кои можат да се јават под влијание на
неконтролирани надворешни фактори. Поради тоа, потребно е
предметот на набљудување на некој начин да се изолира од
влијаниата на тие неконтролирани надворешни фактори, а тоа
значи дека дејствувањето на предметот на проучување, т.е.
експериментирањето, мора да се врши во посебни услови.
Според тоа, основното начело на аналитичките методи е:
- да предметот на набљудување се стави во посебни услови;
- да на него смислено се дејствува со посебни средства;
- да се регистрираат реакциите на тоа дејствување; и
- да врз основа на анализата на регистрираното се постави
хипотеза(тврдење), која со понатамошните
експериментирања мора да се провери.
Бидејќи големите предмети и појави поради своите димензии
или природа неможат да се стават во посебни услови, тогаш од нив
се става само некој дел, за кој се претпоставува дека ги има сите
или барем најважните својства на целината. Тој дел ја заменува
целината и со него се експериментира, и него ќе го нарекуваме
репрезентативен дел или репрезент на целината која нас не
занима. Секако дека резултатот од истражувањата со помош на
аналитичките методи во голема мерка ќе зависи од добриот избор
на репрезентите.
Врз основа на претходното можеме да тврдиме дека резултатите
кај аналитичките методи во голема мерка зависат:
- од добриот избор на предметот или репрезентите на
предметот за експериментирање;
- од изборот на средствата и начинот на дејствување на
предметот на истражување;
- од прецизноста на набљудувањето и мерењето на реакцијата
од дејствувањето;
- од способноста на истражувачот да врз основа на анализата
на реакцијата изведе вистински заклучоци.
Со овој вид на научни методи, поединечни науки, а посебно
хемијата и физиката постигнуваат големи резултати. Тие успеси
постигнати на подрачјето на природните науки доведуваат до тоа
да аналитичките методи со извесни модификации се воведуваат и
во сите останати науки.
Големите успеси на аналитичките методи се темелат на фактот
дека сите природни феномени имаат т.н. системска структура. Тоа
значи дека секоја природна функционална целина т.е. природен
систем се состои од природни функционални средини од пониско
ниво односно според терминологијата на теоријата на системи,
секој систем се состои од подсистеми кои исто така се системи, но
системи од пониско ниво. Секој подсистем представува
функционална целина и има препознатлива функција во
повисокиот систем.
Пример Хемиско пенкало како систем
Хемиското пенкало е технички систем кој служи за пишување. Тоа
е функционална целина односно систем, и тоа се состои од:
1. мина во која се наоѓа некое хемиско средство-мастило;
2. челична пружинка;
3. долно куќиште;
4. горно куќиште;
5. механизам за поместување на мината.
Сите тие се функционални целини од пониско ниво или
подсистеми, и секој од нив има препознатлива функција во однос
на системот од повисоко ниво, т.е. хемиското пенкало. Секако, дека
секој од нив се состои од подсистеми од уште пониско ниво, на пр.
мината се состои од куглица, метална/пластична цевка и хемиска
течност(мастило). Во однос на почетниот систем мината е
подсистем од т.н. прв ранг, а нејзината куглица подсистем од втор
ранг, бидејќи и таа представува функционална целина, но од
понизок ред, и т.н.
Фактот дека се што постои во природата има системска структура
е причина за успешноста на аналитичките методи. Имајќи во
предвид дека аналитичките методи се темелат на делењето на
појавите на карактеристични делови и експериментирање со
делови, тоа значи дека до резултати најлесно ќе се дојде ако
појавата се подели така да нејзините делови представуваат
подсистеми на одредено ниво, бидејќи на тој начин нивната
функција и цел во појавата ќе биде најобјаснива. Според тоа, до
резултати најлесно ќе се дојде ако поделбата и
експериментирањето се вршат по системски нивоа.
Во врска со поделбата на појавите на подсистеми од различни
нивоа треба посебно да се нагласи дека таа мора да се врши многу
смислено и внимателно, бидејќи во случај на лоша поделба нема
да може да се дознае нешто ново. На пр. ако со поделбата одиме
предлабоко, т.е. ако кај поделбата прескокнеме неколку нивоа,
можеме целосно да ја изгубиме врската со основната појава.
На пр. кога човекот би го опишале како живо суштество кое има
коса, две очи, две уши, нос, уста, дваесет прсти и т.н., а би го
прескокнале описот на главата, рацете, нозете и т.н., не би добиле
вистинска слика за ликот, и за другите обележја на човекот.
