You are on page 1of 15

ИСПИТНИ ПРАШАЊА ПО ПРЕДМЕТОТ ФИЛОСОФИЈА

ПРЕДВИДЕНИ ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ДРЖАВНА МАТУРА

1. Што значи зборот „философија“? Од кои составки е изграден овој поим?


Поимот философија потекнува од старогрчките зборови филиа (љубов, посветеност,
пријателство) и софиа (мудрост, умност) и означува
љубов кон мудроста.

2. Што е предмет на философијата? Што открива таа?


-Предмет на филисофијата е постоењето, суштината на светот и неговите карактеристики.
Со неа се открива суштината, смислата на постоењето на светот и луѓето.

3. Кои се главните философски дисциплини и кој е предметот на нивното истражување?


-Главните филисофски дисциплини се: онтологија (наука за битието), гносеологија (наука
за
сознанието), логика (наука за логичките форми), антропологија (наука за човекот), етика
(наука за моралот и за вредноста на живеењето), естетика (наука за творештвото и за
убавите доживувања), аксиологија (наука за вредностите), историја на философијата
(развитокот на философските идеи).

4. Колку периоди има во развојот на античката философија?


-Има четири периоди: космолошки, антрополошки, хеленистички, систематски

5. Што значи поимот архе?


-Прапричина, основа, супстанција, извор на се што постои.

6. Кој антички философ е родоначелник на философијата?


-Талес од Милет.

7. Кои се трите определби на архе-то во Милетската школа?


-Водата (Талес) , апејронот (бесконечно, неопределено - Анаксимандар), и воздух
(Анаксимен).

8. Основите на Питагорејската онтологија.


-Суштина на сѐ што постои е бројот.
Главниот став на питагорејската философија гласи – Бројот е суштина на сите ствари и
универзумот е организиран така што претставува хармоничен систем од броеви и нивни
односи. Броевите се вечни, неменливи, трајни, неуништиви. Тие се основа на сѐ што
постои.

9. Што претставува убавото според Питагорејците?


-Убавината почива на совршен распоред на деловите; Космичка хармонија што
претставува музика на сферите.

10. Кој философ ја искажал мислата „Овој свет, ист за сите, не го создал ниту Бог ниту човек,
туку бил, Е и ќе биде, вечно жив оган кој со мера се пали и со мера се гасне“?
-Хераклит.

11. Како Хераклит го објаснува движењето во светот?


-Кружно: оган-воздух-вода-земја и обратно. Ова движење е детерминирано и вечно.

12. Што е логос во Хераклитовата философска размисла?


-Промената која се случува законите – сеопшт закон на постоењето (Panta rei – се тече се
се менува)

13. Какво е Елејското поимање на битието?


-Како еден Бог, кој е неподвижен, без зачеток и одмин; Тие го објаснуваат рационално, по
пат на дедуктивно заклучување.

14. Објаснете го Зеноновиот метод на докажување на вистината.


-Тој се користел со индиректен метод на докажување на вистината наречен апории
(reductio ad absurdum), каде работите се сведуваат на апсурдност (апсурдни се бидејќи работите
содржат противречности), со што се докажувала вистината. Бидејќи умот не трпи противречности,
тие се невистини, а штом се невистини, тогаш се вистини учењата на нивниот учител.

15. Како се нарекува учењето на Демокрит?


-Квантитативен атомизам.

16. Објаснете го Демокритовиот квантитативен атомизам.


-Се што постои е збир и комбинација на атомите. Тие се квантитативно определени (ред,
положба, облик) и квалитативно неопределени. Атом: а – не; томос - деливо

17. Каква е душата според Демокрит? Од какви атоми е составена таа?


-Таа е материјална и е составена од пофини, поподвижни атоми.

18. Кој е централниот поим во антрополошкиот период на античката философија.


-Антропос (човекот).

19. Каков е ставот на Протагора во однос на религијата?


