You are on page 1of 8

Платон ( 427 - 348 пред н.е.

- Најпрочуениот ученик на Сократ


- Потекнувал од богато аристократско семејство. Татко му Аристон
потекнувал од старо атинско кралско семејство, а мајка му Периктиона
потекнувала од семејство кое долго време било активно во политиката.
- Кога го запознал Сократ тој воодушевено му се придружил и го следел
се до смртта.
- После смртта на Сократ патувал во Египет и престојувал во Сиракуза
на Сицилија.
- Како и да е, повторно го наоѓаме во Атина во 387 год. пред н.е. кога ја
основал својата филозофска школа наречена Академија.
- Академијата е прадедо на универзитетите кои се развиле од средниот
век наваму. Како школа опстојувала повеќе од 900 години, повеќе од
било која и да е институција пред и по неа.
- Во 529 година, со декрет ја затворил царот Јустинијан.
- Основни предмети во наставниот план биле аритметика,
дводимензионална и тродимензионална геометрија, астрономија и
музика. Како што би можело да се очекува, поради силните врски со
питагорејските школи, на математиката ѝ се придавало големо значење.
Во многу аспекти Платон го оживува духот на питагорејството, па така
било и со неговата школа.
Нека не влегува никој кој не знае геометрија – пишувало на влезот од
Академијата.
Платоновата Академија (мозаик од Помпеја)

- Од сите филозофи на антиката, делата на Платон дојдоа до нас речиси


во целост. Речиси сите се пишувани во дијалошка форма. Од нив зрачи
не само генијална мисла, туку и сјајна уметничка способност. Некои од
нив се ремек дела на светската литература и филозофија.
- Во раните трудови, наречени сократовски, Платон е под влијание на
Сократ ( Сократова апологија, Критон, Лахес, Хармид, Хипија
Големиот). Подоцна Платон се осамостојува и Сократ, кој и понатаму е
главната личност во речиси сите дијалози од овој период, ги изразува
погледите на авторот.
- По совршенството на уметничката форма, но и по длабочината на
мислата ненадминати се дијалозите Федар, Гозба, Фајдон. Славни се и
Држава (Политеја), Парменид, а големо влијание имаат и Критија,
Политика, Софист и др.
УЧЕЊЕТО ЗА ИДЕИТЕ

Во своето учење за битието Платон ја создава теоријата за идеите.


Тој поаѓа од мислењето дека овој наш сетилно достапен свет, што ние
обичните луѓе го сметаме за објективно реален, не е таков каков што ни
се чини. Всушност, тоа е лажен, сенишен, нестварен свет. Овој свет е
само сенка, одраз на еден друг, вистински реален, траен и идеален свет
– светот на идеите. Вистински се идеите – како поими, како
принципи на нештата и како она што е совршено.

Во своето дело Држава Платон ова го илустрира со митот за пештерата.


Смислата на Платоновото учење за идеите е што тој знаел дека
научните поими (на пример, круг, триаголник, број итн.) не се плод на
фантазијата како што е, на пример, сирената (половина девојка
полобина риба). Девојката и рибата, да речеме, имаат свој корелат во
индивидуален предмет што го одразува. Платон се прашува за тоа што
одразува поимот, чија вистина е тој? Не сигурно на нешто
индивидуално.
Пример, кругот како таков не може да се претстави со ниеден предмет
или цртеж (да биде затворена крива линија во која сите точки се
подеднакво оддалечени од центарот). Но според овој идеален,
замислен круг своето постоење, својата смисла ја добиваат сите
тркалезни предмети!
Каде е неговата вистина, т.е. објективниот корелат?
Платон не можел да го најде во сетилниот свет, па затоа измислил
надсетилен (наднебесен) свет на идеите.
.

Идеите се идеали, кои на нештата им служат како образец, нештата во


нашиот свет се нивен одраз, сенка. Идеите се вечни, а нештата менливи
и минливи. Нештата имаат реалност или квалитет толку колку што во
себе ја одразуваат идејата. За Платон, идеите се извор и цел на нештата
од појавниот свет.

Одговорот дека стварите се единство на општото и поединечното,


Платон не можел да го прифати, бидејќи на тој начин се запаѓа во
тешкотијата да се сфати како општото е присутно во поединечното.
Ако тоа исцело е во последново, тогаш ќе нема општо за другите
поединечни ствари; ако се распарчува општото во поединечните
ствари, тогаш како распарчено тоа не е општо.
Тој воспостави и систем на надреденост на идеите. На врвот е идејата
која ги опфаќа сите други идеи и кон која се стремат сите идеи и сите
нешта. Во Платоновото најважно дело Држава тој
врв на реалноста е идејата за Доброто.

Сé што постои, постои за да се реализира некое добро; идејата на


Доброто е апсолутна цел, на која ѝ е подредено сé друго.
Затоа крајна цел на филозофирањето е етиката.

СОКРАТ: За мене, на крајот во областа на сознанието е идејата за


Доброто и таа одвај може да се види. Но штом ќе се здогледа
станува јасно дека таа е причина на сето она што е правилно и убаво,
дека во видливиот свет таа ги раѓа светлината и нејзиниот владетел,
а во мисловниот свет самата е владетел, таа ги дава вистината и
умот. Според тоа, неа треба да ја види секој кој сака да постапува
разумно и во својот личен и во општествениот живот.

Платон, Држава ( кн. VII, 517b-c )

Платоновото учење е еден вид објективен идеализам, и кај него


идеализмот има етичка димензија. Станува збор за подражавање на
најдоброто, идеалното, кон што сé треба да се стреми (Сократ е
образец на вистински филозоф и тој треба да биде истакнуван како
пример). Затоа, проблематиката на идеалното, посебно на Доброто,
Платон ја постави во центарот на размилувањето.
Познанието за Платон е познание на идеите. Душата се сеќава (ст.гр.
anamnesis) на своето престојување во царството на идеите од кое,
поради некои свои гревови, отпаднала.

Душата е бесмртна и различна од телото на кое кога ќе се слее со него


му дава живот, а кога ќе го напушти настапува смрт. Душата се сели од
едно тело во друго (метемпсихоза), од едни суштества во други, за на
крајот, како непопралива да се урне во Тартар (темна вездна според
грчката митологија) или, како крајно добра, да се пресели на островот
на блажените.

Душата има три дела, и на секој дел на душата му одговара по една


добродетел и сталеж во државата:

Дел на душата Добродетел Сталеж

ЧУВСТВЕН УМЕРЕНОСТ РАБОТНИЦИ


ВОЛЕВ ХРАБРОСТ ВОЈНИЦИ
РАЗУМЕН МУДРОСТ ВЛАДЕТЕЛИ

Всушност, филозофијата е наука на владетелите (управувачите,


кралевите), па на чело на државата треба да бидат филозофите или
владетелите кои се издигнале до оваа врвна наука.
Затоа, Платон остро ја критикува демократијата бидејќи во тој систем
масата, непросветените во филозофијата, себичните, го имаат главниот
збор.
Идеална, справедлива и среќна држава е онаа во која секој сталеж си ја
врши својата работа на најдобар начин.
Платон заклучува: При засновувањето на државата не мислевме на
тоа како во неа да биде среќен еден сталеж, туку како да биде среќна
целата држава.

You might also like