Во почетокот аналитичките методи најмногу се употребувале во
природните науки за т.н. студија на својствата, т.е. детално
запознавање со составните елементи на појавите, а подоцна и за
студија на однесувањето т.е. односите кои условуваат промена на
однесувањето на поединечните елементи.
Карактеристичен пример за аналитичка метода е хемиската
анализа на некој предмет или материја. Со хемиската анализа
хемичарот дознава од што некоја материја се состои. Хемиската
анализа се врши на тој начин што дел од таа материја се однесе во
хемиска лабораторија каде се става во контролирани услови.
Потоа, на тој дел од материјата се дејствува со разни познати
средства и бележат реакциите на тоа дејствување.
Така на пр. испитуваниот материјал под влијание на познати
хемиски средства создава нови соединениа чии хемиски и физички
својства можат со помош на разни апарати да се измерат. Врз
основа на покажаните реакции и резултати од мерењата се
донесува заклучок за хемискиот состав и структурата на
материјалот. Потоа, врз основа на резултатите од испитувањата на
примерокот се донесува заклучок за составот и својствата на
целокупната појава.
Аналитичките методи денес се применуваат речиси во сите науки,
секако со одредени модификации. На пр. во економијата неможе
да се земе некое претпријатие или некој негов репрезентативен
дел и да се однесе во некоја лабораторија, поради тоа со цел за
анализирање на економските законитости се избира едно
претпријатие- примерок кој на некој начин е својствен за
множество претпријатиа. За време на набљудувањето на
претпријатието се настојува да се елиминира дејствувањето на
случајните фактори, па се евидентира само она што е последица на
предвидените влијанија.
 Системски методи
Bertalanffy меѓу првите укажал на тоа дека постојат феномени и
проблеми на кои ниту опсервациските ниту аналитичките методи
неможат успешно да се применат во научното истражување.Тој
забележал дека многу такви проблеми се среќаваат во подрачјето
на биологијата. Билозите според него треба првенствено да ги
занима феноменот живот, а за да би можел тој феномен во целост
да се истражи не се доволни ниту опсервациските ниту
аналитичките методи. На пр. ако некој биолог во проучувањето на
животот на некое суштество би се служел исклучително со
аналитичката метода, поготово ако тоа би го направил на
примитивен начин, слепо следејќи ја постапката опишана
претходно во врска со хемиската анализа, тој не би имал што да
проучува, бидејќи феноменот кој што би требало најмногу да го
занима, а тоа е животот, ќе го уништи. Животот е феномен поврзан
со целината на суштествата и неможе да се однесува само за некој
дел од суштеството туку се однесува на сите делови на суштеството.
Според тоа, ако би сакале да го проучуваме животот така што ќе
избереме и одвоиме еден дел од живото суштество како
репрезентативен примерок на тоа суштеството, и на него извршиме
експерименти, не би можеле многу да дознаеме врз основа на
резултатите од таквите експерименти за животот на тоа суштество.
Имајќи во предвид дека Bertalanffy бил биолог не е чудно дека
всушност тој дошол до таков заклучок и дека кон тој факт го свртел
вниманието на научната јавност.
Феномените на целината не се значајни само за биологијата туку
тие се присутни и во речиси сите останати науки, како што се на пр.
општествените науки, информатичките науки, техничките науки и
т.н. Тие се присутни и кај природните науки, наспроти тоа што кај
нив најмногу се користат аналитичките методи.
Проблемите со кои сегашните науки се бават уште сега се многу
сложени и ќе бидат уште посложени. Исто така, се повеќе се
јавуваат проблеми кои со примена една наука неможат да се
решат, туку за нивното решавање потребно е да се ангажираат
научници од различни научни дисциплини чии истражувања
меѓусебно се испреплетуваат, така да е неопходно да се пронаоѓаат
нови методи, со помош на кои и најсложените проблеми ќе можат
да се поедностават и да се направат достапни за организирано
истражување и решавање. Одговор на ова прашање треба да дадат
системските методи, а пронаоѓањето на тие методи треба да биде
една од главните задачи на теоријата на системи.
Тие методи мораат да се темелат на некои општи законитости т.е.
мораат да важат по можност за широка класа на проблеми, а не
само за некој специфичен случај.
Во врска со тоа се поставува прашањето кои се тоа општи
законитости, кои се јавуваат во сите функционални целини т.е.