-„Што се однесува до боговите, јас за нив ништо не можам да знам; ниту дека постојат,
ниту дека не постојат, бидејќи има многу нешта што го спрелуваат ова сознание – како нејасноста
на тие нешта, така и животот на луѓето, кој е краток да се занимаваат со такви нешта“. (Неговиот
став е критички)

20. Каков гносеолошки и аксиолошки критериум претпочита Протагора?


-Гносеологија – сензуализам; Аксиологија – субјективизам, релативизам
21. Кои се трите основни тези со кои Горгија го искажал својот нихилизам?
-1 - Ништо не постои; 2 - Ако нешто постои не може да се сознае; 3 - Дури и ако нешто
може да се сознае, не може да се искаже и на друг да се пренесе.

22. Кој е општиот лозунг на антиката и личната максима на Сократ?


-Спознај се себеси!

23. Кои се двата дела на Сократовиот философски дијалог како метод за познание на
вистината?
- Иронија, која е поставување прашања и доведување на собеседникот до свесност и
засраменост од своето незнаење иако првично мислел дека знае; Маевтика – процес на
породување на знаењата со низа прашања со кои се наведува соговорникот на заклучок, до
основна дефиниција за поимот на расправата.

24. Кои се основните поставки на Сократовата етика?


- Вистината е исто што и добрината; Никој не греши намерно, бидејќи лошото дело доаѓа
од незнаење за тоа што е добро, а што зло; Дајмонион (внатрешен божествен глас кој мисли и
дејствува согласно вистината, Убавината и Добрината)

25. Каков метод користел Платон во своите дела и од кого го преземал?


-Дијалектичкиот метод, кој го презел од Сократ.

26. Како се викала Платоновата философска школа?


-Академија.

27. Кои се двата света за кои зборува Платон?


-Сетилен и трансцедентен свет.

28. Што се идеите за Платон? Каков е светот на идеите?


- Според Платон, идеите се вистински поими и како она што е совршено. Тој воспоставува
хиерархија на идеите, каде на врвот се наоѓа идејата на доброто, и сите останати идеи се стремат
кон оваа на врвот.

29. Како е организирана Платоновата идеална држава? Колку сталежи има таа?
- Таа е организирана софократски, каде философот ќе владее со државата. Таа има три
сталежи: владетели (мудрост), војници (храброст) и производители (Нивна доблест е скромноста).

30. Која идеја се наоѓа на врвот на хиерархијата на идеите во Платоновата философија?


-Идејата на доброто.

31. Што претставува уметноста во Платоновиот философски систем?


-Според Платон, уметноста е имитација на природата, односно копија на копијата (таа е
третостепена).

32. Што пишувало над портите на Платоновата Академија?


-„Нека не влегува никој кој не знае геометрија.“

33. Што претставува силогизмот?


- Формално и посредно логичко заклучување, од 2 исказа кои нужно логички произлегува
заклучокот.

34. Каков е соодносот помеѓу материјата и формата во Аристотеловата философија?


- Материјата и формата се единство на се што постои. Материјата е хиле, граѓа од која се
изградени сите нешта. Таа е вечна и неуништива. Таа е пасивна и не може самата да се оформи.
Формата е активна и поседува енергија со која делува врз материјата. Со неа материјата станува
стварност.

35. Како Аристотел го објаснува движењето и која е неговата крајна цел?


- Го објаснува како вечно движење, за развиток, за усовршување на формите (се поголемо
проникнување на граѓата со форма) – а крајната цел е чистата форма, Бог.

36. Аристотеловата поделба на политичките уредувања?


-
Колкумина владеат Владеат Владеат

со добро со лошо

еден монархија тиранија

неколкумина аристократија олигархија

мнозина политеја охлократија

37. Што значи поимот zoon politikon?


-Општествено суштество.

38. Објаснете го Аристотеловото учење за средната мера.


- Тоа претставува Аристетоловата етика, во која тој вели дека секој човек е најважно да
живее надвор од екстремите, бидејќи со претерувањето се доведуваме во негативна состојба,
како и со недостигот. Затоа умереноста, за чија пројава е нужното разумско однесување,
овозможува да се достигне апсолутната цел на човековото живеење – среќата.
39. Кои се основните поставки на Хеленизмот?
- Синкретизам, еклетицизам, преземање од претходни учења.

40. Од кои стравови, според Епикур, треба да се ослободи човекот за да биде среќен?
- Стравот од боговите и стравот од смртта. („Кога ние сме тука ја нема смртта, кога е тука
смртта ние не сме тука“)

41. Во што се состои разликата меѓу Демокритовиот и Епикуровиот атомизам?


- Разликата со Демокритовото учење се согледува во тоа што Епикур покрај големината и
обликот на атомите им припишува и тежина. Епикур познава и атомска маса и атомски обем. Но, и
наспроти праволиниското и детерминирано движење кај Демокрит (детерминизам), Епикур
говори за деклинирање на атомите од своите патеки, засновано на индетерминистичко движење
во чија основа се наоѓа слободата која му била неопходна за создавање на етичкото учење
(индетерминизам).

42. Во што се состои разликата меѓу Елејската и Демокритовата онтологија?


- Елејското битие е едно и неподвижно; Демокритовото битие е претставено како мноштво
подвижни атоми.

43. Каков е Епикурејскиот хедонизам?


-„Задоволството е почеток и крај на блажениот живот“. Епикур не застапува вулгарен
хедонизам кој објавува моментни задоволства и реализација на блудства и страсти. Претпочита
духовни задоволства. Задоволството го согледува во отсуство на бол и страдање. Тоа е состојба на
невознемиреност на духот, кога телото е здраво , а душата спокојна – атараксија.

44. Изложете ја стоичката онтологија.


- Основата на се е материјална. Во Хераклитовски дух битието го прогласуваат за вечно жив
оган од кој се настанува. Логосни се неговите основи (детерминизам). Огнот е здив кој се
проникнува. Тоа е сила која ја нарекуваат божество, разум и судбина.

45. Во што се состои разликата меѓу стоичарите и епикурејците?

- Стоичарите создале цела низа етички определби кои човекот е должен да ги почитува за да
оствари среќен живот. Може да се констатира дека Епикурејската философија на духот
соодветствува на стоичката доктрина. Додека стоичарот прокламира „живот во согласност со
природата“, а тоа е оној што сократовски во интелектуална смисла им е посветен на доблестите,
Епикур, пак, Стоичката синтагма ја парафразира во „живот во согласност со задоволствата“. Сепак,
задоволството се јавува како цел само ако уживањето е резултат на философијата. И Сенека
стоичарот ја забележува блискоста, „Истиот оној закон кој ние го нарекуваме доблест, тие го
прогласуваат за задоволство“. Животот на стоичарите не се разликува од оној на епикурејците,
зашто она што стоичарите го нарекуваат закон , за епикурејците е задоволство.

Епикурејци – задоволство, каноника, физика, етика, битие (атоми), индетерминисти, атараксија


(душевно спокојство)

Стоичари – доблест, логика, физика, етика, битие (оган), детерминисти, апатија

46. Како според Плотин настанува светот и нештата во него?


- Еманација – излевање надвор од себе, од едното битие; хипостазии

47. Во што се состои екстазата според Плотин?


- Таа се состои од излез од себе. Тоа е максимална реализација на своето постоење, кога
со повлекување од телесното-сетилното го дофаќаме-гледаме Едното.

48. Кои се основните карактеристики на средновековната философија.


- Врската помеѓу религијата и философијата, догматизам; божествена философија (theia
philosophia) – се е парадокс; филокалија

49. Како се наречени првите философски толкувачи и бранители на Христијанството?


-Апологети.

50. Изложете го определението на Света Троица според Византиската философија?


- Идеја за Бог како личност, слободно Битие, Битие на љубовта, единство на Отецот и
Синот и Светиот Дух. Тоа не се три бога , но еден, бидејќи трите божествени Личности имаат една
суштина, еден живот и бесконечно божествени сили и енергии.