системи ? Многу изразена заедничка особина на сите системи е
дека својствата на системот неможат да се идентифицираат како
обичен збир на својства на составните делови на системот.
Системот може да има такви својства кои ни еден негов составен
дел набљудуван посебно ги нема. Секако, може да постои и таков
систем чии својства можат да се поклопуваат со својствата на некој
негов составен дел, но тоа е специјален случај кој не може да биде
правило.
Според тоа, се поставува прашањето што е тоа што прави да од
различни составни делови се создаде целина, која по своите
својства се разликува од своите составни делови? Одговорот на
прашањето е дека тоа е начинот на поврзување на деловите во
системот односно структурата на системот. Според тоа, за да би
можеле да ги откриеме својствата и законитостите на системот
мораме најголемо внимание да посветиме на структурата на
системот т.е. на односите и врските внатре во системот и односите
и врските на системот со неговата околина.
Структурата на системот во многу случаи неможе непосредно да
се разгледува на системот оригинал, но таа може да се разгледува
на соодветен примерок или модел. Според тоа основата на
повеќето системски методи е создавање на модели за реалните
системи и проучување на законитостите со помош на
експериментирање со моделот.
Моделот во теоријата на системи со кој се експериментира не е
дел од некој реален систем како што е тоа материјалниот примерок
за експериментирање кај аналитичките методи, туку тоа е посебно
замислен или пронајден примерок, кој по нешто е сличен со
оригиналот и кој има погодни својства за замислено
експериментирање.
Моделот во теоријата на системи не е физички примерок на
системот оригинал, туку најчесто е замислен приказ на системот
чии елементи т.е. составни делови имаат замислени својства на
составните делови на системот оригинал и неговата активна
околина.
Експериментирањето се изведува така да се менуваат поедини
својства на активната околина односно околинката и елементите на
системот во склад со претпоставена законитост на однесувањето на
елементите, па со логичка и математичка анализа се доаѓа до
резултати. Според тоа, експериментирањето во теоријата на
системи најчесто се сведува на изработка на математички модел на
системот и пресметка на резултатите врз основа на зададени
почетни вредности
Многу ретко во теоријата на системи се служиме со физички
модел и тоа најчесто во оној случај во кој постојат два физички
система, кои се по нешто слични, и од кои својствата на едниот
многу добро му ги познаваме. Во тој случај познатиот систем може
да послужи како модел за вториот, недоволно познат систем.
Во врска со сите научни методи, па и системските треба посебно
да се напомене дека ниту една од нив НЕ Е универзална односно
таква за да успешно ги решава сите проблеми и биде соодветна за
истражување на било кој феномен. Секоја од нив има свое
подрачје на примена т.е. подрачје на кое таа е поуспешна од
останатите научни методи, поради тоа научникот и стручното лице
треба да знаат да применуваат разни методи во решавањето на
конкретен проблем.
Во принцип може да се каже дека се:
- опсервациските методи особено соодветни за почетни
истражувања во подрачја кои се целосно нови, т.е. во оние
кои досега не биле предмет на научно истражување;
- аналитичките методи имаат предност кај истражувањето на
феномени кои можат да се издвојат од нивната природна
околина и кај истражувања при кои се сака да се дознае што
се состои некој феномен;
- системските методи имаат предност кај истражувањата при
кои се сака да се дознае што условува одредено однесување
на системот, како системот функционира односно каква е
улогата на некој систем во околината.
На крајот од воведот ќе напоменеме дека во принцип теоријата
на системи сака да ги проучува сите законитости на кои се темелат
било општите, било посебните системски својства. Во тоа свое
настојување таа по својата цел до негде е слична со математиката.
Математиката е апстрактна наука која ги проучува законитостите
поврзани со поимот број и броење. Основа на математиката е
бројот кој означува карактеристика и посебност на единката,
математичките операции можат да се изведуваат само со
истовидни единки.
Теоријата на системи во еден свој дел исто така настојува да биде
апстрактна наука, која сака на сличен начин да ги дефинира
системските законитости, не тргнувајчи од единката и бројот, туку
тргнувајќи од сложената функционална целина т.е. системот како
основен поим.
Бројот претставува заедничка карактеристика за множество
истовидни појави, а системот заедничка карактеристика за
меѓусебно поврзани во целина разновидни и истовидни појави.
Математиката своите логички поставки и закони ги докажува со
логичка анализа, а теоријата на системи своите поставки и закони
ги докажува со логичка анализа, математика и експеримент.

You might also like