51. Што е исихазам и каде се јавува?


- Исихазам претставува духовно спокојство. Ова движење е развиено меѓу монасите на
Атос (Света Гора).

52. Што е сколастика?


-Сколастика претставува стремежот христијанската теолошката мисла да се изложи во
перспективата на Аристотеловата философија.

53. Што претставува проблемот на универзалиите?


- Проблемот се засновува на прашањето за постоењето на идеите, односно поимите.
Проблем актуализиран уште кај Платон и Аристотел. Се дистингвирале три струи – реалисти
(реално постијат), номиналисти (не постојат, тие се само имиња) и концептуалисти (идеите се
само општи поими).

54. Кои философи ги искажале мислите


- „Верувам за да разберам“ – Аврелиј Августин
- „Верувам затоа што е апсурдно“ - Тертулијан
- „Философијата е разбирање на Божјите и на човечките нешта, за човек да може да
му се доближи на Бога. Таа го учи човекот со делата да биде образ и подобие на
Оној што него го создал“. – Св. Кирил
-
55. Кој ренесансен философ е жив запален на Цветниот плоштад во Рим?
-Џордано Бруно.

56. Објаснете го учењето за човекот како Homo faber.


- Човекот е творец, работник homo faber, суштество кое работи. Тој не е центар на светот,
но има потенција за усовршување. Тој има можност да се саморазвива. Само човечкото творештво
може да му овозможи на човештвото подобра иднина. „Златната епоха“ не е во минатото, туку во
иднината. Човекот треба само да ја следи својата творечка смелост.

57. Кои се четирите видови природа според Јован Скот Ериугена?


- Постојат четири видови природа – несоздадена и творечка (Бог во чистиот вид),
создадена и творечка (човекот), Создадена и нетворечка (светот на телата) и несоздадена и
нетворечка (Бог како крајна цел).

58. Каква философија на политика објавува Макијавели?


- Политика на неисрамноста, „целта ги оправдува средствата“ – владетелот ги има сите
средства дури и неморалните.

59. Анализа на мислата „Целта ги оправдува средствата“.


-Секоја активност, без разлика дали би можела да се смета за етички или морално лоша,
вреди да се прави доколку посакуваниот исход или резултат може да се постигне.

60. Кој е основниот извор на познанието според емпиристите?


-Искуството.

61. Кој е основниот извор на познанието според рационалистите?


-Разумот.

62. Кој метод на научно познание го претпочитаат емпиристите , а кој метод рационалистите?
-Емпиристи – искуство Рационалисти – разум
Друг можен одговор ------- Емпиристи – индукција Рационалисти – дедукција
63. Како ги нарекол Бекон заблудите, лажните слики, погрешните претстави кои го
оневозможуваат познанието на вистината?
-Идоли.

64. Објаснете ги четирите видови идоли според Бекон.


- Идоли на племето . Овие заблуди се својствени за сите луѓе. Произлегуваат од самата
човекова природа, од брзоплетото заклучување, претераното обопштување,
некритичкото повикување на сетилата.

- Идоли на пештерата. Овие заблуди се индивидуални. Произлегуваат од воспитанието,


средината, образованието. „Секој човек светот го гледа од своја пештера“.

- Идоли на плоштадот (пазарот). Овие заблуди настануваат од двосмисленоста и


нејасноста на терминологијата и поимите.

- Идоли на театарот. Произлегуваат од традицијата, од почитувањето на авторитетите, од


некритичкиот однос кон философските учења.

65. Каков е ставот на Џон Лок за постоењето на вродените идеи и на кој начин ги докажува
своите позиции?
-„Вродени идеи – нема“. Во докажувањето на тезата се повикува на два примера. Идејата за
Бог и идејата за моралните начела.

Идејата за Бог кај различни народи е различна , а кај некои луѓе воопшто непостои. Тоа е
доказ дека идејата за Бог не е вродена, бидејќи во спротивно би постоела кај сите луѓе и би
била иста кај сите.

Моралните начела се, исто така, различни кај различни луѓе и народи, во различни средини
и епохи. Во животот неретко се прекршуваат. Тоа е доказ дека не се вродени. Штом овие
две најважни идеи не се вродени, а искуството покажува дека не се, следува дека вродени
идеи нема.

66. Анализа на мислата „Нема ништо во човековиот разум, што претходно не поминало низ
сетилата“.
-Пред нешто да стане составен дел од нашиот разум и пред да имаме ние некакво
поимање за постоењето на нештото, тоа мора да биде перцепирано и искусено од страна
на на сетилата на човекот.

67. Изложете ги философските ставови на Џорџ Беркли?


-Беркли поаѓа од Локовото учење за секундарните квалитети кои се
производ на човековото познание. Беркли прави чекор понатаму и вели – Сите
квалитети се субјективни.

Да се постои или да се биде, значи да се биде перцепиран, еsse percipi.


Ако постои само она што е сетилно доживеано, нужно произлегува дека реално
постои само субјектот кој перцепира. Поаѓајќи од ваквата премиса , Беркли е
определуван како субјективен идеалист, или философ кој запаѓа во
солипсизам, учење според кое постои само Јас-то кое перципира. Но, стварите постојат во
вечноста зашто се наоѓаат вечно во перцепцијата на Бог. Оттаму некои толкувачи на
Берклиевата философија, го определуваат Беркли како објективен идеалист.

68. Што претставува методолошкиот скептицизам на Дејвид Хјум?


-Дејвид Хјум застапува методолошки скептицизам според кој нема никаков доказ за
постоењето ниту на материјалната ниту на духовната супстанција. Материјалната
супстанција претставува апстрактен концепт којшто никој не го видел ниту пак може да го
види.

69. Кои се основните својства на духовната и материјалната супстанција според Рене Декарт?
- Материјалната супстанција главен атрибут е простирањето, а главен атрибут на духовната
супстанција е мислењето.

70. Што значи познатиот Декартов став Cogito ergo sum?


-Мислам значи постојам/Мислам значи сум.

71. Во кои две нешта не се сомнева Рене Декарт?


-Во математиката и мислењето.

72. Изложете го онтолошкиот доказ за Божјата егзистенција.


- Идејата за Бог е вродена, а Декарт нуди онтолошки доказ за Божјото постоење – Deus
cogitatur, ergo est ( Бог Е затоа што е мислен). Идејата за Бог е идеја за совршено битие,
семоќно , апсолутно, сезнаечко, совршено убаво, совршено љубовно и добро, вечно. Бог Е,
зашто ако идејата за Бог кој е совршен и постоечки за опонентите е невистинита и
производ
на мојот ум, тогаш јас можам да замислам битие кое ќе биде совршено и нужно постоечко.
А, тоа е Бог.

73. Како се нарекува учењето според кое Бог е во сѐ и сѐ е во Бога?


-Пантеизам.

74. Кои атрибути на супстанцијата , според Барух Спиноза, може да ги познае човекот?
-Материјалната и духовната – простирањето и мислењето.

75. Во што се состои разликата меѓу атрибутите и модусите кај Барух Спиноза?
- Супстанцијата има бесконечно многу атрибути, бидејќи ако има ограничен број на
атрибути тие би ја ограничувале божествената природа. А како може Бог да биде
ограничен? Како може бесконечното да се изрази со конечен број атрибути? Следствено,
Бог има бесконечно мноштво атрибути, а човекот може да познае само два –
простирањето и мислењето. Декартовите супстанции, материјалната и духовната , се само
два атрибута на Спинозината супстанција која има бесконечно множество атрибути.
76. Што претставува слободата според Спиноза?
- Спиноза е детерминист. Сè е нужно и законито, однапред одредено (предестинирано).
Не постои слобода сфатена како волја која има можност за избор. „Оние кои мислат дека
нешто прават, зборат или одлучуваат по своја слободна волја, тие само сонуваат со
отворени очи“, вели Спиноза. Слободата е сознаена нужност.

77. Што претставуваат монадите според Лајбниц?


- Монада, односно едното (монас), кое е неделливо и духовно, самото не е составено, но
од што се составени сите нешта. Монадите се бескрајно мали неделливи, самостојни
духовни единки. Се што се случува, се случува во самата монада. Монадите немаат
„прозорци ни врати низ кои нешто би влегло или излегло, не влијаат една на друга“ Има
безброј монади и сите меѓусебе се разликуваат. Монадите се микрокосмос, мал свет за
себе во кој се одразува макрокосмосот.

78. Кои монади се наоѓаат најдолу на монадолошката пирамида, а која монада е на врвот?
- Најнискиот слој го зафаќаат наједноставните монади. Во нив има најмногу страст,
стремеж. Тие тежнеат да стигнат до врвот, пред нив е најдолгиот пат. Како што
напредуваат монадите се зголемува знаењето, се намалува стремежот. На самиот врв се
наоѓа совршената монада, која кон ништо не тежнее, која го поседува совршеното знаење,
која е перцепција на себе самата , самосвест, т.е. аперцептивна монада, која е монада на
монадите или Бог.

79. Каков е овој свет според Лајбниц?


-„Овој свет е најдобар од сите можни светови.“

80. Зошто овој свет е најубав од сите можни светови според Лајбниц?
- Светот постои зашто морал да има доволна причина за да постои. Доволна причина за
постоењето на светот може да биде само Бог. Совршено битие кое е сезнаечко
(премудро), семоќно, и совршено добро. Бог како премудрост знаел како да го создаде
овој свет, Бог како семоќност можел да го создаде овој свет и како совршено добар, сакал
да го создаде овој свет. Следствено Бог знаел, можел и сакал да создаде совршен свет.

81. Во кој век се развива просветителството?


-18 век.
82. Направете споредба меѓу определенијата на човечката природа кај Русо и Хобс.
- Според Хобс, Homo homini lupus est – човек на човека му е волк (човекот е зол по
природа) А, според Русо, човекот е добар по природа.

83. Како настанала државата според Томас Хобс?


- Секој е во војна со сите. Токму затоа се јавува гласот на разумот кој бара излез од војната,
а тоа е државата. Луѓето молчешкум се договориле да создадат вештачко тело - државата.
Со не се преминува во граѓанска состојба. Луѓето се откажуваат од своите природни права
и ги пренесуваат на државата. За возврат државата гарантира мир и тоа мир по било која
цена.

84. Кои се најголемите зла на човештвото според Волтер?


-Гладот, чумата и војната. Најлоша е војната.

85. Кого критикува Волтер во делото „Кандит“ и со кои аргументи се спротивставува?


- Во делото „Кандит“, Волтер се подбива со идејата на Лајбниц дека „овој свет е најдобар
од сите можни светови“. Сите страдања во светот, војните, пљачкосувањата, насилствата,
земјотресите, сведочат дека овој свет не е исполнет со хармонија и благосостојба.

86. Како настанала нееднаквоста меѓу луѓето според Жан Жак Русо?
- Со појавувањето на приватната сопственост, а со неа и материјалната нееднаквост (богати
и сиромашни) и политичката нееднаквост (управувачи и управувани). Со тоа човекот
влегува во граѓанската состојба.

87. Кои философи ги искажале мислите


- „ Нема ништо во човековиот разум, што претходно не поминало низ сетилата“.
- „Знаењето е моќ“ – Френсис Бекон
- „Cogito ergo sum“ – Рене Декарт
- „Deus sive natura“ – Барух Спиноза
-
88. Какви критики напишал Кант? Во кои области од философијата?
- Гносеологија и логиката - „Критика на чистиот ум“ ; Етиката – „Критика на практичниот
ум“; Естетиката – „Критика на моќта на судењето“.

89. Што значат поимите априорно и апостериорно познание?


- Предискуствено познание – априорно; Апостериорно – познание стекнато со искуство.

90. Какви видови судови постојат спорес Кант?


- Аналитички судови. Тие се целосно априорни. Оттаму, се нужни, општи и
секогаш вистинити, но тие не го прошируваат нашето познание, човечкото знаење,
туку само го разјаснуваат она што веќе се знае.
-Синтетички судови. Тие се апостериорни, потекнуваат од искуството и се
целосно засновани на него. Затоа се и случајни, не можат да бидат нужни, но затоа
пак тие го прошируваат нашето занење.

91. Како ја нарекол Кант појавната страна на светот која човекот може да ја познае?
-„Ствар за нас“.

92. Како ја нарекол Кант трансцендентната страна на светот?


-„Ствар по себе“.
93. Зошто Кант е агностичар?
- Кант вели дека ја знаеме само стварта за нас, а не и по себе. Само она што е внатре
нашето сетилно и разумско искуство, само тоа може да се знае. Стварта по себе е вон
нашето искуство.

94. Што значи поимот антиномија и кои се Кантовите антиномии?


- Умот се заплеткува во противречности, наречени антиномии. За Кант тие се:

Бог постои; Бог не постои

- Душата е бесмртна; Душата е смртна

- Светот има почеток и крај во време и простор; Сцетот нема почеток и крај во време и
простор

- Се е детерминирано; Се е индетерминирано

95. Која е основната категорија на моралот според Имануел Кант?


-Добрата волја.

96. Како гласи Кантовиот категорички императив?


-„Постапувај секогаш така да максимата на твојата волја да важи исто за сите“

97. На кој философски правец припаѓа Георг Вилхелм Фридрих Хегел?


- Германскиот класичен идеализам, бил објективен идеалист.

98. Кој е автор на делото „Феноменологија на духот“?


-Хегел.

99. Кои се основните карактеристики на дијалектичкиот метод според Хегел?


- Дијалектички закони:

- Се е противречно (како израз на внатрешните спротивности)

- Квантитетот преминува во квалитет (Настанот во своето случување треба да созрее за


пеку негацијата да дојде до нова синтеза која е нов квалитет во однос на претходната
состојба)

- Негација на негацијата (синтезата е негација на негацијата, а тоа е афирмација“.

Теза, антитеза и синтеза


100. Кои се трите степени низ кои минува Апсолутната идеја во својот саморазвој
според Хегел?
- идеја по себе

- идеја надвор од себе

- идеја по и за себе

101. Изложете ја тријадата во Идејата по себе и за себе кај Хегел.


- Идеја по себе –Лoгика

Во почетокот Апсолутната идеја е чиста мисла, несвесна за своето постоење. Тоа е


моментот на предсветското постоење. Во Логиката тријадата е Битие, Суштина и Поим.

А) Битие – Се почнува со најпразниот поим Битие. За битието не може да се тврди ништо,


освен дека постои. Вака сфатеното битие е и ништо, затоа битие и ништо се идентични, а
истовремено и различни. Од битието кое претставува теза и ништото кое е антитеза
произлегува настанувањето кое е синтеза. Овде Хегел се занимава со квантитет, квалитет и
мера. Учи за преминот од квантитет во квалитет и обратно.

Б) Суштина – Тука го проучува односот на појавата и суштината, целината и делот, формата


и содржината.

В) Поим – Овде ги разгледува логичките форми: поим-суд-заклучок. Со него завршува


развитокот на идејата по себе.

102. Што значи поимот волунтаризам?


- Волунтаризмотпретставува философски правец кој учи дека волјата е суштина и основа на
светот и човекот.

103. Кој е основач на философскиот правец волунтаризам?


-Артур Шопенхауер.

104. Во што се состои разликата меѓу Ниче и Шопенхауер во определувањето на


волјата?
- Шопенхауер – волја за живот; Ниче – волја за моќ

105. Каков е светот според Артур Шопенхауер?


- Светот како инкарнација на волјата е свет на зло, болка, маки, страдања. Тој е пекол,
огромна кланица во која единствен позитивен факт е болката. Постои немилосрдна борба,
свет во кој човекот е полош од животните.
106. Дали волјата е причина на човековата среќа или несреќа според Артур Шопенхауер
и зошто?
- Волјата е причина за мака и несреќа, бидејќи волјата секогаш ќе биде незадоволена.

107. Што значи поимот анархизам?


- Безвластие, безредие

108. Кои се темите и областите на интересирање на Маркс?


-„Неговата вистинска мисија во животот беше да придонесе, на еден или друг начин, кон
соборување на капиталистичкото општество и на државните институции кои тоа ги
создаде, да придонесе кон ослободувањето на модерниот пролетаријат, којшто тој за
прв пат го направи свесен за неговата позиција и неговите потреби, свесен за условите на
сопствената еманципација.“

109. За што Маркс го критикувал Хегел, а што презел од неговата философија?


- Маркс го критикува Хегел заради идеализмот, но го презема од него дијалектичкиот
метод. Наспроти Хегел кој тврдеше дека во основата на сепостоечкото е идејата, Маркс
смета дека идејата е производ на материјата. Првин е битието, потоа мислата.

110. Кои се философските основи на егзистенцијализмот?


- Егзистенцијата и претходи на есенцијата, т.е. човекот прво постои, па потоа ја
определува својата есенција (суштина за постоењето)

111. Што е примарно според Сорен Киркегор – егзистенцијата или есенцијата?


- Според Киркегор, егзистенцијата и претходи на есенцијата.

112. Што значи егзистенцијалниот избор?


- Проклетство на човекот, ние сме осудени да избираме.

113. Кои се трите стадиуми на развој на личноста според Киркегор?


- Естетска, етичка, религиозна

114. Што е суштина на реалноста според Ниче?


-Волјата за моќ.
115. Како се нарекува учењето за отфрлање на наметнатите морални вредности?
-Иморализам.

116. Каков е Ничеовиот натчовек?


- Идеалот на Ниче е токму надчовекот. Тој е супериорна единка која со своите квалитети
е над толпата. Надчовекот е повиш тип на човек, силен, полн со енергија, разум и
гордост. Тој е аристократ на телото и духот, русокосо животно кое сака живот полн со
опасности и борба. Надчовекот постојано ја наметнува својата волја за моќ. Неговата
сила не е во моралот туку во доминацијата и афирмацијата на сопствената разлика.
Надчовекот го потиснал човечкото во себе, тој е од онаа страна, оттаде доброто и злото.

117. Кои философи ги искажале мислите


- „Бог е мртов“ – Фридрих Ниче
- „Пеколот – тоа се другите“ – Жан Пол Сартр
- „Философите досега само го толкуваа светот, станува збор тој да се измени“ – Карл
Маркс
118. Кои се философските основи на Сартровиот егзистенцијализам?
- Егзистенцијализмот и претходи на есенцијата, т.е. човекот е слободен, а секој избор го
прави несреќен.

119. Анализа на мислата – „Пеколот – тоа се другите!“


-Со своите проекции за себе , човекот доаѓа во судир со другите, кои исто така имаат свои
проекции, планови за себе. Со тоа се појавуваат отпори во можноста да се остварат
плановите и проектите. Секој сака другиот да го искористи како објект за својот прект.

120. Кои се карактеристиките на ангажираниот интелектуалец според Жан Пол Сартр?


- Со одлуките кои ги донесува , човекот се себе - определува. И тоа го прави човекот
ангажиран. Одлуката тешко се донесува затоа што е поврзана со последиците од одлуката.
Хуманизмот е можен само ако се заснова врз ангажираноста на единката која има свест и
чувство на одговорност за своите постапки. Нема ситуација во која ние би биле принудени
да постапиме спротивно на нашата волја. Дури и пред закана од смртта, ние можеме да ја
избереме смртта. Секој човек има апсолутна одговорност за светот во кој живее. Сартр со
својот живот ја потврдуваше можноста теоријата практично да се живее, а објави
философија на ангажираноста заснована на највисока морална одговорност.

You might also like